Никола Мицевски Archives - Република https://republika.mk/tema/nikola-micevski/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 16:55:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Никола Мицевски Archives - Република https://republika.mk/tema/nikola-micevski/ 32 32 Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев https://republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-izrazuvam-ogromna-zgrozenost-od-nedolichnoto-bezobrazno-i-sramno-odnesuvane-na-pretsedatelot-na-levitsa-i-pratenik-dimitar-apasiev/ Thu, 21 Nov 2024 17:02:03 +0000 https://republika.mk/?p=840505

Најпрво како човек, а потоа како пратеник и координатор на пратеничка група во Собранието, сакам да изразам огромна згрозеност од денешното недолично, безобразно и срамно однесување во Собранието, на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, напиша на неговиот фејсбук профил Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО - ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/zhena-ti-sestra-ti-ustata-smrdena-da-ti-ja-nedolichno-i-nasilno-odnesuvane-na-pratenikot-dimitar-apasiev/

Очигледно, комплексите, нервозата и агресијата, домашното невоспитание и недостигот на основна култура, денес ја доживеаја својата кулминација. Неконтролираниот излив на физички и вербален бес и навреди на лицето Димитар Апасиев кон колегите пратеници, мажи и жени, беше само уште еден очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание и „лајкови“ на социјалните мрежи, објави Мицевски.

Единственото добро што може да произлезе од ова ниско, скандалозно и срамно однесување на Димитар Апасиев, пишува тој, е тоа што целата македонска јавност, во живо на собранискиот канал, имаше можност да види и да се увери во вистинското лице на Д. Апасиев и начинот на кој што нивната „фејсбук“ партија делува, размислува и се однесува.

Јавно извинување и искрено каење за недоличните зборови и постапки кон колегите пратеници од страна на човек кој не поседува основни човечки вредности и достоинство, не барам, а искрено и не очекувам. Но барем, очекувам да се покае и извини до сите жени, мајки, сестри, сопруги и девојки кои денеска тој, индиректно најбрутално ги навреди и понижи. На крајот би упатил порака со надеж и желба, овој срам никогаш да не се повтори!, напиша на фејсбук Никола Мицевски.

The post Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев appeared first on Република.

]]>

Најпрво како човек, а потоа како пратеник и координатор на пратеничка група во Собранието, сакам да изразам огромна згрозеност од денешното недолично, безобразно и срамно однесување во Собранието, на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, напиша на неговиот фејсбук профил Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО - ДПМНЕ. https://republika.mk/vesti/makedonija/zhena-ti-sestra-ti-ustata-smrdena-da-ti-ja-nedolichno-i-nasilno-odnesuvane-na-pratenikot-dimitar-apasiev/
Очигледно, комплексите, нервозата и агресијата, домашното невоспитание и недостигот на основна култура, денес ја доживеаја својата кулминација. Неконтролираниот излив на физички и вербален бес и навреди на лицето Димитар Апасиев кон колегите пратеници, мажи и жени, беше само уште еден очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание и „лајкови“ на социјалните мрежи, објави Мицевски.
Единственото добро што може да произлезе од ова ниско, скандалозно и срамно однесување на Димитар Апасиев, пишува тој, е тоа што целата македонска јавност, во живо на собранискиот канал, имаше можност да види и да се увери во вистинското лице на Д. Апасиев и начинот на кој што нивната „фејсбук“ партија делува, размислува и се однесува.
Јавно извинување и искрено каење за недоличните зборови и постапки кон колегите пратеници од страна на човек кој не поседува основни човечки вредности и достоинство, не барам, а искрено и не очекувам. Но барем, очекувам да се покае и извини до сите жени, мајки, сестри, сопруги и девојки кои денеска тој, индиректно најбрутално ги навреди и понижи. На крајот би упатил порака со надеж и желба, овој срам никогаш да не се повтори!, напиша на фејсбук Никола Мицевски.

The post Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев appeared first on Република.

]]>
Mицевски: ВМРО-ДПМНЕ е народна партија која што постојано се развива, расте и еволуира https://republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-vmro-dpmne-e-narodna-partija-koja-shto-postojano-se-razviva-raste-i-evoluira/ Wed, 30 Oct 2024 12:36:24 +0000 https://republika.mk/?p=832441

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, во интервју за Поглед.мк, се осврна на актуелните политички прашања.

Мицевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ, како и секоја политичка партија, како во Македонија, така и во светот, нормално е да напредува и паралелно да ги следи политичките и општествените текови и случувања.

„ВМРО-ДПМНЕ е народна партија која што постојано се развива, расте и еволуира. Сметам дека тоа е нормален и континуиран процес кој ниедна партија не може и не смее да го заобиколи и избегне. Сепак, мислам дека кај нас има политички партии кои што свесно се обидуваат и пружаат отпор на овој процес, но за жал тие остануваат заглавени во минатото, не можејќи да ги задоволат потребите и барањата на своите гласачи, но и генерално на сите граѓани на Македонија’’, рече Мицевски.

Во однос на прашањето за приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ во овој парламентарен состав, тој појасни дека приоритетите се исти они кои што ги ветувале во предизборната кампања.

„Заложбите на ВМРО-ДПМНЕ како владејачка партија се евроинтеграција на Македонија, силна борба против криминалот и корупцијата, забрзан развој на македонската економија, рамномерен регионален развој, намалување на даноците, зголемување на пензиите и платите, подобрување на патната и железничката инфраструктура, како и градење на добри односи со сите соседи, но и со сите држави и влади во светот’’, додаде Мицевски.

Мицевски дополни дека ВМРО-ДПМНЕ е македонска партија која што е демократска, отворена, и партија која што секогаш прифаќа различни мислења.

„Без разлика дали станува збор за мислења и идеи кои доаѓаат од високи партиски функционери или пак од месните комитети, од член и активистите. Токму тоа е силата и предноста на ВМРО-ДПМНЕ како народна партија’’, заклучи тој.

The post Mицевски: ВМРО-ДПМНЕ е народна партија која што постојано се развива, расте и еволуира appeared first on Република.

]]>

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, во интервју за Поглед.мк, се осврна на актуелните политички прашања. Мицевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ, како и секоја политичка партија, како во Македонија, така и во светот, нормално е да напредува и паралелно да ги следи политичките и општествените текови и случувања.
„ВМРО-ДПМНЕ е народна партија која што постојано се развива, расте и еволуира. Сметам дека тоа е нормален и континуиран процес кој ниедна партија не може и не смее да го заобиколи и избегне. Сепак, мислам дека кај нас има политички партии кои што свесно се обидуваат и пружаат отпор на овој процес, но за жал тие остануваат заглавени во минатото, не можејќи да ги задоволат потребите и барањата на своите гласачи, но и генерално на сите граѓани на Македонија’’, рече Мицевски.
Во однос на прашањето за приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ во овој парламентарен состав, тој појасни дека приоритетите се исти они кои што ги ветувале во предизборната кампања.
„Заложбите на ВМРО-ДПМНЕ како владејачка партија се евроинтеграција на Македонија, силна борба против криминалот и корупцијата, забрзан развој на македонската економија, рамномерен регионален развој, намалување на даноците, зголемување на пензиите и платите, подобрување на патната и железничката инфраструктура, како и градење на добри односи со сите соседи, но и со сите држави и влади во светот’’, додаде Мицевски.
Мицевски дополни дека ВМРО-ДПМНЕ е македонска партија која што е демократска, отворена, и партија која што секогаш прифаќа различни мислења. „Без разлика дали станува збор за мислења и идеи кои доаѓаат од високи партиски функционери или пак од месните комитети, од член и активистите. Токму тоа е силата и предноста на ВМРО-ДПМНЕ како народна партија’’, заклучи тој.

The post Mицевски: ВМРО-ДПМНЕ е народна партија која што постојано се развива, расте и еволуира appeared first on Република.

]]>
Мицевски: ДУИ тешко се соочува со реалноста https://republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-dui-teshko-se-soochuva-so-realnosta/ Sun, 06 Oct 2024 13:19:32 +0000 https://republika.mk/?p=823473

Изминативе денови ги гледаме претставниците на ДУИ како имаат проблем да го најдат својот наратив.
Последно од Мала Речица е предлози за економските ресори. Проблемот е што ДУИ 20 години беше на власт и најчесто водеше еден од економските ресори на кои денес им сугерира што да работат, оценува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Тој ги прашува ДУИ: „Каде бевте до мај оваа година?“

-Економската состојба и буџетот ги наследивме опустошени, огромни долгови на институциите, непланирани зголемувања на плати, непредвидени исплати на редовни плати, неисплатени субвенции, огромни долгови како резултат на криминалот во енергетскиот сектор и голем број на други наталожени обврски од минатото, вели Мицевски.

Порача дека следува период на консолидација.

-Реализираме 100 милиони евра за општините и дополнителни 250 се очекуваат во следната година. За пензионерите зголемување од 2500 денари и дополнителни 2500 денари повисока пензија од март 2025та година. За брзо ќе обезбедиме поволни кредитни линии за бизнисот од 250 милиони евра што ќе донесе нови високоплатени работни места, посочи тој.

The post Мицевски: ДУИ тешко се соочува со реалноста appeared first on Република.

]]>

Изминативе денови ги гледаме претставниците на ДУИ како имаат проблем да го најдат својот наратив. Последно од Мала Речица е предлози за економските ресори. Проблемот е што ДУИ 20 години беше на власт и најчесто водеше еден од економските ресори на кои денес им сугерира што да работат, оценува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. Тој ги прашува ДУИ: „Каде бевте до мај оваа година?“
-Економската состојба и буџетот ги наследивме опустошени, огромни долгови на институциите, непланирани зголемувања на плати, непредвидени исплати на редовни плати, неисплатени субвенции, огромни долгови како резултат на криминалот во енергетскиот сектор и голем број на други наталожени обврски од минатото, вели Мицевски.
Порача дека следува период на консолидација.
-Реализираме 100 милиони евра за општините и дополнителни 250 се очекуваат во следната година. За пензионерите зголемување од 2500 денари и дополнителни 2500 денари повисока пензија од март 2025та година. За брзо ќе обезбедиме поволни кредитни линии за бизнисот од 250 милиони евра што ќе донесе нови високоплатени работни места, посочи тој.

The post Мицевски: ДУИ тешко се соочува со реалноста appeared first on Република.

]]>
Мицевски: Несериозно е пратениците од опозицијата да бидат надвор кога во Собрание треба се гласа за битни закони, како за зголемувањето на пензиите https://republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-neseriozno-e-pratenitsite-od-opozitsijata-da-bidat-nadvor-koga-vo-sobranie-treba-se-glasa-za-bitni-zakoni-kako-za-zgolemuvaneto-na-penziite/ Wed, 11 Sep 2024 16:39:06 +0000 https://republika.mk/?p=815450

Пред очите на македонската јавност се случува политиканство. Цел ден се пробува да се направaат опструкции на дневниот ред и да се попречи донесувањето на битни закони за граѓаните на Република Македонија, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната собраниска седница.

Мицевски посочи дека да се биде надвор од салата кога во Собранието треба да се гласа за битни закони како предлог законот за зголемување на пензиите на сите пензионери во Македонија, линеарно пет илјади денари, е се само не сериозно делување.

„Да се биде надвор од салата кога во процедура е Предлог закон за изменување и дополнување на Закон за пензиско и инвалидско осигурување, Закон со кој што се планира на сите пензионери во државава да им се зголеми пензијата за две и пол илјади денари, почнувајќи од септемвриската пензија и дополнително две и пол илјади денари и со партовската пензија, значи пет илјади денари зголемување, опозицијата да опструира и да бара прекини, односно по еден час пауза на утврдување на дневен ред, е се само не сериозно“, рече Мицевски.

Тој им се обрати на колегите пратеници од опозицијата при што им посочи дека тие пет илјади денари на пензионерите е обврска на сите нис да ги изгласаат и да ги дадат ден побрзо, затоа што таму пензионери не се само Македонци, туку дека таму има и Албанци, Турци, Роми, Власи и други на кои што имат обврска, како пратеници, да им го подобрат животот и животниот стандард.

„Дополнитено, да се опструира донесување на заем со овие услови, со кои што ќе се обезбеди половина милијарда евра, пари кои што ќе бидат пратени и вбризгани во стопанството каде што има стопанственици Македонци, Албанци, Турци или ќе се дадат на општините за кои што веќе има распишан јавен повик, не делејќи ги општините на општини од власт или општини од опозиција или општини по било која друга поделба. Колеги пратеници, ве повикувам сите заедно да влеземе и час побргу да ги изгласаме овие закони, да престанат политиканствата кои што ги правите цел ден“, повика Мицевски.

The post Мицевски: Несериозно е пратениците од опозицијата да бидат надвор кога во Собрание треба се гласа за битни закони, како за зголемувањето на пензиите appeared first on Република.

]]>

Пред очите на македонската јавност се случува политиканство. Цел ден се пробува да се направaат опструкции на дневниот ред и да се попречи донесувањето на битни закони за граѓаните на Република Македонија, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната собраниска седница. Мицевски посочи дека да се биде надвор од салата кога во Собранието треба да се гласа за битни закони како предлог законот за зголемување на пензиите на сите пензионери во Македонија, линеарно пет илјади денари, е се само не сериозно делување.
„Да се биде надвор од салата кога во процедура е Предлог закон за изменување и дополнување на Закон за пензиско и инвалидско осигурување, Закон со кој што се планира на сите пензионери во државава да им се зголеми пензијата за две и пол илјади денари, почнувајќи од септемвриската пензија и дополнително две и пол илјади денари и со партовската пензија, значи пет илјади денари зголемување, опозицијата да опструира и да бара прекини, односно по еден час пауза на утврдување на дневен ред, е се само не сериозно“, рече Мицевски.
Тој им се обрати на колегите пратеници од опозицијата при што им посочи дека тие пет илјади денари на пензионерите е обврска на сите нис да ги изгласаат и да ги дадат ден побрзо, затоа што таму пензионери не се само Македонци, туку дека таму има и Албанци, Турци, Роми, Власи и други на кои што имат обврска, како пратеници, да им го подобрат животот и животниот стандард.
„Дополнитено, да се опструира донесување на заем со овие услови, со кои што ќе се обезбеди половина милијарда евра, пари кои што ќе бидат пратени и вбризгани во стопанството каде што има стопанственици Македонци, Албанци, Турци или ќе се дадат на општините за кои што веќе има распишан јавен повик, не делејќи ги општините на општини од власт или општини од опозиција или општини по било која друга поделба. Колеги пратеници, ве повикувам сите заедно да влеземе и час побргу да ги изгласаме овие закони, да престанат политиканствата кои што ги правите цел ден“, повика Мицевски.

The post Мицевски: Несериозно е пратениците од опозицијата да бидат надвор кога во Собрание треба се гласа за битни закони, како за зголемувањето на пензиите appeared first on Република.

]]>
Мицевски: Со измените на законот за локална самоуправа ќе се заштедат пари https://republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-so-izmenite-na-zakonot-za-lokalna-samouprava-ke-se-zashtedat-pari/ Wed, 11 Sep 2024 11:58:10 +0000 https://republika.mk/?p=815370

Со законот за локална самоуправа се регулираат прашањата за надлежностите на општината, непосредно учество на граѓаните во одлучувањето, иницијативи, организација на работа на органите на општината како и други прашања од значењето на локалната самоуправа, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на денешната собраниска седница.

Тој потенцираше дека измените се со цел да нема нови предвремени локални избори.

Измените на законот за локална самоуправа треба да овозможат да нема избори за нов градоначалник до редовните избори ако има помалку од 12 месеци. Станува збор за преодно решение кое ќе важи само за претстојните локални избори кои треба да се одржат во октомври 2025 година - вели Мицевски.

Тој продолжи и додаде:

Имајќи во предвид дека до распишување на нови редовни локални избори има помалку од 12 месеци и тргнувајќи од начелото за економичност и економската состојба во државата како и краткиот рок за организација на овие избори предложените законски решенија се со цел да ја постигнат целта заради која е предложен законот, а тоа е да нема измени односно овие кандидати за градоначалници да останат до одржување на редовните локални избори - дециден е Мицевски.

The post Мицевски: Со измените на законот за локална самоуправа ќе се заштедат пари appeared first on Република.

]]>

Со законот за локална самоуправа се регулираат прашањата за надлежностите на општината, непосредно учество на граѓаните во одлучувањето, иницијативи, организација на работа на органите на општината како и други прашања од значењето на локалната самоуправа, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на денешната собраниска седница. Тој потенцираше дека измените се со цел да нема нови предвремени локални избори.
Измените на законот за локална самоуправа треба да овозможат да нема избори за нов градоначалник до редовните избори ако има помалку од 12 месеци. Станува збор за преодно решение кое ќе важи само за претстојните локални избори кои треба да се одржат во октомври 2025 година - вели Мицевски.
Тој продолжи и додаде:
Имајќи во предвид дека до распишување на нови редовни локални избори има помалку од 12 месеци и тргнувајќи од начелото за економичност и економската состојба во државата како и краткиот рок за организација на овие избори предложените законски решенија се со цел да ја постигнат целта заради која е предложен законот, а тоа е да нема измени односно овие кандидати за градоначалници да останат до одржување на редовните локални избори - дециден е Мицевски.

The post Мицевски: Со измените на законот за локална самоуправа ќе се заштедат пари appeared first on Република.

]]>
Мицевски ги повика турските партии да бидат дел од владата на ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-gi-povika-turskite-partii-da-bidat-del-od-vladata-na-vmro-dpmne/ Sun, 23 Jun 2024 11:05:36 +0000 https://republika.mk/?p=789925

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска, во рамки на собраниската седница за избор на новата влада, ги повика колегите од турските партии да му се приклучат на владејачкото мнозинство за, како што рече, сите заедно да работат на подобрување на состојбите во државата.

Ова „фрлање ракавица“, како што истакна Мицевски, следуваше откако претходно, Бејџан Илјаз од коалицијата Европски фронт изрази загриженост дека во новиот владин состав нема ниту еден претставник од труската заедница.

Според Мицевски, моментно владата на ВМРО-ДПМНЕ на турските партии може да им понуди едно заменичко министерско место.

Ве поканувам да влезете во владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и во ова парламнетрано мнозинство, за сите заедно да можеме да работиме на подобрување на состојбите во државата. Во моментот можеме да понудиме едно заменичко министерско место. Повелете, влезете во владата и заедно да работиме на предизвиците за кои зборувавте сега, истакна Мицевски, додавајќи дека Демократската партија на Турците сама избрала да биде дел од Европскиот фронт.

Илјаз се заблагодари за поканата и повтори дека одлуката да бидат дел од Европскиот фронт е партиска.

Добро знаете дека предизборно имавме разговори со сите партии и притоа се водевме од принципите и дадените укажаувања на нашите партиски органи. Затоа сме дел од Европскиот фронт. Загриженоста е што не само во новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, туку и во поранешните влади, особено изминатите осум години, немавме претставник во владата, потенцира Илјаз.

Тој порача дека во време кога се стремиме кон подобра иднина и кога не очекуваат важни одлуки, општеството треба повеќе да води грижа и за немнозинските заедници.

Најавите за промена на Уставот каде немнозинските заедници ќе бидат третирани како малцинства, е против духот на Рамковниот договор и може сериозно да ги наруши соживото и граѓанската рамноправост. Место овие најави, очекувам што поскоро на агендата да се стават уставните измени за да се отвори патот кон нашата европска иднина, напомена Илјаз.

Пред него зборуваше Сали Мурат од Европскиот фронт, кој оцени дека владината програма на ВМРО-ДПМНЕ не е целосно во согласност со Уставот и Рамковниот договор.

Во секоја глава има одредени недоречености, необјективности и нереални заложби. Мандатарот се поставува во улога на давател на некои права, задирате во еднаквоста на граѓаните, особено во однос на турската заедница. Ако се резимира програмата, многу малку посветувате внимание на одржување на меѓутничките односи, на толеранцијата и почитувањето на Ракобвниот договор кој е компромис и афирмација на слободите и правата на неинтегрираните и маргинализираните групи, а меѓу нив е токму турската заедница, подвлече Мурат.

Халил Снопче од Вреди ги потсети Мурат и Илјаз дека во претходниот мандат, како Албанец, побарал официјализација и на турскиот и на ромскиот јазик.

Ние сме мултинационална држава, идната влада ќе мора многу да инвестира во општата еманципација за да ги елиминира сите несогласувања, не треба да сме идентични за да сме еднакви, мора да инвестира во овој дел, луѓето да ја сфатат еднаквоста меѓу различните работи, нагласи Снопче.

The post Мицевски ги повика турските партии да бидат дел од владата на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска, во рамки на собраниската седница за избор на новата влада, ги повика колегите од турските партии да му се приклучат на владејачкото мнозинство за, како што рече, сите заедно да работат на подобрување на состојбите во државата. Ова „фрлање ракавица“, како што истакна Мицевски, следуваше откако претходно, Бејџан Илјаз од коалицијата Европски фронт изрази загриженост дека во новиот владин состав нема ниту еден претставник од труската заедница. Според Мицевски, моментно владата на ВМРО-ДПМНЕ на турските партии може да им понуди едно заменичко министерско место.
Ве поканувам да влезете во владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и во ова парламнетрано мнозинство, за сите заедно да можеме да работиме на подобрување на состојбите во државата. Во моментот можеме да понудиме едно заменичко министерско место. Повелете, влезете во владата и заедно да работиме на предизвиците за кои зборувавте сега, истакна Мицевски, додавајќи дека Демократската партија на Турците сама избрала да биде дел од Европскиот фронт.
Илјаз се заблагодари за поканата и повтори дека одлуката да бидат дел од Европскиот фронт е партиска.
Добро знаете дека предизборно имавме разговори со сите партии и притоа се водевме од принципите и дадените укажаувања на нашите партиски органи. Затоа сме дел од Европскиот фронт. Загриженоста е што не само во новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, туку и во поранешните влади, особено изминатите осум години, немавме претставник во владата, потенцира Илјаз.
Тој порача дека во време кога се стремиме кон подобра иднина и кога не очекуваат важни одлуки, општеството треба повеќе да води грижа и за немнозинските заедници.
Најавите за промена на Уставот каде немнозинските заедници ќе бидат третирани како малцинства, е против духот на Рамковниот договор и може сериозно да ги наруши соживото и граѓанската рамноправост. Место овие најави, очекувам што поскоро на агендата да се стават уставните измени за да се отвори патот кон нашата европска иднина, напомена Илјаз.
Пред него зборуваше Сали Мурат од Европскиот фронт, кој оцени дека владината програма на ВМРО-ДПМНЕ не е целосно во согласност со Уставот и Рамковниот договор.
Во секоја глава има одредени недоречености, необјективности и нереални заложби. Мандатарот се поставува во улога на давател на некои права, задирате во еднаквоста на граѓаните, особено во однос на турската заедница. Ако се резимира програмата, многу малку посветувате внимание на одржување на меѓутничките односи, на толеранцијата и почитувањето на Ракобвниот договор кој е компромис и афирмација на слободите и правата на неинтегрираните и маргинализираните групи, а меѓу нив е токму турската заедница, подвлече Мурат.
Халил Снопче од Вреди ги потсети Мурат и Илјаз дека во претходниот мандат, како Албанец, побарал официјализација и на турскиот и на ромскиот јазик.
Ние сме мултинационална држава, идната влада ќе мора многу да инвестира во општата еманципација за да ги елиминира сите несогласувања, не треба да сме идентични за да сме еднакви, мора да инвестира во овој дел, луѓето да ја сфатат еднаквоста меѓу различните работи, нагласи Снопче.

The post Мицевски ги повика турските партии да бидат дел од владата на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ очекува двотретинска поддршка за законите за промена на министерствата https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-ochekuva-dvotretinska-poddrshka-za-zakonite-za-promena-na-ministerstvata/ Mon, 03 Jun 2024 12:11:13 +0000 https://republika.mk/?p=784387

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски очекува да го обезбедат потребното двотретинско мнозинство за да бидат изгласани законските измени поврзани со промените на министерствата во Владата.

- Тоа е предизборно ветување што го дадовме на граѓаните и со кое ги запознавме во предизборниот период. Во моментов, работиме на Законот за организација на работата на органите на државната управа, односно преструктурирањето на одредени министерства и очекувам дека ќе добиеме поддршка од 80 пратеници за да може да функционира она што е барање на граѓаните, рече Мицевски во изјава за медиумите по денешната прва официјална координација на собранискиот спикер Африм Гаши со претставници на партиите.

Соопшти дека при крај е целото законско решение и очекува деновиве официјално да биде поднесено.

- Со истото ќе ја запознаеме јавноста, медиумите, но и колегите од другите пратенички групи, врз основа на што очекуваме да добиеме поддршка на она што го планираме да го испорачаме како продукт на граѓаните во наредниот период. Завршни консултации и состаноци има по одредени делови во законот, штом го имаме тоа, ќе биде завршено, рече Мицевски.

Додаде дека за него поприоритетно во моментот е да се формираат комисиите, односно работните тела за да можат сите овие закони да поминат низ соодветните комисии.

- Во моментот ја имаме формирано само Верификационата комисија и Комисијата за прашањата на именувања и изборите. Потребни се и другите – Комисијата за политички систем, Законодавно правната комисија и другите комисии за кои на денешната првична координација имаше разговори. Очекувам во текот на денот и наредните денови да најдеме разбирање со колегите координатори за тоа која комисија, на која пратеничка група да припадне за да може Собранието целосно да биде функционално, рече Мицевски.

The post ВМРО-ДПМНЕ очекува двотретинска поддршка за законите за промена на министерствата appeared first on Република.

Никола Мицевски со проектот „Нова ера“ на 18 мај во „Јавна соба“ https://republika.mk/scena/nikola-mitsevski-so-proektot-nova-era-na-18-maj-vo-javna-soba/ Fri, 17 May 2024 15:52:46 +0000 https://republika.mk/?p=779242

Композиторот Никола Мицевски ќе одржи концерт со проектот „Нова ера“ на 18 мај во „Јавна соба“ во Скопје (21 часот), соопшти организаторот „Авалон“.

Минатата година, Мицевски со истиот проект одржа концерти во Филхармонијата, Центарот за култура во Битола и во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” во Велес. Мицевски вели дека му е драго што со своите колеги сега ќе свири во поинтимен амбиент.

Проектот „Нова ера“ е спој на различни жанрови: филмска музика, етно, рок и електро, каде што главен инструмент е пијаното. Покрај Мицевски и пријателите, ќе има и неколкумина гости. Билетите се продаваат преку мрежата ticketx.mk.

The post Никола Мицевски со проектот „Нова ера“ на 18 мај во „Јавна соба“ appeared first on Република.

]]>

Композиторот Никола Мицевски ќе одржи концерт со проектот „Нова ера“ на 18 мај во „Јавна соба“ во Скопје (21 часот), соопшти организаторот „Авалон“. Минатата година, Мицевски со истиот проект одржа концерти во Филхармонијата, Центарот за култура во Битола и во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” во Велес. Мицевски вели дека му е драго што со своите колеги сега ќе свири во поинтимен амбиент. Проектот „Нова ера“ е спој на различни жанрови: филмска музика, етно, рок и електро, каде што главен инструмент е пијаното. Покрај Мицевски и пријателите, ќе има и неколкумина гости. Билетите се продаваат преку мрежата ticketx.mk.

The post Никола Мицевски со проектот „Нова ера“ на 18 мај во „Јавна соба“ appeared first on Република.

]]>
Итна седница за документите може да се одржи уште денеска, Мицевски разговарал и со Џафери за решение https://republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-razgovaral-i-so-dhaferi-za-reshenie-so-ovie-izmeni-ke-se-prodolzhi-vazhnosta-na-dokumentite/ Mon, 12 Feb 2024 10:41:53 +0000 https://republika.mk/?p=743139

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски порача дека подготвиле закони и ги поднеле до архивата во Собранието.

Според него, се работи за измена на две законски решенија, Законот за патни исправи и Законот за возачките дозволи односно за безбедност во сообраќајот.

Итна е постапката, гледате и Вие дека јавноста е сензибилна по ова прашање и ние денес како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ги подготвивме законите и ги поднесовме до архивата на Собранието. Дополнително со тоа поднесовме и барање за свикување на итна седница со потписи од 20 пратеници. Претседателот на Собранието може да ја свика седницата во текот на денешниот ден. Инаку по однос на самите законски решенија, се работи за измена на одредбите од двата Закони кои што предвидуваат завршување на роковите по однос на ова законско решение за патните исправи и за возачките дозволи. Со оваа измена ќе се продолжи одредбата за да можат да важат и во наредниот период. Во текот на утрото, имав разговор и со претседателот на Владата, премиерот, кој што го очекуваме да дојде и заедно со претседателот на Собранието, како пратенички групи да изнајдеме решение, меѓутоа за да се случи тоа, потребно е барање за свикување на итна седница и ние тоа го направивме. Со 20 потписи од пратеници можеме материјалите кои што се по однос на оваа седница да бидат доставени до пратениците согласно роковите побрзо од 10 дена или пак на самата седница. Затоа очекувам во текот на денешниот ден, да се организираме и да ја свикаме оваа седница како би ги избегнале сите проблеми со кои што се соочуваат граѓаните во нашата држава - вели Мицевски.

The post Итна седница за документите може да се одржи уште денеска, Мицевски разговарал и со Џафери за решение appeared first on Република.

]]>

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски порача дека подготвиле закони и ги поднеле до архивата во Собранието. Според него, се работи за измена на две законски решенија, Законот за патни исправи и Законот за возачките дозволи односно за безбедност во сообраќајот.
Итна е постапката, гледате и Вие дека јавноста е сензибилна по ова прашање и ние денес како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ги подготвивме законите и ги поднесовме до архивата на Собранието. Дополнително со тоа поднесовме и барање за свикување на итна седница со потписи од 20 пратеници. Претседателот на Собранието може да ја свика седницата во текот на денешниот ден. Инаку по однос на самите законски решенија, се работи за измена на одредбите од двата Закони кои што предвидуваат завршување на роковите по однос на ова законско решение за патните исправи и за возачките дозволи. Со оваа измена ќе се продолжи одредбата за да можат да важат и во наредниот период. Во текот на утрото, имав разговор и со претседателот на Владата, премиерот, кој што го очекуваме да дојде и заедно со претседателот на Собранието, како пратенички групи да изнајдеме решение, меѓутоа за да се случи тоа, потребно е барање за свикување на итна седница и ние тоа го направивме. Со 20 потписи од пратеници можеме материјалите кои што се по однос на оваа седница да бидат доставени до пратениците согласно роковите побрзо од 10 дена или пак на самата седница. Затоа очекувам во текот на денешниот ден, да се организираме и да ја свикаме оваа седница како би ги избегнале сите проблеми со кои што се соочуваат граѓаните во нашата држава - вели Мицевски.

The post Итна седница за документите може да се одржи уште денеска, Мицевски разговарал и со Џафери за решение appeared first on Република.

]]>
Мицевски ја опиша работата на Собранието https://republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-ja-opisha-rabotata-na-sobranieto/ Fri, 26 Jan 2024 14:13:52 +0000 https://republika.mk/?p=737163

Денес е голем ден.Ден во кој што оваа власт, продолжува пополека но сигурно, дел по дел, функционер по функционер, да се руши како кула од карти. Процес кој што започна вчера со Ковачевски, продолжува денес, а ќе заврши на денот на изборите во мај., вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

Денешната седница е продолжение на неславниот крај на оваа власт која што во изминативе 7 години ја уништи државата, го урниса и ги приватизираше институциите, ги осиромаши граѓаните, ја клекна македонската економија на колена односно накратко кажано, создаде девастиран и нефункционален државен систем кој што секојдневно го гледаме дека пука по сите рабови и јасно ги покажува свои аномалии и недостатоци.

Зошто го велам и тврдам ова, ќе ми дозволите да Ви образложам во следниве неколку минути.Ќе зборувам исклучиво со аргументи, факти и бројки кои се јасни како бел ден и нема бегање.

Имено, јас како координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, која впрочем е најголемата и најбројната пратеничка група овде во Собранието имам целосно право денес од оваа говорница, на денот кога се избира претседател на Собрание, пред целата македонска јавност да направам 4 годишна ретроспектива и да се обидам да ја претставам неработата и нефункционалноста на овој законодавен дом во изминатиов мандат.

Денес, после 4 години мандат на ова владејачко мнозинство, кое наместо како во секоја нормална држава и парламентарна демократија, да зборуваме за законодавен дом кој успешно ја вршел својата работа и контролна функција над извршната власт, наместо да зборуваме за безброј плодни и аргументирани дискусии и јавни дебати помеѓу пратеници и експертите, наместо да зборуваме за тоа кој колку добри законски решенија во корист на граѓаните успеал да донесе и изгласа, за жал ние денеска можеме само да зборуваме за законодавен дом кој што е непресушен извор самоволие и парламентарно насилие.

Ова повеќе не наликува на законодавен дом, туку на дом на меѓупартиски и меѓукоалициски пазари и договори на штета на граѓаните на дневно ниво.

Имено, слободно можам да кажам дека во овој мандат, кој што впрочем ги брои последните денови и месеци, видовме се’ и сешто, но не видовме едно европско Собрание кое што треба да биде цврст столб на една европска држава со европска демократија. Не видовме место каде што преку дебата и инклузивност на сите политички чинители и народни претставници во Собранието, ќе се носат решенија кои ќе го подобрат животот на граѓаните и општеството во кое што живееме.

Речиси секогаш, приоритет пред интересот на граѓаните, општеството и државата, имаа интересот на поединци и коалициските пазари помеѓу партиите на власт, кој што резултираа со носење на многу штетни одлуки во време кога државата и граѓаните се соочуваа со сериозни предизвици и кризи.

Токму затоа, со цел појасна слика и оценка на работата и состојбата во која се наоѓа нашиот законодавен дом, јас ова 4 годишно раководење со Собранието под водство на СДСМ и ДУИ, сликовито би го поделил во два дела.

Во првиот дел, како клучна и реална причина за ситуацијата во која што се наоѓаме, би ги ставил преседаните кои што се случуваа овде во Собранието.

И вториот дел, тоа е делот на погубната статистика и злоупотреба на Собраниетокои што доведоа и допринесоа токму ова Собрание да биде најнедемократското и најнетранспарентното Собрание во досегашната 30 годишна политичка историја и плурална демократија во државата.

Ќе започнам со преседаните кои што ова парламентарно мнозинство некогаш свесно, а многу ретко и несвесно, по инерција ги правеше на дневна основа.

Иако оваа листа со преседани е прилично долга, во интерес на времето, би издвоил неколку:

– Деловникот за работа на Собранието, кој е таканаречен Устав на ова Собрание, како никогаш досега е погазуван и непочитуван, и тој повеќе речиси да нема никаква вредност и тежина. Го применувавте селективно, само тогаш кога и како Вам ви одговараше, во зависност од дневно политичките прилики и потреби и добро е што донесовме нов деловник да завршат практиките со стариот.

– Исто така, во многу наврати покрај кршењето на Деловникот, имавме класично кршење и непочитување и на Етичкиот кодекс за однесување на пратеници;

– А во неколку наврати, во срцето на демократијата, во законодавниот дом кој што треба да е чувар и пример за почитување на законите, беше погазуван и прекршуван и Уставот на Македонија;

Тука го поставувам прашањето, дали постои подобар и поголем пример од овие преседани за тоа колку несериозна, недемократска и извитоперена власт имаме во државата во моментов?!

За жал, одговорот е повеќе од јасен.

Продолжувам понатаму,

– За првпат во историјата на ова Собрание, се соочивме со ситуација овој законодавен дом да ги заклучи вратите на пленарната сала и со тоа да го ограничи правото на слободно движење на пратениците, само заради тоа што парламентарното мнозинство не можеше да си обезбеди кворум за работа и гласање на нивните закони;

– Исто така за прв пат во нашата 30-годишна плурална и парламентарна демократија, опозициски пратеник доби судска пресуда за искажан збор од собраниска говорница, што претставува еклатантно и срамно кршење на уставно загарантираното право, на секој пратеник да говори по сопствено убедување, право кое што впрочем му е обезбедено со пратеничкиот имунитет. А зад имунитет се криеја други функционери. Парадоксално малку, нели колеги?

– Праксата на криење на амандмани во фиока односно отфрлање на амандмани продолжи и понатаму без притоа да има оправдано образложение, исто така како и претходно.

– Исто така, транспарентноста на оваа власт беше табу тема. За многу важни државни и национални прашања кои ние како претставници, добивавме нецелосни и половични информации на еден лист хартија, додека вистинските документи и информации се криеја и од нас и од очите на целата македонска јавност.

– За жал, овде во срцето на едно демократско општество, бевме сведоци и на обиди за  физички пресметки, за кои срамот да биде уште поголем, немаше никаква одговорност и разрешница.

– Во овој мандат видовме и закани и уцени кон пратеници. Тие станаа заштитен знак и алатка за функционирањето на ова парламентарно мнозинство.

На крајот од денот, за сите овие преседани зад вас, Вие ќе останете запаметени како парламентарно мнозинство со највеќе скандали и преседани во просек на ден. Тоа е суровата реалност, колку и да не сакате да ја видите и признаете.

Продолжуваме понатаму со вториот дел,

Ние пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, како директни учесници, одвнатре, бевме сведоци во нефункционирањето на Собранието, и го гледавме постојаното урнисување на кредибилитетот на Собранието од страна на парламентарното мнозинство предводено од коалицијата на СДСМ и ДУИ.

Факт е дека како никогаш досега, работата на Собранието не била толку критикувана, како од Европската комисија, така и од сите релевантни меѓународни институции, невладини организации и јавноста.

Од друга страна, додека насекаде се фалите со инклузија на опозицијата и сите политички чинители во работата на Собранието, реалноста е сосема друга.

– Имено, во овој мандат, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата има поднесено 60 закони, од кои најголемиот дел од нив се одбиваат уште пред да се отвори дебата по истите, односно на самиот почеток на седницата не се усвојува потребата од носење на овие закони.

– Самото тоа говори колкави и какви се демократските капацитети на целото ова владејачко мнозинство кое очигледно се плаши да ги соочи аргументите со опозицијата. Нагласувам, од 60 поднесени закони од ВМРО-ДПМНЕ, прифатени се само три. Ако ова е демократија, навистина не знам што и како би било да не е демократија!

– Исто така, од наша страна се поднесени 5 информации, кои што се уште не виделе бел ден и уште стојат на отворени седници.

– Ист е случајот и со Декларации и Предлог одлуки, кои што се ставаат на дневен ред и никогаш не доаѓаат на ред за разгледување. Класична злоупотреба на власта за замолчување на гласот на народот.

– Во овој мандат, поднесовме и 6 интерпелации за работата на министрите и други избрани и именувани лица, кои нанесоа штета на државните и национални интереси.

Тие никогаш не дојдоа на дневен ред.

Почитувани,

Потфрливте во клучната обврска, задача и цел на Собранието, а тоа е да како пратеници, вршиме контрола и надзор над извршната власт, која впрочем ние ја бираме.

За тоа, парламентарното мнозинство е директен виновник за неодговорното и непрофесионалното однесување кон законодавниот дом и кон државата од страна на извршната власт.

– Злоупотребата на европското знаменце стана секојдневие. Ова Ви го кажа и Европската Унија, не само ВМРО-ДПМНЕ. Но, бадијала, продолживте понатаму.

Лепењето на европско знаменце на секој еден закон кој што нема никаква врска со усогласување со европската регулатива, стана Ваш добро познат механизам за протнување насила и набрзина на лошите законски решенија, со што ги заобиколувате пропишаните собраниски процедури и јавни дебати.

– Од почетокот на мандатот, во 2020 година, поднесени се 747 закони, 425 закони биле по скратена постапка, повеќе од половина закони се по скратена постапка. Тоа доволно говори за демократијата и работата во Собранието.

Ова ли е транспарентноста и развивањето на здрава дебата во законодавниот дом според вас. Ако е така, браво за Вас!

Овие бројки беа нотирани во извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија дополнително цитирам дел од Извештајот:

Бројот на закони донесени по скратена постапка, се зголемил од 38 % на 59 % на сметка на важни дебати и инклузивен законодавен процес. Употребата на скратени процедури треба да се ограничи “, затворен цитат.

Сето ова се факти кои што се не може да се заобиколат или побијат. Јасна е целта на власта и парламентарното мнозинство на секој можен начин, демократски или недемократски, да ја замолчат опозицијата.

Почитувани,

Ова е сликата и состојбата во Собранието која што Вие, еве речиси на крајот на Вашиот мандат ја оставате позади Вас.

Урнисавте и погазивте речиси се’ што може да се урниса и погазивте речиси се, а да биде трагедијата уште поголема, продолжувате јако по удолницата и не запирате.

Сепак, цела среќа во оваа несреќа е тоа што многу брзо од денес, оваа рашамонијада конечно ќе заврши.

Јас лично, како координатор на најголемата пратеничка група во Собранието, искрено посакувам, но сепак не очекувам драстична промена и подобрување на односот и состојбите овде во Собранието.

Ова го кажувам бидејќи гледајќи ги ветувањата од 2020 година за голема транспарентност, судир на аргументи и дебати, здрав однос помеѓу власт и опозиција,  кој ги  слушнавме сите ние  4 години подоцна, сите тие зборови и ветувања се покажаа како празни и невистинити. За сето она што ветувавте овде од оваа говорница, го направивте токму спротивното.

Ова мнозинство покажа огромна неконзистентност во ставовите, демонстрираше клиентелизам и политички акробации и внатре во својата владина коалиција, но и пред јавноста, се со една цел, а тоа е одржување и задржување на гола власт по секоја цена.

Ги ставивте на прво место Вашите интереси и национални отстапки, пред традицијата, историјата и практиките, но и пред ставовите и барањата на граѓаните. Свесно одбравте да не го слушате гласот на народот.

Искрено посакувам и се надевам дека овие зборови и забелешки, новиот кандидат за претседател на Собранието детално ќе ги проанализира. Колку-толку има време да направи одредени отстапки и промени кон подобро, иако и тој е директно, но и индиректно учесник во сите овие настани, активности и процеси за кои говорев пред малку.

На крајот, во името на целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, сакам да кажам дека токму поради ова кое што го кажав, кандидатот за Претседател на Собранието на Република Македонија, сепак нема да ја добие нашата поддршка при гласањето.

Колку и да се обидуваат да поправат нешто на крајот, сепак не можеме да забораваме што се случуваше овие 6 години.

Нема да добие поддршка затоа што во Македонија во минатото било и добро, но никогаш не било полошо!

The post Мицевски ја опиша работата на Собранието appeared first on Република.

]]>

Денес е голем ден.Ден во кој што оваа власт, продолжува пополека но сигурно, дел по дел, функционер по функционер, да се руши како кула од карти. Процес кој што започна вчера со Ковачевски, продолжува денес, а ќе заврши на денот на изборите во мај., вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски. Денешната седница е продолжение на неславниот крај на оваа власт која што во изминативе 7 години ја уништи државата, го урниса и ги приватизираше институциите, ги осиромаши граѓаните, ја клекна македонската економија на колена односно накратко кажано, создаде девастиран и нефункционален државен систем кој што секојдневно го гледаме дека пука по сите рабови и јасно ги покажува свои аномалии и недостатоци. Зошто го велам и тврдам ова, ќе ми дозволите да Ви образложам во следниве неколку минути.Ќе зборувам исклучиво со аргументи, факти и бројки кои се јасни како бел ден и нема бегање. Имено, јас како координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, која впрочем е најголемата и најбројната пратеничка група овде во Собранието имам целосно право денес од оваа говорница, на денот кога се избира претседател на Собрание, пред целата македонска јавност да направам 4 годишна ретроспектива и да се обидам да ја претставам неработата и нефункционалноста на овој законодавен дом во изминатиов мандат. Денес, после 4 години мандат на ова владејачко мнозинство, кое наместо како во секоја нормална држава и парламентарна демократија, да зборуваме за законодавен дом кој успешно ја вршел својата работа и контролна функција над извршната власт, наместо да зборуваме за безброј плодни и аргументирани дискусии и јавни дебати помеѓу пратеници и експертите, наместо да зборуваме за тоа кој колку добри законски решенија во корист на граѓаните успеал да донесе и изгласа, за жал ние денеска можеме само да зборуваме за законодавен дом кој што е непресушен извор самоволие и парламентарно насилие. Ова повеќе не наликува на законодавен дом, туку на дом на меѓупартиски и меѓукоалициски пазари и договори на штета на граѓаните на дневно ниво. Имено, слободно можам да кажам дека во овој мандат, кој што впрочем ги брои последните денови и месеци, видовме се’ и сешто, но не видовме едно европско Собрание кое што треба да биде цврст столб на една европска држава со европска демократија. Не видовме место каде што преку дебата и инклузивност на сите политички чинители и народни претставници во Собранието, ќе се носат решенија кои ќе го подобрат животот на граѓаните и општеството во кое што живееме. Речиси секогаш, приоритет пред интересот на граѓаните, општеството и државата, имаа интересот на поединци и коалициските пазари помеѓу партиите на власт, кој што резултираа со носење на многу штетни одлуки во време кога државата и граѓаните се соочуваа со сериозни предизвици и кризи.
Токму затоа, со цел појасна слика и оценка на работата и состојбата во која се наоѓа нашиот законодавен дом, јас ова 4 годишно раководење со Собранието под водство на СДСМ и ДУИ, сликовито би го поделил во два дела.
Во првиот дел, како клучна и реална причина за ситуацијата во која што се наоѓаме, би ги ставил преседаните кои што се случуваа овде во Собранието. И вториот дел, тоа е делот на погубната статистика и злоупотреба на Собраниетокои што доведоа и допринесоа токму ова Собрание да биде најнедемократското и најнетранспарентното Собрание во досегашната 30 годишна политичка историја и плурална демократија во државата. Ќе започнам со преседаните кои што ова парламентарно мнозинство некогаш свесно, а многу ретко и несвесно, по инерција ги правеше на дневна основа. Иако оваа листа со преседани е прилично долга, во интерес на времето, би издвоил неколку:
– Деловникот за работа на Собранието, кој е таканаречен Устав на ова Собрание, како никогаш досега е погазуван и непочитуван, и тој повеќе речиси да нема никаква вредност и тежина. Го применувавте селективно, само тогаш кога и како Вам ви одговараше, во зависност од дневно политичките прилики и потреби и добро е што донесовме нов деловник да завршат практиките со стариот.
– Исто така, во многу наврати покрај кршењето на Деловникот, имавме класично кршење и непочитување и на Етичкиот кодекс за однесување на пратеници; – А во неколку наврати, во срцето на демократијата, во законодавниот дом кој што треба да е чувар и пример за почитување на законите, беше погазуван и прекршуван и Уставот на Македонија; Тука го поставувам прашањето, дали постои подобар и поголем пример од овие преседани за тоа колку несериозна, недемократска и извитоперена власт имаме во државата во моментов?! За жал, одговорот е повеќе од јасен. Продолжувам понатаму, – За првпат во историјата на ова Собрание, се соочивме со ситуација овој законодавен дом да ги заклучи вратите на пленарната сала и со тоа да го ограничи правото на слободно движење на пратениците, само заради тоа што парламентарното мнозинство не можеше да си обезбеди кворум за работа и гласање на нивните закони; – Исто така за прв пат во нашата 30-годишна плурална и парламентарна демократија, опозициски пратеник доби судска пресуда за искажан збор од собраниска говорница, што претставува еклатантно и срамно кршење на уставно загарантираното право, на секој пратеник да говори по сопствено убедување, право кое што впрочем му е обезбедено со пратеничкиот имунитет. А зад имунитет се криеја други функционери. Парадоксално малку, нели колеги? – Праксата на криење на амандмани во фиока односно отфрлање на амандмани продолжи и понатаму без притоа да има оправдано образложение, исто така како и претходно. – Исто така, транспарентноста на оваа власт беше табу тема. За многу важни државни и национални прашања кои ние како претставници, добивавме нецелосни и половични информации на еден лист хартија, додека вистинските документи и информации се криеја и од нас и од очите на целата македонска јавност. – За жал, овде во срцето на едно демократско општество, бевме сведоци и на обиди за  физички пресметки, за кои срамот да биде уште поголем, немаше никаква одговорност и разрешница. – Во овој мандат видовме и закани и уцени кон пратеници. Тие станаа заштитен знак и алатка за функционирањето на ова парламентарно мнозинство. На крајот од денот, за сите овие преседани зад вас, Вие ќе останете запаметени како парламентарно мнозинство со највеќе скандали и преседани во просек на ден. Тоа е суровата реалност, колку и да не сакате да ја видите и признаете. Продолжуваме понатаму со вториот дел, Ние пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, како директни учесници, одвнатре, бевме сведоци во нефункционирањето на Собранието, и го гледавме постојаното урнисување на кредибилитетот на Собранието од страна на парламентарното мнозинство предводено од коалицијата на СДСМ и ДУИ. Факт е дека како никогаш досега, работата на Собранието не била толку критикувана, како од Европската комисија, така и од сите релевантни меѓународни институции, невладини организации и јавноста. Од друга страна, додека насекаде се фалите со инклузија на опозицијата и сите политички чинители во работата на Собранието, реалноста е сосема друга. – Имено, во овој мандат, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата има поднесено 60 закони, од кои најголемиот дел од нив се одбиваат уште пред да се отвори дебата по истите, односно на самиот почеток на седницата не се усвојува потребата од носење на овие закони. – Самото тоа говори колкави и какви се демократските капацитети на целото ова владејачко мнозинство кое очигледно се плаши да ги соочи аргументите со опозицијата. Нагласувам, од 60 поднесени закони од ВМРО-ДПМНЕ, прифатени се само три. Ако ова е демократија, навистина не знам што и како би било да не е демократија! – Исто така, од наша страна се поднесени 5 информации, кои што се уште не виделе бел ден и уште стојат на отворени седници. – Ист е случајот и со Декларации и Предлог одлуки, кои што се ставаат на дневен ред и никогаш не доаѓаат на ред за разгледување. Класична злоупотреба на власта за замолчување на гласот на народот. – Во овој мандат, поднесовме и 6 интерпелации за работата на министрите и други избрани и именувани лица, кои нанесоа штета на државните и национални интереси. Тие никогаш не дојдоа на дневен ред. Почитувани, Потфрливте во клучната обврска, задача и цел на Собранието, а тоа е да како пратеници, вршиме контрола и надзор над извршната власт, која впрочем ние ја бираме. За тоа, парламентарното мнозинство е директен виновник за неодговорното и непрофесионалното однесување кон законодавниот дом и кон државата од страна на извршната власт. – Злоупотребата на европското знаменце стана секојдневие. Ова Ви го кажа и Европската Унија, не само ВМРО-ДПМНЕ. Но, бадијала, продолживте понатаму. Лепењето на европско знаменце на секој еден закон кој што нема никаква врска со усогласување со европската регулатива, стана Ваш добро познат механизам за протнување насила и набрзина на лошите законски решенија, со што ги заобиколувате пропишаните собраниски процедури и јавни дебати. – Од почетокот на мандатот, во 2020 година, поднесени се 747 закони, 425 закони биле по скратена постапка, повеќе од половина закони се по скратена постапка. Тоа доволно говори за демократијата и работата во Собранието. Ова ли е транспарентноста и развивањето на здрава дебата во законодавниот дом според вас. Ако е така, браво за Вас! Овие бројки беа нотирани во извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија дополнително цитирам дел од Извештајот: Бројот на закони донесени по скратена постапка, се зголемил од 38 % на 59 % на сметка на важни дебати и инклузивен законодавен процес. Употребата на скратени процедури треба да се ограничи “, затворен цитат. Сето ова се факти кои што се не може да се заобиколат или побијат. Јасна е целта на власта и парламентарното мнозинство на секој можен начин, демократски или недемократски, да ја замолчат опозицијата. Почитувани, Ова е сликата и состојбата во Собранието која што Вие, еве речиси на крајот на Вашиот мандат ја оставате позади Вас. Урнисавте и погазивте речиси се’ што може да се урниса и погазивте речиси се, а да биде трагедијата уште поголема, продолжувате јако по удолницата и не запирате. Сепак, цела среќа во оваа несреќа е тоа што многу брзо од денес, оваа рашамонијада конечно ќе заврши. Јас лично, како координатор на најголемата пратеничка група во Собранието, искрено посакувам, но сепак не очекувам драстична промена и подобрување на односот и состојбите овде во Собранието. Ова го кажувам бидејќи гледајќи ги ветувањата од 2020 година за голема транспарентност, судир на аргументи и дебати, здрав однос помеѓу власт и опозиција,  кој ги  слушнавме сите ние  4 години подоцна, сите тие зборови и ветувања се покажаа како празни и невистинити. За сето она што ветувавте овде од оваа говорница, го направивте токму спротивното. Ова мнозинство покажа огромна неконзистентност во ставовите, демонстрираше клиентелизам и политички акробации и внатре во својата владина коалиција, но и пред јавноста, се со една цел, а тоа е одржување и задржување на гола власт по секоја цена. Ги ставивте на прво место Вашите интереси и национални отстапки, пред традицијата, историјата и практиките, но и пред ставовите и барањата на граѓаните. Свесно одбравте да не го слушате гласот на народот. Искрено посакувам и се надевам дека овие зборови и забелешки, новиот кандидат за претседател на Собранието детално ќе ги проанализира. Колку-толку има време да направи одредени отстапки и промени кон подобро, иако и тој е директно, но и индиректно учесник во сите овие настани, активности и процеси за кои говорев пред малку. На крајот, во името на целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, сакам да кажам дека токму поради ова кое што го кажав, кандидатот за Претседател на Собранието на Република Македонија, сепак нема да ја добие нашата поддршка при гласањето. Колку и да се обидуваат да поправат нешто на крајот, сепак не можеме да забораваме што се случуваше овие 6 години. Нема да добие поддршка затоа што во Македонија во минатото било и добро, но никогаш не било полошо!

The post Мицевски ја опиша работата на Собранието appeared first on Република.

]]>
Mицевски: Власта го пушти Јовески низ вода исто како Катица Јанева и Русковска https://republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-vlasta-go-pushti-joveski-niz-voda-isto-kako-katitsa-janeva-i-ruskovska/ Wed, 24 Jan 2024 13:31:26 +0000 https://republika.mk/?p=736329

Повлекувањето на предлогот Љубомир Јовески за уставен судија е голема победа на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Постојано укажувавме за штета што може да ја направи овој човек ако биде избран за уставен судија бидејќи неговата работа како републички јавен обвинител беше слабо оценета и довербата во судството беше на ниско ниво, вели корооринаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски за поранешниот Јавен обвинител.

Мицевски во интервју за „Република“ вели дека се изгубиле три години и дека тој е пуштен низ вода.

СДСМ така работи со сите истрошени кадри во своите редови.Така беше со Катица Јанева која по употребниот период жената беше пуштена низ вода.Истото беше и со Вилма Русковска во моментот кога влезе во внатре коалициската битка беше пуштена низ вода.Сега гледаме дека по завршување на мандатот како Републички обвинител и после прикрувањето на сите криминали, злоупотреби и скандали и неотварањето на многу предмети, по заминувањето во пензија Јовески не им треба и не е предлог за уставен судија.

Мицевски нема дилема дека техничката влада ќе се избере која треба да има една задача а тоа е смирување на состојбите и подготовка на изборите.

Она што го правеа во Собранието изминативе години го прават и со изборот на техничката влада.Самиот Закон за влада утврдува како се прави изборот на влада.Членот 43 вели дека на сто дена пред одржувањето на избори Собранието избира нова преодна влада за спроведување избори предводена од нов претедател што го предлага најголемата партија од владиното мнозинство. СДСМ поставувајќи се како помал брат на ДУИ нема храброст да го испочитува законот и да предложи свој мандатар туку тоа го остава на ДУИ.И тука е изигран законот со изборот на Џафери.Обврска на мандатарот предлага министри за секое министтерство, односно секое министерство треба да биде пополнето со предлог а право на секој пратеник е дали ќе гласа или не.Јас нема да гласам за оваа влада поради сето тоа што се случуваше во државата а владејачкото мнозинство е должно да обезбеди 61 глас ЗА.

Мицевски предупредува дека владејачкото мнозинство ќе се обиде да протне и да изгласа неколку важни закони кои во никој не треба да се носат набрзина и во пред избори.

За жал на ден пред оставка на Владата и премиерот излегуваат министри кои се закануваат со оставки затоа што не се согласуваат со одредени законски решенија.Овие закони доаѓаат со европско знаменце и се реформски но на крај на мандат не се носат реформски закони.Од она што е дојдено а се сериозни закони е Законот за извршување санкции.Ова е премногу сериозен закон за да го пуштаме на крај на мандатот.Тој го уредува функционирањето и раководењето на сите затвори.Ние сме единствената држава во Европа каде најголемиот затвор „Идризово“ со одлука за вонредна состојба го чува војската.Потоа влегуваме во процес на носење на закон за реформа во Јавната администрација со европско знаменце на крај на мандат:Добивме и предлог закон со европско знаменце за Агенција за мрежна безбедност.Тоа е една сериозна институција која треба да прерасне во најголема институција која треба да се грижи за безбедноста во нашата држава во ситуација кога ни протекуваат информација.Таа Агенција која треба да регулира апсолутно се и да има одлична комуникација со АНБ и ОТА и со се она што значи мрежна безбедност во секоја институција.Вакви закони се носат на почеток на мандат-објаснува Мицевски.

https://www.youtube.com/watch?v=Brej7AFI5wc

The post Mицевски: Власта го пушти Јовески низ вода исто како Катица Јанева и Русковска appeared first on Република.

]]>

Повлекувањето на предлогот Љубомир Јовески за уставен судија е голема победа на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Постојано укажувавме за штета што може да ја направи овој човек ако биде избран за уставен судија бидејќи неговата работа како републички јавен обвинител беше слабо оценета и довербата во судството беше на ниско ниво, вели корооринаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски за поранешниот Јавен обвинител. Мицевски во интервју за „Република“ вели дека се изгубиле три години и дека тој е пуштен низ вода.
СДСМ така работи со сите истрошени кадри во своите редови.Така беше со Катица Јанева која по употребниот период жената беше пуштена низ вода.Истото беше и со Вилма Русковска во моментот кога влезе во внатре коалициската битка беше пуштена низ вода.Сега гледаме дека по завршување на мандатот како Републички обвинител и после прикрувањето на сите криминали, злоупотреби и скандали и неотварањето на многу предмети, по заминувањето во пензија Јовески не им треба и не е предлог за уставен судија.
Мицевски нема дилема дека техничката влада ќе се избере која треба да има една задача а тоа е смирување на состојбите и подготовка на изборите.
Она што го правеа во Собранието изминативе години го прават и со изборот на техничката влада.Самиот Закон за влада утврдува како се прави изборот на влада.Членот 43 вели дека на сто дена пред одржувањето на избори Собранието избира нова преодна влада за спроведување избори предводена од нов претедател што го предлага најголемата партија од владиното мнозинство. СДСМ поставувајќи се како помал брат на ДУИ нема храброст да го испочитува законот и да предложи свој мандатар туку тоа го остава на ДУИ.И тука е изигран законот со изборот на Џафери.Обврска на мандатарот предлага министри за секое министтерство, односно секое министерство треба да биде пополнето со предлог а право на секој пратеник е дали ќе гласа или не.Јас нема да гласам за оваа влада поради сето тоа што се случуваше во државата а владејачкото мнозинство е должно да обезбеди 61 глас ЗА.
Мицевски предупредува дека владејачкото мнозинство ќе се обиде да протне и да изгласа неколку важни закони кои во никој не треба да се носат набрзина и во пред избори.
За жал на ден пред оставка на Владата и премиерот излегуваат министри кои се закануваат со оставки затоа што не се согласуваат со одредени законски решенија.Овие закони доаѓаат со европско знаменце и се реформски но на крај на мандат не се носат реформски закони.Од она што е дојдено а се сериозни закони е Законот за извршување санкции.Ова е премногу сериозен закон за да го пуштаме на крај на мандатот.Тој го уредува функционирањето и раководењето на сите затвори.Ние сме единствената држава во Европа каде најголемиот затвор „Идризово“ со одлука за вонредна состојба го чува војската.Потоа влегуваме во процес на носење на закон за реформа во Јавната администрација со европско знаменце на крај на мандат:Добивме и предлог закон со европско знаменце за Агенција за мрежна безбедност.Тоа е една сериозна институција која треба да прерасне во најголема институција која треба да се грижи за безбедноста во нашата држава во ситуација кога ни протекуваат информација.Таа Агенција која треба да регулира апсолутно се и да има одлична комуникација со АНБ и ОТА и со се она што значи мрежна безбедност во секоја институција.Вакви закони се носат на почеток на мандат-објаснува Мицевски.
https://www.youtube.com/watch?v=Brej7AFI5wc

The post Mицевски: Власта го пушти Јовески низ вода исто како Катица Јанева и Русковска appeared first on Република.

]]>
Mицевски: Каде и да се завртиме во државата има нарушен систем https://republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-kade-i-da-se-zavrtime-vo-drzhavata-ima-narushen-sistem/ Thu, 18 Jan 2024 21:50:12 +0000 https://republika.mk/?p=734521

Каде и да се завртиме во државата има нарушен систем. Состојбите во Македонската навигација се нарушувања на општествено политичкиот систем, состојбите во здравството исто, состојбите со Онкологија се нарушување и слично. И она што треба да се заклучи и е видливо е дека не се извлекува поука од тоа.

Одговорност во државата многу ретко има, посебно кога се работи за некој близок до власта, посебно на ДУИ, рече Никола Мицевски, пратеник и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на гостување во емисијата Клик плус што се емитува на телевизија 21.

Според Мицевски Извештајот на Европската комисија јасно кажува за она што се случува во државата и како што вели за сето ова за што зборувам. Мицевски се осврна и на злоупотребата на европското знаменце.

„Бројот на злоупотреба на европското знаменце е огромна, зголемување на злоупотребата има постојано тоа е злоупотреба на многу закони кои немаат допир со правото на Европската унија“, вели Мицевски.

Мицевски посочи дека по преземање на власта од ВМРО-ДПМНЕ многу работи ќе се сменат и ќе бидат во согласност со европските стандарди.

„Со преземање на власта од ВМРО-ДПМНЕ треба да се направи ресет на многу работи, на закони на кои има злоупотреба. Со преземање на власта и со една целосна анализа ќе има решенија кои ќе нудат правна сигурност“, посочува Мицевски.

Мицевски посочи дек по преземање на владата ќе мора да има владеење на правото.

Мора да има активности за коруптивните постапки, за сите малверзации, за сите скандалозни тендери мора да има контрола. Граѓаните очекуваат правната држава да профункционира. Доста се кријат зад правната државата“, кажа Мицевски

Мицевски се осврна и со проблемот во ДИК јасно посочувајќи дека местото припаѓа на опозицијата.

Местото на Алијанса за Албанците беше во ДИК додека партијата беше опозиција, сега тие се власт и тоа е место на опозицијата“, објасни Мицевски.

The post Mицевски: Каде и да се завртиме во државата има нарушен систем appeared first on Република.

]]>

Каде и да се завртиме во државата има нарушен систем. Состојбите во Македонската навигација се нарушувања на општествено политичкиот систем, состојбите во здравството исто, состојбите со Онкологија се нарушување и слично. И она што треба да се заклучи и е видливо е дека не се извлекува поука од тоа. Одговорност во државата многу ретко има, посебно кога се работи за некој близок до власта, посебно на ДУИ, рече Никола Мицевски, пратеник и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на гостување во емисијата Клик плус што се емитува на телевизија 21. Според Мицевски Извештајот на Европската комисија јасно кажува за она што се случува во државата и како што вели за сето ова за што зборувам. Мицевски се осврна и на злоупотребата на европското знаменце.
„Бројот на злоупотреба на европското знаменце е огромна, зголемување на злоупотребата има постојано тоа е злоупотреба на многу закони кои немаат допир со правото на Европската унија“, вели Мицевски.
Мицевски посочи дека по преземање на власта од ВМРО-ДПМНЕ многу работи ќе се сменат и ќе бидат во согласност со европските стандарди.
„Со преземање на власта од ВМРО-ДПМНЕ треба да се направи ресет на многу работи, на закони на кои има злоупотреба. Со преземање на власта и со една целосна анализа ќе има решенија кои ќе нудат правна сигурност“, посочува Мицевски.
Мицевски посочи дек по преземање на владата ќе мора да има владеење на правото. „ Мора да има активности за коруптивните постапки, за сите малверзации, за сите скандалозни тендери мора да има контрола. Граѓаните очекуваат правната држава да профункционира. Доста се кријат зад правната државата“, кажа Мицевски Мицевски се осврна и со проблемот во ДИК јасно посочувајќи дека местото припаѓа на опозицијата. „
Местото на Алијанса за Албанците беше во ДИК додека партијата беше опозиција, сега тие се власт и тоа е место на опозицијата“, објасни Мицевски.

The post Mицевски: Каде и да се завртиме во државата има нарушен систем appeared first on Република.

]]>
Мицевски обвини за злоупотреба на пратеничките прашања, Џафери побара толеранција до примена на новиот деловник https://republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-obvini-za-zloupotreba-na-pratenichkite-prashana-dhaferi-pobara-tolerantsija-do-primena-na-noviot-delovnik/ Fri, 01 Dec 2023 12:03:01 +0000 https://republika.mk/?p=718329

Поставувањето пратенички прашања се злоупотребува, обвини координаторот на пратеничката група на ВМРО - ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната Собраниска седница наменета за поставување пратенички прашања.

Според него, од вкупно 33 писмено одоговорени пратенички прашања, поставени на минатата седница, 23 се на власта, а само 10 на цела опозиција, односно шест на ВМРО - ДПМНЕ и четири на другите опозициски пратеници.

И повторно имаме изигрување на институтот пратенички прашања и повторно алатката за поставување пратенички прашања од опозицијата се злоупотребува. Повторно од 33 одговори на писмени пратенички прашања, од кои 23 се одговори на пратеници на власта. Станува иронично и смешно ова што се случува, пратеници од власта кои имаат директен пристап до министерствата и министрите, бидејќи доаѓаат од нивните редови, пратеничките прашања да ги поставуваат писмено и на тоа веднаш да добиваат одговори. А прашања поставени усно на минатата седница на колешка од опозицијата на која и беше речено дека трите одговори ќе ги добие писмено за оваа седница има добиено само еден одговор - рече Мицевски од собраниската говорница.

Тој забележа дека пратеничка од власта, која, според него, има поставено меѓу 100 и 120 писмени прашања, бара поединечно да се каже до каде е постапката за секој за добивање државјанство.

Иако согласно закон тоа е управна постапка која се води во МВР, за кое треба да се направат соодветни проверки, документација и да исполнуваат услови за добивање државјанство. Дали ако се смени власта може јас како пратеник за сите 5-6 илјади легализации во Општина Штип да побарам поединечно пратеничко прашање. Се злоупотребува институтот и алармирам до власта да не ги злоупотребува пратеничките прашања со вакви одговори - додаде Мицевски.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, побара да се стрпат до следниот собраниски мандат од кога треба да почне со примена новиот деловник и оти сега пратениците имаат такво деловничко право.

Да се стрпите до примена на новиот деловник, кога ќе нема таква можност. Не е злоупотребено, ова е деловничко право на пратеник, не кажува опозиција, власт. Меѓу две седници пратеникот зборува за пратениците не за опозиција и власт, има право да поднесува и поставува пратеничко прашање до соодветното министерство, односно институција. Ќе се стрпите уште пет-шест седници, од наредниот мандат тоа е дефинирано прецизирано во крајна инстанца. Тоа е доказ плус за потребата што го донесовме деловникот - рече Џафери

The post Мицевски обвини за злоупотреба на пратеничките прашања, Џафери побара толеранција до примена на новиот деловник appeared first on Република.

]]>

Поставувањето пратенички прашања се злоупотребува, обвини координаторот на пратеничката група на ВМРО - ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната Собраниска седница наменета за поставување пратенички прашања. Според него, од вкупно 33 писмено одоговорени пратенички прашања, поставени на минатата седница, 23 се на власта, а само 10 на цела опозиција, односно шест на ВМРО - ДПМНЕ и четири на другите опозициски пратеници.
И повторно имаме изигрување на институтот пратенички прашања и повторно алатката за поставување пратенички прашања од опозицијата се злоупотребува. Повторно од 33 одговори на писмени пратенички прашања, од кои 23 се одговори на пратеници на власта. Станува иронично и смешно ова што се случува, пратеници од власта кои имаат директен пристап до министерствата и министрите, бидејќи доаѓаат од нивните редови, пратеничките прашања да ги поставуваат писмено и на тоа веднаш да добиваат одговори. А прашања поставени усно на минатата седница на колешка од опозицијата на која и беше речено дека трите одговори ќе ги добие писмено за оваа седница има добиено само еден одговор - рече Мицевски од собраниската говорница.
Тој забележа дека пратеничка од власта, која, според него, има поставено меѓу 100 и 120 писмени прашања, бара поединечно да се каже до каде е постапката за секој за добивање државјанство.
Иако согласно закон тоа е управна постапка која се води во МВР, за кое треба да се направат соодветни проверки, документација и да исполнуваат услови за добивање државјанство. Дали ако се смени власта може јас како пратеник за сите 5-6 илјади легализации во Општина Штип да побарам поединечно пратеничко прашање. Се злоупотребува институтот и алармирам до власта да не ги злоупотребува пратеничките прашања со вакви одговори - додаде Мицевски.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, побара да се стрпат до следниот собраниски мандат од кога треба да почне со примена новиот деловник и оти сега пратениците имаат такво деловничко право.
Да се стрпите до примена на новиот деловник, кога ќе нема таква можност. Не е злоупотребено, ова е деловничко право на пратеник, не кажува опозиција, власт. Меѓу две седници пратеникот зборува за пратениците не за опозиција и власт, има право да поднесува и поставува пратеничко прашање до соодветното министерство, односно институција. Ќе се стрпите уште пет-шест седници, од наредниот мандат тоа е дефинирано прецизирано во крајна инстанца. Тоа е доказ плус за потребата што го донесовме деловникот - рече Џафери

The post Мицевски обвини за злоупотреба на пратеничките прашања, Џафери побара толеранција до примена на новиот деловник appeared first on Република.

]]>
Mицевски: ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од црвените линии за уставни измени ни пред избори ни после избори https://republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-vmro-dpmne-ne-otstapuva-od-tsrvenite-linii-za-ustavni-izmeni-ni-pred-izbori-ni-posle-izbori/ Sat, 25 Nov 2023 15:05:48 +0000 https://republika.mk/?p=716186

ВМРО-ДПМНЕ јасно ги исцрта црвените линии за уставните измени и од тоа нема отстапување, вели пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во интервју за МКД.мк. Мицевски ниту потврдува ниту демантира дека околу 15-тина пратеници од неговата партија се врбуваат или се под притисок од поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, но и од власта за да гласаат за уставните измени. За него, разговорите на оваа тема се дегутантни. Прашан дали мора да има Етички кодекс за однесување на пратениците, тој вели дека со оглед на состојбите во Собранието, очигледно дека кодексот е нужен. Во интервјуто за МКД.мк, Мицевски уште зборува за односите со Бугарија, за нефукционалните институции но и за неговата детска љубов, одбојката.

Г-дине Мицевски она што е најактуелно во Собранието е новиот Деловник за работа на пратениците што неодамна го изгласавте, а во рамките на процесот Жан Моне. Кога се споменува процесот Жан Моне тоа веројатно на мнозинството граѓани не им значи ништо. Но овој процес е всушност основата за работата на пратениците и што е уште поважно процес кој ги утврдува сите права, обврски и однесувањето на пратениците во и надвор од Собранието. Конечно, после шест години преговори процесот заврши и новиот Деловник е усвоен. Што предвидуваат новите правила за работа на пратениците?

– Она што е важно е што добиваме повеќе пратенички прашања, односно писмените пратенички прашања ќе се поставуваат на новата веб страница на Собранието. Останува старото решение за пратенички прашања, секој последен четврток во месецот, но дополнително добиваме секој месец по два часа пратенички прашања за опозицијата каде ќе може очи в очи на министрите директно да им поставуваме прашања и да добиваме конкретни одговори во скратено време. Значи , да не се губи времето за политиканството туку да се искористи за конкретни прашања и конкретни одговори. Сега ќе има поголема контрола на Владата, со надзорните расправи, како една од основните алатки на Собранието. За жал, до сега, власта тоа некако вешто го избегнуваше и никако не можевме да дојдеме во ситуација да направиме контрола преку надзорните расправи. Со новиот деловник се  предвидува законите што ги предлага опозицијата, која и да биде в оследниот пратенички состав како и интерпелациите на позицијата да бидат ставени како први точки на дневен ред. Сега има апсурдна ситуација затоа што во Собранието стојат неразгледани интерпелации за министри кои што не се министри веќе 3 или 4 години. Имено, интерпелација се покренува за одредено прашање во одреден момент Ако не ја разгледате во моментот за кој што е покрената интерпелацијата, после година, две, три, таа нема цел.

Кога веќе зборувате за контрола на Владата, што мислите, зошто јавноста има перцепција дека пратениците се само гласачка машина, а не вистински контролор на Владата?

– Затоа што очигледно не доволно се пласира тоа што треба да излезе надвор од Собранието за тоа, што работат пратениците. Морам да потенцирам дека Собранието е единствена институција што е од мешан состав. Тука се наоѓаат сите политички чинители, сите политички партии, и не сите во одреден момент имаат заеднички интерес. Затоа многу често доаѓа до конфронтација при одредени процеси и разговори на одредени теми. Различно од Владата, каде што е заедничка коалиција, сѐ се врши во интерес накоалицијата, или различно од министерствата, каде херархиската поставеност му се дава на министерот. Затоа Парламентот се наоѓа во ситуација во која што се наоѓа. Да, можеби, може да има поголема критичка мисла, меѓутоа, партиите на власт, секогаш имаат интерес да има помалку видливост, односно гласност на Парламентот. Владејачкото мнозинство не дозволува артикулација на критичка мисла, а дополнително потоа тоа се регулира и со одредени провладини медиуми. Но во Собранието се кажуваат и паметни мисли, се случуваат и паметни процеси, меѓутоа видливоста на тоа е многу минимална. Како да се смени тоа? Новиот Закон за Собранието ни дава ново собраниско студио, ни дава нова можност. Ние веќе работиме со помош на Швајцарската амбасада и нашите пријатели од НДА и друга логистичка поддршка. 11 милиони швајцарски франци се влезени во Собранието. Се прави ново студио. Целта на тоа е, кога ќе проработи, а во завршна фаза е опремувањето на студиото и обезбедувањето на човечки потенцијал за работа во него, да има поголема видливост и програма која што ќе биде малку поразлична од сегашниот собраниски канал, тоа ќе биде модерна и на дневна основа ќе ги дава состојбите кои што се случуваат во Собранието. На дневна основа ќе може да се добиваат мислењата и на власта и на опозицијата. Време е да почнеме да работиме на подобрувањето на квалитетот на дебатите во Собранието, на неговата видливост и на подигањето и менувањето на јавното мислење за Собранието и работа во него.

Додека го договаравте новиот Деловник во 2020 година изјавивте дека меѓу другото најдовте решение и за злоупотребата на носењето на законите со европското знаменце. Шест години подоцна, европското знаменце не само што не решено, туку се е злоупотребува како никогаш повеќе и ВМРО-ДПМНЕ тоа силно го критикува. Пред три години сте изјавиле едно, сега зборувате нешто друго, односно за злоупотребата на начинот на кој се носат законите во Собранието. Што се смени во меѓувреме?

– Точно е тоа. Процесот Жан Моне е Уставот на Собранието за функционирање и работа на пратениците но и сите други во него. Но и од минатиот состав до овој пратенички состав, во овие 3 или 4 години и пратениците од власта, но морам да бидам критичен и оние од опозицијата бевме толку инвентивни во изнаоѓање начини за заобиколување на одредени одлуки и членови на Деловникот што го увидовме како недостаток на овој документ. Затоа новиот Деловник треба да ги намали можностите за негово заобиколување, ајде да не речам злоупотреба и од власта, но и ние како опозиција која мораше соодветно да реагираме за да воспоставиме некаква контрола на процесите кои што владејачкото мнозинство ги правеше и тоа токму во делот на злоупотреба на европското знаменце, скратените постапки, игнорирање на интерпелациите од опозицијата.

Меѓу другото новиот Деловник налага и поинаков начин на однесување на пратениците предвиден со Етичкиот кодекс? Г-дине Мицевски зарем е потребен било каков деловник за да се однесуваат пратениците етички или да се свесни дека не треба да се злоупотребува ништо?

– Па очигледно дека е потребен. Очигледно дека е потребен, затоа што во зависност од моменталните политички политички состојби и од моменталните потреби на политичките партии се менуваат и приоритетите и принципите на владејачкото множество. Ние сме сведоци за многу работи за кои што велат дека не се добри што ги прави опозицијата, меѓутоа кога тоа кога ќе го направи власта, тоа е прифатливо и може да помине. Се надевам дека овој нов Деловник ќе успее да промени одредени работи.

Уште едно важно прашање од процесот Жан Моне е дискусијата на пратениците. Сите сме сведоци на ефектите од таа неограничена дискусија. Меѓусебни кавги и меѓупартиска борба. Граѓаните едвај да можат да ве разберат за што всушност дебатирате. Но вие како опозиција, не се согласувате да се регулира неограничената дискусија. Зошто сметате дека неограниченото зборување во Собранието е добра работа?

– Затоа, сега гледаме да ги решиме тие работи, односно да ги унифисираме и да ги поедноставиме. Со новиот Деловник сметам дека се приближуваме и во таа насока. Затоа што, навистина, е потребно да има предвидливост на почнувањето и на завршувањето на пленарните седници, а артикулација на ставовите на политичките партии и на пратениците поединечно, има доволно.

Сѐ уште е актуелно и прашањето сеуставните измениВелитеуставнитеизмени се завршено прашање за ВМРОДПМНЕно вие не сте против изменитеНапротиввелите  „да“ за европскаМакедонијаама не под бугарски диктатТогаш како вие ќе го придвижите процесотна приближување на Македонија кон ЕУ?

– Ние сме спремни да продолжиме со разговори за Европскиот пат на Македонија, но само и само ако нема диктат од другата страна, односно ако Бугарија е подготвена на одредени чекори кои што следуваат. Рековме дека за сите оние потези кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги влече во наредниот период, јавноста ќе биде информирана. Ќе излеземе со конкретни прашања и решенија пред граѓаните од кои ќе ја бараме поддршка. Имаме отворени прашања, меѓутоа за да продолжи дијалогот, кој што според мене е двонасочна улица, ќе треба и Бугарија да направи одредени отстапки. Тоа се 14-те пресуди кои што ги има во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, за кои што во моментов нема никаква реакција од Бугарија. Во процедура има уште други 17 процеси кои што исто така најверојатно ќе завршат во корист на Македонците од Бугарија, а до сега немаме реципроцитетна реакција од нивна страна. Исто така Македонија треба да добие јасни гаранции за својот национален идентитет, меѓутоа и дека во наредниот период, односно на следните станици од преговори на Македонија, нема да има одредено вето од страна на Бугарија или промена на условите, односно барањата. Затоа што гледаме дека оно што стига до нас е дека Албанија е во понапредна фаза од Македонија, меѓутоа гледаме дека Грција се спрема за одредено вето по однос на други прашања. Затоа е многу битно да не се доведеме во ситуација, да почнеме процес во кој што не го знаеме патот по кој што ќе треба да се движиме, а дополнително да добиваме нови опструкции на тој пат.

Но Вие добро знаете дека пресудите на Европскиот суд за човекови права не може туку да се извршат, затоа што по донесувањето на пресудата, таа оди во Комитетот на министри кој дава насоки што треба системски да смени државата за да не се повтори прекршување на некое човеково право. Тоа значи менување закони, други првни акти, па ако сакате дури и Устав, а бугарскиот не препознава малцинства? Зошто толку инсистирате на ова прашање?

– Вашето прашање е всушност одговорот на оно што го кажав. Значи, рековте дека Бугарија ќе треба да промени закони, па дури и Уставот. Што се менува во Македонија? Зарем ние не сме суверена држава во која што владеат правото и законот и на крај на денот, интересите на граѓаните. И тие се тие кои што кажуваат што ќе се случува во оваа држава. Не може една свита на владејачкото мнозинство да решава за интересите на сите граѓани. Затоа да излеземе пред граѓаните, ние со нашето прашање, тие со нивното прашање, а тие ќе кажат во која настока ќе се движи Македонија.

Дали како координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ може да потврдите дека околу 15-тина пратеници од вашата пратеничка група се врбуваат или се под притисок од ваши поранешни функционери, но и од оние од власта за да гласаат за уставните измени?

– Продолжувањето на разговорите на оваа тема за мене е дегутантно затоа што цела пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ, вклучувајќи ја и коалицијата, го кажаа свој став на гласањето на отворањето на постапката на процесот за уставни измени. Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ е кохезивна. Тоа го зборувам година и пол наназад и година и пол одредени провладини медиуми пробуваат да спинуваат, односно да ја свртат темата за повторно да разговараме за ова. Еве, уште утре нека стават продолжение на седницата, односно гласање на потребата за уставни измени и да видат каде се наоѓа пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ. Не реагираме на основа на дневна политика, не реагираме на основа на дневни потреби на пратеничката група, туку имаме константен став изграден врз основа на барањето на граѓаните. Ние не добивме мандат да разговараме за оваа тема. Затоа ќе ги прашање граѓаните, па ќе влеземе во процес за кој што ќе добиваме зелено светло од нив.

Уште еднаш би Ве прашала, дали пратеници од ВМРО-ДПМНЕ од овој пратенички состав имаат притисоци за да се премислат за уставните измени?

– Јас можам да кажам дека во моментот нема ниту еден пратеник кој е расположен и кој има намера да се гласа за уставни измени. Останувам на тоа што го кажав претходно дека црвените линии се исцртани со самото гласање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Рековте во моментот што не значи дека ќе биде така…

– Сега, дајте да не се држиме до зборови. Ќе видите каде ќе се движат овие работи. Тоа е моментот. Нека ја стават седницата утре на дневен ред, да видите, дали ќе бидат 44 пратеници или нема да бидат.

Факт е дека со измените на Кривичниот законик многумина ваши поранешни функционери, како што е поранешниот претседател Никола Груевски се спасија и ќе се спасуваат од одговорност. Дали е ова скриена коалиција со власта, да се спасат и вашите и нивните, а за возврат да се направат уставните измени?

– ВМРО-ДПМНЕ беше против носењето на измените на овој Кривичен законик. Ова се игри на владејачкото мнозинство кое бара начин или стратегија како да го намали поразот на следните избори. Дека има некој одреден договор тоа апсолутно го отфрлам затоа што измените на Кривичниот законик се направени еднострано. Ова ќе направи голема дисторзија во судскиот систем, меѓутоа тоа е само и само вина на власта , затоа што, сами влегоа во оваа постапка, затоа што знаат кое е нивото на доверба кај граѓаните во судството. Поради таа доверба сме дојдени до каде што сме дојдени поради нивното нефункционално работење и слични вакви постапки и процеси кои што се случуваа.

Сѐ поблиску сме до парламентарните ипретседателските избори кои во еденмомент ќе бидат споениа тоа е 8 мај 2024 годинаДали ќе има преиспитување навашата коалицијаМожеби ќе имапредизборна или постизборна коалицијаДали и како ќе соработувате со партиите наАлбанците од опозицискиот блок?

– Да добиеме прво датум за избори, за да можеме врз основа на тој датум релевантно да ги планираме сите постапки што ќе се случуваат. Коалицијата „За обнова на Македонија“, опстојува и сите политички субјекти кои што се наоѓаат во истата остануваат на принципот за обновување на Македонија. И на принципите врз основа на кој што е направена таа коалиција. Јас очекувам врз основа на она што го имам како информации од неформални разговори со пратеници од владејачкото мнозинство, да почнат одредени разговори и за зголемување на коалицијата „За обнова на Македонија“. Но сето ова зависи од самите структури во партијата кои што ќе донесат релевантни одлуки по однос на она што ви требало да се случува. Во моментот, врз основа на поставените состојби во кои што се наоѓаме, сметам дека коалицијата е доволно цврста да продолжи заедно натаму зашто има изградено доверба во целокупните заеднички односи за да можеме да продолжиме заедно.

Претседателот на вашата партија Христијан Мицкоски побара поддршка од народот за да освоите 61 пратеник за да може, како што вели, да ја реформира Македонија? Г-дине Мицевски како мислите да ја реформирате Македонија?

– Во однос на уставните измени морам од старт да потенцирам дека уставни измени под бугарски диктат нема да има, ни пред избори, ни по избори, и тоа е апсолвирано прашање за ВМРО-ДПМНЕ. под бугарски диктат нема да има. И ова е од една и единствена причина, затоа што ние уште од самиот почеток на процесот, рековме дека ова е процес кој што имаше лош почеток, односно пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше целосно елиминирана од информации. Ќе кажам уште еден факт, дека тие што го почнаа овој процес, на вака несериозен начин, треба да понесат одговорност за тоа што прифатија вакви услови од страна на Бугарија. Да влезеш во двотретински процес во Собранието, без обезбедени две третини поддршка од пратениците, а при тоа да ги лажеш партнерите од ЕУ и дрско да ја елиминираш опозицијата од било каква информација за овој процес, а при тоа ние нудевме и помош во одредена фаза на почеток со одредени работни групи, и на крај, да бараш поддршка од ВМРО-ДПМНЕ како политички субјект, тоа е политичко дилетанство. Затоа што за да се направи еден таков процес, прво е потребно да се обезбеди поддршка, а потоа да се влезе во него. За жал, владејачкото множество во изминатиот период, врз основа на флоскулата дека приближувањето кон Европската Унија е решавање на проблемите, ги направија најголемите грабежи во историјата на Македонија. Тоа е единствено нешто кое што функционираше и на кое што беа фокусирани. Имено, цела време спинуваа, злоупотребуваа и дезинформираа дека се блиску до обезбедување на пратеници од опозицијата, дека разговараат со некое си таканаречено проевровско крило од ВМРО-ДПМНЕ. Еве година и пол помина, се гледа дека од тоа нема ништо и дека веќе тоа е затворено прашање“.

Веројатно нема човек што не ве познава како политичар и пратеник, ама веројатно малкумина знаат дека вие сте поранешен одбојкар и актуелен интернационален судија. Оттука Вие сте најдобар пример кој што може да направи споредба како е можно во спортот да има борба, ама и ферплеј во исто време, а во политиката тоа никако не може да го постигнете. Зошто?

– Затоа што чинителите очигледно се различни и интересите во политиката се сосема различни, а и начинот на доаѓање до победа се сосема различни во спортот и во политиката. Да, многу малку луѓе знаат за моја приватен живот. Јас сум меѓународен одбојкарски судија, веќе 22 години, а 30 години сум национален судија. Претходно се занимавав со одбојка во мојот град Штип, од каде што доаѓам. Долгите години бев и во најдобрата европска листа на судии, односно учествував во Лигата на шампиони. Судев едно светско и едно европско првенство во помали категории, така што тоа е дел од мојот приватен живот во кој што успевам, врз основа на моите можности, да најдам време да присуствувам на натпревари, да погледнам, меѓутоа и да одсудам одредени натпревари.

Дали во следниот мандат ќе пробате да примените нешто од спортот во политиката?

– Јас и во овој мандат мислам дека применувам, иако велат дека фалбата е ‘рѓа, меѓутоа можете да поразговарате со колегите, дека навистина гледам во најголем дел од ситуациите да се водам според одредени коректни принципи.

The post Mицевски: ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од црвените линии за уставни измени ни пред избори ни после избори appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ јасно ги исцрта црвените линии за уставните измени и од тоа нема отстапување, вели пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во интервју за МКД.мк. Мицевски ниту потврдува ниту демантира дека околу 15-тина пратеници од неговата партија се врбуваат или се под притисок од поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, но и од власта за да гласаат за уставните измени. За него, разговорите на оваа тема се дегутантни. Прашан дали мора да има Етички кодекс за однесување на пратениците, тој вели дека со оглед на состојбите во Собранието, очигледно дека кодексот е нужен. Во интервјуто за МКД.мк, Мицевски уште зборува за односите со Бугарија, за нефукционалните институции но и за неговата детска љубов, одбојката. Г-дине Мицевски она што е најактуелно во Собранието е новиот Деловник за работа на пратениците што неодамна го изгласавте, а во рамките на процесот Жан Моне. Кога се споменува процесот Жан Моне тоа веројатно на мнозинството граѓани не им значи ништо. Но овој процес е всушност основата за работата на пратениците и што е уште поважно процес кој ги утврдува сите права, обврски и однесувањето на пратениците во и надвор од Собранието. Конечно, после шест години преговори процесот заврши и новиот Деловник е усвоен. Што предвидуваат новите правила за работа на пратениците?
– Она што е важно е што добиваме повеќе пратенички прашања, односно писмените пратенички прашања ќе се поставуваат на новата веб страница на Собранието. Останува старото решение за пратенички прашања, секој последен четврток во месецот, но дополнително добиваме секој месец по два часа пратенички прашања за опозицијата каде ќе може очи в очи на министрите директно да им поставуваме прашања и да добиваме конкретни одговори во скратено време. Значи , да не се губи времето за политиканството туку да се искористи за конкретни прашања и конкретни одговори. Сега ќе има поголема контрола на Владата, со надзорните расправи, како една од основните алатки на Собранието. За жал, до сега, власта тоа некако вешто го избегнуваше и никако не можевме да дојдеме во ситуација да направиме контрола преку надзорните расправи. Со новиот деловник се  предвидува законите што ги предлага опозицијата, која и да биде в оследниот пратенички состав како и интерпелациите на позицијата да бидат ставени како први точки на дневен ред. Сега има апсурдна ситуација затоа што во Собранието стојат неразгледани интерпелации за министри кои што не се министри веќе 3 или 4 години. Имено, интерпелација се покренува за одредено прашање во одреден момент Ако не ја разгледате во моментот за кој што е покрената интерпелацијата, после година, две, три, таа нема цел.
Кога веќе зборувате за контрола на Владата, што мислите, зошто јавноста има перцепција дека пратениците се само гласачка машина, а не вистински контролор на Владата? – Затоа што очигледно не доволно се пласира тоа што треба да излезе надвор од Собранието за тоа, што работат пратениците. Морам да потенцирам дека Собранието е единствена институција што е од мешан состав. Тука се наоѓаат сите политички чинители, сите политички партии, и не сите во одреден момент имаат заеднички интерес. Затоа многу често доаѓа до конфронтација при одредени процеси и разговори на одредени теми. Различно од Владата, каде што е заедничка коалиција, сѐ се врши во интерес накоалицијата, или различно од министерствата, каде херархиската поставеност му се дава на министерот. Затоа Парламентот се наоѓа во ситуација во која што се наоѓа. Да, можеби, може да има поголема критичка мисла, меѓутоа, партиите на власт, секогаш имаат интерес да има помалку видливост, односно гласност на Парламентот. Владејачкото мнозинство не дозволува артикулација на критичка мисла, а дополнително потоа тоа се регулира и со одредени провладини медиуми. Но во Собранието се кажуваат и паметни мисли, се случуваат и паметни процеси, меѓутоа видливоста на тоа е многу минимална. Како да се смени тоа? Новиот Закон за Собранието ни дава ново собраниско студио, ни дава нова можност. Ние веќе работиме со помош на Швајцарската амбасада и нашите пријатели од НДА и друга логистичка поддршка. 11 милиони швајцарски франци се влезени во Собранието. Се прави ново студио. Целта на тоа е, кога ќе проработи, а во завршна фаза е опремувањето на студиото и обезбедувањето на човечки потенцијал за работа во него, да има поголема видливост и програма која што ќе биде малку поразлична од сегашниот собраниски канал, тоа ќе биде модерна и на дневна основа ќе ги дава состојбите кои што се случуваат во Собранието. На дневна основа ќе може да се добиваат мислењата и на власта и на опозицијата. Време е да почнеме да работиме на подобрувањето на квалитетот на дебатите во Собранието, на неговата видливост и на подигањето и менувањето на јавното мислење за Собранието и работа во него. Додека го договаравте новиот Деловник во 2020 година изјавивте дека меѓу другото најдовте решение и за злоупотребата на носењето на законите со европското знаменце. Шест години подоцна, европското знаменце не само што не решено, туку се е злоупотребува како никогаш повеќе и ВМРО-ДПМНЕ тоа силно го критикува. Пред три години сте изјавиле едно, сега зборувате нешто друго, односно за злоупотребата на начинот на кој се носат законите во Собранието. Што се смени во меѓувреме? – Точно е тоа. Процесот Жан Моне е Уставот на Собранието за функционирање и работа на пратениците но и сите други во него. Но и од минатиот состав до овој пратенички состав, во овие 3 или 4 години и пратениците од власта, но морам да бидам критичен и оние од опозицијата бевме толку инвентивни во изнаоѓање начини за заобиколување на одредени одлуки и членови на Деловникот што го увидовме како недостаток на овој документ. Затоа новиот Деловник треба да ги намали можностите за негово заобиколување, ајде да не речам злоупотреба и од власта, но и ние како опозиција која мораше соодветно да реагираме за да воспоставиме некаква контрола на процесите кои што владејачкото мнозинство ги правеше и тоа токму во делот на злоупотреба на европското знаменце, скратените постапки, игнорирање на интерпелациите од опозицијата. Меѓу другото новиот Деловник налага и поинаков начин на однесување на пратениците предвиден со Етичкиот кодекс? Г-дине Мицевски зарем е потребен било каков деловник за да се однесуваат пратениците етички или да се свесни дека не треба да се злоупотребува ништо? – Па очигледно дека е потребен. Очигледно дека е потребен, затоа што во зависност од моменталните политички политички состојби и од моменталните потреби на политичките партии се менуваат и приоритетите и принципите на владејачкото множество. Ние сме сведоци за многу работи за кои што велат дека не се добри што ги прави опозицијата, меѓутоа кога тоа кога ќе го направи власта, тоа е прифатливо и може да помине. Се надевам дека овој нов Деловник ќе успее да промени одредени работи. Уште едно важно прашање од процесот Жан Моне е дискусијата на пратениците. Сите сме сведоци на ефектите од таа неограничена дискусија. Меѓусебни кавги и меѓупартиска борба. Граѓаните едвај да можат да ве разберат за што всушност дебатирате. Но вие како опозиција, не се согласувате да се регулира неограничената дискусија. Зошто сметате дека неограниченото зборување во Собранието е добра работа? – Затоа, сега гледаме да ги решиме тие работи, односно да ги унифисираме и да ги поедноставиме. Со новиот Деловник сметам дека се приближуваме и во таа насока. Затоа што, навистина, е потребно да има предвидливост на почнувањето и на завршувањето на пленарните седници, а артикулација на ставовите на политичките партии и на пратениците поединечно, има доволно. Сѐ уште е актуелно и прашањето сеуставните измениВелитеуставнитеизмени се завршено прашање за ВМРОДПМНЕно вие не сте против изменитеНапротиввелите  „да“ за европскаМакедонијаама не под бугарски диктатТогаш како вие ќе го придвижите процесотна приближување на Македонија кон ЕУ? – Ние сме спремни да продолжиме со разговори за Европскиот пат на Македонија, но само и само ако нема диктат од другата страна, односно ако Бугарија е подготвена на одредени чекори кои што следуваат. Рековме дека за сите оние потези кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги влече во наредниот период, јавноста ќе биде информирана. Ќе излеземе со конкретни прашања и решенија пред граѓаните од кои ќе ја бараме поддршка. Имаме отворени прашања, меѓутоа за да продолжи дијалогот, кој што според мене е двонасочна улица, ќе треба и Бугарија да направи одредени отстапки. Тоа се 14-те пресуди кои што ги има во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, за кои што во моментов нема никаква реакција од Бугарија. Во процедура има уште други 17 процеси кои што исто така најверојатно ќе завршат во корист на Македонците од Бугарија, а до сега немаме реципроцитетна реакција од нивна страна. Исто така Македонија треба да добие јасни гаранции за својот национален идентитет, меѓутоа и дека во наредниот период, односно на следните станици од преговори на Македонија, нема да има одредено вето од страна на Бугарија или промена на условите, односно барањата. Затоа што гледаме дека оно што стига до нас е дека Албанија е во понапредна фаза од Македонија, меѓутоа гледаме дека Грција се спрема за одредено вето по однос на други прашања. Затоа е многу битно да не се доведеме во ситуација, да почнеме процес во кој што не го знаеме патот по кој што ќе треба да се движиме, а дополнително да добиваме нови опструкции на тој пат. Но Вие добро знаете дека пресудите на Европскиот суд за човекови права не може туку да се извршат, затоа што по донесувањето на пресудата, таа оди во Комитетот на министри кој дава насоки што треба системски да смени државата за да не се повтори прекршување на некое човеково право. Тоа значи менување закони, други првни акти, па ако сакате дури и Устав, а бугарскиот не препознава малцинства? Зошто толку инсистирате на ова прашање? – Вашето прашање е всушност одговорот на оно што го кажав. Значи, рековте дека Бугарија ќе треба да промени закони, па дури и Уставот. Што се менува во Македонија? Зарем ние не сме суверена држава во која што владеат правото и законот и на крај на денот, интересите на граѓаните. И тие се тие кои што кажуваат што ќе се случува во оваа држава. Не може една свита на владејачкото мнозинство да решава за интересите на сите граѓани. Затоа да излеземе пред граѓаните, ние со нашето прашање, тие со нивното прашање, а тие ќе кажат во која настока ќе се движи Македонија. Дали како координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ може да потврдите дека околу 15-тина пратеници од вашата пратеничка група се врбуваат или се под притисок од ваши поранешни функционери, но и од оние од власта за да гласаат за уставните измени? – Продолжувањето на разговорите на оваа тема за мене е дегутантно затоа што цела пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ, вклучувајќи ја и коалицијата, го кажаа свој став на гласањето на отворањето на постапката на процесот за уставни измени. Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ е кохезивна. Тоа го зборувам година и пол наназад и година и пол одредени провладини медиуми пробуваат да спинуваат, односно да ја свртат темата за повторно да разговараме за ова. Еве, уште утре нека стават продолжение на седницата, односно гласање на потребата за уставни измени и да видат каде се наоѓа пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ. Не реагираме на основа на дневна политика, не реагираме на основа на дневни потреби на пратеничката група, туку имаме константен став изграден врз основа на барањето на граѓаните. Ние не добивме мандат да разговараме за оваа тема. Затоа ќе ги прашање граѓаните, па ќе влеземе во процес за кој што ќе добиваме зелено светло од нив. Уште еднаш би Ве прашала, дали пратеници од ВМРО-ДПМНЕ од овој пратенички состав имаат притисоци за да се премислат за уставните измени? – Јас можам да кажам дека во моментот нема ниту еден пратеник кој е расположен и кој има намера да се гласа за уставни измени. Останувам на тоа што го кажав претходно дека црвените линии се исцртани со самото гласање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Рековте во моментот што не значи дека ќе биде така… – Сега, дајте да не се држиме до зборови. Ќе видите каде ќе се движат овие работи. Тоа е моментот. Нека ја стават седницата утре на дневен ред, да видите, дали ќе бидат 44 пратеници или нема да бидат. Факт е дека со измените на Кривичниот законик многумина ваши поранешни функционери, како што е поранешниот претседател Никола Груевски се спасија и ќе се спасуваат од одговорност. Дали е ова скриена коалиција со власта, да се спасат и вашите и нивните, а за возврат да се направат уставните измени? – ВМРО-ДПМНЕ беше против носењето на измените на овој Кривичен законик. Ова се игри на владејачкото мнозинство кое бара начин или стратегија како да го намали поразот на следните избори. Дека има некој одреден договор тоа апсолутно го отфрлам затоа што измените на Кривичниот законик се направени еднострано. Ова ќе направи голема дисторзија во судскиот систем, меѓутоа тоа е само и само вина на власта , затоа што, сами влегоа во оваа постапка, затоа што знаат кое е нивото на доверба кај граѓаните во судството. Поради таа доверба сме дојдени до каде што сме дојдени поради нивното нефункционално работење и слични вакви постапки и процеси кои што се случуваа. Сѐ поблиску сме до парламентарните ипретседателските избори кои во еденмомент ќе бидат споениа тоа е 8 мај 2024 годинаДали ќе има преиспитување навашата коалицијаМожеби ќе имапредизборна или постизборна коалицијаДали и како ќе соработувате со партиите наАлбанците од опозицискиот блок?
– Да добиеме прво датум за избори, за да можеме врз основа на тој датум релевантно да ги планираме сите постапки што ќе се случуваат. Коалицијата „За обнова на Македонија“, опстојува и сите политички субјекти кои што се наоѓаат во истата остануваат на принципот за обновување на Македонија. И на принципите врз основа на кој што е направена таа коалиција. Јас очекувам врз основа на она што го имам како информации од неформални разговори со пратеници од владејачкото мнозинство, да почнат одредени разговори и за зголемување на коалицијата „За обнова на Македонија“. Но сето ова зависи од самите структури во партијата кои што ќе донесат релевантни одлуки по однос на она што ви требало да се случува. Во моментот, врз основа на поставените состојби во кои што се наоѓаме, сметам дека коалицијата е доволно цврста да продолжи заедно натаму зашто има изградено доверба во целокупните заеднички односи за да можеме да продолжиме заедно.
Претседателот на вашата партија Христијан Мицкоски побара поддршка од народот за да освоите 61 пратеник за да може, како што вели, да ја реформира Македонија? Г-дине Мицевски како мислите да ја реформирате Македонија? – Во однос на уставните измени морам од старт да потенцирам дека уставни измени под бугарски диктат нема да има, ни пред избори, ни по избори, и тоа е апсолвирано прашање за ВМРО-ДПМНЕ. под бугарски диктат нема да има. И ова е од една и единствена причина, затоа што ние уште од самиот почеток на процесот, рековме дека ова е процес кој што имаше лош почеток, односно пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше целосно елиминирана од информации. Ќе кажам уште еден факт, дека тие што го почнаа овој процес, на вака несериозен начин, треба да понесат одговорност за тоа што прифатија вакви услови од страна на Бугарија. Да влезеш во двотретински процес во Собранието, без обезбедени две третини поддршка од пратениците, а при тоа да ги лажеш партнерите од ЕУ и дрско да ја елиминираш опозицијата од било каква информација за овој процес, а при тоа ние нудевме и помош во одредена фаза на почеток со одредени работни групи, и на крај, да бараш поддршка од ВМРО-ДПМНЕ како политички субјект, тоа е политичко дилетанство. Затоа што за да се направи еден таков процес, прво е потребно да се обезбеди поддршка, а потоа да се влезе во него. За жал, владејачкото множество во изминатиот период, врз основа на флоскулата дека приближувањето кон Европската Унија е решавање на проблемите, ги направија најголемите грабежи во историјата на Македонија. Тоа е единствено нешто кое што функционираше и на кое што беа фокусирани. Имено, цела време спинуваа, злоупотребуваа и дезинформираа дека се блиску до обезбедување на пратеници од опозицијата, дека разговараат со некое си таканаречено проевровско крило од ВМРО-ДПМНЕ. Еве година и пол помина, се гледа дека од тоа нема ништо и дека веќе тоа е затворено прашање“. Веројатно нема човек што не ве познава како политичар и пратеник, ама веројатно малкумина знаат дека вие сте поранешен одбојкар и актуелен интернационален судија. Оттука Вие сте најдобар пример кој што може да направи споредба како е можно во спортот да има борба, ама и ферплеј во исто време, а во политиката тоа никако не може да го постигнете. Зошто?
– Затоа што чинителите очигледно се различни и интересите во политиката се сосема различни, а и начинот на доаѓање до победа се сосема различни во спортот и во политиката. Да, многу малку луѓе знаат за моја приватен живот. Јас сум меѓународен одбојкарски судија, веќе 22 години, а 30 години сум национален судија. Претходно се занимавав со одбојка во мојот град Штип, од каде што доаѓам. Долгите години бев и во најдобрата европска листа на судии, односно учествував во Лигата на шампиони. Судев едно светско и едно европско првенство во помали категории, така што тоа е дел од мојот приватен живот во кој што успевам, врз основа на моите можности, да најдам време да присуствувам на натпревари, да погледнам, меѓутоа и да одсудам одредени натпревари.
Дали во следниот мандат ќе пробате да примените нешто од спортот во политиката? – Јас и во овој мандат мислам дека применувам, иако велат дека фалбата е ‘рѓа, меѓутоа можете да поразговарате со колегите, дека навистина гледам во најголем дел од ситуациите да се водам според одредени коректни принципи.

The post Mицевски: ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од црвените линии за уставни измени ни пред избори ни после избори appeared first on Република.

]]>
Мицевски: СДС и ДУИ го имаат рецептот за уништување на една држава, Македонија е празна поради нивните системски грешки https://republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-sds-i-dui-go-imaat-retseptot-za-unishtuvane-na-edna-drzhava-makedonija-e-prazna-poradi-nivnite-sistemski-greshki/ Sun, 22 Oct 2023 14:07:12 +0000 https://republika.mk/?p=693918

„На влезот во Пехчево навистина не можевме да видиме луѓе. Го памтам овој крај, го памтам за викенди полна чаршија од луѓе, улиците по градот полни со деца кои играат разно разни игри. Денеска, за жал е една пустелија која се пресликува не само во Пехчево, туку во целата Малешевија, Пијанец па и Виница и Македонска Каменица како дел од овој регион“, истакна членот на ИК и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната трибина Дебати за Македонија – „Иселување и демографија – предизвик за Македонија“ во Општина Пехчево.

Тој потенцираше дека мора да се констатира дека истокот е празен, меѓутоа истокот е празен поради системските грешки кои се случуваат изминативе 7 години.

„Оваа власт влезе, ја доби власта со еден лажен слоган „За живот“ преку којшто ветуваше подобар живот за сите граѓани и затоа граѓаните поверуваа и влегоа во приказната на социјалдемократскиот сојуз и живот. Се наоѓаме во 7 година на власта која нема стратегија како да се движи. Во овие 7 години променети се 3 министри за финансии, во моментот кога дојдоа таму се и основите на промашувањата на оваа власт, рекоа дека ќе го тргнат рамниот данок, тој данок покажа резултати во Македонија затоа што со вложувањето на добивките на бизнисот во државата се правеа нови економски зголемени капацитети во коишто се запослуваа граѓани, за да по една година со промена на министер да се променуваат и економските политики на таа власт која на ден пред Нова Година и почеток на фискална година реши да го воведе прогресивниот данок. Нема стабилност за бизнисот, граѓаните, банките затоа што сериозни бизнис компании прават десет годишни, повеќе годишни планови за инвестирање, се донесовме во ситуација да сакаат да воведуваат прогресивен данок. Кога реагираше бизнисот тоа го ставија во мирување одреден временски период што значи дека не стојат на мерките планирани односно реагираат импулсивно по реакција од граѓани“, посочи тој.

Мицевски констатираше дека денешните законски решенија кои власта ги нуди се само реакција од граѓаните. Кога одреден сектор ќе реагира и ќе застане, односно ќе каже дека има проблеми тогаш се власта измислува ад-хок мерки со кои моментално се купува мир, но тоа не е решение кое Македонија ќе ја води во правилна насока.

Еден од тие буџети го нарекоа инвестираме во човечкиот капитал. Човечкиот капитал не се само луѓето, човечкиот капитал се и условите во кои живеат и творат тие луѓе, за жал теоријата ја имаат затоа што донесоа и стратегија повеќегодишна за човечкиот капитал, за развојот на човечкиот капитал меѓутоа во пракса се случува сосема спротивно затоа што нема семејство во Малешевијата, Пијанец, но нема семејство ни во Македонија каде младото работоспособно население не размислува и не ја напуштило Македонија. Зошто? Затоа што младите луѓе се разочарани, затоа што возрасните знаат што се случува, затоа што не гледаат перспектива и иднина и тоа е тоа што и фали на оваа држава“, рече Мицевски.

Тој додаде дека се уништени програмите и мерките за многудетни семејства.

Фалат стабилен човечки потенцијал и фалат мерки долгорочни кои ќе ги понуди ВМРО-ДПМНЕ и фали судство во кое ќе веруваат граѓаните. Фали општество во кое граѓаните ќе веруваат. СДС и ДУИ го имаат рецептот за уништување на една држава. Тоа го гледаме на дневно ниво и во законите што се преточени во Собранието, а тоа е ад-хок реакции по реакција на одредена сфера, стопански субјект, одредена стопанска комора или одреден дел од општеството“, вели тој.

Мицевски истакна дека на Македонија во наредниот период и е потребен ресет на секое ниво.

Приоритети во Собранието се друго само погледнете кои закони се носат со европско знаменце и ќе знаете каде се движи државата. Тоа е законот за игри на среќа, законот за до пред одреден временски период за отворање на фабрики на марихуани, тоа е размислувањето на ова власт. Тие гледаат како да дојдат до брзи пари, како одредени луѓе кои влегоа сиромашни во политиката за 7 годишен временски период излегоа милијардери и тоа ќе биде една од обврските на ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период да направи ревизија и потекло на имотот на граѓаните во Република Македонија. Законско решение кое не само да го ветуваме, туку и во пракса да го преточиме затоа што граѓаните сакаат сигурна држава, правна држава која ќе нуди правна сигурност на секој еден граѓанин. Довербата во судството од минорни 1% во кои се доведовме е причина затоа што оние кои делат тендери и ја имаат политичката моќ во една држава се заедно затоа и судството ни е комплет на она кое што ни е, кажа Мицевски.

Тој додаде дека овие 7 години власта на СДС и ДУИ не донесоа на позиција на која сме.

Регионалниот рамномерен развој не се практикува секаде исто. Рамномерниот регионален развој го немаме во Источна Македонија, Малешевијата, односно го имаме селективно затоа што во општините каде имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ помошта и она што законски е обврска на државата не се испраќа кон градоначалниците. Знам каква мака има градоначалникот кој се наоѓа во средина, а тоа е градоначалникот Александар Китански од Пехчево за добивање на редовни донации и редовни средства кои му следуваат за разлика од градоначалниците од Берово и Делчево. Истото е во Македонска Каменица и Виница и затоа изразувам голема благодарност до овие градоначалници кои смогнуваат сили и покрај опструкциите што ги имаат на дневно ниво од централната власта да успеваат да сработат нешто, дециден е тој.

Мицевски се надева дека со брзата промена на власта во краток временски период ќе успеат тие средства кои ги следуваат овие општини редовно да ги сервисираме за да можат истите малку покомотно да успеваат да ги реализираат сите оние активности кои требаат.

Регионалниот рамномерен развој не само во источна Македонија, се чувствува односно неработењето на оваа власт и во западна Македонија иселување за кое зборуваме тука и демографските показатели и индекси се случуваат насекаде низ Македонија. Факт на тоа е лошото менаџирање на оваа Влада и решение за целата таа работа е брза промена на оваа власт, кажа тој.

Мицевски изјави дека во Македонија еден од клучните ресурси е човекот и околу него треба да ги поставиме сите оние мерки кои следуваат.

Многу е комплексен целиот овој процес. Мораме да размислуваме прво граѓаните, младите луѓе да ги задржиме, дел од нив да успееме со подобрување на економијата да ги вратиме. Да воведеме нови мерки карактеристични за секој регион. Да ги подобриме земјоделските и ИПАРД проектите во Источна Македонија и Малешевијата. Да се размислува за планинскиот и еко туризам. Да се подобрат инфраструктурните состојби во Македонија, здравството затоа што оваа општина мака мачи со здравствени услуги. Да се подобри образовниот капитал затоа што последните 2 години учебници нема во цела држава, да се обрне внимание на социјалниот аспект и едноставно луѓето да почнат да живеат квалитетен живот“, заклучи тој.

https://www.youtube.com/live/89fTjFPvfk8?si=qNYSAUv55Kto-Xrn

The post Мицевски: СДС и ДУИ го имаат рецептот за уништување на една држава, Македонија е празна поради нивните системски грешки appeared first on Република.

]]>

„На влезот во Пехчево навистина не можевме да видиме луѓе. Го памтам овој крај, го памтам за викенди полна чаршија од луѓе, улиците по градот полни со деца кои играат разно разни игри. Денеска, за жал е една пустелија која се пресликува не само во Пехчево, туку во целата Малешевија, Пијанец па и Виница и Македонска Каменица како дел од овој регион“, истакна членот на ИК и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната трибина Дебати за Македонија – „Иселување и демографија – предизвик за Македонија“ во Општина Пехчево. Тој потенцираше дека мора да се констатира дека истокот е празен, меѓутоа истокот е празен поради системските грешки кои се случуваат изминативе 7 години.
„Оваа власт влезе, ја доби власта со еден лажен слоган „За живот“ преку којшто ветуваше подобар живот за сите граѓани и затоа граѓаните поверуваа и влегоа во приказната на социјалдемократскиот сојуз и живот. Се наоѓаме во 7 година на власта која нема стратегија како да се движи. Во овие 7 години променети се 3 министри за финансии, во моментот кога дојдоа таму се и основите на промашувањата на оваа власт, рекоа дека ќе го тргнат рамниот данок, тој данок покажа резултати во Македонија затоа што со вложувањето на добивките на бизнисот во државата се правеа нови економски зголемени капацитети во коишто се запослуваа граѓани, за да по една година со промена на министер да се променуваат и економските политики на таа власт која на ден пред Нова Година и почеток на фискална година реши да го воведе прогресивниот данок. Нема стабилност за бизнисот, граѓаните, банките затоа што сериозни бизнис компании прават десет годишни, повеќе годишни планови за инвестирање, се донесовме во ситуација да сакаат да воведуваат прогресивен данок. Кога реагираше бизнисот тоа го ставија во мирување одреден временски период што значи дека не стојат на мерките планирани односно реагираат импулсивно по реакција од граѓани“, посочи тој.
Мицевски констатираше дека денешните законски решенија кои власта ги нуди се само реакција од граѓаните. Кога одреден сектор ќе реагира и ќе застане, односно ќе каже дека има проблеми тогаш се власта измислува ад-хок мерки со кои моментално се купува мир, но тоа не е решение кое Македонија ќе ја води во правилна насока.
Еден од тие буџети го нарекоа инвестираме во човечкиот капитал. Човечкиот капитал не се само луѓето, човечкиот капитал се и условите во кои живеат и творат тие луѓе, за жал теоријата ја имаат затоа што донесоа и стратегија повеќегодишна за човечкиот капитал, за развојот на човечкиот капитал меѓутоа во пракса се случува сосема спротивно затоа што нема семејство во Малешевијата, Пијанец, но нема семејство ни во Македонија каде младото работоспособно население не размислува и не ја напуштило Македонија. Зошто? Затоа што младите луѓе се разочарани, затоа што возрасните знаат што се случува, затоа што не гледаат перспектива и иднина и тоа е тоа што и фали на оваа држава“, рече Мицевски.
Тој додаде дека се уништени програмите и мерките за многудетни семејства.
Фалат стабилен човечки потенцијал и фалат мерки долгорочни кои ќе ги понуди ВМРО-ДПМНЕ и фали судство во кое ќе веруваат граѓаните. Фали општество во кое граѓаните ќе веруваат. СДС и ДУИ го имаат рецептот за уништување на една држава. Тоа го гледаме на дневно ниво и во законите што се преточени во Собранието, а тоа е ад-хок реакции по реакција на одредена сфера, стопански субјект, одредена стопанска комора или одреден дел од општеството“, вели тој.
Мицевски истакна дека на Македонија во наредниот период и е потребен ресет на секое ниво.
Приоритети во Собранието се друго само погледнете кои закони се носат со европско знаменце и ќе знаете каде се движи државата. Тоа е законот за игри на среќа, законот за до пред одреден временски период за отворање на фабрики на марихуани, тоа е размислувањето на ова власт. Тие гледаат како да дојдат до брзи пари, како одредени луѓе кои влегоа сиромашни во политиката за 7 годишен временски период излегоа милијардери и тоа ќе биде една од обврските на ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период да направи ревизија и потекло на имотот на граѓаните во Република Македонија. Законско решение кое не само да го ветуваме, туку и во пракса да го преточиме затоа што граѓаните сакаат сигурна држава, правна држава која ќе нуди правна сигурност на секој еден граѓанин. Довербата во судството од минорни 1% во кои се доведовме е причина затоа што оние кои делат тендери и ја имаат политичката моќ во една држава се заедно затоа и судството ни е комплет на она кое што ни е, кажа Мицевски.
Тој додаде дека овие 7 години власта на СДС и ДУИ не донесоа на позиција на која сме.
Регионалниот рамномерен развој не се практикува секаде исто. Рамномерниот регионален развој го немаме во Источна Македонија, Малешевијата, односно го имаме селективно затоа што во општините каде имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ помошта и она што законски е обврска на државата не се испраќа кон градоначалниците. Знам каква мака има градоначалникот кој се наоѓа во средина, а тоа е градоначалникот Александар Китански од Пехчево за добивање на редовни донации и редовни средства кои му следуваат за разлика од градоначалниците од Берово и Делчево. Истото е во Македонска Каменица и Виница и затоа изразувам голема благодарност до овие градоначалници кои смогнуваат сили и покрај опструкциите што ги имаат на дневно ниво од централната власта да успеваат да сработат нешто, дециден е тој.
Мицевски се надева дека со брзата промена на власта во краток временски период ќе успеат тие средства кои ги следуваат овие општини редовно да ги сервисираме за да можат истите малку покомотно да успеваат да ги реализираат сите оние активности кои требаат.
Регионалниот рамномерен развој не само во источна Македонија, се чувствува односно неработењето на оваа власт и во западна Македонија иселување за кое зборуваме тука и демографските показатели и индекси се случуваат насекаде низ Македонија. Факт на тоа е лошото менаџирање на оваа Влада и решение за целата таа работа е брза промена на оваа власт, кажа тој.
Мицевски изјави дека во Македонија еден од клучните ресурси е човекот и околу него треба да ги поставиме сите оние мерки кои следуваат.
Многу е комплексен целиот овој процес. Мораме да размислуваме прво граѓаните, младите луѓе да ги задржиме, дел од нив да успееме со подобрување на економијата да ги вратиме. Да воведеме нови мерки карактеристични за секој регион. Да ги подобриме земјоделските и ИПАРД проектите во Источна Македонија и Малешевијата. Да се размислува за планинскиот и еко туризам. Да се подобрат инфраструктурните состојби во Македонија, здравството затоа што оваа општина мака мачи со здравствени услуги. Да се подобри образовниот капитал затоа што последните 2 години учебници нема во цела држава, да се обрне внимание на социјалниот аспект и едноставно луѓето да почнат да живеат квалитетен живот“, заклучи тој.
https://www.youtube.com/live/89fTjFPvfk8?si=qNYSAUv55Kto-Xrn

The post Мицевски: СДС и ДУИ го имаат рецептот за уништување на една држава, Македонија е празна поради нивните системски грешки appeared first on Република.

]]>
Мицковски: Во петок нема да поддржиме бугарски диктат за уставни измени https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskovski-vo-petok-nema-da-poddrzhime-bugarski-diktat-za-ustavni-izmeni/ Wed, 16 Aug 2023 13:00:23 +0000 https://republika.mk/?p=672783

„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата на пленарната собраниска седница во петок, посветена на уставни измени ќе ги повтори нашите аргументите, исто како што направивме на Комисијата за уставни прашања. Остануваме на континуираниот став дека измени на Уставот во ваков формат под бугарски диктат не се можни и нема да дадеме поддршка“, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на прес-конференција по редовната координација на коалицијата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека уште при гласањето на дневниот ред ќе се види дали власта има мнозинство за донесување на уставните измени или не и ќе се согледа дали една година манипулираат со бројката за цензусот и за оние кои даваат поддршка на уставните измени.

Веќе кажавме дека власта турка процес кој не е поддржан од граѓаните, тоа и ќе го повториме, а седницата ќе биде добра можност целокупната јавност да се увери дека власта лаже цела година, манипулира и сее магла околу уставните измени и дека не се ни блиску до уставни измени, нагласи Мицевски и оцени дека така се случува секогаш кога народот ќе се потцени и кога личните интереси се ставаат пред државните.

„Власта цела година купуваше време и сега станува жртва на сопствените лаги“, рече тој.

Прашан дали ќе дебатираат на седницата, Мицевски рече дека аргументирано ќе објаснат исто како и на Комисијата за уставни прашања и додаде дека до него како координатор досега нема никакви притисоци, но има поддршка од граѓаните кои од него бараат да истраат во намерите.

Мицевски изрази надеж дека точката на дневен ред ќе биде ставена на гласање за целокупната јавност да види дека нема доволно мнозинство за усвојување на уставните измени.

Собранието за в петок има закажано седница на која единствена точка на дневен ред е усвојување на уставни измени и вметнување на Бугарите и други пет етнички групи во Уставот на Македонија, нешто што беше побарано од Софија како услов за започнување на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

The post Мицковски: Во петок нема да поддржиме бугарски диктат за уставни измени appeared first on Република.

]]>

„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата на пленарната собраниска седница во петок, посветена на уставни измени ќе ги повтори нашите аргументите, исто како што направивме на Комисијата за уставни прашања. Остануваме на континуираниот став дека измени на Уставот во ваков формат под бугарски диктат не се можни и нема да дадеме поддршка“, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на прес-конференција по редовната координација на коалицијата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека уште при гласањето на дневниот ред ќе се види дали власта има мнозинство за донесување на уставните измени или не и ќе се согледа дали една година манипулираат со бројката за цензусот и за оние кои даваат поддршка на уставните измени. Веќе кажавме дека власта турка процес кој не е поддржан од граѓаните, тоа и ќе го повториме, а седницата ќе биде добра можност целокупната јавност да се увери дека власта лаже цела година, манипулира и сее магла околу уставните измени и дека не се ни блиску до уставни измени, нагласи Мицевски и оцени дека така се случува секогаш кога народот ќе се потцени и кога личните интереси се ставаат пред државните.
„Власта цела година купуваше време и сега станува жртва на сопствените лаги“, рече тој.
Прашан дали ќе дебатираат на седницата, Мицевски рече дека аргументирано ќе објаснат исто како и на Комисијата за уставни прашања и додаде дека до него како координатор досега нема никакви притисоци, но има поддршка од граѓаните кои од него бараат да истраат во намерите. Мицевски изрази надеж дека точката на дневен ред ќе биде ставена на гласање за целокупната јавност да види дека нема доволно мнозинство за усвојување на уставните измени. Собранието за в петок има закажано седница на која единствена точка на дневен ред е усвојување на уставни измени и вметнување на Бугарите и други пет етнички групи во Уставот на Македонија, нешто што беше побарано од Софија како услов за започнување на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

The post Мицковски: Во петок нема да поддржиме бугарски диктат за уставни измени appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ има стратегија за седницата за уставни измени, тврдат дека немаат притисоци https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-ima-strategija-za-sednitsata-za-ustavni-izmeni-tvrdat-deka-nemaat-pritisotsi/ Wed, 16 Aug 2023 12:00:27 +0000 https://republika.mk/?p=672739

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во петок ќе присуствува на пленарната седница посветена на уставните измени. Ова денеска го истакна координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски.

Пратеничкот порача дека штом почне седницата во петок, јавноста ќе ја види стратегијата и целиот настап на ВМРО-ДПМНЕ.

Аргументирано ќе објасниме исто како и на Комисијата за уставни прашања. Она што до мене е стигнато е дека нема никакви притисоци, туку поддршка од граѓаните кои бараат од нас да истраеме, вели Мицевски.

Според него, процедурата и деловникот се јасни.

Се надевам дека предлогот ќе биде ставен на гласање и целокупната јавноста ќе види со кого си има работа. Тоа ќе се види и на самото гласање на дневниот ред, објасни Мицевски пред присутните новинари.

На 18 август, Собранието најнапред треба да го изгласа дневниот ред со единствена точка – Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија за што се потребни 61 глас. Потоа се пристапува кон претрес по предлогот.

The post ВМРО-ДПМНЕ има стратегија за седницата за уставни измени, тврдат дека немаат притисоци appeared first on Република.

]]>

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во петок ќе присуствува на пленарната седница посветена на уставните измени. Ова денеска го истакна координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски. Пратеничкот порача дека штом почне седницата во петок, јавноста ќе ја види стратегијата и целиот настап на ВМРО-ДПМНЕ. Аргументирано ќе објасниме исто како и на Комисијата за уставни прашања. Она што до мене е стигнато е дека нема никакви притисоци, туку поддршка од граѓаните кои бараат од нас да истраеме, вели Мицевски. Според него, процедурата и деловникот се јасни. Се надевам дека предлогот ќе биде ставен на гласање и целокупната јавноста ќе види со кого си има работа. Тоа ќе се види и на самото гласање на дневниот ред, објасни Мицевски пред присутните новинари. На 18 август, Собранието најнапред треба да го изгласа дневниот ред со единствена точка – Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија за што се потребни 61 глас. Потоа се пристапува кон претрес по предлогот.

The post ВМРО-ДПМНЕ има стратегија за седницата за уставни измени, тврдат дека немаат притисоци appeared first on Република.

]]>
„Историскиот“ говор на Апасиев копија на говорот на Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ кој зборуваше пред него https://republika.mk/vesti/makedonija/istoriskiot-govor-na-apasiev-kopija-na-govorot-na-mitsevski-od-vmro-dpmne-koj-zboruvashe-pred-nego/ Wed, 26 Jul 2023 11:56:11 +0000 https://republika.mk/?p=665520

Социјалните мрежи вчера беа полни со коментари за говорот на лидерот на Левица Димитар Апасиев на Комисијата за уставни прашања. Но, малкумина забележаа дека неговото обраќање беше чист плагијат и копија на обраќањето на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

Димче користеше исти фрази и зборови како Никола па така слушнавме „смрт на македонизмот“, „сецкање како салама“, „пресуди од Стразбур“, „копенхашки критериуми“.

Проценете сами

The post „Историскиот“ говор на Апасиев копија на говорот на Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ кој зборуваше пред него appeared first on Република.

]]>

Социјалните мрежи вчера беа полни со коментари за говорот на лидерот на Левица Димитар Апасиев на Комисијата за уставни прашања. Но, малкумина забележаа дека неговото обраќање беше чист плагијат и копија на обраќањето на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски. Димче користеше исти фрази и зборови како Никола па така слушнавме „смрт на македонизмот“, „сецкање како салама“, „пресуди од Стразбур“, „копенхашки критериуми“. Проценете сами  

The post „Историскиот“ говор на Апасиев копија на говорот на Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ кој зборуваше пред него appeared first on Република.

]]>
Mицевски: Би ви рекол засрамете се, ама знам дека срам немате https://republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-bi-vi-rekol-zasramete-se-ama-znam-deka-sram-nemate/ Tue, 25 Jul 2023 10:14:47 +0000 https://republika.mk/?p=665034

Уставни измени под диктат, притисок и наметнувања се невозможни и никогаш нема да ги поддржиме, затоа што тоа е директно кршење на суверенитетот на една земја. Суверенитетот произлегува од народот, а огромно мнозинство од народот над 80% вели НЕ на ваков начин на насилство од страна на власта. За жал трагичната вистина видлива и денес пред целата македонска јавност е дека ние имаме глува и слепа власт, која за ден повеќе во фотелја, за тапшање по рамо, за комшијата да и поклонува луксузни коли, фарми за канабис, фотоволтаици или бесплатни трговски центри – е спремна да прави отстапка по отстапка до целосно обезличување и рушење на националните и државни интереси. Оваа влада има еден клучен проблем, а тоа е да води инат и со опозицијата и со народот и со експертите. Ни ал ни абер има од градење на консензус по виталните национални прашања, туку сите работи ги води до степен на свршен чин, презема обврски без да се бори за интересот на својот народ, презема штетни договори, кои после бара сите да ги прифатат. Тоа е недозволиво, тоа е лузерска политика која не носи никаков бенефит. Напротив носи штети и трајни катастрофални последици.

Како салама ги сецкаат и после тоа ни го прикажуваат како успех. Да потсетиме дека и во 2017-та и целото ова време како партија предупредувавме дека договорот за добрососедство е брзоплето решение кое носи отровни плодови кои сега ги гледаме. Но и тогаш оваа самобендисана власт на СДС и ДУИ и сега одбива да се соочи со реалноста. Тогаш тврдеа дека ги затвораат прашањата со соседите, а нивните политики донесоа ескалација на омразата и официјални државни документи од Бугарија во кои комплетно се негира самобитноста и историјата на Македонија и македонскиот народ пред 1945 година. Наместо добрососедство, донесоа омраза. Наместо соработка, донесоа понижувања. Наместо пријателство, донесоа уцени и закани. Наместо да послушаат што предупредувавме, без борба ја предадоа Македонија, рече денеска во Собрание Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ

И еве не тука денес, кога повторно говориме дека уставни измени во овие услови и под директен диктат на Софија се штетни и носат несогледливи последици. Ако меѓународните договори кои оваа власт ги потпиша даваа правен легитимитет на негаторските политики и ставови, уставни измени сега и под вакви околности ќе дадат правна рамка на истите тие негаторски политики но во внатрешниот правен сообраќај во Македонија и во македонските институции.

Нека не ве замајуваат изјавите на Маричиќ, Османи и сличните дека ова е шанса која не смее да се пропушти. Дека ова било шанса да се направела разлика меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Секој еден кој без овие измени не умее да прави разлика меѓу двата народи и засебната различна илјадолетна историја, не смее да биде дел од овие клупи и овој Парламент, светиот дом на народната волја, права и достоинство. Не, господа, ова не е никаква шанса за напредок на целата држава. Ова е само шанса за нивно лично профитирање на грбот на македонскиот народ и Македонија. За уште некое АУДИ на поклон од комшијата, за уште неколку тони бифтеци платени од народот, за уште некој бизнис и цедење на македонската земја на која има се повеќе парцели кои тие ги продаваат како да се на пазар, а во неа има се помалку луѓе кои не можат да го трпат овој терор и современа тиранија под превезот на демократијата.

Но сега работите се поинакви. Народот виде дека од нивните големи ветувања не треба да се има големи очекувања, туку за жал само горчливи разочарувања. Не така одамна пред само 4-5 години истите овие ликови не убедуваа дека Македонија ги има затворено сите политички прашања со своите соседи, а вистината е дека само отворија големи апетити кои може да бидат погубни за нас како народ и како држава. Погледнете, зарем има некоја промена на подобро изминатите години и месеци во реториката или делата од страна на нашиот источен сосед. Одговорот е не. Гледаме само нови и нови омаловажувања, негации и барања за измени на учебници, историски настани и наративи. Барања за контрола на говорот и мислата, односно медиумите, пишаниот збор и создавањето културни дела. Обиди за цензура и на мислата и на историјата. Односно цензура на нашето постоење. Наместо за економија и инфраструктура испорачуваат декларации за “бугаризирање на илинденското востание“. Тоа е иднината која власта сака да ја катализира со овие уставни измени.

https://www.youtube.com/watch?v=vfIZ-ZS76XE

Почитувани, ние не зборуваме тука за некаква заблуденост на власта на Ковачевски. Тие се свесни и многу добро знаат што ова може да предизвика, но се решени својата предавничка агенда да ја тераат по секоја цена, се додека тие ја вршат наплатата на распродажбата на националните интереси, чест и достоинство на сите граѓани на Македонија. Зарем мислите дека не им беа јасни предлозите и добронамерните предупредувања кои ВМРО-ДПМНЕ ги даваше?! Беа свесни, но сепак ги одбиваа. Уставни измени на крајот на евроинтегративниот процес кои ние ги баравме ќе беа гаранција дека тој пат ќе се водеше без скриени намери за однародување на македонците, или како што велат некои кругови во Софија ‘убивање на македонизмот. Доколку на крајот на процесот се направат уставните измени ќе имавме некаква сигурност дека нема да бидеме блокирани за темите како историја, учебници, измислени и непостоечки говори на омраза и слични теми кои сега Софија сака да ги наметне, туку ќе се водеше процесот исклучиво според нивото на исполнување на Копенхашките критериуми.

Господа од власта, Копенхашките критериуми се мерилото на една земја колку напреднала на патот кон Европа и тие се лесно мерливи, а не се подвижна цел. Тој пат го изоделе другите и ние баравме шанса и Македонија тоа да го направи. Како што рековме и кога се носеше тн Француски предлог, кој всушност беше бугарски предлог, овој пат под овие услови ќе се претвори во бескраен процес во кој на една маса ќе зборуваме за некое поглавје, а на другата поважна маса ќе се одлучува дали во учебникот за петто, четврто или седмо одделение треба да прифатиме бугарски историски наратив за Кирил и Методиј, Кресненското или илинденското востание. А кога е во прашање дискриминацијата, во Македонија денес единствено дискриминиран народ е македонскиот и единствена дискриминирана група е онаа на огромното мнозинство кое власта сака повторно, уште еден пат да го игнорира и да се претстави како некаква далековида власт која имала храброст да носи тешки одлуки. Ако одлуките се тешки, не може или не значи дека се добри. И сите кои се кријат зад некаква лажна храброст дека носеле тешки одлуки, треба да се засрамат и да ја наведнат главата пред секој граѓанин на Македонија. Бидејќи не е храброст да прифатиш беспоговорно се што ќе ти побара тој наспроти тебе, само затоа што чувствуваш дека твојата фотелја и комодитетот му го должиш нему, без оглед од кај доаѓа – од Атина, Софија или Брисел. Сите овие фотелји на кои седите ги платиле македонските граѓани и сите вашето присуство тука им го должите само на македонските граѓани и на никој друг. Секое друго гледање на работите и постапки не се демократија, туку се тиранија и национално предавство.

Жално е што ве гледам вака со сведнати глави и претпоставувам дека во себе си викате дека овој човек има право. Жално е да ве гледа човек како прифаќате без борба дека Македонија е доведена пред свршен чин. А без борба е. Лажниот триумфализам кој лани го ширевте тука, дека сте кажале историско не, па сте добиле подобар предлог беше торпедиран и потопен од предлагачите на преговарачката рамка. Најдоа село без кучиња и удрија до максимум со нивните барања. Сменија три запирки во првиот предлог, го нарекоа втор и вие дојдовте тука насилнички да се фалите дека сте ги зачувале македонските национални интереси, додека ја распродавате државата преку вашите фирми и компании. Во Софија славеа, а и како не би славеле кога наспроти нив не наидоа на државници, туку на поданици. Но, лагите излегоа на површина и секој гледа како сте ги зачувале националните интереси. Пред некој ден во софискиот парламент се читаше декларација за наводен неточен и измислен бугарски карактер на најсветото македонско Илинденско востание. Еден од темелите на оваа држава. И тој го урнавте вие, заштитувачите на идентитетот. Вториот се викаше АСНОМ – и него го масакриравте во Уставот. Така вие делувате, божем штитејќи ги националните интереси истите ги распродавате, за да ги заштитите личните и интереси и бизниси и привилегии. И сега гледам, слушам и не ми се верува, СДСМ најавува дека ќе поднесела декларација за Илинденското востание! Истите оние кои лани-преклани одбиваа да усвоиме декларација за Гоце Делчев бидејќи немало потреба и ќе нанесела штета, сега ќе поднесела декларација за Илинденското востание?! Па зошто бе колеги, ако го заштитивте идентитетот? Сфаќате ли колку е ова нелогично? И додека сме тука кога е во прашање Илинден, вие единствен документ кој можете и треба да го поднесете е извинување до Илинденците за изневерувањето кое им го направивте на нивната борба, а веднаш потоа сите да заминете од ова Собрание и никогаш да не се вратите. Затоа што не го браните интересот на Македонците и сите граѓани на Македонија.

Ние ви понудивме и втора опција, од која бегате како ѓавол од темјан – или како бугарски историчар од докази и факти – а тоа е ДЕМОКРАТИЈАТА. Но, вие не сте навикнати на демократија. Стран поим ви е демократијата. А ви рековме, ајде да излеземе пред народот, да ги преставиме своите планови за државата, а потоа да изградиме заеднички консензус и заедно да се поддржуваме во евроинтегративниот пат во интерес на нашиот народ и нашата Македонија. Да побараме најсериозни и најголеми можни институционални гаранции од страна на европската унија за нашиот многувековен идентитет, јазик и историја е нешто кое што секој кој и мисли добро на Македонија би го направил. И тоа го одбивте. Зарем заборавивте дека ветувањето на еден политичар и неговите усмени изјави важат се додека тој е на позиција, а после тоа тој кој што го заменува нема ни обврска ни потреба истото да го продолжи? Или на тоа се надевате дека би се случило, па утре ден ќе се однесувате како вашите претходници и ќе се правите недоветни и зачудени од сето она што се родило како резултат на вашите предавства?

Ви кажуваме тука, пред очите на цела Македонија и во името на граѓаните на Република Македонија вака нема да може. Нема да може! Уставни измени под бугарски диктат нема да има. А оваа расправа е осудена на пропаст. Ниту имате пратеници, ниту имате народ позади себе. Затоа после ова мое излагање ние нема што повеќе да кажеме, и ајде во скратени рокови нека дојде на пленарна седница па да видите како пропаѓа ова ваше срамно насилие врз уставот и туркање на бугарски диктат.

И не заборавајте,

Одбивавте дами и господа од СДС се што значеше подадена рака и глас на разумот. Одбивавте било каква борба за националните интереси, следејќи ја насоката која ја постави вашиот идеолошки гуру Зоран Заев кој рече дека на СДСМ не му приличеле политиките на патриотизмот и така ја водеше партијата и државата, а истиот принцип го наследи и неговиот верен ученик Димитар Ковачевски. Спремни сте да се инаетете до бескрај, но тој инает ќе ви се удри од глава. Овие уставни измени кои денес ги предлагате ги водите и спротивно на законите и спротивно на здравиот разум. Затоа овие измени ќе удрат во ѕид. Бидејќи пред ѕидот е македонскиот народ. До таму го дотеравте, до ѕид. Но овој народ, граѓаните на Македонија имаат чест и достоинство, имаат самопочит која вие ја немате и нема да дозволат уште едно, ново раскрчмување на Македонија, нема да дозволат распродажба на светите идеали на Илинденците, Асномците и генерацијата на независноста. Нема да дозволат повеќе понижувања, уцени, закани и угнетувања на тиранијата која ја практикуваат недемократските власти како вашата.

Затоа овие измени се осудени на пропаст. И не се обидувајте да правите нови поделби на тоа кој бил проевропски кој не, не се обидувајте да етикетирате и да делите на било каков начин, тоа веќе не поминува. Прочитана книга сте. Ова е само последниот чин на вашата трагедија, пред да ви се спушти завесата и да си одите кој дома, кој по затвори. Доста беше. Македонија не е на продажба. Ниту се на продажба Македонците во Бугарија, Грција, Албанија, Косово и насекаде низ светот. Сите тие ќе имаат татковина која ќе се грижи за нив, а не власт која ќе се грижи што уште може да украде и уништи за лична корист.

Би ви рекол засрамете се, ама знам дека срам немате. Затоа и немате поддршка. Ниту за уставните измени, ниту да продолжите да владеете. Македонија вели: Готово е. Готови сте.

Господине Ковачевски имам да ви кажам нешто, не вреди оваа фарса за ниту една работа која ја правите или која ви ја ветиле дека ќе ви прогледаат низ прсти. Ќе излезете од овој процес како губитник. Оставете ги бизнисите, оставете ги профитите, еднаш помислете и одиграјте за Македонија. Колку пати како премиер побаравте Софија да спроведе барем една пресуда од судот од Стразбур добиена од македонците против Бугарија, зарем ви е сеедно што тие се препуштени сами на себе додека во Македонија се карате со народот да ги исполните бугарските диктати. Јас не верувам дека ќе се ставите на страната на народот, но јас во име на народот ви кажувам каква грешка и срам си правите за себе и вашите најблиски. ВМРО-ДПМНЕ останува заедно со народот, заедно до подобра иднина.

The post Mицевски: Би ви рекол засрамете се, ама знам дека срам немате appeared first on Република.

]]>

Уставни измени под диктат, притисок и наметнувања се невозможни и никогаш нема да ги поддржиме, затоа што тоа е директно кршење на суверенитетот на една земја. Суверенитетот произлегува од народот, а огромно мнозинство од народот над 80% вели НЕ на ваков начин на насилство од страна на власта. За жал трагичната вистина видлива и денес пред целата македонска јавност е дека ние имаме глува и слепа власт, која за ден повеќе во фотелја, за тапшање по рамо, за комшијата да и поклонува луксузни коли, фарми за канабис, фотоволтаици или бесплатни трговски центри – е спремна да прави отстапка по отстапка до целосно обезличување и рушење на националните и државни интереси. Оваа влада има еден клучен проблем, а тоа е да води инат и со опозицијата и со народот и со експертите. Ни ал ни абер има од градење на консензус по виталните национални прашања, туку сите работи ги води до степен на свршен чин, презема обврски без да се бори за интересот на својот народ, презема штетни договори, кои после бара сите да ги прифатат. Тоа е недозволиво, тоа е лузерска политика која не носи никаков бенефит. Напротив носи штети и трајни катастрофални последици. Како салама ги сецкаат и после тоа ни го прикажуваат како успех. Да потсетиме дека и во 2017-та и целото ова време како партија предупредувавме дека договорот за добрососедство е брзоплето решение кое носи отровни плодови кои сега ги гледаме. Но и тогаш оваа самобендисана власт на СДС и ДУИ и сега одбива да се соочи со реалноста. Тогаш тврдеа дека ги затвораат прашањата со соседите, а нивните политики донесоа ескалација на омразата и официјални државни документи од Бугарија во кои комплетно се негира самобитноста и историјата на Македонија и македонскиот народ пред 1945 година. Наместо добрососедство, донесоа омраза. Наместо соработка, донесоа понижувања. Наместо пријателство, донесоа уцени и закани. Наместо да послушаат што предупредувавме, без борба ја предадоа Македонија, рече денеска во Собрание Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ И еве не тука денес, кога повторно говориме дека уставни измени во овие услови и под директен диктат на Софија се штетни и носат несогледливи последици. Ако меѓународните договори кои оваа власт ги потпиша даваа правен легитимитет на негаторските политики и ставови, уставни измени сега и под вакви околности ќе дадат правна рамка на истите тие негаторски политики но во внатрешниот правен сообраќај во Македонија и во македонските институции.
Нека не ве замајуваат изјавите на Маричиќ, Османи и сличните дека ова е шанса која не смее да се пропушти. Дека ова било шанса да се направела разлика меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Секој еден кој без овие измени не умее да прави разлика меѓу двата народи и засебната различна илјадолетна историја, не смее да биде дел од овие клупи и овој Парламент, светиот дом на народната волја, права и достоинство. Не, господа, ова не е никаква шанса за напредок на целата држава. Ова е само шанса за нивно лично профитирање на грбот на македонскиот народ и Македонија. За уште некое АУДИ на поклон од комшијата, за уште неколку тони бифтеци платени од народот, за уште некој бизнис и цедење на македонската земја на која има се повеќе парцели кои тие ги продаваат како да се на пазар, а во неа има се помалку луѓе кои не можат да го трпат овој терор и современа тиранија под превезот на демократијата. Но сега работите се поинакви. Народот виде дека од нивните големи ветувања не треба да се има големи очекувања, туку за жал само горчливи разочарувања. Не така одамна пред само 4-5 години истите овие ликови не убедуваа дека Македонија ги има затворено сите политички прашања со своите соседи, а вистината е дека само отворија големи апетити кои може да бидат погубни за нас како народ и како држава. Погледнете, зарем има некоја промена на подобро изминатите години и месеци во реториката или делата од страна на нашиот источен сосед. Одговорот е не. Гледаме само нови и нови омаловажувања, негации и барања за измени на учебници, историски настани и наративи. Барања за контрола на говорот и мислата, односно медиумите, пишаниот збор и создавањето културни дела. Обиди за цензура и на мислата и на историјата. Односно цензура на нашето постоење. Наместо за економија и инфраструктура испорачуваат декларации за “бугаризирање на илинденското востание“. Тоа е иднината која власта сака да ја катализира со овие уставни измени.
https://www.youtube.com/watch?v=vfIZ-ZS76XE Почитувани, ние не зборуваме тука за некаква заблуденост на власта на Ковачевски. Тие се свесни и многу добро знаат што ова може да предизвика, но се решени својата предавничка агенда да ја тераат по секоја цена, се додека тие ја вршат наплатата на распродажбата на националните интереси, чест и достоинство на сите граѓани на Македонија. Зарем мислите дека не им беа јасни предлозите и добронамерните предупредувања кои ВМРО-ДПМНЕ ги даваше?! Беа свесни, но сепак ги одбиваа. Уставни измени на крајот на евроинтегративниот процес кои ние ги баравме ќе беа гаранција дека тој пат ќе се водеше без скриени намери за однародување на македонците, или како што велат некои кругови во Софија ‘убивање на македонизмот. Доколку на крајот на процесот се направат уставните измени ќе имавме некаква сигурност дека нема да бидеме блокирани за темите како историја, учебници, измислени и непостоечки говори на омраза и слични теми кои сега Софија сака да ги наметне, туку ќе се водеше процесот исклучиво според нивото на исполнување на Копенхашките критериуми. Господа од власта, Копенхашките критериуми се мерилото на една земја колку напреднала на патот кон Европа и тие се лесно мерливи, а не се подвижна цел. Тој пат го изоделе другите и ние баравме шанса и Македонија тоа да го направи. Како што рековме и кога се носеше тн Француски предлог, кој всушност беше бугарски предлог, овој пат под овие услови ќе се претвори во бескраен процес во кој на една маса ќе зборуваме за некое поглавје, а на другата поважна маса ќе се одлучува дали во учебникот за петто, четврто или седмо одделение треба да прифатиме бугарски историски наратив за Кирил и Методиј, Кресненското или илинденското востание. А кога е во прашање дискриминацијата, во Македонија денес единствено дискриминиран народ е македонскиот и единствена дискриминирана група е онаа на огромното мнозинство кое власта сака повторно, уште еден пат да го игнорира и да се претстави како некаква далековида власт која имала храброст да носи тешки одлуки. Ако одлуките се тешки, не може или не значи дека се добри. И сите кои се кријат зад некаква лажна храброст дека носеле тешки одлуки, треба да се засрамат и да ја наведнат главата пред секој граѓанин на Македонија. Бидејќи не е храброст да прифатиш беспоговорно се што ќе ти побара тој наспроти тебе, само затоа што чувствуваш дека твојата фотелја и комодитетот му го должиш нему, без оглед од кај доаѓа – од Атина, Софија или Брисел. Сите овие фотелји на кои седите ги платиле македонските граѓани и сите вашето присуство тука им го должите само на македонските граѓани и на никој друг. Секое друго гледање на работите и постапки не се демократија, туку се тиранија и национално предавство. Жално е што ве гледам вака со сведнати глави и претпоставувам дека во себе си викате дека овој човек има право. Жално е да ве гледа човек како прифаќате без борба дека Македонија е доведена пред свршен чин. А без борба е. Лажниот триумфализам кој лани го ширевте тука, дека сте кажале историско не, па сте добиле подобар предлог беше торпедиран и потопен од предлагачите на преговарачката рамка. Најдоа село без кучиња и удрија до максимум со нивните барања. Сменија три запирки во првиот предлог, го нарекоа втор и вие дојдовте тука насилнички да се фалите дека сте ги зачувале македонските национални интереси, додека ја распродавате државата преку вашите фирми и компании. Во Софија славеа, а и како не би славеле кога наспроти нив не наидоа на државници, туку на поданици. Но, лагите излегоа на површина и секој гледа како сте ги зачувале националните интереси. Пред некој ден во софискиот парламент се читаше декларација за наводен неточен и измислен бугарски карактер на најсветото македонско Илинденско востание. Еден од темелите на оваа држава. И тој го урнавте вие, заштитувачите на идентитетот. Вториот се викаше АСНОМ – и него го масакриравте во Уставот. Така вие делувате, божем штитејќи ги националните интереси истите ги распродавате, за да ги заштитите личните и интереси и бизниси и привилегии. И сега гледам, слушам и не ми се верува, СДСМ најавува дека ќе поднесела декларација за Илинденското востание! Истите оние кои лани-преклани одбиваа да усвоиме декларација за Гоце Делчев бидејќи немало потреба и ќе нанесела штета, сега ќе поднесела декларација за Илинденското востание?! Па зошто бе колеги, ако го заштитивте идентитетот? Сфаќате ли колку е ова нелогично? И додека сме тука кога е во прашање Илинден, вие единствен документ кој можете и треба да го поднесете е извинување до Илинденците за изневерувањето кое им го направивте на нивната борба, а веднаш потоа сите да заминете од ова Собрание и никогаш да не се вратите. Затоа што не го браните интересот на Македонците и сите граѓани на Македонија. Ние ви понудивме и втора опција, од која бегате како ѓавол од темјан – или како бугарски историчар од докази и факти – а тоа е ДЕМОКРАТИЈАТА. Но, вие не сте навикнати на демократија. Стран поим ви е демократијата. А ви рековме, ајде да излеземе пред народот, да ги преставиме своите планови за државата, а потоа да изградиме заеднички консензус и заедно да се поддржуваме во евроинтегративниот пат во интерес на нашиот народ и нашата Македонија. Да побараме најсериозни и најголеми можни институционални гаранции од страна на европската унија за нашиот многувековен идентитет, јазик и историја е нешто кое што секој кој и мисли добро на Македонија би го направил. И тоа го одбивте. Зарем заборавивте дека ветувањето на еден политичар и неговите усмени изјави важат се додека тој е на позиција, а после тоа тој кој што го заменува нема ни обврска ни потреба истото да го продолжи? Или на тоа се надевате дека би се случило, па утре ден ќе се однесувате како вашите претходници и ќе се правите недоветни и зачудени од сето она што се родило како резултат на вашите предавства? Ви кажуваме тука, пред очите на цела Македонија и во името на граѓаните на Република Македонија вака нема да може. Нема да може! Уставни измени под бугарски диктат нема да има. А оваа расправа е осудена на пропаст. Ниту имате пратеници, ниту имате народ позади себе. Затоа после ова мое излагање ние нема што повеќе да кажеме, и ајде во скратени рокови нека дојде на пленарна седница па да видите како пропаѓа ова ваше срамно насилие врз уставот и туркање на бугарски диктат. И не заборавајте, Одбивавте дами и господа од СДС се што значеше подадена рака и глас на разумот. Одбивавте било каква борба за националните интереси, следејќи ја насоката која ја постави вашиот идеолошки гуру Зоран Заев кој рече дека на СДСМ не му приличеле политиките на патриотизмот и така ја водеше партијата и државата, а истиот принцип го наследи и неговиот верен ученик Димитар Ковачевски. Спремни сте да се инаетете до бескрај, но тој инает ќе ви се удри од глава. Овие уставни измени кои денес ги предлагате ги водите и спротивно на законите и спротивно на здравиот разум. Затоа овие измени ќе удрат во ѕид. Бидејќи пред ѕидот е македонскиот народ. До таму го дотеравте, до ѕид. Но овој народ, граѓаните на Македонија имаат чест и достоинство, имаат самопочит која вие ја немате и нема да дозволат уште едно, ново раскрчмување на Македонија, нема да дозволат распродажба на светите идеали на Илинденците, Асномците и генерацијата на независноста. Нема да дозволат повеќе понижувања, уцени, закани и угнетувања на тиранијата која ја практикуваат недемократските власти како вашата. Затоа овие измени се осудени на пропаст. И не се обидувајте да правите нови поделби на тоа кој бил проевропски кој не, не се обидувајте да етикетирате и да делите на било каков начин, тоа веќе не поминува. Прочитана книга сте. Ова е само последниот чин на вашата трагедија, пред да ви се спушти завесата и да си одите кој дома, кој по затвори. Доста беше. Македонија не е на продажба. Ниту се на продажба Македонците во Бугарија, Грција, Албанија, Косово и насекаде низ светот. Сите тие ќе имаат татковина која ќе се грижи за нив, а не власт која ќе се грижи што уште може да украде и уништи за лична корист. Би ви рекол засрамете се, ама знам дека срам немате. Затоа и немате поддршка. Ниту за уставните измени, ниту да продолжите да владеете. Македонија вели: Готово е. Готови сте. Господине Ковачевски имам да ви кажам нешто, не вреди оваа фарса за ниту една работа која ја правите или која ви ја ветиле дека ќе ви прогледаат низ прсти. Ќе излезете од овој процес како губитник. Оставете ги бизнисите, оставете ги профитите, еднаш помислете и одиграјте за Македонија. Колку пати како премиер побаравте Софија да спроведе барем една пресуда од судот од Стразбур добиена од македонците против Бугарија, зарем ви е сеедно што тие се препуштени сами на себе додека во Македонија се карате со народот да ги исполните бугарските диктати. Јас не верувам дека ќе се ставите на страната на народот, но јас во име на народот ви кажувам каква грешка и срам си правите за себе и вашите најблиски. ВМРО-ДПМНЕ останува заедно со народот, заедно до подобра иднина.

The post Mицевски: Би ви рекол засрамете се, ама знам дека срам немате appeared first on Република.

]]>
Мицевски: Уставни измени под диктат, притисок и наметнувања се невозможни и никогаш нема да ги поддржиме, ВМРО-ДПМНЕ останува заедно со народот https://republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-ustavni-izmeni-pod-diktat-pritisok-i-nametnuvana-se-nevozmozhni-i-nikogash-nema-da-gi-poddrzhime-vmro-dpmne-ostanuva-zaedno-so-narodot/ Tue, 25 Jul 2023 10:14:42 +0000 https://republika.mk/?p=665033

Уставни измени под диктат, притисок и наметнувања се невозможни и никогаш нема да ги поддржиме, затоа што тоа е директно кршење на суверенитетот на една земја. Суверенитетот произлегува од народот, а огромно мнозинство од народот над 80% вели НЕ на ваков начин на насилство од страна на власта. За жал трагичната вистина видлива и денес пред целата македонска јавност е дека ние имаме глува и слепа власт, која за ден повеќе во фотелја, за тапшање по рамо, за комшијата да и поклонува луксузни коли, фарми за канабис, фотоволтаици или бесплатни трговски центри – е спремна да прави отстапка по отстапка до целосно обезличување и рушење на националните и државни интереси. Оваа влада има еден клучен проблем, а тоа е да води инат и со опозицијата и со народот и со експертите. Ни ал ни абер има од градење на консензус по виталните национални прашања, туку сите работи ги води до степен на свршен чин, презема обврски без да се бори за интересот на својот народ, презема штетни договори, кои после бара сите да ги прифатат. Тоа е недозволиво, тоа е лузерска политика која не носи никаков бенефит. Напротив носи штети и трајни катастрофални последици  - истакна денеска од собраниската говорница Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Како салама ги сецкаат и после тоа ни го прикажуваат како успех. Да потсетиме дека и во 2017-та и целото ова време како партија предупредувавме дека договорот за добрососедство е брзоплето решение кое носи отровни плодови кои сега ги гледаме. Но и тогаш оваа самобендисана власт на СДС и ДУИ и сега одбива да се соочи со реалноста. Тогаш тврдеа дека ги затвораат прашањата со соседите, а нивните политики донесоа ескалација на омразата и официјални државни документи од Бугарија во кои комплетно се негира самобитноста и историјата на Македонија и македонскиот народ пред 1945 година. Наместо добрососедство, донесоа омраза. Наместо соработка, донесоа понижувања. Наместо пријателство, донесоа уцени и закани. Наместо да послушаат што предупредувавме, без борба ја предадоа Македонија. И еве не тука денес, кога повторно говориме дека уставни измени во овие услови и под директен диктат на Софија се штетни и носат несогледливи последици. Ако меѓународните договори кои оваа власт ги потпиша даваа правен легитимитет на негаторските политики и ставови, уставни измени сега и под вакви околности ќе дадат правна рамка на истите тие негаторски политики но во внатрешниот правен сообраќај во Македонија и во македонските институции. Нека не ве замајуваат изјавите на Маричиќ, Османи и сличните дека ова е шанса која не смее да се пропушти. Дека ова било шанса да се направела разлика меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Секој еден кој без овие измени не умее да прави разлика меѓу двата народи и засебната различна илјадолетна историја, не смее да биде дел од овие клупи и овој Парламент, светиот дом на народната волја, права и достоинство. Не, господа, ова не е никаква шанса за напредок на целата држава. Ова е само шанса за нивно лично профитирање на грбот на македонскиот народ и Македонија. За уште некое АУДИ на поклон од комшијата, за уште неколку тони бифтеци платени од народот, за уште некој бизнис и цедење на македонската земја на која има се повеќе парцели кои тие ги продаваат како да се на пазар, а во неа има се помалку луѓе кои не можат да го трпат овој терор и современа тиранија под превезот на демократијата - вели Мицевски.

Тој истакнува дека, но сега работите се поинакви. Народот виде дека од нивните големи ветувања не треба да се има големи очекувања, туку за жал само горчливи разочарувања. Не така одамна пред само 4-5 години истите овие ликови не убедуваа дека Македонија ги има затворено сите политички прашања со своите соседи, а вистината е дека само отворија големи апетити кои може да бидат погубни за нас како народ и како држава. Погледнете, зарем има некоја промена на подобро изминатите години и месеци во реториката или делата од страна на нашиот источен сосед. Одговорот е не. Гледаме само нови и нови омаловажувања, негации и барања за измени на учебници, историски настани и наративи. Барања за контрола на говорот и мислата, односно медиумите, пишаниот збор и создавањето културни дела. Обиди за цензура и на мислата и на историјата. Односно цензура на нашето постоење. Наместо за економија и инфраструктура испорачуваат декларации за “бугаризирање на илинденското востание“. Тоа е иднината која власта сака да ја катализира со овие уставни измени.

Почитувани, ние не зборуваме тука за некаква заблуденост на власта на Ковачевски. Тие се свесни и многу добро знаат што ова може да предизвика, но се решени својата предавничка агенда да ја тераат по секоја цена, се додека тие ја вршат наплатата на распродажбата на националните интереси, чест и достоинство на сите граѓани на Македонија. Зарем мислите дека не им беа јасни предлозите и добронамерните предупредувања кои ВМРО-ДПМНЕ ги даваше?! Беа свесни, но сепак ги одбиваа. Уставни измени на крајот на евроинтегративниот процес кои ние ги баравме ќе беа гаранција дека тој пат ќе се водеше без скриени намери за однародување на македонците, или како што велат некои кругови во Софија ‘убивање на македонизмот. Доколку на крајот на процесот се направат уставните измени ќе имавме некаква сигурност дека нема да бидеме блокирани за темите како историја, учебници, измислени и непостоечки говори на омраза и слични теми кои сега Софија сака да ги наметне, туку ќе се водеше процесот исклучиво според нивото на исполнување на Копенхашките критериуми. Господа од власта, Копенхашките критериуми се мерилото на една земја колку напреднала на патот кон Европа и тие се лесно мерливи, а не се подвижна цел. Тој пат го изоделе другите и ние баравме шанса и Македонија тоа да го направи. Како што рековме и кога се носеше тн Француски предлог, кој всушност беше бугарски предлог, овој пат под овие услови ќе се претвори во бескраен процес во кој на една маса ќе зборуваме за некое поглавје, а на другата поважна маса ќе се одлучува дали во учебникот за петто, четврто или седмо одделение треба да прифатиме бугарски историски наратив за Кирил и Методиј, Кресненското или илинденското востание. А кога е во прашање дискриминацијата, во Македонија денес единствено дискриминиран народ е македонскиот и единствена дискриминирана група е онаа на огромното мнозинство кое власта сака повторно, уште еден пат да го игнорира и да се претстави како некаква далековида власт која имала храброст да носи тешки одлуки. Ако одлуките се тешки, не може или не значи дека се добри. И сите кои се кријат зад некаква лажна храброст дека носеле тешки одлуки, треба да се засрамат и да ја наведнат главата пред секој граѓанин на Македонија. Бидејќи не е храброст да прифатиш беспоговорно се што ќе ти побара тој наспроти тебе, само затоа што чувствуваш дека твојата фотелја и комодитетот му го должиш нему, без оглед од кај доаѓа – од Атина, Софија или Брисел. Сите овие фотелји на кои седите ги платиле македонските граѓани и сите вашето присуство тука им го должите само на македонските граѓани и на никој друг. Секое друго гледање на работите и постапки не се демократија, туку се тиранија и национално предавство. Жално е што ве гледам вака со сведнати глави и претпоставувам дека во себе си викате дека овој човек има право. Жално е да ве гледа човек како прифаќате без борба дека Македонија е доведена пред свршен чин. А без борба е. Лажниот триумфализам кој лани го ширевте тука, дека сте кажале историско не, па сте добиле подобар предлог беше торпедиран и потопен од предлагачите на преговарачката рамка. Најдоа село без кучиња и удрија до максимум со нивните барања. Сменија три запирки во првиот предлог, го нарекоа втор и вие дојдовте тука насилнички да се фалите дека сте ги зачувале македонските национални интереси, додека ја распродавате државата преку вашите фирми и компании. Во Софија славеа, а и како не би славеле кога наспроти нив не наидоа на државници, туку на поданици. Но, лагите излегоа на површина и секој гледа како сте ги зачувале националните интереси. Пред некој ден во софискиот парламент се читаше декларација за наводен неточен и измислен бугарски карактер на најсветото македонско Илинденско востание. Еден од темелите на оваа држава. И тој го урнавте вие, заштитувачите на идентитетот. Вториот се викаше АСНОМ – и него го масакриравте во Уставот. Така вие делувате, божем штитејќи ги националните интереси истите ги распродавате, за да ги заштитите личните и интереси и бизниси и привилегии. И сега гледам, слушам и не ми се верува, СДСМ најавува дека ќе поднесела декларација за Илинденското востание! Истите оние кои лани-преклани одбиваа да усвоиме декларација за Гоце Делчев бидејќи немало потреба и ќе нанесела штета, сега ќе поднесела декларација за Илинденското востание?! Па зошто бе колеги, ако го заштитивте идентитетот? Сфаќате ли колку е ова нелогично? И додека сме тука кога е во прашање Илинден, вие единствен документ кој можете и треба да го поднесете е извинување до Илинденците за изневерувањето кое им го направивте на нивната борба, а веднаш потоа сите да заминете од ова Собрание и никогаш да не се вратите. Затоа што не го браните интересот на Македонците и сите граѓани на Македонија - вели Мицевски.

Тој потенцира дека ние ви понудивме и втора опција, од која бегате како ѓавол од темјан – или како бугарски историчар од докази и факти – а тоа е ДЕМОКРАТИЈАТА. Но, вие не сте навикнати на демократија. Стран поим ви е демократијата. А ви рековме, ајде да излеземе пред народот, да ги преставиме своите планови за државата, а потоа да изградиме заеднички консензус и заедно да се поддржуваме во евроинтегративниот пат во интерес на нашиот народ и нашата Македонија. Да побараме најсериозни и најголеми можни институционални гаранции од страна на европската унија за нашиот многувековен идентитет, јазик и историја е нешто кое што секој кој и мисли добро на Македонија би го направил. И тоа го одбивте. Зарем заборавивте дека ветувањето на еден политичар и неговите усмени изјави важат се додека тој е на позиција, а после тоа тој кој што го заменува нема ни обврска ни потреба истото да го продолжи? Или на тоа се надевате дека би се случило, па утре ден ќе се однесувате како вашите претходници и ќе се правите недоветни и зачудени од сето она што се родило како резултат на вашите предавства?

Ви кажуваме тука, пред очите на цела Македонија и во името на граѓаните на Република Македонија вака нема да може. Нема да може! Уставни измени под бугарски диктат нема да има. А оваа расправа е осудена на пропаст. Ниту имате пратеници, ниту имате народ позади себе. Затоа после ова мое излагање ние нема што повеќе да кажеме, и ајде во скратени рокови нека дојде на пленарна седница па да видите како пропаѓа ова ваше срамно насилие врз уставот и туркање на бугарски диктат. И не заборавајте. Одбивавте дами и господа од СДС се што значеше подадена рака и глас на разумот. Одбивавте било каква борба за националните интереси, следејќи ја насоката која ја постави вашиот идеолошки гуру Зоран Заев кој рече дека на СДСМ не му приличеле политиките на патриотизмот и така ја водеше партијата и државата, а истиот принцип го наследи и неговиот верен ученик Димитар Ковачевски. Спремни сте да се инаетете до бескрај, но тој инает ќе ви се удри од глава. Овие уставни измени кои денес ги предлагате ги водите и спротивно на законите и спротивно на здравиот разум. Затоа овие измени ќе удрат во ѕид. Бидејќи пред ѕидот е македонскиот народ. До таму го дотеравте, до ѕид. Но овој народ, граѓаните на Македонија имаат чест и достоинство, имаат самопочит која вие ја немате и нема да дозволат уште едно, ново раскрчмување на Македонија, нема да дозволат распродажба на светите идеали на Илинденците, Асномците и генерацијата на независноста. Нема да дозволат повеќе понижувања, уцени, закани и угнетувања на тиранијата која ја практикуваат недемократските власти како вашата. Затоа овие измени се осудени на пропаст. И не се обидувајте да правите нови поделби на тоа кој бил проевропски кој не, не се обидувајте да етикетирате и да делите на било каков начин, тоа веќе не поминува. Прочитана книга сте. Ова е само последниот чин на вашата трагедија, пред да ви се спушти завесата и да си одите кој дома, кој по затвори. Доста беше. Македонија не е на продажба. Ниту се на продажба Македонците во Бугарија, Грција, Албанија, Косово и насекаде низ светот. Сите тие ќе имаат татковина која ќе се грижи за нив, а не власт која ќе се грижи што уште може да украде и уништи за лична корист. Би ви рекол засрамете се, ама знам дека срам немате. Затоа и немате поддршка. Ниту за уставните измени, ниту да продолжите да владеете. Македонија вели: Готово е. Готови сте. Господине Ковачевски имам да ви кажам нешто, не вреди оваа фарса за ниту една работа која ја правите или која ви ја ветиле дека ќе ви прогледаат низ прсти. Ќе излезете од овој процес како губитник. Оставете ги бизнисите, оставете ги профитите, еднаш помислете и одиграјте за Македонија. Колку пати како премиер побаравте Софија да спроведе барем една пресуда од судот од Стразбур добиена од македонците против Бугарија, зарем ви е сеедно што тие се препуштени сами на себе додека во Македонија се карате со народот да ги исполните бугарските диктати. Јас не верувам дека ќе се ставите на страната на народот, но јас во име на народот ви кажувам каква грешка и срам си правите за себе и вашите најблиски. ВМРО-ДПМНЕ останува заедно со народот, заедно до подобра иднина. Да живее Македонија, да живеат Македонците и сите граѓани на Република Македонија - вели Мицевски.

The post Мицевски: Уставни измени под диктат, притисок и наметнувања се невозможни и никогаш нема да ги поддржиме, ВМРО-ДПМНЕ останува заедно со народот appeared first on Република.