Никола Свенчев е најсреќниот учесник на традиционалната манифестација фаќање на светиот крст во светите води на Храмот „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола.

Свенчев како еден од триесеттината битолчани успеа прв да го пронајде крстот што во водата во црковниот базен го спушти митрополитот преспанско-пелагониски и адиминистратор австралиско-новозеландски г. Петар.

Шести пат скокам по крстот, а четири пати сум го фатил во светите води. Ова е Господова волја и затоа во моите раце е светиот крст, истакна Свенчев кој првпат на црковната манифестација за Водици учествувал во 2011 година, кога прв пат го фатил крстот, а тоа му успеа и денес.

Според востановената традиција, битолчани по завршувањето на богослужбата полнеа вода за здравје од осветената вода во црковниот базен на Храмот „Св. Великомаченик Димитриј“, но и од другите цркви и манастири на преспанско-пелагониската епархија во градот и селата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.