Српскиот национален тим во одбојка на плажа заврши на деветтото место на Балканското првенство бидејќи се откажа од турнирот пред мечот против Косово. Тимот во состав Марко Макариќ и Вукашин Рајковиќ не сакаше да игра против косовската двојка, иако официјално организаторот објави дека Србија се повлекла поради повреда на еден од одбојкарите.

Сепак, Марко Макариќ на својот Твитер профил ја објави вистинската причина.

За жал ова е крај на нашиот настап затоа што утре не можеме да излеземе и да играме против Косово. Натпреварувањето го завршуваме гордо на 9. место, бидејќи за нас Косово е Србија“, напиша Макариќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.