новогодишно китење Archives - Република https://republika.mk/tema/novogodishno-kitenje/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Dec 2023 08:47:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png новогодишно китење Archives - Република https://republika.mk/tema/novogodishno-kitenje/ 32 32 Финансиска полиција денеска треба да влезе во Град Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/finansiska-politsija-deneska-treba-da-vleze-vo-grad-skopje/ Mon, 25 Dec 2023 07:57:17 +0000 https://republika.mk/?p=726326

Финансиската полиција денеска се очекува да влезе во Град Скопје за да провери како е реализирано новогодишното украсување на главниот град.

По забелешките во јавноста за новогодишното украсување во Скопје и реакциите дека не е објавен тендер, од Град Скопје излегоа со информација дека украсувањето на градскиот плоштад, главните сообраќајници и новогодишниот базар се финансирани преку јавен повик, кој бил објавен согласно актите и прописите како и сите останати јавни повици.

Ова неколкупати досега е кажано, образложено во детали и транспарентно презентирано на јавноста. Оттука, секоја друга останата „вест“ е обид за манипулација, сензационализам и шпекулации, информираа од Град Скопје.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска информираше дека украсувањето на главниот град ќе чини 30 илјади евра, многу помалку во споредба со другите години.

По реакциите во јавноста, поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов преку статус на „Фејсбук“ побара оставка од градоначалничката Арсовска и предложи на пролет да се одржат и избори за Скопје затоа што според него, Скопје се наоѓа во процес на целосна девастација.

The post Финансиска полиција денеска треба да влезе во Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Финансиската полиција денеска се очекува да влезе во Град Скопје за да провери како е реализирано новогодишното украсување на главниот град. По забелешките во јавноста за новогодишното украсување во Скопје и реакциите дека не е објавен тендер, од Град Скопје излегоа со информација дека украсувањето на градскиот плоштад, главните сообраќајници и новогодишниот базар се финансирани преку јавен повик, кој бил објавен согласно актите и прописите како и сите останати јавни повици.
Ова неколкупати досега е кажано, образложено во детали и транспарентно презентирано на јавноста. Оттука, секоја друга останата „вест“ е обид за манипулација, сензационализам и шпекулации, информираа од Град Скопје.
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска информираше дека украсувањето на главниот град ќе чини 30 илјади евра, многу помалку во споредба со другите години. По реакциите во јавноста, поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов преку статус на „Фејсбук“ побара оставка од градоначалничката Арсовска и предложи на пролет да се одржат и избори за Скопје затоа што според него, Скопје се наоѓа во процес на целосна девастација.

The post Финансиска полиција денеска треба да влезе во Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски откри што е најдобрата работа со елката на плоштад https://republika.mk/vesti/skopje/d-r-bekarovski-otkri-shto-e-najdobrata-rabota-so-elkata-na-ploshtad/ Thu, 21 Dec 2023 08:15:46 +0000 https://republika.mk/?p=725099

Добро што елката не ги мами децата да прошетаат до плоштад, вели д-р Нико Беќаровски, од Универзитетската клиника за токсикологија, укажувајќи на загаденоста на воздухот вчеравечер и на опасноста на која се изложени децата поради високото ниво на ПМ10 честичките.

Секое лошо, за добро е, додава тој во објава на социјалните мрежи, споделувајќи фотографија од мерење направено пред неколку часа.

Скопската градоначалничка Данела Арсовска вчера се најде навредена на пишувања дека градот е загаден. Преку својата прес-служба не само што негираше дека воздухот во главниот град е опасно загаден, туку и рече дека сите вести кои се пласираат во медиумите за загаденоста ги пишуваат „партиски војници“ по нарачка од „политички кујни“.

https://republika.mk/vesti/skopje/nokva-nezdravo-i-opasno-e-disheneto-vo-skopje-pa-duri-i-spored-merkite-po-koi-se-vodi-arsovska/

The post Д-р Беќаровски откри што е најдобрата работа со елката на плоштад appeared first on Република.

]]>

Добро што елката не ги мами децата да прошетаат до плоштад, вели д-р Нико Беќаровски, од Универзитетската клиника за токсикологија, укажувајќи на загаденоста на воздухот вчеравечер и на опасноста на која се изложени децата поради високото ниво на ПМ10 честичките.
Секое лошо, за добро е, додава тој во објава на социјалните мрежи, споделувајќи фотографија од мерење направено пред неколку часа.
Скопската градоначалничка Данела Арсовска вчера се најде навредена на пишувања дека градот е загаден. Преку својата прес-служба не само што негираше дека воздухот во главниот град е опасно загаден, туку и рече дека сите вести кои се пласираат во медиумите за загаденоста ги пишуваат „партиски војници“ по нарачка од „политички кујни“. https://republika.mk/vesti/skopje/nokva-nezdravo-i-opasno-e-disheneto-vo-skopje-pa-duri-i-spored-merkite-po-koi-se-vodi-arsovska/

The post Д-р Беќаровски откри што е најдобрата работа со елката на плоштад appeared first on Република.

]]>
Зајкова: Скопје го изгуби својот дух, наместо атракција се претвори во пустелија https://republika.mk/vesti/skopje/zajkova-skopje-go-izgubi-svojot-duh-namesto-atraktsija-se-pretvori-vo-pustelija/ Tue, 12 Dec 2023 08:21:20 +0000 https://republika.mk/?p=722005

Паметам едно поубаво Скопје, иако сум помлада генерација, многу поубаво Скопје. Некако како да исчезна духот на градот и воопшто не сметам дека Скопје го заслужува тоа. Можеме да видиме насекаде смет, насекаде темници, пустелија, истакна претседателката на Либерално-Демократската партија (ЛДП) Моника Зајкова во интервјуто за „Слободен печат“.

Таа нагласи дека навечер на скопскиот плоштад не можете да видите граѓани како се движат, туку само темнина и бездомни кучиња.

На плоштад да излезете навечер освен темница и бездомни кучиња не можете да видите граѓани кои се движат, ниту може да почувствувате некаква хармонија и го нема оној скопски дух и скопски шарм што го имаше порано, потенцираше Зајкова.

https://republika.mk/tvitovi/skopje-dochek-na-novata-1951-va/

Таа, ги посочи останатите европски метрополи како добар пример за тоа како треба да изгледа градот, особено во пресрет на божиќните празници. Скопје, како што посочи, за жал е далеку од метропола иако можеше да биде многу повеќе.

Колку и ние да се вадиме на финансиите треба да учиме од примерите на другите држави бидејќи гледаме дека европските метрополи направија туристички атракции од тие божиќни маркети, гледаме колку тоа влијаеа на економскиот раст и развој. Зошто и Скопје да не биде таква атракција и да не го користи својот потенцијал, да направи убава приказна и да привлече туристи кои што ќе дојдат и ќе го запознаат градот, и пред се ќе придонесат за нашата економија, наведе претседателката на ЛДП.

https://republika.mk/vesti/balkan/tirana-svetna-vo-poln-sjaj-za-skopje-ushte-ne-se-znae/

Таа посочи дека загаденоста на воздухот одамна е горлива тема, истакнувајќи дека за тоа сите некако имаме одговорност што и како ќе се презема.

Не смееат градските власти да молчат или да го негираат тоа бидејќи статистиките покажуваат дека сме можеби втор најзагаден град. За жал се уште немаме никакви механизми за справување со загадувањето, рече Зајкова.

Претседателката на ЛДП нагласи дека одлуките кои ги носиме како граѓани се многу важни, односно на кого му даваме шанса да го води градот.

Се надевам дека скопјани ќе ја научат својата лекција и дека ќе бираат помудро, инаку сега ова можам да го кажам еднострано, бидејќи не знаеме што се случува внатре во Градот Скопје и со какви бариери внатре се расправаат, но не смее поради политички превирања градот да стане пустелија, а гледаме дека оди натаму. На крај сметката ја плаќаме Ние скопјаните!, заклучи Зајкова.

The post Зајкова: Скопје го изгуби својот дух, наместо атракција се претвори во пустелија appeared first on Република.

]]>

Паметам едно поубаво Скопје, иако сум помлада генерација, многу поубаво Скопје. Некако како да исчезна духот на градот и воопшто не сметам дека Скопје го заслужува тоа. Можеме да видиме насекаде смет, насекаде темници, пустелија, истакна претседателката на Либерално-Демократската партија (ЛДП) Моника Зајкова во интервјуто за „Слободен печат“. Таа нагласи дека навечер на скопскиот плоштад не можете да видите граѓани како се движат, туку само темнина и бездомни кучиња.
На плоштад да излезете навечер освен темница и бездомни кучиња не можете да видите граѓани кои се движат, ниту може да почувствувате некаква хармонија и го нема оној скопски дух и скопски шарм што го имаше порано, потенцираше Зајкова.
https://republika.mk/tvitovi/skopje-dochek-na-novata-1951-va/ Таа, ги посочи останатите европски метрополи како добар пример за тоа како треба да изгледа градот, особено во пресрет на божиќните празници. Скопје, како што посочи, за жал е далеку од метропола иако можеше да биде многу повеќе.
Колку и ние да се вадиме на финансиите треба да учиме од примерите на другите држави бидејќи гледаме дека европските метрополи направија туристички атракции од тие божиќни маркети, гледаме колку тоа влијаеа на економскиот раст и развој. Зошто и Скопје да не биде таква атракција и да не го користи својот потенцијал, да направи убава приказна и да привлече туристи кои што ќе дојдат и ќе го запознаат градот, и пред се ќе придонесат за нашата економија, наведе претседателката на ЛДП.
https://republika.mk/vesti/balkan/tirana-svetna-vo-poln-sjaj-za-skopje-ushte-ne-se-znae/ Таа посочи дека загаденоста на воздухот одамна е горлива тема, истакнувајќи дека за тоа сите некако имаме одговорност што и како ќе се презема.
Не смееат градските власти да молчат или да го негираат тоа бидејќи статистиките покажуваат дека сме можеби втор најзагаден град. За жал се уште немаме никакви механизми за справување со загадувањето, рече Зајкова.
Претседателката на ЛДП нагласи дека одлуките кои ги носиме како граѓани се многу важни, односно на кого му даваме шанса да го води градот.
Се надевам дека скопјани ќе ја научат својата лекција и дека ќе бираат помудро, инаку сега ова можам да го кажам еднострано, бидејќи не знаеме што се случува внатре во Градот Скопје и со какви бариери внатре се расправаат, но не смее поради политички превирања градот да стане пустелија, а гледаме дека оди натаму. На крај сметката ја плаќаме Ние скопјаните!, заклучи Зајкова.

The post Зајкова: Скопје го изгуби својот дух, наместо атракција се претвори во пустелија appeared first on Република.

]]>
Скопје, дочек на новата 1951-ва https://republika.mk/tvitovi/skopje-dochek-na-novata-1951-va/ Tue, 12 Dec 2023 08:15:53 +0000 https://republika.mk/?p=722004

The post Скопје, дочек на новата 1951-ва appeared first on Република.

]]>

The post Скопје, дочек на новата 1951-ва appeared first on Република.

]]>
Тирана светна во полн сјај, за Скопје уште не се знае https://republika.mk/vesti/balkan/tirana-svetna-vo-poln-sjaj-za-skopje-ushte-ne-se-znae/ Sun, 10 Dec 2023 17:14:37 +0000 https://republika.mk/?p=721514

Тирана и официјално влезе во најубавиот период од годината, откако традиционално, на плоштадот „Скендербег“ беше осветлена голема новогодишна елка, а поставени се и светилки во разни облици.

Градоначалникот Ерион Велиај, опкружен со многу дечиња облечени како Дедо Мраз и пеејќи празнични песни ги запали светилките на големата новогодишна елка.

Ве поканувам сите да го запалите доброто светло во себе, да правите добри дела за семејството и државата. Многу важно е сите да бидеме посолидарни, со љубов меѓусебно да си помагаме, особено овој месец на празници. Важно е овие празници да покажеме бескрајна љубов и да продолжиме со убава мисла и во новата година, порача тој.

Побара од граѓаните на Тирана да поканат што повеќе нивни роднини и пријатели, кои се во или надвор од државата, но и до странците, да ги поминат празниците во главниот град.

Битола и Крива Паланка веќе почнаа со новогодишното китење, а каква празнична атмосфера ќе има во Скопје, како и лани, никој од Градот не сака да открие, иако декември веќе е до половина.

The post Тирана светна во полн сјај, за Скопје уште не се знае appeared first on Република.

]]>

Тирана и официјално влезе во најубавиот период од годината, откако традиционално, на плоштадот „Скендербег“ беше осветлена голема новогодишна елка, а поставени се и светилки во разни облици. Градоначалникот Ерион Велиај, опкружен со многу дечиња облечени како Дедо Мраз и пеејќи празнични песни ги запали светилките на големата новогодишна елка.
Ве поканувам сите да го запалите доброто светло во себе, да правите добри дела за семејството и државата. Многу важно е сите да бидеме посолидарни, со љубов меѓусебно да си помагаме, особено овој месец на празници. Важно е овие празници да покажеме бескрајна љубов и да продолжиме со убава мисла и во новата година, порача тој.
Побара од граѓаните на Тирана да поканат што повеќе нивни роднини и пријатели, кои се во или надвор од државата, но и до странците, да ги поминат празниците во главниот град. Битола и Крива Паланка веќе почнаа со новогодишното китење, а каква празнична атмосфера ќе има во Скопје, како и лани, никој од Градот не сака да открие, иако декември веќе е до половина.

The post Тирана светна во полн сјај, за Скопје уште не се знае appeared first on Република.

]]>
Мицковски: Упропастена реалност не се кити и не се разубавува со скупа шминка https://republika.mk/vesti/skopje/mickovski-upropastena-realnost-ne-se-kiti-i-ne-se-razubavuva-so-skupa-shminka/ Sun, 25 Dec 2022 18:21:05 +0000 https://republika.mk/?p=589782

Ликот на новогодишно Скопје низ призмата на Ивор Мицковски.

Тирана и Приштина, ќе ги земам како најзаостанати реалности, веќе неколку години, барем во центарот, особено Тирана, личи на европска метропола.
Само сликата е доволна, како се е средено, како се чистат и усисаваат улиците, како се надмина лудилото на дивоградби и само непланско да се гради за партии и нивни бизнисмени да колат народ и уништуваат град.
Скопје од друга страна 30 години пропаѓа, за денес да е отворена депонија и дистописка некропола која нема никаква смисла, која не ти дозволува ни да работиш, ни да живееш, камоли некако да се унапредуваш и развиваш.
Се уништи овој град трајно и ме фаќа депресија и немир при помислата дека остатокот од животот тука би го поминал или би растел деца во ваква средина.
Не упропастивте, сите досегашни и актуелни политичарчиња, натоварени со брдо кеш на сметка и на овој наш град.
И плачат некои не им било накитено, што иначе беше уште еден криминален и преплатен процес.
Што да ви накитат бе, зарем може да се накити оваа руина, зарем не ви е доволно накитена со ѓубре, распаднати улици и фасади, депонии на секој чекор, смрдеш од контењери и загаденост.
Нема тука што да се кити, во град кој од безопашест бик направи канта за ѓубре.
Упропастена реалност не се кити и не се разубавува со скупа шминка.
Жалосно, ама ситуцијата и овој олош од политиканти нема никогаш да се оправат, треба да поминат уште 30 години барем за да вратиме нешто во нормала, а тогаш ќе биде касно и проџе живот.
Треба да ве собереме на плоштад и да ве накитиме сите со расипани јајца, катран и пердуви, ебаве стоката, пишува Мицковски на Фејсбук.

The post Мицковски: Упропастена реалност не се кити и не се разубавува со скупа шминка appeared first on Република.

]]>

Ликот на новогодишно Скопје низ призмата на Ивор Мицковски.
Тирана и Приштина, ќе ги земам како најзаостанати реалности, веќе неколку години, барем во центарот, особено Тирана, личи на европска метропола. Само сликата е доволна, како се е средено, како се чистат и усисаваат улиците, како се надмина лудилото на дивоградби и само непланско да се гради за партии и нивни бизнисмени да колат народ и уништуваат град. Скопје од друга страна 30 години пропаѓа, за денес да е отворена депонија и дистописка некропола која нема никаква смисла, која не ти дозволува ни да работиш, ни да живееш, камоли некако да се унапредуваш и развиваш. Се уништи овој град трајно и ме фаќа депресија и немир при помислата дека остатокот од животот тука би го поминал или би растел деца во ваква средина. Не упропастивте, сите досегашни и актуелни политичарчиња, натоварени со брдо кеш на сметка и на овој наш град. И плачат некои не им било накитено, што иначе беше уште еден криминален и преплатен процес. Што да ви накитат бе, зарем може да се накити оваа руина, зарем не ви е доволно накитена со ѓубре, распаднати улици и фасади, депонии на секој чекор, смрдеш од контењери и загаденост. Нема тука што да се кити, во град кој од безопашест бик направи канта за ѓубре. Упропастена реалност не се кити и не се разубавува со скупа шминка. Жалосно, ама ситуцијата и овој олош од политиканти нема никогаш да се оправат, треба да поминат уште 30 години барем за да вратиме нешто во нормала, а тогаш ќе биде касно и проџе живот. Треба да ве собереме на плоштад и да ве накитиме сите со расипани јајца, катран и пердуви, ебаве стоката, пишува Мицковски на Фејсбук.

The post Мицковски: Упропастена реалност не се кити и не се разубавува со скупа шминка appeared first on Република.

]]>