нов Archives - Република https://republika.mk/tema/nov/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Sep 2024 16:37:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нов Archives - Република https://republika.mk/tema/nov/ 32 32 Макрон го назначи новиот француски премиер https://republika.mk/vesti/svet/makron-go-naznachi-noviot-frantsuski-premier/ Thu, 05 Sep 2024 16:37:25 +0000 https://republika.mk/?p=813615

Францускиот претседател Емануел Макрон го назначи поранешниот еврокомесар и преговарач за Брегзит Мишел Барние (73) за нов премиер на Франција. Тој побарал од Барние да „формира влада на национално единство во служба на земјата“.

Барние е десничар, ветеран на Републиканска партија,. Тој имаше долга политичка кариера и имаше различни високи позиции, како во Франција, така и во ЕУ.

Сега ќе треба да формира влада која ќе треба да го „преживее“ Националното собрание поделено на три големи политички блока, од кои ниту еден не може да формира јасно мнозинство.

Политичарот и дипломат ги предводеше преговорите на Европската комисија за Брегзит со Лондон, откако Британија гласаше за напуштање на ЕУ во 2016 година. Тогаш тој го обезбеди договорот за Брегзит кој стапи на сила во 2019 година, по навидум бескрајните рунди преговори со неговите британски колеги.

Во 2021 година, Барние беше назначен за специјален советник на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Пред да се пресели во Брисел, Барние, меѓу другото, беше и министер за надворешни работи на Франција.

Пред три години Барние посочи дека сака да го предизвика претседателот Макрон на изборите, велејќи дека сака да ја ограничи и преземе контролата врз имиграцијата. На крајот не успеа да биде избран за кандидат од неговата партија.

Барние ќе биде најстариот премиер на Франција од формирањето на Петтата република во 1958 година.

Тој треба да го наследи Габриел Атале, најмладиот француски премиер досега, кој првпат беше назначен за премиер од претседателот Макрон на почетокот на 2024 година и кој ја извршуваше таа функција од јули.

 

The post Макрон го назначи новиот француски премиер appeared first on Република.

]]>

Францускиот претседател Емануел Макрон го назначи поранешниот еврокомесар и преговарач за Брегзит Мишел Барние (73) за нов премиер на Франција. Тој побарал од Барние да „формира влада на национално единство во служба на земјата“. Барние е десничар, ветеран на Републиканска партија,. Тој имаше долга политичка кариера и имаше различни високи позиции, како во Франција, така и во ЕУ. Сега ќе треба да формира влада која ќе треба да го „преживее“ Националното собрание поделено на три големи политички блока, од кои ниту еден не може да формира јасно мнозинство. Политичарот и дипломат ги предводеше преговорите на Европската комисија за Брегзит со Лондон, откако Британија гласаше за напуштање на ЕУ во 2016 година. Тогаш тој го обезбеди договорот за Брегзит кој стапи на сила во 2019 година, по навидум бескрајните рунди преговори со неговите британски колеги. Во 2021 година, Барние беше назначен за специјален советник на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Пред да се пресели во Брисел, Барние, меѓу другото, беше и министер за надворешни работи на Франција. Пред три години Барние посочи дека сака да го предизвика претседателот Макрон на изборите, велејќи дека сака да ја ограничи и преземе контролата врз имиграцијата. На крајот не успеа да биде избран за кандидат од неговата партија. Барние ќе биде најстариот премиер на Франција од формирањето на Петтата република во 1958 година. Тој треба да го наследи Габриел Атале, најмладиот француски премиер досега, кој првпат беше назначен за премиер од претседателот Макрон на почетокот на 2024 година и кој ја извршуваше таа функција од јули.  

The post Макрон го назначи новиот француски премиер appeared first on Република.

]]>
Откриен е „Зосурабалпин“, нов антибиотик што делува против смртоносни супербактерии https://republika.mk/zivot/zdravje/otkrien-e-zosurabalpin-nov-antibiotik-shto-deluva-protiv-smrtonosni-superbakterii/ Thu, 04 Jan 2024 08:08:20 +0000 https://republika.mk/?p=729476

Научниците од фармацевтската компанија „Рош“, со седиште во Базел, Швајцарија, тврдат дека е развиен нов антибиотик - „Зосурабалпин“, што е делотворен против отпорноста на супербактеријата „Acinetobacter baumannii“.

Оваа супербактерија е идентификувана од страна на Светската здравствена организација како итна закана за којашто се потребни нови антибиотици, бидејќи бактеријата брзо се шири во болниците и е отпорна на постоечките лекови. Тимот научници предводен од Мајкл Лобриц и Кенет Бредли, врз основа на проучување на околу 45.000 синтетички пептиди (молекули што досега не биле основа на повеќето антибиотици, а ги има во природата), идентификувале неколку молекули со антибактериска активност. Така е избрана една, што потоа е оптимизирана заради поголема безбедност и делотворност, пренесува порталот „Паис“ (Pais).

Научен напис објавен во списанието „Нејчр“ (Nature), дополнува дека преносниот систем на тн. липополисахариди делува на површината на клетката за да создаде надворешна мембрана како антибиотична заштита.

Лекот што веќе излечил глувци од пневмонија предизвикана од „A. baumannii“, почна да се користи и кај луѓе, се наведува, за да се испита неговата безбедност при лекувањето.

Овие сознанија се полезни и за потрага по нови соединенија насочени кон неутрализирање на опасните бактерии и создавање алатки против нивната отпорност. Тоа, се наведува, е проблем којшто, според некои проценки, може да биде главна причина за смртноста во светот до 2050 година.

The post Откриен е „Зосурабалпин“, нов антибиотик што делува против смртоносни супербактерии appeared first on Република.

]]>

Научниците од фармацевтската компанија „Рош“, со седиште во Базел, Швајцарија, тврдат дека е развиен нов антибиотик - „Зосурабалпин“, што е делотворен против отпорноста на супербактеријата „Acinetobacter baumannii“. Оваа супербактерија е идентификувана од страна на Светската здравствена организација како итна закана за којашто се потребни нови антибиотици, бидејќи бактеријата брзо се шири во болниците и е отпорна на постоечките лекови. Тимот научници предводен од Мајкл Лобриц и Кенет Бредли, врз основа на проучување на околу 45.000 синтетички пептиди (молекули што досега не биле основа на повеќето антибиотици, а ги има во природата), идентификувале неколку молекули со антибактериска активност. Така е избрана една, што потоа е оптимизирана заради поголема безбедност и делотворност, пренесува порталот „Паис“ (Pais). Научен напис објавен во списанието „Нејчр“ (Nature), дополнува дека преносниот систем на тн. липополисахариди делува на површината на клетката за да создаде надворешна мембрана како антибиотична заштита. Лекот што веќе излечил глувци од пневмонија предизвикана од „A. baumannii“, почна да се користи и кај луѓе, се наведува, за да се испита неговата безбедност при лекувањето. Овие сознанија се полезни и за потрага по нови соединенија насочени кон неутрализирање на опасните бактерии и создавање алатки против нивната отпорност. Тоа, се наведува, е проблем којшто, според некои проценки, може да биде главна причина за смртноста во светот до 2050 година.

The post Откриен е „Зосурабалпин“, нов антибиотик што делува против смртоносни супербактерии appeared first on Република.

]]>
Избран нов премиер на Казахстан https://republika.mk/vesti/svet/izbran-nov-premier-na-kazahstan/ Tue, 11 Jan 2022 08:52:17 +0000 https://republika.mk/?p=442951

Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев го номинираше Алихан Смаилов за премиер во вторникот, а Долниот дом на парламентот гласаше за него за време на седницата.

Смаилов (49) беше првиот вицепремиер во претходната влада, која Токаев ја смени минатата недела поради насилните немири во централноазиската земја богата со нафта.

Безбедносните сили на Казахстан уапсија вкупно 7.939 лица, соопшти Министерството за внатрешни работи, за време на протестите кои се претворија во најголемото насилство во постсоветската историја на оваа централноазиска земја.

Владините згради беа накратко окупирани или запалени во неколку градови минатата недела, откако мирните протести против поскапувањето на горивото прераснаа во насилни.

Властите ги обвинија „екстремистите“ и „терористите“ за насилството, од кои некои велат дека се странци.

The post Избран нов премиер на Казахстан appeared first on Република.

]]>

Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев го номинираше Алихан Смаилов за премиер во вторникот, а Долниот дом на парламентот гласаше за него за време на седницата. Смаилов (49) беше првиот вицепремиер во претходната влада, која Токаев ја смени минатата недела поради насилните немири во централноазиската земја богата со нафта. Безбедносните сили на Казахстан уапсија вкупно 7.939 лица, соопшти Министерството за внатрешни работи, за време на протестите кои се претворија во најголемото насилство во постсоветската историја на оваа централноазиска земја. Владините згради беа накратко окупирани или запалени во неколку градови минатата недела, откако мирните протести против поскапувањето на горивото прераснаа во насилни. Властите ги обвинија „екстремистите“ и „терористите“ за насилството, од кои некои велат дека се странци.

The post Избран нов премиер на Казахстан appeared first on Република.

]]>