новогодишни пакетчиња Archives - Република https://republika.mk/tema/novogodishni-paketchinja/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Jan 2024 19:16:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png новогодишни пакетчиња Archives - Република https://republika.mk/tema/novogodishni-paketchinja/ 32 32 Македончињата во Требиште, Голо Брдо, добија новогодишни пакетчиња https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonchinata-vo-trebishte-golo-brdo-dobija-novogodishni-paketchina/ Fri, 12 Jan 2024 21:10:07 +0000 https://republika.mk/?p=732433

Македонско друштво „Илинден“ - Тирана, во соработка со Ракометниот клуб „Енхалон“ од Струга и поддршка од Хуманитарна организација „Свети Спас“ од Скопје, распредели новогодишни пакетчиња за деца од административната единица Требиште, област Голо Брдо, Албанија.

Посебно задоволство е што можевме да ги израдуваме Македончињата во административната единица Требиште во областа Голо Брдо, каде распределивме 50 новогодишни пакетчиња донација на хуманитарната организација „Свети Спас“, изјави за МИА, Никола Ѓурѓај претседател на друштвото.

Тој додаде дека тоа е во рамки на воспоставената соработка меѓу друштвото, организацијата и ракометниот клуб од Струга.

Изразуваме голема благодарност до организацијата „Свети Спас“ и до Дејан Костески, претседател на ракометниот клуб „Енхалон“ , што и годинава ги израдуваа дечињата во Требиште, рече Ѓурѓај.

Новогодишните пакетчиња на децата им ги распределија активисти на огранокот на друштвото „Илинден“ за областа.

The post Македончињата во Требиште, Голо Брдо, добија новогодишни пакетчиња appeared first on Република.

]]>

Поделени 3000 пакетчиња на новогодишниот караван во Кисела Вода https://republika.mk/vesti/skopje/podeleni-3000-paketchina-na-novogodishniot-karavan-vo-kisela-voda/ Fri, 29 Dec 2023 18:25:08 +0000 https://republika.mk/?p=728030

Новогодишниот караван кој во изминатите денови патуваше низ сите населби и населени места во Општина Кисела Вода, денеска пристигна на својата финална дестинација што донесе бескрајна среќа на лицата на илјадници дечиња во паркот во Расадник.

Како што наведуваат од Општината, Дедо Мраз во кочија придружуван од распеан детски оркестар се придружи на големиот број музичките ѕвезди и изведувачи.

Големиот хепенинг организиран од Општина Кисела Вода, започна со претстава на децата од градинките од општината, продолжи со концерт на „Поточиња“. Потоа на сцена се појавија Сара Мејс заедно со „Данса Латина Стефи“, а на крај настапија и Пајак и Лара. Сите 3000 присутни дечиња потоа добија бесплатни пакетчиња. Сценографијата на настанот беше дополнета со штандови на кои се продаваа новогодишни изработки. Средствата од продажбата се наменети во хуманитарни цели за лекување на младиот Леонид Индов кој настрада во несреќен случај, наведуваат од Општината.

На сите свои жители Општина Кисела Вода им ја честита Новата 2024 година со желби за многу дравје, среќа и успех.

The post Поделени 3000 пакетчиња на новогодишниот караван во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>

Новогодишниот караван кој во изминатите денови патуваше низ сите населби и населени места во Општина Кисела Вода, денеска пристигна на својата финална дестинација што донесе бескрајна среќа на лицата на илјадници дечиња во паркот во Расадник. Како што наведуваат од Општината, Дедо Мраз во кочија придружуван од распеан детски оркестар се придружи на големиот број музичките ѕвезди и изведувачи.
Големиот хепенинг организиран од Општина Кисела Вода, започна со претстава на децата од градинките од општината, продолжи со концерт на „Поточиња“. Потоа на сцена се појавија Сара Мејс заедно со „Данса Латина Стефи“, а на крај настапија и Пајак и Лара. Сите 3000 присутни дечиња потоа добија бесплатни пакетчиња. Сценографијата на настанот беше дополнета со штандови на кои се продаваа новогодишни изработки. Средствата од продажбата се наменети во хуманитарни цели за лекување на младиот Леонид Индов кој настрада во несреќен случај, наведуваат од Општината.
На сите свои жители Општина Кисела Вода им ја честита Новата 2024 година со желби за многу дравје, среќа и успех.

The post Поделени 3000 пакетчиња на новогодишниот караван во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>
Во духот на солидарноста, СДСМ со бројни хуманитарни акции за помош на ранливите граѓани https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-duhot-na-solidarnosta-sdsm-so-brojni-humanitarni-akcii-za-pomosh-na-ranlivite-gragjani/ Sun, 25 Dec 2022 18:55:42 +0000 https://republika.mk/?p=589796

Во време на новогодишните празници, во духот на солидарноста и меѓусебното помагање како врвни социјалдемократски вредности, општинските организации на СДСМ организираат низ хуманитарни настани, соопштија од партијата.

ОО Кисела Вода и ОО Куманово донираа новогодишни пакетчиња - за децата од малите групни домови при ЈУ Детски дом 11 Октомври, односно за деца од социјално загрозени семејства и децата на одделот за онкологија на Детска Клиника.

Преку хуманитарни настани во општинските организации во Гази Баба, Аеродром, Крива Паланка, Свети Николе беа собрани и донирани средства на социјално ранливи семејства од овие општини, наши сограѓани.

Дополнително општинската организација Аеродром од собраните средства обезбеди и 50 пакетчиња за децата со посебни потреби од Здружението ,,Ластовица" во оваа општина.

Хуманитарните акции продолжуваат и следната недела. ОО Карпош, Ѓорче Петров, Велес, се дел од десетината општински организации кои ќе организираат хуманитарни настани за помош на граѓаните, за социјално ранливите, пакетичња за дечињата и помош за оние кои им е најнеопходна.

СДСМ и преку системски решенија но и преку вакви хуманитарни акции постојано се грижи за граѓаните особено за оние кои имаат најмногу потреба од помош.

Во време на светска економска криза не оставаме никого сам да се справува со последиците.

The post Во духот на солидарноста, СДСМ со бројни хуманитарни акции за помош на ранливите граѓани appeared first on Република.

]]>

Во време на новогодишните празници, во духот на солидарноста и меѓусебното помагање како врвни социјалдемократски вредности, општинските организации на СДСМ организираат низ хуманитарни настани, соопштија од партијата.

ОО Кисела Вода и ОО Куманово донираа новогодишни пакетчиња - за децата од малите групни домови при ЈУ Детски дом 11 Октомври, односно за деца од социјално загрозени семејства и децата на одделот за онкологија на Детска Клиника. Преку хуманитарни настани во општинските организации во Гази Баба, Аеродром, Крива Паланка, Свети Николе беа собрани и донирани средства на социјално ранливи семејства од овие општини, наши сограѓани. Дополнително општинската организација Аеродром од собраните средства обезбеди и 50 пакетчиња за децата со посебни потреби од Здружението ,,Ластовица" во оваа општина. Хуманитарните акции продолжуваат и следната недела. ОО Карпош, Ѓорче Петров, Велес, се дел од десетината општински организации кои ќе организираат хуманитарни настани за помош на граѓаните, за социјално ранливите, пакетичња за дечињата и помош за оние кои им е најнеопходна. СДСМ и преку системски решенија но и преку вакви хуманитарни акции постојано се грижи за граѓаните особено за оние кои имаат најмногу потреба од помош. Во време на светска економска криза не оставаме никого сам да се справува со последиците.

The post Во духот на солидарноста, СДСМ со бројни хуманитарни акции за помош на ранливите граѓани appeared first on Република.

]]>
Новогодишни пакетчиња за децата на припадниците на Армијата https://republika.mk/vesti/makedonija/novogodishni-paketchinja-za-decata-na-pripadnicite-na-armijata/ Sat, 24 Dec 2022 07:29:56 +0000 https://republika.mk/?p=589387

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска ќе се одржи прием за семејствата на припадниците на Армијата кои извршуваат задачи во мировни операции во странство и поделба на новогодишни пакетчиња на децата на армиските припадници.

Како што е најавено, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на пладне заедно со семејствата ќе воспостават видео-конференциска врска со припадниците на Армијата кои извршуваат задачи во операциите во Косово, Босна и Херцеговина, Летонија, Романија, Бугарија, Либан, Централноафриканската Република и Ирак. Потоа ќе следи поделба на новогодишни пакетчиња на децата на мировниците.

Со пристигнување на Дедо Мраз со армиски хеликоптер ќе следи традиционалната церемонија на поделба на новогодишни пакетчиња на децата на загинатите и починати припадници од воздухопловниот ВИНГ, како и на децата на припадници на Армијата од останатите армиски команди и единици и Министерството за одбрана.

Манифестацијата на поделба на пакетчиња од страна на армискиот Дедо Мраз, која е во организација на воздухопловниот ВИНГ ќе се реализира на воениот дел од Меѓународниот аеродром „Скопје“ во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.

Оваа активност, која традиционално се одржува во пресрет на новогодишните празници и е особено интересна за најмладите, поради симболично пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер, поради епидемиолошките мерки за заштита од пандемијата со Ковид 19 не се изведуваше во изминатите две години, потсетуваат од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата.

The post Новогодишни пакетчиња за децата на припадниците на Армијата appeared first on Република.

]]>

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска ќе се одржи прием за семејствата на припадниците на Армијата кои извршуваат задачи во мировни операции во странство и поделба на новогодишни пакетчиња на децата на армиските припадници. Како што е најавено, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на пладне заедно со семејствата ќе воспостават видео-конференциска врска со припадниците на Армијата кои извршуваат задачи во операциите во Косово, Босна и Херцеговина, Летонија, Романија, Бугарија, Либан, Централноафриканската Република и Ирак. Потоа ќе следи поделба на новогодишни пакетчиња на децата на мировниците. Со пристигнување на Дедо Мраз со армиски хеликоптер ќе следи традиционалната церемонија на поделба на новогодишни пакетчиња на децата на загинатите и починати припадници од воздухопловниот ВИНГ, како и на децата на припадници на Армијата од останатите армиски команди и единици и Министерството за одбрана. Манифестацијата на поделба на пакетчиња од страна на армискиот Дедо Мраз, која е во организација на воздухопловниот ВИНГ ќе се реализира на воениот дел од Меѓународниот аеродром „Скопје“ во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.
Оваа активност, која традиционално се одржува во пресрет на новогодишните празници и е особено интересна за најмладите, поради симболично пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер, поради епидемиолошките мерки за заштита од пандемијата со Ковид 19 не се изведуваше во изминатите две години, потсетуваат од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата.

The post Новогодишни пакетчиња за децата на припадниците на Армијата appeared first on Република.

]]>
Да бидеме хумани: Да обезбедиме новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозени семејства https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/da-bideme-humani-da-obezbedime-novogodishni-paketchinja-za-decata-od-socijalno-zagrozeni-semejstva/ Mon, 05 Dec 2022 10:11:41 +0000 https://republika.mk/?p=582080

Четврта година по ред, преку нејзиниот инстаграм профил кој е инспирација за многу мајки, Елена Гагиќ во соработка и со други мајки преку својата мисија на проектот „Да бидеме хумани“ подаруваат искрени насмевки и радост за новогодишните празници. Токму таа изминатите години како активистка на социјалните мрежи потикнаа многу граѓани и компании заедно да донираат за децата од социјално загрозените семејства да ја почувствуваат новогодишната магија, во соработка со здружението „Љубезност" и здружението „Линк“.

Навистина тешки мигови пребродувавме за време на Ковид пандемијата сега и за енергетска криза, но секогаш треба да бидеме хумани и да помогнеме барем за новогодишните празници секое дете да му подариме насмевка со едно пакетче. Затоа испраќам апел до секој поединец и до секоја компанија да се обединиме и да бидеме сите хумани. Секој кој сака да биде дел од оваа приказна може да донира директно преку телефонот на Телеком: 070/143-100 и А1: 143-777 или преку жиро сметка на „Љубезност“, на Комерцијална банка 300-00000-429785 со назнака Донација за новогодишни пакетчиња за социјално загрозени деца и исто така може да креирате пакетче и да го доставите, вели Елена Гагиќ Стојчевска.

Таа пресреќна додава дека пред четири години на социјалните мрежи промовираме како родителите дома заедно со децата активно да поминат квалитетно време, да се забавуваат а воедно да ги оттргнат децата од модерните технологии. Така и оваа година е истиот концепт и благодарна е што секоја година се донираат над 1500 новогодишни пакетчиња. Целта на проектот е да соберат што повеќе донации, а се промовира преку социјалната мрежа Инстаграм, на која работат со повеќе групи. Оваа година ќе промовираат и поддржат над 100 локални бизниси кои се пријавија како спонзори на овој проект.

Проектот е да создадат што повеќе детски насмевки, така што собраните средства од донациите заедно со здружението "Љубезност" кои се нивна водилка во проектот, ќе бидат наменети за новогодишни пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства, додека преку здружението „Линк“ пакетчиња наменети за деца во од руралните средини во тетовско и кумановско.

Елена порачува: „Секое дете на светот е исто и секое дете заслужува насмевка во магичните празнични денови. Да бидеме сите хумани и да создаваме насмевки"

The post Да бидеме хумани: Да обезбедиме новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозени семејства appeared first on Република.

]]>

Четврта година по ред, преку нејзиниот инстаграм профил кој е инспирација за многу мајки, Елена Гагиќ во соработка и со други мајки преку својата мисија на проектот „Да бидеме хумани“ подаруваат искрени насмевки и радост за новогодишните празници. Токму таа изминатите години како активистка на социјалните мрежи потикнаа многу граѓани и компании заедно да донираат за децата од социјално загрозените семејства да ја почувствуваат новогодишната магија, во соработка со здружението „Љубезност" и здружението „Линк“.
Навистина тешки мигови пребродувавме за време на Ковид пандемијата сега и за енергетска криза, но секогаш треба да бидеме хумани и да помогнеме барем за новогодишните празници секое дете да му подариме насмевка со едно пакетче. Затоа испраќам апел до секој поединец и до секоја компанија да се обединиме и да бидеме сите хумани. Секој кој сака да биде дел од оваа приказна може да донира директно преку телефонот на Телеком: 070/143-100 и А1: 143-777 или преку жиро сметка на „Љубезност“, на Комерцијална банка 300-00000-429785 со назнака Донација за новогодишни пакетчиња за социјално загрозени деца и исто така може да креирате пакетче и да го доставите, вели Елена Гагиќ Стојчевска.
Таа пресреќна додава дека пред четири години на социјалните мрежи промовираме како родителите дома заедно со децата активно да поминат квалитетно време, да се забавуваат а воедно да ги оттргнат децата од модерните технологии. Така и оваа година е истиот концепт и благодарна е што секоја година се донираат над 1500 новогодишни пакетчиња. Целта на проектот е да соберат што повеќе донации, а се промовира преку социјалната мрежа Инстаграм, на која работат со повеќе групи. Оваа година ќе промовираат и поддржат над 100 локални бизниси кои се пријавија како спонзори на овој проект. Проектот е да создадат што повеќе детски насмевки, така што собраните средства од донациите заедно со здружението "Љубезност" кои се нивна водилка во проектот, ќе бидат наменети за новогодишни пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства, додека преку здружението „Линк“ пакетчиња наменети за деца во од руралните средини во тетовско и кумановско. Елена порачува: „Секое дете на светот е исто и секое дете заслужува насмевка во магичните празнични денови. Да бидеме сите хумани и да создаваме насмевки"  

The post Да бидеме хумани: Да обезбедиме новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозени семејства appeared first on Република.

]]>