николас кејџ Archives - Република https://republika.mk/tema/nikolas-kejdz/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Jul 2024 08:43:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png николас кејџ Archives - Република https://republika.mk/tema/nikolas-kejdz/ 32 32 Синот на Николас Кејџ се обидел да ја убие мајка си, во напад на нервно растројство https://republika.mk/zivot/semejstvo/sinot-na-nikolas-kejdh-se-obidel-da-ja-ubie-majka-si-vo-napad-na-nervno-rastrojstvo/ Thu, 11 Jul 2024 08:42:51 +0000 https://republika.mk/?p=795698

Синот на Николас Кејџ, Вестон Кејџ Копола, е уапсен поради наводен напад на неговата мајка за време на ментална здравствена криза.

Полицијата во Лос Анџелес потврди дека Вестон бил обвинет за напад со смртоносно оружје во средата – само неколку недели откако неговата мајка, актерката Кристина Фултон (57) била забележана со големи модринки на лицето, пишува Дејли мејл.

Тој бил ослободен со кауција од 150.000 долари.

Американските медиуми објавија дека се верува дека неговиот татко е тој што го извлекол.

Тепачката меѓу Вестон и неговата мајка се случила на 28 април во областа на Лос Анџелес, кога вербалната расправија наводно прераснала во физичка.

The post Синот на Николас Кејџ се обидел да ја убие мајка си, во напад на нервно растројство appeared first on Република.

]]>

Синот на Николас Кејџ, Вестон Кејџ Копола, е уапсен поради наводен напад на неговата мајка за време на ментална здравствена криза. Полицијата во Лос Анџелес потврди дека Вестон бил обвинет за напад со смртоносно оружје во средата – само неколку недели откако неговата мајка, актерката Кристина Фултон (57) била забележана со големи модринки на лицето, пишува Дејли мејл. Тој бил ослободен со кауција од 150.000 долари. Американските медиуми објавија дека се верува дека неговиот татко е тој што го извлекол. Тепачката меѓу Вестон и неговата мајка се случила на 28 април во областа на Лос Анџелес, кога вербалната расправија наводно прераснала во физичка.  

The post Синот на Николас Кејџ се обидел да ја убие мајка си, во напад на нервно растројство appeared first on Република.

]]>
Македонската публика веќе може да го погледне и филмот „Неподносливата тежина на големиот талент“ со Николас Кејџ https://republika.mk/scena/film/makedonskata-publika-vekje-moze-da-go-pogledne-i-filmot-nepodnoslivata-tezina-na-golemiot-talent-so-nikolas-kejdz/ Thu, 28 Apr 2022 12:04:54 +0000 https://republika.mk/?p=494777

Македонската публика веќе може да го погледне и филмот „Неподносливата тежина на големиот талент“ (The Unbearable Weight of Massive Talent).

Во оваа американска криминалистичка комедија –акција главната улога ја толкува познатиот актер Николас Кејџ. Тој е шворц, па се согласува да се појави на роденденот на милијардер кој е негов најголем фан. Но Кејџ, всушност е шпион и работи за ЦИА, а милијардерот пак е наркобос…

Покрај Николас Кејџ, улогите ги толкуваат Педро Паскал, Тифани Хадиш, Нил Патрик Харис, Ајк Баринхолц, а режијата е на Том Гормикан.

The post Македонската публика веќе може да го погледне и филмот „Неподносливата тежина на големиот талент“ со Николас Кејџ appeared first on Република.

]]>

Македонската публика веќе може да го погледне и филмот „Неподносливата тежина на големиот талент“ (The Unbearable Weight of Massive Talent). Во оваа американска криминалистичка комедија –акција главната улога ја толкува познатиот актер Николас Кејџ. Тој е шворц, па се согласува да се појави на роденденот на милијардер кој е негов најголем фан. Но Кејџ, всушност е шпион и работи за ЦИА, а милијардерот пак е наркобос… Покрај Николас Кејџ, улогите ги толкуваат Педро Паскал, Тифани Хадиш, Нил Патрик Харис, Ајк Баринхолц, а режијата е на Том Гормикан.

The post Македонската публика веќе може да го погледне и филмот „Неподносливата тежина на големиот талент“ со Николас Кејџ appeared first on Република.

]]>
Николас Кејџ: Би сакал да го глумам капетанот Немо, поради љубовта на тој лик кон океанот https://republika.mk/scena/film/nikolas-kejdz-bi-sakal-da-go-glumam-kapetanot-nemo-poradi-ljubovta-na-toj-lik-kon-okeanot/ Mon, 11 Apr 2022 08:55:44 +0000 https://republika.mk/?p=486584

Холивудскиот глумец Николас Кејџ на „Редит“, призна дека „поради љубовта кон океанот“ негова неостварена желба е да ја толкува улогата на ликот капетан Немо, од познатиот роман на Жил Верн.

Би сакал да го глумам капетанот Немо, поради љубовта на тој лик кон океанот, што ја споделувам со него“, рече Кејџ, а запрашан дали го нервираат репликите на неговите ликови што луѓето ги извикуваат јавно, додаде: „Немам проблем со ниту еден цитат. Мило ми е што се сеќаваат на моите филмови“.

Ѕвездата сподели и колку му се допаѓало да работи на неговиот последен филм „Свиња“, бидејќи тој бил „тивок“ и „природен“.

Ви благодарам. Сакав да се вратам на потивок, природен стил на снимање филмови откако направив серија луди улоги. Мојот филм повеќе личи на народна песна или стихотворба, а мојот лик Роб се бори со голема тага, како и јас – со наметната изолација и мислам дека ние како луѓе кои ја доживуваме пандемијата 2020-21 веројатно имаме слични чувства на загуба и изолираност. Ова е еден од моите омилени филмови и веројатно моето најдобро дело, истакна 58-годишниот глумец.

The post Николас Кејџ: Би сакал да го глумам капетанот Немо, поради љубовта на тој лик кон океанот appeared first on Република.

Николас Кејџ порача дека не сака да го нарекуваат „глумец“ https://republika.mk/scena/film/nikolas-kejdz-poracha-deka-ne-saka-da-go-narekuvaat-glumec/ Mon, 03 Jan 2022 11:04:52 +0000 https://republika.mk/?p=439954

Оскаровецот Николас Кејџ, познат по улогите во филмовите како „Напуштањето на Лас Вегас“, „8 милиметри“ и „Без лице“ изјави дека „не е воодушевен“ кога го нарекуваат актер.

За мене тоа секогаш звучи: „О, тој е одличен глумец, затоа е голем лажго“. Глумата е работа што ја работиш со срце или ја користиш својата имагинација, сеќавања, соништа и дел од даваш дел од сѐ тоа за да комуницираш со публиката - вели Кејџ, додавајќи дека го претпочита терминот „теспијанец“ (thespian, според Теспис – првиот забележан глумец во Стара Елада и во светот воопшто).

Кејџ е актуелен со филмот „Свиња“ (Pig), па за режисерот на ова дело, Мајкл Сарноски, Кејџ вели дека тој е „aрхангелот Михаил“.

Знаев дека по неколку обиди за мое маргинализирање во студијата, кога никој не сакаше да ме повика, дека некој ќе ме покани… И, оти тоа ќе биде некој млад режисер кој се сеќава на моите претходни филмови и ќе знае дека сум во право за неговото сценарио. И затоа, тој не е само Михаил (Мајкл, заб.п.), туку Архангел Михаил! - нагласи глумецот.

The post Николас Кејџ порача дека не сака да го нарекуваат „глумец“ appeared first on Република.