Започна да функционира Механизмот за граѓанска отпорност (МГО) на ЕУ, директна поддршка за иницијативите на граѓанското општество во рамките на проектот финансиран од ЕУ „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Македонија“.

Како што информираат од проектот, овој повик за предлози е финансиран од Европската Унија со вкупен расположлив износ од 900 000 евра.

-За првпат во земјата, Европската Унија обезбедува ваков механизам за финансирање за директна поддршка на граѓанските организации со цел да им се овозможи ефикасно да се справат со клучните приоритети во нивните локални заедници и да придонесат за реформите во клучните сектори во земјата. Граѓанскиот механизам за отпорност на ЕУ ќе ги поддржи локалните организации да ги спроведат активностите за навремено одговарање на потребите на нивните сограѓани и зајакнување на отпорноста на граѓаните при зачестени општествени промени. Граѓанското општество има водечка улога за развивањето на отпорноста на заедницата и во таа насока ЕУ ќе ги поддржи во нивните напори, се наведува во соопштението.

Граѓанските организации што ги исполнуваат критериумите утврдени во Упатството за апликантите на овој повик можат да поднесат апликации онлајн (www.eu4cr.mk) со краен рок за поднесување предлози до 15 ноември 2022 година, 17:00 часот.

За Механизмот за граѓанска отпорност (МГО) на ЕУ почнувајќи од 4 октомври 2022 година, беа организирани 14 информативни сесии во Битола, Охрид, Гостивар, Куманово, Кочани, Струмица, Кавадарци, Велес, Прилеп, Тетово, Кичево, Кратово, Делчево, Гевгелија, а последната сесија ќе се одржи денеска попладне во Скопје (15:30-18:00 во ресторан Јавна соба).

Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Македонија е проект финансиран од Европската Унија и имплементиран од CPM Consulting International



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.