ники хејли Archives - Република https://republika.mk/tema/niki-hejli/ За подобро да се разбереме Sat, 11 May 2024 13:04:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ники хејли Archives - Република https://republika.mk/tema/niki-hejli/ 32 32 Трамп размислува да ја предложи Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори https://republika.mk/vesti/svet/tramp-razmisluva-da-ja-predlozhi-niki-hejli-za-potpretsedatel-na-pretstojnite-izbori/ Sat, 11 May 2024 13:15:38 +0000 https://republika.mk/?p=777055

Изборниот штаб на Доналд Трамп ја разгледува можноста неговата ривалка за републикански кандидат на претседателските избори во САД, Ники Хејли, да биде номинирана за потпретседател, објави денеска новински сајт „Аксиос“.

Трамп би ја избрал Хејли доколку е убеден дека таа ќе му помогне да победи на претседателските избори, да избегне да биде осуден и да оди во затвор, како и да ги покрие десетиците милиони долари правни трошоци доколку загуби, пренесува БТА.

Хејли, поранешна гувернерка на Јужна Каролина и поранешен постојан претставник на САД во Обединетите нации, во март се повлече од трката за номинација на Републиканската партија за претседателски кандидат.

Таа рече дека Трамп, кој постојано ја омаловажуваше нејзината кандидатура, најверојатно ќе биде републикански кандидат, но јавно не го поддржа

The post Трамп размислува да ја предложи Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори appeared first on Република.

]]>

Изборниот штаб на Доналд Трамп ја разгледува можноста неговата ривалка за републикански кандидат на претседателските избори во САД, Ники Хејли, да биде номинирана за потпретседател, објави денеска новински сајт „Аксиос“. Трамп би ја избрал Хејли доколку е убеден дека таа ќе му помогне да победи на претседателските избори, да избегне да биде осуден и да оди во затвор, како и да ги покрие десетиците милиони долари правни трошоци доколку загуби, пренесува БТА. Хејли, поранешна гувернерка на Јужна Каролина и поранешен постојан претставник на САД во Обединетите нации, во март се повлече од трката за номинација на Републиканската партија за претседателски кандидат. Таа рече дека Трамп, кој постојано ја омаловажуваше нејзината кандидатура, најверојатно ќе биде републикански кандидат, но јавно не го поддржа

The post Трамп размислува да ја предложи Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори appeared first on Република.

]]>
Ники Хејли и официјално се повлече од кампањата за републикански претседателски кандидат https://republika.mk/vesti/svet/niki-hejli-i-ofitsijalno-se-povleche-od-kampanata-za-republikanski-pretsedatelski-kandidat/ Wed, 06 Mar 2024 17:16:59 +0000 https://republika.mk/?p=752008

Поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли денеска на прес-конференција објави дека ја прекинува кампањата за претседателска номинација на Републиканската партија, јави ДПА.

Дојде време да ја суспендирам мојата кампања. Кажав дека сакам да се слушне гласот на Американците. Тоа и го направив. Не се каам, рече Хејли на прес-конференција во Чарлстон, Јужна Каролина.

„Со голема веројатност, Доналд Трамп ќе биде републиканскиот кандидат. Му честитам и му посакувам се најдобро. Му посакувам добро на секој што би бил претседател на Америка“, додаде Хејли.

Таа им порача на своите поддржувачи да бидат силни и храбри и да не се плашат.

Не се обесхрабрувајте бидејќи Бог ќе биде со вас каде и да одите, изјави Хејли.

Одлуката за прекин на кампањата значи дека единствениот преостанат кандидат за републиканската претседателска номинација е Доналд Трамп.

На 20-те внатрепартиски избори одржани досега, Хејли победи само во главниот град Вашингтон и Вермонт.

The post Ники Хејли и официјално се повлече од кампањата за републикански претседателски кандидат appeared first on Република.

]]>

Поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли денеска на прес-конференција објави дека ја прекинува кампањата за претседателска номинација на Републиканската партија, јави ДПА.
Дојде време да ја суспендирам мојата кампања. Кажав дека сакам да се слушне гласот на Американците. Тоа и го направив. Не се каам, рече Хејли на прес-конференција во Чарлстон, Јужна Каролина.
„Со голема веројатност, Доналд Трамп ќе биде републиканскиот кандидат. Му честитам и му посакувам се најдобро. Му посакувам добро на секој што би бил претседател на Америка“, додаде Хејли. Таа им порача на своите поддржувачи да бидат силни и храбри и да не се плашат.
Не се обесхрабрувајте бидејќи Бог ќе биде со вас каде и да одите, изјави Хејли.
Одлуката за прекин на кампањата значи дека единствениот преостанат кандидат за републиканската претседателска номинација е Доналд Трамп. На 20-те внатрепартиски избори одржани досега, Хејли победи само во главниот град Вашингтон и Вермонт.

The post Ники Хејли и официјално се повлече од кампањата за републикански претседателски кандидат appeared first on Република.

]]>
Трамп и Хејли денеска во Вашингтон се натпреваруваат во прелиминарни републикански избори https://republika.mk/vesti/svet/tramp-i-hejli-deneska-vo-vashington-se-natprevaruvaat-vo-preliminarni-republikanski-izbori/ Sun, 03 Mar 2024 18:09:35 +0000 https://republika.mk/?p=750808

Претендентите за претседателски кандидати од Републиканската партија, Доналд Трамп и Ники Хејли денеска во Вашингтон се натпреваруваат во прелиминарни републикански избори (прајмериз).

Во Републиканската национална конвенција која треба да се одржи во јули, американската престолнина е претставена со 19 делегати. На собирот официјално се номинира претседателскиот кандидат од Републиканската партија.  Вкупниот број на делегати е 2.429.

Резултатот од гласањето во Вашингтон нема многу да влијае на досегашниот тек на трката. Се смета дека Трамп најверојатно ќе победи.

Изборите во округот Колумбија се шанса за Хејли да извои добри резултати, сметаат набљудивачите. На последните републикански избори за претседателски кандидат во 2016 година Трамп доби помалку од 14 отсто од гласовите и не доби ниту еден делегат, иако на крај на национално ниво ја освои републиканската номинација.

Овој петок Хејли одржа неколку митинзи во Вашингтон додека Трамп воопшто не дојде во градот.

Во Вашингтон, прелиминарните избори на Демократската партија ќе се одржат во јуни.

The post Трамп и Хејли денеска во Вашингтон се натпреваруваат во прелиминарни републикански избори appeared first on Република.

]]>

Претендентите за претседателски кандидати од Републиканската партија, Доналд Трамп и Ники Хејли денеска во Вашингтон се натпреваруваат во прелиминарни републикански избори (прајмериз). Во Републиканската национална конвенција која треба да се одржи во јули, американската престолнина е претставена со 19 делегати. На собирот официјално се номинира претседателскиот кандидат од Републиканската партија.  Вкупниот број на делегати е 2.429. Резултатот од гласањето во Вашингтон нема многу да влијае на досегашниот тек на трката. Се смета дека Трамп најверојатно ќе победи. Изборите во округот Колумбија се шанса за Хејли да извои добри резултати, сметаат набљудивачите. На последните републикански избори за претседателски кандидат во 2016 година Трамп доби помалку од 14 отсто од гласовите и не доби ниту еден делегат, иако на крај на национално ниво ја освои републиканската номинација. Овој петок Хејли одржа неколку митинзи во Вашингтон додека Трамп воопшто не дојде во градот. Во Вашингтон, прелиминарните избори на Демократската партија ќе се одржат во јуни.

The post Трамп и Хејли денеска во Вашингтон се натпреваруваат во прелиминарни републикански избори appeared first on Република.

]]>
Ја „прегази“ Хејли во гласањето во нејзината држава: Трамп се поблизу до официјална кандидатура за претседател https://republika.mk/vesti/svet/ja-pregazi-hejli-vo-glasaneto-vo-nejzinata-drzhava-tramp-se-poblizu-do-ofitsijalna-kandidatura-za-pretsedatel/ Sun, 25 Feb 2024 09:28:22 +0000 https://republika.mk/?p=748045

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, (77) победи на партиските избори во државата Јужна Каролина, откако освои 61 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка Ники Хејли 39 отсто, со што се доближи до републиканската номинација за претседателските избори во ноември.

Никогаш не сум ја видел Републиканската партија толку обединета како што е сега. Само посакувам да направиме избори во партијата побрзо, порача Трамп.

Ривалката на Трамп, Хејли (52), која беше гувернерка на Јужна Каролина, му честиташе на Трамп и изјави дека планира да ја продолжи трката, иако загуби во три други сојузни држави – Невада, Њу Хемпшир и Ајова.

Нејзиниот предизборен тим соопшти дека планираат да потрошат повеќе од еден милион долари за реклами во 15 држави кои гласаат на 5 март, познат и како „супер вторник“, јави „Вашингтон пост“. Нејзиниот тим планира денеска и утре да го посети Мичиген, по што ќе следат посети на најмалку шест други држави кои гласаат на 5 март.

Мојата желба за номинација е поттикната од фактот што имате мнозинство Американци кои велат дека не ги сакаат ниту Трамп ниту Џозеф Бајден за претседател. Сè додека имате мнозинство Американци кои велат „ве молиме дајте ни шанса“, јас ќе продолжам да се борам, изјави Хејли.

Сепак, изборниот штаб на Трамп ги отфрли континуираните напори на Хејли да остане во трката за номинација, велејќи дека „нејзината заблуда го поматува нејзиното расудување и оти таа не живее во реалниот свет“.

The post Ја „прегази“ Хејли во гласањето во нејзината држава: Трамп се поблизу до официјална кандидатура за претседател appeared first on Република.

]]>

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, (77) победи на партиските избори во државата Јужна Каролина, откако освои 61 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка Ники Хејли 39 отсто, со што се доближи до републиканската номинација за претседателските избори во ноември.
Никогаш не сум ја видел Републиканската партија толку обединета како што е сега. Само посакувам да направиме избори во партијата побрзо, порача Трамп.
Ривалката на Трамп, Хејли (52), која беше гувернерка на Јужна Каролина, му честиташе на Трамп и изјави дека планира да ја продолжи трката, иако загуби во три други сојузни држави – Невада, Њу Хемпшир и Ајова. Нејзиниот предизборен тим соопшти дека планираат да потрошат повеќе од еден милион долари за реклами во 15 држави кои гласаат на 5 март, познат и како „супер вторник“, јави „Вашингтон пост“. Нејзиниот тим планира денеска и утре да го посети Мичиген, по што ќе следат посети на најмалку шест други држави кои гласаат на 5 март.
Мојата желба за номинација е поттикната од фактот што имате мнозинство Американци кои велат дека не ги сакаат ниту Трамп ниту Џозеф Бајден за претседател. Сè додека имате мнозинство Американци кои велат „ве молиме дајте ни шанса“, јас ќе продолжам да се борам, изјави Хејли.
Сепак, изборниот штаб на Трамп ги отфрли континуираните напори на Хејли да остане во трката за номинација, велејќи дека „нејзината заблуда го поматува нејзиното расудување и оти таа не живее во реалниот свет“.

The post Ја „прегази“ Хејли во гласањето во нејзината држава: Трамп се поблизу до официјална кандидатура за претседател appeared first on Република.

]]>
Чека Трамп да биде дисквалификуван: Ники Хејли не се откажува од трката за претседателска номинација https://republika.mk/vesti/svet/cheka-tramp-da-bide-diskvalifikuvan-niki-hejli-ne-se-otkazhuva-od-trkata-za-pretsedatelska-nominatsija/ Tue, 20 Feb 2024 19:46:26 +0000 https://republika.mk/?p=746316

Кандидатката за претседателска номинација на Републиканската партија, Ники Хејли, изјави дека нема да се откаже од трката за номинација, додавајќи дека не е загрижена за нејзината политичка судбина.

Не одам никаде. Не се плашам гласно да зборувам тешки вистини. Не чувствувам потреба да бакнувам нечија рака. Не се плашам од одмаздата на Трамп. Не барам ништо од него. Не сум загрижена за сопствената политичка иднина, изјави Хејли на митинг во Гринвил, Јужна Каролина.

Таа ја отфрли идејата да се кандидира за потпретседател или да се кандидира во следниот изборен циклус. Анкетите на јавното мислење покажуваат дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп има поддршка од 77,7 отсто од републиканците, додека Хејли ја поддржуваат 16,6 отсто од гласачите на Републиканската партија.

Трамп досега има убедливи победи на внатрепартиските избори во Ајова, Њу Хемпшир, Невада и Девствените Острови, а во моментов има освоено 63 делегати, додека Хејли само 17 делегати.

Следните избори ќе се одржат на 24 февруари во Јужна Каролина, родната држава на Ники Хејли каде таа беше гувернер од 2011 до 2017 година.

The post Чека Трамп да биде дисквалификуван: Ники Хејли не се откажува од трката за претседателска номинација appeared first on Република.

]]>

Кандидатката за претседателска номинација на Републиканската партија, Ники Хејли, изјави дека нема да се откаже од трката за номинација, додавајќи дека не е загрижена за нејзината политичка судбина.
Не одам никаде. Не се плашам гласно да зборувам тешки вистини. Не чувствувам потреба да бакнувам нечија рака. Не се плашам од одмаздата на Трамп. Не барам ништо од него. Не сум загрижена за сопствената политичка иднина, изјави Хејли на митинг во Гринвил, Јужна Каролина.
Таа ја отфрли идејата да се кандидира за потпретседател или да се кандидира во следниот изборен циклус. Анкетите на јавното мислење покажуваат дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп има поддршка од 77,7 отсто од републиканците, додека Хејли ја поддржуваат 16,6 отсто од гласачите на Републиканската партија. Трамп досега има убедливи победи на внатрепартиските избори во Ајова, Њу Хемпшир, Невада и Девствените Острови, а во моментов има освоено 63 делегати, додека Хејли само 17 делегати. Следните избори ќе се одржат на 24 февруари во Јужна Каролина, родната држава на Ники Хејли каде таа беше гувернер од 2011 до 2017 година.

The post Чека Трамп да биде дисквалификуван: Ники Хејли не се откажува од трката за претседателска номинација appeared first on Република.

]]>