обврзница Archives - Република https://republika.mk/tema/obvrznica/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Oct 2023 10:52:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png обврзница Archives - Република https://republika.mk/tema/obvrznica/ 32 32 Објавен проспектот за втората емисија на граѓанска обврзница со камата од 5 отсто https://republika.mk/vesti/ekonomija/objaven-prospektot-za-vtorata-emisija-na-graganska-obvrznitsa-so-kamata-od-5-otsto/ Wed, 18 Oct 2023 10:52:19 +0000 https://republika.mk/?p=692476

Министерството за финансии по успешно реализираните први емисии на граѓанската и зелената обврзница, денеска го објави Проспектот за втората емисија граѓански обврзници на износ од 600 милиони денари.

Граѓаните од денеска до 6 ноември имаат можност да запишат граѓански обврзници за кои и овојпат е понудена атрактивна каматна стапка од 5 отсто. Минималниот износ кој граѓаните ќе можат да го вложат во овој иновативен финансиски инструмент e 10.000 денари. Рокот на достасување е две години и на имателот на обврзницата ќе му донесе вкупен принос од 10 отсто.

По успешно реализираната прва емисија на граѓанската обврзница, за која граѓаните изразија голем интерес, денеска на пазарот ја објавуваме втората емисија. Граѓаните во овој инструмент го препознаа својот интерес и очекуваме дека и овој пат ќе имаме успешно спроведен процес на издавање на граѓанската обврзница. Како што најавивме овој инструмент ќе биде достапен на пазарот за граѓаните во континуитет и дека ќе продолжиме и во иднина со издавање на нови емисии на граѓански обврзници - рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

На првата аукција на граѓанската обврзница граѓаните пројавија два пати поголем интерес од износот кој беше објавен со Проспектот. И беа запишани граѓански обврзници во износ од 1.448.030.000 денари.

Тоа покажува дека пазарот има потреба од нови и креативни инструменти кои носат бенефит за граѓаните од една страна, а се во функција на развојните проекти на државата.

Граѓанската обврзница е сигурен и безризичен инструмент, кој на граѓаните им е достапен на многу едноставен начин. Заинтерсираните за запишување на граѓански обврзници можат да се обратат на шалтерите во комерцијалните банки каде ќе поднесат барање за учество на аукцијата. Аукцијата ќе се одржи на 6 и 7 ноември 2023 година, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

Покрај Граѓанската обврзница, како нов производ на пазарот беше воведена и зелената обврзница, за која, исто така, на првата аукција беше изразен голем интерес од страна на инвеститорите.

Граѓанската и зелената обврзница, како и проектната и развојната, што ќе бидат воведени во наредниот период, се предвидени со Стратегијата за развој на пазарот на хартии од вредност, Стратегијата за управување со јавниот долг и Планот за забрзан економски раст.

The post Објавен проспектот за втората емисија на граѓанска обврзница со камата од 5 отсто appeared first on Република.

]]>

Министерството за финансии по успешно реализираните први емисии на граѓанската и зелената обврзница, денеска го објави Проспектот за втората емисија граѓански обврзници на износ од 600 милиони денари. Граѓаните од денеска до 6 ноември имаат можност да запишат граѓански обврзници за кои и овојпат е понудена атрактивна каматна стапка од 5 отсто. Минималниот износ кој граѓаните ќе можат да го вложат во овој иновативен финансиски инструмент e 10.000 денари. Рокот на достасување е две години и на имателот на обврзницата ќе му донесе вкупен принос од 10 отсто.
По успешно реализираната прва емисија на граѓанската обврзница, за која граѓаните изразија голем интерес, денеска на пазарот ја објавуваме втората емисија. Граѓаните во овој инструмент го препознаа својот интерес и очекуваме дека и овој пат ќе имаме успешно спроведен процес на издавање на граѓанската обврзница. Како што најавивме овој инструмент ќе биде достапен на пазарот за граѓаните во континуитет и дека ќе продолжиме и во иднина со издавање на нови емисии на граѓански обврзници - рече министерот за финансии Фатмир Бесими.
На првата аукција на граѓанската обврзница граѓаните пројавија два пати поголем интерес од износот кој беше објавен со Проспектот. И беа запишани граѓански обврзници во износ од 1.448.030.000 денари. Тоа покажува дека пазарот има потреба од нови и креативни инструменти кои носат бенефит за граѓаните од една страна, а се во функција на развојните проекти на државата. Граѓанската обврзница е сигурен и безризичен инструмент, кој на граѓаните им е достапен на многу едноставен начин. Заинтерсираните за запишување на граѓански обврзници можат да се обратат на шалтерите во комерцијалните банки каде ќе поднесат барање за учество на аукцијата. Аукцијата ќе се одржи на 6 и 7 ноември 2023 година, се наведува во соопштението од Министерството за финансии. Покрај Граѓанската обврзница, како нов производ на пазарот беше воведена и зелената обврзница, за која, исто така, на првата аукција беше изразен голем интерес од страна на инвеститорите. Граѓанската и зелената обврзница, како и проектната и развојната, што ќе бидат воведени во наредниот период, се предвидени со Стратегијата за развој на пазарот на хартии од вредност, Стратегијата за управување со јавниот долг и Планот за забрзан економски раст.

The post Објавен проспектот за втората емисија на граѓанска обврзница со камата од 5 отсто appeared first on Република.

]]>
Заокружен процесот на издавање граѓанска обврзница: На аукцијата учествувале 1.283 граѓани https://republika.mk/vesti/ekonomija/zaokruzhen-protsesot-na-izdavane-graganska-obvrznitsa-na-auktsijata-uchestvuvale-1-283-gragani/ Thu, 13 Jul 2023 13:34:43 +0000 https://republika.mk/?p=660978

Процесот на издавање на првата емисија на граѓанската обврзница денеска успешно заврши со одржување на аукцијата на која беа запишан износ од 1.448.030.000 граѓански обврзници, што е двојно повеќе од она што беше објавено со Проспектот за граѓанската обврзница во износ од 600 милиони денари, соопшти Министерството за финансии.

Интересот беше голем за овој нов иновативен производ на финансискиот пазар. Граѓаните го препознаа својот интерес и ја искористија можноста да инвестираат во производ кој за нив е безризичен, сигурен и носи атрактивен принос, штитејќи ја вредноста на нивните пари во момент на висока инфлација - рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

Тој додаде дека ова дополнително ќе влијае и на намалување на сивата економија, затоа што ќе ја активира готовината што граѓаните ја чуваат надвор од системот.

На аукцијата, соопшти Министерството за финансии, учествувале 1.283 граѓани кои имале уплатено средства во износ од 1.448.030.000 денари. Минималниот износ кој граѓаните можеле да го уплатат за учество на аукцијата изнесувал 10.000 денари, со поднесување барање за купување на една граѓанска обврзница. Максималниот износ не беше предвиден.

Процесот на поднесување барање и уплатата на средствата се одвиваше преку шалтерите во деловните банки.

Со аукцијата се заокружува процесот на издавање на граѓанската обврзница, во кој сега следува постапка на евидентирање на граѓанските обврзница во Централниот депозитар за хартии од вредност.

Од министерството соопштуваат дека приносот по основ на камата на граѓаните ќе им биде исплатен на 20 јули 2024 година за првата година и 20 јули 2025 година за втората година, кога ќе им биде вратен и целиот вложен износ.

Каматната стапка за оваа емисија на граѓанска обврзница изнесува 5% годишно и таа е фиксна за двегодишниот период на важност на обврзницата. Тоа значи граѓаните кои инвестирале во граѓанска обврзница ќе добијат принос вкупно 10% од инвестираниот износ.

The post Заокружен процесот на издавање граѓанска обврзница: На аукцијата учествувале 1.283 граѓани appeared first on Република.

]]>

Процесот на издавање на првата емисија на граѓанската обврзница денеска успешно заврши со одржување на аукцијата на која беа запишан износ од 1.448.030.000 граѓански обврзници, што е двојно повеќе од она што беше објавено со Проспектот за граѓанската обврзница во износ од 600 милиони денари, соопшти Министерството за финансии.
Интересот беше голем за овој нов иновативен производ на финансискиот пазар. Граѓаните го препознаа својот интерес и ја искористија можноста да инвестираат во производ кој за нив е безризичен, сигурен и носи атрактивен принос, штитејќи ја вредноста на нивните пари во момент на висока инфлација - рече министерот за финансии Фатмир Бесими.
Тој додаде дека ова дополнително ќе влијае и на намалување на сивата економија, затоа што ќе ја активира готовината што граѓаните ја чуваат надвор од системот. На аукцијата, соопшти Министерството за финансии, учествувале 1.283 граѓани кои имале уплатено средства во износ од 1.448.030.000 денари. Минималниот износ кој граѓаните можеле да го уплатат за учество на аукцијата изнесувал 10.000 денари, со поднесување барање за купување на една граѓанска обврзница. Максималниот износ не беше предвиден. Процесот на поднесување барање и уплатата на средствата се одвиваше преку шалтерите во деловните банки. Со аукцијата се заокружува процесот на издавање на граѓанската обврзница, во кој сега следува постапка на евидентирање на граѓанските обврзница во Централниот депозитар за хартии од вредност. Од министерството соопштуваат дека приносот по основ на камата на граѓаните ќе им биде исплатен на 20 јули 2024 година за првата година и 20 јули 2025 година за втората година, кога ќе им биде вратен и целиот вложен износ. Каматната стапка за оваа емисија на граѓанска обврзница изнесува 5% годишно и таа е фиксна за двегодишниот период на важност на обврзницата. Тоа значи граѓаните кои инвестирале во граѓанска обврзница ќе добијат принос вкупно 10% од инвестираниот износ.

The post Заокружен процесот на издавање граѓанска обврзница: На аукцијата учествувале 1.283 граѓани appeared first on Република.

]]>
Бесими: Има интерес за граѓанската обврзница, до крајот на неделава се очекува да надмине 50 проценти од понудениот износ https://republika.mk/vesti/ekonomija/besimi-ima-interes-za-graganskata-obvrznitsa-do-krajot-na-nedelava-se-ochekuva-da-nadmine-50-protsenti-od-ponudeniot-iznos/ Sat, 08 Jul 2023 10:08:51 +0000 https://republika.mk/?p=659155

Има интерес за граѓанската обврзница и до крајот на неделата се очекува да надмине 50 проценти од предвидениот износ од 10 милиони евра, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во видео интервјуто за МИА.

Аукцијата е закажана за четврток (13 јули), а министерот Бесими посочува дека се работи за транспарентна, едноставна и поволна безризична финансиска инвестиција која нуди низа поволности за граѓаните.

Она што се очекува следната недела е првата емисија и нудиме поволни услови – пет проценти камата, рокот на доспевање е две години. Тоа значи дека граѓаните што ќе се одлучат да вложат во оваа обврзница, имаат неколку бенефиции. Прво, ова е безризична инвестиција. Второ, граѓаните ќе добијат околу пет проценти камата во однос на влогот. Една обврзница што ќе се издава на аукција е 10.000 денари и доколку некој се реши да инвестира околу 100 илјади денари на 20 јули следната година ќе има пет илјади денари принос од камата. Наредната година уште пет илјади денари што значи вкупно 10.000 денари камата за 100.000 денари - истакнува Бесими.

Преку објава на Фејсбук вчера министерот соопшти дека поднел барање за купување на една обврзница.

За МИА појаснува вели дека како Министерство писмено се обратиле до Комисијата за хартии од вредност со цел да се утврди дали има конфликт на интереси.

Во постапка сме со Државната комисија за хартии од вредност и се имаме обратено писмено со цел да разјасниме дали има конфликт на интереси. Лично од економски аспект мислам дека не би требало да има конфликт на интереси од неколку причини – постапката е транспарентна, се врши на јавна аукција, инструментот се нуди под исти услови за сите граѓани и количините не се ограничени. По дефиниција, според закон- конфликт на интереси има доколку се користи одредена јавна функција за лична корист. Во конкретниот случај, нема да има никаква поповолна позиција или корист за издавачот. Тоа е исто како некој што произведува производ на пазарот, кој како што го продава на другите, го користи и за себе. Но, сепак тоа е ингеренција на Државната комисија за хартии од вредност и очекуваме официјален одговор од нив бидејќи прашањето не е само за финансии, туку и за сите именувани и избрани функционери - вели Бесими во интервјуто.

The post Бесими: Има интерес за граѓанската обврзница, до крајот на неделава се очекува да надмине 50 проценти од понудениот износ appeared first on Република.

]]>

Има интерес за граѓанската обврзница и до крајот на неделата се очекува да надмине 50 проценти од предвидениот износ од 10 милиони евра, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во видео интервјуто за МИА. Аукцијата е закажана за четврток (13 јули), а министерот Бесими посочува дека се работи за транспарентна, едноставна и поволна безризична финансиска инвестиција која нуди низа поволности за граѓаните.
Она што се очекува следната недела е првата емисија и нудиме поволни услови – пет проценти камата, рокот на доспевање е две години. Тоа значи дека граѓаните што ќе се одлучат да вложат во оваа обврзница, имаат неколку бенефиции. Прво, ова е безризична инвестиција. Второ, граѓаните ќе добијат околу пет проценти камата во однос на влогот. Една обврзница што ќе се издава на аукција е 10.000 денари и доколку некој се реши да инвестира околу 100 илјади денари на 20 јули следната година ќе има пет илјади денари принос од камата. Наредната година уште пет илјади денари што значи вкупно 10.000 денари камата за 100.000 денари - истакнува Бесими.
Преку објава на Фејсбук вчера министерот соопшти дека поднел барање за купување на една обврзница. За МИА појаснува вели дека како Министерство писмено се обратиле до Комисијата за хартии од вредност со цел да се утврди дали има конфликт на интереси.
Во постапка сме со Државната комисија за хартии од вредност и се имаме обратено писмено со цел да разјасниме дали има конфликт на интереси. Лично од економски аспект мислам дека не би требало да има конфликт на интереси од неколку причини – постапката е транспарентна, се врши на јавна аукција, инструментот се нуди под исти услови за сите граѓани и количините не се ограничени. По дефиниција, според закон- конфликт на интереси има доколку се користи одредена јавна функција за лична корист. Во конкретниот случај, нема да има никаква поповолна позиција или корист за издавачот. Тоа е исто како некој што произведува производ на пазарот, кој како што го продава на другите, го користи и за себе. Но, сепак тоа е ингеренција на Државната комисија за хартии од вредност и очекуваме официјален одговор од нив бидејќи прашањето не е само за финансии, туку и за сите именувани и избрани функционери - вели Бесими во интервјуто.

The post Бесими: Има интерес за граѓанската обврзница, до крајот на неделава се очекува да надмине 50 проценти од понудениот износ appeared first on Република.

]]>
Бесими: Проспектот за првата аукција на граѓанските обврзници ќе се објави до крајот на јуни https://republika.mk/vesti/ekonomija/besimi-prospektot-za-prvata-auktsija-na-graganskite-obvrznitsi-ke-se-objavi-do-krajot-na-juni/ Sat, 17 Jun 2023 12:30:10 +0000 https://republika.mk/?p=652425

Проспектот за првата аукција за граѓанските обврзници ќе се објави до крајот на овој месец со што овој нов финансиски инструмент ќе биде достапен за граѓаните. Постапката за купување на обврзниците ќе биде едноставна и ќе се одвива преку експозитурите на банките каде ќе се поднесуваат барањата за оваа обврзница, најави министерот за финансии Фатмир Бесими.

За издавање на граѓанските обврзници, како што вели, има голем интерес од страна на граѓаните.

-Поентата на граѓанската обврзница не е државата да собере пари, бидејќи аукции на државни хартии од вредност на домашниот пазар државата одржува веќе две децении и морам да нагласам дека изминатите години секогаш има огромен интерес од страна на институционалните инвеститори (банки и фондови). Поентата е да се понудат нови можности за инвестирање на финансискиот пазар за граѓаните, можности кои се вообичаени во повеќето економии во светот, истакнува Бесими во интервју за „Фактор“.

Задоволен сум, посочува, што од најавата за издавање на граѓанските обврзници наваму, има голем интерес од страна на граѓаните.

-Верувам дека со отворање нови можности за инвестирање, напоредно со јакнењето на финансиската едукација на населението, ќе се подигне општата свест за доброто управување со заштедите и можностите за заработка од нив, истакнува министерот во интервјуто.

Тој додава дека граѓаните кои своите расположиви средства ќе ги инвестираат во граѓанските обврзници ќе добијат надомест, односно атрактивна камата, која ќе биде позната со објавување на Проспектот за аукцијата.

-Граѓаните добиваат сигурност, бидејќи државните обврзници секаде во светот се сметаат за безризична инвестиција, инструментот го издава државата,  а воедно ги штитат своите средства од ефектите од инфлацијата.  Обврзниците имаат купонска камата, што значи дека секоја година на вложената сума ќе биде исплаќана договорената камата, додека на истек на рокот се враќа и вложената главнина, односно износот кој граѓаните ќе го уплатат. Граѓанската обврзница ќе има рочност од две години, посочи Бесими.

Во интервјуто потенцира дека обврзниците се финансиски инструменти кои постојат во скоро сите економии и тие не се супститут ниту за штедни влогови, ниту пак за инвестиции во други хартии од вредност, на пример акции и удели во инвестициски фондови.

-Граѓанската обврзница нема за цел да замени, туку да го дополни релативно едноставното инвестициско милје во нашата земја. Прва лекција за инвеститорите е „не ги ставај сите јајца во иста кошничка - изгради портфолио“. Ние го дополнуваме портфолиото со можност за безризична инвестиција, потенцира Бесими.

The post Бесими: Проспектот за првата аукција на граѓанските обврзници ќе се објави до крајот на јуни appeared first on Република.

]]>

Проспектот за првата аукција за граѓанските обврзници ќе се објави до крајот на овој месец со што овој нов финансиски инструмент ќе биде достапен за граѓаните. Постапката за купување на обврзниците ќе биде едноставна и ќе се одвива преку експозитурите на банките каде ќе се поднесуваат барањата за оваа обврзница, најави министерот за финансии Фатмир Бесими. За издавање на граѓанските обврзници, како што вели, има голем интерес од страна на граѓаните.
-Поентата на граѓанската обврзница не е државата да собере пари, бидејќи аукции на државни хартии од вредност на домашниот пазар државата одржува веќе две децении и морам да нагласам дека изминатите години секогаш има огромен интерес од страна на институционалните инвеститори (банки и фондови). Поентата е да се понудат нови можности за инвестирање на финансискиот пазар за граѓаните, можности кои се вообичаени во повеќето економии во светот, истакнува Бесими во интервју за „Фактор“.
Задоволен сум, посочува, што од најавата за издавање на граѓанските обврзници наваму, има голем интерес од страна на граѓаните.
-Верувам дека со отворање нови можности за инвестирање, напоредно со јакнењето на финансиската едукација на населението, ќе се подигне општата свест за доброто управување со заштедите и можностите за заработка од нив, истакнува министерот во интервјуто.
Тој додава дека граѓаните кои своите расположиви средства ќе ги инвестираат во граѓанските обврзници ќе добијат надомест, односно атрактивна камата, која ќе биде позната со објавување на Проспектот за аукцијата.
-Граѓаните добиваат сигурност, бидејќи државните обврзници секаде во светот се сметаат за безризична инвестиција, инструментот го издава државата,  а воедно ги штитат своите средства од ефектите од инфлацијата.  Обврзниците имаат купонска камата, што значи дека секоја година на вложената сума ќе биде исплаќана договорената камата, додека на истек на рокот се враќа и вложената главнина, односно износот кој граѓаните ќе го уплатат. Граѓанската обврзница ќе има рочност од две години, посочи Бесими.
Во интервјуто потенцира дека обврзниците се финансиски инструменти кои постојат во скоро сите економии и тие не се супститут ниту за штедни влогови, ниту пак за инвестиции во други хартии од вредност, на пример акции и удели во инвестициски фондови.
-Граѓанската обврзница нема за цел да замени, туку да го дополни релативно едноставното инвестициско милје во нашата земја. Прва лекција за инвеститорите е „не ги ставај сите јајца во иста кошничка - изгради портфолио“. Ние го дополнуваме портфолиото со можност за безризична инвестиција, потенцира Бесими.

The post Бесими: Проспектот за првата аукција на граѓанските обврзници ќе се објави до крајот на јуни appeared first on Република.

]]>
Димитриеска Кочоска: Владата преку граѓанската обврзница сака со заштедите на граѓаните, да го финансира својот криминал https://republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-vladata-preku-graganskata-obvrznitsa-saka-so-zashtedite-na-graganite-da-go-finansira-svojot-kriminal/ Thu, 18 May 2023 11:37:15 +0000 https://republika.mk/?p=642277

Владата на Груби и Ковачески планира со заштедите на граѓаните да го финансира својот криминал, истакна на денешната прес-конференција Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Посочи дека најавената граѓанска обврзница е уште еден директен грабеж којшто Владата планира да го направи, ни помалку ни повеќе, со заштедите на граѓаните од Република Македонија.

Оваа Влада којашто секојдневно тоне во скандали за коруптивни дејства, заедно со последниот најголем скандал врзан за договорот за Коридор 8, планира да позајми пари од граѓаните за да ги реализира сопствените провизии.

Покрај суспензијата на правото во државата со предложените законски измени кои се во Парламент, со овој потег Владата и Министерство за финансии ги вовлекуваат граѓаните во скандалот на столетието.

Прво. Според министерот за финансии оваа година ќе се емитуваат двегодишни граѓански обврзници во износ од 50 милиони евра со каматна стапка повисока од каматните стапки на депозитите во банките, но според министерот, немало ова негативно да влијание врз депозитите кои се чуваат во банките. Зошто викаат дека нема да има импликации? Ова ќе има импликации врз кредитирањето, како што има во последните неколку години, во кои истиснувањето на приватниот сектор од државата е со најсилно темпо. Само од почетокот на годината до март државата на домашниот пазар се задолжи кај банките за 115 милиони евра, а банките во исто време го намалија кредитирањето на фирмите за 44 милиони евра. Зошто? Затоа што растот на каматните стапки на аукциите на државните хартии од вредност беше неколкукратно повисок од тоа што поскапеа кредитите.

Почитувани, државата со расипничкото трошење го истиснува приватниот сектор, односно не остава простор и го прави поскапо кредитирањето на фирмите но исторемено растат и каматите кај станбени кредити, потрошувачки кредити се е поскапо и за населението.

Второ. Владата вели вели дека веќе две години се подготвува издавањето на граѓанската обврзница, но баш сега се исполнети предусловите за нејзиното издавање. Кои предуслови се исполнети? Според наши сознанија целата процедура за издавање и техничка поддршка не е ниту почната. Ништо од ова не држи, туку со ова владата јасно кажува дека се потребни пари во буџетот, зошто истиот не се полни со предвидената динамика. Со ова исто кажуваат дека втората транша од заемот на ММФ од 155 милиони евра којашто требаше да стигне во мај оваа година нема да пристигне, зошто по скандалот за Коридор 8 или е одложена или воопшто нема ММФ да ја даде.

Трето. Владата вели „Од издавањето на граѓанската обврзница придобивки ќе имаат и граѓаните и државата и економијата“. За кои придобивки мисли Владата којашто беше најлоша во регионот и пошироко во справувањето со Ковид кризата и со енергетската криза. Каде е отчетот пред граѓаните за 230 милиони евра, префрлени пари од буџетот за ЕСМ во 2022 година и 50 милиони префрлени во оваа 2023 година. Рекордери се во регионот по зголемување на јавниот долг од сите земји во регионот во овие две кризни епизоди, што го констатира и Светска Банка. Која придобивка ќе ја имаа граѓаните кога Владата покажува дека немаат капацитет за ништо. Домаќинствата во Македонија плаќаат најскапа цена на струја во регионот, а цената на струјата за фирмите од почетокот на енергетската криза има фантастичен скок од 327%, највисок во цела Европа, што ја вивна домашната инфлација. Тоа го потврдија бројките од Евростат, а не само предупредувањата на ВМРО-ДПМНЕ.

Четврто. Оправдување на министерот за финансии за издавањето на граѓанската обврзница е дека „ Граѓаните ќе имаат можност да ги инвестираат своите пари и да ја заштитат нивната вредност“. Пазете – да се заштити вредноста на парите со тоа што идат во рацете на врхушката на оваа власт, како Ковачевски и Груби. Да се заштити вредноста на парите од самите тие кои ја креираа највисоката инфлација во Европа која ја изеде вредноста на парите?

Петто. Министерот за финансии вели дека средствата од граѓанската обврзница ќе бидат искористени за развојни проекти. Па зошто не издаваат тогаш развојни или проектни обврзници кои ги напишаа во стратегијата? Така ќе знаевме за кои проекти, за кој развој се наменети парите.

Шесто. Зошто граѓанската обврзница наместо на 2 како што планираат, не ја издадат на рок од 5, 10 или 15 години за го намалат ризикот од рефинансирање на долгот и да обезбедат долгорочна одржливост, како што самите напишаа во РЕВИДИРАНА СТРАТЕГИЈА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЈАВНИОТ ДОЛГ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2023-2025 (со изгледи до 2027 година)? Дали ова значи дека само си купуваат време и пари за нивниот мандат?

Седмо. Министерот вели “Граѓаните, ќе имаат поголема корист ако ја инвестираат готовината во државни обврзници, а притоа депозитите да ги остават во банките“. Која корист ќе ја имаат граѓаните ако готовината ја пласираат во државата. Мислите на корист од тоа дека ќе треба да ги финансираат матните зделки, корупцијата и криминалот?

Имајте ги предвид сите овие аргумети. Оваа Влада нема кредибилитет да бара пари од своите граѓани. Оваа Влада треба што побргу да замине во историјата, изјави Димитриеска Кочоска.

The post Димитриеска Кочоска: Владата преку граѓанската обврзница сака со заштедите на граѓаните, да го финансира својот криминал appeared first on Република.

]]>

Владата на Груби и Ковачески планира со заштедите на граѓаните да го финансира својот криминал, истакна на денешната прес-конференција Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Посочи дека најавената граѓанска обврзница е уште еден директен грабеж којшто Владата планира да го направи, ни помалку ни повеќе, со заштедите на граѓаните од Република Македонија. Оваа Влада којашто секојдневно тоне во скандали за коруптивни дејства, заедно со последниот најголем скандал врзан за договорот за Коридор 8, планира да позајми пари од граѓаните за да ги реализира сопствените провизии. Покрај суспензијата на правото во државата со предложените законски измени кои се во Парламент, со овој потег Владата и Министерство за финансии ги вовлекуваат граѓаните во скандалот на столетието. Прво. Според министерот за финансии оваа година ќе се емитуваат двегодишни граѓански обврзници во износ од 50 милиони евра со каматна стапка повисока од каматните стапки на депозитите во банките, но според министерот, немало ова негативно да влијание врз депозитите кои се чуваат во банките. Зошто викаат дека нема да има импликации? Ова ќе има импликации врз кредитирањето, како што има во последните неколку години, во кои истиснувањето на приватниот сектор од државата е со најсилно темпо. Само од почетокот на годината до март државата на домашниот пазар се задолжи кај банките за 115 милиони евра, а банките во исто време го намалија кредитирањето на фирмите за 44 милиони евра. Зошто? Затоа што растот на каматните стапки на аукциите на државните хартии од вредност беше неколкукратно повисок од тоа што поскапеа кредитите. Почитувани, државата со расипничкото трошење го истиснува приватниот сектор, односно не остава простор и го прави поскапо кредитирањето на фирмите но исторемено растат и каматите кај станбени кредити, потрошувачки кредити се е поскапо и за населението. Второ. Владата вели вели дека веќе две години се подготвува издавањето на граѓанската обврзница, но баш сега се исполнети предусловите за нејзиното издавање. Кои предуслови се исполнети? Според наши сознанија целата процедура за издавање и техничка поддршка не е ниту почната. Ништо од ова не држи, туку со ова владата јасно кажува дека се потребни пари во буџетот, зошто истиот не се полни со предвидената динамика. Со ова исто кажуваат дека втората транша од заемот на ММФ од 155 милиони евра којашто требаше да стигне во мај оваа година нема да пристигне, зошто по скандалот за Коридор 8 или е одложена или воопшто нема ММФ да ја даде. Трето. Владата вели „Од издавањето на граѓанската обврзница придобивки ќе имаат и граѓаните и државата и економијата“. За кои придобивки мисли Владата којашто беше најлоша во регионот и пошироко во справувањето со Ковид кризата и со енергетската криза. Каде е отчетот пред граѓаните за 230 милиони евра, префрлени пари од буџетот за ЕСМ во 2022 година и 50 милиони префрлени во оваа 2023 година. Рекордери се во регионот по зголемување на јавниот долг од сите земји во регионот во овие две кризни епизоди, што го констатира и Светска Банка. Која придобивка ќе ја имаа граѓаните кога Владата покажува дека немаат капацитет за ништо. Домаќинствата во Македонија плаќаат најскапа цена на струја во регионот, а цената на струјата за фирмите од почетокот на енергетската криза има фантастичен скок од 327%, највисок во цела Европа, што ја вивна домашната инфлација. Тоа го потврдија бројките од Евростат, а не само предупредувањата на ВМРО-ДПМНЕ. Четврто. Оправдување на министерот за финансии за издавањето на граѓанската обврзница е дека „ Граѓаните ќе имаат можност да ги инвестираат своите пари и да ја заштитат нивната вредност“. Пазете – да се заштити вредноста на парите со тоа што идат во рацете на врхушката на оваа власт, како Ковачевски и Груби. Да се заштити вредноста на парите од самите тие кои ја креираа највисоката инфлација во Европа која ја изеде вредноста на парите? Петто. Министерот за финансии вели дека средствата од граѓанската обврзница ќе бидат искористени за развојни проекти. Па зошто не издаваат тогаш развојни или проектни обврзници кои ги напишаа во стратегијата? Така ќе знаевме за кои проекти, за кој развој се наменети парите. Шесто. Зошто граѓанската обврзница наместо на 2 како што планираат, не ја издадат на рок од 5, 10 или 15 години за го намалат ризикот од рефинансирање на долгот и да обезбедат долгорочна одржливост, како што самите напишаа во РЕВИДИРАНА СТРАТЕГИЈА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЈАВНИОТ ДОЛГ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2023-2025 (со изгледи до 2027 година)? Дали ова значи дека само си купуваат време и пари за нивниот мандат? Седмо. Министерот вели “Граѓаните, ќе имаат поголема корист ако ја инвестираат готовината во државни обврзници, а притоа депозитите да ги остават во банките“. Која корист ќе ја имаат граѓаните ако готовината ја пласираат во државата. Мислите на корист од тоа дека ќе треба да ги финансираат матните зделки, корупцијата и криминалот? Имајте ги предвид сите овие аргумети. Оваа Влада нема кредибилитет да бара пари од своите граѓани. Оваа Влада треба што побргу да замине во историјата, изјави Димитриеска Кочоска.

The post Димитриеска Кочоска: Владата преку граѓанската обврзница сака со заштедите на граѓаните, да го финансира својот криминал appeared first on Република.

]]>
Власта ќе се задолжува кај граѓаните – во јуни прва граѓанска обврзница https://republika.mk/vesti/ekonomija/vlasta-ke-se-zadolzhuva-kaj-graganite-vo-juni-prva-graganska-obvrznitsa/ Mon, 15 May 2023 19:57:01 +0000 https://republika.mk/?p=641129

Министерството за финансии планира да се задолжува и кај граѓаните преку нова граѓанска обврзница. Таа ќе се издаде во јуни, а државата ќе ги намени парите за капитални проекти. Министерот за финансии Фатмир Бесими не прецизираше колкава ќе биде точно каматата, но рече дека таа ќе биде меѓу каматните стапки на банкарските депозити и еврообврзницата. Во оваа обврзница граѓаните ќе може да ги вложуваат своите заштеди, а каматата што ќе ја добијат ќе биде поголема од банкарската.

  • Имам дилема дали и јас да купам обврзница, поради конфликт на интереси, но тоа може да го сторат премиерот и другите министри. За мене, ќе ја консултирам Државната комисија за спречување на корупцијата, но, еве ви кажувам јас ќе си купам една обврзница од 10.000 денари, макар и да ме казни ДКСК, рече Бесими.

Воедно министерот укажа дека обврзницата ќе може да се тргува на берзата, со што граѓаните кои имаат купено обврзница, а не можат да го чекаат рокот од две години за поврат на средствата, можат да си ги повратат парите преку продажба на берза.

Бесими очекува од овој инструмент да има прилив од околу 50 милиони евра.

  • Ова го планираме две години, на граѓаните да им овозможиме да купуваат обврзници и да ги вложат своите пари во сигурна инвестиција. Ова е начин да се зачува вредноста, бидејќи поради високата инфлација нивните пари ја губат вредноста, а со обврзницата ќе бидат заштитени, истакна Бесими.

И додека власта попезно најавува задолжување и кај граѓаните, екс министерот за финансии, Џевдет Хајредини, за Алфа рече дека со ваквиот начин преку граѓанска обврзница само се потврдува дека државната каса станува се попразна, а власта по секоја цена бара начин да ја пополнува буџетската дупка, која станува се поголема.

  • Ова се правии за Владата да најде пари за да ги покрие потребите за нивните трошења, односно на овој начин уште повеќе ќе се продлабочи државната дупка во Македонија. Ситуацијата е таква што очигледно дека мораат тоа да го прават, оти потребата од финансии е лоша. Се земаат пари од секаде, се зема од надвор, се зема од банките. Тешка е очигледно ситуацијата и не се прикажува реално состојбата. Многу е лоша реалната состојба, а јавноста нема информации што се случува, изјави Хајредини.

Според Народната банка, во март на годишно ниво каматната стапка на денарските депозити без девизна клаузула била 1,5%. Последната еврообврзница што ја издаде државата беше со купонска каматна стапка од 6,96%. Колку за илустрација, како што посочи и Бесими, Хрватска издаде граѓанска обврзница со камата од 3,5%.

The post Власта ќе се задолжува кај граѓаните – во јуни прва граѓанска обврзница appeared first on Република.

]]>

Министерството за финансии планира да се задолжува и кај граѓаните преку нова граѓанска обврзница. Таа ќе се издаде во јуни, а државата ќе ги намени парите за капитални проекти. Министерот за финансии Фатмир Бесими не прецизираше колкава ќе биде точно каматата, но рече дека таа ќе биде меѓу каматните стапки на банкарските депозити и еврообврзницата. Во оваа обврзница граѓаните ќе може да ги вложуваат своите заштеди, а каматата што ќе ја добијат ќе биде поголема од банкарската.
  • Имам дилема дали и јас да купам обврзница, поради конфликт на интереси, но тоа може да го сторат премиерот и другите министри. За мене, ќе ја консултирам Државната комисија за спречување на корупцијата, но, еве ви кажувам јас ќе си купам една обврзница од 10.000 денари, макар и да ме казни ДКСК, рече Бесими.
Воедно министерот укажа дека обврзницата ќе може да се тргува на берзата, со што граѓаните кои имаат купено обврзница, а не можат да го чекаат рокот од две години за поврат на средствата, можат да си ги повратат парите преку продажба на берза. Бесими очекува од овој инструмент да има прилив од околу 50 милиони евра.
  • Ова го планираме две години, на граѓаните да им овозможиме да купуваат обврзници и да ги вложат своите пари во сигурна инвестиција. Ова е начин да се зачува вредноста, бидејќи поради високата инфлација нивните пари ја губат вредноста, а со обврзницата ќе бидат заштитени, истакна Бесими.
И додека власта попезно најавува задолжување и кај граѓаните, екс министерот за финансии, Џевдет Хајредини, за Алфа рече дека со ваквиот начин преку граѓанска обврзница само се потврдува дека државната каса станува се попразна, а власта по секоја цена бара начин да ја пополнува буџетската дупка, која станува се поголема.
  • Ова се правии за Владата да најде пари за да ги покрие потребите за нивните трошења, односно на овој начин уште повеќе ќе се продлабочи државната дупка во Македонија. Ситуацијата е таква што очигледно дека мораат тоа да го прават, оти потребата од финансии е лоша. Се земаат пари од секаде, се зема од надвор, се зема од банките. Тешка е очигледно ситуацијата и не се прикажува реално состојбата. Многу е лоша реалната состојба, а јавноста нема информации што се случува, изјави Хајредини.
Според Народната банка, во март на годишно ниво каматната стапка на денарските депозити без девизна клаузула била 1,5%. Последната еврообврзница што ја издаде државата беше со купонска каматна стапка од 6,96%. Колку за илустрација, како што посочи и Бесими, Хрватска издаде граѓанска обврзница со камата од 3,5%.

The post Власта ќе се задолжува кај граѓаните – во јуни прва граѓанска обврзница appeared first on Република.

]]>
Власта со нова стратегија како да дојде до пари: Во јуни ќе се издаде првата граѓанска обврзница https://republika.mk/vesti/ekonomija/vlasta-so-nova-strategija-kako-da-dojde-do-pari-vo-juni-ke-se-izdade-prvata-graganska-obvrznitsa/ Mon, 15 May 2023 12:38:07 +0000 https://republika.mk/?p=641008

Државата од јуни годинава ќе воведе граѓанска обврзница, нов инструмент за финансирање на развојни проекти и на пазарот на капитал, најави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Граѓанската обврзница ќе биде со рочност од две години, а нејзиниот минимален износ ќе биде 10.000 денари. Граѓаните ќе можат и пред истекот на рокот да тргуваат со неа на Македонската берза доколку им се потребни парите. Преку овој инструмент државата планира во Буџетот за 2023 година да инкасира 50 милиони евра.

Како што најави Бесими на денешната средба со новинарите, се уште не е дефинирана каматата за обврзницата, но таа ќе биде повисока отколку кај депозитите во банките, а пониска од каматата доколку државата се задолжи во странство. Овој инструмент, како што кажа, секоја година ќе биде присутен на пазарот.

Ова ќе биде вин-вин состојба за сите. Целта на издавањето на граѓанската обврзница не е ликвидност на Буџетот. Издавањето на оваа обврзница, заедно со развојната, зелената и проектната обврзница се предвидени уште со Планот за забрзан раст, а граѓанската обврзница е предвидена и во Буџетот за 2023 година, односно нејзиното издавање е дел од предвиденото задолжување во оваа година на домашниот пазар и таа нема да го зголеми дефицитот и јавниот долг - рече Бесими.

Тој додаде дека подготовките за издавањето на граѓанската обврзница се одвиваат две години и дека сега се исполнети и поволни предусловите за нејзиното издавање, а придобивки ќе имаат и државата, и граѓаните, и економијата.

Граѓаните ќе имаат можност да ги инвестираат своите пари и да ја заштитат нивната вредност. Државата на тој начин ќе обезбеди финансирање по пониски стапки од она што е на меѓународните пазари, а средствата ќе бидат искористени за развојни проекти, што ќе има позитивно влијание и врз економијата - потенцира Бесими.

Идејата, додаде, е граѓаните да станат свесни за значењето на инвестирањето, бидејќи, како што кажа, парите што не се инвестираат во услови на инфлација ја губат вредноста. Не очекува граѓанската обврзница да има негативно влијание врз депозитите што се чуваат во банките зашто, како што рече, граѓаните ќе имаат поголема корист ако ја инвестираат готовината што ја чуваат дома во државни обврзници, а депозитите да ги остават во банките.

Со граѓанската обврзница нудиме дополнителен финансиски инструмент, кој е дел од Стратегијата за развој на пазарот на капитал. Покрај граѓанската предвидени се и развојни, зелени и проектни обврзници. Сите се насочени кон обезбедување инвестиции за развојни проекти и повисоки стапки на економски раст - нагласи Бесими.

The post Власта со нова стратегија како да дојде до пари: Во јуни ќе се издаде првата граѓанска обврзница appeared first on Република.

]]>

Државата од јуни годинава ќе воведе граѓанска обврзница, нов инструмент за финансирање на развојни проекти и на пазарот на капитал, најави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Граѓанската обврзница ќе биде со рочност од две години, а нејзиниот минимален износ ќе биде 10.000 денари. Граѓаните ќе можат и пред истекот на рокот да тргуваат со неа на Македонската берза доколку им се потребни парите. Преку овој инструмент државата планира во Буџетот за 2023 година да инкасира 50 милиони евра. Како што најави Бесими на денешната средба со новинарите, се уште не е дефинирана каматата за обврзницата, но таа ќе биде повисока отколку кај депозитите во банките, а пониска од каматата доколку државата се задолжи во странство. Овој инструмент, како што кажа, секоја година ќе биде присутен на пазарот.
Ова ќе биде вин-вин состојба за сите. Целта на издавањето на граѓанската обврзница не е ликвидност на Буџетот. Издавањето на оваа обврзница, заедно со развојната, зелената и проектната обврзница се предвидени уште со Планот за забрзан раст, а граѓанската обврзница е предвидена и во Буџетот за 2023 година, односно нејзиното издавање е дел од предвиденото задолжување во оваа година на домашниот пазар и таа нема да го зголеми дефицитот и јавниот долг - рече Бесими.
Тој додаде дека подготовките за издавањето на граѓанската обврзница се одвиваат две години и дека сега се исполнети и поволни предусловите за нејзиното издавање, а придобивки ќе имаат и државата, и граѓаните, и економијата.
Граѓаните ќе имаат можност да ги инвестираат своите пари и да ја заштитат нивната вредност. Државата на тој начин ќе обезбеди финансирање по пониски стапки од она што е на меѓународните пазари, а средствата ќе бидат искористени за развојни проекти, што ќе има позитивно влијание и врз економијата - потенцира Бесими.
Идејата, додаде, е граѓаните да станат свесни за значењето на инвестирањето, бидејќи, како што кажа, парите што не се инвестираат во услови на инфлација ја губат вредноста. Не очекува граѓанската обврзница да има негативно влијание врз депозитите што се чуваат во банките зашто, како што рече, граѓаните ќе имаат поголема корист ако ја инвестираат готовината што ја чуваат дома во државни обврзници, а депозитите да ги остават во банките.
Со граѓанската обврзница нудиме дополнителен финансиски инструмент, кој е дел од Стратегијата за развој на пазарот на капитал. Покрај граѓанската предвидени се и развојни, зелени и проектни обврзници. Сите се насочени кон обезбедување инвестиции за развојни проекти и повисоки стапки на економски раст - нагласи Бесими.

The post Власта со нова стратегија како да дојде до пари: Во јуни ќе се издаде првата граѓанска обврзница appeared first on Република.

]]>
Лицемерната СДС ја напаѓа општинската обврзница за 16 милиони евра, а ја задолжи државата 7.6 милијарди евра за криминали како „Броило“ на Ковачевски https://republika.mk/vesti/makedonija/litsemernata-sds-ja-napaga-opshtinskata-obvrznitsa-za-16-milioni-evra-a-ja-zadolzhi-drzhavata-7-6-milijardi-evra-za-kriminali-kako-broilo-na-kovachevski/ Fri, 03 Feb 2023 09:34:36 +0000 https://republika.mk/?p=604178

Лицемерно СДС ја напаѓа општинската обврзница за 16 милиони евра додека државата ја задолжија дополнителни 2.8 милијарди евра за пет години, односно од 4.7 милијарди евра државата со СДС должи 7.6 милијарди евра.

Само за 2023 СДС проектира буџетска дупка од 700 милиони евра, што значи нови долгови за нови криминалии.

И овие пари, како и претходните нема да завршат во проекти, туку во крадење. Ќе завршат на приватни сметки.

Само злосторничкото здружение БРОИЛО на Ковачевски, за пример, државата ја чини 26 милиони евра државни пари.

За споредба, кога дојдоа на власт во мај 2017 затекнаа долг од 4,7 милијарди евра или 47,7 отсто од БДП, за што правеа трибини и паника во јавноста дека државата е во амбис и во "грчко сценарио".

Долгот со СДС во 2021 достигна рекорд од 61 проценти до БДП, па вештачки се намали со раст на БДП со рекордната инфлација.
Сега со растечка инфлација предизвикана од криминалот на СДС со струјата, јавниот долг е 56.6 отсто од БДП, ама нема трибини, експертски мислења ниту пак "бројачи" на Порта Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи СДС да ги казнува граѓаните тие да останат без квалитетен развој додека Ковачевски, Ахмети и Бочварски се богатат со фирми за трговија со струја.

Со сопствени средства и обврзници во коишто граѓаните сами учествуваат, општините ќе ги реализираат нивните потреби.

Со ВМРО-ДПМНЕ парите одат за проекти на народот.

The post Лицемерната СДС ја напаѓа општинската обврзница за 16 милиони евра, а ја задолжи државата 7.6 милијарди евра за криминали како „Броило“ на Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Лицемерно СДС ја напаѓа општинската обврзница за 16 милиони евра додека државата ја задолжија дополнителни 2.8 милијарди евра за пет години, односно од 4.7 милијарди евра државата со СДС должи 7.6 милијарди евра. Само за 2023 СДС проектира буџетска дупка од 700 милиони евра, што значи нови долгови за нови криминалии. И овие пари, како и претходните нема да завршат во проекти, туку во крадење. Ќе завршат на приватни сметки. Само злосторничкото здружение БРОИЛО на Ковачевски, за пример, државата ја чини 26 милиони евра државни пари. За споредба, кога дојдоа на власт во мај 2017 затекнаа долг од 4,7 милијарди евра или 47,7 отсто од БДП, за што правеа трибини и паника во јавноста дека државата е во амбис и во "грчко сценарио". Долгот со СДС во 2021 достигна рекорд од 61 проценти до БДП, па вештачки се намали со раст на БДП со рекордната инфлација. Сега со растечка инфлација предизвикана од криминалот на СДС со струјата, јавниот долг е 56.6 отсто од БДП, ама нема трибини, експертски мислења ниту пак "бројачи" на Порта Македонија. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи СДС да ги казнува граѓаните тие да останат без квалитетен развој додека Ковачевски, Ахмети и Бочварски се богатат со фирми за трговија со струја. Со сопствени средства и обврзници во коишто граѓаните сами учествуваат, општините ќе ги реализираат нивните потреби. Со ВМРО-ДПМНЕ парите одат за проекти на народот.

The post Лицемерната СДС ја напаѓа општинската обврзница за 16 милиони евра, а ја задолжи државата 7.6 милијарди евра за криминали како „Броило“ на Ковачевски appeared first on Република.

]]>
Стефковски: Ќе издадеме општинска Обврзница за брз развој на Гази Баба https://republika.mk/vesti/skopje/stefkovski-ke-izdademe-opshtinska-obvrznitsa-za-brz-razvoj-na-gazi-baba/ Mon, 30 Jan 2023 15:49:15 +0000 https://republika.mk/?p=602718

На денешната редовна седница, Советот на општина Гази Баба донесе одлука за отпочнување на постапка за издавање на Обврзница за брз развој на општината.

Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот Стефковски напиша:

Денес отпочнуваме постапка за издавање на Обврзница за брз развој на нашата Гази Баба!
Граѓаните немаат повеќе време за чекање!
Време е за брз развој на нашата Гази Баба!
Со оваа Обврзница за брз развој во план е да се обезбедат финансиски средства за:
Изградба на нова училишна зграда на ООУ Крсте Мисирков во Ченто;
Целосна изградба на фекалната канализација во населено место Јурумлери;
Изградба на нови детски градинки во Трубарево и Маџари;
Реконструкција на Културниот дом во Ченто;
Целосна изградба на фекалната канализација во населено место Гоце Делчев;
Изградба на пречистителна станица за отпадни води во Црешево;
Асфалтирање на локални улици на територија на општина Гази Баба;
Изградба на други фекални канализациони системи.
Ова се проекти кои се ветувани на граѓаните години наназад. Неможеме да дозволиме нашите сограѓани и во иднина да газат во кал!
Им благодарам на Советниците од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за високата одговорност која ја покажаа со поддршката на мојот предлог.

Благодарам и на дел од советниците од Советничката група на СДСМ кои и покрај јасните насоки за блокади дадени од партијата на крај дадоа поддршка за брзиот развој на општината. – напиша Стефковски.

The post Стефковски: Ќе издадеме општинска Обврзница за брз развој на Гази Баба appeared first on Република.

]]>

На денешната редовна седница, Советот на општина Гази Баба донесе одлука за отпочнување на постапка за издавање на Обврзница за брз развој на општината. Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот Стефковски напиша: Денес отпочнуваме постапка за издавање на Обврзница за брз развој на нашата Гази Баба! Граѓаните немаат повеќе време за чекање! Време е за брз развој на нашата Гази Баба! Со оваа Обврзница за брз развој во план е да се обезбедат финансиски средства за: Изградба на нова училишна зграда на ООУ Крсте Мисирков во Ченто; Целосна изградба на фекалната канализација во населено место Јурумлери; Изградба на нови детски градинки во Трубарево и Маџари; Реконструкција на Културниот дом во Ченто; Целосна изградба на фекалната канализација во населено место Гоце Делчев; Изградба на пречистителна станица за отпадни води во Црешево; Асфалтирање на локални улици на територија на општина Гази Баба; Изградба на други фекални канализациони системи. Ова се проекти кои се ветувани на граѓаните години наназад. Неможеме да дозволиме нашите сограѓани и во иднина да газат во кал! Им благодарам на Советниците од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за високата одговорност која ја покажаа со поддршката на мојот предлог. Благодарам и на дел од советниците од Советничката група на СДСМ кои и покрај јасните насоки за блокади дадени од партијата на крај дадоа поддршка за брзиот развој на општината. – напиша Стефковски.

The post Стефковски: Ќе издадеме општинска Обврзница за брз развој на Гази Баба appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Владата го казнува својот народ затоа што не ги гласаше на избори https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-vladata-go-kaznuva-svojot-narod-zatoa-shto-ne-gi-glasashe-na-izbori/ Sat, 03 Dec 2022 13:44:04 +0000 https://republika.mk/?p=581340

Македонската влада го казнува својот народ затоа што не ги гласаше на избори и затоа што на последните им се случи дебакл, така што иако Општина Штип доби дозвола од сите институции на системот за издавање на општинска обврзница, владата е таа која што ја кочи процедурата, односно ја трга точката од дневен на владина седници или пак воопшто не ја става, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Општина Бутел, одговарајќи на новинарско прашање до каде е процедурата за најавеното издавање на општински обрзници во Штип.

Тоа е уште еден парадокс кој што се случува. Јас не сум видел ваква злоба, да си го казнуваш сопствениот народ, зошто, затоа што не те гласал. Ете тоа го прават сега. Општина Штип доби позитивен заклучок од Македонската берза, доби од Комисијата за хартии од вредност, тоа се органи, институции кои што се дел од државните институции. Доби од Министерството за финансии, го помина во Совет, ја запази целата процедура и сега формално, бидејќи, владата е орган над сите органи треба да каже, во ред, исполнети се сите законски услови, може да се направи емисијата на оваа, за прв пат во Македонија, општинска обврзница“, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека не е само Општина Штип која чека формално одобрување од страна ан владата за издавање на општински обврзници, туку дека и Гевгелија и Радовиш и за што, поради блокирањето од владата, наместо издавање на обврзница ќе мора да земаат банкарски кредити.

Тие ја тргаат точката од дневен ред, од владина седница ја тргаат точката од дневен ред. Ете тоа прават. Зошто? Да ги казнат граѓаните на Општина Штип, бидејќи нивниот кандидат на минатогодишните локални избори, доживеа дебакл. И не е само Штип, има уште две други општини, и Радовиш и Гевгелија, кои што нема да земат општинска обврзница, туку ќе земат банкарски кредит, исто така не се ставаат на дневен ред на владина седница иако тоа е формалност, се поминале претходно. Сите можни органи кои што се дел од државната управа ги поминале, добиле позитивна препорака, изработиле проекти, ги приложиле тие проекти“, рече Мицкоски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/jordanov-presedan-i-sram-e-shto-vladata-i-kovachevski-namerno-ja-kochat-odlukata-za-obrznicata-za-shtip/

Тој истакна дека овие пари, за кои се очекува да се добијат од издавањето на обврзниците, не се пари за ликвидност на општините, туку тие се пари наменети одобрени капитални проекти, кои чекаат на реализација и кои значително ќе го подобрат живеењето на македонските граѓани.

Ова не се пари за ликвидност, тоа се пари за проекти. И сега, вие имате проекти капитални кои што треба да го подобрат квалитетот на животот на граѓаните и тогаш доаѓа Ковачевски и оваа влада и вели, не може. Зошто? Затоа што тие нас не не гласаа и затоа што ќе ни се случи дебакл на следните избори. Е па ќе им се случи, но потоа ќе имаме многу прашања од кои што ќе бараме одговорност“, потенцираше Мицкоски.

The post Мицкоски: Владата го казнува својот народ затоа што не ги гласаше на избори appeared first on Република.

]]>

Македонската влада го казнува својот народ затоа што не ги гласаше на избори и затоа што на последните им се случи дебакл, така што иако Општина Штип доби дозвола од сите институции на системот за издавање на општинска обврзница, владата е таа која што ја кочи процедурата, односно ја трга точката од дневен на владина седници или пак воопшто не ја става, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Општина Бутел, одговарајќи на новинарско прашање до каде е процедурата за најавеното издавање на општински обрзници во Штип.
Тоа е уште еден парадокс кој што се случува. Јас не сум видел ваква злоба, да си го казнуваш сопствениот народ, зошто, затоа што не те гласал. Ете тоа го прават сега. Општина Штип доби позитивен заклучок од Македонската берза, доби од Комисијата за хартии од вредност, тоа се органи, институции кои што се дел од државните институции. Доби од Министерството за финансии, го помина во Совет, ја запази целата процедура и сега формално, бидејќи, владата е орган над сите органи треба да каже, во ред, исполнети се сите законски услови, може да се направи емисијата на оваа, за прв пат во Македонија, општинска обврзница“, истакна Мицкоски.
Тој посочи дека не е само Општина Штип која чека формално одобрување од страна ан владата за издавање на општински обврзници, туку дека и Гевгелија и Радовиш и за што, поради блокирањето од владата, наместо издавање на обврзница ќе мора да земаат банкарски кредити.
Тие ја тргаат точката од дневен ред, од владина седница ја тргаат точката од дневен ред. Ете тоа прават. Зошто? Да ги казнат граѓаните на Општина Штип, бидејќи нивниот кандидат на минатогодишните локални избори, доживеа дебакл. И не е само Штип, има уште две други општини, и Радовиш и Гевгелија, кои што нема да земат општинска обврзница, туку ќе земат банкарски кредит, исто така не се ставаат на дневен ред на владина седница иако тоа е формалност, се поминале претходно. Сите можни органи кои што се дел од државната управа ги поминале, добиле позитивна препорака, изработиле проекти, ги приложиле тие проекти“, рече Мицкоски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/jordanov-presedan-i-sram-e-shto-vladata-i-kovachevski-namerno-ja-kochat-odlukata-za-obrznicata-za-shtip/ Тој истакна дека овие пари, за кои се очекува да се добијат од издавањето на обврзниците, не се пари за ликвидност на општините, туку тие се пари наменети одобрени капитални проекти, кои чекаат на реализација и кои значително ќе го подобрат живеењето на македонските граѓани.
Ова не се пари за ликвидност, тоа се пари за проекти. И сега, вие имате проекти капитални кои што треба да го подобрат квалитетот на животот на граѓаните и тогаш доаѓа Ковачевски и оваа влада и вели, не може. Зошто? Затоа што тие нас не не гласаа и затоа што ќе ни се случи дебакл на следните избори. Е па ќе им се случи, но потоа ќе имаме многу прашања од кои што ќе бараме одговорност“, потенцираше Мицкоски.

The post Мицкоски: Владата го казнува својот народ затоа што не ги гласаше на избори appeared first on Република.

]]>
Јорданов: Преседан и срам е што Владата и Ковачевски намерно ја кочат одлуката за обрзницата за Штип https://republika.mk/vesti/makedonija/jordanov-presedan-i-sram-e-shto-vladata-i-kovachevski-namerno-ja-kochat-odlukata-za-obrznicata-za-shtip/ Wed, 30 Nov 2022 11:17:06 +0000 https://republika.mk/?p=580001

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, на денешната прес-конференција го сподели проблемот кој што неговата општина го има со премиерот Димитар Ковачевски и Владата, како што посочи, за скратеното право за финансирање на одредени капитални проекти кои што требаше да се финансираат преку издавањето на една наменска обврзница.

Јорданов посочи дека Општина Штип е првата општина која што во изминатите неколку месеци во време на енергетска и финансиска криза одлучи да издаде наменска општинска обврзница се со цел да се реализираат неколку капитални проекти во време на ваква финансиска и енергетска криза.

Ги проследивме сите потребни одлуки, ги добивме сите потребни согласности од страна на релевантните институции и Министерство за финансии, го вративме долгот кој што претходно општината го имаше кон Министерството за финансии. И она кое што требаше да биде техничка одлука да се проследи на седница на Влада за нас е проблем, затоа што веќе две последователни седници на Влада точката на која што треба да се донесе одлуката за издавање на обврзницата од страна на Владата се отстранува од дневен ред без објективни причини се со цел да се ускрати можноста и правото за развој на општината и изградба на одредени капитални инвестиции.

Ова е преседан, ова е срам за една држава која се декларира дека се стреми кон европските вредности затоа што сите европски општини издаваат обврзници за развој на истите. Општина Штип по примерот на европските општини одлучи да го направи ова, но дефинитивно имаме политички причини поради кои сме ускратени во правото и во можноста да исфинансираме капитални проекти.

Очекувам да преовлада разумот, го повикувам премиерот да на следна седница на Влада ја стави точката за конечно да се издаде општинската обврзница и со тоа да се реализираат предвидените капитални проекти.

Во спротивно дефинитивно ова ќе значи опструкција и кочење на развојот на општина Штип и казна на граѓаните на општина Штип само затоа што имаат градоначалник и советници кои што се од друга политичка партија, од онаа која што е владината коалиција и премиерот, порача Јорданов.

https://youtu.be/dQLb6rGTyh8

The post Јорданов: Преседан и срам е што Владата и Ковачевски намерно ја кочат одлуката за обрзницата за Штип appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, на денешната прес-конференција го сподели проблемот кој што неговата општина го има со премиерот Димитар Ковачевски и Владата, како што посочи, за скратеното право за финансирање на одредени капитални проекти кои што требаше да се финансираат преку издавањето на една наменска обврзница. Јорданов посочи дека Општина Штип е првата општина која што во изминатите неколку месеци во време на енергетска и финансиска криза одлучи да издаде наменска општинска обврзница се со цел да се реализираат неколку капитални проекти во време на ваква финансиска и енергетска криза.
Ги проследивме сите потребни одлуки, ги добивме сите потребни согласности од страна на релевантните институции и Министерство за финансии, го вративме долгот кој што претходно општината го имаше кон Министерството за финансии. И она кое што требаше да биде техничка одлука да се проследи на седница на Влада за нас е проблем, затоа што веќе две последователни седници на Влада точката на која што треба да се донесе одлуката за издавање на обврзницата од страна на Владата се отстранува од дневен ред без објективни причини се со цел да се ускрати можноста и правото за развој на општината и изградба на одредени капитални инвестиции. Ова е преседан, ова е срам за една држава која се декларира дека се стреми кон европските вредности затоа што сите европски општини издаваат обврзници за развој на истите. Општина Штип по примерот на европските општини одлучи да го направи ова, но дефинитивно имаме политички причини поради кои сме ускратени во правото и во можноста да исфинансираме капитални проекти. Очекувам да преовлада разумот, го повикувам премиерот да на следна седница на Влада ја стави точката за конечно да се издаде општинската обврзница и со тоа да се реализираат предвидените капитални проекти. Во спротивно дефинитивно ова ќе значи опструкција и кочење на развојот на општина Штип и казна на граѓаните на општина Штип само затоа што имаат градоначалник и советници кои што се од друга политичка партија, од онаа која што е владината коалиција и премиерот, порача Јорданов.
https://youtu.be/dQLb6rGTyh8

The post Јорданов: Преседан и срам е што Владата и Ковачевски намерно ја кочат одлуката за обрзницата за Штип appeared first on Република.

]]>