нуклеарна катастрофа Archives - Република https://republika.mk/tema/nuklearna-katastrofa/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Nov 2022 11:54:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нуклеарна катастрофа Archives - Република https://republika.mk/tema/nuklearna-katastrofa/ 32 32 Агенцијата на ОН тврди дека е избегната нуклеарна катастрофа за време на викендот во Украина https://republika.mk/vesti/svet/agencijata-na-on-tvrdi-deka-e-izbegnata-nuklearna-katastrofa-za-vreme-na-vikendot-vo-ukraina/ Tue, 22 Nov 2022 11:54:43 +0000 https://republika.mk/?p=576902

Украина за влакно избегнала катастрофа во борбите за време на викендот околу најголемата европска нуклеарна централа поради гранатите, дел од кои паднале во близина на реакторот и ја оштетиле зградата за складирање радиоактивен отпад, соопшти организацијата на Обединетите нации за нуклеарен надзор.

Русија и Украина вчера меѓусебно се обвинуваа за најмалку дваесетина експлозии во украинската нуклеарна централа Запорожје, која е под контрола на Русија од почетокот на инвазијата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика НАТО да ја гарантира безбедноста од „руска саботажа“ на нуклеарните објекти. Шефот на руската државна агенција за нуклеарна енергија Росатом кажа дека за неделното гранатирање разговарал со Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) и кажал дека постои ризик од нуклеарна несреќа.

Нивото на радијација останува нормално и нема извештаи за жртви, соопшти ИАЕА.

The post Агенцијата на ОН тврди дека е избегната нуклеарна катастрофа за време на викендот во Украина appeared first on Република.

]]>

Украина за влакно избегнала катастрофа во борбите за време на викендот околу најголемата европска нуклеарна централа поради гранатите, дел од кои паднале во близина на реакторот и ја оштетиле зградата за складирање радиоактивен отпад, соопшти организацијата на Обединетите нации за нуклеарен надзор. Русија и Украина вчера меѓусебно се обвинуваа за најмалку дваесетина експлозии во украинската нуклеарна централа Запорожје, која е под контрола на Русија од почетокот на инвазијата. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика НАТО да ја гарантира безбедноста од „руска саботажа“ на нуклеарните објекти. Шефот на руската државна агенција за нуклеарна енергија Росатом кажа дека за неделното гранатирање разговарал со Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) и кажал дека постои ризик од нуклеарна несреќа. Нивото на радијација останува нормално и нема извештаи за жртви, соопшти ИАЕА.

The post Агенцијата на ОН тврди дека е избегната нуклеарна катастрофа за време на викендот во Украина appeared first on Република.

]]>
Шефот на МААЕ тврди дека има ризик од несреќа во нуклеарната централа Запорожје https://republika.mk/vesti/svet/shefot-na-maae-tvrdi-deka-ima-rizik-od-nesrekja-vo-nuklearnata-centrala-zaporozje/ Fri, 26 Aug 2022 18:55:52 +0000 https://republika.mk/?p=544563

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси ја изрази својата загриженост за можна несреќа во нуклеарната централа Запорожје на југот на Украина.

– Електраната работи, но со потешкотии, така што во сегашните услови не може да се исклучи сценарио на несреќа. Недостигот на струја, проблемите со горивото ме загрижуваат, изјави Гроси во интервју за француски „Монд“.

Тој рече дека секој инцидент ќе има негативно влијание врз ситуацијата.

На прашањето за ризиците од несреќа во нуклеарната централа Запорожје, Гроси рече дека сегашната ситуација не може да се смета за нормална.

Тој, исто така, повтори дека би сакал експертите на МААЕ да останат во нуклеарната централа на постојана основа по завршувањето на претстојната мисија.

– Работам на договор за тоа. Целта на мисијата е да се спречи нуклеарна несреќа, рече Гроси.

Најголемата нуклеарна централа во Европа се наоѓа во градот Енергодар во јужна Украина, а моментално е под контрола на руските сили.

The post Шефот на МААЕ тврди дека има ризик од несреќа во нуклеарната централа Запорожје appeared first on Република.

]]>

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси ја изрази својата загриженост за можна несреќа во нуклеарната централа Запорожје на југот на Украина.
– Електраната работи, но со потешкотии, така што во сегашните услови не може да се исклучи сценарио на несреќа. Недостигот на струја, проблемите со горивото ме загрижуваат, изјави Гроси во интервју за француски „Монд“.
Тој рече дека секој инцидент ќе има негативно влијание врз ситуацијата. На прашањето за ризиците од несреќа во нуклеарната централа Запорожје, Гроси рече дека сегашната ситуација не може да се смета за нормална. Тој, исто така, повтори дека би сакал експертите на МААЕ да останат во нуклеарната централа на постојана основа по завршувањето на претстојната мисија.
– Работам на договор за тоа. Целта на мисијата е да се спречи нуклеарна несреќа, рече Гроси.
Најголемата нуклеарна централа во Европа се наоѓа во градот Енергодар во јужна Украина, а моментално е под контрола на руските сили.  

The post Шефот на МААЕ тврди дека има ризик од несреќа во нуклеарната централа Запорожје appeared first on Република.

]]>
Руски дипломат ги повика ОН да интервенираат заради безбедност на нуклеарната централа Запорожје https://republika.mk/vesti/svet/ruski-diplomat-gi-povika-on-da-interveniraat-zaradi-bezbednost-na-nuklearnata-centrala-zaporozje/ Sun, 14 Aug 2022 09:43:55 +0000 https://republika.mk/?p=540150

Рускиот дипломат Михаил Улјанов ги повика Обединетите нации да интервенираат за да се осигура безбедноста на украинската нуклеарна централа Запорожјe, која е предмет на гранатирање веќе неколку недели, јави ДПА.

Задача на Секретаријатот на ОН е „да даде зелено светло за посета на нуклеарната централа од страна на експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ)“, изјави Улјанов за руската државна новинска агенција Тас во денеска објавеното интервју.

Дипломатот, кој ја претставува Русија во МААЕ, рече дека по таковото одобрување меѓународната организација ќе се погрижи за „модалитетите на патувањето во проблематичниот регион“.

Според медиуми, ОН досега не му дозволиле на шефот на МААЕ Рафаел Гроси да отпатува, не само од безбедносни причини, туку и поради спор околу маршрутата.

Гроси би можел да патува под руска заштита преку црноморскиот полуостров Крим, кој беше анектиран од Москва во 2014 година, но тоа ќе биде сфатено како навреда за Киев.

– Ние соработувавме многу блиско со организацијата во мај/јули и ја подготвивме посетата. Секретаријатот на ОН ја блокираше во последен момент без да ги објасни причините, рече Улјанов.

Украина и Русија со недели меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на најголемата нуклеарна централа во Европа, со што ризикуваат нуклеарна катастрофа.

– Не можете да испратите меѓународен тим под постојан артилериски оган. Тоа е главната пречка, рече Улјанов.

Украина ги обвинува руските војници дека ја користат нуклеарната централа како тврдина од која пукаат врз малите градови Никопол и Марханез, кои се наоѓаат на другиот брег на акумулацијата Дњепар.

Од друга страна, Русија тврди дека Украина ја гранатира фабриката со беспилотни летала, тешка артилерија и ракетни фрлачи.

The post Руски дипломат ги повика ОН да интервенираат заради безбедност на нуклеарната централа Запорожје appeared first on Република.

]]>

Рускиот дипломат Михаил Улјанов ги повика Обединетите нации да интервенираат за да се осигура безбедноста на украинската нуклеарна централа Запорожјe, која е предмет на гранатирање веќе неколку недели, јави ДПА. Задача на Секретаријатот на ОН е „да даде зелено светло за посета на нуклеарната централа од страна на експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ)“, изјави Улјанов за руската државна новинска агенција Тас во денеска објавеното интервју. Дипломатот, кој ја претставува Русија во МААЕ, рече дека по таковото одобрување меѓународната организација ќе се погрижи за „модалитетите на патувањето во проблематичниот регион“. Според медиуми, ОН досега не му дозволиле на шефот на МААЕ Рафаел Гроси да отпатува, не само од безбедносни причини, туку и поради спор околу маршрутата. Гроси би можел да патува под руска заштита преку црноморскиот полуостров Крим, кој беше анектиран од Москва во 2014 година, но тоа ќе биде сфатено како навреда за Киев.
– Ние соработувавме многу блиско со организацијата во мај/јули и ја подготвивме посетата. Секретаријатот на ОН ја блокираше во последен момент без да ги објасни причините, рече Улјанов.
Украина и Русија со недели меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на најголемата нуклеарна централа во Европа, со што ризикуваат нуклеарна катастрофа.
– Не можете да испратите меѓународен тим под постојан артилериски оган. Тоа е главната пречка, рече Улјанов.
Украина ги обвинува руските војници дека ја користат нуклеарната централа како тврдина од која пукаат врз малите градови Никопол и Марханез, кои се наоѓаат на другиот брег на акумулацијата Дњепар. Од друга страна, Русија тврди дека Украина ја гранатира фабриката со беспилотни летала, тешка артилерија и ракетни фрлачи.

The post Руски дипломат ги повика ОН да интервенираат заради безбедност на нуклеарната централа Запорожје appeared first on Република.

]]>
Загрозени Бугарија, Романија, Турција: Хаварија во „Запорожје“ може да создаде зона на радијација со радиус од пет илјади километри https://republika.mk/vesti/svet/zagrozeni-bugarija-romanija-turcija-rusite-predupreduvaat-deka-havarija-vo-zaporozje-moze-da-sozdade-zona-na-radijacija-so-radius-od-pet-iljadi-kilometri/ Wed, 10 Aug 2022 18:29:00 +0000 https://republika.mk/?p=538847

Бугарија, Романија, Турција и Абхазија (во Грузија) се меѓу земјите што ќе бидат директно загорозени од радијација доколку дојде до сериозна хаварија во нуклеарната централа „Запорожје“ што се наоѓа во јужниот дел на Украина, предупреди постојаниот руски претставник во Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Михаил Улјанов, повикувајќи се на руски воени експерти, за телевизијата „Русија24“ изјави дека во случај на сериозна хаварија на централата, зоната на радиција ќе зафати површина со радиус од пет илјади километри, што значи дека ќе бидат загрозени Донбас, голем дел на Украина, делови на Русија, но истовремено и Абхазија, Романија, Бугарија и Турција.

Улјанов додава дека се очекува генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси до Советот за безбедност на ОН да достави извештај за ситуацијата околу нуклеарната централа „Запорожје“. Претходно, првиот заменик-постојан претставник на Русија во Обединетите нации, Дмитриј Полјански, потврди дека Советот за безбедност утре ќе одржи состанок по прашањето.

За да има инспекција на МААЕ во нуклеарната централа Запорожје, украинската армија мора да престане да ја гранатира и да не создава пречки. Украинската страна засега не даде ни најмала причина за да веруваме дека Киев ја поздравува таквата мисија, туку спротивното - изјави Улјанов.

Тој ги нарече „уште една лага“ и „примитивна пропаганда“  тврдењата на Украина дека руската страна ја гранатира нуклеарната централа во Запорожје.

Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на најголемата нуклеарна централа во Европа.

На 3 јуни Русија и МААЕ постигнаа договор за рутата и распоредот за работа на група меѓународни инспектори во нуклеарната централа „Запорожје“ под лично раководство на Гроси. Руското министерство за надворешни работи подоцна соопшти дека активноста во последен момент била стопирана од Одделот за безбедност на Секретаријатот на ОН.

Руските сили вчера почнаа да инсталираат системи за противвоздушна одбрана околу нуклеарната централа „Запорожје“, откако ракетирањето на заземената украинска постројка предизвика загриженост по безбедноста на инсталацијата.

Системите за противвоздушна одбрана на централата се зајакнуваат. Во моментов централата „Запорожје“ работи нормално, а далноводите и оштетените реакторски единици се санирани - изјави за руската државна телевизија Евгениј Балицки, шеф на воената администрација на руската армија за областа Запорожје.

Украинските агенции јавуваат дека Европската Унија, на посебниот состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ одржан во Виена, ги осудила воените дејствија на Русија околу нуклеарната централа „Запорожје“ и побарала контролата врз централата веднаш да биде вратена на украинските власти.

Исто така, ја повикуваме Москва да се воздржи од какви било активности што ја загрозуваат безбедноста на АЕЦ „Запорожје“ - се вели во соопштението.

ЕУ истовремено бара слободен и неограничен пристап на набљудувачите на МААЕ на централата, за да се потврди нејзината безбедност.

Атомската централа „Запорожје“ од 4 март е под контрола на руските сили, а моментално капацитетот го опслужува руски персонал од околу 500 лица.

Украинското разузнавање на 6 август соопшти дека руската армија ги минирала енергетските единици на нуклеарната централа „Запорожје“.

Претставниците на МААЕ повеќе од пет месеци немаат пристап до инсталацијата.

The post Загрозени Бугарија, Романија, Турција: Хаварија во „Запорожје“ може да создаде зона на радијација со радиус од пет илјади километри appeared first on Република.

]]>

Бугарија, Романија, Турција и Абхазија (во Грузија) се меѓу земјите што ќе бидат директно загорозени од радијација доколку дојде до сериозна хаварија во нуклеарната централа „Запорожје“ што се наоѓа во јужниот дел на Украина, предупреди постојаниот руски претставник во Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Михаил Улјанов, повикувајќи се на руски воени експерти, за телевизијата „Русија24“ изјави дека во случај на сериозна хаварија на централата, зоната на радиција ќе зафати површина со радиус од пет илјади километри, што значи дека ќе бидат загрозени Донбас, голем дел на Украина, делови на Русија, но истовремено и Абхазија, Романија, Бугарија и Турција. Улјанов додава дека се очекува генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси до Советот за безбедност на ОН да достави извештај за ситуацијата околу нуклеарната централа „Запорожје“. Претходно, првиот заменик-постојан претставник на Русија во Обединетите нации, Дмитриј Полјански, потврди дека Советот за безбедност утре ќе одржи состанок по прашањето. За да има инспекција на МААЕ во нуклеарната централа Запорожје, украинската армија мора да престане да ја гранатира и да не создава пречки. Украинската страна засега не даде ни најмала причина за да веруваме дека Киев ја поздравува таквата мисија, туку спротивното - изјави Улјанов. Тој ги нарече „уште една лага“ и „примитивна пропаганда“  тврдењата на Украина дека руската страна ја гранатира нуклеарната централа во Запорожје. Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на најголемата нуклеарна централа во Европа. На 3 јуни Русија и МААЕ постигнаа договор за рутата и распоредот за работа на група меѓународни инспектори во нуклеарната централа „Запорожје“ под лично раководство на Гроси. Руското министерство за надворешни работи подоцна соопшти дека активноста во последен момент била стопирана од Одделот за безбедност на Секретаријатот на ОН. Руските сили вчера почнаа да инсталираат системи за противвоздушна одбрана околу нуклеарната централа „Запорожје“, откако ракетирањето на заземената украинска постројка предизвика загриженост по безбедноста на инсталацијата.
Системите за противвоздушна одбрана на централата се зајакнуваат. Во моментов централата „Запорожје“ работи нормално, а далноводите и оштетените реакторски единици се санирани - изјави за руската државна телевизија Евгениј Балицки, шеф на воената администрација на руската армија за областа Запорожје.
Украинските агенции јавуваат дека Европската Унија, на посебниот состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ одржан во Виена, ги осудила воените дејствија на Русија околу нуклеарната централа „Запорожје“ и побарала контролата врз централата веднаш да биде вратена на украинските власти.
Исто така, ја повикуваме Москва да се воздржи од какви било активности што ја загрозуваат безбедноста на АЕЦ „Запорожје“ - се вели во соопштението.
ЕУ истовремено бара слободен и неограничен пристап на набљудувачите на МААЕ на централата, за да се потврди нејзината безбедност. Атомската централа „Запорожје“ од 4 март е под контрола на руските сили, а моментално капацитетот го опслужува руски персонал од околу 500 лица. Украинското разузнавање на 6 август соопшти дека руската армија ги минирала енергетските единици на нуклеарната централа „Запорожје“. Претставниците на МААЕ повеќе од пет месеци немаат пристап до инсталацијата.

The post Загрозени Бугарија, Романија, Турција: Хаварија во „Запорожје“ може да создаде зона на радијација со радиус од пет илјади километри appeared first on Република.

]]>
Захарова со предупредување: Опасно се балансира на работ на нуклеарен конфликт https://republika.mk/vesti/svet/zaharova-so-predupreduvanje-opasno-se-balansira-na-rabot-na-nuklearen-konflikt/ Tue, 12 Jul 2022 11:42:54 +0000 https://republika.mk/?p=527518

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници опасно балансираат на работ на директен вооружен конфликт со Русија, се вели во соопштението за печатот на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Откако ја испровоцираа ескалацијата на украинската криза и започнаа жестока хибридна конфронтација со Русија, Вашингтон и неговите сојузници опасно балансираат на работ на отворена воена конфронтација со нашата земја, што значи – директен вооружен судир на нуклеарните сили. Очигледно е дека таков конфликт би понел ризик од нуклеарна ескалација – истакнува Захарова.

Таа, исто така, нагласи дека апсолутно неприфатливи се обидите „да се искриви за пропагандни цели логиката на задржување на која се засноваат официјалните руски коментари за нуклеарните прашања“ и да се претстави Русија како земја која се заканува со нуклеарно оружје.

The post Захарова со предупредување: Опасно се балансира на работ на нуклеарен конфликт appeared first on Република.

Јодот не е меѓу нив: ФЕМА објави листа на сѐ е што е потребно при евентуален нуклеарен напад https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/jodot-ne-e-megju-niv-fema-objavi-lista-na-s-e-shto-e-potrebno-pri-eventualen-nuklearen-napad/ Wed, 09 Mar 2022 09:06:05 +0000 https://republika.mk/?p=469924

Со разгорувањето на руско-украинската криза, според многумина, може да порасне и можноста и опасноста од евентуална нуклеарна војна. Како превенција, Федералната агенција за управување со вонредни состојби на САД (ФЕМА) посочи список залихи и предмети коишто луѓето треба да ги имаат при рака во случај на вонредна состојба, освен засолниште…

Списокот се состои од:

– Три литри вода по лице ќе бидат доволни за три дена;

– Тридневна набавка на нерасиплива храна;

– Напојување со батерии – следењето и добивањето информации по нуклеарен инцидент ќе бидат клучни за опстанокот; следењето на временската прогноза е од исклучителна важност;

– Светилка;

– Прва помош;

– Свирче;

– Маска за прав ќе помогне во дишењето контаминиран воздух;

– Влажни крпи, ќеси за ѓубре и други основни средства за хигиена; пластична фолија и селотејп може да помогнат во спречувањето несаканите честички да влезат во засолништето;

– Клуч / алат за исклучување на струјата и водата;

– Отворачи за конзерви со храна;

– Мапи од околината.

The post Јодот не е меѓу нив: ФЕМА објави листа на сѐ е што е потребно при евентуален нуклеарен напад appeared first on Република.

]]>

Со разгорувањето на руско-украинската криза, според многумина, може да порасне и можноста и опасноста од евентуална нуклеарна војна. Како превенција, Федералната агенција за управување со вонредни состојби на САД (ФЕМА) посочи список залихи и предмети коишто луѓето треба да ги имаат при рака во случај на вонредна состојба, освен засолниште…

Списокот се состои од:

– Три литри вода по лице ќе бидат доволни за три дена; – Тридневна набавка на нерасиплива храна; – Напојување со батерии – следењето и добивањето информации по нуклеарен инцидент ќе бидат клучни за опстанокот; следењето на временската прогноза е од исклучителна важност; – Светилка; – Прва помош; – Свирче; – Маска за прав ќе помогне во дишењето контаминиран воздух; – Влажни крпи, ќеси за ѓубре и други основни средства за хигиена; пластична фолија и селотејп може да помогнат во спречувањето несаканите честички да влезат во засолништето; – Клуч / алат за исклучување на струјата и водата; – Отворачи за конзерви со храна; – Мапи од околината.

The post Јодот не е меѓу нив: ФЕМА објави листа на сѐ е што е потребно при евентуален нуклеарен напад appeared first on Република.

]]>
Упатство за зашитата од радијација – доктор објаснува како се користи калиум јодид https://republika.mk/vesti/svet/upatstvo-za-zashitata-od-radijacija-doktor-objasnuva-kako-se-koristi-kalium-jodid/ Fri, 04 Mar 2022 10:09:18 +0000 https://republika.mk/?p=467640

Ноќеска започна гранатирањето на нуклеарната централа Запорожје од страна на силите на Руската Федерација. Градоначалникот на градот веќе објави дека нивото на радијација не е покачено и не претставува закана за животот и здравјето.

Регионалниот центар за контрола и превенција на болести на Запорожје при Министерството за здравство спроведе мониторинг и утврдено е дека гама-зрачењето не го надминува природното ниво за областа:
Г. Енергодар - 9-12 μR / h;
Г. Мелитопол - 9-12 μR / h;
📍смт. К-Днипровка - 11,2 μR / h;
Г. Бердјанск, Орихив, Токмак, населено место Чернихив, населено место Andriyivka - 12,5 μR / h;
Г. Гама позадина за породување 11-14 μR / h;
Г. Василивка 16 μR / h.

Сепак, на украинските телеграм канали се споделува упатство за заштита од радијација.

Земањето јод во првите минути по несреќата во нуклеарна централа со ослободување на зрачење помага да се заштити тироидната жлезда од оштетување од радиоактивен јод.
ДОЗИ
Таблети од калиум јодид (1 т = 250 мг)
Возрасни и деца над 2 години - 125 mg - ½ таб.
Деца под 2 години - 40 mg = 1/6 таб.
5% раствор на јод
Возрасни и деца над 14 години - разредете 40 капки во топло млеко или вода и пијте
Деца од 5 - 14 години - разредете 20 капки во млеко или вода. Внесете внатре
Деца од 2 - 5 години - разредете 20 капки со вода и нанесете на кожата, правејќи јодна секта (бут, подлактица)
Деца под 2 години - разредете 10 капки со вода и нанесете на кожата.

The post Упатство за зашитата од радијација – доктор објаснува како се користи калиум јодид appeared first on Република.

]]>

Ноќеска започна гранатирањето на нуклеарната централа Запорожје од страна на силите на Руската Федерација. Градоначалникот на градот веќе објави дека нивото на радијација не е покачено и не претставува закана за животот и здравјето. Регионалниот центар за контрола и превенција на болести на Запорожје при Министерството за здравство спроведе мониторинг и утврдено е дека гама-зрачењето не го надминува природното ниво за областа: Г. Енергодар - 9-12 μR / h; Г. Мелитопол - 9-12 μR / h; 📍смт. К-Днипровка - 11,2 μR / h; Г. Бердјанск, Орихив, Токмак, населено место Чернихив, населено место Andriyivka - 12,5 μR / h; Г. Гама позадина за породување 11-14 μR / h; Г. Василивка 16 μR / h. Сепак, на украинските телеграм канали се споделува упатство за заштита од радијација. Земањето јод во првите минути по несреќата во нуклеарна централа со ослободување на зрачење помага да се заштити тироидната жлезда од оштетување од радиоактивен јод. ДОЗИ Таблети од калиум јодид (1 т = 250 мг) Возрасни и деца над 2 години - 125 mg - ½ таб. Деца под 2 години - 40 mg = 1/6 таб. 5% раствор на јод Возрасни и деца над 14 години - разредете 40 капки во топло млеко или вода и пијте Деца од 5 - 14 години - разредете 20 капки во млеко или вода. Внесете внатре Деца од 2 - 5 години - разредете 20 капки со вода и нанесете на кожата, правејќи јодна секта (бут, подлактица) Деца под 2 години - разредете 10 капки со вода и нанесете на кожата.

The post Упатство за зашитата од радијација – доктор објаснува како се користи калиум јодид appeared first on Република.

]]>
Зеленски ja обвини Русија за нуклеарен тероризам https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-ja-obvini-rusija-za-nuklearen-terorizam/ Fri, 04 Mar 2022 09:48:38 +0000 https://republika.mk/?p=467618

Деветти ден на руската инвазија на Украина.

Во раните утрински часови избувна пожар во нуклеарната централа Запорожје, во близина на градот Енергодар, изјави градоначалникот на тој град. Набрзо се огласи и Дмитро Кулеба, шеф на украинската дипломатија, кој рече дека Русите пукаат во централата од сите страни и ги повика да престанат да пукаат.

Зеленски го коментираше и пожарот во електраната, обвинувајќи ја Русија за нуклеарен тероризам.

Борис Џонсон, исто така, побрза да проговори, велејќи дека ќе побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН бидејќи „дејствата на Путин директно ја загрозуваат Европа“.

https://republika.mk/vesti/svet/najgolemata-nuklearna-centrala-vo-evropa-pod-kontrola-na-ruskite-sili/

Украина се обрати до светот со нов апел.

По нападот на АЕЦ Запорожје, Кабинетот на Претседателот и Претседателот на Врховната Рада повикаа на затворање на небото над Украина.
Што рече Претседателот на Врховната Рада Руслан Стефанчук:

Русија ги стави Европа и светот на работ на нуклеарен армагедон. Ова злосторство ја покажува потребата од воведување на зона забранета за летање што е можно поскоро. Ова е неопходно за да се заштити не само Украина, туку и светот како целина, информира украинската амбасада во Македонија.

Што рече советникот на претседателот на Кабинетот на Претседателот Михаил Подољак:

Логиката на оваа војна е да се зголемат ракетните и воздушните напади врз цивилната инфраструктура, големите градови и цивилното население. Само затвореното небо нагло ќе ја запре ескалацијата. Дојде време западните партнери да преземат одговорност за завршување на војната.

The post Зеленски ja обвини Русија за нуклеарен тероризам appeared first on Република.

]]>

Деветти ден на руската инвазија на Украина. Во раните утрински часови избувна пожар во нуклеарната централа Запорожје, во близина на градот Енергодар, изјави градоначалникот на тој град. Набрзо се огласи и Дмитро Кулеба, шеф на украинската дипломатија, кој рече дека Русите пукаат во централата од сите страни и ги повика да престанат да пукаат. Зеленски го коментираше и пожарот во електраната, обвинувајќи ја Русија за нуклеарен тероризам. Борис Џонсон, исто така, побрза да проговори, велејќи дека ќе побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН бидејќи „дејствата на Путин директно ја загрозуваат Европа“. https://republika.mk/vesti/svet/najgolemata-nuklearna-centrala-vo-evropa-pod-kontrola-na-ruskite-sili/ Украина се обрати до светот со нов апел. По нападот на АЕЦ Запорожје, Кабинетот на Претседателот и Претседателот на Врховната Рада повикаа на затворање на небото над Украина. Што рече Претседателот на Врховната Рада Руслан Стефанчук: