Никола Свенчев Archives - Република https://republika.mk/tema/nikola-svenchev/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Jan 2022 10:50:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Никола Свенчев Archives - Република https://republika.mk/tema/nikola-svenchev/ 32 32 Во Битола Светиот крст го фати Никола Свенчев https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-bitola-svetiot-krst-go-fati-nikola-svenchev/ Wed, 19 Jan 2022 10:50:35 +0000 https://republika.mk/?p=446658

Никола Свенчев е најсреќниот учесник на традиционалната манифестација фаќање на светиот крст во светите води на Храмот „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола.

Свенчев како еден од триесеттината битолчани успеа прв да го пронајде крстот што во водата во црковниот базен го спушти митрополитот преспанско-пелагониски и адиминистратор австралиско-новозеландски г. Петар.

Шести пат скокам по крстот, а четири пати сум го фатил во светите води. Ова е Господова волја и затоа во моите раце е светиот крст, истакна Свенчев кој првпат на црковната манифестација за Водици учествувал во 2011 година, кога прв пат го фатил крстот, а тоа му успеа и денес.

Според востановената традиција, битолчани по завршувањето на богослужбата полнеа вода за здравје од осветената вода во црковниот базен на Храмот „Св. Великомаченик Димитриј“, но и од другите цркви и манастири на преспанско-пелагониската епархија во градот и селата.

The post Во Битола Светиот крст го фати Никола Свенчев appeared first on Република.

]]>

Никола Свенчев е најсреќниот учесник на традиционалната манифестација фаќање на светиот крст во светите води на Храмот „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола. Свенчев како еден од триесеттината битолчани успеа прв да го пронајде крстот што во водата во црковниот базен го спушти митрополитот преспанско-пелагониски и адиминистратор австралиско-новозеландски г. Петар.