невладини организации Archives - Република https://republika.mk/tema/nevladini-organizacii/ За подобро да се разбереме Sat, 17 Aug 2024 18:49:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png невладини организации Archives - Република https://republika.mk/tema/nevladini-organizacii/ 32 32 Вучиќ откри дека невладини организации зеле многу пари за негово рушење https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-otkri-deka-nevladini-organizatsii-zele-mnogu-pari-za-negovo-rushene/ Sat, 17 Aug 2024 18:59:23 +0000 https://republika.mk/?p=807560

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека во текот на минатата и оваа година, невладините организации (НВО) во Србија добиле огромни суми пари за неговото уривање, наведувајќи дека станува збор за десетици, па дури и стотици од милиони евра, јави дописникот на МИА од Белград.

-Оваа и минатата година ова се рекордни пари. Огромни пари. Погледнете ја само медиумската содржина и се останато, тоа не се стотици милиони евра, туку милијарди евра. Само пресметајте го тоа, нема да зборувам за сè друго. Во првите шест-седум месеци имате инвестирано 78 милиони евра преку овој невладин сектор, и тоа не во секој невладин сектор, туку во овој многу политички и антидржавно ориентиран, изјави Вучиќ.

Српскиот претседател кажа дека тоа треба да се евидентира како значајно учество во странските директни инвестиции „бидејќи се работи за десетици, а јас би се осмелил да кажам стотици милиони евра“.

Тој очекува во наредните денови јавноста да биде информирана за тоа како сето ова функционира.

Коментирајќи го тоа што Министерството за надворешни работи на Кина објави дека има докази дека американски служби стојат зад протестите минатата година во Србија, тој порача дека внимателно ќе го проучи и прочита извештајот што беше објавен, но дека сега може да каже дека многу чудни работи се случувале во минатото, како и оваа година.

-Кога прочитавме дел од ова, побарав целосниот извештај да го проучам детално, бидејќи има многу други интересни работи за некои други земји, за некои други субјекти, а јас сакам тоа да го прочитам. Ние внимателно ќе проучиме и прочитаме сè што објави Владата на Кина, како што секогаш читавме што објавува Стејт департментот и што објавува Руската влада. Единствено што можам да кажам е дека имаше многу чудни работи минатата и оваа година, рече Вучиќ.

Вчера Политика во текстот „Кина открива: Америка стои зад обидот на обоената револуција во Србија“ соопшти дека Министерството за надворешни работи на Народна Република Кина објавила детален извештај во кој се анализира работата на американската фондација наречена National Endowment for Democracy.

Извештајот на кинеското Министерство за надворешни работи открива дека под маската на Националната фондација за демократија (НЕД), се спроведува субверзивен пристап на надворешната политика на САД за да се поткопа системот на други земји, преку мешање во внатрешните работи, поттикнување поделба и конфронтација, дезинформирање на јавното мислење и спроведување идеолошка инфилтрација под изговор за промовирање на демократијата.

-Како дел од користењето на „академските“ активности како параван за мешање и инфилтрација во внатрешните работи на други земји, беше посочено дека од почетокот на руската воена интервенција во Украина, преку невладината организација „Белградски центар за безбедносна политика“ (БЦБП), која ја финансира, ги поддржа протестите на прозападните политички структури и организации во Белград и ги критикуваше надворешнополитичките позиции на Србија. Освен тоа, НЕД веќе подолго време подгрева тензии во односите меѓу Белград и Приштина, пишува Политика.

Во врска со обвинувањата од Србија и Русија, Американскиот Стејт департмент соопшти дека секое тврдење дека САД се мешаат во протестите во Србија или дека поддржуваат протестни движења насочени против српската влада е лажно, соопшти денеска Радио Слободна Европа (РСЕ).

-Не сме изненадени што Русија, од друга страна, ги инструментализираше протестите за да ја постигне својата агенда во Србија, како што тоа го прави во целиот свет, се вели во денешната реакција на Стејт департментот за РСЕ.

Реакцијата на САД уследи откако претставници на властите во Србија ги обвинија неименуваните западни земји дека ги поддржуваат еколошките протести против ископувањето на литиум, каде во последните недели се собраа десетици илјади граѓани

The post Вучиќ откри дека невладини организации зеле многу пари за негово рушење appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека во текот на минатата и оваа година, невладините организации (НВО) во Србија добиле огромни суми пари за неговото уривање, наведувајќи дека станува збор за десетици, па дури и стотици од милиони евра, јави дописникот на МИА од Белград.
-Оваа и минатата година ова се рекордни пари. Огромни пари. Погледнете ја само медиумската содржина и се останато, тоа не се стотици милиони евра, туку милијарди евра. Само пресметајте го тоа, нема да зборувам за сè друго. Во првите шест-седум месеци имате инвестирано 78 милиони евра преку овој невладин сектор, и тоа не во секој невладин сектор, туку во овој многу политички и антидржавно ориентиран, изјави Вучиќ.
Српскиот претседател кажа дека тоа треба да се евидентира како значајно учество во странските директни инвестиции „бидејќи се работи за десетици, а јас би се осмелил да кажам стотици милиони евра“. Тој очекува во наредните денови јавноста да биде информирана за тоа како сето ова функционира. Коментирајќи го тоа што Министерството за надворешни работи на Кина објави дека има докази дека американски служби стојат зад протестите минатата година во Србија, тој порача дека внимателно ќе го проучи и прочита извештајот што беше објавен, но дека сега може да каже дека многу чудни работи се случувале во минатото, како и оваа година. -Кога прочитавме дел од ова, побарав целосниот извештај да го проучам детално, бидејќи има многу други интересни работи за некои други земји, за некои други субјекти, а јас сакам тоа да го прочитам. Ние внимателно ќе проучиме и прочитаме сè што објави Владата на Кина, како што секогаш читавме што објавува Стејт департментот и што објавува Руската влада. Единствено што можам да кажам е дека имаше многу чудни работи минатата и оваа година, рече Вучиќ. Вчера Политика во текстот „Кина открива: Америка стои зад обидот на обоената револуција во Србија“ соопшти дека Министерството за надворешни работи на Народна Република Кина објавила детален извештај во кој се анализира работата на американската фондација наречена National Endowment for Democracy. Извештајот на кинеското Министерство за надворешни работи открива дека под маската на Националната фондација за демократија (НЕД), се спроведува субверзивен пристап на надворешната политика на САД за да се поткопа системот на други земји, преку мешање во внатрешните работи, поттикнување поделба и конфронтација, дезинформирање на јавното мислење и спроведување идеолошка инфилтрација под изговор за промовирање на демократијата.
-Како дел од користењето на „академските“ активности како параван за мешање и инфилтрација во внатрешните работи на други земји, беше посочено дека од почетокот на руската воена интервенција во Украина, преку невладината организација „Белградски центар за безбедносна политика“ (БЦБП), која ја финансира, ги поддржа протестите на прозападните политички структури и организации во Белград и ги критикуваше надворешнополитичките позиции на Србија. Освен тоа, НЕД веќе подолго време подгрева тензии во односите меѓу Белград и Приштина, пишува Политика.
Во врска со обвинувањата од Србија и Русија, Американскиот Стејт департмент соопшти дека секое тврдење дека САД се мешаат во протестите во Србија или дека поддржуваат протестни движења насочени против српската влада е лажно, соопшти денеска Радио Слободна Европа (РСЕ).
-Не сме изненадени што Русија, од друга страна, ги инструментализираше протестите за да ја постигне својата агенда во Србија, како што тоа го прави во целиот свет, се вели во денешната реакција на Стејт департментот за РСЕ.
Реакцијата на САД уследи откако претставници на властите во Србија ги обвинија неименуваните западни земји дека ги поддржуваат еколошките протести против ископувањето на литиум, каде во последните недели се собраа десетици илјади граѓани

The post Вучиќ откри дека невладини организации зеле многу пари за негово рушење appeared first on Република.

]]>
Во Република Српска невладините организации со закон ќе бидат странски агенти https://republika.mk/vesti/balkan/vo-republika-srpska-nevladinite-organizatsii-so-zakon-ke-bidat-stranski-agenti/ Thu, 28 Sep 2023 17:12:31 +0000 https://republika.mk/?p=686135

Народното собрание на Република Српска денеска го одобри Предлог-законот за посебен регистар и јавност на работењето на непрофитните организации, односно таканаречениот „Закон за странски агенти“, кој ќе биде доставен на едномесечна јавна расправа.

Таа идна регулатива ја одобрија 48 пратеници од владејачката коалиција, на чело на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), против беа 11 пратеници, додека шестмина беа воздржани.

Усвојувањето на таканаречениот „закон за странски агенти“ претходно го најави претседателот на РС, Милорад Додик, а против него беа претставници на невладиниот сектор и меѓународната заедница во БиХ.

Објаснувајќи ја потребата од усвојувањето на тој закон, министерот за правда на РС Милош Букејловиќ изјави дека отсуството на таа регулатива создава услови за „колапс на правниот систем и уставното уредување на РС и штетни последици за работата на органите и организациите. на РС“.

Повлекувањето на тој предлог закон од собраниска процедура претходно беше побарано од Делегацијата на Европската Унија во БиХ и Советот за спроведување на мир во БиХ (PIC).

The post Во Република Српска невладините организации со закон ќе бидат странски агенти appeared first on Република.

]]>

Народното собрание на Република Српска денеска го одобри Предлог-законот за посебен регистар и јавност на работењето на непрофитните организации, односно таканаречениот „Закон за странски агенти“, кој ќе биде доставен на едномесечна јавна расправа. Таа идна регулатива ја одобрија 48 пратеници од владејачката коалиција, на чело на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), против беа 11 пратеници, додека шестмина беа воздржани. Усвојувањето на таканаречениот „закон за странски агенти“ претходно го најави претседателот на РС, Милорад Додик, а против него беа претставници на невладиниот сектор и меѓународната заедница во БиХ. Објаснувајќи ја потребата од усвојувањето на тој закон, министерот за правда на РС Милош Букејловиќ изјави дека отсуството на таа регулатива создава услови за „колапс на правниот систем и уставното уредување на РС и штетни последици за работата на органите и организациите. на РС“. Повлекувањето на тој предлог закон од собраниска процедура претходно беше побарано од Делегацијата на Европската Унија во БиХ и Советот за спроведување на мир во БиХ (PIC).

The post Во Република Српска невладините организации со закон ќе бидат странски агенти appeared first on Република.

]]>
Стигна тазе кеш: Невладините организации ќе се борат за близу еден милион евра од ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/stigna-taze-kesh-nevladinite-organizacii-kje-se-borat-za-blizu-eden-milion-evra-od-eu/ Mon, 31 Oct 2022 10:54:24 +0000 https://republika.mk/?p=567722

Започна да функционира Механизмот за граѓанска отпорност (МГО) на ЕУ, директна поддршка за иницијативите на граѓанското општество во рамките на проектот финансиран од ЕУ „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Македонија“.

Како што информираат од проектот, овој повик за предлози е финансиран од Европската Унија со вкупен расположлив износ од 900 000 евра.

-За првпат во земјата, Европската Унија обезбедува ваков механизам за финансирање за директна поддршка на граѓанските организации со цел да им се овозможи ефикасно да се справат со клучните приоритети во нивните локални заедници и да придонесат за реформите во клучните сектори во земјата. Граѓанскиот механизам за отпорност на ЕУ ќе ги поддржи локалните организации да ги спроведат активностите за навремено одговарање на потребите на нивните сограѓани и зајакнување на отпорноста на граѓаните при зачестени општествени промени. Граѓанското општество има водечка улога за развивањето на отпорноста на заедницата и во таа насока ЕУ ќе ги поддржи во нивните напори, се наведува во соопштението.

Граѓанските организации што ги исполнуваат критериумите утврдени во Упатството за апликантите на овој повик можат да поднесат апликации онлајн (www.eu4cr.mk) со краен рок за поднесување предлози до 15 ноември 2022 година, 17:00 часот.

За Механизмот за граѓанска отпорност (МГО) на ЕУ почнувајќи од 4 октомври 2022 година, беа организирани 14 информативни сесии во Битола, Охрид, Гостивар, Куманово, Кочани, Струмица, Кавадарци, Велес, Прилеп, Тетово, Кичево, Кратово, Делчево, Гевгелија, а последната сесија ќе се одржи денеска попладне во Скопје (15:30-18:00 во ресторан Јавна соба).

Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Македонија е проект финансиран од Европската Унија и имплементиран од CPM Consulting International

The post Стигна тазе кеш: Невладините организации ќе се борат за близу еден милион евра од ЕУ appeared first on Република.

]]>

Започна да функционира Механизмот за граѓанска отпорност (МГО) на ЕУ, директна поддршка за иницијативите на граѓанското општество во рамките на проектот финансиран од ЕУ „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Македонија“. Како што информираат од проектот, овој повик за предлози е финансиран од Европската Унија со вкупен расположлив износ од 900 000 евра.
-За првпат во земјата, Европската Унија обезбедува ваков механизам за финансирање за директна поддршка на граѓанските организации со цел да им се овозможи ефикасно да се справат со клучните приоритети во нивните локални заедници и да придонесат за реформите во клучните сектори во земјата. Граѓанскиот механизам за отпорност на ЕУ ќе ги поддржи локалните организации да ги спроведат активностите за навремено одговарање на потребите на нивните сограѓани и зајакнување на отпорноста на граѓаните при зачестени општествени промени. Граѓанското општество има водечка улога за развивањето на отпорноста на заедницата и во таа насока ЕУ ќе ги поддржи во нивните напори, се наведува во соопштението.
Граѓанските организации што ги исполнуваат критериумите утврдени во Упатството за апликантите на овој повик можат да поднесат апликации онлајн (www.eu4cr.mk) со краен рок за поднесување предлози до 15 ноември 2022 година, 17:00 часот. За Механизмот за граѓанска отпорност (МГО) на ЕУ почнувајќи од 4 октомври 2022 година, беа организирани 14 информативни сесии во Битола, Охрид, Гостивар, Куманово, Кочани, Струмица, Кавадарци, Велес, Прилеп, Тетово, Кичево, Кратово, Делчево, Гевгелија, а последната сесија ќе се одржи денеска попладне во Скопје (15:30-18:00 во ресторан Јавна соба). Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Македонија е проект финансиран од Европската Унија и имплементиран од CPM Consulting International

The post Стигна тазе кеш: Невладините организации ќе се борат за близу еден милион евра од ЕУ appeared first on Република.

]]>
Владата и МОН да осигураат секое дете да добие сексуално образование и да стекне вистински знаења, ставови и вештини, бараат 15 НВО https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-i-mon-da-osiguraat-sekoe-dete-da-dobie-seksualno-obrazovanie-i-da-stekne-vistinski-znaenja-stavovi-i-veshtini-baraat-15-nvo/ Thu, 15 Sep 2022 12:20:08 +0000 https://republika.mk/?p=551066

Петнаесет здруженија и граѓански организации, потписнички на Декларацијата „Со сексуално образование до поздрава и побезбедна младина“ денеска од Владата и од Министерството за образование и наука (МОН) побараа согласно дадените политички заложби и надлежности, да осигурат дека секое дете во државата ќе може да го ужива своето право на сеопфатно сексуално образование и да стекне вистински знаења, ставови и вештини за заштита на своето здравје, благосостојба и достоинство.

На денешната прес-конференција организирана од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, беше нагласена потребата од воведување на сеопфатното сексуално образование како изборен предмет за учениците од деветто одделение во основното образование, темелено на научни и медицински факти и соодветно на возраста на децата, а кое е во согласност со принципите на Концепцијата за основно образование за родово-сензитивно и инклузивно образование.

Извршниот директор на ХЕРА Бојан Јовановски, меѓудругото истакна дека е потребно организирање и спроведување на информативни кампањи за подигнување на свеста на јавноста за здравствените, емоционалните и социјалните придобивки за децата од учењето за сеопфатното сексуално образование, како и континуирано инвестирање во знаењата и вештините на наставниците од основните училишта заради ефикасно спроведување на изборниот предмет по сеопфатно сексуално образование.

Потребно е, како што рече, и креирање на посебни и инклузивни програми и механизми за заштита од насилство и дискриминација врз децата во основните и средните училишта.

Според Славица Гајдазис Кнежевиќ, директорка на Институтот за брак, семејство и системска пракса – Алтернатива, доколку возрасните не им ги дадат соодветните информации на децата, тие ќе ги наоѓаат таму каде што им се достапни, а како што вели, тоа се дезинформации базирани на заблуди.

Прашањето на сексуалност никогаш не било тема на која лесно се разговарало. Она што е значајно е ние возрасните да бидеме свесни за тоа колку ние молчејќи за вака важна тема ги загрозуваме младите членови, наместо да им обезбедиме права и информација, рече Гајдазис Кнежевиќ.

Особено значајно во овој процес, како што посочува таа, е сознанието дека младите во период на адолесценција за првпат се сретнуваат со нивната сексуалност, како и нови чувства, и според нејзе сексуалната ориентација е мултифакторна, мултидимензионална, што може да биде од ист, различен пол или од двата. Таа додава дека голем број стручни лица го искривуваат во јавноста и предизвикуваат бурни реакции, и затоа имаме ситуации каде луѓе кои се по се исти со нас, освен по сексуалната ориентација се дискриминирани и етикетирани.

Воведување на сексуалното образование ќе обезбеди поголема инклузивност на сите млади кои се различни од доминантната група и ќе обезбеди заложбата за менталното здравје да ја видиме и во пракса, нагласи Гајдазис Кнежевиќ.

Професорката на медицинскиот факултет Катарина Ставриќ, пак, во своето обраќање нагласи дека клучна улога за менталното здравје на децата имаат токму матичните лекари, бидејќи го следат нивниот развој од помали. Таа, исто така потенцира дека нивната цел е децата од млади години да бидат информирани за сексуалното репродуктивно здравје кое спаѓа во здравите навики на населението.

Матичните лекари, според неа, треба да ги информираат младите како да го заштитат сексуалното репродуктивно здравје. Ставриќ сподели и загрижувачки податоци кои покажуваат дека младите не се консултираат со здравствените работници, туку информациите ги бараат онаму каде им се најдостапни, односно на социјалните мрежи и во разговори со пријателите.

За Наташа Павиќевиќ Стојменовска, претставник од Здружението на социјални работници, значајно е децата преку сеопфатното сексуално образование да добијат една алатка преку која ќе бидат поттикнати и свесни за своето здравје, но и да им даде на тој нивен пат кон „возрасноста“, одговори на прашања кои им се јавуваат во периодот на развој и себеспознавање.

Важно е да се направи еден систем на кој може да се потпреме дека децата и младите ќе бидат информирани точно, базирано на тоа што е научно докажано. За превенцијата воопшто не се зборува, па затоа сексуалното образование го гледаме како дел од мерките да се обезбеди безбедна социјална превенција меѓу младите, па понатаму и кај повозрасните, рече Павиќевиќ Стојменовска.

Потписнички на Декларацијата се Здружение на социјални работници на Македонија – 3СРМ, Скопје; Здружение на лекари Албанци; Здружение на лекари по опа семејна медицина; Институт за брак, семејство и системска пракса – Алтернатива; Коалиција Маргини; Македонско здружение на гинеколози и опстетричари; Македонско здружение на млади правници; Македонско лекарско друштво – МЛД и стручно-специјалистички здруженија при МЛД; Психолошки центар – Алтернатива, Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Македонија; Субверзивен фронт; ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување; Хелсиншки комитет за човекови права; Центар за психосоцијална и кризна акција – Малинска и Центар за семејна медицина при Медицинскиот факултет – Скопје.

По прес-конференцијата, се одржува националната конференција на иста тема, на која учествуваат претставници на професионални стручни здруженија и граѓански организации, политички партии и пратеници, како и амбасадори од земјите на Европската Унија и Европскиот регион.

The post Владата и МОН да осигураат секое дете да добие сексуално образование и да стекне вистински знаења, ставови и вештини, бараат 15 НВО appeared first on Република.

]]>

Петнаесет здруженија и граѓански организации, потписнички на Декларацијата „Со сексуално образование до поздрава и побезбедна младина“ денеска од Владата и од Министерството за образование и наука (МОН) побараа согласно дадените политички заложби и надлежности, да осигурат дека секое дете во државата ќе може да го ужива своето право на сеопфатно сексуално образование и да стекне вистински знаења, ставови и вештини за заштита на своето здравје, благосостојба и достоинство. На денешната прес-конференција организирана од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, беше нагласена потребата од воведување на сеопфатното сексуално образование како изборен предмет за учениците од деветто одделение во основното образование, темелено на научни и медицински факти и соодветно на возраста на децата, а кое е во согласност со принципите на Концепцијата за основно образование за родово-сензитивно и инклузивно образование. Извршниот директор на ХЕРА Бојан Јовановски, меѓудругото истакна дека е потребно организирање и спроведување на информативни кампањи за подигнување на свеста на јавноста за здравствените, емоционалните и социјалните придобивки за децата од учењето за сеопфатното сексуално образование, како и континуирано инвестирање во знаењата и вештините на наставниците од основните училишта заради ефикасно спроведување на изборниот предмет по сеопфатно сексуално образование. Потребно е, како што рече, и креирање на посебни и инклузивни програми и механизми за заштита од насилство и дискриминација врз децата во основните и средните училишта.   Според Славица Гајдазис Кнежевиќ, директорка на Институтот за брак, семејство и системска пракса – Алтернатива, доколку возрасните не им ги дадат соодветните информации на децата, тие ќе ги наоѓаат таму каде што им се достапни, а како што вели, тоа се дезинформации базирани на заблуди.
Прашањето на сексуалност никогаш не било тема на која лесно се разговарало. Она што е значајно е ние возрасните да бидеме свесни за тоа колку ние молчејќи за вака важна тема ги загрозуваме младите членови, наместо да им обезбедиме права и информација, рече Гајдазис Кнежевиќ.
Особено значајно во овој процес, како што посочува таа, е сознанието дека младите во период на адолесценција за првпат се сретнуваат со нивната сексуалност, како и нови чувства, и според нејзе сексуалната ориентација е мултифакторна, мултидимензионална, што може да биде од ист, различен пол или од двата. Таа додава дека голем број стручни лица го искривуваат во јавноста и предизвикуваат бурни реакции, и затоа имаме ситуации каде луѓе кои се по се исти со нас, освен по сексуалната ориентација се дискриминирани и етикетирани.
Воведување на сексуалното образование ќе обезбеди поголема инклузивност на сите млади кои се различни од доминантната група и ќе обезбеди заложбата за менталното здравје да ја видиме и во пракса, нагласи Гајдазис Кнежевиќ.
Професорката на медицинскиот факултет Катарина Ставриќ, пак, во своето обраќање нагласи дека клучна улога за менталното здравје на децата имаат токму матичните лекари, бидејќи го следат нивниот развој од помали. Таа, исто така потенцира дека нивната цел е децата од млади години да бидат информирани за сексуалното репродуктивно здравје кое спаѓа во здравите навики на населението. Матичните лекари, според неа, треба да ги информираат младите како да го заштитат сексуалното репродуктивно здравје. Ставриќ сподели и загрижувачки податоци кои покажуваат дека младите не се консултираат со здравствените работници, туку информациите ги бараат онаму каде им се најдостапни, односно на социјалните мрежи и во разговори со пријателите. За Наташа Павиќевиќ Стојменовска, претставник од Здружението на социјални работници, значајно е децата преку сеопфатното сексуално образование да добијат една алатка преку која ќе бидат поттикнати и свесни за своето здравје, но и да им даде на тој нивен пат кон „возрасноста“, одговори на прашања кои им се јавуваат во периодот на развој и себеспознавање.
Важно е да се направи еден систем на кој може да се потпреме дека децата и младите ќе бидат информирани точно, базирано на тоа што е научно докажано. За превенцијата воопшто не се зборува, па затоа сексуалното образование го гледаме како дел од мерките да се обезбеди безбедна социјална превенција меѓу младите, па понатаму и кај повозрасните, рече Павиќевиќ Стојменовска.
Потписнички на Декларацијата се Здружение на социјални работници на Македонија – 3СРМ, Скопје; Здружение на лекари Албанци; Здружение на лекари по опа семејна медицина; Институт за брак, семејство и системска пракса – Алтернатива; Коалиција Маргини; Македонско здружение на гинеколози и опстетричари; Македонско здружение на млади правници; Македонско лекарско друштво – МЛД и стручно-специјалистички здруженија при МЛД; Психолошки центар – Алтернатива, Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Македонија; Субверзивен фронт; ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување; Хелсиншки комитет за човекови права; Центар за психосоцијална и кризна акција – Малинска и Центар за семејна медицина при Медицинскиот факултет – Скопје. По прес-конференцијата, се одржува националната конференција на иста тема, на која учествуваат претставници на професионални стручни здруженија и граѓански организации, политички партии и пратеници, како и амбасадори од земјите на Европската Унија и Европскиот регион.

The post Владата и МОН да осигураат секое дете да добие сексуално образование и да стекне вистински знаења, ставови и вештини, бараат 15 НВО appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Граѓанскиот сектор е партнер на државата и ќе биде дел од преговарачкиот процес со ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-gragjanskiot-sektor-e-partner-na-drzavata-i-kje-bide-del-od-pregovarachkiot-proces-so-eu/ Thu, 25 Aug 2022 10:07:12 +0000 https://republika.mk/?p=543937

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска одржа координативен состанок со претставниците на граѓанскиот сектор, пред кои го објасни процесот на скрининг и даде краток осврт на тековните активности на Секретаријатот за европски прашања во пресрет на подготовките за скрининг состаноците, кои започнуваат за три недели.

Убеден сум дека граѓанските организации ќе дадат  значаен придонес во спроведувањето на реформите и напредокот кон членството во ЕУ. Граѓанскиот сектор е признат партнер на Владата во овој процес. Ова партнерство и искрена соработка меѓу државниот и граѓанскиот сектор е еден од предусловите за успешно искористување на структурните фондови на ЕУ, рече вицепремиерот Маричиќ, додавајќи дека треба граѓанските организации да се подготвуваат и за учество, и за користење и поголема апсорпција на ЕУ фондови.

Вицепремиерот Маричиќ на состанокот со граѓанските организации отвори дискусија за модалитетот и начинот на кој претставниците на граѓанските организации ќе бидат вклучени во овој процес, за што дополнително ќе треба заеднички да се договорат, и посочи дека Секретаријатот за европски прашања веќе има ангажирано и регионален експерт преку проектот Нордиска поддршка за напредок на Македонија, кој би помогнал во дефинирање на соработката, поставувањето платформа за вклучување претставници на граѓанското општество во работните групи од самиот почетокот на пристапните преговори.

Со отпочнување на неговиот ангажман, секако дека ќе бидете во блиска соработка за да може да се изнајде модел кој ќе биде во најдобар интерес на процесот. За време на целиот процес, Советот за соработка со граѓанските организации ќе биде мостот на комуникација, истакна Маричиќ пред претставниците на граѓанските организации.

 Вицепремиерот Маричиќ продолжува со меѓуинституционалните координативните состаноци кои изминатите денови ги спроведува пред финиширањето на преговарачката структура, која следната недела треба да се усвои од страна на Владата.

The post Маричиќ: Граѓанскиот сектор е партнер на државата и ќе биде дел од преговарачкиот процес со ЕУ appeared first on Република.

Ќе им плаќаат за да нè навредуваат: Владата преку заеднички фонд ќе ги финансира невладините, дали и тие со бугарски предзнак? https://republika.mk/vesti/makedonija/kje-im-plakjaat-za-da-ne-navreduvaat-vladata-preku-zaednichki-fond-kje-gi-finansira-nevladinite-dali-i-tie-so-bugarski-predznak/ Wed, 06 Apr 2022 12:05:41 +0000 https://republika.mk/?p=484065

Отворени сме за идејата да имаме заеднички фонд за финансиска поддршка на граѓанските организации, со точна идентификација на приоритетните области, распределбата на средствата и дефинирана процедура за селекција која треба да се заснова на отворен, инклузивен, конкурентен и транспарентен процес.

Ова, меѓу другото, го изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, по завршувањето на средбата во Скопје на Меѓувладината работна група за европска соработка-зелена транзиција, дигитална трансформација и владеење на правото.

Враќањето на довербата и натамошната соработка во евроинтеграциите меѓу Македонија и Бугарија се основата на новите ветришта во меѓусебните односи, што започнаа со стапувањето на премиерските функции на Димитар Ковачевски и Кирил Петков.

Но, наспроти сиот оптимизам на вицепремиерот Маричиќ, сепак останува сомнежот со кои и чии средства ќе се формира тој заеднички фонд за граѓанскиот сектор. Дали, на пример, од бугарска страна, тоа ќе значи дека ќе се користат средствата на нивната влада за Бугарите во странство, што за годинава изнесуваше 400.000 евра? Натаму, дали тој фонд ќе опфаќа и европски средства наменети и за Бугарија и за Македонија посебно?, прашува во анализата „Пресинг ТВ“.

Од првиот фонд, на пример, до сега се финансираа активности, што имаа за цел да ја шират бугарската пропаганда во Македонија, па и во Албанија, со која се негира постоењето на македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, историја, култура и самобитност. Во тие рамки, меѓу другите граѓански организации и културниот центар „Иван Ванчо Михајлов“ од Битола.

Прашањето е дали во иднина со предвидениот заеднички фонд, што значи и со пари на даночните обврзници во Македонија, ќе се финансира истиот тој културен центар „Иван Ванчо Михајлов“, што би било парадокс на парадоксите-анализира „Пресинг ТВ“.

Со европски пари, пак, во Бугарија, во 2007 година, е подготвена „Бугарската политика спрема Македонија“, проект што се наоѓа во основата и на Договорот за добрососедство и на негирањето на македонската посебност. Ако се погледне списокот на подготвувачи на тие „препораки за развој на добрососедските односи по приемот на Бугарија во ЕУ и во контекст на проширувањето на ЕУ и НАТО на Западен Балкан“, може да се видат имињата, на пример, на покојниот Божидар Димитров, на д-р Живко Георгиев, директор за стратешки истражувања на фондацијата „Манфред Вернер“, на Надежда Стојанова, програмски директор на истата фондација, и уште многу други, кои денес се во првите борбени линии во отпорот против Петков и симнувањето на бугарското вето за официјален почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.

Во владиното соопштение објавено по средбата, меѓу другото беше наведено и дека вицепремиерката задолжена за добро владеење, Славица Грковска, информирала за Советот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и граѓанскиот сектор, и во таа насока се договориле да работат на воспоставување на иницијатива за соработка на граѓанските сектори на двете пријателски земји со посебен фокус на размена на искуства и мислења во полињата за добро владеење, зелената агенда и евроинтеграциите.

Сето ова е не добро, туку одлично да се слушне. Но, каков ќе биде реалниот ефект ако не се имаат предвид сите непознати, па и вистински предизвици, останува да се види. Зашто, функционирањето на два паралелни граѓански света, секој со свои задачи и цели, нема да води никаде. Напротив, може само да ги продлабочи недоразбирањата.

Извор Пресинг ТВ

The post Ќе им плаќаат за да нè навредуваат: Владата преку заеднички фонд ќе ги финансира невладините, дали и тие со бугарски предзнак? appeared first on Република.

]]>

Отворени сме за идејата да имаме заеднички фонд за финансиска поддршка на граѓанските организации, со точна идентификација на приоритетните области, распределбата на средствата и дефинирана процедура за селекција која треба да се заснова на отворен, инклузивен, конкурентен и транспарентен процес.
Ова, меѓу другото, го изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, по завршувањето на средбата во Скопје на Меѓувладината работна група за европска соработка-зелена транзиција, дигитална трансформација и владеење на правото. Враќањето на довербата и натамошната соработка во евроинтеграциите меѓу Македонија и Бугарија се основата на новите ветришта во меѓусебните односи, што започнаа со стапувањето на премиерските функции на Димитар Ковачевски и Кирил Петков. Но, наспроти сиот оптимизам на вицепремиерот Маричиќ, сепак останува сомнежот со кои и чии средства ќе се формира тој заеднички фонд за граѓанскиот сектор. Дали, на пример, од бугарска страна, тоа ќе значи дека ќе се користат средствата на нивната влада за Бугарите во странство, што за годинава изнесуваше 400.000 евра? Натаму, дали тој фонд ќе опфаќа и европски средства наменети и за Бугарија и за Македонија посебно?, прашува во анализата „Пресинг ТВ“. Од првиот фонд, на пример, до сега се финансираа активности, што имаа за цел да ја шират бугарската пропаганда во Македонија, па и во Албанија, со која се негира постоењето на македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, историја, култура и самобитност. Во тие рамки, меѓу другите граѓански организации и културниот центар „Иван Ванчо Михајлов“ од Битола.
Прашањето е дали во иднина со предвидениот заеднички фонд, што значи и со пари на даночните обврзници во Македонија, ќе се финансира истиот тој културен центар „Иван Ванчо Михајлов“, што би било парадокс на парадоксите-анализира „Пресинг ТВ“.
Со европски пари, пак, во Бугарија, во 2007 година, е подготвена „Бугарската политика спрема Македонија“, проект што се наоѓа во основата и на Договорот за добрососедство и на негирањето на македонската посебност. Ако се погледне списокот на подготвувачи на тие „препораки за развој на добрососедските односи по приемот на Бугарија во ЕУ и во контекст на проширувањето на ЕУ и НАТО на Западен Балкан“, може да се видат имињата, на пример, на покојниот Божидар Димитров, на д-р Живко Георгиев, директор за стратешки истражувања на фондацијата „Манфред Вернер“, на Надежда Стојанова, програмски директор на истата фондација, и уште многу други, кои денес се во првите борбени линии во отпорот против Петков и симнувањето на бугарското вето за официјален почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ. Во владиното соопштение објавено по средбата, меѓу другото беше наведено и дека вицепремиерката задолжена за добро владеење, Славица Грковска, информирала за Советот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и граѓанскиот сектор, и во таа насока се договориле да работат на воспоставување на иницијатива за соработка на граѓанските сектори на двете пријателски земји со посебен фокус на размена на искуства и мислења во полињата за добро владеење, зелената агенда и евроинтеграциите.
Сето ова е не добро, туку одлично да се слушне. Но, каков ќе биде реалниот ефект ако не се имаат предвид сите непознати, па и вистински предизвици, останува да се види. Зашто, функционирањето на два паралелни граѓански света, секој со свои задачи и цели, нема да води никаде. Напротив, може само да ги продлабочи недоразбирањата.
Извор Пресинг ТВ

The post Ќе им плаќаат за да нè навредуваат: Владата преку заеднички фонд ќе ги финансира невладините, дали и тие со бугарски предзнак? appeared first on Република.

]]>
Oсмани ги собра невладините да бара поддршка за договорот со Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-gi-sobra-nevladinite-da-bara-poddrshka-za-dogovorot-so-bugarija/ Wed, 23 Feb 2022 12:15:57 +0000 https://republika.mk/?p=462454

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, се сретна со претставници на повеќе граѓански организации во земјата, со цел размена на мислења за севкупниот контекст на односи во врска со обновениот дијалог меѓу владите на Македонија и Бугарија, а беа дискутирани и надворешно – политичките актуелности.

Како што соопшти МНР, во рамките на средбата беа споделени размислувањата за динамизирање на билатералната соработка преку реализацијата на концептот на работни групи и конкретните активности и предлози кои до сега произлегоа од нивната работа, а беа дискутирани и разменетите предлози за унапредување на соработката во повеќе области.

-Беше потенцирано дека нашето општество има нужна потреба за конструктивна атмосфера за важните прашања кои ја детерминираат европската иднина на државата. На состанокот се нагласи дека оваа дебата налага искрен пристап од сите актери во земјата, при што сите треба да вложат напори за да ги надминеме и меѓусебните разлики и да изградиме заеднички позиции кои се многу потребни.

Кохезивноста е клучна во овој процес, во интерес на добрососедските односи и во интерес на важноста за негувањето на хармонични односи внатре во државата меѓу сите, особено ако се има во предвид важната улога на граѓанските организации во клучните политички процеси на земјата, стои во соопштението.

 Во оваа прилика, се додава, Османи го најави и одржувањето на втората конференција во рамките на Преспа Форумот за дијалог, во јуни оваа година, при што упати апел за активна вклученост и на граѓанските организации за да преку нивните предлози се обезбеди што поголема и побогата програмска содржина за Конференцијата.

The post Oсмани ги собра невладините да бара поддршка за договорот со Бугарија appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, се сретна со претставници на повеќе граѓански организации во земјата, со цел размена на мислења за севкупниот контекст на односи во врска со обновениот дијалог меѓу владите на Македонија и Бугарија, а беа дискутирани и надворешно – политичките актуелности. Како што соопшти МНР, во рамките на средбата беа споделени размислувањата за динамизирање на билатералната соработка преку реализацијата на концептот на работни групи и конкретните активности и предлози кои до сега произлегоа од нивната работа, а беа дискутирани и разменетите предлози за унапредување на соработката во повеќе области.   -Беше потенцирано дека нашето општество има нужна потреба за конструктивна атмосфера за важните прашања кои ја детерминираат европската иднина на државата. На состанокот се нагласи дека оваа дебата налага искрен пристап од сите актери во земјата, при што сите треба да вложат напори за да ги надминеме и меѓусебните разлики и да изградиме заеднички позиции кои се многу потребни. Кохезивноста е клучна во овој процес, во интерес на добрососедските односи и во интерес на важноста за негувањето на хармонични односи внатре во државата меѓу сите, особено ако се има во предвид важната улога на граѓанските организации во клучните политички процеси на земјата, стои во соопштението.  Во оваа прилика, се додава, Османи го најави и одржувањето на втората конференција во рамките на Преспа Форумот за дијалог, во јуни оваа година, при што упати апел за активна вклученост и на граѓанските организации за да преку нивните предлози се обезбеди што поголема и побогата програмска содржина за Конференцијата.

The post Oсмани ги собра невладините да бара поддршка за договорот со Бугарија appeared first on Република.

]]>
Груби има 20 милиони денари за невладините, не се знае како ќе ги подели https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-ima-20-milioni-denari-za-nevladinite-ne-se-znae-kako-kje-gi-podeli/ Mon, 21 Feb 2022 07:43:35 +0000 https://republika.mk/?p=461223

Од годинава и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците (МПСОЗ) ќе има буџет од 20 милиони денари кои ќе бидат наменети за невладини организации. Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество побарало од МПСОЗ да учествува при распределбата на парите, но досега не добил повратен одговор. Дополнителни 15 милиони денари се на сметката на Генералниот секретаријат на Владата за истата цел.

Советот се понуди да му помогне на Министерството околу дефинирање на приоритетите и програмирање на средставата, дизајнирање на јавниот оглас и учество во селекцијата за доделување. Одговор уште немаме и не знаме како тоа ќе оди, изјави за „Слободен печат“ Фани Каранфилова Пановска, претседателка на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.

Генералниот секретаријат на Владата во моментов располага со 15 милиони денари наменети за 463 трансфери кон невладини организации.

The post Груби има 20 милиони денари за невладините, не се знае како ќе ги подели appeared first on Република.