новинари Archives - Република https://republika.mk/tema/novinari/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Oct 2024 09:38:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png новинари Archives - Република https://republika.mk/tema/novinari/ 32 32 „Куршум во тилот“ ако новинар на „Танјуг“ стапне во Косово https://republika.mk/vesti/balkan/kurshum-vo-tilot-ako-novinar-na-tanjug-stapne-vo-kosovo/ Tue, 01 Oct 2024 09:38:12 +0000 https://republika.mk/?p=821275

Српската новинска агенција Танјуг објави на својот сајт дека денеска добиле заканувачко писмо испратено од лице потпишано како „Трим Барди“, во кое се вели дека секој новинар на таа агенција „ќе го добие куршум во тилот“ ако стапне на Косово.

Гледаме дека во последно време вашата пропагандистичка, шовинистичка и воено-хушкачка машина наречена „Танјуг“ станува се поагресивна, користејќи го шовинистичкото име „АП КиМ“ за Република Косово, во служба на диктаторот ... Александар Вучиќ. Ги следиме лагите што секојдневно се шират низ државата Косово и Албанците, како што ги следиме движењата на секој новинар на вашата псевдомедиумска агенција во Косово, бидете сигурни дека некој од нив ќе добие куршум во тилот следниот пат кога ќе стапне на тлото на Република Косово.Следиме се“, се наведува во заканата.

Агенцијата објави дека ги ангажирале сите надлежни служби да реагираат по смртните закани кон новинарите на Танјуг.

The post „Куршум во тилот“ ако новинар на „Танјуг“ стапне во Косово appeared first on Република.

]]>

Српската новинска агенција Танјуг објави на својот сајт дека денеска добиле заканувачко писмо испратено од лице потпишано како „Трим Барди“, во кое се вели дека секој новинар на таа агенција „ќе го добие куршум во тилот“ ако стапне на Косово.
Гледаме дека во последно време вашата пропагандистичка, шовинистичка и воено-хушкачка машина наречена „Танјуг“ станува се поагресивна, користејќи го шовинистичкото име „АП КиМ“ за Република Косово, во служба на диктаторот ... Александар Вучиќ. Ги следиме лагите што секојдневно се шират низ државата Косово и Албанците, како што ги следиме движењата на секој новинар на вашата псевдомедиумска агенција во Косово, бидете сигурни дека некој од нив ќе добие куршум во тилот следниот пат кога ќе стапне на тлото на Република Косово.Следиме се“, се наведува во заканата.
Агенцијата објави дека ги ангажирале сите надлежни служби да реагираат по смртните закани кон новинарите на Танјуг.

The post „Куршум во тилот“ ако новинар на „Танјуг“ стапне во Косово appeared first on Република.

]]>
Во Косово од јануари годинава имало 38 напади врз новинари, вели новинарската асоцијација https://republika.mk/vesti/balkan/vo-kosovo-od-januari-godinava-imalo-38-napadi-vrz-novinari-veli-novinarskata-asotsijatsija/ Tue, 24 Sep 2024 17:09:09 +0000 https://republika.mk/?p=819355

Од јануари до септември оваа година во Косово се регистрирани 38 напади врз новинари, додека 2023 година Асоцијацијата на новинари на Косово (АГК) ја смета за година со најмногу напади врз медиумски работници - вкупно 74, јави дописникот на МИА од Приштина.

На презентацијата на годишниот извештај „Показатели за нивото на слобода на медиумите и безбедноста на новинарите“ и „Индексот за безбедност на новинарите од Западен Балкан“, извршната директорка на АГК, истражувачката Гетоарба Мулиќи, рече дека сексуалното вознемирување е уште еден предизвик за новинарите во Косово.

Како посебен проблем Мулиќи го издвои ризикот со кој новинарите се соочуваат при известувањето од северот на земјата, населен со мнозинско српско население.

„Во споредба со 2022 година, кога беа пријавени вкупно 33 случаи, бројот на напади врз новинари во 2023 година е зголемен за 41, што ја прави година со најголем број на повреди на слободата на медиумите и напади врз новинари. Новинарите кои известуваат од северните општини се соочуваат со закани по нивните животи, вербални и физички напади, како и оштетување на лична и професионална сопственост.

Во извештајот, назначувањето на директорот на јавната радио и телевизија РТК, Рилинд Грвала, се смета за политичко, поради неговата блискост со владејачката партија Движење Самопределување на премиерот Албин Курти.

„Згора на сé, и именувањето на директор на првиот канал на јавниот сервис на Косово се смета за политичко поради поврзаноста на Грвала со владејачката партија“, рече Муриќи.

Правниот експерт Или Зекај додаде дека и покрај тоа што АГК има континуирани состаноци со Судскиот и Обвинителскиот совет, сè уште нема поделба на предметите по професија, а тоа, според него, им нанесува штета на новинарите.

Истражителката Леонита Морина истакна дека една од главните пречки на кои наидуваат новинарите во текот на нивната работа се стратешките тужби против учеството на јавноста. Во однос на овој проблем, иако нема точни податоци за тужбите, АГК има создадено база на податоци, во која се евидентирани над 35 случаи.

Покрај нападите и заканите, друг предизвик за косовските новинари и другите медиумски работници, според Асоцијацијата на новинари на Косово, се нивните неповолни договори и ниските плати.

The post Во Косово од јануари годинава имало 38 напади врз новинари, вели новинарската асоцијација appeared first on Република.

]]>

Од јануари до септември оваа година во Косово се регистрирани 38 напади врз новинари, додека 2023 година Асоцијацијата на новинари на Косово (АГК) ја смета за година со најмногу напади врз медиумски работници - вкупно 74, јави дописникот на МИА од Приштина. На презентацијата на годишниот извештај „Показатели за нивото на слобода на медиумите и безбедноста на новинарите“ и „Индексот за безбедност на новинарите од Западен Балкан“, извршната директорка на АГК, истражувачката Гетоарба Мулиќи, рече дека сексуалното вознемирување е уште еден предизвик за новинарите во Косово. Како посебен проблем Мулиќи го издвои ризикот со кој новинарите се соочуваат при известувањето од северот на земјата, населен со мнозинско српско население.
„Во споредба со 2022 година, кога беа пријавени вкупно 33 случаи, бројот на напади врз новинари во 2023 година е зголемен за 41, што ја прави година со најголем број на повреди на слободата на медиумите и напади врз новинари. Новинарите кои известуваат од северните општини се соочуваат со закани по нивните животи, вербални и физички напади, како и оштетување на лична и професионална сопственост.
Во извештајот, назначувањето на директорот на јавната радио и телевизија РТК, Рилинд Грвала, се смета за политичко, поради неговата блискост со владејачката партија Движење Самопределување на премиерот Албин Курти.
„Згора на сé, и именувањето на директор на првиот канал на јавниот сервис на Косово се смета за политичко поради поврзаноста на Грвала со владејачката партија“, рече Муриќи.
Правниот експерт Или Зекај додаде дека и покрај тоа што АГК има континуирани состаноци со Судскиот и Обвинителскиот совет, сè уште нема поделба на предметите по професија, а тоа, според него, им нанесува штета на новинарите. Истражителката Леонита Морина истакна дека една од главните пречки на кои наидуваат новинарите во текот на нивната работа се стратешките тужби против учеството на јавноста. Во однос на овој проблем, иако нема точни податоци за тужбите, АГК има создадено база на податоци, во која се евидентирани над 35 случаи. Покрај нападите и заканите, друг предизвик за косовските новинари и другите медиумски работници, според Асоцијацијата на новинари на Косово, се нивните неповолни договори и ниските плати.

The post Во Косово од јануари годинава имало 38 напади врз новинари, вели новинарската асоцијација appeared first on Република.

]]>
Русија повика висок американски дипломат на разговор поради незаконски претсој на американски новинари во Курск https://republika.mk/vesti/svet/rusija-povika-visok-amerikanski-diplomat-na-razgovor-poradi-nezakonski-pretsoj-na-amerikanski-novinari-vo-kursk/ Tue, 20 Aug 2024 16:11:07 +0000 https://republika.mk/?p=808378

Русија повика на разговор висок американски дипломат за да вложи протестна нота поради „провокативните дејствија“ на американските новинари во рукста област Курск.

Министерството за надворешни работи на Русија обвини дека новинарите незаконски влегле во регионот Курск, каде што украинските сили извршија инвазија пред две недели. Од Министерството додадоа дека планира новинарите да ги гони судски.

Министерството соопшти дека вршителката на должност Стефани Холмс била информирана дека новинарите нелегално влегле на територијата, која неодамна беше цел на украински напад. Русија планира да покрене правни постапки против новинарите за нивното неовластено влегување и поради тоа што руската страна не била информирана за нивните активности во тој регион.

На Холмс, исто така, и било посочено дека странските платеници кои незаконски ја преминуваат руската граница се потенцијална цел за руските воени сили.

The post Русија повика висок американски дипломат на разговор поради незаконски претсој на американски новинари во Курск appeared first on Република.

]]>

Русија повика на разговор висок американски дипломат за да вложи протестна нота поради „провокативните дејствија“ на американските новинари во рукста област Курск. Министерството за надворешни работи на Русија обвини дека новинарите незаконски влегле во регионот Курск, каде што украинските сили извршија инвазија пред две недели. Од Министерството додадоа дека планира новинарите да ги гони судски. Министерството соопшти дека вршителката на должност Стефани Холмс била информирана дека новинарите нелегално влегле на територијата, која неодамна беше цел на украински напад. Русија планира да покрене правни постапки против новинарите за нивното неовластено влегување и поради тоа што руската страна не била информирана за нивните активности во тој регион. На Холмс, исто така, и било посочено дека странските платеници кои незаконски ја преминуваат руската граница се потенцијална цел за руските воени сили.

The post Русија повика висок американски дипломат на разговор поради незаконски претсој на американски новинари во Курск appeared first on Република.

]]>
Собранието на ЕФЈ во Приштина го усвои текстот на ЗНС на резолуцијата за убиени и исчезнати новинари на Косово https://republika.mk/vesti/balkan/sobranieto-na-efj-vo-prishtina-go-usvoi-tekstot-na-zns-na-rezolutsijata-za-ubieni-i-ischeznati-novinari-na-kosovo/ Fri, 24 May 2024 10:54:50 +0000 https://republika.mk/?p=781374

Резолуција за убиените и исчезнатите новинари во Косово во периодот од 1998 до 2005 година, на која работеше Здружението на новинари на Србија беше едногласно усвоена денеска на Годишното собрание на Европската федерација на новинари (ЕФЈ) што се одржува во Приштина, пренесе Бета.

ЗНС преку соопштение наведува дека поради протест не учествува на тоа собрание, а официјален предлагач, како што е претходно договорено, бил Управниот одбор на ЕФЈ.

Во Резолуцијата за истраги за убиствата на новинари на Косово, како што се наведува во соопштението, пишува дека Собранието на ЕФЈ бара Управниот одбор на таа федерација да побара УНМИК, ЕУЛЕКС и властите во Косово да формираат меѓународна експертска комисија која ќе помогне во истрагата за убиствата, киднапирањето и исчезнувањето на 19 новинари и медиумски работници во Косово во периодот од 1998 до 2005 година.

Собранието на ЕФЈ бара судиите и обвинителите од Белград и Приштина, претставници на меѓународните мисии кои беа задолжени за владеењето на правото во Косово (УНМИК и ЕУЛЕКС) да бидат вклучени во работата на меѓународната комисија како експерти, како и претставници на ОН и Здружението на новинари на Косово.

Се бара претставниците на Управниот одбор на ЕФЈ, во соработка со членовите, да работат на создавање услови за формирање меѓународна комисија за истрага на овие злосторства, како и директно да соработуваат обвинителствата од Белград и Приштина или со посредство на партнери од доверба на двете страни и редовно ја информираат јавноста за резултатите.

Со таа резолуција, од Специјалниот суд за воени злосторства на Косово беше побарано да отвори истраги за убиените и исчезнатите новинари и медиумски работници во Косово од 1998 до 2005 година.

The post Собранието на ЕФЈ во Приштина го усвои текстот на ЗНС на резолуцијата за убиени и исчезнати новинари на Косово appeared first on Република.

]]>

Резолуција за убиените и исчезнатите новинари во Косово во периодот од 1998 до 2005 година, на која работеше Здружението на новинари на Србија беше едногласно усвоена денеска на Годишното собрание на Европската федерација на новинари (ЕФЈ) што се одржува во Приштина, пренесе Бета. ЗНС преку соопштение наведува дека поради протест не учествува на тоа собрание, а официјален предлагач, како што е претходно договорено, бил Управниот одбор на ЕФЈ. Во Резолуцијата за истраги за убиствата на новинари на Косово, како што се наведува во соопштението, пишува дека Собранието на ЕФЈ бара Управниот одбор на таа федерација да побара УНМИК, ЕУЛЕКС и властите во Косово да формираат меѓународна експертска комисија која ќе помогне во истрагата за убиствата, киднапирањето и исчезнувањето на 19 новинари и медиумски работници во Косово во периодот од 1998 до 2005 година. Собранието на ЕФЈ бара судиите и обвинителите од Белград и Приштина, претставници на меѓународните мисии кои беа задолжени за владеењето на правото во Косово (УНМИК и ЕУЛЕКС) да бидат вклучени во работата на меѓународната комисија како експерти, како и претставници на ОН и Здружението на новинари на Косово. Се бара претставниците на Управниот одбор на ЕФЈ, во соработка со членовите, да работат на создавање услови за формирање меѓународна комисија за истрага на овие злосторства, како и директно да соработуваат обвинителствата од Белград и Приштина или со посредство на партнери од доверба на двете страни и редовно ја информираат јавноста за резултатите. Со таа резолуција, од Специјалниот суд за воени злосторства на Косово беше побарано да отвори истраги за убиените и исчезнатите новинари и медиумски работници во Косово од 1998 до 2005 година.

The post Собранието на ЕФЈ во Приштина го усвои текстот на ЗНС на резолуцијата за убиени и исчезнати новинари на Косово appeared first on Република.

]]>
Организациската директорка на Клиниката за токсикологија која не комуницира на македонски јазик на вработените им забрани да даваат изјави на новинарите https://republika.mk/zivot/zdravje/organizatsiskata-direktorka-na-klinikata-za-toksikologija-koja-ne-komunitsira-na-makedonski-jazik-na-vrabotenite-im-zabrani-da-davaat-izjavi-na-novinarite/ Tue, 21 May 2024 11:17:53 +0000 https://republika.mk/?p=780474

Беса Илјази, организациската директорка на Клиниката за токсикологија, која не комуницира на македонски јазик, издаде наредба со која на вработените на клиниката им се забранува да даваат изјави на новинарите.

Во Наредбата, објавена на огласна табла пишува:

„Организацискиот директор донесе наредба за забрана за неовластено присуство, давање изјави за јавност преку интервјуа и свикување прес конференции. Се забранува неовластено свикување на конференции за печатени и електронски средства за информирање, давање интервјуа и слично, со што би се нанело штета на интересите и на угледот на клиниката. Средби со новинари само со претходно известување до в.д. организацискиот директор. Непочитувањето на оваа наредба подлежи на санкции“, пишува во Наредбата.

Во изминатиот месец почнаа скандалите на Клиниката за токсикологија. Прво вработените преку писмо до медиумите, а потоа и на прес-конфренција укажаа дека директорка Иљази не зборува со нив на македонски јазик, не може да се разберат со неа и не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, а е упорна да се вработат 18 лица на кои им истекоа договорите за дело на 31 декември 2023.

Министерот за здравство пред изборите најави, а одма после изборите го разреши медицинскиот директор Данил Петровски, а за организациската директорка Илјази рече дека ќе директорува сѐ додека не го прекрши законот.

Државниот санитарен и здраввствен инспекторат (ДСЗИ) по вонредниот инспекциски надзор утврди дека 5 медицински сестри, 3 болничари, 1 лаборант и 2 биолози четири месеци незаконски работеле на Клиниката за токсикологија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/demiri-ako-go-suspendirav-direktorot-na-toksikologija-pred-izbori-ke-go-sfatevte-toa-kako-politichka-kampana/

The post Организациската директорка на Клиниката за токсикологија која не комуницира на македонски јазик на вработените им забрани да даваат изјави на новинарите appeared first on Република.

]]>

Беса Илјази, организациската директорка на Клиниката за токсикологија, која не комуницира на македонски јазик, издаде наредба со која на вработените на клиниката им се забранува да даваат изјави на новинарите. Во Наредбата, објавена на огласна табла пишува:
„Организацискиот директор донесе наредба за забрана за неовластено присуство, давање изјави за јавност преку интервјуа и свикување прес конференции. Се забранува неовластено свикување на конференции за печатени и електронски средства за информирање, давање интервјуа и слично, со што би се нанело штета на интересите и на угледот на клиниката. Средби со новинари само со претходно известување до в.д. организацискиот директор. Непочитувањето на оваа наредба подлежи на санкции“, пишува во Наредбата.
Во изминатиот месец почнаа скандалите на Клиниката за токсикологија. Прво вработените преку писмо до медиумите, а потоа и на прес-конфренција укажаа дека директорка Иљази не зборува со нив на македонски јазик, не може да се разберат со неа и не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, а е упорна да се вработат 18 лица на кои им истекоа договорите за дело на 31 декември 2023. Министерот за здравство пред изборите најави, а одма после изборите го разреши медицинскиот директор Данил Петровски, а за организациската директорка Илјази рече дека ќе директорува сѐ додека не го прекрши законот. Државниот санитарен и здраввствен инспекторат (ДСЗИ) по вонредниот инспекциски надзор утврди дека 5 медицински сестри, 3 болничари, 1 лаборант и 2 биолози четири месеци незаконски работеле на Клиниката за токсикологија. https://republika.mk/vesti/makedonija/demiri-ako-go-suspendirav-direktorot-na-toksikologija-pred-izbori-ke-go-sfatevte-toa-kako-politichka-kampana/

The post Организациската директорка на Клиниката за токсикологија која не комуницира на македонски јазик на вработените им забрани да даваат изјави на новинарите appeared first on Република.

]]>
Изборите ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, акредитирани за известување се и 83 странски новинари https://republika.mk/vesti/makedonija/izborite-gi-sledat-1303-domashni-i-860-stranski-nabluduvachi-akreditirani-za-izvestuvane-se-i-83-stranski-novinari/ Wed, 08 May 2024 06:16:01 +0000 https://republika.mk/?p=775173

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 2246 набљудувачи, преведувачи и странски новинари. Најмногу акредитирани се домашни набљудувачи - 1303. Изборите ќе ги следат и 860 странски набљудувачи за чии потреби се ангажирани и 85 преведувачи. За известување од изборите, според податоците на Државната изборна комисија, акредитирани се 83 странски новинари.

Најмногу домашни набљудувачи акредитирало Здружението за развој на општествено - социјални иновации „ВАКЕ УП“ Скопје - 966, потоа Фондација Ромите за демократија - 162, Цивил - 82, Центарот за безбедносни истражувања - 46, Институтот за меѓународни односи и стратегии Охрид - 20, Националниот ромски центар Куманово - 14, Здружението за промоција и развој инклузива Куманово - 12 и Македонскиот центар за културен развој - еден набљудувач.

Специјалната мисија за проценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 411 набљудувачи, 14 експерти и 31 преведувач, најмногу од странските набљудувачи. Парламентарното собрание на ОБСЕ (OSCE PA) има акредитирано 138 набљудувачи, Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје - 69 набљудувачи и 33 преведувачи, Парламентарното собрание на Советот на Европа - ад хок комисијата за набљудување на претседателските избори во Република Македонија - 33 набљудувачи и 20 преведувачи, Иницијативата за дијалог и демократија Силба 30, Централната изборна комисија - Република Косово - 13, Европскиот парламент - 12 и други.

За информирање од изборите се акредитирани и 83 странски новинари и медиумски работници од најголемите балкански и регионални медиуми, но и од Ројтерс, Асошиејтед прес, Ал Џезира, Франс прес...

Првиот круг од претседателските избори на 24 април го набљудуваа 1601 набљудувач односно 915 домашни и 544 странски набљудувачи, како и 84 преведувачи и 58 странски новинари.

 

The post Изборите ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, акредитирани за известување се и 83 странски новинари appeared first on Република.

]]>

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 2246 набљудувачи, преведувачи и странски новинари. Најмногу акредитирани се домашни набљудувачи - 1303. Изборите ќе ги следат и 860 странски набљудувачи за чии потреби се ангажирани и 85 преведувачи. За известување од изборите, според податоците на Државната изборна комисија, акредитирани се 83 странски новинари. Најмногу домашни набљудувачи акредитирало Здружението за развој на општествено - социјални иновации „ВАКЕ УП“ Скопје - 966, потоа Фондација Ромите за демократија - 162, Цивил - 82, Центарот за безбедносни истражувања - 46, Институтот за меѓународни односи и стратегии Охрид - 20, Националниот ромски центар Куманово - 14, Здружението за промоција и развој инклузива Куманово - 12 и Македонскиот центар за културен развој - еден набљудувач. Специјалната мисија за проценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 411 набљудувачи, 14 експерти и 31 преведувач, најмногу од странските набљудувачи. Парламентарното собрание на ОБСЕ (OSCE PA) има акредитирано 138 набљудувачи, Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје - 69 набљудувачи и 33 преведувачи, Парламентарното собрание на Советот на Европа - ад хок комисијата за набљудување на претседателските избори во Република Македонија - 33 набљудувачи и 20 преведувачи, Иницијативата за дијалог и демократија Силба 30, Централната изборна комисија - Република Косово - 13, Европскиот парламент - 12 и други. За информирање од изборите се акредитирани и 83 странски новинари и медиумски работници од најголемите балкански и регионални медиуми, но и од Ројтерс, Асошиејтед прес, Ал Џезира, Франс прес... Првиот круг од претседателските избори на 24 април го набљудуваа 1601 набљудувач односно 915 домашни и 544 странски набљудувачи, како и 84 преведувачи и 58 странски новинари.  

The post Изборите ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, акредитирани за известување се и 83 странски новинари appeared first on Република.

]]>
Беловски: Најголем дел од новинарите во Македонија го одбележуваат Светскиот ден на медиумите со плати под просечната https://republika.mk/vesti/makedonija/belovski-najgolem-del-od-novinarite-vo-makedonija-go-odbelezhuvaat-svetskiot-den-na-mediumite-so-plati-pod-prosechnata/ Thu, 02 May 2024 13:33:44 +0000 https://republika.mk/?p=773446

Најголемиот број од новинарите во државава го одбележуваат Светскиот ден на медиумите - 3 Мај со плати под просечната, а алармираат и за небезбедни услови за работа, како и дека се предмет на заплашување и насилство. Тие укажувања беа изнесени денеска од новинарските организации и синдикати на крводарителската акција што по повод Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај се одржува во четири градови низ државата.

Претседателот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) Павле Беловски истакна дека новинарите се соочуваат со многу проблеми, но дека со сплотеност и храброст може да се надминат.

Го одбележуваме 3 мај Светскиот ден на слободата на медиумите, меѓутоа секогаш кога зборуваме за слободата се присетуваме на овој ден што јас неволно сакам да констатирам дека е премалку во еден ден да се собереме и пожалиме. Затоа денеска оттука треба да испратиме неколку пораки, а тоа е поврзувано со слободата на медиумите, слободата на изразување и правото на слобода на говор. Кога зборуваме за слободата на говор да не заборавиме дека слободата на медиумите се темели на здраво работно место и слобода на изразување. Оттука треба да си го поставиме прашањето дали ние работиме во такви услови? За да одговориме на ова прашање треба да констатираме дека 70 проценти од вработените или над 2 000 медиумски работници се со плати под просекот во државата и ист толкав број сакаат да ја напуштат оваа професија. Воедно над 100 наши колеги го загубиле животот во светот, затоа треба да се солидаризираме и денеска со оваа крводарителска акција да покажеме дека се грижиме за демократијата и преку нашата работа градиме подобри општества, порача Беловски.

Драган Секуловски, извршен директор на Здружението на новинари на Макеоднија (ЗНМ) порача дека новинарите се уште работат во небезбедни услови и се предмет на заплашување и насилство.

Трети мај служи како потсетник за ризиците со кои се соочуваат новинарите во потрагата по вистината во име на граѓаните. Слободата на медиумите е многу често поврзана со правото на пристап на информации, а овој ден се залага за слободата на информациите како основно човеково право клучно за информирано општество и за носење одлуки за функционирањето на една демократија. Мали чекори во подобрувањето не се секогаш доволни и може да се направи многу повеќе посебно во период како изборниот во кој се наоѓа нашата земја, рече Секуловски.

Од Црвен крст посочија дека крводарителската акција е најдобар начин за истакнување на хуманата димензија на новинарската професија. Оценија дека бројот на новинари кои го загубиле својот живот на работното место говори за тоа колку новинарите се изложени на ризик.

Акцијата ќе се одвива координирано во Скопје, Битола, Струмица и Штип во терминот од 08 до 14 часот.

The post Беловски: Најголем дел од новинарите во Македонија го одбележуваат Светскиот ден на медиумите со плати под просечната appeared first on Република.

]]>

Најголемиот број од новинарите во државава го одбележуваат Светскиот ден на медиумите - 3 Мај со плати под просечната, а алармираат и за небезбедни услови за работа, како и дека се предмет на заплашување и насилство. Тие укажувања беа изнесени денеска од новинарските организации и синдикати на крводарителската акција што по повод Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај се одржува во четири градови низ државата. Претседателот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) Павле Беловски истакна дека новинарите се соочуваат со многу проблеми, но дека со сплотеност и храброст може да се надминат.
Го одбележуваме 3 мај Светскиот ден на слободата на медиумите, меѓутоа секогаш кога зборуваме за слободата се присетуваме на овој ден што јас неволно сакам да констатирам дека е премалку во еден ден да се собереме и пожалиме. Затоа денеска оттука треба да испратиме неколку пораки, а тоа е поврзувано со слободата на медиумите, слободата на изразување и правото на слобода на говор. Кога зборуваме за слободата на говор да не заборавиме дека слободата на медиумите се темели на здраво работно место и слобода на изразување. Оттука треба да си го поставиме прашањето дали ние работиме во такви услови? За да одговориме на ова прашање треба да констатираме дека 70 проценти од вработените или над 2 000 медиумски работници се со плати под просекот во државата и ист толкав број сакаат да ја напуштат оваа професија. Воедно над 100 наши колеги го загубиле животот во светот, затоа треба да се солидаризираме и денеска со оваа крводарителска акција да покажеме дека се грижиме за демократијата и преку нашата работа градиме подобри општества, порача Беловски.
Драган Секуловски, извршен директор на Здружението на новинари на Макеоднија (ЗНМ) порача дека новинарите се уште работат во небезбедни услови и се предмет на заплашување и насилство.
Трети мај служи како потсетник за ризиците со кои се соочуваат новинарите во потрагата по вистината во име на граѓаните. Слободата на медиумите е многу често поврзана со правото на пристап на информации, а овој ден се залага за слободата на информациите како основно човеково право клучно за информирано општество и за носење одлуки за функционирањето на една демократија. Мали чекори во подобрувањето не се секогаш доволни и може да се направи многу повеќе посебно во период како изборниот во кој се наоѓа нашата земја, рече Секуловски.
Од Црвен крст посочија дека крводарителската акција е најдобар начин за истакнување на хуманата димензија на новинарската професија. Оценија дека бројот на новинари кои го загубиле својот живот на работното место говори за тоа колку новинарите се изложени на ризик. Акцијата ќе се одвива координирано во Скопје, Битола, Струмица и Штип во терминот од 08 до 14 часот.

The post Беловски: Најголем дел од новинарите во Македонија го одбележуваат Светскиот ден на медиумите со плати под просечната appeared first on Република.

]]>
ЗНМ бара од ДИК медиумските работници непречено да ја вршат својата работа https://republika.mk/vesti/makedonija/znm-bara-od-dik-mediumskite-rabotnitsi-neprecheno-da-ja-vrshat-svojata-rabota/ Tue, 30 Apr 2024 14:40:41 +0000 https://republika.mk/?p=772690

Државната изборна комисија (ДИК) достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката Мери Јордановска за време на изборниот ден на 24 април. Во одговорот стои дека доколку се повтори ситуација на прекршување на правата на новинарите и медиумските работници за време на изборниот ден на 08 мај 2024 година, членовите и замениците членови на изборните органи ќе бидат соодветно санкционирани.

Конкретно, во претставката која е испратена до ДИК на 25 април, ЗНМ реагираше за непрофесионалниот однос од страна на членови на избирачки одбор во избирачко место бр. 2762 во општина Кисела Вода - Дом на М.З. на ул. Христо Татарчев број 44, Скопје, каде на новинарката Јордановска не и било дозволено да фотографира во просторијата каде што се одвивало гласањето и покрај што таа претходно уредно се претставила и ја покажала својата новинарска легитимација.

ЗНМ исто така бара од ДИК да преземе соодветни постапки и санкции за овој случај како и да укаже на членовите на изборните комисии дека не смеат да ја попречуваат работата на новинарите и медиумските работници за време на изборниот процес.

Во одговорот по претставката, ДИК информира дека на јавна седница пред првиот круг на Претседателските избори, дала јасни препораки на сите изборни органи дека нивната работа е јавна и транспарентна. Исто така ДИК потенцира дека новинарите, снимателите и фоторепортерите во рамките на вршење на својата професионална работа можат слободно да одат во избирачките места и да снимаат и фотографираат со единствено укажување да се внимава на тајноста на личните податоци на граѓаните во Избирачкиот список, тајноста на гласањето зад параванот и евентуално доколку некој гласач изјави дека не сака да биде сниман ниту фотографиран.

Во дописот до ЗНМ, ДИК укажува дека за време на вториот круг на Претседателските избори како и за Парламентарните избори кои ќе се одржат на 08 мај 2024 година, треба да се овозможи на новинарите кои уредно се легитимирале пред избирачкиот одбор, непречено да ја остварат својата професионална работа. Тие додаваат дека согласно прирачникот за едукација на избирачките одбори од особена важност е да се соработува со медиумите и да не се попречува нивната работа и известување во текот на изборниот ден.

The post ЗНМ бара од ДИК медиумските работници непречено да ја вршат својата работа appeared first on Република.

]]>

Државната изборна комисија (ДИК) достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката Мери Јордановска за време на изборниот ден на 24 април. Во одговорот стои дека доколку се повтори ситуација на прекршување на правата на новинарите и медиумските работници за време на изборниот ден на 08 мај 2024 година, членовите и замениците членови на изборните органи ќе бидат соодветно санкционирани. Конкретно, во претставката која е испратена до ДИК на 25 април, ЗНМ реагираше за непрофесионалниот однос од страна на членови на избирачки одбор во избирачко место бр. 2762 во општина Кисела Вода - Дом на М.З. на ул. Христо Татарчев број 44, Скопје, каде на новинарката Јордановска не и било дозволено да фотографира во просторијата каде што се одвивало гласањето и покрај што таа претходно уредно се претставила и ја покажала својата новинарска легитимација. ЗНМ исто така бара од ДИК да преземе соодветни постапки и санкции за овој случај како и да укаже на членовите на изборните комисии дека не смеат да ја попречуваат работата на новинарите и медиумските работници за време на изборниот процес. Во одговорот по претставката, ДИК информира дека на јавна седница пред првиот круг на Претседателските избори, дала јасни препораки на сите изборни органи дека нивната работа е јавна и транспарентна. Исто така ДИК потенцира дека новинарите, снимателите и фоторепортерите во рамките на вршење на својата професионална работа можат слободно да одат во избирачките места и да снимаат и фотографираат со единствено укажување да се внимава на тајноста на личните податоци на граѓаните во Избирачкиот список, тајноста на гласањето зад параванот и евентуално доколку некој гласач изјави дека не сака да биде сниман ниту фотографиран. Во дописот до ЗНМ, ДИК укажува дека за време на вториот круг на Претседателските избори како и за Парламентарните избори кои ќе се одржат на 08 мај 2024 година, треба да се овозможи на новинарите кои уредно се легитимирале пред избирачкиот одбор, непречено да ја остварат својата професионална работа. Тие додаваат дека согласно прирачникот за едукација на избирачките одбори од особена важност е да се соработува со медиумите и да не се попречува нивната работа и известување во текот на изборниот ден.

The post ЗНМ бара од ДИК медиумските работници непречено да ја вршат својата работа appeared first on Република.

]]>
Новинари краделе перници, чинии и други предмети од авионот на американскиот претседател https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/novinari-kradele-pernitsi-chinii-i-drugi-predmeti-od-avionot-na-amerikanskiot-pretsedatel/ Tue, 02 Apr 2024 11:51:30 +0000 https://republika.mk/?p=761250

Американските новинари добија апел да престанат да крадат сувенири од официјалниот авион на американскиот претседател Џо Бајден.

Проверката на инвентарот на Air Force One по посетата на Бајден на американскиот западен брег во февруари открила дека недостасуваат неколку ставки во делот за медиуми.

Меѓу предметите, наводно, исчезнати од авионот се брендирани навлаки за перници, очила со златен раб и чинии.

Здружението на дописници на Белата куќа предупредило дека е забрането „позајмување“ работи од авионот.

Минатиот месец, здружението испратило мејл до новинарите во кој рекле дека таквото однесување лошо се одразува на новинарскиот пул, група новинари кои патуваат со претседателот и дека тоа мора да престане.

На новинарите понекогаш им се даваат како сувенири мали пакетчиња со M&M кои се украсени со претседателскиот печат.

Но земањето предмети со логото на Air Force One, вклучувајќи прибор за јадење и крпи, е вообичаено со години, тврдат извештаите.

 

The post Новинари краделе перници, чинии и други предмети од авионот на американскиот претседател appeared first on Република.

]]>

Американските новинари добија апел да престанат да крадат сувенири од официјалниот авион на американскиот претседател Џо Бајден. Проверката на инвентарот на Air Force One по посетата на Бајден на американскиот западен брег во февруари открила дека недостасуваат неколку ставки во делот за медиуми. Меѓу предметите, наводно, исчезнати од авионот се брендирани навлаки за перници, очила со златен раб и чинии. Здружението на дописници на Белата куќа предупредило дека е забрането „позајмување“ работи од авионот. Минатиот месец, здружението испратило мејл до новинарите во кој рекле дека таквото однесување лошо се одразува на новинарскиот пул, група новинари кои патуваат со претседателот и дека тоа мора да престане. На новинарите понекогаш им се даваат како сувенири мали пакетчиња со M&M кои се украсени со претседателскиот печат. Но земањето предмети со логото на Air Force One, вклучувајќи прибор за јадење и крпи, е вообичаено со години, тврдат извештаите.  

The post Новинари краделе перници, чинии и други предмети од авионот на американскиот претседател appeared first on Република.

]]>
Кој е глуп, а кој поглуп: Апасиев со навреди кон новинарите https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-glup-a-koj-poglup-apasiev-so-navredi-kon-novinarite/ Fri, 29 Mar 2024 18:20:30 +0000 https://republika.mk/?p=760246

Од Гоце Михајловски, поглуп е само Иван Мирчевски, напиша на Фејсбук, Димитар Апасиев од Левица.

The post Кој е глуп, а кој поглуп: Апасиев со навреди кон новинарите appeared first on Република.

]]>

Од Гоце Михајловски, поглуп е само Иван Мирчевски, напиша на Фејсбук, Димитар Апасиев од Левица.

The post Кој е глуп, а кој поглуп: Апасиев со навреди кон новинарите appeared first on Република.

]]>
Во Португалија штрајкуваат новинарите поради ниските плати https://republika.mk/vesti/svet/vo-portugalija-shtrajkuvaat-novinarite-poradi-niskite-plati/ Thu, 14 Mar 2024 12:00:00 +0000 https://republika.mk/?p=754735

Португалските новинари повикаа на еднодневен штрајк, прв по 42 години, во знак на протест против ниските плати и несигурноста на работните места во секторот кој се соочува со големи тешкотии.

Повикот за масовен штрајк дојде откако една од главните медиумски групи, Глобал Медиа, оваа недела објави нов план за отпуштање на околу 20 вработени, меѓу кои и десетина новинари, поради сложена финансиска ситуација.

Новинската агенција Луса од синоќа на полноќ нема објавено ниту една вест, соопшти Синдикатот на новинарите.

Повеќе од 20 медиуми се погодени од штрајкот.

- Несигурноста на работата и ниските плати претставуваат пречка за правото на граѓаните на информирање, нагласи новинарскиот синдикат кој повика на штрајк.

Новинарите првенствено бараат зголемување на платите за да се справат со инфлацијата и почитување на законот за работни односи, со акцент на платата за прекувремена работа.

Новинарски протести се свикани во Лисабон, Порто и Коимбра.

Последниот генерален штрајк на португалските новинари беше во 1982 година.

 

The post Во Португалија штрајкуваат новинарите поради ниските плати appeared first on Република.

]]>

Португалските новинари повикаа на еднодневен штрајк, прв по 42 години, во знак на протест против ниските плати и несигурноста на работните места во секторот кој се соочува со големи тешкотии. Повикот за масовен штрајк дојде откако една од главните медиумски групи, Глобал Медиа, оваа недела објави нов план за отпуштање на околу 20 вработени, меѓу кои и десетина новинари, поради сложена финансиска ситуација. Новинската агенција Луса од синоќа на полноќ нема објавено ниту една вест, соопшти Синдикатот на новинарите. Повеќе од 20 медиуми се погодени од штрајкот. - Несигурноста на работата и ниските плати претставуваат пречка за правото на граѓаните на информирање, нагласи новинарскиот синдикат кој повика на штрајк. Новинарите првенствено бараат зголемување на платите за да се справат со инфлацијата и почитување на законот за работни односи, со акцент на платата за прекувремена работа. Новинарски протести се свикани во Лисабон, Порто и Коимбра. Последниот генерален штрајк на португалските новинари беше во 1982 година.  

The post Во Португалија штрајкуваат новинарите поради ниските плати appeared first on Република.

]]>
Политичарите да покажат почитување на новинарите: АВМУ ја осуди изјавата на лидерот на СДСМ, Ковачевски https://republika.mk/vesti/makedonija/politicharite-da-pokazhat-pochituvane-na-novinarite-avmu-ja-osudi-izjavata-na-liderot-na-sdsm-kovachevski/ Wed, 21 Feb 2024 15:22:30 +0000 https://republika.mk/?p=746420

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката партија СДСМ, Димитар Ковачевски со која обвини медиуми дека „дека самите се продале и уште сега се продаваат“ и се ставаат во функција на една политичка партија, соопштија денеска од АВМУ.

Политичарите треба да бидат свесни за одговорноста што ја имаат и наместо да се служат со непримерна комуникација треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на еден од клучните столбови на демократијата – медиумите. Етикетирање на медиуми, особено во чувствителни периоди како предизборните, негативно се одразува на слободата на изразување и го нарушува достоинството на медиумските работници, се подвлекува во соопштението од АВМУ.

Агенцијата во соопштението потсетува дека е неопходно да се почитуваат стандардите и ги повикува политичарите да се воздржат од употреба на јазик со кој се дискредитираат медиумите.

The post Политичарите да покажат почитување на новинарите: АВМУ ја осуди изјавата на лидерот на СДСМ, Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката партија СДСМ, Димитар Ковачевски со која обвини медиуми дека „дека самите се продале и уште сега се продаваат“ и се ставаат во функција на една политичка партија, соопштија денеска од АВМУ. Политичарите треба да бидат свесни за одговорноста што ја имаат и наместо да се служат со непримерна комуникација треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на еден од клучните столбови на демократијата – медиумите. Етикетирање на медиуми, особено во чувствителни периоди како предизборните, негативно се одразува на слободата на изразување и го нарушува достоинството на медиумските работници, се подвлекува во соопштението од АВМУ. Агенцијата во соопштението потсетува дека е неопходно да се почитуваат стандардите и ги повикува политичарите да се воздржат од употреба на јазик со кој се дискредитираат медиумите.

The post Политичарите да покажат почитување на новинарите: АВМУ ја осуди изјавата на лидерот на СДСМ, Ковачевски appeared first on Република.

]]>
МАН: За Ковачевски и Заев – новинарите се: продадени, суетни, пропагандисти… Што очекуваат од нив по ова? https://republika.mk/vesti/makedonija/man-za-kovachevski-i-zaev-novinarite-se-prodadeni-suetni-propagandisti-shto-ochekuvaat-od-niv-po-ova/ Tue, 20 Feb 2024 14:15:24 +0000 https://republika.mk/?p=746178

Македонската асоцијација на новинари (МАН) остро реагира на заканите, непрофесионалниот и понижувачки однос од премиерот Димитар Ковачевски кон новинарите од Телма ТВ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/eve-kako-tache-im-se-zakanuva-na-novinarite-deka-ke-kvitskaat-po-podrumi/

Незаконски (клевета, навреда и понижување) и спротивно на сите професионални стандарди, морал и етика е односот на премиерот Ковачевски кон сите новинари и медиуми, а во случајов јавно ги понижува новинарите од Телма ТВ со квалификација дека се продале. Димитар Ковачевски е познат по постојани закани, навреди, омаловажувања и притисоци врз новинарите и медиумите, исто како и неговиот претходник Зоран Заев. Освен на Телма, ѝ се закануваше и на МРТ, Алфа ТВ, Канал 5, од собраниска говорница повика на правосуден линч против новинарот Драган Павловиќ Латас, а да не заборавиме дека оваа власт е лидер по нарачаните истраги, процеси и прогони против професионалните медиуми и новинари, велат од МАН во реакцијата.

Потенцираат дека оваа власт ќе остане запаметена како најрепресивната против слободата на медиумите и слободата на говорот.

Македонската асоцијација на новинари (МАН), како што соопштуваат од оргазнизацијата, ќе ја извести Светската федерација на новинари за сите „закани, притисоци, навреди, клевети и понижувања од власта предводена од Димитар Ковачевски и претходно од Зоран Заев“.

The post МАН: За Ковачевски и Заев – новинарите се: продадени, суетни, пропагандисти… Што очекуваат од нив по ова? appeared first on Република.

]]>

Македонската асоцијација на новинари (МАН) остро реагира на заканите, непрофесионалниот и понижувачки однос од премиерот Димитар Ковачевски кон новинарите од Телма ТВ. https://republika.mk/vesti/makedonija/eve-kako-tache-im-se-zakanuva-na-novinarite-deka-ke-kvitskaat-po-podrumi/
Незаконски (клевета, навреда и понижување) и спротивно на сите професионални стандарди, морал и етика е односот на премиерот Ковачевски кон сите новинари и медиуми, а во случајов јавно ги понижува новинарите од Телма ТВ со квалификација дека се продале. Димитар Ковачевски е познат по постојани закани, навреди, омаловажувања и притисоци врз новинарите и медиумите, исто како и неговиот претходник Зоран Заев. Освен на Телма, ѝ се закануваше и на МРТ, Алфа ТВ, Канал 5, од собраниска говорница повика на правосуден линч против новинарот Драган Павловиќ Латас, а да не заборавиме дека оваа власт е лидер по нарачаните истраги, процеси и прогони против професионалните медиуми и новинари, велат од МАН во реакцијата.
Потенцираат дека оваа власт ќе остане запаметена како најрепресивната против слободата на медиумите и слободата на говорот. Македонската асоцијација на новинари (МАН), како што соопштуваат од оргазнизацијата, ќе ја извести Светската федерација на новинари за сите „закани, притисоци, навреди, клевети и понижувања од власта предводена од Димитар Ковачевски и претходно од Зоран Заев“.

The post МАН: За Ковачевски и Заев – новинарите се: продадени, суетни, пропагандисти… Што очекуваат од нив по ова? appeared first on Република.

]]>
Белградски „НИН“ остана без главен уредник и новинари, сите поднеле оставки https://republika.mk/vesti/balkan/belgradski-nin-ostana-bez-glaven-urednik-i-novinari-site-podnele-ostavki/ Thu, 11 Jan 2024 12:45:35 +0000 https://republika.mk/?p=731944

Најстариот неделен весник во Србија остана без новинари, бидејќи членовите на редакцијата и колегиумот на „НИН“ објавија дека колективно се откажале од работа поради најавената промена на концептот на неделникот.

Главниот уредник Милан Ќулибрк се повлекува од функцијата, а минатата недела заменик-уредникот Весна Малишиќ се пензионираше и одби понатамошен ангажман што и бил понуден од весникот.

Членовите на колегиумот и редакцијата на неделникот НИН оставките ги доставиле кај новата сопственичка Јелена Дракулиќ Петровиќ. Причина, велат, е најавата за промена на концептот на неделникот и тоа што не се убедени дека ќе можат да работат како досега, бескомпромисно и професионално.

 

The post Белградски „НИН“ остана без главен уредник и новинари, сите поднеле оставки appeared first on Република.

]]>

Најстариот неделен весник во Србија остана без новинари, бидејќи членовите на редакцијата и колегиумот на „НИН“ објавија дека колективно се откажале од работа поради најавената промена на концептот на неделникот. Главниот уредник Милан Ќулибрк се повлекува од функцијата, а минатата недела заменик-уредникот Весна Малишиќ се пензионираше и одби понатамошен ангажман што и бил понуден од весникот. Членовите на колегиумот и редакцијата на неделникот НИН оставките ги доставиле кај новата сопственичка Јелена Дракулиќ Петровиќ. Причина, велат, е најавата за промена на концептот на неделникот и тоа што не се убедени дека ќе можат да работат како досега, бескомпромисно и професионално.  

The post Белградски „НИН“ остана без главен уредник и новинари, сите поднеле оставки appeared first on Република.

]]>
Јанша осуден на условна казна затвор поради навреда на новинарки https://republika.mk/vesti/balkan/jansha-osuden-na-uslovna-kazna-zatvor-poradi-navreda-na-novinarki/ Wed, 03 Jan 2024 13:53:35 +0000 https://republika.mk/?p=729350

Врховниот суд на Словенија денеска ја одби жалбата на адвокатот на претседателот на Словенечката демократска партија (СДС) и поранешен премиер на таа земја, Јанез Јанша, против пресудата на Основниот суд, со која тој е прогласен за виновен за навреда на новинарите Еугенија Карл и Мојца Шетниќ Пашек и го осуди на условна затворска казна.

Две години по изрекувањето на таа пресуда, Врховниот суд се согласил со првобитната пресуда и му наложил да ја плати судската такса.

Јанша е прогласен за виновен за клевета откако напишал твит за новинарите на ТВ Словенија, Еугенија Карл и Мојца Шетинч Пашек, објави порталот „24ур“.

Тој е осуден на условна затворска казна од три месеци, а мора да плати судска такса од 480 евра и обвинителски трошоци.

Обврзан е да плати и надомест за трошоците на законскиот застапник на новинарките.

 

The post Јанша осуден на условна казна затвор поради навреда на новинарки appeared first on Република.

]]>

Врховниот суд на Словенија денеска ја одби жалбата на адвокатот на претседателот на Словенечката демократска партија (СДС) и поранешен премиер на таа земја, Јанез Јанша, против пресудата на Основниот суд, со која тој е прогласен за виновен за навреда на новинарите Еугенија Карл и Мојца Шетниќ Пашек и го осуди на условна затворска казна. Две години по изрекувањето на таа пресуда, Врховниот суд се согласил со првобитната пресуда и му наложил да ја плати судската такса. Јанша е прогласен за виновен за клевета откако напишал твит за новинарите на ТВ Словенија, Еугенија Карл и Мојца Шетинч Пашек, објави порталот „24ур“. Тој е осуден на условна затворска казна од три месеци, а мора да плати судска такса од 480 евра и обвинителски трошоци. Обврзан е да плати и надомест за трошоците на законскиот застапник на новинарките.  

The post Јанша осуден на условна казна затвор поради навреда на новинарки appeared first on Република.

]]>
Во 2023 година 45 новинари загинаа вршејќи ја својата работа https://republika.mk/vesti/svet/vo-2023-godina-45-novinari-zaginaa-vrshejki-ja-svojata-rabota/ Thu, 14 Dec 2023 08:18:05 +0000 https://republika.mk/?p=722760

Во 2023 година, 45 новинари загинале вршејќи ја својата работа, се вели во годишниот извештај на „Репортери без граници“ (РСФ). Иако 17 новинари ги загубија животите во октомврискиот конфликт меѓу Израел и Хамас, РСФ забележува најмалку смртни случаи од 2002 година.

Минатата година, според податоците на таа невладина организација, 61 новинар бил убиен за време на работата.

-Ова во никој случај не ја намалува трагедијата во Газа, но забележуваме пад, податоците се далеку од повеќе од 140 убиени новинари во 2012 година, потоа во 2013 година, главно поради војните во Сирија и Ирак, изјави генералниот секретар на РСФ, Кристоф Делоар.

Според последниот извештај на РСФ, објавен на 1 декември, значително помалку смртни случаи на новинари имало во Јужна Америка, каде што биле убиени шест новинари во 2023 година, во споредба со 26 во 2022 година.

Во Мексико, најсмртоносната област за новинарската професија по Газа, во 2023 година беа убиени четворица новинари во споредба со 11 претходната година. Од вкупно 84 исчезнати новинари, речиси секој трет е Мексиканец, велат од невладината организација.

The post Во 2023 година 45 новинари загинаа вршејќи ја својата работа appeared first on Република.

]]>

Во 2023 година, 45 новинари загинале вршејќи ја својата работа, се вели во годишниот извештај на „Репортери без граници“ (РСФ). Иако 17 новинари ги загубија животите во октомврискиот конфликт меѓу Израел и Хамас, РСФ забележува најмалку смртни случаи од 2002 година. Минатата година, според податоците на таа невладина организација, 61 новинар бил убиен за време на работата.
-Ова во никој случај не ја намалува трагедијата во Газа, но забележуваме пад, податоците се далеку од повеќе од 140 убиени новинари во 2012 година, потоа во 2013 година, главно поради војните во Сирија и Ирак, изјави генералниот секретар на РСФ, Кристоф Делоар.
Според последниот извештај на РСФ, објавен на 1 декември, значително помалку смртни случаи на новинари имало во Јужна Америка, каде што биле убиени шест новинари во 2023 година, во споредба со 26 во 2022 година. Во Мексико, најсмртоносната област за новинарската професија по Газа, во 2023 година беа убиени четворица новинари во споредба со 11 претходната година. Од вкупно 84 исчезнати новинари, речиси секој трет е Мексиканец, велат од невладината организација.

The post Во 2023 година 45 новинари загинаа вршејќи ја својата работа appeared first on Република.

]]>
57 новинари и медиумски работници загинале од почетокот на војната во Газа https://republika.mk/vesti/svet/57-novinari-i-mediumski-rabotnitsi-zaginale-od-pochetokot-na-vojnata-vo-gaza/ Tue, 28 Nov 2023 07:16:23 +0000 https://republika.mk/?p=716956

Комитетот за заштита на новинарите соопшти дека ја потврдил смртта на 57 новинари и медиумски работници од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.

Ажурираниот биланс на загинати, објавен вчера, доаѓа откако организацијата за застапување на слободата на медиумите ја потврди смртта на четворица палестински новинари во текот на викендот.

Според Комитетот, бројот на загинати вклучува 50 Палестинци, четворица Израелци и тројца Либанци, додека 19 новинари се исто така уапсени.

Комиетот соопшти дека истражува бројни непотврдени извештаи за други новинари кои биле убиени, приведени, повредени или загрозени.

-Комитетот за заштита на нлвинарите нагласува дека новинарите се цивили кои вршат важна работа во време на криза и не смеат да бидат цел на завојуваните страни, рече Шериф Мансур, програмски координатор на CPJ за Блискиот Исток и Северна Африка.

The post 57 новинари и медиумски работници загинале од почетокот на војната во Газа appeared first on Република.

]]>

Комитетот за заштита на новинарите соопшти дека ја потврдил смртта на 57 новинари и медиумски работници од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас. Ажурираниот биланс на загинати, објавен вчера, доаѓа откако организацијата за застапување на слободата на медиумите ја потврди смртта на четворица палестински новинари во текот на викендот. Според Комитетот, бројот на загинати вклучува 50 Палестинци, четворица Израелци и тројца Либанци, додека 19 новинари се исто така уапсени. Комиетот соопшти дека истражува бројни непотврдени извештаи за други новинари кои биле убиени, приведени, повредени или загрозени. -Комитетот за заштита на нлвинарите нагласува дека новинарите се цивили кои вршат важна работа во време на криза и не смеат да бидат цел на завојуваните страни, рече Шериф Мансур, програмски координатор на CPJ за Блискиот Исток и Северна Африка.

The post 57 новинари и медиумски работници загинале од почетокот на војната во Газа appeared first on Република.

]]>
Продолжува недоличното однесување на Ковачевски и неговите министри кон новинарите https://republika.mk/vesti/makedonija/prodolzhuva-nedolichnoto-odnesuvane-na-kovachevski-i-negovite-ministri-kon-novinarite/ Sat, 14 Oct 2023 12:35:36 +0000 https://republika.mk/?p=691162

Премиерот Ковачевски во неколку наврати има лош однос кон одредени медиуми и новинари, нарекувајќи ги дека уредувачката политика им наликува на партиски сектор за комуникација, како и ги прашува новинарите од кои медиум доаѓаат за да размисли дали ќе им одговори.

На вчерашното недолично однесување на ппремиерот Ковачевски, реагираа и од Македонската асоцијација на новинари (МАН)  кои побараа од Јавното обвинителство  веднаш да преземе мерки против премиерот Димитар Ковачевски по скандалозниот одговор на прашање од новинарот на Алфа ТВ Матеја Петровски, по повеќе основи, меѓу кои прекршување на член 16 од Уставот, прекршување на член 382 од Кривичниот законик, досегашниот член 319 од кривичниот законик, како и прекршување на препораките на Совет на Европа за борба против говор на омраза.

Ваквиот пример на некоректно однесување на премиерот Ковачевски, го следат и неговите министри во владата, кои наместо транспарентно да одговорат на новинарските прашања за теми кои се од интерес на граѓаните, ги окарактеризуваат новинарите како проопозоциски настроени.

Да потсетиме Министерот за економија Бектеши во февруари 2023, пред да одговори на новинарско прашање околу висината на цената која се плаќа за природниот гас, во прес-центарот на Владата се скара со новинарите велејќи им дека имаат добра соработка со колегите од другите телевизии штом се поставуваат нивните прашања.

Додека пак вицепремиерот Груби се Вицепремиерот Артан Груби се искара со новинарите во Владата, кои се интересираа за изградбата на Коридорот 8 и на Коридорот 10. Откога тие се интересираа за променетата сопственост на компанијата што треба да ги гради овие патишта, а по нецелосни одговори од вицепремиерот, еден новинар му рече: „Вие забегавте“. По ова, Груби врати: „Не, вие забегавте“. „Пред да продолжиш, да ми се извиниш затоа што забега“, му рече Груби на новинарот на „Телма“, Миомир Серафиновиќ, а кога доби извинување, Груби продолжи со дрското однесување: „Денеска Прочка ли е? Ај ќе ти простам, без разлика“.

 

The post Продолжува недоличното однесување на Ковачевски и неговите министри кон новинарите appeared first on Република.

]]>

Премиерот Ковачевски во неколку наврати има лош однос кон одредени медиуми и новинари, нарекувајќи ги дека уредувачката политика им наликува на партиски сектор за комуникација, како и ги прашува новинарите од кои медиум доаѓаат за да размисли дали ќе им одговори. На вчерашното недолично однесување на ппремиерот Ковачевски, реагираа и од Македонската асоцијација на новинари (МАН)  кои побараа од Јавното обвинителство  веднаш да преземе мерки против премиерот Димитар Ковачевски по скандалозниот одговор на прашање од новинарот на Алфа ТВ Матеја Петровски, по повеќе основи, меѓу кои прекршување на член 16 од Уставот, прекршување на член 382 од Кривичниот законик, досегашниот член 319 од кривичниот законик, како и прекршување на препораките на Совет на Европа за борба против говор на омраза. Ваквиот пример на некоректно однесување на премиерот Ковачевски, го следат и неговите министри во владата, кои наместо транспарентно да одговорат на новинарските прашања за теми кои се од интерес на граѓаните, ги окарактеризуваат новинарите како проопозоциски настроени. Да потсетиме Министерот за економија Бектеши во февруари 2023, пред да одговори на новинарско прашање околу висината на цената која се плаќа за природниот гас, во прес-центарот на Владата се скара со новинарите велејќи им дека имаат добра соработка со колегите од другите телевизии штом се поставуваат нивните прашања. Додека пак вицепремиерот Груби се Вицепремиерот Артан Груби се искара со новинарите во Владата, кои се интересираа за изградбата на Коридорот 8 и на Коридорот 10. Откога тие се интересираа за променетата сопственост на компанијата што треба да ги гради овие патишта, а по нецелосни одговори од вицепремиерот, еден новинар му рече: „Вие забегавте“. По ова, Груби врати: „Не, вие забегавте“. „Пред да продолжиш, да ми се извиниш затоа што забега“, му рече Груби на новинарот на „Телма“, Миомир Серафиновиќ, а кога доби извинување, Груби продолжи со дрското однесување: „Денеска Прочка ли е? Ај ќе ти простам, без разлика“.  

The post Продолжува недоличното однесување на Ковачевски и неговите министри кон новинарите appeared first on Република.

]]>
Во израелските напади врз Газа загинаа седум новинари https://republika.mk/vesti/svet/vo-izraelskite-napadi-vrz-gaza-zaginaa-sedum-novinari/ Tue, 10 Oct 2023 17:43:53 +0000 https://republika.mk/?p=689984

Во нападите на израелската армија врз Појасот Газа, животот го загубија најмалку седум новинари, десетмина се ранети, а двајца новинари се водат за исчезнати, јавува Анадолија.

Владината канцеларија за медиуми во Газа ги објави и имињата на загинатите новинари, Саид ал Тавил, Мухамед Суб, Хишам ен Навачихе, Ибрахим Лафи, Мухамед Чергун, Мухамед ел Салихи, Есад Семлах, додека Нидал ал Вахиди и Хајтам Абдулвахид се регистрирани како исчезнати.

Во соопштението се наведува и дека 40 медиумски институции биле целосно или делумно оштетени при израелското бомбардирање на цивилните населби во Газа.

Во меѓувреме, палестинското Министерство за информации објави соопштение во кое се наведува дека домови, училишта, медицински институции и владини згради се срамнети со земја во Газа во израелските воздушни напади кои продолжија и денеска.

Детален преглед на ситуацијата:
Згради:

Целосно уништени: 168 згради, вклучувајќи 1.009 станбени единици

Делумно уништени: 12.630 станбени единици.

Медицински установи: 10 бомбардирани

Амбулантни возила: 12 амбулантни возила се директно таргетирани

Училишта: Уништени 48 училишта

Владини згради: 23 уништени

Петмина членови на медицински персонал загинаа, а раселените луѓе во Газа сега се засолнуваат во 70 центри поради континуираните воздушни напади, се вели во соопштението.

Од друга страна, Министерството за здравство на Израел соопшти дека до 19 часот, на 2.901 повредени лица од нападите на Хамас им била пружена помош во болниците во државата од саботата наутро.

Петстотини триесет и пет лица се уште се хоспитализирани, од кои повеќе од 100 се во тешка здравствена состојба.

The post Во израелските напади врз Газа загинаа седум новинари appeared first on Република.

]]>

Во нападите на израелската армија врз Појасот Газа, животот го загубија најмалку седум новинари, десетмина се ранети, а двајца новинари се водат за исчезнати, јавува Анадолија. Владината канцеларија за медиуми во Газа ги објави и имињата на загинатите новинари, Саид ал Тавил, Мухамед Суб, Хишам ен Навачихе, Ибрахим Лафи, Мухамед Чергун, Мухамед ел Салихи, Есад Семлах, додека Нидал ал Вахиди и Хајтам Абдулвахид се регистрирани како исчезнати. Во соопштението се наведува и дека 40 медиумски институции биле целосно или делумно оштетени при израелското бомбардирање на цивилните населби во Газа. Во меѓувреме, палестинското Министерство за информации објави соопштение во кое се наведува дека домови, училишта, медицински институции и владини згради се срамнети со земја во Газа во израелските воздушни напади кои продолжија и денеска. Детален преглед на ситуацијата: Згради: Целосно уништени: 168 згради, вклучувајќи 1.009 станбени единици Делумно уништени: 12.630 станбени единици. Медицински установи: 10 бомбардирани Амбулантни возила: 12 амбулантни возила се директно таргетирани Училишта: Уништени 48 училишта Владини згради: 23 уништени Петмина членови на медицински персонал загинаа, а раселените луѓе во Газа сега се засолнуваат во 70 центри поради континуираните воздушни напади, се вели во соопштението. Од друга страна, Министерството за здравство на Израел соопшти дека до 19 часот, на 2.901 повредени лица од нападите на Хамас им била пружена помош во болниците во државата од саботата наутро. Петстотини триесет и пет лица се уште се хоспитализирани, од кои повеќе од 100 се во тешка здравствена состојба.

The post Во израелските напади врз Газа загинаа седум новинари appeared first on Република.

]]>
Вработените во државната МИА на предупредувачки протест, бараат повисоки плати https://republika.mk/vesti/makedonija/vrabotenite-vo-drzhavnata-mia-na-predupreduvachki-protest-baraat-povisoki-plati/ Wed, 26 Jul 2023 14:11:19 +0000 https://republika.mk/?p=665586

Вработените во Мeдиумската информативна агенција (МИА) утре излегуваат на предупредувачки протест со барање за зголемување на платите.

Предупредувачкиот протест ќе се одржи пред просториите на АД МИА со почеток во 11 часот, во траење од половина час, за време на паузата.

Протестот се организира со поддршка на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Синдикатот на медиумски информативни агенции (СМИА).

Новинарите и медиумските работници од МИА веќе подолго време бараат покачување на нивните плати, согласно Колективниот договор и усогласување со трошоците за живот, но Владата досега не најде за сходно да одобри зголемување на платите во овој државен медиум.

Предупредувачките протести ќе продолжат и во наредните денови, а во случај тие да не резултираат со разбирање и прифаќање на барањата на вработените, ќе бидат преземени и порадикални чекори.

ССНМ ги повикува сите вработени во АД МИА да се приклучат кон протестот.

The post Вработените во државната МИА на предупредувачки протест, бараат повисоки плати appeared first on Република.

]]>

Вработените во Мeдиумската информативна агенција (МИА) утре излегуваат на предупредувачки протест со барање за зголемување на платите. Предупредувачкиот протест ќе се одржи пред просториите на АД МИА со почеток во 11 часот, во траење од половина час, за време на паузата. Протестот се организира со поддршка на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Синдикатот на медиумски информативни агенции (СМИА). Новинарите и медиумските работници од МИА веќе подолго време бараат покачување на нивните плати, согласно Колективниот договор и усогласување со трошоците за живот, но Владата досега не најде за сходно да одобри зголемување на платите во овој државен медиум. Предупредувачките протести ќе продолжат и во наредните денови, а во случај тие да не резултираат со разбирање и прифаќање на барањата на вработените, ќе бидат преземени и порадикални чекори. ССНМ ги повикува сите вработени во АД МИА да се приклучат кон протестот.

The post Вработените во државната МИА на предупредувачки протест, бараат повисоки плати appeared first on Република.

]]>