обновлива енергија Archives - Република https://republika.mk/tema/obnovliva-energija/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Oct 2024 08:09:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png обновлива енергија Archives - Република https://republika.mk/tema/obnovliva-energija/ 32 32 Министерство за енергетика: Почнува издавањето Гаранции за потекло на енергија од обновливи извори https://republika.mk/vesti/ekonomija/ministerstvo-za-energetika-pochnuva-izdavaneto-garantsii-za-poteklo-na-energija-od-obnovlivi-izvori/ Thu, 10 Oct 2024 08:09:10 +0000 https://republika.mk/?p=825018

На предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Владата донесе Уредба за гаранции за потекло на електрична енергија со која се отвора патот кон издавање Гаранции на потекло (Guarantees of origin – GOs) од страна на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО, известуваат од Министерството за енергетика.

Гаранција за потекло е електронски документ чија цел е обезбедување на доказ за потрошувачите дека определен удел или количина од енергијата е произведена од обновливи извори на енергија. Овие гаранции за потекло се користат во Европска Унија со цел следење и потврдување на потеклото на електричната енергија со што се промовира еколошка одговорно, транспарентност и доверба на потрошувачите на енергетскиот пазар, објаснуваат од ресорното министерство.

Оттаму потенцираат дека гаранциите за потекло се од огромна важност особено за домашните компании кои извезуваат на европскиот пазар кои ќе можат да докажат дека во оперативниот процес користат чиста енергијата, таканаречена, енергија од обновливи извори, а со тоа го намалуваат јаглеродниот отпечаток.

Од Министерството информираат дека Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ќе го воспостави и води регистарот на Гаранции на потекло односно нивно издавање, евидентирање на пренос, признавање, укинување или поништување.

Во изминатиот период МЕМО, со поддршка на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, стана член – набљудувач на Асоцијацијата на издавачки тела (Association of issuing bodies – AIB) која е водечка европска асоцијација за енергетска сертификација, посветена на обезбедување транспарентност преку стандардизација на Гаранциите за потекло.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини дава силна поддршка и влог во донесување и имплементирање на сите позитивни практики во доменот на енергетиката и врши усогласување со европските регулативи како дел од законодавниот пакет – Чиста енергија за сите Европејци, велат од Министерството за енергетика.

The post Министерство за енергетика: Почнува издавањето Гаранции за потекло на енергија од обновливи извори appeared first on Република.

]]>

На предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Владата донесе Уредба за гаранции за потекло на електрична енергија со која се отвора патот кон издавање Гаранции на потекло (Guarantees of origin – GOs) од страна на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО, известуваат од Министерството за енергетика. Гаранција за потекло е електронски документ чија цел е обезбедување на доказ за потрошувачите дека определен удел или количина од енергијата е произведена од обновливи извори на енергија. Овие гаранции за потекло се користат во Европска Унија со цел следење и потврдување на потеклото на електричната енергија со што се промовира еколошка одговорно, транспарентност и доверба на потрошувачите на енергетскиот пазар, објаснуваат од ресорното министерство. Оттаму потенцираат дека гаранциите за потекло се од огромна важност особено за домашните компании кои извезуваат на европскиот пазар кои ќе можат да докажат дека во оперативниот процес користат чиста енергијата, таканаречена, енергија од обновливи извори, а со тоа го намалуваат јаглеродниот отпечаток. Од Министерството информираат дека Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ќе го воспостави и води регистарот на Гаранции на потекло односно нивно издавање, евидентирање на пренос, признавање, укинување или поништување. Во изминатиот период МЕМО, со поддршка на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, стана член – набљудувач на Асоцијацијата на издавачки тела (Association of issuing bodies – AIB) која е водечка европска асоцијација за енергетска сертификација, посветена на обезбедување транспарентност преку стандардизација на Гаранциите за потекло. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини дава силна поддршка и влог во донесување и имплементирање на сите позитивни практики во доменот на енергетиката и врши усогласување со европските регулативи како дел од законодавниот пакет – Чиста енергија за сите Европејци, велат од Министерството за енергетика.

The post Министерство за енергетика: Почнува издавањето Гаранции за потекло на енергија од обновливи извори appeared first on Република.

]]>
ДОМ: Преку европски искуства до зелени вредности дома https://republika.mk/zivot/dom-preku-evropski-iskustva-do-zeleni-vrednosti-doma/ Mon, 09 Oct 2023 07:59:35 +0000 https://republika.mk/?p=689407

ДОМ заедно со данските зелени во текот на минатиот викенд одржа конференција на тема „Преку европски искуства до зелени вредности дома“. Конференцијата ја отвори претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, а свои презентации од ДОМ имаа и Христина Оџаклиеска и Ервин Реџепагиќ, додека од Зелено левата партија на Данска се обратија Нилс Хакстхаузен, Тогер Лаутруп Кнос и Кристине Амали Ростгард.

Темите на кои се зборуваше на конференцијата се однесуваа на усогласеноста на македонското законодавство со директивите на ЕУ во областа на заштитата на животната средина и во контекст на примена на одредбите од Европскиот Зелен Договор, предизвиците во имплементација на постојните законски решенија на локално и национално ниво, како и енергетската ефикасност и можноста за формирање енергетски задруги од страна на граѓаните и бизнисите, а на иницијатива на ДОМ, со цел да се забрза процесот на праведна транзиција кон обновливи извори на енергија.

На работилниците во рамки на конференцијата се дискутираше и на темите од областа на управување и справување со опожарените шуми и дивата сеча со цел да се заштити биодиверзитетот во тие подрачја, како и управувањето со отпад на регионално и локално ниво.

Заклучоците кои се носеа во текот на сите дискусии беа во функција и ќе бидат имплементирани во Изборната програма на ДОМ за претстојните парламентарни избори.

На крајот од конференцијата беше изразено задоволство од споделените искуства и насоки за креирање зелени политики и се истакна дека ваквиот тип на соработка помеѓу ДОМ и Зелено левата партија од Данска ќе се продлабочи и продолжи на долг рок.

The post ДОМ: Преку европски искуства до зелени вредности дома appeared first on Република.

]]>

ДОМ заедно со данските зелени во текот на минатиот викенд одржа конференција на тема „Преку европски искуства до зелени вредности дома“. Конференцијата ја отвори претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, а свои презентации од ДОМ имаа и Христина Оџаклиеска и Ервин Реџепагиќ, додека од Зелено левата партија на Данска се обратија Нилс Хакстхаузен, Тогер Лаутруп Кнос и Кристине Амали Ростгард. Темите на кои се зборуваше на конференцијата се однесуваа на усогласеноста на македонското законодавство со директивите на ЕУ во областа на заштитата на животната средина и во контекст на примена на одредбите од Европскиот Зелен Договор, предизвиците во имплементација на постојните законски решенија на локално и национално ниво, како и енергетската ефикасност и можноста за формирање енергетски задруги од страна на граѓаните и бизнисите, а на иницијатива на ДОМ, со цел да се забрза процесот на праведна транзиција кон обновливи извори на енергија. На работилниците во рамки на конференцијата се дискутираше и на темите од областа на управување и справување со опожарените шуми и дивата сеча со цел да се заштити биодиверзитетот во тие подрачја, како и управувањето со отпад на регионално и локално ниво. Заклучоците кои се носеа во текот на сите дискусии беа во функција и ќе бидат имплементирани во Изборната програма на ДОМ за претстојните парламентарни избори.   На крајот од конференцијата беше изразено задоволство од споделените искуства и насоки за креирање зелени политики и се истакна дека ваквиот тип на соработка помеѓу ДОМ и Зелено левата партија од Данска ќе се продлабочи и продолжи на долг рок.

The post ДОМ: Преку европски искуства до зелени вредности дома appeared first on Република.

]]>
РЕС ќе снабдува државни и локални институции со поевтина струја https://republika.mk/vesti/ekonomija/res-ke-snabduva-drzhavni-i-lokalni-institutsii-so-poevtina-struja/ Mon, 27 Mar 2023 06:49:51 +0000 https://republika.mk/?p=624013

Фирмата за трговијата со електрична енергија РЕС (Renewable Energy Supply) во следниот период ќе го прошири своето работење со дел од државните и локалните институции, каде ќе даде поволни понуди за снабдување со електрична енергија.

РЕС досега снабдуваше исклучиво компании од приватниот сектор, но со оглед на тешката ситуација во која се најдоа институциите поради високите сметки за електрична енергија,  дел од нив упатија повици за учество со цел зголемување на конкуренцијата.

РЕС, пред се, ќе понуди поевтина електрична енергија на општините за јавното осветлување во ноќните часови, што како јавна услуга се најде прво на удар на мерките за штедење во текот на енергетската криза.

Со тоа се очекува дел од општините да ги надминат проблемите со обезбедување на енергија за уличното осветлување, што беше загрозено од високата цена на струјата и доведе до тоа општините да не можат да ги сервисираат исклучително високите сметки, што секако неповолно се одрази на безбедноста на граѓаните, сообраќајното движење и целокупното урбано живеење.

РЕС моментално ја формира најголемата балансна група кај нас, со 270 компании од приватниот сектор, чија годишна потрошувачка изнесува 250 GWh електрична енергија.

The post РЕС ќе снабдува државни и локални институции со поевтина струја appeared first on Република.

РКЕ: Во јануари нови 26 фотонапонски централи со моќност од шест мегавати https://republika.mk/vesti/ekonomija/rke-vo-januari-novi-26-fotonaponski-tsentrali-so-moknost-od-shest-megavati/ Sat, 18 Feb 2023 09:18:13 +0000 https://republika.mk/?p=610427

Во јануари нови 26 фотонапонски електроцентрали со моќност од шест мегавати за производство на електрична енергија од обновливи извори се стекнаа со лиценци за работа од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Станува збор за домашни стопанственици кои инвестираат во фотонапонски централи со цел да си обезбедат самостојно струја за производствените потреби. Дел од стопанствениците кои добиле лиценци произведуваат мебел, кондиторски производи, а дел од нив се и од фармацевтскиот сектор.

Интересот на приватниот сектор за инвестиции во фотоволтаични централи е висок, кумулативно ако се гледа за само 13 месеци, РКЕ има издадено лиценци за вкупно 293 централи со вкупниот инсталиран капацитет од 158.2 MW што се во функција и од кои се произведува електрична енергија од обновливи извори. Во земјава само за една година и еден месец се изградени фотонапонски електроцентрали со вкупен инсталираниот капацитет што е поголем од инсталираниот капацитет на ТЕЦ Осломеј. Струјата од сонце се покажа како главен штит на приватниот сектор во борбата за економски опстанок, зголемена конкурентност, раст и развој, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Во 2022 година, РКЕ издаде лиценци за вкупно 267 централи, што е скоро двојно повеќе од донесените одлуки за издавање на лиценци во претходните пет години (од 2017 до 2021 донесени се 146 одлуки за издавање на лиценци).

The post РКЕ: Во јануари нови 26 фотонапонски централи со моќност од шест мегавати appeared first on Република.

Повеќе од една третина од потрошената струја во ЕУ доаѓа од обновливи извори https://republika.mk/vesti/svet/povekje-od-edna-tretina-od-potroshenata-struja-vo-eu-doagja-od-obnovlivi-izvori/ Wed, 26 Jan 2022 10:02:34 +0000 https://republika.mk/?p=449606

Обновливите извори на енергија учествувале со 37 отсто од бруто потрошувачката на електрична енергија во ЕУ во 2020 година, во споредба со 34 отсто една година порано.

Според податоците на Евростат, енергијата од ветерот и хидроенергијата заедно сочинуваат повеќе од две третини од вкупната електрична енергија произведена од обновливи извори, 36 проценти и 33 проценти, соодветно. Преостанатата третина од електричната енергија доаѓа од соларна енергија (14 проценти), цврсти биогорива (осум проценти) и други обновливи извори (осум проценти).

Во анализата на Евростат се наведува дека сончевата енергија е најбрзо растечки извор бидејќи во 2008 година учествувала само еден процент од вкупната потрошена електрична енергија во ЕУ, а во 2020 година се зголемила на 14 проценти.

Меѓу земјите-членки на ЕУ, најголема потрошувачка на енергија од обновливи извори има во Австрија (78 отсто) и Шведска (75 отсто), како и во Данска (65 отсто) и Португалија (58 отсто). Најмал удел на електрична енергија од обновливи извори има во Малта, само 10 отсто, Унгарија и Кипар (по 12 отсто), Луксембург (14 отсто) и Чешка (15 отсто).

The post Повеќе од една третина од потрошената струја во ЕУ доаѓа од обновливи извори appeared first on Република.

]]>

Обновливите извори на енергија учествувале со 37 отсто од бруто потрошувачката на електрична енергија во ЕУ во 2020 година, во споредба со 34 отсто една година порано. Според податоците на Евростат, енергијата од ветерот и хидроенергијата заедно сочинуваат повеќе од две третини од вкупната електрична енергија произведена од обновливи извори, 36 проценти и 33 проценти, соодветно. Преостанатата третина од електричната енергија доаѓа од соларна енергија (14 проценти), цврсти биогорива (осум проценти) и други обновливи извори (осум проценти). Во анализата на Евростат се наведува дека сончевата енергија е најбрзо растечки извор бидејќи во 2008 година учествувала само еден процент од вкупната потрошена електрична енергија во ЕУ, а во 2020 година се зголемила на 14 проценти. Меѓу земјите-членки на ЕУ, најголема потрошувачка на енергија од обновливи извори има во Австрија (78 отсто) и Шведска (75 отсто), како и во Данска (65 отсто) и Португалија (58 отсто). Најмал удел на електрична енергија од обновливи извори има во Малта, само 10 отсто, Унгарија и Кипар (по 12 отсто), Луксембург (14 отсто) и Чешка (15 отсто).

The post Повеќе од една третина од потрошената струја во ЕУ доаѓа од обновливи извори appeared first on Република.

]]>