никос дендијас Archives - Република https://republika.mk/tema/nikos-dendias/ За подобро да се разбереме Sun, 14 Jan 2024 19:51:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png никос дендијас Archives - Република https://republika.mk/tema/nikos-dendias/ 32 32 Грчката армија се подготвува за можна турска нестабилност по владеењето на Ердоган https://republika.mk/vesti/balkan/grchkata-armija-se-podgotvuva-za-mozhna-turska-nestabilnost-po-vladeeneto-na-erdogan/ Sun, 14 Jan 2024 19:51:46 +0000 https://republika.mk/?p=733035

Грција мора да ги подготви своите вооружени сили за можна „нестабилност“ по завршувањето на последниот мандат на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, изјави вечерва грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас.

„Што ќе се случи со Турција кога Ердоган ќе замине? Ние не знаеме. Турција не е статична земја“, изјави Дендиас во интервју за грчкиот весник „Катимерини“.

„Секогаш има нестабилност кога ќе замине моќен лидер со долг мандат… Тоа значи дека треба да бидеме подготвени пред 2030 година“, рече тој.

Според него, Грција е опкружена со „многу извори на нестабилност кои бараат модерни вооружени сили“.

По долгогодишни тензии околу имиграцијата, енергетските права и суверенитетот над Егејското Море, Грција и Турција ги продолжија разговорите на високо ниво минатиот месец за време на посетата на Ердоган на Атина, негова прва од 2017 година.

Грција има голем буџет за одбрана и нарача борбени авиони Ф-35 од американско производство од повеќе милијарди евра, француски авиони Рафал и фрегати Белхара.

Дендиас рече дека има „децениска дисфункција“ во грчката авијација, дека на воздухопловните сили им недостигаат транспортни авиони и најави дека Атина сега ќе одвои дел од својот буџет за одбрана за оружје од грчко производство.

The post Грчката армија се подготвува за можна турска нестабилност по владеењето на Ердоган appeared first on Република.

]]>

Грција мора да ги подготви своите вооружени сили за можна „нестабилност“ по завршувањето на последниот мандат на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, изјави вечерва грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас. „Што ќе се случи со Турција кога Ердоган ќе замине? Ние не знаеме. Турција не е статична земја“, изјави Дендиас во интервју за грчкиот весник „Катимерини“.
„Секогаш има нестабилност кога ќе замине моќен лидер со долг мандат… Тоа значи дека треба да бидеме подготвени пред 2030 година“, рече тој.
Според него, Грција е опкружена со „многу извори на нестабилност кои бараат модерни вооружени сили“. По долгогодишни тензии околу имиграцијата, енергетските права и суверенитетот над Егејското Море, Грција и Турција ги продолжија разговорите на високо ниво минатиот месец за време на посетата на Ердоган на Атина, негова прва од 2017 година. Грција има голем буџет за одбрана и нарача борбени авиони Ф-35 од американско производство од повеќе милијарди евра, француски авиони Рафал и фрегати Белхара. Дендиас рече дека има „децениска дисфункција“ во грчката авијација, дека на воздухопловните сили им недостигаат транспортни авиони и најави дека Атина сега ќе одвои дел од својот буџет за одбрана за оружје од грчко производство.

The post Грчката армија се подготвува за можна турска нестабилност по владеењето на Ердоган appeared first on Република.

]]>
Дендиас: Потребна е огромна помош и поддршка за Турција и Сирија https://republika.mk/vesti/svet/dendias-potrebna-e-ogromna-pomosh-i-poddrshka-za-turtsija-i-sirija/ Mon, 20 Feb 2023 14:18:09 +0000 https://republika.mk/?p=611141

Потребата за огромна помош и поддршка за Турција и Сирија, ја истакнал министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, пред почетокот на денешниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Брисел, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Дендиас рекол дека станува збор за „библиска катастрофа“ од досега невидени размери и затоа „потребна е огромна помош и огромна поддршка“.

Додал дека ќе ги информира неговите колеги за неговата посета на областите погодени од земјотресот во Турција и дека ќе разговараат за можностите за помош на двете земји.

The post Дендиас: Потребна е огромна помош и поддршка за Турција и Сирија appeared first on Република.

]]>

Потребата за огромна помош и поддршка за Турција и Сирија, ја истакнал министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, пред почетокот на денешниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Брисел, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Дендиас рекол дека станува збор за „библиска катастрофа“ од досега невидени размери и затоа „потребна е огромна помош и огромна поддршка“. Додал дека ќе ги информира неговите колеги за неговата посета на областите погодени од земјотресот во Турција и дека ќе разговараат за можностите за помош на двете земји.

The post Дендиас: Потребна е огромна помош и поддршка за Турција и Сирија appeared first on Република.

]]>
Дендиас во Хрватска ќе разговара за европската перспектива на Западен Балкан https://republika.mk/vesti/balkan/dendias-vo-hrvatska-kje-razgovara-za-evropskata-perspektiva-na-zapaden-balkan/ Fri, 26 Aug 2022 08:54:36 +0000 https://republika.mk/?p=544323

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, денеска ќе го посети Загреб, каде што ќе учествува на годишната конференција на амбасадори, генерални конзули и конзули на Хрватска, што се спроведува од 24 до 26 август.

Дендиас е поканет од хрватскиот колега Гордан Грлиќ Радман.

Како што информираше грчкото Министерство за надворешни работи, Дендиас ќе биде пречекан и од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

Пред да заврши посетата, Дендиас ќе има и работна вечера, чиј домаќин ќе биде неговиот хрватски колега.

Се очекува разговорите на Дендиас и хрватските официјални лица да се фокусираат на билатералните прашања, руската воена операција во Украина и на настаните во Источниот Медитеран, како и на соработката на двете земји во рамки на Европската Унија за повеќе прашања, вклучувајќи ја и европската перспектива на Западен Балкан.

The post Дендиас во Хрватска ќе разговара за европската перспектива на Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, денеска ќе го посети Загреб, каде што ќе учествува на годишната конференција на амбасадори, генерални конзули и конзули на Хрватска, што се спроведува од 24 до 26 август. Дендиас е поканет од хрватскиот колега Гордан Грлиќ Радман. Како што информираше грчкото Министерство за надворешни работи, Дендиас ќе биде пречекан и од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. Пред да заврши посетата, Дендиас ќе има и работна вечера, чиј домаќин ќе биде неговиот хрватски колега. Се очекува разговорите на Дендиас и хрватските официјални лица да се фокусираат на билатералните прашања, руската воена операција во Украина и на настаните во Источниот Медитеран, како и на соработката на двете земји во рамки на Европската Унија за повеќе прашања, вклучувајќи ја и европската перспектива на Западен Балкан.

The post Дендиас во Хрватска ќе разговара за европската перспектива на Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Грција уште не ги ратификувала Меморандумите за Македонија, Дендиjас одговара зошто се чека https://republika.mk/vesti/makedonija/grcija-ushte-ne-gi-ratifikuvala-memorandumite-za-makedonija-dendijas-odgovara-zoshto-se-cheka/ Fri, 27 May 2022 13:50:47 +0000 https://republika.mk/?p=507689

Меморандумите со Македонија ќе бидат ратификувани кога националниот интерес и програмата на Парламентот ќе го дозволат тоа, рече министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во одговор на пратеничко прашање од пратеникот на опозицискиот ПАСОК – Движење на промена, Јоргос Каминис.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, пратеникот од ПАСОК истакна дека четири години по Договорот од Преспа и две години откако се доставени до Парламентот, Меморандумите сè уште не се ставени на дневен ред, потенцирајќи дека „станува збор за области на соработка што се многу важни од геополитички, економски и одбранбен аспект“ и побара одговор кога ќе се ратификуваат и зошто доцни ратификацијата.

Станува збор за Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ, Меморандумот за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничка спогодба за надгледување на воздушниот простор над земјава.

Дендиас објасни дека за т.н. „air policing“ реалноста е дека подолго време грчкото Воено воздухопловство е тоа што врши надзор над воздушниот простор на земјава, дури и без ратификација на договорниот текст од грчкиот Парламент, а за европската перспектива истакна дека „Грција дава секаква можна помош за Македонија, како и за Албанија, за да го олесни пристапниот процес, секако со добро познатата условеност во случаите на двете земји“.

Што се однесува до времето, јасно ќе ви одговорам со една реченица: Ќе дојдат кога националниот интерес и програмата на Парламентот ќе го дозволат тоа. Разбирам, има доцнење. Правилно го забележувате тоа. Правилно го споменавте времето, со право споменавте дека постои и национален интерес. Од друга страна, постои поширокиот поглед на националниот интерес, на кој секоја Влада има право. Во оваа смисла, повторувам дека кога ќе се оцени, ќе дојдат на гласање, рече Дендиас.

Каминис коментираше дека Дендиас не ја спомнал главната причина за доцнењето, а тоа е „политичкиот проблем што го има владејачкото мнозинство во внатрешноста“, бидејќи е многу пратеници на владејачката Нова демократија, особено од северниот дел на Грција имаат големи резервири и веројатно нема да постои потребното мнозинство за да бидат изгласани овие протоколи.

Не сакам да го прејудицирам ставот на нашата пратеничка група, но се надевам дека ќе можете да се потпрете на нашите гласови, истакна пратеникот од опозициската ПАСОК- Движење на промена.

Дополнително, осврнувајќи се на последните случувања на меѓународната сцена, тој побара одговор од шефот на грчката дипломатија, како Владата ги гледа односите со Македонија и дали сака нивна нормализација.

Дендиас одговори дека огромното мнозинство од Парламентот смета дека е во интерес на Грција стабилноста на Македонија и пријателските односи со Атина.

Повикани сме да одговориме, дали постоењето, стабилноста, пријателските односи со Грција и европскиот тек на Македонија е или не е во интерес на нашата татковина? И мислам дека огромното мнозинство колеги, без разлика на минатото, има одговорено дека е во интерес на нашата држава. И треба да Ви се заблагодарам за вашата изјава, која секако не е во име на вашата партија, туку е израз на духот на вашата партија, за поддршката на пошироките напори за воспоставување блиски односи со оваа земја, која морам да кажам дека има направено многу важни чекори на пријателски потези кон Грција. Ги усвои во целост европски позиции кон Турција, исто како и Албанија, објасни Дендиас.

Тој додаде дека Грција е земја „која има апсолутен интерес за стабилност на Балканот, има апсолутен интерес да спречи ревизионизам на Балканот и има апсолутен интерес да ги спречи промените на границите на Балканот“.

За Договорот од Преспа и за тоа дали Грција е задоволна од имплементацијата, Дендиас рече дека постојат одредени прашања што се однесуваат на учебниците и на трговските ознаки.

Mеѓутоа, ако прашањето се однесува на општата тенденција, она што јас го перципирам, а чувството ми е сосема скорешно, токму завчера бев во Скопје, е дека се прави напор од другата страна, со проблеми, со огромни реакции од нивната внатрешна опозиција, која одржува целосно контрапродуктивен став, но сепак се прави напор, објасни шефот на грчката дипломатија.

The post Грција уште не ги ратификувала Меморандумите за Македонија, Дендиjас одговара зошто се чека appeared first on Република.

]]>

Меморандумите со Македонија ќе бидат ратификувани кога националниот интерес и програмата на Парламентот ќе го дозволат тоа, рече министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во одговор на пратеничко прашање од пратеникот на опозицискиот ПАСОК – Движење на промена, Јоргос Каминис. Како што јави дописничката на МИА од Атина, пратеникот од ПАСОК истакна дека четири години по Договорот од Преспа и две години откако се доставени до Парламентот, Меморандумите сè уште не се ставени на дневен ред, потенцирајќи дека „станува збор за области на соработка што се многу важни од геополитички, економски и одбранбен аспект“ и побара одговор кога ќе се ратификуваат и зошто доцни ратификацијата. Станува збор за Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ, Меморандумот за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничка спогодба за надгледување на воздушниот простор над земјава. Дендиас објасни дека за т.н. „air policing“ реалноста е дека подолго време грчкото Воено воздухопловство е тоа што врши надзор над воздушниот простор на земјава, дури и без ратификација на договорниот текст од грчкиот Парламент, а за европската перспектива истакна дека „Грција дава секаква можна помош за Македонија, како и за Албанија, за да го олесни пристапниот процес, секако со добро познатата условеност во случаите на двете земји“.
Што се однесува до времето, јасно ќе ви одговорам со една реченица: Ќе дојдат кога националниот интерес и програмата на Парламентот ќе го дозволат тоа. Разбирам, има доцнење. Правилно го забележувате тоа. Правилно го споменавте времето, со право споменавте дека постои и национален интерес. Од друга страна, постои поширокиот поглед на националниот интерес, на кој секоја Влада има право. Во оваа смисла, повторувам дека кога ќе се оцени, ќе дојдат на гласање, рече Дендиас.
Каминис коментираше дека Дендиас не ја спомнал главната причина за доцнењето, а тоа е „политичкиот проблем што го има владејачкото мнозинство во внатрешноста“, бидејќи е многу пратеници на владејачката Нова демократија, особено од северниот дел на Грција имаат големи резервири и веројатно нема да постои потребното мнозинство за да бидат изгласани овие протоколи.
Не сакам да го прејудицирам ставот на нашата пратеничка група, но се надевам дека ќе можете да се потпрете на нашите гласови, истакна пратеникот од опозициската ПАСОК- Движење на промена.
Дополнително, осврнувајќи се на последните случувања на меѓународната сцена, тој побара одговор од шефот на грчката дипломатија, како Владата ги гледа односите со Македонија и дали сака нивна нормализација. Дендиас одговори дека огромното мнозинство од Парламентот смета дека е во интерес на Грција стабилноста на Македонија и пријателските односи со Атина.
Повикани сме да одговориме, дали постоењето, стабилноста, пријателските односи со Грција и европскиот тек на Македонија е или не е во интерес на нашата татковина? И мислам дека огромното мнозинство колеги, без разлика на минатото, има одговорено дека е во интерес на нашата држава. И треба да Ви се заблагодарам за вашата изјава, која секако не е во име на вашата партија, туку е израз на духот на вашата партија, за поддршката на пошироките напори за воспоставување блиски односи со оваа земја, која морам да кажам дека има направено многу важни чекори на пријателски потези кон Грција. Ги усвои во целост европски позиции кон Турција, исто како и Албанија, објасни Дендиас.
Тој додаде дека Грција е земја „која има апсолутен интерес за стабилност на Балканот, има апсолутен интерес да спречи ревизионизам на Балканот и има апсолутен интерес да ги спречи промените на границите на Балканот“. За Договорот од Преспа и за тоа дали Грција е задоволна од имплементацијата, Дендиас рече дека постојат одредени прашања што се однесуваат на учебниците и на трговските ознаки.
Mеѓутоа, ако прашањето се однесува на општата тенденција, она што јас го перципирам, а чувството ми е сосема скорешно, токму завчера бев во Скопје, е дека се прави напор од другата страна, со проблеми, со огромни реакции од нивната внатрешна опозиција, која одржува целосно контрапродуктивен став, но сепак се прави напор, објасни шефот на грчката дипломатија.

The post Грција уште не ги ратификувала Меморандумите за Македонија, Дендиjас одговара зошто се чека appeared first on Република.

]]>
Ковачевски го прими Дендијас https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-go-primi-dendijas/ Wed, 25 May 2022 20:13:09 +0000 https://republika.mk/?p=506927

Претседателот на Владата на Република Македонија денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Грција Никос Дендијас кој е во еднодневна посета на нашата земја.
 
На средбата беше истакнато дека Владата на Македонија е фокусирана на зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји со силна посветеност за исполнување на обврските кои произлегуваат од Договорот од Преспа и изразената подготвеност за целосно спроведување на Акциониот план за интензивирање и збогатување на соработката помеѓу Република Грција и Република Македонија.
 
Во таа насока на средбата беа споделени информации за текот на организацијата на вториот состанок на Советот за соработка на владите на високо ниво, како и за подготовките за одржување на првиот состанок на Комитетот за деловен дијалог кој треба да се одржи во текот на оваа година.


 
Од овој состанок, на кој треба да учествуваат претставници на стопанските комори на двете земји и раководните менаџери на повеќе компании, се очекува натамошно унапредување на економските односи меѓу Македонија и Грција која е четврта земја по вредноста на трговската размена која од година во година бележи постојан раст.
 
За време на разговорот беа потенцирани заложбите на Грција за целосен ангажман и активна поддршка на Македонија во европската интеграција при што беше потенцирано дека Атина ќе продолжи со ангажманот за усвојувањето на преговарачката рамка и за формалниот почеток на пристапните преговори со ЕУ.
 
Министерот за надворешни работи на Грција Дендијас го издвои посебниот придонес на Македонија во градењето и зајакнувањето на регионалната соработка, стабилноста и добрососедските односи како посебно значаен аспект за регионот и пошироко.

The post Ковачевски го прими Дендијас appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Грција Никос Дендијас кој е во еднодневна посета на нашата земја.   На средбата беше истакнато дека Владата на Македонија е фокусирана на зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји со силна посветеност за исполнување на обврските кои произлегуваат од Договорот од Преспа и изразената подготвеност за целосно спроведување на Акциониот план за интензивирање и збогатување на соработката помеѓу Република Грција и Република Македонија.   Во таа насока на средбата беа споделени информации за текот на организацијата на вториот состанок на Советот за соработка на владите на високо ниво, како и за подготовките за одржување на првиот состанок на Комитетот за деловен дијалог кој треба да се одржи во текот на оваа година.   Од овој состанок, на кој треба да учествуваат претставници на стопанските комори на двете земји и раководните менаџери на повеќе компании, се очекува натамошно унапредување на економските односи меѓу Македонија и Грција која е четврта земја по вредноста на трговската размена која од година во година бележи постојан раст.   За време на разговорот беа потенцирани заложбите на Грција за целосен ангажман и активна поддршка на Македонија во европската интеграција при што беше потенцирано дека Атина ќе продолжи со ангажманот за усвојувањето на преговарачката рамка и за формалниот почеток на пристапните преговори со ЕУ.   Министерот за надворешни работи на Грција Дендијас го издвои посебниот придонес на Македонија во градењето и зајакнувањето на регионалната соработка, стабилноста и добрососедските односи како посебно значаен аспект за регионот и пошироко.

The post Ковачевски го прими Дендијас appeared first on Република.

]]>
Дендијас: Голема грчка компанија е заинтересирана да инвестира 200 милиони евра во Македонија https://republika.mk/vesti/ekonomija/dendijas-golema-grchka-kompanija-e-zainteresirana-da-investira-200-milioni-evra-vo-makedonija/ Wed, 25 May 2022 18:25:08 +0000 https://republika.mk/?p=506903

Економската размена помеѓу Македонија и Грција во 2021 година достигнала нешто повеќе од 930 милиони евра, а ако се земат предвид податоците од првиот квартал годинава кога таа изнесува повеќе од 350 милиони евра за очекување е дека 2022 година ќе се надмине бројката од една милијарда евра.

Ваквите податоци денеска на заедничка прес-конференција во Скопје ги посочија и поздравија министрите за надворешни работи на двете држави, Бујар Османи и Никос Дендиас.

Дендиас откри и дека голема грчка компанија е заинтересирана да инвестира 200 милиони евра во станица за производство на струја.

Има голем интерес на голема грчка компанија да инвестира во Македонија, за инвестиција која се однесува на станица за производство на електрична енергија. Инвестицијата е во ранг од 200 милиони евра, рече Дендиас.

Тие зборуваа и за останати проекти во енергетиката при што грчкиот министер посочи дека Грција сака да ја поддржи енергетската независност на Македонија.

Двајцата министри го поздравија и проектот за терминал за течен природен гас во Александрополис, чија изградба започна минатиот месец.

На почетокот на овој месец започна изградбата на терминалот за течен природен гас во Александрополис која се очекува да заврши кон крајот на следната година. Заедно со другите проекти кои се предвидени како што се гасоводот, нафтоводот и интерконекторот активно се работи на подобрување на енергетската поврзаност меѓу двете земји што пак претставува основа и за регионалната соработка во областа на енергетиката. И тоа е важно, не само како предуслов за економскиот развој туку и за идната безбедносна архитектура на регионот. Не само на Европа, туку и на Балканот му е потребна зајакнување на отпорноста од енергетската условеност, рече Османи, кој нагласи и дека Грција е четвртиот најголем економски партнер на земјава.

The post Дендијас: Голема грчка компанија е заинтересирана да инвестира 200 милиони евра во Македонија appeared first on Република.

]]>

Економската размена помеѓу Македонија и Грција во 2021 година достигнала нешто повеќе од 930 милиони евра, а ако се земат предвид податоците од првиот квартал годинава кога таа изнесува повеќе од 350 милиони евра за очекување е дека 2022 година ќе се надмине бројката од една милијарда евра. Ваквите податоци денеска на заедничка прес-конференција во Скопје ги посочија и поздравија министрите за надворешни работи на двете држави, Бујар Османи и Никос Дендиас. Дендиас откри и дека голема грчка компанија е заинтересирана да инвестира 200 милиони евра во станица за производство на струја.
Има голем интерес на голема грчка компанија да инвестира во Македонија, за инвестиција која се однесува на станица за производство на електрична енергија. Инвестицијата е во ранг од 200 милиони евра, рече Дендиас.
Тие зборуваа и за останати проекти во енергетиката при што грчкиот министер посочи дека Грција сака да ја поддржи енергетската независност на Македонија. Двајцата министри го поздравија и проектот за терминал за течен природен гас во Александрополис, чија изградба започна минатиот месец.
На почетокот на овој месец започна изградбата на терминалот за течен природен гас во Александрополис која се очекува да заврши кон крајот на следната година. Заедно со другите проекти кои се предвидени како што се гасоводот, нафтоводот и интерконекторот активно се работи на подобрување на енергетската поврзаност меѓу двете земји што пак претставува основа и за регионалната соработка во областа на енергетиката. И тоа е важно, не само како предуслов за економскиот развој туку и за идната безбедносна архитектура на регионот. Не само на Европа, туку и на Балканот му е потребна зајакнување на отпорноста од енергетската условеност, рече Османи, кој нагласи и дека Грција е четвртиот најголем економски партнер на земјава.

The post Дендијас: Голема грчка компанија е заинтересирана да инвестира 200 милиони евра во Македонија appeared first on Република.

]]>
Дендиас: Преговорите со Македонија и Албанија треба да почнат веднаш https://republika.mk/vesti/makedonija/dendias-pregovorite-so-severna-makedonija-i-albanija-treba-da-pochnat-vednash/ Wed, 25 May 2022 18:09:28 +0000 https://republika.mk/?p=506893

Грција работи засилено за обезбедување на мирот, безбедноста и стабилноста на регионот. Верувам дека единствениот пат за да се постигнат тие цели претставува јасна и целосна поддршка на европската перспектива на Западниот Балкан. Сигурни сме и длабоко веруваме дека преговорите со Македонија и Албанија треба да почнат веднаш, изјави попладнево шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Дендиас нагласи дека јасно даваат поддршка за европската перспектива на Македонија и оти неговата посета на Скопје е за да покаже оти се „заедно со нас по патот кон Европа“.

– Сметаме дека сме ваш близок сојузник, ќе дадеме соодветни напори да се унапредат односите меѓу нашите земји на билатерално ниво и тоа се поддржува и од Акцискиот план кој е усвоен на првиот највисок Совет за соработка, рече Дендиас, потенцирајќи дека Грција е насочена кон верно и правилно спроведување на Договорот од Преспа.

Најави дека има голем интерес на голема грчка компанија да инвестира во Македонија, а се однесува на станица за производство на електрична енергија, инвестиција вредна 200 милиони евра.

– Ме радува фактот дека нашата економија соработува се поблиску и посилно, а веќе сме ги допреле нивоата пред пандемијата и тоа за нас е големо задоволство да слушнеме дека грчката инвестиција е на многу високо ниво во вашата земја, посочи Дендиас.

Според министерот Османи, европската перпсектива на регионот е прашање од безбедносен интерес и за нас и за Европа.

– Стартот на преговорите со Македонија и Албанија е најдобриот начин да се врати еворпскиот кредибилитет во регионот, и во оваа насока ме радува што ја имаме целосната поддршка на Грција, нагласи Османи.

Руската инвазија во Украина, пак, смета министерот, покажа дека на регионот му е потребна дополнителна инвестиција во отпорноста од закани. Како НАТО сојузници, вели Османи, имаме обврска да се грижиме за регионалната стабилност и имаме координиран пристап и во интерес и на регионот и на Европа.

Тој потенцира дека Македонија и Грција се земји кои се добри соседи и ги градат своите меѓусебни односи создавајќи предуслови за трајно прјателство.

– Тоа претставува добар модел со кој земјите од регионот можат да придонесат за да инвестираат во регионалната и европската стабилност. Ме радуваат податоците за економска соработка. Минатата, 2021 година вкупната размена надмина 934 милиони евра, со што размената го постигна предпандемиското ниво. Податоците за првиот квартал оваа година надминуваат 350 милиони евра што укажува дека оваа година треба да очекуваме меѓусебната размена да надмине една милијарда евра. Грција е со бројни инвестиции и очекувам нагорниот тренд да се зголеми, рече Османи.

The post Дендиас: Преговорите со Македонија и Албанија треба да почнат веднаш appeared first on Република.

]]>

Грција работи засилено за обезбедување на мирот, безбедноста и стабилноста на регионот. Верувам дека единствениот пат за да се постигнат тие цели претставува јасна и целосна поддршка на европската перспектива на Западниот Балкан. Сигурни сме и длабоко веруваме дека преговорите со Македонија и Албанија треба да почнат веднаш, изјави попладнево шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Дендиас нагласи дека јасно даваат поддршка за европската перспектива на Македонија и оти неговата посета на Скопје е за да покаже оти се „заедно со нас по патот кон Европа“.
– Сметаме дека сме ваш близок сојузник, ќе дадеме соодветни напори да се унапредат односите меѓу нашите земји на билатерално ниво и тоа се поддржува и од Акцискиот план кој е усвоен на првиот највисок Совет за соработка, рече Дендиас, потенцирајќи дека Грција е насочена кон верно и правилно спроведување на Договорот од Преспа.
Најави дека има голем интерес на голема грчка компанија да инвестира во Македонија, а се однесува на станица за производство на електрична енергија, инвестиција вредна 200 милиони евра.
– Ме радува фактот дека нашата економија соработува се поблиску и посилно, а веќе сме ги допреле нивоата пред пандемијата и тоа за нас е големо задоволство да слушнеме дека грчката инвестиција е на многу високо ниво во вашата земја, посочи Дендиас.
Според министерот Османи, европската перпсектива на регионот е прашање од безбедносен интерес и за нас и за Европа.
– Стартот на преговорите со Македонија и Албанија е најдобриот начин да се врати еворпскиот кредибилитет во регионот, и во оваа насока ме радува што ја имаме целосната поддршка на Грција, нагласи Османи.
Руската инвазија во Украина, пак, смета министерот, покажа дека на регионот му е потребна дополнителна инвестиција во отпорноста од закани. Како НАТО сојузници, вели Османи, имаме обврска да се грижиме за регионалната стабилност и имаме координиран пристап и во интерес и на регионот и на Европа. Тој потенцира дека Македонија и Грција се земји кои се добри соседи и ги градат своите меѓусебни односи создавајќи предуслови за трајно прјателство.
– Тоа претставува добар модел со кој земјите од регионот можат да придонесат за да инвестираат во регионалната и европската стабилност. Ме радуваат податоците за економска соработка. Минатата, 2021 година вкупната размена надмина 934 милиони евра, со што размената го постигна предпандемиското ниво. Податоците за првиот квартал оваа година надминуваат 350 милиони евра што укажува дека оваа година треба да очекуваме меѓусебната размена да надмине една милијарда евра. Грција е со бројни инвестиции и очекувам нагорниот тренд да се зголеми, рече Османи.

The post Дендиас: Преговорите со Македонија и Албанија треба да почнат веднаш appeared first on Република.

]]>
Дендиас: Грција ќе биде дел од обновата на Одеса https://republika.mk/vesti/svet/dendias-grcija-kje-bide-del-od-obnovata-na-odesa/ Mon, 04 Apr 2022 13:03:24 +0000 https://republika.mk/?p=483147

Единственото нешто што можам да го кажам во моментов, во овие тешки времиња е дека ќе бидеме дел од иднината, помагајќи ви да го реконструирате овој град и да го направите уште поубав, уште подобар, рече министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас на средбата во Одеса со вицепремиерката за европска и евро-атлантска интеграција на Украина Олга Стефанишина и ѝ ја изрази поддршката на грчката Влада, јави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас вчера ја предводеше хуманитарната помош од Грција за Одеса, оттаму соопшти дека повторно ќе започне со работа грчкиот конзулат во градот, а освен со Стефанишина се сретна и со началникот на регионалната воена управа на Одеса, полковник Максим Марченко.

Според нас, нападот врз еден град е најнеприфатливото нешто, тоа е воено злосторство. На Советот на министри на Европската унија ќе го пренесам она што треба да се пренесе. Ги видов, заедно со градоначалникот, подготовките што се направени за да не се уништи културната традиција на градот. Се надевам, кога ќе дојдам повторно, градот да биде добро, да нема претрпено ниту најмал удар и дека ќе можеме да му помогнеме да има светла иднина, бидејќи има светло минато - рече министерот за надворешни работи на Грција на средбата со Марченко на кој му ја предаде хуманитарната помош.

За посетата на Дендиас на Одеса, портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека „целта на посетата, покрај пренесување помош, беше и создавање постојан механизам за дистрибуција на хуманитарна помош, средба со припадниците на грчката заедница и повторно отворање на Генералниот конзулат во градот“.

The post Дендиас: Грција ќе биде дел од обновата на Одеса appeared first on Република.

]]>

Единственото нешто што можам да го кажам во моментов, во овие тешки времиња е дека ќе бидеме дел од иднината, помагајќи ви да го реконструирате овој град и да го направите уште поубав, уште подобар, рече министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас на средбата во Одеса со вицепремиерката за европска и евро-атлантска интеграција на Украина Олга Стефанишина и ѝ ја изрази поддршката на грчката Влада, јави дописничката на МИА од Атина. Дендиас вчера ја предводеше хуманитарната помош од Грција за Одеса, оттаму соопшти дека повторно ќе започне со работа грчкиот конзулат во градот, а освен со Стефанишина се сретна и со началникот на регионалната воена управа на Одеса, полковник Максим Марченко.
Според нас, нападот врз еден град е најнеприфатливото нешто, тоа е воено злосторство. На Советот на министри на Европската унија ќе го пренесам она што треба да се пренесе. Ги видов, заедно со градоначалникот, подготовките што се направени за да не се уништи културната традиција на градот. Се надевам, кога ќе дојдам повторно, градот да биде добро, да нема претрпено ниту најмал удар и дека ќе можеме да му помогнеме да има светла иднина, бидејќи има светло минато - рече министерот за надворешни работи на Грција на средбата со Марченко на кој му ја предаде хуманитарната помош.
За посетата на Дендиас на Одеса, портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека „целта на посетата, покрај пренесување помош, беше и создавање постојан механизам за дистрибуција на хуманитарна помош, средба со припадниците на грчката заедница и повторно отворање на Генералниот конзулат во градот“.

The post Дендиас: Грција ќе биде дел од обновата на Одеса appeared first on Република.

]]>
Дендиас во Москва на средба со Лавров https://republika.mk/vesti/balkan/dendias-vo-moskva-na-sredba-so-lavrov/ Fri, 18 Feb 2022 07:37:48 +0000 https://republika.mk/?p=460167

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, денеска во Москва ќе се сретне со неговиот руски колега Сергеј Лавров, а според грчкото МНР разговорите ќе се фокусираат на безбедноста во Европа, ситуацијата во Источна Европа и во Источниот Медитеран, како и билатералните односи.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, вчера во изјавата пред почетокот на Самитот ЕУ- Африка ја спомена средбата Лавров - Дендиас и најави дека министерот за надворешни работи на Грција „ќе ги повтори позициите на земјата, кои се и позиции на сите земји членки на Европската Унија“, но и истакна дека е голем интересот на Грција за случувањата во конкретниот регион, бидејќи во Украина живеат десетици илјади луѓе со грчко потекло.

Ова е трета посета на Дендиас на Русија во изминатите две години, а портпаролот на грчкото МНР, Александрос Папајоану, на брифинг со новинарите минатата седмица рече дека на средбата ќе се разгледаат низа теми поврзани со билатералните односи, но и регионални прашања. Тој истакна дека Грција е земја членка на НАТО и Европската Унија, но нејзиниот став е дека особено важно е одржувањето канали на комуникација со сите соговорници и додаде дека Русија ја сметаат „за клучен и составен дел на европската безбедносна архитектура“.

The post Дендиас во Москва на средба со Лавров appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, денеска во Москва ќе се сретне со неговиот руски колега Сергеј Лавров, а според грчкото МНР разговорите ќе се фокусираат на безбедноста во Европа, ситуацијата во Источна Европа и во Источниот Медитеран, како и билатералните односи. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, вчера во изјавата пред почетокот на Самитот ЕУ- Африка ја спомена средбата Лавров - Дендиас и најави дека министерот за надворешни работи на Грција „ќе ги повтори позициите на земјата, кои се и позиции на сите земји членки на Европската Унија“, но и истакна дека е голем интересот на Грција за случувањата во конкретниот регион, бидејќи во Украина живеат десетици илјади луѓе со грчко потекло. Ова е трета посета на Дендиас на Русија во изминатите две години, а портпаролот на грчкото МНР, Александрос Папајоану, на брифинг со новинарите минатата седмица рече дека на средбата ќе се разгледаат низа теми поврзани со билатералните односи, но и регионални прашања. Тој истакна дека Грција е земја членка на НАТО и Европската Унија, но нејзиниот став е дека особено важно е одржувањето канали на комуникација со сите соговорници и додаде дека Русија ја сметаат „за клучен и составен дел на европската безбедносна архитектура“.

The post Дендиас во Москва на средба со Лавров appeared first on Република.

]]>
Блинкен му се заблагодарил на Дендиас за придонесот на Грција во Авганистан https://republika.mk/vesti/balkan/blinken-mu-se-zablagodaril-na-dendias-za-pridonesot-na-grcija-vo-avganistan/ Wed, 02 Feb 2022 09:08:50 +0000 https://republika.mk/?p=452815

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен преку писмо до шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас изразил благодарност за придонесот на Грција во Меѓународните сили за безбедносна помош (ИСАФ), кои беа распоредени во Авганистан, јави грчката агенција АНА-МПА, повикувајќи се на дипломатски извори.

Блинкен во писмото, го споменал придонесот на 3.300 припадници на грчките вооружени сили кои служеле како во ИСАФ, така и подоцна во мисијата „Одлучна Мисија за поддршка“, а се заблагодарува и за успешно завршените низа активности поврзани со клучни инфраструктурни проекти на аеродромот во Кабул, обезбедување хуманитарна помош и безбедносните и одбранбените операции.

Паралелно, Блинкен споменал дека Грција претставува стабилен сојузник на САД и дека е од витално значење соработката што ќе продолжи и во иднина, заснована на заедничките вредности во двете земји.

The post Блинкен му се заблагодарил на Дендиас за придонесот на Грција во Авганистан appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен преку писмо до шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас изразил благодарност за придонесот на Грција во Меѓународните сили за безбедносна помош (ИСАФ), кои беа распоредени во Авганистан, јави грчката агенција АНА-МПА, повикувајќи се на дипломатски извори. Блинкен во писмото, го споменал придонесот на 3.300 припадници на грчките вооружени сили кои служеле како во ИСАФ, така и подоцна во мисијата „Одлучна Мисија за поддршка“, а се заблагодарува и за успешно завршените низа активности поврзани со клучни инфраструктурни проекти на аеродромот во Кабул, обезбедување хуманитарна помош и безбедносните и одбранбените операции. Паралелно, Блинкен споменал дека Грција претставува стабилен сојузник на САД и дека е од витално значење соработката што ќе продолжи и во иднина, заснована на заедничките вредности во двете земји.

The post Блинкен му се заблагодарил на Дендиас за придонесот на Грција во Авганистан appeared first on Република.

]]>