нова учебна година Archives - Република https://republika.mk/tema/nova-uchebna-godina/ За подобро да се разбереме Thu, 31 Aug 2023 12:50:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нова учебна година Archives - Република https://republika.mk/tema/nova-uchebna-godina/ 32 32 46 наставници добија решенија за ментори, во новата учебна година ќе има 800 образовни асистенти https://republika.mk/vesti/makedonija/46-nastavnitsi-dobija-reshenija-za-mentori-vo-novata-uchebna-godina-ke-ima-800-obrazovni-asistenti/ Thu, 31 Aug 2023 13:46:41 +0000 https://republika.mk/?p=677638

Четириесет и шест наставници од основните училишта денеска добија решение за унапредување во звање ментор. Решенијата им ги врачи министерот за образование и наука Јетон Шаќири, кој истакна дека со новостекнатото звање тие стануваат поддршка и мотивација за останатите наставници во училиштата каде што се вработени за подигнување на квалитетот на настава, а со тоа за унапредување на воспитно-образовниот процес.

Досега во звања ментор преку три повици на МОН во три години се унапредени вкупно 250 наставници.

Во обраќањето по повод почетокот на новата учебна година, Шаќири информираше дека за време на летниот распуст биле спроведени и обуки на над 17.200 наставници и 1.100 стручни соработници.

Поголема поддршка во новата учебна година добиваат и учениците со попреченост кои посетуваат настава во редовните основни училишта. Пред две години имавме 500 образовни асистенти, лани 720, а од септември ќе има 800 ангажирани образовни асистенти. Во постапка е нов закон за средно образование кој предвидува ангажирање образовни асистенти и во средните училишта каде што во моментов ваков тип на стручен кадар се ангажира преку Програмата за општинска корисна работа поддржана од УНДП, додаде Шаќири.

Информираше и дека во новата учебна година ќе има нови безбедносни мерки во училиштата, во соработка со Министерството за внатрешни работи.

Ги завршивме дискусиите со МВР, ги дефиниравме потребните насоки за сите училишта и сите ќе бидат известени од страна на МВР - рече министерот.

Во однос на капиталните инвестиции, соопшти дека се завршени или во завршна фаза реконструкции во 56 училишни објекти, а во тек е изградба, односно доградба на четири нови објекти низ државава.

Од утре учениците ги очекуваат подобри услови за настава во неколку училишта. Ја подобруваме енергетската ефикасност, пристапноста на училишните простории за учениците со попреченост, хигиенско-санитарни услови итн. за што вложуваме 4,5 милиони евра, наведе Шаќири.

Годинава, како и во изминатите две, годишниот буџет за капитални инвестиции во образованието е над 16 милиони евра, а МОН, додаде тој, само лани реализирало над 94 проценти.

Во текот на ова лето за сите основни училишта во државата набавивме нови нагледни средства и помагала за кабинетите по историја, географија и другите предмети од групата на општествени науки. Тоа во голема мера ќе го подигне квалитетот на наставата, креативноста и интеракцијата помеѓу учениците и наставниците, соопшти Шаќири во обраќањето по повод новата учебна година.

The post 46 наставници добија решенија за ментори, во новата учебна година ќе има 800 образовни асистенти appeared first on Република.

]]>

Четириесет и шест наставници од основните училишта денеска добија решение за унапредување во звање ментор. Решенијата им ги врачи министерот за образование и наука Јетон Шаќири, кој истакна дека со новостекнатото звање тие стануваат поддршка и мотивација за останатите наставници во училиштата каде што се вработени за подигнување на квалитетот на настава, а со тоа за унапредување на воспитно-образовниот процес. Досега во звања ментор преку три повици на МОН во три години се унапредени вкупно 250 наставници. Во обраќањето по повод почетокот на новата учебна година, Шаќири информираше дека за време на летниот распуст биле спроведени и обуки на над 17.200 наставници и 1.100 стручни соработници. Поголема поддршка во новата учебна година добиваат и учениците со попреченост кои посетуваат настава во редовните основни училишта. Пред две години имавме 500 образовни асистенти, лани 720, а од септември ќе има 800 ангажирани образовни асистенти. Во постапка е нов закон за средно образование кој предвидува ангажирање образовни асистенти и во средните училишта каде што во моментов ваков тип на стручен кадар се ангажира преку Програмата за општинска корисна работа поддржана од УНДП, додаде Шаќири. Информираше и дека во новата учебна година ќе има нови безбедносни мерки во училиштата, во соработка со Министерството за внатрешни работи.
Ги завршивме дискусиите со МВР, ги дефиниравме потребните насоки за сите училишта и сите ќе бидат известени од страна на МВР - рече министерот.
Во однос на капиталните инвестиции, соопшти дека се завршени или во завршна фаза реконструкции во 56 училишни објекти, а во тек е изградба, односно доградба на четири нови објекти низ државава.
Од утре учениците ги очекуваат подобри услови за настава во неколку училишта. Ја подобруваме енергетската ефикасност, пристапноста на училишните простории за учениците со попреченост, хигиенско-санитарни услови итн. за што вложуваме 4,5 милиони евра, наведе Шаќири.
Годинава, како и во изминатите две, годишниот буџет за капитални инвестиции во образованието е над 16 милиони евра, а МОН, додаде тој, само лани реализирало над 94 проценти.
Во текот на ова лето за сите основни училишта во државата набавивме нови нагледни средства и помагала за кабинетите по историја, географија и другите предмети од групата на општествени науки. Тоа во голема мера ќе го подигне квалитетот на наставата, креативноста и интеракцијата помеѓу учениците и наставниците, соопшти Шаќири во обраќањето по повод новата учебна година.

The post 46 наставници добија решенија за ментори, во новата учебна година ќе има 800 образовни асистенти appeared first on Република.

]]>
За десет дена ќе се знае дали новата учебна година ќе почне на први септември https://republika.mk/vesti/makedonija/za-deset-dena-ke-se-znae-dali-novata-uchebna-godina-ke-pochne-na-prvi-septemvri/ Thu, 06 Jul 2023 09:31:38 +0000 https://republika.mk/?p=658612

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири најави дека за десет дена МОН ќе излезе со став дали ќе има поместување на почетокот на учебната година од стандардниот термин 1 септември. Најави дека наредната недела пред Комисијата за човечки ресурси ќе ги претстави трите предлози за почеток и завршување на учебната година.

Ќе бидат вклучени униите на средношколците, но исто така и синдикатите за мислењата да ги слушнат членовите на Комисијата. Мислам дека во рок од десет дена ќе имаме конечен став кој од предлозите ќе биде прифатен, изјави Шаќири одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Форумот за реорганизација на училишната мрежа.

Првиот предлог до МОН е учебната година да почне како и досега - на 1 септември, вториот е да почне на 11 септември, без пролетен распуст, и да трае до средината на јуни, третиот предлог е да почне на 1 септември, да има пролетен распуст од пет дена и учебната година да заврши во средината на јуни.

Во врска со реакции во јавноста и кај наставници дека во новата наставна програма по предметот Македонски јазик за шесто одделение е изоставена темата за историјата на македонскиот јазик односно дека таа ќе се изучува во погорните одделенија, Шаќири одговори дека до неговиот кабинет не е стигната реакција.

Но, од овој момент штом има проблем, јас ќе ги повикам. Но на истиот состанок ќе треба да бидат присутни и претставници од Бирото за развој на образование, како институција која ја има предложено програмата за тој предмет, рече министерот Шаќири.

The post За десет дена ќе се знае дали новата учебна година ќе почне на први септември appeared first on Република.

]]>

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири најави дека за десет дена МОН ќе излезе со став дали ќе има поместување на почетокот на учебната година од стандардниот термин 1 септември. Најави дека наредната недела пред Комисијата за човечки ресурси ќе ги претстави трите предлози за почеток и завршување на учебната година.
Ќе бидат вклучени униите на средношколците, но исто така и синдикатите за мислењата да ги слушнат членовите на Комисијата. Мислам дека во рок од десет дена ќе имаме конечен став кој од предлозите ќе биде прифатен, изјави Шаќири одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Форумот за реорганизација на училишната мрежа.
Првиот предлог до МОН е учебната година да почне како и досега - на 1 септември, вториот е да почне на 11 септември, без пролетен распуст, и да трае до средината на јуни, третиот предлог е да почне на 1 септември, да има пролетен распуст од пет дена и учебната година да заврши во средината на јуни. Во врска со реакции во јавноста и кај наставници дека во новата наставна програма по предметот Македонски јазик за шесто одделение е изоставена темата за историјата на македонскиот јазик односно дека таа ќе се изучува во погорните одделенија, Шаќири одговори дека до неговиот кабинет не е стигната реакција.
Но, од овој момент штом има проблем, јас ќе ги повикам. Но на истиот состанок ќе треба да бидат присутни и претставници од Бирото за развој на образование, како институција која ја има предложено програмата за тој предмет, рече министерот Шаќири.

The post За десет дена ќе се знае дали новата учебна година ќе почне на први септември appeared first on Република.

]]>
Од утре упис на првачиња за учебната 2023/2024 година https://republika.mk/vesti/od-utre-upis-na-prvachina-za-uchebnata-2023-2024-godina/ Sun, 30 Apr 2023 15:04:44 +0000 https://republika.mk/?p=635556

Од утре и до крајот на мај ќе трае електронското запишување ученици во прво одделение во учебната 2023/2024 година. Уписот е преку порталот uslugi.gov.mk каде што родителите/старателите треба да пополнат апликација, да изберат училиште и да ги прикачат потребните скенирани документи. Откако апликацијата ќе биде прифатена, се одредува термин во кој ученикот ќе треба да дојде на разговор со педагогот во училиштето.

Условите за запишување прваче се да има наполнето шест години до крајот на календарската година, да биде доставена потврда за примените задолжителни вакцини за детето, како и потврди за офталмолошки и стоматолошки прегледи издадени од надлежни установи.

По исклучок, детето може да се запише во прво одделение доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот, односно старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.

Родителот, односно старателот, има право да го запише детето во основното училиште во реонот во кој живее или каде што постојано престојува. Основното училиште може да запише ученици од друг реон или од друга општина само доколку има слободни места за запишување или доколку ученикот од другиот реон или општина нема можност за следење на наставата на својот мајчин јазик во својот реон односно општина.

Оваа дигитална услуга преку порталот uslugi.gov.mk МОН ја воведе пред две години за упис на првачињата во учебната 2021/2022 година.

The post Од утре упис на првачиња за учебната 2023/2024 година appeared first on Република.

]]>

Од утре и до крајот на мај ќе трае електронското запишување ученици во прво одделение во учебната 2023/2024 година. Уписот е преку порталот uslugi.gov.mk каде што родителите/старателите треба да пополнат апликација, да изберат училиште и да ги прикачат потребните скенирани документи. Откако апликацијата ќе биде прифатена, се одредува термин во кој ученикот ќе треба да дојде на разговор со педагогот во училиштето. Условите за запишување прваче се да има наполнето шест години до крајот на календарската година, да биде доставена потврда за примените задолжителни вакцини за детето, како и потврди за офталмолошки и стоматолошки прегледи издадени од надлежни установи. По исклучок, детето може да се запише во прво одделение доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот, односно старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето. Родителот, односно старателот, има право да го запише детето во основното училиште во реонот во кој живее или каде што постојано престојува. Основното училиште може да запише ученици од друг реон или од друга општина само доколку има слободни места за запишување или доколку ученикот од другиот реон или општина нема можност за следење на наставата на својот мајчин јазик во својот реон односно општина. Оваа дигитална услуга преку порталот uslugi.gov.mk МОН ја воведе пред две години за упис на првачињата во учебната 2021/2022 година.

The post Од утре упис на првачиња за учебната 2023/2024 година appeared first on Република.

]]>
Шаќири од новото училиште „Гоце Делчев“ во Илинден: 1 септември е почеток на нови подвизи и успеси https://republika.mk/vesti/makedonija/shakjiri-od-novoto-uchilishte-goce-delchev-vo-ilinden-1-septemvri-e-pochetok-na-novi-podvizi-i-uspesi/ Thu, 01 Sep 2022 08:02:30 +0000 https://republika.mk/?p=546286

Први септември означува почеток на нови подвизи и нови успеси. Посебно сум среќен што денеска ве гледам радосни и што заедно го пуштаме во употреба овој нов објект каде ќе ги имате вашите спомени, вашите успеси и достигнувања, истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири кој утрово, на првиот училиштен ден, го посети новоизграденото Основно училиште „Гоце Делчев“ во општина Илинден.

Шаќири им посака успех во работата и на наставниците, порачувајќи децата да бидат мотивација за сите, како што рече, „каде треба да се движиме и како да работиме“.

Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски на приредбата во училишниот хол рече дека новото училиште ќе биде место каде што децата ќе се дружат, ќе запознаваат другарчиња и ќе се градат како личности.

Наша обврска е да обезбедиме услови за секое дете и заедно да изградиме генерација со која ќе се гордееме, рече Георгиевски.

Соопшти дека со новото училиште, првпат во општина Илинден се обезбедува дневен престој за учениците од прво одделение, ужинки за сите ученици, сензорна соба за деца со попречености и комплетно опремени училници по највисоки стандарди.

Добредојде на свечениот, прв училиштен ден им посака и директорката на ОУ „Гоце Делчев“  Душанка Крстевска, која посочи дека од година во година се зголемува бројот на првачиња и ученици во општината и дека во оваа учебна година имаат 122 првачиња, меѓу кои четири пара близначиња, распоредени во пет паралелки.

Новоизграденото училиште има 14 училници, наставничка канцеларија, конференциска сала, пет тоалети и три простории за кујна со трпезарии. Има и сензорна соба за поголема инклузија на децата со попреченост.

По повод почетокот на учебната 2022/2023 година, ресорниот министер Шаќири претпладнево ќе го посети и ОУ Наим Фрашери“ во тетовска Мала Речица, а потоа и ОУ „Васил Главинов“ во општина Чаир

The post Шаќири од новото училиште „Гоце Делчев“ во Илинден: 1 септември е почеток на нови подвизи и успеси appeared first on Република.

]]>

Први септември означува почеток на нови подвизи и нови успеси. Посебно сум среќен што денеска ве гледам радосни и што заедно го пуштаме во употреба овој нов објект каде ќе ги имате вашите спомени, вашите успеси и достигнувања, истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири кој утрово, на првиот училиштен ден, го посети новоизграденото Основно училиште „Гоце Делчев“ во општина Илинден. Шаќири им посака успех во работата и на наставниците, порачувајќи децата да бидат мотивација за сите, како што рече, „каде треба да се движиме и како да работиме“. Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски на приредбата во училишниот хол рече дека новото училиште ќе биде место каде што децата ќе се дружат, ќе запознаваат другарчиња и ќе се градат како личности.
Наша обврска е да обезбедиме услови за секое дете и заедно да изградиме генерација со која ќе се гордееме, рече Георгиевски.
Соопшти дека со новото училиште, првпат во општина Илинден се обезбедува дневен престој за учениците од прво одделение, ужинки за сите ученици, сензорна соба за деца со попречености и комплетно опремени училници по највисоки стандарди. Добредојде на свечениот, прв училиштен ден им посака и директорката на ОУ „Гоце Делчев“  Душанка Крстевска, која посочи дека од година во година се зголемува бројот на првачиња и ученици во општината и дека во оваа учебна година имаат 122 првачиња, меѓу кои четири пара близначиња, распоредени во пет паралелки. Новоизграденото училиште има 14 училници, наставничка канцеларија, конференциска сала, пет тоалети и три простории за кујна со трпезарии. Има и сензорна соба за поголема инклузија на децата со попреченост. По повод почетокот на учебната 2022/2023 година, ресорниот министер Шаќири претпладнево ќе го посети и ОУ Наим Фрашери“ во тетовска Мала Речица, а потоа и ОУ „Васил Главинов“ во општина Чаир

The post Шаќири од новото училиште „Гоце Делчев“ во Илинден: 1 септември е почеток на нови подвизи и успеси appeared first on Република.

]]>
Koвачевски со честитка до првачињата и учениците https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-so-chestitka-do-prvachinjata-i-uchenicite/ Thu, 01 Sep 2022 07:38:48 +0000 https://republika.mk/?p=546274

Премиерот Димитар Ковачевски утрово им го честиташе првиот училишен ден на првачињата и останатите ученици и им посака успешен почеток на новата учебна година.

Верувајте во себе, прашувајте, преиспитувајте, истражувајте и бидете креативни, бидејќи детството и младоста се периодот кои се клучни за понатамошниот личен развој.
Ви посакувам многу нови другарства кои ќе траат цел живот.
Образованието е една од најважните инвестиции во животот, затоа продолжуваме со реформите и вложувањата во подобри услови за настава со што обезбедуваме пристап до квалитетно образование за секое дете, порача Ковачевски.

The post Koвачевски со честитка до првачињата и учениците appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски утрово им го честиташе првиот училишен ден на првачињата и останатите ученици и им посака успешен почеток на новата учебна година.
Верувајте во себе, прашувајте, преиспитувајте, истражувајте и бидете креативни, бидејќи детството и младоста се периодот кои се клучни за понатамошниот личен развој. Ви посакувам многу нови другарства кои ќе траат цел живот. Образованието е една од најважните инвестиции во животот, затоа продолжуваме со реформите и вложувањата во подобри услови за настава со што обезбедуваме пристап до квалитетно образование за секое дете, порача Ковачевски.

The post Koвачевски со честитка до првачињата и учениците appeared first on Република.

]]>
Учениците без книги, власта вели дека е подготвена за новата учебна година https://republika.mk/vesti/makedonija/uchenicite-bez-knigi-vlasta-veli-deka-e-podgotvena-za-novata-uchebna-godina/ Wed, 31 Aug 2022 12:00:27 +0000 https://republika.mk/?p=546068

Учебната година ја почнуваме далеку поподготвени од неколкуте изминати години, учениците од првиот ден ќе имаат учебници и помошни материјали. Ги повикувам директорите да бидат ажурни и да ги преземат од општините, рече денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

На прес-конференција на која направи осврт за работата на МОН откако тој го предводи, Шаќири рече дека интензивно се работело на новите наставни програми за прво, второ, четврто и петто одделение, за кои Бирото за развој на образованието  подготвило интересни и интерактивни содржини и се изработуваат нови учебници. Тие со во различна фаза на одобрување, а за да имаат учениците од што да учат, подготвени се материјали за учење за првото тримесечје.

Шаќири потсети дека во изминатиот период со СОНК е постигнато, како што рече, историско покачување од 15 проценти за платите на наставниците кои ќе ги добијат со септемвриската плата. Со Синдикатот ќе следува дефинирање и потпишување нови колективни договори за основно и за средно образование и ќе бидат во дијалог за политики за подобрување на квалитетот на образованието.

На прес-конференцијата во Владата Шаќири истакна дека е значително зголемен бројот на образовни асистенти финансирани од буџетот на МОН кои ќе работат со ученици со атипичен развој вклучени во редовната настава – од 500 лани, оваа учебна година ќе бидат 720.

Посочи на зголемениот број дуални паралелки за унапредување на средното стручно образование – од 97 минатата година, сега се 200 со опфатени 2700 ученици, минатата година биле вклучени 250 компании, а во оваа година се вклучени 400 компании во овој проект.

The post Учениците без книги, власта вели дека е подготвена за новата учебна година appeared first on Република.

]]>

Учебната година ја почнуваме далеку поподготвени од неколкуте изминати години, учениците од првиот ден ќе имаат учебници и помошни материјали. Ги повикувам директорите да бидат ажурни и да ги преземат од општините, рече денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири. На прес-конференција на која направи осврт за работата на МОН откако тој го предводи, Шаќири рече дека интензивно се работело на новите наставни програми за прво, второ, четврто и петто одделение, за кои Бирото за развој на образованието  подготвило интересни и интерактивни содржини и се изработуваат нови учебници. Тие со во различна фаза на одобрување, а за да имаат учениците од што да учат, подготвени се материјали за учење за првото тримесечје. Шаќири потсети дека во изминатиот период со СОНК е постигнато, како што рече, историско покачување од 15 проценти за платите на наставниците кои ќе ги добијат со септемвриската плата. Со Синдикатот ќе следува дефинирање и потпишување нови колективни договори за основно и за средно образование и ќе бидат во дијалог за политики за подобрување на квалитетот на образованието. На прес-конференцијата во Владата Шаќири истакна дека е значително зголемен бројот на образовни асистенти финансирани од буџетот на МОН кои ќе работат со ученици со атипичен развој вклучени во редовната настава – од 500 лани, оваа учебна година ќе бидат 720. Посочи на зголемениот број дуални паралелки за унапредување на средното стручно образование – од 97 минатата година, сега се 200 со опфатени 2700 ученици, минатата година биле вклучени 250 компании, а во оваа година се вклучени 400 компании во овој проект.

The post Учениците без книги, власта вели дека е подготвена за новата учебна година appeared first on Република.

]]>
Настава без антиковид-мерки, ќе доцнат учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение https://republika.mk/vesti/makedonija/nastava-bez-antikovid-merki-kje-docnat-uchebnicite-za-prvo-vtoro-chetvrto-i-petto-oddelenie/ Tue, 30 Aug 2022 09:27:19 +0000 https://republika.mk/?p=545537

Наставата од новата учебна 2022/2023 година ќе се реализира во отворени училишта и без антиковид-протоколи и обврска за носење заштитни маски.

Засега не се предвидуваат никакви дополнителни превентивни мерки, освен оние што се актуелни и во сила – за болниците, јавниот превоз, аптеките и за домовите за стари лица. Конкретно за училиштата, засега нема, изјави за МИА д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

Учебната година задутре ќе почне за околу 255 илјади основци и средношколци. За учениците од второ и од петто одделение има нови наставни програми според Концепцијата за основно образование која од лани се спроведува етапно.

За овие ученици, како и за тие од прво и четврто, учебниците ќе доцнат поради измената на наставните програми кои се во различни фази на одобрување.

Министерството за образование наука соопшти дека за да се задржи континуитетот, заедно со Бирото за развој на образованието има подготвено соодветни наставни материјали за овие ученици од кои ќе учат на почетокот на учебната година.

За останатите одделенија, за кои важат старите наставни програми, како и за средното образование, учебниците ќе бидат навреме доставени. Учебниците од четврто и погорните одделенија освен во печатен, ќе бидат достапни и во дигитален формат на порталот e-ucebnici.mon.gov.mk. хс/лв/

The post Настава без антиковид-мерки, ќе доцнат учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение appeared first on Република.

]]>

Наставата од новата учебна 2022/2023 година ќе се реализира во отворени училишта и без антиковид-протоколи и обврска за носење заштитни маски.
Засега не се предвидуваат никакви дополнителни превентивни мерки, освен оние што се актуелни и во сила – за болниците, јавниот превоз, аптеките и за домовите за стари лица. Конкретно за училиштата, засега нема, изјави за МИА д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.
Учебната година задутре ќе почне за околу 255 илјади основци и средношколци. За учениците од второ и од петто одделение има нови наставни програми според Концепцијата за основно образование која од лани се спроведува етапно. За овие ученици, како и за тие од прво и четврто, учебниците ќе доцнат поради измената на наставните програми кои се во различни фази на одобрување. Министерството за образование наука соопшти дека за да се задржи континуитетот, заедно со Бирото за развој на образованието има подготвено соодветни наставни материјали за овие ученици од кои ќе учат на почетокот на учебната година. За останатите одделенија, за кои важат старите наставни програми, како и за средното образование, учебниците ќе бидат навреме доставени. Учебниците од четврто и погорните одделенија освен во печатен, ќе бидат достапни и во дигитален формат на порталот e-ucebnici.mon.gov.mk. хс/лв/

The post Настава без антиковид-мерки, ќе доцнат учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение appeared first on Република.

]]>
Од 1 септември второодделенците ќе учат за идентитети, во петто се спојуваат Историја и Општество https://republika.mk/vesti/makedonija/od-1-septemvri-vtorooddelencite-kje-uchat-za-identiteti-vo-petto-se-spojuvaat-istorija-i-opshtestvo/ Sun, 07 Aug 2022 17:22:07 +0000 https://republika.mk/?p=537729

Од септември, во петто одделение се спојуваат предметите Историја и Општество, додека пак учениците од второ одделение ќе изучуваат родови, етнички и национални идентитети, пренесува Телма.

Преку овие новини, идните ученици од второ одделение ќе треба да учат како да се справуваат и како да ги препознаваат емоциите, а за предметот Општество ќе треба да ги идентификуваат идентитетите, согласно новата концепција за основно образование.

Ученикот треба да ги идентификува различните компоненти на сопствениот идентитет кој се гради врз основа на припадноста на различни социјални групи, како на пример, родов, етнички и национален идентитет и на различните улоги кои ги има во животот, се вели во наставната програма за второ одделение.

За предметот Општество за второ одделение, во делот за дигитална писменост, личен и социјален развој и техника и технологија се наведува дека ученикот ќе треба да знае да процени кога и на кој начин за решавање на одредена задача е потребно користење на информатички комуникациски технологии.

За да можат просветните работници да ја спроведат дигитализацијата, наставната програма предвидува користење на компјутер, проектор и други дигитални уреди но и сложувалки и логички игри.

Новитет кај учениците од петто одделение ќе биде фузијата на предметите Историја и Општество кои наместо посебни како досега, ќе се изучуваат од еден учебник. Во наставната програма се вели дека до крајот на годината, учениците треба да имаат чувство на припадност кон државата.

Ученикот треба да знае да ги идентификува и почитува сите национални симболи на Република Македонија и да манифестира чувство на припадност кон државата. Ученикот треба да ги идентификува географските карактеристики на континентите, регионите и државите во светот и да ги поврзува со нивнот општествен развој, се вели во наставната програма.

Наставниците, според наставната програма ќе треба да обезбеди инклузивност на сите ученици. Учебниците според информации на ТВ Телма, се уште не се испечатени со новините, а информации нема ниту од министерството за образование дали сите училишта се снабдени со помошните техничко-технолошки помагала.

The post Од 1 септември второодделенците ќе учат за идентитети, во петто се спојуваат Историја и Општество appeared first on Република.

]]>

Од септември, во петто одделение се спојуваат предметите Историја и Општество, додека пак учениците од второ одделение ќе изучуваат родови, етнички и национални идентитети, пренесува Телма. Преку овие новини, идните ученици од второ одделение ќе треба да учат како да се справуваат и како да ги препознаваат емоциите, а за предметот Општество ќе треба да ги идентификуваат идентитетите, согласно новата концепција за основно образование.
Ученикот треба да ги идентификува различните компоненти на сопствениот идентитет кој се гради врз основа на припадноста на различни социјални групи, како на пример, родов, етнички и национален идентитет и на различните улоги кои ги има во животот, се вели во наставната програма за второ одделение.
За предметот Општество за второ одделение, во делот за дигитална писменост, личен и социјален развој и техника и технологија се наведува дека ученикот ќе треба да знае да процени кога и на кој начин за решавање на одредена задача е потребно користење на информатички комуникациски технологии. За да можат просветните работници да ја спроведат дигитализацијата, наставната програма предвидува користење на компјутер, проектор и други дигитални уреди но и сложувалки и логички игри. Новитет кај учениците од петто одделение ќе биде фузијата на предметите Историја и Општество кои наместо посебни како досега, ќе се изучуваат од еден учебник. Во наставната програма се вели дека до крајот на годината, учениците треба да имаат чувство на припадност кон државата.