ноз закон за амнестија Archives - Република https://republika.mk/tema/noz-zakon-za-amnestija/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Sep 2023 18:06:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ноз закон за амнестија Archives - Република https://republika.mk/tema/noz-zakon-za-amnestija/ 32 32 Трајанов тврди дека се подготвува нов закон за амнестија за да се гласа за уставните измени https://republika.mk/vesti/makedonija/trajanov-tvrdi-deka-se-podgotvuva-nov-zakon-za-amnestija-za-da-se-glasa-za-ustavnite-izmeni/ Fri, 22 Sep 2023 18:06:27 +0000 https://republika.mk/?p=684213

Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов вечерва изјави дека се подготвува нов закон за амнестија со цел обезбедување на гласови за уставните измени.

Го подготвуваат СДСМ и ДУИ. Вклучени се експерти, обвинители, адвокати.... Направен е преглед на кривични дела за кои се судени поранешни носители на јавни функции, опфатени се сите дела врзани за тие што се осудени за 27 април 2017 година и веројатно има и дела со кои се опфатени и некои од актуелни носители на јавни функции за кои се води постапка, изјави Трајанов во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Според Трајанов, со овој закон ќе бидат опфатени сите случаи што ги отвори Специјалното јавно обвинителство, осудените за настаните од 27 април, како и дел од функционерите од актуелната власт против кои се води кривична постапка.

Од СДСМ негираа дека се подготвува таков закон.

Ниту Груевски, ниту некој од криминалците од ВМРО-ДПМНЕ нема да се спаси од правдата. Апсолутно не се согласувам дека некој размислува, сака или би поддржал амнестија за злоделата што 11 години ги правеа функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Ненад Коциќ од СДСМ во истата емисија.

The post Трајанов тврди дека се подготвува нов закон за амнестија за да се гласа за уставните измени appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов вечерва изјави дека се подготвува нов закон за амнестија со цел обезбедување на гласови за уставните измени.
Го подготвуваат СДСМ и ДУИ. Вклучени се експерти, обвинители, адвокати.... Направен е преглед на кривични дела за кои се судени поранешни носители на јавни функции, опфатени се сите дела врзани за тие што се осудени за 27 април 2017 година и веројатно има и дела со кои се опфатени и некои од актуелни носители на јавни функции за кои се води постапка, изјави Трајанов во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Според Трајанов, со овој закон ќе бидат опфатени сите случаи што ги отвори Специјалното јавно обвинителство, осудените за настаните од 27 април, како и дел од функционерите од актуелната власт против кои се води кривична постапка. Од СДСМ негираа дека се подготвува таков закон.