нотар Archives - Република https://republika.mk/tema/notar/ За подобро да се разбереме Wed, 31 Jul 2024 20:54:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нотар Archives - Република https://republika.mk/tema/notar/ 32 32 Славески: Лиценците за нотар биле продавани за суми до стотина илјади евра https://republika.mk/vesti/skopje/slaveski-litsentsite-za-notar-bile-prodavani-za-sumi-do-stotina-iljadi-evra/ Wed, 31 Jul 2024 20:53:15 +0000 https://republika.mk/?p=802112

Еден правник, кој на поодминато доба стана професор на еден факултет надвор од Скопје, пред повеќе години ми ги отвори очите за функционирање на еден разработен модел на корупција во високото образование во Македонија. Човекот со претходно искуство од неколку децении во практиката, за да биде примен на факултетот, дал позамашна сума поткуп на факултететслите власти, веројатно на тогашниот декан пишува Трајко Слевески.

За да си ја поврати оваа своја „инвестиција“, новопечениот професор бил „принуден“ да зема мито за полагање на испити од студентите.Имам сознанија дека ваквата шема функционирала и на други високообразовни институции во земјата.

Како и многумина, со неверување ја примив веста, лиферувана веднаш по завршувањето на парламентарните избори, дека со потпис на поранешниот министер за правда, господинот Кренер Лога, тогаш во заминување, била објавена одлука за десеткратно зголемување на цените на нотарските услуги во Македонија.

Некако истовремено, до мене допре информацијата дека лиценците за нотар, преку посредници, биле продавани за суми кои достигнуваат стотина илјади евра!

Бог знае каде завршувале тие „црни“ пари, но секој мирјанин може да го посочи одговорот на ова прашање.

Интересно е што одлуката за десеткрстно зголемување на цените на нотарските услуги била донесена во февруари, но објавена веднаш по парламентарните избори, со одложено дејство за стапување во сила во септември оваа година.

 

Навидум, звучи многу паметно! На потенцијалните апликанти за лиценца за нотар уште во февруари им се дало до знаење дека нивните услуги ќе може да ги нудат по десеткратно повисоки цени. Вака, за релативно кратко време, ќе можат да си ја повратат „инвестицијата“ од околу стотина илјади евра во форма на поткуп што ќе ги дадат „на рака“ за лиценцата.

Се разбира, истата „бенфиција“ важи и за имателите на лиценци кои претходно платиле за можноста за отворање нотарска канцеларија, а се уште не си ја повратиле „инвестицијата“ (поткупот).

Значи, кајмакот ќе го собере давателот на лиценцата, а „стапот“ ќе го јаде новиот министер за правда, т.е. новата влада, поради револтот од високите цени на нотарските услуги со стапувањето во сила на новиот ценовник од септември.

Што треба да направи новиот министер за правда, г-динот Филков, со поддршка на Владата?

Постои начин да бидеме попаметни од претходните креатори на корупциската шема.

Нема сомнение дека одлуката за безобразното зголемување на цените на нотарските услуги треба веднаш да се укине. Но, со овој чин не се постигнува многу, тврди Славески

Мојот предлог е следен: цените на нотарските услуги се намалуваат за најмалку 50% со важност до крајот на годината. Се носи законски пропис со кој се амнестираат сите нотари кои ќе потврдат дека лиценцата ја купиле на „црно“ и ќе посочат кому ги дале парите.

Креаторите на оваа срамна корупциска шема се изведуваат пред суд. Од средствата прибрани со конфискација на нивниот имот, се обесштетуваат нотарите кои помогнале за откривање на корупцијата во случајот со издавање нотарски лиценци.

 

The post Славески: Лиценците за нотар биле продавани за суми до стотина илјади евра appeared first on Република.

]]>

Еден правник, кој на поодминато доба стана професор на еден факултет надвор од Скопје, пред повеќе години ми ги отвори очите за функционирање на еден разработен модел на корупција во високото образование во Македонија. Човекот со претходно искуство од неколку децении во практиката, за да биде примен на факултетот, дал позамашна сума поткуп на факултететслите власти, веројатно на тогашниот декан пишува Трајко Слевески.
За да си ја поврати оваа своја „инвестиција“, новопечениот професор бил „принуден“ да зема мито за полагање на испити од студентите.Имам сознанија дека ваквата шема функционирала и на други високообразовни институции во земјата. Како и многумина, со неверување ја примив веста, лиферувана веднаш по завршувањето на парламентарните избори, дека со потпис на поранешниот министер за правда, господинот Кренер Лога, тогаш во заминување, била објавена одлука за десеткратно зголемување на цените на нотарските услуги во Македонија. Некако истовремено, до мене допре информацијата дека лиценците за нотар, преку посредници, биле продавани за суми кои достигнуваат стотина илјади евра! Бог знае каде завршувале тие „црни“ пари, но секој мирјанин може да го посочи одговорот на ова прашање. Интересно е што одлуката за десеткрстно зголемување на цените на нотарските услуги била донесена во февруари, но објавена веднаш по парламентарните избори, со одложено дејство за стапување во сила во септември оваа година.   Навидум, звучи многу паметно! На потенцијалните апликанти за лиценца за нотар уште во февруари им се дало до знаење дека нивните услуги ќе може да ги нудат по десеткратно повисоки цени. Вака, за релативно кратко време, ќе можат да си ја повратат „инвестицијата“ од околу стотина илјади евра во форма на поткуп што ќе ги дадат „на рака“ за лиценцата. Се разбира, истата „бенфиција“ важи и за имателите на лиценци кои претходно платиле за можноста за отворање нотарска канцеларија, а се уште не си ја повратиле „инвестицијата“ (поткупот). Значи, кајмакот ќе го собере давателот на лиценцата, а „стапот“ ќе го јаде новиот министер за правда, т.е. новата влада, поради револтот од високите цени на нотарските услуги со стапувањето во сила на новиот ценовник од септември. Што треба да направи новиот министер за правда, г-динот Филков, со поддршка на Владата? Постои начин да бидеме попаметни од претходните креатори на корупциската шема.
Нема сомнение дека одлуката за безобразното зголемување на цените на нотарските услуги треба веднаш да се укине. Но, со овој чин не се постигнува многу, тврди Славески
Мојот предлог е следен: цените на нотарските услуги се намалуваат за најмалку 50% со важност до крајот на годината. Се носи законски пропис со кој се амнестираат сите нотари кои ќе потврдат дека лиценцата ја купиле на „црно“ и ќе посочат кому ги дале парите. Креаторите на оваа срамна корупциска шема се изведуваат пред суд. Од средствата прибрани со конфискација на нивниот имот, се обесштетуваат нотарите кои помогнале за откривање на корупцијата во случајот со издавање нотарски лиценци.
 

The post Славески: Лиценците за нотар биле продавани за суми до стотина илјади евра appeared first on Република.

]]>
На сила одзел предмет од нотарска канцеларија: На Камениот мост уапсен скопјанец https://republika.mk/vesti/crna-hronika/na-sila-odzel-predmet-od-notarska-kantselarija-na-kameniot-most-uapsen-skopjanets/ Sun, 16 Jul 2023 11:31:04 +0000 https://republika.mk/?p=661920

На 15 јули, во 09:45 часот на Камениот мост во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Р.(25) од Скопје.

Како што велат од МВР, тој се сомничи дека на 16.04.2023 со употреба на сила влегол во нотарска канцеларија на Е.М. и одзел предмет. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото.

Р.Р. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post На сила одзел предмет од нотарска канцеларија: На Камениот мост уапсен скопјанец appeared first on Република.

]]>

На 15 јули, во 09:45 часот на Камениот мост во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Р.(25) од Скопје. Како што велат од МВР, тој се сомничи дека на 16.04.2023 со употреба на сила влегол во нотарска канцеларија на Е.М. и одзел предмет. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото. Р.Р. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post На сила одзел предмет од нотарска канцеларија: На Камениот мост уапсен скопјанец appeared first on Република.

]]>
Пренџов ја објави изјавата заверена на нотар: Никогаш нема да гласам за да се промени македонскиот Устав https://republika.mk/vesti/makedonija/prendzov-ja-objavi-izjavata-zaverena-na-notar-nikogash-nema-da-glasam-za-da-se-promeni-makedonskiot-ustav/ Sat, 16 Jul 2022 15:22:57 +0000 https://republika.mk/?p=530029

Претеникот Љупчо Пренџов на својата официјална Фејсбук страница ја објави неговата изјава заверена на нотар дека никогаш нема да гласа за промени во македонскиот Устав.

Јас Љупчо Пренџов никогаш нема да гласам за да се промени македонскиот Устав ниту ќе поддржам било каква иницијатива, предлог или заклучок кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава. Оваа моја изјава е цврст доказ и истата е неотповиклива. ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, пишува тој во својата објава.

The post Пренџов ја објави изјавата заверена на нотар: Никогаш нема да гласам за да се промени македонскиот Устав appeared first on Република.

]]>

Претеникот Љупчо Пренџов на својата официјална Фејсбук страница ја објави неговата изјава заверена на нотар дека никогаш нема да гласа за промени во македонскиот Устав.
Јас Љупчо Пренџов никогаш нема да гласам за да се промени македонскиот Устав ниту ќе поддржам било каква иницијатива, предлог или заклучок кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава. Оваа моја изјава е цврст доказ и истата е неотповиклива. ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, пишува тој во својата објава.

The post Пренџов ја објави изјавата заверена на нотар: Никогаш нема да гласам за да се промени македонскиот Устав appeared first on Република.

]]>
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски ја објави нотарската изјава https://republika.mk/vesti/makedonija/potpretsedatelot-na-vmro-dpmne-vlado-misajlovski-ja-objavi-notarskata-izjava/ Sat, 16 Jul 2022 13:34:01 +0000 https://republika.mk/?p=529975

Ништо не е готово, заедно ќе победиме, сите пратеници се обврзуваме со нотарски изјави дека нема да поддржиме уставни измени.
Јас Владо Мисајловски никогаш нема да гласам да се промени македонскиот Устав ниту ќе поддржам било каква иницијатива, предлог или заклучок кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава. Оваа моја изјава е цврст доказ и истата е неотповиклива. ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!, напиша на фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Инаку, пратеникот Бојан Стојаноски прв ја објави својата изјава заверена на нотар.

Јас, Бојан Стојаноски, пратеник во македонското собрание, со мандат добиен од македонските граѓани на парламентарните избори во 2020 година, под полна морална, материјална и кривична одговорност изјавувам дека:

Нема да гласам за промена на македонскиот устав (“Службен весник на Република Македонија” бр. 52/1991) со цел внесување на бугарскиот народ во преамбулата или во било која одредба од истиот, ниту ќе поддржам било каква иницијатива, предлог или заклучок кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава.

Оваа моја изјава е дадена со чиста совест и истата е неотповиклива.
Никогаш, никогаш нема да дозволам тие што ми ја дале довербата, тие што ме познаваат, моите пријатели и семејството да одат со наведната глава.

Ние сме минливи, Македонија е ВЕЧНА !, напиша на фејсбук Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски ја објави нотарската изјава appeared first on Република.

]]>

Ништо не е готово, заедно ќе победиме, сите пратеници се обврзуваме со нотарски изјави дека нема да поддржиме уставни измени. Јас Владо Мисајловски никогаш нема да гласам да се промени македонскиот Устав ниту ќе поддржам било каква иницијатива, предлог или заклучок кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава. Оваа моја изјава е цврст доказ и истата е неотповиклива. ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!, напиша на фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Инаку, пратеникот Бојан Стојаноски прв ја објави својата изјава заверена на нотар.

Јас, Бојан Стојаноски, пратеник во македонското собрание, со мандат добиен од македонските граѓани на парламентарните избори во 2020 година, под полна морална, материјална и кривична одговорност изјавувам дека: Нема да гласам за промена на македонскиот устав (“Службен весник на Република Македонија” бр. 52/1991) со цел внесување на бугарскиот народ во преамбулата или во било која одредба од истиот, ниту ќе поддржам било каква иницијатива, предлог или заклучок кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава. Оваа моја изјава е дадена со чиста совест и истата е неотповиклива. Никогаш, никогаш нема да дозволам тие што ми ја дале довербата, тие што ме познаваат, моите пријатели и семејството да одат со наведната глава. Ние сме минливи, Македонија е ВЕЧНА !, напиша на фејсбук Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски ја објави нотарската изјава appeared first on Република.

]]>