Никола Тупачески Archives - Република https://republika.mk/tema/nikola-tupacheski/ За подобро да се разбереме Wed, 01 Feb 2023 15:27:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Никола Тупачески Archives - Република https://republika.mk/tema/nikola-tupacheski/ 32 32 Тупанчески за гласините дека ќе го променат: Не сум сигурен колку е најдобро решение https://republika.mk/vesti/makedonija/tupancheski-za-glasinite-deka-ke-go-promenat-ne-sum-siguren-kolku-e-najdobro-reshenie/ Wed, 01 Feb 2023 15:28:30 +0000 https://republika.mk/?p=603473

Не сум сигурен дека брзата промена на министри претставува најдоброто решение, меѓутоа дефинитивно се не зависи од Министерството за правда. Многу работи зависат од фактори коишто не се директно поврзани, за жал или за среќа, можеби со Министерството за правда, вели министерот за правда Никола Тупанчески.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ako-alijansa-vleze-alternativa-izleguva-od-vladata-partijata-na-gashi-vecherva-ke-odluchi/

Прашан за можната владина реконструкција со влез на Алијанса за Албанците во Владата, Тупанчески рече дека апсолутно не постои никаква оптовареност каков ќе биде развојот на настаните и дека дефинитивно се подготвени да одговорат на сите предизвици.

Јас реков дека до последниот ден додека сме во Министерството за правда ќе го дадеме својот максимум. Не би сакал да го коментирам политичкиот или партискиот контекст, меѓутоа дефинитивно сме Министерство коешто и досега можеме да се пофалиме со остварените резултати. Меѓутоа, имаме и одредена замисла како да ги заокружиме претходните наши замисли во однос на реализација, подобрување на состојбите во нашата држава, изјави Тупанчески, одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на Апелациониот суд во Штип.

The post Тупанчески за гласините дека ќе го променат: Не сум сигурен колку е најдобро решение appeared first on Република.

]]>

Не сум сигурен дека брзата промена на министри претставува најдоброто решение, меѓутоа дефинитивно се не зависи од Министерството за правда. Многу работи зависат од фактори коишто не се директно поврзани, за жал или за среќа, можеби со Министерството за правда, вели министерот за правда Никола Тупанчески. https://republika.mk/vesti/makedonija/ako-alijansa-vleze-alternativa-izleguva-od-vladata-partijata-na-gashi-vecherva-ke-odluchi/ Прашан за можната владина реконструкција со влез на Алијанса за Албанците во Владата, Тупанчески рече дека апсолутно не постои никаква оптовареност каков ќе биде развојот на настаните и дека дефинитивно се подготвени да одговорат на сите предизвици.
Јас реков дека до последниот ден додека сме во Министерството за правда ќе го дадеме својот максимум. Не би сакал да го коментирам политичкиот или партискиот контекст, меѓутоа дефинитивно сме Министерство коешто и досега можеме да се пофалиме со остварените резултати. Меѓутоа, имаме и одредена замисла како да ги заокружиме претходните наши замисли во однос на реализација, подобрување на состојбите во нашата држава, изјави Тупанчески, одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на Апелациониот суд во Штип.

The post Тупанчески за гласините дека ќе го променат: Не сум сигурен колку е најдобро решение appeared first on Република.

]]>
Тупанчески: Легитимно право на опозицијата е да бара предвремени избори https://republika.mk/vesti/makedonija/tupancheski-legitimno-pravo-na-opozicijata-e-da-bara-predvremeni-izbori/ Wed, 18 May 2022 07:22:49 +0000 https://republika.mk/?p=503637

Министерот за правда Никола Тупанчески во гостувањето на Топ тема на Тeл,а се осврна на активностите кои се преземаат од страна на министерството за подготовката на нов Изборен законик. Како што најави, се очекува до крајот на месецот политичките партии и граѓанските организации и здруженија да делегираат свои членови во новата работна група со која ќе претседава експерт, а можно е во целиот процес да се вклучи и странски експерт.

Јас се обидувам колку што може повеќе да го афирмирам начелото на инклузивност, сите засегнати страни да бидат дел од што се нарекува нов Изборен законик. Колку ќе успеам во тоа не зависи само од мене затоа што се знае колку се моите ингеренции, рече Тупанчески.

Тој се осврна и на барањето на опозицијата за предвремени избори велејќи дека тоа е легитимно право, но дали сето тоа ќе влијае на процесот на носење на нов Изборен законик сè ќе зависи од тоа колку ќе се издигнеме над ситуацијата затоа што овој закон се носи за во иднина и не би смеело да се дозволат пропусти или недостатоци кои ги имало непосредно пред избори што доведувало до инстантно менување на Изборниот законик.

Во однос на евентуално одржување на лидерска средба, Тупанчески рече дека како министер и како професор е противник на такви средби.

Лидерската средба според мене е суспензија на правото, се договараат 4 или 6 или не знам колку луѓе, како понатаму? Да, тоа можеби така изгледа доколку ја гледаме површината на нештата дека помага или е алгоритам да стигнеме до некое поместување, меѓутоа дефинитивно лидерските средби и според форма и според содржина значат суспендирање на основните принципи на владеење на правото, рече министерот за правда Никола Тупанчески во вечерашната емисија Топ тема.

The post Тупанчески: Легитимно право на опозицијата е да бара предвремени избори appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Никола Тупанчески во гостувањето на Топ тема на Тeл,а се осврна на активностите кои се преземаат од страна на министерството за подготовката на нов Изборен законик. Како што најави, се очекува до крајот на месецот политичките партии и граѓанските организации и здруженија да делегираат свои членови во новата работна група со која ќе претседава експерт, а можно е во целиот процес да се вклучи и странски експерт.
Јас се обидувам колку што може повеќе да го афирмирам начелото на инклузивност, сите засегнати страни да бидат дел од што се нарекува нов Изборен законик. Колку ќе успеам во тоа не зависи само од мене затоа што се знае колку се моите ингеренции, рече Тупанчески.
Тој се осврна и на барањето на опозицијата за предвремени избори велејќи дека тоа е легитимно право, но дали сето тоа ќе влијае на процесот на носење на нов Изборен законик сè ќе зависи од тоа колку ќе се издигнеме над ситуацијата затоа што овој закон се носи за во иднина и не би смеело да се дозволат пропусти или недостатоци кои ги имало непосредно пред избори што доведувало до инстантно менување на Изборниот законик. Во однос на евентуално одржување на лидерска средба, Тупанчески рече дека како министер и како професор е противник на такви средби.
Лидерската средба според мене е суспензија на правото, се договараат 4 или 6 или не знам колку луѓе, како понатаму? Да, тоа можеби така изгледа доколку ја гледаме површината на нештата дека помага или е алгоритам да стигнеме до некое поместување, меѓутоа дефинитивно лидерските средби и според форма и според содржина значат суспендирање на основните принципи на владеење на правото, рече министерот за правда Никола Тупанчески во вечерашната емисија Топ тема.

The post Тупанчески: Легитимно право на опозицијата е да бара предвремени избори appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Одењето на Тупанчевски на фудбалската екскурзија заедно со судии и обвинители е сликата за македонското судство https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-odenjeto-na-tupanchevski-na-fudbalskata-ekskurzija-zaedno-so-sudii-i-obviniteli-e-slikata-za-makedonskoto-sudstvo/ Thu, 07 Apr 2022 20:55:19 +0000 https://republika.mk/?p=485028

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат истакна дека одењето на министерот за правда, Никола Тупанчевски заедно со обвинителка и судија во Палермо да го следат натпреварот на македонската фудбалска репрезентација зборува за тоа во каква држава живееме и колку политички е заробено судството и обвинителството.

„Беше срамно да се гледа како министерот се препелка неколку дена по враќањето од оваа мини-фудбалска турнеја, кој платил карти, кој не платил, па тука имаше и една поранешна специјална јавна обвинителка сега јавна обвинителка мислам дека е или виша, а исто така имаше и еден судија таму и тоа ви дава јасна слика на заробената држава и на општеството. Го имате министерот за правда во средината, лево од него обвинителката, а десно судијата. Тоа ви е јасно во каква држава живееме и колку е политички заробено и обвинителството и судството, а над сите нив е тој моќник кој што им го овозможува тоа“, потенцираше Мицкоски.

На прашање за тоа дали ќе биде покрената интерпелација за ваквата постапка на министерот Тупанчевски, Мицкоски:

„Не сме размислувале. Ќе имаме една таква дискусија на седниците на Извршниот комитет. Но, ние би покренале интерпелација на цела Влада да замине бидејќи целата Влада е неуспешна. Замислете вие каков премиер треба да сте сѐ уште да седите на состанок на влада со човекот кој што го гледаше целата македонска јавност“.

The post Мицкоски: Одењето на Тупанчевски на фудбалската екскурзија заедно со судии и обвинители е сликата за македонското судство appeared first on Република.

Тупанчески призна дека не го платил чартер летот, ниту картите за вип трибината https://republika.mk/vesti/makedonija/tupancheski-prizna-deka-ne-go-platil-charter-letot-nitu-kartite-za-vip-tribinata/ Tue, 05 Apr 2022 10:43:53 +0000 https://republika.mk/?p=483537

Министерот за правда Никола Тупанчески во изјава за А1он признава дека не ја платил картата за чартер лет и влезот во стадионот во Палермо.

Фактурата за аранжманот, односно сместувањето, ја платил откако цела јавност го виде на трибините, односно по четири дена од одржувањето на натпреварот.

Пред само неколку дена, министерот тврдеше дека билетот и авионската карта сам ги платил.

Не чувствувам потреба дека треба да поднесам оставка бидејќи не е прекршен етичкиот кодекс поради тоа што сум патувал и сум го следел фудбалскиот натпревар Македонија – Италија. Точно е дека летав со авионот на Фудбалската федерација, но авионскиот билет и влезницата за мечот во Палермо сам си го платив, вели во ексклузивно интервју за Трилинг министерот за правда Никола Тупанчевски.

Антикорупциската комисија слободно нека го истражува случајот, а јас ќе ги приложам сите сметки и извршени трансакции таму каде што треба, дециден беше министерот за правда.

The post Тупанчески призна дека не го платил чартер летот, ниту картите за вип трибината appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Никола Тупанчески во изјава за А1он признава дека не ја платил картата за чартер лет и влезот во стадионот во Палермо. Фактурата за аранжманот, односно сместувањето, ја платил откако цела јавност го виде на трибините, односно по четири дена од одржувањето на натпреварот. Пред само неколку дена, министерот тврдеше дека билетот и авионската карта сам ги платил.
Не чувствувам потреба дека треба да поднесам оставка бидејќи не е прекршен етичкиот кодекс поради тоа што сум патувал и сум го следел фудбалскиот натпревар Македонија – Италија. Точно е дека летав со авионот на Фудбалската федерација, но авионскиот билет и влезницата за мечот во Палермо сам си го платив, вели во ексклузивно интервју за Трилинг министерот за правда Никола Тупанчевски. Антикорупциската комисија слободно нека го истражува случајот, а јас ќе ги приложам сите сметки и извршени трансакции таму каде што треба, дециден беше министерот за правда.

The post Тупанчески призна дека не го платил чартер летот, ниту картите за вип трибината appeared first on Република.

]]>
Тупанчевски: Мора да се стави крај на селективната правда и неспроведувањето на законите https://republika.mk/vesti/makedonija/tupanchevski-mora-da-se-stavi-kraj-na-selektivnata-pravda-i-nesproveduvanjeto-na-zakonite/ Mon, 31 Jan 2022 21:01:32 +0000 https://republika.mk/?p=452162

Процесот на филтрација на судиите и отстранување на системските проблеми остануваат високо на агендата на Mинистерството за правда. Мора да се елиминираат долгогодишните практики на неспроведување на законите и да се стави крај на селективната правда.Ова вечерва го изјави министерот за правда Никола Тупанчевски во интервју за МРТ.

Ветингот како процес или филтрацијата може да се направи со постојните капацитети, но и со постојните законски решенија. Единствено треба да се самореактуелизира уште еднаш да се мотивираат капацитетите кои ги имаме кај нас, да бидат на ниво на задачата која ја имаат според закон. Ветинг како посебен процес нема да има, меѓутоа ќе има дефинитивно следење на состојбите и работата на судиите и проверка на нивната работа и сите околности кои имаат комплеменатрен карактер, а се на линија што се нарекува професионална етика и законито и совесно работење - појасни министерот Тупанчевски.

Министерството за правда, како што нагласи, ќе ги создаде оптималните услови кои ќе бидат неопходни за реализцаија на сегментите предвидени во идната стратегијата за реформа на правосудниот сектор.

Според него, ќе треба да се направи малку поголемно поместување, во смисла на тоа дека Судскиот совет и Советот на јавни обвинители претставуваат тела кои ќе треба постојано и во континуитет да ја следат работата на судовите и на обвинителствата и најревносно да ја извршуваат својата задача.

Министерот потенцира дека треба да се покаже и докаже дека во земјава правдата е неселективна и како пример ги наведе последните случувања со сообраќјните деликти.

Коментарите на обвинителите, судиите, па и општата јавност е дека нешто таму не штима и не е во ред за случувањата со сообраќајните деликти. Сите споменуваат дека проблемот е во законот, а како може да биде проблемот таму, кога законот за тешки сообраќајки со смртни последици предвидува казни од четири до 20 години затвор - рече Тупанчески.

Тој посочи дека главната карактеристика на пресудите за сообраќајните деликти се условните казни и додаде дека мора да се консолидираат сите и да се разгледаат решенијата.

Реален проблем е и невоедначеноста на судските пресуди. Не може за едно исто или слично дело во една апелационо подрачје да се доделуваат големи казни, а во друго само условни казни - рече Тупанчески.

The post Тупанчевски: Мора да се стави крај на селективната правда и неспроведувањето на законите appeared first on Република.

]]>

Процесот на филтрација на судиите и отстранување на системските проблеми остануваат високо на агендата на Mинистерството за правда. Мора да се елиминираат долгогодишните практики на неспроведување на законите и да се стави крај на селективната правда.Ова вечерва го изјави министерот за правда Никола Тупанчевски во интервју за МРТ.
Ветингот како процес или филтрацијата може да се направи со постојните капацитети, но и со постојните законски решенија. Единствено треба да се самореактуелизира уште еднаш да се мотивираат капацитетите кои ги имаме кај нас, да бидат на ниво на задачата која ја имаат според закон. Ветинг како посебен процес нема да има, меѓутоа ќе има дефинитивно следење на состојбите и работата на судиите и проверка на нивната работа и сите околности кои имаат комплеменатрен карактер, а се на линија што се нарекува професионална етика и законито и совесно работење - појасни министерот Тупанчевски.
Министерството за правда, како што нагласи, ќе ги создаде оптималните услови кои ќе бидат неопходни за реализцаија на сегментите предвидени во идната стратегијата за реформа на правосудниот сектор. Според него, ќе треба да се направи малку поголемно поместување, во смисла на тоа дека Судскиот совет и Советот на јавни обвинители претставуваат тела кои ќе треба постојано и во континуитет да ја следат работата на судовите и на обвинителствата и најревносно да ја извршуваат својата задача. Министерот потенцира дека треба да се покаже и докаже дека во земјава правдата е неселективна и како пример ги наведе последните случувања со сообраќјните деликти.