никола палигора Archives - Република https://republika.mk/tema/nikola-paligora/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Aug 2022 07:17:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png никола палигора Archives - Република https://republika.mk/tema/nikola-paligora/ 32 32 Азески испрати сочувство по смртта на бизнисменот Палигора https://republika.mk/vesti/ekonomija/azeski-isprati-sochuvstvo-po-smrtta-na-biznismenot-paligora/ Mon, 01 Aug 2022 07:17:18 +0000 https://republika.mk/?p=535534

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, испрати телеграма со сочувство по повод смртта на Никола Палигора, македонски бизнисмен и добитник на повеќе врвни признанија кој има значајно место и во новата Монографија издадена по повод 100 годишнината од постоењето на Комората.

Личното другарување со Нико остави големи траги во политиките на Комората во делот на надворешно-трговското работење на нашите членки, за што ќе му бидеме вечно благодарни - наведува Азески во телеграмата.

Никола Палигора е роден во Битола 1953 година. Како стопанственик од областа на надворешната трговија, бил директор на фирмата „Битолски металец“, а потоа на сектор во трговско извозно–увозно претпријатие „Технометал Вардар“. Професионалниот живот го продолжува како директор на заедничката македонска фирма „Македонија стил“ во Лондон и директор на трговското претставништво „Технометал Варадр“ во Москова.

Работел и како координатор на македонските стопански претставништва во Москва од 1985 до 1989 година, кога трговската размена помеѓу Социјалистичка Република Македонија и Советскиот сојуз од 60 милиони се зголемила на 700 милиони. Основач бил и на фирмата „Метал Сивас“ во Виена. Стекнатиот капитал го инвестирал во производство и промет со текстилни производи во „Палтекс“ АД, Делчево, а дел во фабриката за производство на пластична амбалажа во „Палпласт про“ Куманово, сопственост на неговата ќерка.

The post Азески испрати сочувство по смртта на бизнисменот Палигора appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, испрати телеграма со сочувство по повод смртта на Никола Палигора, македонски бизнисмен и добитник на повеќе врвни признанија кој има значајно место и во новата Монографија издадена по повод 100 годишнината од постоењето на Комората. Личното другарување со Нико остави големи траги во политиките на Комората во делот на надворешно-трговското работење на нашите членки, за што ќе му бидеме вечно благодарни - наведува Азески во телеграмата.
Никола Палигора е роден во Битола 1953 година. Како стопанственик од областа на надворешната трговија, бил директор на фирмата „Битолски металец“, а потоа на сектор во трговско извозно–увозно претпријатие „Технометал Вардар“. Професионалниот живот го продолжува како директор на заедничката македонска фирма „Македонија стил“ во Лондон и директор на трговското претставништво „Технометал Варадр“ во Москова. Работел и како координатор на македонските стопански претставништва во Москва од 1985 до 1989 година, кога трговската размена помеѓу Социјалистичка Република Македонија и Советскиот сојуз од 60 милиони се зголемила на 700 милиони. Основач бил и на фирмата „Метал Сивас“ во Виена. Стекнатиот капитал го инвестирал во производство и промет со текстилни производи во „Палтекс“ АД, Делчево, а дел во фабриката за производство на пластична амбалажа во „Палпласт про“ Куманово, сопственост на неговата ќерка.

The post Азески испрати сочувство по смртта на бизнисменот Палигора appeared first on Република.

]]>
Почина познатиот бизнисмен, Никола Палигора https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/pochina-poznatiot-biznismen-nikola-paligora/ Sun, 31 Jul 2022 19:03:09 +0000 https://republika.mk/?p=535457

По кратко боледување, на 86-годишна возраст во Скопје почина познатиот македонски бизнисмен, Никола Палигора.

Палигора е роден во 1935 година во Маловиште, Битолско и еден од личностите кој остави силен белег во периодот на обновување на Битола.

Беше директор на „Металец“, а потоа и на важни функции во „Технометал Вардар“. Во периодот од 1980 година до 1984 година беше претставник на компанијата во Лондон, а од 1984 година до 1989 година во Москва.

По пензионирањето почна сопствен бизнис што прерасна во семеен, кој успешно го водеше до неговата смрт.

Погребот на Никола Палигора е закажан за утре (1 август) на градските гробишта Бутел во 09:30 часот.

The post Почина познатиот бизнисмен, Никола Палигора appeared first on Република.

]]>

По кратко боледување, на 86-годишна возраст во Скопје почина познатиот македонски бизнисмен, Никола Палигора. Палигора е роден во 1935 година во Маловиште, Битолско и еден од личностите кој остави силен белег во периодот на обновување на Битола. Беше директор на „Металец“, а потоа и на важни функции во „Технометал Вардар“. Во периодот од 1980 година до 1984 година беше претставник на компанијата во Лондон, а од 1984 година до 1989 година во Москва. По пензионирањето почна сопствен бизнис што прерасна во семеен, кој успешно го водеше до неговата смрт. Погребот на Никола Палигора е закажан за утре (1 август) на градските гробишта Бутел во 09:30 часот.

The post Почина познатиот бизнисмен, Никола Палигора appeared first on Република.

]]>