новогодишно украсување Archives - Република https://republika.mk/tema/novogodishno-ukrasuvanje/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Dec 2023 20:35:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png новогодишно украсување Archives - Република https://republika.mk/tema/novogodishno-ukrasuvanje/ 32 32 Андоновски: И лани Данела не откри од каде се средствата за украсување на градот https://republika.mk/vesti/skopje/andonovski-i-lani-danela-ne-otkri-od-kade-se-sredstvata-za-ukrasuvane-na-gradot/ Thu, 21 Dec 2023 20:35:11 +0000 https://republika.mk/?p=725462

Сите се чудат оваа тајност на украсување на град Скопје и не е прв пат и лани беше исто и немаше податоци од каде се средствата, рече Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ и советник во Советот на Град Скопје на гостување во емисијата За или против на телевизија Алфа.

Андоновски информираше дека има два начини за било што да се направи, тоа е јавна набавка или донација од правно или физичко лице, но таа треба да помине во Советот.

„И оваа година, а и минатата година тоа не беше направено. Колку за илустрација, Советот има гласано за донација за еден лаптоп или и најситната донација мора да помине во Совет. За оваа година има шпекулации, но нема информации до Советот за украсувањето“, рече Андоновски.

Андоновски се осврна на како што рече една покрупна работа во градот.

„Пристигнат е предлог буџетот за Град Скопје и ниту една советник нема никаква информација за буџетот кој чини  100-тина милиони евра. Таа не кажува ништо, не комуницира никого, а ги немаме ни програмите да видиме за кои проекти се средствата е тоа е проблематично и покажува дека нема никаква комуникација. Советот нема информации за најклучните одлуки имаме, а за буџетот има можност за амандмани“, рече Андоновски.

Според него буџетот е просечен, но она што фрапира е зголемување на долгот, а не гледаме на што се потрошени парите, посебно затоа што нема големи инфраструктурни проекти во надлежност на Градот.

„Ако градоначалничката ги брои како проекти патувањата и панел дискусиите тогаш има проекти. Ама на пример зборува за проект 27 илјади метри квадратни парк во Аеродром јас нов парк не сум видел во општината, таму живеам“, кажа Андоновски.

Андоновски нагласи дека законска обврска за Градот и градоначалничката е пред да земе кредит да дојде да објасни пред Советот.

„Ние свесно го блокиравме задолжувањето затоа што не ни објаснува како да стигнеме до квалитетен навремен превоз, што планира да прави со парите, какви автобуси ќе набавува и слично“, кажа Андоновски.

The post Андоновски: И лани Данела не откри од каде се средствата за украсување на градот appeared first on Република.

]]>

Сите се чудат оваа тајност на украсување на град Скопје и не е прв пат и лани беше исто и немаше податоци од каде се средствата, рече Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ и советник во Советот на Град Скопје на гостување во емисијата За или против на телевизија Алфа. Андоновски информираше дека има два начини за било што да се направи, тоа е јавна набавка или донација од правно или физичко лице, но таа треба да помине во Советот.
„И оваа година, а и минатата година тоа не беше направено. Колку за илустрација, Советот има гласано за донација за еден лаптоп или и најситната донација мора да помине во Совет. За оваа година има шпекулации, но нема информации до Советот за украсувањето“, рече Андоновски.
Андоновски се осврна на како што рече една покрупна работа во градот.
„Пристигнат е предлог буџетот за Град Скопје и ниту една советник нема никаква информација за буџетот кој чини  100-тина милиони евра. Таа не кажува ништо, не комуницира никого, а ги немаме ни програмите да видиме за кои проекти се средствата е тоа е проблематично и покажува дека нема никаква комуникација. Советот нема информации за најклучните одлуки имаме, а за буџетот има можност за амандмани“, рече Андоновски.
Според него буџетот е просечен, но она што фрапира е зголемување на долгот, а не гледаме на што се потрошени парите, посебно затоа што нема големи инфраструктурни проекти во надлежност на Градот.
„Ако градоначалничката ги брои како проекти патувањата и панел дискусиите тогаш има проекти. Ама на пример зборува за проект 27 илјади метри квадратни парк во Аеродром јас нов парк не сум видел во општината, таму живеам“, кажа Андоновски.
Андоновски нагласи дека законска обврска за Градот и градоначалничката е пред да земе кредит да дојде да објасни пред Советот.
„Ние свесно го блокиравме задолжувањето затоа што не ни објаснува како да стигнеме до квалитетен навремен превоз, што планира да прави со парите, какви автобуси ќе набавува и слично“, кажа Андоновски.

The post Андоновски: И лани Данела не откри од каде се средствата за украсување на градот appeared first on Република.

]]>
Украсувањето е почнато: Град Скопје објави кога метрополата ќе блесне со новогодишен сјај https://republika.mk/vesti/skopje/ukrasuvaneto-e-pochnato-grad-skopje-objavi-koga-metropolata-ke-blesne-so-novogodishen-sjaj/ Mon, 11 Dec 2023 20:55:03 +0000 https://republika.mk/?p=721925

Град Скопје известува дека новогодишното украсување е почнато и дека градот ќе блесне на 15 декември, но, како што велат, за многу пониска сума од претходно.

Некој треба да одговори како трошел по фирмички за китење годишно помеѓу 90.000 и 245.000 евра за украсување, пари на граѓаните кои завршувале во приватни џебови, а сега градот се кити за 30.000 евра. Минатата година, во време на најголемата глобална економска и енергетска криза, градот беше накитен без дополнителни трошоци, а средствата предвидени за китење, но и трошоците кои порано се правеле за ручеци и пиење по кафани, беа наменети за ранливите категории на граѓани, стои во соопштението на Град Скопје.

Оттаму информираат дека и оваа година ќе има украсување, но за драстично пониска сума од она што досега секоја година се трошело на украсување на градот, преку, како што се вели, сомнителни набавки.

https://republika.mk/vesti/skopje/d-r-bekarovski-prvo-vratete-m-ja-verbata-i-nadezhta-na-skopjani-za-da-mozhe-lampionite-da-go-great-gradot/

The post Украсувањето е почнато: Град Скопје објави кога метрополата ќе блесне со новогодишен сјај appeared first on Република.

]]>

Град Скопје известува дека новогодишното украсување е почнато и дека градот ќе блесне на 15 декември, но, како што велат, за многу пониска сума од претходно.
Некој треба да одговори како трошел по фирмички за китење годишно помеѓу 90.000 и 245.000 евра за украсување, пари на граѓаните кои завршувале во приватни џебови, а сега градот се кити за 30.000 евра. Минатата година, во време на најголемата глобална економска и енергетска криза, градот беше накитен без дополнителни трошоци, а средствата предвидени за китење, но и трошоците кои порано се правеле за ручеци и пиење по кафани, беа наменети за ранливите категории на граѓани, стои во соопштението на Град Скопје.
Оттаму информираат дека и оваа година ќе има украсување, но за драстично пониска сума од она што досега секоја година се трошело на украсување на градот, преку, како што се вели, сомнителни набавки. https://republika.mk/vesti/skopje/d-r-bekarovski-prvo-vratete-m-ja-verbata-i-nadezhta-na-skopjani-za-da-mozhe-lampionite-da-go-great-gradot/

The post Украсувањето е почнато: Град Скопје објави кога метрополата ќе блесне со новогодишен сјај appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски: Прво вратете ѝм ја вербата и надежта на скопјани, за да може лампионите да го „греат“ градот https://republika.mk/vesti/skopje/d-r-bekarovski-prvo-vratete-m-ja-verbata-i-nadezhta-na-skopjani-za-da-mozhe-lampionite-da-go-great-gradot/ Mon, 11 Dec 2023 18:36:27 +0000 https://republika.mk/?p=721882

Се ближи средината од месец декември, а граѓаните масовно зборуваат за пречекот на Новата година, но и за фактот дека мал број градови во земјата имаат новогодишно украсување.

Ова создава дополнителен револт кај граѓаните, посебно кај жителите на метрополата кои бараат украсување како во сите големи градови во околината и Европа.

На оваа тема се осврна и истакнатиот доктор Нико Беќаровски, кој укажува дека „за предновогодишна атмосфера потребни се насмеани и среќни граѓани, а не само накитени лампиони“.

Атмосферата во европските метрополи ја создаваат ведрите лица на граѓаните кои веруваат во подобро утре.

Колку и да го украсите Скопје, без да ги уверите граѓаните во подобра иднина, нема да ја доловите магијата на предновогодишните денови.

Еден градоначалник веќе се обиде со стиропор да го направи Скопје европска метропола, но не успеа.

Додека не се врати насмевката на лицата на сите скопјани, Скопје ќе остане касаба, заглавена во крајот на 19. век, без оглед на сите шарени лампиони и светилки.

И најубаво накитената новогодишна елка без раздраган детски џагор, е само декоративен објект.

Затоа прво вратете ѝм ја вербата и надежта на Скопјаните, за да може лампионите да го "греат" градот и да го вратат сјајот на предновогодишната еуфорија - напиша Беќаровски на Фејсбук.

The post Д-р Беќаровски: Прво вратете ѝм ја вербата и надежта на скопјани, за да може лампионите да го „греат“ градот appeared first on Република.

]]>

Се ближи средината од месец декември, а граѓаните масовно зборуваат за пречекот на Новата година, но и за фактот дека мал број градови во земјата имаат новогодишно украсување. Ова создава дополнителен револт кај граѓаните, посебно кај жителите на метрополата кои бараат украсување како во сите големи градови во околината и Европа. На оваа тема се осврна и истакнатиот доктор Нико Беќаровски, кој укажува дека „за предновогодишна атмосфера потребни се насмеани и среќни граѓани, а не само накитени лампиони“.
Атмосферата во европските метрополи ја создаваат ведрите лица на граѓаните кои веруваат во подобро утре.   Колку и да го украсите Скопје, без да ги уверите граѓаните во подобра иднина, нема да ја доловите магијата на предновогодишните денови.   Еден градоначалник веќе се обиде со стиропор да го направи Скопје европска метропола, но не успеа.   Додека не се врати насмевката на лицата на сите скопјани, Скопје ќе остане касаба, заглавена во крајот на 19. век, без оглед на сите шарени лампиони и светилки.   И најубаво накитената новогодишна елка без раздраган детски џагор, е само декоративен објект.   Затоа прво вратете ѝм ја вербата и надежта на Скопјаните, за да може лампионите да го "греат" градот и да го вратат сјајот на предновогодишната еуфорија - напиша Беќаровски на Фејсбук.

The post Д-р Беќаровски: Прво вратете ѝм ја вербата и надежта на скопјани, за да може лампионите да го „греат“ градот appeared first on Република.

]]>
Имаме чувство дека се шетаме низ некоја светска метропола, се фалат кривопаланчани https://republika.mk/zivot/imame-chuvstvo-deka-se-shetame-niz-nekoja-svetska-metropola-se-falat-krivopalanchani/ Wed, 06 Dec 2023 10:21:32 +0000 https://republika.mk/?p=720326

Трета година по ред, најубаво украсен град е Крива Паланка, град, кој веќе ги навикна на убавина не само жителите во државава, туку и од Бугарија и Србија.

Но, ако изминатите години се зборуваше за најубаво украсен плоштад, оваа година со гордост може да се каже дека новогодишно блесна целиот град.

Кога се шетаме низ град имаме чувство дека се шетаме низ некоја светска метропола. Толку е убаво украсена. Цел град е накитен, влез, излез, главната улица, паркот и плоштадот. Преубаво е. Оваа година е уште поубав од лани и преклани. Освен главното облежје-елката, стандардните куќички, новогодишни украси, блеска каде и да се свртиш, се фалат кривопаланчани.

А за да се направи убавина не е се до парите, напротив и со помалку задоволството може да биде големо. Затоа низбежно е а да не се праша колку чини ова задоволство.

Оваа година одлучивме да го накитиме целиот град, не само плоштадот. Дел од украсите се веќе постоечки, но секако купивме и нови за да можеме да го украсиме цел град. Има куќички, за чие изнајмување веќе е објавен оглас, деновиве ќе почне и новогодишниот базар. Две години градот го красевме со донации, а  оваа година новогодишното украсување е само со средства од  општината. Издвоивме милион и пол денари од буџет на општина, вели градоначалникот Сашо Митовски.

Но, овие пари, секако не се потрошени само за украсите, дел од овие пари ќе бидат потрошени за  новогодишниот базар, за новогодишната музичка програма и за деца и за возразни. Оттаму истакнуваат дека акцентот е ставен на најмалите, што значи дека најголем дел од планираните забави ќе бидат посветени на децата.

The post Имаме чувство дека се шетаме низ некоја светска метропола, се фалат кривопаланчани appeared first on Република.

]]>

Трета година по ред, најубаво украсен град е Крива Паланка, град, кој веќе ги навикна на убавина не само жителите во државава, туку и од Бугарија и Србија. Но, ако изминатите години се зборуваше за најубаво украсен плоштад, оваа година со гордост може да се каже дека новогодишно блесна целиот град.
Кога се шетаме низ град имаме чувство дека се шетаме низ некоја светска метропола. Толку е убаво украсена. Цел град е накитен, влез, излез, главната улица, паркот и плоштадот. Преубаво е. Оваа година е уште поубав од лани и преклани. Освен главното облежје-елката, стандардните куќички, новогодишни украси, блеска каде и да се свртиш, се фалат кривопаланчани.
А за да се направи убавина не е се до парите, напротив и со помалку задоволството може да биде големо. Затоа низбежно е а да не се праша колку чини ова задоволство.
Оваа година одлучивме да го накитиме целиот град, не само плоштадот. Дел од украсите се веќе постоечки, но секако купивме и нови за да можеме да го украсиме цел град. Има куќички, за чие изнајмување веќе е објавен оглас, деновиве ќе почне и новогодишниот базар. Две години градот го красевме со донации, а  оваа година новогодишното украсување е само со средства од  општината. Издвоивме милион и пол денари од буџет на општина, вели градоначалникот Сашо Митовски.
Но, овие пари, секако не се потрошени само за украсите, дел од овие пари ќе бидат потрошени за  новогодишниот базар, за новогодишната музичка програма и за деца и за возразни. Оттаму истакнуваат дека акцентот е ставен на најмалите, што значи дека најголем дел од планираните забави ќе бидат посветени на децата.

The post Имаме чувство дека се шетаме низ некоја светска метропола, се фалат кривопаланчани appeared first on Република.

]]>
Балоните што се продаваат на плоштад снимени во видеото на Арсовска од „новогодишната магија“ во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/balonite-shto-se-prodavaat-na-ploshtad-snimeni-vo-videoto-na-arsovska-od-novogodishnata-magija-vo-skopje/ Mon, 26 Dec 2022 07:21:37 +0000 https://republika.mk/?p=589858

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска преку својата „Фејсбук“ страница сподели дел од, како што вели „новогодишната магија“ во Скопје. Во видото кое трае една минута се претставени само кадри од делото од плоштадот кој е украсен, а за тоа колку светла недостасуваат во оваа „магија“ говори и кадарот со светлечките балони кои обично ги продаваат на плоштадот и на крстосниците низ градот.

На социјалните мрежи граѓаните се шегуваат.

Откако на прашањата на новинарите, кои уште од ноември ја прашуваа за плановите околу празниците, украсувањето и програмата, Арсовска одговараше само со - ќе има прес-конференција, таа прес-конференција медиумите и јавноста сè уште ја чекаат. Во меѓувреме беа поставени украси само на дел од плоштадот Македонија, а по малку украси се поставени и на булеварите. За програмата на новогодишната ноќ, пак, дознавме од настапувачите.

https://republika.mk/vesti/skopje/kako-da-go-stavime-skopje-na-turistichkata-mapa-koga-na-22-dekemvri-ne-znaeme-ni-dali-kje-ima-proslava/

The post Балоните што се продаваат на плоштад снимени во видеото на Арсовска од „новогодишната магија“ во Скопје appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска преку својата „Фејсбук“ страница сподели дел од, како што вели „новогодишната магија“ во Скопје. Во видото кое трае една минута се претставени само кадри од делото од плоштадот кој е украсен, а за тоа колку светла недостасуваат во оваа „магија“ говори и кадарот со светлечките балони кои обично ги продаваат на плоштадот и на крстосниците низ градот. На социјалните мрежи граѓаните се шегуваат. Откако на прашањата на новинарите, кои уште од ноември ја прашуваа за плановите околу празниците, украсувањето и програмата, Арсовска одговараше само со - ќе има прес-конференција, таа прес-конференција медиумите и јавноста сè уште ја чекаат. Во меѓувреме беа поставени украси само на дел од плоштадот Македонија, а по малку украси се поставени и на булеварите. За програмата на новогодишната ноќ, пак, дознавме од настапувачите. https://republika.mk/vesti/skopje/kako-da-go-stavime-skopje-na-turistichkata-mapa-koga-na-22-dekemvri-ne-znaeme-ni-dali-kje-ima-proslava/

The post Балоните што се продаваат на плоштад снимени во видеото на Арсовска од „новогодишната магија“ во Скопје appeared first on Република.

]]>
Како звучи новогодишната атмосфера на плоштад https://republika.mk/tvitovi/kako-zvuchi-novogodishnata-atmosfera-na-ploshtad/ Wed, 21 Dec 2022 14:31:05 +0000 https://republika.mk/?p=588469

The post Како звучи новогодишната атмосфера на плоштад appeared first on Република.

]]>

The post Како звучи новогодишната атмосфера на плоштад appeared first on Република.

]]>
Во Скопје светат само кафулињата, излозите и Горан Стефановски, нема ни најава за новогодишна програма https://republika.mk/vesti/skopje/vo-skopje-svetat-samo-kafulinjata-izlozite-i-goran-stefanovski-nema-ni-najava-za-novogodishna-programa/ Thu, 15 Dec 2022 08:31:21 +0000 https://republika.mk/?p=585794

Новата година се ближи, а Скопје е пусто. Градоначалничката Данела Арсовска одбива да одговара на прашањата на новинарите кога ќе почне китењето, ниту какво ќе биде. Вели ќе каже на прес-конференција, за која не кажува кога ќе биде. Ни на новинарите. Истовремено, нема ни најава за новогодишната програма, дали ќе ја има и кој ќе ги забавува луѓето на 31 декември. На повидок нема ни една дедомразовска бела брада за најмладите.

Сè заедно, Скопје не наликува на главен град кој сака да привлече домашни и странски туристи.

Единствено кафулињата и продавниците придонесуваат за празничното расположение со накитените украси. Деновиве, пригодно е осветлен малиот сквер во Дебар Маало каде што е поставен споменикот на Горан Стефановски.

https://republika.mk/vesti/kultura/gi-ukrasivme-elkite-okolu-klupata-na-koja-sedi-goran-za-da-n-osvetli-negovata-iskra-shto-se-izmolknuva-reche-dejvid-gir-vo-debar-maalo/

Минатата година, Градот почна да се кити на 16 декември. Тогаш, пресно дојдената на функција градоначалничката Данела Арсовска го раскина договорот со компанијата „Линк медиа“, која требаше да го украсува потпишан од Петре Шилегов. Според неа, непотребно скапо ќе чинело таквото украсување, а со тие пари можело да се купат сопствени украси за секоја година. За да не остане пусто, од компанијата бесплатно накитија дел од Центар.

Една година подоцна не се знае дали лампионите се купени, зошто од Градот не кажуваат, но според податоците од Бирото за јавни набавки, таква набавка не е спроведена.

The post Во Скопје светат само кафулињата, излозите и Горан Стефановски, нема ни најава за новогодишна програма appeared first on Република.

]]>

Новата година се ближи, а Скопје е пусто. Градоначалничката Данела Арсовска одбива да одговара на прашањата на новинарите кога ќе почне китењето, ниту какво ќе биде. Вели ќе каже на прес-конференција, за која не кажува кога ќе биде. Ни на новинарите. Истовремено, нема ни најава за новогодишната програма, дали ќе ја има и кој ќе ги забавува луѓето на 31 декември. На повидок нема ни една дедомразовска бела брада за најмладите. Сè заедно, Скопје не наликува на главен град кој сака да привлече домашни и странски туристи. Единствено кафулињата и продавниците придонесуваат за празничното расположение со накитените украси. Деновиве, пригодно е осветлен малиот сквер во Дебар Маало каде што е поставен споменикот на Горан Стефановски. https://republika.mk/vesti/kultura/gi-ukrasivme-elkite-okolu-klupata-na-koja-sedi-goran-za-da-n-osvetli-negovata-iskra-shto-se-izmolknuva-reche-dejvid-gir-vo-debar-maalo/ Минатата година, Градот почна да се кити на 16 декември. Тогаш, пресно дојдената на функција градоначалничката Данела Арсовска го раскина договорот со компанијата „Линк медиа“, која требаше да го украсува потпишан од Петре Шилегов. Според неа, непотребно скапо ќе чинело таквото украсување, а со тие пари можело да се купат сопствени украси за секоја година. За да не остане пусто, од компанијата бесплатно накитија дел од Центар. Една година подоцна не се знае дали лампионите се купени, зошто од Градот не кажуваат, но според податоците од Бирото за јавни набавки, таква набавка не е спроведена.  

The post Во Скопје светат само кафулињата, излозите и Горан Стефановски, нема ни најава за новогодишна програма appeared first on Република.

]]>
Средствата за украсување на Куманово пренаменети за изградба на енергетско ефикасен објект и инсталација на соларни панели https://republika.mk/vesti/makedonija/sredstvata-za-ukrasuvanje-na-kumanovo-prenameneti-za-izgradba-na-energetsko-efikasen-objekt-i-instalacija-na-solarni-paneli/ Fri, 07 Jan 2022 20:40:07 +0000 https://republika.mk/?p=441806

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, вечерва во гостувањето на локалната ТВ Плус им ги честита новогодишните и божиќни празници на сите граѓани, посакувајќи им многу здравје, успех во секој дом, но и обединување како народ затоа што без обединет народ нема просперитет.

Во божниќното интервју, Димитриевски истакна дека средствата кои биле планирани за украсување на градот ќе бидат пренаменети за изградба на енергетско ефикасен објект и инсталација на соларни панели.

Поради енергетската криза донесовме одлука да не го украсуваме градот, скромно поставивме новогодишна елка на градскиот плоштад, а дополнително упатувам благодарност до советниците коишто во соработка со дел од училиштата чисто симболично украсија дел од градскиот плоштад. Тие средства во 2022 година ќе ги пренамениме за изградба на енергетско ефикасен објект и инсталација на соларни панели на некои од јавните објекти во градот. Во моментов, еден од поголемите потрошувачи на електрична енергија е градскиот базен, можеби таму ќе ги насочиме средствата и ќе намонтираме соларни панели кои ќе направат дополнителна заштита во потрошувачка на електрична енергија на тој објект и ќе биде современ еколошки енергетско ефикасен објект, рече Димитриевски.

Општина Куманово во целиот овој изминат период успеа и покрај тоа што беше тешка социо-економска состојба да излезе од финансиската криза, да се стабилизира и реализира голем број на успешни проекти.

Реализиравме голем број на инфраструктурни проекти, голем број на спортски игралишта, нова подземна, надземна инфраструктура. Генерално сум задоволен од спроведените проекти, иако сметам дека секогаш може повеќе, можеби да имавме разбирање и професионален однос од одредени надлежни институции коишто даваа согласност како што беше случајот со МВР, денеска Куманово ќе имаше уште еден модерен кружен тек, изјави Димитриевски и најави дека во планот за работа се пет кружни токови кои треба да помогнат во подобрувањето на безбедноста во сообраќајот.

Тој посочи дека општината планира да влезе во постапки за изградба на нови паркиралишта, модуларниот систем за изградба на катни гаражи во моментов согласно цената на челикот на пазарот е многу скапа и затоа таквите проекти се оставени за во иднина. Исто така, во план е да се реконструира паркиралиштето на локалитетот Серава и да се работи на дислокација на времените објекти коишто се поставени на локација зад градскиот плоштад или стара општина, за да се уреди тој простор и се стави во функција. Дополнително, во план е изградба на уште едно паркиралиште на булеварот „Октомвриска револуција“.

The post Средствата за украсување на Куманово пренаменети за изградба на енергетско ефикасен објект и инсталација на соларни панели appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, вечерва во гостувањето на локалната ТВ Плус им ги честита новогодишните и божиќни празници на сите граѓани, посакувајќи им многу здравје, успех во секој дом, но и обединување како народ затоа што без обединет народ нема просперитет. Во божниќното интервју, Димитриевски истакна дека средствата кои биле планирани за украсување на градот ќе бидат пренаменети за изградба на енергетско ефикасен објект и инсталација на соларни панели.