НМК Archives - Република https://republika.mk/tema/nmk/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Sep 2024 13:33:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png НМК Archives - Република https://republika.mk/tema/nmk/ 32 32 НМК по сообраќајните знаци во Србија бил ненамерен пропуст, ќе корегираат https://republika.mk/vesti/makedonija/nmk-po-soobrakajnite-znatsi-vo-srbija-bil-nenameren-propust-ke-koregiraat/ Wed, 25 Sep 2024 13:33:06 +0000 https://republika.mk/?p=819584

Низ цела Србија на сообраќајните знаци Македонија е означена со НМК, што се спротивно на сите меѓународни договори и усвоениот меѓународен код МК или МКД. Од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговиjа во одговорот на прашањето на МКД.мк велат дека добиле ветување од Србија дека наскоро ќе биде поправена оваа грешка.

Велат дека во повеќе наврати, континуирано, по дипломатски пат било реагирано за несоодветната употреба на меѓународниот код на нашата држава врз сообраќајните знаци на автопатот Е75, на територијата на Србија, со укажување за погрешната употреба на меѓународниот код.

The post НМК по сообраќајните знаци во Србија бил ненамерен пропуст, ќе корегираат appeared first on Република.

]]>

Низ цела Србија на сообраќајните знаци Македонија е означена со НМК, што се спротивно на сите меѓународни договори и усвоениот меѓународен код МК или МКД. Од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговиjа во одговорот на прашањето на МКД.мк велат дека добиле ветување од Србија дека наскоро ќе биде поправена оваа грешка. Велат дека во повеќе наврати, континуирано, по дипломатски пат било реагирано за несоодветната употреба на меѓународниот код на нашата држава врз сообраќајните знаци на автопатот Е75, на територијата на Србија, со укажување за погрешната употреба на меѓународниот код.

The post НМК по сообраќајните знаци во Србија бил ненамерен пропуст, ќе корегираат appeared first on Република.

]]>
МВР: До 31 декември 2024 е продолжен рокот за ставање налепница https://republika.mk/vesti/makedonija/mvr-do-31-dekemvri-2024-e-prodolzhen-rokot-za-stavane-nalepnitsa/ Tue, 13 Feb 2024 15:29:57 +0000 https://republika.mk/?p=743714

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до 31 декември 2024 е продолжен рокот за ставање налепница на која е испишана ознаката „НМК“ односно за замена на регистарските таблички кои ја содржат ознаката „МК“ и на оние кои немаат никаква ознака.

МВР наведува дека тоа е утврдено во измените на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици на возилата, како и начинот и постапката на нивно издавање, кои вчера (12 февруари 2024) се објавени во „Службен весник“.

Исто така, ги информираме оние граѓани кои ќе бидат спречени од страна на граничните полициски службеници да направат излез од државата поради тоа што поседуваат патна исправа со името „Република Македонија“, дека можат да побараат писмено известување во кое ќе бидат наведени причините поради кои се оневозможени да направат излез, соопшти МВР.

The post МВР: До 31 декември 2024 е продолжен рокот за ставање налепница appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до 31 декември 2024 е продолжен рокот за ставање налепница на која е испишана ознаката „НМК“ односно за замена на регистарските таблички кои ја содржат ознаката „МК“ и на оние кои немаат никаква ознака. МВР наведува дека тоа е утврдено во измените на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици на возилата, како и начинот и постапката на нивно издавање, кои вчера (12 февруари 2024) се објавени во „Службен весник“.
Исто така, ги информираме оние граѓани кои ќе бидат спречени од страна на граничните полициски службеници да направат излез од државата поради тоа што поседуваат патна исправа со името „Република Македонија“, дека можат да побараат писмено известување во кое ќе бидат наведени причините поради кои се оневозможени да направат излез, соопшти МВР.

The post МВР: До 31 декември 2024 е продолжен рокот за ставање налепница appeared first on Република.

]]>
Бадијала граѓаните вадеа нови сообраќајни дозволи, Грција бара NMK и не прима возачи со документи МКД https://republika.mk/vesti/makedonija/badijala-graganite-vadea-novi-soobrakajni-dozvoli-grtsija-bara-nmk-i-ne-prima-vozachi-so-dokumenti-mkd/ Mon, 12 Feb 2024 14:06:45 +0000 https://republika.mk/?p=743278

Граѓани на Македонија кои денеска патувале за Грција се жалат дека биле вратени од гранични премини со јужниот сосед дури и со нови сообраќајни дозволи, објави „Експрес“.

За грчките граничари не е доволно што патниците извадиле нови сообраќајни дозволи со „Северна“ затоа што на нив се уште стоел кодот МК. Грчките граничари сега бараат наместо МК да стои кодот NMK.

Колкава грешка имаат направено Спасовски и владата се гледа од тоа што МВР воопшто не издава нови документи со НМК затоа што нема такви обрасци.

The post Бадијала граѓаните вадеа нови сообраќајни дозволи, Грција бара NMK и не прима возачи со документи МКД appeared first on Република.

]]>

Граѓани на Македонија кои денеска патувале за Грција се жалат дека биле вратени од гранични премини со јужниот сосед дури и со нови сообраќајни дозволи, објави „Експрес“. За грчките граничари не е доволно што патниците извадиле нови сообраќајни дозволи со „Северна“ затоа што на нив се уште стоел кодот МК. Грчките граничари сега бараат наместо МК да стои кодот NMK. Колкава грешка имаат направено Спасовски и владата се гледа од тоа што МВР воопшто не издава нови документи со НМК затоа што нема такви обрасци.  

The post Бадијала граѓаните вадеа нови сообраќајни дозволи, Грција бара NMK и не прима возачи со документи МКД appeared first on Република.

]]>
Нема да има казни, но ќе нема излез од државата за возилата без НМК https://republika.mk/vesti/makedonija/nema-da-ima-kazni-no-ke-nema-izlez-od-drzhavata-za-vozilata-bez-nmk/ Fri, 02 Feb 2024 19:58:43 +0000 https://republika.mk/?p=739877

Ознаките МК на регистарските таблички на возилата до 12-ти овој месец треба да бидат сменети со налепница на која пишува НМК, согласно дел од одредбите на Преспанскиот договор. Граѓаните се прашуваат дали повторно ќе се случи да треба да чекаат ред, сега за налепници. Од МВР велат дека тие ќе се подигаат во станицата за техничкиот преглед и ќе бидат бесплатни, а постапката ќе биде едноставна со тоа што сопственикот на возилото ќе ја подигне на шалтер и самиот ќе ја залепи на регистарската табличка.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nalepnitsite-nmk-za-tablitsite-ke-se-prodavaat-vo-stanitsite-za-tehnichki-pregled/

Но, што ќе се случи со оние кои нема да успеат да си набават налепница по 12 февруари. Претходно министерот Спасовски рече дека за оние кои немаат НМК ознака не се предвидени казни, но сепак, како што е случај со пасошите, тие возила нема да можат да излегуваат надвор од државата.

Со цел да не мора да се менуваат табличките, иако е тоа обврска од Преспанскиот договор, Министерството за внатрешни работи најде решение тоа да се надмине со лепење врз онаму каде што пишува МК да се залепи фактички налепница НМК и фактички тоа ќе биде решението да не се изложуваат граѓаните на дополнителни трошоци и овие налепници зависно од обемот на табличката ќе чинат од 30 до 50 денари, вели портпаролот Тони Ангеловски за ТВ21.

The post Нема да има казни, но ќе нема излез од државата за возилата без НМК appeared first on Република.

]]>

Ознаките МК на регистарските таблички на возилата до 12-ти овој месец треба да бидат сменети со налепница на која пишува НМК, согласно дел од одредбите на Преспанскиот договор. Граѓаните се прашуваат дали повторно ќе се случи да треба да чекаат ред, сега за налепници. Од МВР велат дека тие ќе се подигаат во станицата за техничкиот преглед и ќе бидат бесплатни, а постапката ќе биде едноставна со тоа што сопственикот на возилото ќе ја подигне на шалтер и самиот ќе ја залепи на регистарската табличка. https://republika.mk/vesti/makedonija/nalepnitsite-nmk-za-tablitsite-ke-se-prodavaat-vo-stanitsite-za-tehnichki-pregled/ Но, што ќе се случи со оние кои нема да успеат да си набават налепница по 12 февруари. Претходно министерот Спасовски рече дека за оние кои немаат НМК ознака не се предвидени казни, но сепак, како што е случај со пасошите, тие возила нема да можат да излегуваат надвор од државата.
Со цел да не мора да се менуваат табличките, иако е тоа обврска од Преспанскиот договор, Министерството за внатрешни работи најде решение тоа да се надмине со лепење врз онаму каде што пишува МК да се залепи фактички налепница НМК и фактички тоа ќе биде решението да не се изложуваат граѓаните на дополнителни трошоци и овие налепници зависно од обемот на табличката ќе чинат од 30 до 50 денари, вели портпаролот Тони Ангеловски за ТВ21.
 
The post Нема да има казни, но ќе нема излез од државата за возилата без НМК appeared first on Република.

]]>
Налепниците „NMK“ за таблиците ќе се продаваат во станиците за технички преглед https://republika.mk/vesti/makedonija/nalepnitsite-nmk-za-tablitsite-ke-se-prodavaat-vo-stanitsite-za-tehnichki-pregled/ Fri, 02 Feb 2024 08:53:12 +0000 https://republika.mk/?p=739621

Сопствениците на возила, заклучно со 12 февруари годинава мора да извршат промена на ознаката „МК“ на регистарските таблички со новата ознака „NMK“. Налепниците со новата ознака „НМК“ ќе чинат најмногу 50 денари, а ќе можат да се набават во станиците за технички преглед.

Од Министерството за внатрешни работи појаснуваат дека согласно Рамковната спогодба за набавка на регистарски таблици, склучен бил договор за нарачка со избраниот економски оператор, за што течат законските рокови за испорака на налепниците.

Согласно решението за изменување и дополнување на решението за цените на обрасците што ги издава Министерството за внатрешни работи, објавено во Службен весник на Република Македонија број 2 од 03.01.2024, цените на налепниците ќе се движат од 30 до 50 денари, наведуваат од МВР.

Според претходните најави од МВР, тие ќе бидат доставени до станиците за техничките прегледи, каде што граѓаните ќе може да си ги купат.

Обврската за користење на кодот „NMK“ на регистарските таблички е од Преспанскиот договор.

The post Налепниците „NMK“ за таблиците ќе се продаваат во станиците за технички преглед appeared first on Република.

]]>

Сопствениците на возила, заклучно со 12 февруари годинава мора да извршат промена на ознаката „МК“ на регистарските таблички со новата ознака „NMK“. Налепниците со новата ознака „НМК“ ќе чинат најмногу 50 денари, а ќе можат да се набават во станиците за технички преглед. Од Министерството за внатрешни работи појаснуваат дека согласно Рамковната спогодба за набавка на регистарски таблици, склучен бил договор за нарачка со избраниот економски оператор, за што течат законските рокови за испорака на налепниците.
Согласно решението за изменување и дополнување на решението за цените на обрасците што ги издава Министерството за внатрешни работи, објавено во Службен весник на Република Македонија број 2 од 03.01.2024, цените на налепниците ќе се движат од 30 до 50 денари, наведуваат од МВР.
Според претходните најави од МВР, тие ќе бидат доставени до станиците за техничките прегледи, каде што граѓаните ќе може да си ги купат. Обврската за користење на кодот „NMK“ на регистарските таблички е од Преспанскиот договор.

The post Налепниците „NMK“ за таблиците ќе се продаваат во станиците за технички преглед appeared first on Република.

]]>
СДСМ ни ја наметна, а народот плаќа за Cеверна: По 12 февруари мора да се вози со НМК наместо МК https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-ni-ja-nametna-a-narodot-plaka-za-ceverna-po-12-fevruari-mora-da-se-vozi-so-nmk-namesto-mk/ Thu, 01 Feb 2024 16:35:20 +0000 https://republika.mk/?p=739479

Министерството за внатрешни работи во декември минатата година склучи договор за набавка на нови регистерски таблици и на налепници за регистрациите на кои ознаката „МК“ ќе се замени со „НМК“.

Договорот е склучен со фирмата „Квантум дооел Скопје“, а производител на табличките е германската фирма „ЕХА Хофман“.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека согласно Рамковната спогодба за набавка на регистарски таблици, склучен е договор за нарачка со избраниот економски оператор, за што течат законските рокови за испорака на налепниците. Цените на налепниците ќе се движат од 30 до 50 денари.

Граѓаните најдоцна до 12 февруари треба да ги променат регистарските таблички и на нив да има ознака „НМК“ наместо досегашната „МК“, обврска која произлегува од Преспанскиот договор.

The post СДСМ ни ја наметна, а народот плаќа за Cеверна: По 12 февруари мора да се вози со НМК наместо МК appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи во декември минатата година склучи договор за набавка на нови регистерски таблици и на налепници за регистрациите на кои ознаката „МК“ ќе се замени со „НМК“. Договорот е склучен со фирмата „Квантум дооел Скопје“, а производител на табличките е германската фирма „ЕХА Хофман“. Од Министерството за внатрешни работи велат дека согласно Рамковната спогодба за набавка на регистарски таблици, склучен е договор за нарачка со избраниот економски оператор, за што течат законските рокови за испорака на налепниците. Цените на налепниците ќе се движат од 30 до 50 денари. Граѓаните најдоцна до 12 февруари треба да ги променат регистарските таблички и на нив да има ознака „НМК“ наместо досегашната „МК“, обврска која произлегува од Преспанскиот договор.

The post СДСМ ни ја наметна, а народот плаќа за Cеверна: По 12 февруари мора да се вози со НМК наместо МК appeared first on Република.

]]>
Граѓаните ќе можат да избираат налепници со „НМК“ или нови таблички https://republika.mk/vesti/makedonija/graganite-ke-mozhat-da-izbiraat-nalepnitsi-so-nmk-ili-novi-tablichki/ Wed, 17 May 2023 16:23:52 +0000 https://republika.mk/?p=641878

На предлог на Министерството за внатрешни работи, Владата на Република Македонија на вчерашната седница ја усвои Информацијата во врска со потребата од ставање налепници со „НМК“ ознака на регистарските таблички.

Целта на ова решение за употреба на налепница со „НМК“ ознака, предложено од МВР како најсоодветно, функционално и економично решение, е да се избегнат дополнителни финансиски трошоци за граѓаните и правните лица за издавање повеќе нови документи, лиценци, сертификати, коишто се поврзани со бројот на регистарската табличка, а истовремено во целост се испочитува обврската за ознаката на новиот код на Република Македонија.

Покрај ова, со ова решение им се овозможува олеснување и на транспортерите кои патуваат во ЕУ, со што ќе ги задржат постојните таблички на транспортните возила, а истовремено ќе бидат заштитени од потребата за промена во целокупната документација во државите членки на ЕУ каде што извршуваат транспортни услуги.

За операционализација на наведениот предлог Министерството за внатрешни работи веќе подготвува измена на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблички, формата и содржината на регистарските таблички и на пробните таблички на возилата, како и начинот и постапката на нивно издавање.

Со измената на правилникот ќе се предвиди можност на сите регистарски таблички кои ја содржат буквената ознака „МК“, на местото на кое е поставена ознаката „МК“, да се стави налепница на која е испишана национална ознака „НМК“. На постарите регистарски таблички со три броја, кои не ја содржат буквената ознака „МК“, ќе се предвиди можност за ставање на  налепница со испишана национална ознака „НМК“ на просторот пред местото каде е испишано регистрационото подрачје.

Притоа, оставена е можност за избор на граѓаните, што значи физичките и правни лица доколку не сакаат да стават налепница на постојните регистарски таблички, можат да побараат и замена на старите со нови регистарски таблички.

The post Граѓаните ќе можат да избираат налепници со „НМК“ или нови таблички appeared first on Република.

]]>

На предлог на Министерството за внатрешни работи, Владата на Република Македонија на вчерашната седница ја усвои Информацијата во врска со потребата од ставање налепници со „НМК“ ознака на регистарските таблички. Целта на ова решение за употреба на налепница со „НМК“ ознака, предложено од МВР како најсоодветно, функционално и економично решение, е да се избегнат дополнителни финансиски трошоци за граѓаните и правните лица за издавање повеќе нови документи, лиценци, сертификати, коишто се поврзани со бројот на регистарската табличка, а истовремено во целост се испочитува обврската за ознаката на новиот код на Република Македонија. Покрај ова, со ова решение им се овозможува олеснување и на транспортерите кои патуваат во ЕУ, со што ќе ги задржат постојните таблички на транспортните возила, а истовремено ќе бидат заштитени од потребата за промена во целокупната документација во државите членки на ЕУ каде што извршуваат транспортни услуги. За операционализација на наведениот предлог Министерството за внатрешни работи веќе подготвува измена на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблички, формата и содржината на регистарските таблички и на пробните таблички на возилата, како и начинот и постапката на нивно издавање. Со измената на правилникот ќе се предвиди можност на сите регистарски таблички кои ја содржат буквената ознака „МК“, на местото на кое е поставена ознаката „МК“, да се стави налепница на која е испишана национална ознака „НМК“. На постарите регистарски таблички со три броја, кои не ја содржат буквената ознака „МК“, ќе се предвиди можност за ставање на  налепница со испишана национална ознака „НМК“ на просторот пред местото каде е испишано регистрационото подрачје. Притоа, оставена е можност за избор на граѓаните, што значи физичките и правни лица доколку не сакаат да стават налепница на постојните регистарски таблички, можат да побараат и замена на старите со нови регистарски таблички.

The post Граѓаните ќе можат да избираат налепници со „НМК“ или нови таблички appeared first on Република.

]]>
Замената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари https://republika.mk/vesti/makedonija/zamenata-na-registarskite-tablichki-so-oznakata-nmk-ke-gi-chini-graganite-od-1400-do-1500-denari/ Fri, 03 Feb 2023 08:43:20 +0000 https://republika.mk/?p=604121

Замената на регистарските таблички со ознака МК со нова НМК (NMK) граѓаните треба да ја направат во овластени станици за технички преглед, а тоа ќе ги чини од 1400 до 1500 денари. Министерството за внатрешни работи деновиве информираше дека граѓаните и правните субјекти, односно сопствениците на возила дека заклучно со 12.02.2024 мора да извршат промена на регистарските таблички со ознаката МК со ознаката НМК (NMK).

Сопствениците на возилата треба да поднесат барање за промена на регистарски таблици во овластени станици за технички преглед каде врз основа на барањето на шалтерот на МВР се поднесува барањето за промена на регистарски таблици и од страна на референтот на МВР се издава нова сообраќајна довола и нови регистарски таблици на трошок на сопственикот на возилото. Цената на сообраќајната дозвола е 200 денари, а цената на регистарските таблици е 1200 до 1300 денари во зависност од обликот на регистарската таблица, информираат од МВР.

Сопственикот на возилото треба да приложи сообраќајна дозвола и регистарски таблици и важечка лична карта или ако сопственикот е правно лице тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Македонија. Плаќањето се врши на пост терминал или на уплатница пп50.

Согласно Законот за возила, доколку возилото е во сообраќај со поинакви регистарски таблици од пропишаните предвидена е глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност.

The post Замената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари appeared first on Република.

]]>

Замената на регистарските таблички со ознака МК со нова НМК (NMK) граѓаните треба да ја направат во овластени станици за технички преглед, а тоа ќе ги чини од 1400 до 1500 денари. Министерството за внатрешни работи деновиве информираше дека граѓаните и правните субјекти, односно сопствениците на возила дека заклучно со 12.02.2024 мора да извршат промена на регистарските таблички со ознаката МК со ознаката НМК (NMK).
Сопствениците на возилата треба да поднесат барање за промена на регистарски таблици во овластени станици за технички преглед каде врз основа на барањето на шалтерот на МВР се поднесува барањето за промена на регистарски таблици и од страна на референтот на МВР се издава нова сообраќајна довола и нови регистарски таблици на трошок на сопственикот на возилото. Цената на сообраќајната дозвола е 200 денари, а цената на регистарските таблици е 1200 до 1300 денари во зависност од обликот на регистарската таблица, информираат од МВР.
Сопственикот на возилото треба да приложи сообраќајна дозвола и регистарски таблици и важечка лична карта или ако сопственикот е правно лице тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Македонија. Плаќањето се врши на пост терминал или на уплатница пп50. Согласно Законот за возила, доколку возилото е во сообраќај со поинакви регистарски таблици од пропишаните предвидена е глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност.

The post Замената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари appeared first on Република.

]]>
Османи тврди дека не треба да се употребува кратенката НМК: Кодовите на земјава се МК и МКД https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-tvrdi-deka-ne-treba-da-se-upotrebuva-kratenkata-nmk-kodovite-na-zemjava-se-mk-i-mkd/ Sat, 27 Aug 2022 11:41:40 +0000 https://republika.mk/?p=544683

Таму каде што во употребата се стандардот на ИСО класификациите, секаде за земјава се користат кратенките МК или МКД, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во одговор на новинарско прашање за наводна употреба на кратенката НМК за земјава во Советот на Европа.

Пример ќе ви го кажам случајот во НАТО. Во НАТО секаде е МКД. Но, при сликањето при распоредување, правилото е да се користи правата буква на државата и таму стои НМК на местото каде што се сликаат министрите. Затоа што такво е правилото. Треба да се смени распоредот на седење. Меѓутоа во документите каде што во употреба е ИСО класификацијата, секогаш е МКД. Така е и во Советот на Европа, така е и во секоја организација - истакна Османи.

Според него, не смееме да отвораме прашања, кои што се затворени, бидејќи кодовите на земјава се МК и МКД.

Неформалните места на распоредување на столчиња, дали ќе биде по првата буква и дали ќе седите до Норвешка или до Монтенегро (Црна Гора), е прашање кое е неформално и не е уредено со никакви регулативи - додаде Османи.

Во однос на тврдењето дека на табла на влезот во Советот на Европа била наведена кратенката НМК, Османи истакна дека ќе биде проверена ваквата информација.

Официјалната кратенка е МКД и само таква може да биде и никаква друга - потенцира Османи.

The post Османи тврди дека не треба да се употребува кратенката НМК: Кодовите на земјава се МК и МКД appeared first on Република.