нови мерки Archives - Република https://republika.mk/tema/novi-merki/ За подобро да се разбереме Sun, 16 Jul 2023 09:16:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нови мерки Archives - Република https://republika.mk/tema/novi-merki/ 32 32 Судот нареди нови мерки против таткото и мајката на момчето – убиец од Врачар https://republika.mk/vesti/balkan/sudot-naredi-novi-merki-protiv-tatkoto-i-majkata-na-momcheto-ubiets-od-vrachar/ Sun, 16 Jul 2023 09:16:59 +0000 https://republika.mk/?p=661866

Вишиот суд во Белград го усвои предлогот на членовите на семејствата на убиените деца во масакрот во О.У. „Владислав Рибникар“ сите пари со кои располага таткото на Коста К., убиецот од Врачар да се префрлат на депозит на јавен извршител.

Во исто време, судот и наложи на Народната банка на Србија да ги префрли парите како што е наложено. Парите, до висината на имотно-правните побарувања на оштетените (членовите на семејствата на убиените) ќе бидат депонирани кај јавниот извршител каде ќе се чуваат до конечното завршување на кривичната постапка.

Тоа значи дека сите пари од сметката на тоа семејство ќе бидат префрлени на депозитот на јавниот извршител. Против тоа решение е дозволена жалба, но тоа не го одлага извршувањето на решението.

Да потсетиме, таткото на момчето-убиец од Врачар е во притвор под сомнение дека сторил тешко кривично дело против општата безбедност. На неговата сопруга, односно мајката на момчето, судот и забрани да стави под хипотека или да продава недвижен имот што го поседуваат. Ова важи и за автомобилот регистриран на нејзино име.

Одлуката на судот е донесена кога адвокатот на девет семејства, чии деца се убиени, ја побара оваа мерка во нивно име бидејќи се стравуваше дека обвинетиот ќе ја спречи или значително ќе ја одложи наплатата. Одземено е онолку колку што е потребно за да се обезбедат барањата на семејствата на убиените деца.

 

The post Судот нареди нови мерки против таткото и мајката на момчето – убиец од Врачар appeared first on Република.

]]>

Вишиот суд во Белград го усвои предлогот на членовите на семејствата на убиените деца во масакрот во О.У. „Владислав Рибникар“ сите пари со кои располага таткото на Коста К., убиецот од Врачар да се префрлат на депозит на јавен извршител. Во исто време, судот и наложи на Народната банка на Србија да ги префрли парите како што е наложено. Парите, до висината на имотно-правните побарувања на оштетените (членовите на семејствата на убиените) ќе бидат депонирани кај јавниот извршител каде ќе се чуваат до конечното завршување на кривичната постапка. Тоа значи дека сите пари од сметката на тоа семејство ќе бидат префрлени на депозитот на јавниот извршител. Против тоа решение е дозволена жалба, но тоа не го одлага извршувањето на решението. Да потсетиме, таткото на момчето-убиец од Врачар е во притвор под сомнение дека сторил тешко кривично дело против општата безбедност. На неговата сопруга, односно мајката на момчето, судот и забрани да стави под хипотека или да продава недвижен имот што го поседуваат. Ова важи и за автомобилот регистриран на нејзино име. Одлуката на судот е донесена кога адвокатот на девет семејства, чии деца се убиени, ја побара оваа мерка во нивно име бидејќи се стравуваше дека обвинетиот ќе ја спречи или значително ќе ја одложи наплатата. Одземено е онолку колку што е потребно за да се обезбедат барањата на семејствата на убиените деца.  

The post Судот нареди нови мерки против таткото и мајката на момчето – убиец од Врачар appeared first on Република.

]]>
Мехмедовиќ: Има зголемен број на амбулантски прегледи на Инфективната клиника, ама засега нема нови мерки против ковид-19 https://republika.mk/vesti/mehmedovikj-ima-zgolemen-broj-na-ambulantski-pregledi-na-infektivnata-klinika-ama-zasega-nema-novi-merki-protiv-kovid-19/ Thu, 07 Jul 2022 13:58:29 +0000 https://republika.mk/?p=525415

Засега не се планираат нови мерки за заштита од коронавирусот. Состојбата се следи на дневно ниво и најмногу зависи од болничките капацитети и бројот на починати лица, изјави за МИА д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

Комисијата за заразни болести во изминатиот период најави дека мерките што ќе се носат, а ќе бидат во насока на превенција и ќе бидат согласно параметрите што ги следиме од Центарот за контрола за болести, а тоа не е само бројката на новозаразени, туку се и болничките капацитети, односно исполнетоста на болниците, како и бројот на починати што се регистрираат согласно дневните Ковиц статистики, вели Мехмедовиќ.

Согласно анализите во последниот извештај, тој истакна дека во моментов актуелни се мерките за носење маска во јавен превоз, аптеки, здравствени установи и старечките домови и домови за лица со попреченост.

Доколку има промена во епидемиолошката состојба, како што посочи Мехмедовиќ, ќе бидат разгледани параметрите и Комисијата ќе препорача нови мерки за заштита од вирусот.

Во однос на исполнетоста на болничките капацитети, тој информираше дека согласно податоците од Клиниката за инфективни болести, сè уште има доволно болнички капацитети што можат да се стават на располагање, но забележан е зголемен број на амбулантски прегледи на Инфективната клиника.

Во текот на изминатото деноноќие од вкупно 1.129 тестирања, регистрирани се 355 нови случаи на Ковид-19, од кои 89 се реинфекции. Починато е едно лице од Скопје во болнички услови и едно лице од Струга во домашни услови. Во моментов активни се 1.474 случаи на вирусот.

The post Мехмедовиќ: Има зголемен број на амбулантски прегледи на Инфективната клиника, ама засега нема нови мерки против ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Засега не се планираат нови мерки за заштита од коронавирусот. Состојбата се следи на дневно ниво и најмногу зависи од болничките капацитети и бројот на починати лица, изјави за МИА д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.
Комисијата за заразни болести во изминатиот период најави дека мерките што ќе се носат, а ќе бидат во насока на превенција и ќе бидат согласно параметрите што ги следиме од Центарот за контрола за болести, а тоа не е само бројката на новозаразени, туку се и болничките капацитети, односно исполнетоста на болниците, како и бројот на починати што се регистрираат согласно дневните Ковиц статистики, вели Мехмедовиќ.
Согласно анализите во последниот извештај, тој истакна дека во моментов актуелни се мерките за носење маска во јавен превоз, аптеки, здравствени установи и старечките домови и домови за лица со попреченост. Доколку има промена во епидемиолошката состојба, како што посочи Мехмедовиќ, ќе бидат разгледани параметрите и Комисијата ќе препорача нови мерки за заштита од вирусот. Во однос на исполнетоста на болничките капацитети, тој информираше дека согласно податоците од Клиниката за инфективни болести, сè уште има доволно болнички капацитети што можат да се стават на располагање, но забележан е зголемен број на амбулантски прегледи на Инфективната клиника. Во текот на изминатото деноноќие од вкупно 1.129 тестирања, регистрирани се 355 нови случаи на Ковид-19, од кои 89 се реинфекции. Починато е едно лице од Скопје во болнички услови и едно лице од Струга во домашни услови. Во моментов активни се 1.474 случаи на вирусот.

The post Мехмедовиќ: Има зголемен број на амбулантски прегледи на Инфективната клиника, ама засега нема нови мерки против ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Сали: Нема укинување на сертификатите и нема потреба од воведување на нови мерки https://republika.mk/zivot/zdravje/sali-nema-ukinuvanje-na-sertifikatite-i-nema-potreba-od-voveduvanje-na-novi-merki/ Mon, 31 Jan 2022 12:35:12 +0000 https://republika.mk/?p=451963

Сертификатите за прележаност на ковид-19 нема да се укинат. Не се размислува за воведување на нови мерки за населението, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали, кој беше во посета на Клиниката за детски болести.

Комисијата за заразни болести заседава секој вторник и ја евалуира епидемиолошката состојба од претходната седмица. Сали признава оти веќе десетина дена има благо покачување на бројот на пациенти кои се хоспитализираат поради ковид - 19.

Ја контролираме ситуацијата, капацитети на кревети има сосема доволно, и од асапект на кадар сме добро организирани, нам ни останува да почекаме малку за бројот да почне да се намалува, вели министерот.

Според Сали, засега нема потреба од воведување на нови рестрикции.

Пикот на вирусот се уште продолжува, укинување на сертификатите нема да има, рече Сали.

Сали вчера преку фејсбук пост упати јавна покана до професорите на Медицинскиот факултет, Никола Пановски, Драган Даниловски и Вело Марковски да бидат дел од Комисијата за заразни болести или пак негови советници. Тие му забележаа дека не ги повикал лично.

Сега не е време да гледаме на кој начин и во каков формат била упатена поканата до професорите експерти, туку во услови на пандемија мора сите да ги засукаме ракавите и да дадеме свој придонес за што поскоро да излеземе од оваа здравствена криза, рече министерот Сали.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 268.191, бројот на оздравени пациенти е 239.694, на починати е 8.383, а бројот на активни случаи изнесува 20.114.

Според Министерството за здравство вчера 21 пациент починал од компликации од ковид.Од вкупниот број на починати девет лица биле целосно вакцинирани, а кај 20 се регистрирани коморбидитети. Биле направени се 5.082 тестови, а регистрирани се 1.254 нови случаи на ковид-19. Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 169 реинфекции.

The post Сали: Нема укинување на сертификатите и нема потреба од воведување на нови мерки appeared first on Република.

]]>

Сертификатите за прележаност на ковид-19 нема да се укинат. Не се размислува за воведување на нови мерки за населението, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали, кој беше во посета на Клиниката за детски болести. Комисијата за заразни болести заседава секој вторник и ја евалуира епидемиолошката состојба од претходната седмица. Сали признава оти веќе десетина дена има благо покачување на бројот на пациенти кои се хоспитализираат поради ковид - 19.
Ја контролираме ситуацијата, капацитети на кревети има сосема доволно, и од асапект на кадар сме добро организирани, нам ни останува да почекаме малку за бројот да почне да се намалува, вели министерот.
Според Сали, засега нема потреба од воведување на нови рестрикции.
Пикот на вирусот се уште продолжува, укинување на сертификатите нема да има, рече Сали.
Сали вчера преку фејсбук пост упати јавна покана до професорите на Медицинскиот факултет, Никола Пановски, Драган Даниловски и Вело Марковски да бидат дел од Комисијата за заразни болести или пак негови советници. Тие му забележаа дека не ги повикал лично.
Сега не е време да гледаме на кој начин и во каков формат била упатена поканата до професорите експерти, туку во услови на пандемија мора сите да ги засукаме ракавите и да дадеме свој придонес за што поскоро да излеземе од оваа здравствена криза, рече министерот Сали.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 268.191, бројот на оздравени пациенти е 239.694, на починати е 8.383, а бројот на активни случаи изнесува 20.114. Според Министерството за здравство вчера 21 пациент починал од компликации од ковид.Од вкупниот број на починати девет лица биле целосно вакцинирани, а кај 20 се регистрирани коморбидитети. Биле направени се 5.082 тестови, а регистрирани се 1.254 нови случаи на ковид-19. Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 169 реинфекции.

The post Сали: Нема укинување на сертификатите и нема потреба од воведување на нови мерки appeared first on Република.

]]>
Сали: Нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки, има намалување на бројот на новозаболени https://republika.mk/vesti/makedonija/sali-nema-potreba-od-dopolnitelni-restriktivni-merki-ima-namaluvanje-na-brojot-na-novozaboleni/ Fri, 28 Jan 2022 14:04:18 +0000 https://republika.mk/?p=450742

Нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки до следниот состанок на Комисијата за заразни болести бидејќи во последните два дена има намалување на бројот на новозаболени, смета министерот за здравство Беким Сали. Во изјава за медиумите, Сали вели дека според податоците на Институтот за јавно здравје што на дневна основа ги добиваат, пандемијата во земјава дава знаци на стивнување и секој ден има намалување на бројот на новоинфицирани и на хоспитализирани.

Сè е под контрола. Нема потреба од дополнителни мерки. Во Косово се преземени порестриктивни мерки бидејќи епиделошкоската состојба почнала да се влошува и тоа е локална политика. Ние такви рестриктивни мерки немаме и засега нема потреба, меѓутоа секоја одлука е неделна. До следниот состанок на Комисијата за заразни болести нема да има потреба од нова мерка, но се надевам дека и граѓаните ќе бидат претпазливи и вакцинацијата ќе расте, изјави денеска Сали, одговарајќи на новинарски прашања.

Во моментот, како што истакна, нема потреба и од отворање на модуларните болници. Денеска е отворен ковид центарот на Клиниката за неврологија, а од вчера функционира и ковид центарот на Клиниката за кожни болести.

На ниво на држава се трудиме пациентите да бидат згрижени на ниво на болниците. Од минатата недела се преземени мерки да се зголеми бројот на кревети што значи отворање на капацитетите кои претходно беа ковид центри. Од модуларните болници засега нема потреба, рече Сали.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, во моментот во земјава во 90 проценти е присутен сојот „омикрон“, а во 10 проценти „делта“ сојот.

Боледувањето на оние пациенти кои ќе имаат симптоми и по седмиот ден ќе го регулираат матичните лекари, односно доколку имаат симтоматологија на вирусот, ќе им се продолжи боледувањето по автоматизам за уште три дена.

Нашата служба „Мој термин“ ги извести сите матични лекари како да се евидентираат овие случаи. Епидемиолошки тие се водат од матичните лекари и на седмиот ден доколку имаат покачена температура или некоја друга симтоматологија, по автоматизам им се продолжува периодот на самоизолација до три дена. Матичниот лекар го регулира боледувањето, вели Сали.

Во однос на тоа дали се размислува за намалување на трошоците за тестирање, министерот посочи дека е арзговарано со сите чинители кои влијаат врз цената и оти очекува позитивен одговор од нив.

Прашан за транспаретноста на Комисијата за заразни болести која неколку месеци нема одржано прес-конференција, Сали со став дека Комисијата секогаш била транспарентна и нејзините одлуки и се познати на јавноста.

The post Сали: Нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки, има намалување на бројот на новозаболени appeared first on Република.

]]>

Нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки до следниот состанок на Комисијата за заразни болести бидејќи во последните два дена има намалување на бројот на новозаболени, смета министерот за здравство Беким Сали. Во изјава за медиумите, Сали вели дека според податоците на Институтот за јавно здравје што на дневна основа ги добиваат, пандемијата во земјава дава знаци на стивнување и секој ден има намалување на бројот на новоинфицирани и на хоспитализирани.
Сè е под контрола. Нема потреба од дополнителни мерки. Во Косово се преземени порестриктивни мерки бидејќи епиделошкоската состојба почнала да се влошува и тоа е локална политика. Ние такви рестриктивни мерки немаме и засега нема потреба, меѓутоа секоја одлука е неделна. До следниот состанок на Комисијата за заразни болести нема да има потреба од нова мерка, но се надевам дека и граѓаните ќе бидат претпазливи и вакцинацијата ќе расте, изјави денеска Сали, одговарајќи на новинарски прашања.
Во моментот, како што истакна, нема потреба и од отворање на модуларните болници. Денеска е отворен ковид центарот на Клиниката за неврологија, а од вчера функционира и ковид центарот на Клиниката за кожни болести.
На ниво на држава се трудиме пациентите да бидат згрижени на ниво на болниците. Од минатата недела се преземени мерки да се зголеми бројот на кревети што значи отворање на капацитетите кои претходно беа ковид центри. Од модуларните болници засега нема потреба, рече Сали.
Според податоците на Институтот за јавно здравје, во моментот во земјава во 90 проценти е присутен сојот „омикрон“, а во 10 проценти „делта“ сојот. Боледувањето на оние пациенти кои ќе имаат симптоми и по седмиот ден ќе го регулираат матичните лекари, односно доколку имаат симтоматологија на вирусот, ќе им се продолжи боледувањето по автоматизам за уште три дена.
Нашата служба „Мој термин“ ги извести сите матични лекари како да се евидентираат овие случаи. Епидемиолошки тие се водат од матичните лекари и на седмиот ден доколку имаат покачена температура или некоја друга симтоматологија, по автоматизам им се продолжува периодот на самоизолација до три дена. Матичниот лекар го регулира боледувањето, вели Сали.
Во однос на тоа дали се размислува за намалување на трошоците за тестирање, министерот посочи дека е арзговарано со сите чинители кои влијаат врз цената и оти очекува позитивен одговор од нив. Прашан за транспаретноста на Комисијата за заразни болести која неколку месеци нема одржано прес-конференција, Сали со став дека Комисијата секогаш била транспарентна и нејзините одлуки и се познати на јавноста.

The post Сали: Нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки, има намалување на бројот на новозаболени appeared first on Република.

]]>
Најавени нови мерки поради омикрон во вторник https://republika.mk/vesti/makedonija/najaveni-novi-merki-poradi-omikron-vo-vtornik/ Sun, 09 Jan 2022 17:32:40 +0000 https://republika.mk/?p=442222

Кратење на периодот на самоизолација од 10 на 7 дена, и предлог за укинување на решенијата. Ова се само дел од предлозите за кои во вторник ќе дискутираат членовите на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, пренесува Телма.

Дилемите на дел од членовите на комисијата се дали кратењето на перидот на седење дома да не важи за невакцинираните и оние со примена само една доза вакцина.

Дополнително новиот сој Омикрон кој зема замав и вртоглаво го зголемува бројот на заразени го отежнува издавањето на решенија за самоизолација особено во главниот град, и се очекува комисијата да предложи нопви законски измени. Но, грижата на граѓаните и лекарите е дали после долг период во панедмија земјата одново ќе се соочи со рестриктивни мерки.

Апелите за во вторник до членовите на комисијата се од точката евентуални предлог мерки да произлезат конкретни предлози, велат лекарите за Телма.

The post Најавени нови мерки поради омикрон во вторник appeared first on Република.

]]>

Кратење на периодот на самоизолација од 10 на 7 дена, и предлог за укинување на решенијата. Ова се само дел од предлозите за кои во вторник ќе дискутираат членовите на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, пренесува Телма. Дилемите на дел од членовите на комисијата се дали кратењето на перидот на седење дома да не важи за невакцинираните и оние со примена само една доза вакцина. Дополнително новиот сој Омикрон кој зема замав и вртоглаво го зголемува бројот на заразени го отежнува издавањето на решенија за самоизолација особено во главниот град, и се очекува комисијата да предложи нопви законски измени. Но, грижата на граѓаните и лекарите е дали после долг период во панедмија земјата одново ќе се соочи со рестриктивни мерки. Апелите за во вторник до членовите на комисијата се од точката евентуални предлог мерки да произлезат конкретни предлози, велат лекарите за Телма.

The post Најавени нови мерки поради омикрон во вторник appeared first on Република.

]]>