Македонската влада го казнува својот народ затоа што не ги гласаше на избори и затоа што на последните им се случи дебакл, така што иако Општина Штип доби дозвола од сите институции на системот за издавање на општинска обврзница, владата е таа која што ја кочи процедурата, односно ја трга точката од дневен на владина седници или пак воопшто не ја става, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Општина Бутел, одговарајќи на новинарско прашање до каде е процедурата за најавеното издавање на општински обрзници во Штип.

Тоа е уште еден парадокс кој што се случува. Јас не сум видел ваква злоба, да си го казнуваш сопствениот народ, зошто, затоа што не те гласал. Ете тоа го прават сега. Општина Штип доби позитивен заклучок од Македонската берза, доби од Комисијата за хартии од вредност, тоа се органи, институции кои што се дел од државните институции. Доби од Министерството за финансии, го помина во Совет, ја запази целата процедура и сега формално, бидејќи, владата е орган над сите органи треба да каже, во ред, исполнети се сите законски услови, може да се направи емисијата на оваа, за прв пат во Македонија, општинска обврзница“, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека не е само Општина Штип која чека формално одобрување од страна ан владата за издавање на општински обврзници, туку дека и Гевгелија и Радовиш и за што, поради блокирањето од владата, наместо издавање на обврзница ќе мора да земаат банкарски кредити.

Тие ја тргаат точката од дневен ред, од владина седница ја тргаат точката од дневен ред. Ете тоа прават. Зошто? Да ги казнат граѓаните на Општина Штип, бидејќи нивниот кандидат на минатогодишните локални избори, доживеа дебакл. И не е само Штип, има уште две други општини, и Радовиш и Гевгелија, кои што нема да земат општинска обврзница, туку ќе земат банкарски кредит, исто така не се ставаат на дневен ред на владина седница иако тоа е формалност, се поминале претходно. Сите можни органи кои што се дел од државната управа ги поминале, добиле позитивна препорака, изработиле проекти, ги приложиле тие проекти“, рече Мицкоски.

Тој истакна дека овие пари, за кои се очекува да се добијат од издавањето на обврзниците, не се пари за ликвидност на општините, туку тие се пари наменети одобрени капитални проекти, кои чекаат на реализација и кои значително ќе го подобрат живеењето на македонските граѓани.

Ова не се пари за ликвидност, тоа се пари за проекти. И сега, вие имате проекти капитални кои што треба да го подобрат квалитетот на животот на граѓаните и тогаш доаѓа Ковачевски и оваа влада и вели, не може. Зошто? Затоа што тие нас не не гласаа и затоа што ќе ни се случи дебакл на следните избори. Е па ќе им се случи, но потоа ќе имаме многу прашања од кои што ќе бараме одговорност“, потенцираше Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.