немири Archives - Република https://republika.mk/tema/nemiri/ За подобро да се разбереме Tue, 29 Oct 2024 20:16:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png немири Archives - Република https://republika.mk/tema/nemiri/ 32 32 Граѓанска непослушност три часа ја блокира Албанија, гори на улиците на Тирана https://republika.mk/vesti/balkan/graganska-neposlushnost-tri-chasa-ja-blokira-albanija-gori-na-ulitsite-na-tirana/ Tue, 29 Oct 2024 20:15:18 +0000 https://republika.mk/?p=832245

Во Албанија продолжува граѓанската непослушност објавена од опозициските демократи, во чии рамки вечерва пратеници, членови и поддржувачи, 3 часа блокираа 6 главни национални патни правци од северниот до јужниот дел на земјата.

Вечерашната активност е продолжение на протестите на опозицијата што ги одржа по изречената едногодишна затворска казна на пратеникот Ервин Салиањи, што го сметаат за „политички мотивиран за уништување на опозицијата“.

Како и на претходните протести и вечерва побараа „заминување на Еди Рама и формирање техничка влада“.

-Илјадници револтирани граѓани доброволно излегоа за да го изразат незадоволството од тешката ситуација во која се наоѓа земјата, уништената економија, сиромаштијата, принудат да ја напуштаат Албанија, политичкиот затвор на Сали Бериша што ги крши сите европски начела, рече Тритан Шеху.

Полицијата често апелираше, преку мегафони, да не се попречува одвивањето на сообраќајот, потсетувајќи дека за оние кои блокираат според кривичниот законик предвидува казна затвор од 3 години.

https://www.youtube.com/watch?v=Q9if7JoG7Vk

Пропуштени беа само возилата за брза помош а онаму каде што имаше можност полицијата ги пренасочување возилата по споредни патишта.

Во обезбедувањето на редот и безбедноста беа ангажирани над 1200 полициски службеници, како и припадници на специјалните единици. На сите места имаше и цистерни со вода во случај на потреба од водни топови, како и противпожарни возила.

Најавени како мирни собирања, сепак на неколку места имаше судир на полицијата и учесниците, како и палење гуми.

https://www.youtube.com/watch?v=869IP8BAXD0

Пратеникот Фљамур Нока, кој е поранешен министер за внатрешни работи, беше на блокадата во Тирана и според медиумите бил најагресивен.

По судирот со полицијата, обвини дека учесниците се провоцираат од полицијата по наредба на Еди Рама.

-Како што гледате еден мирен протест се провоцира од наркополицијата. Го повикувам внукот на Енвер Хоџа, султанот од Сурел (Еди Рама), го повикувам лидерот на криминална организација да и нареди на наркополицијата да престане со провокации, во спротивно дестинацијата на граѓаните ќе биде Сурел (место каде што живее Рама), изјави Нока.

Освен во Тирана тензична ситуација имало и во Елбасан и Рогожина.

The post Граѓанска непослушност три часа ја блокира Албанија, гори на улиците на Тирана appeared first on Република.

]]>

Во Албанија продолжува граѓанската непослушност објавена од опозициските демократи, во чии рамки вечерва пратеници, членови и поддржувачи, 3 часа блокираа 6 главни национални патни правци од северниот до јужниот дел на земјата.

Вечерашната активност е продолжение на протестите на опозицијата што ги одржа по изречената едногодишна затворска казна на пратеникот Ервин Салиањи, што го сметаат за „политички мотивиран за уништување на опозицијата“. Како и на претходните протести и вечерва побараа „заминување на Еди Рама и формирање техничка влада“. -Илјадници револтирани граѓани доброволно излегоа за да го изразат незадоволството од тешката ситуација во која се наоѓа земјата, уништената економија, сиромаштијата, принудат да ја напуштаат Албанија, политичкиот затвор на Сали Бериша што ги крши сите европски начела, рече Тритан Шеху. Полицијата често апелираше, преку мегафони, да не се попречува одвивањето на сообраќајот, потсетувајќи дека за оние кои блокираат според кривичниот законик предвидува казна затвор од 3 години. https://www.youtube.com/watch?v=Q9if7JoG7Vk Пропуштени беа само возилата за брза помош а онаму каде што имаше можност полицијата ги пренасочување возилата по споредни патишта. Во обезбедувањето на редот и безбедноста беа ангажирани над 1200 полициски службеници, како и припадници на специјалните единици. На сите места имаше и цистерни со вода во случај на потреба од водни топови, како и противпожарни возила. Најавени како мирни собирања, сепак на неколку места имаше судир на полицијата и учесниците, како и палење гуми. https://www.youtube.com/watch?v=869IP8BAXD0
Пратеникот Фљамур Нока, кој е поранешен министер за внатрешни работи, беше на блокадата во Тирана и според медиумите бил најагресивен. По судирот со полицијата, обвини дека учесниците се провоцираат од полицијата по наредба на Еди Рама. -Како што гледате еден мирен протест се провоцира од наркополицијата. Го повикувам внукот на Енвер Хоџа, султанот од Сурел (Еди Рама), го повикувам лидерот на криминална организација да и нареди на наркополицијата да престане со провокации, во спротивно дестинацијата на граѓаните ќе биде Сурел (место каде што живее Рама), изјави Нока. Освен во Тирана тензична ситуација имало и во Елбасан и Рогожина.

The post Граѓанска непослушност три часа ја блокира Албанија, гори на улиците на Тирана appeared first on Република.

]]>
Британскиот премиер се откажа од семејниот одмор поради немирите во земјата https://republika.mk/vesti/svet/britanskiot-premier-se-otkazha-od-semejniot-odmor-poradi-nemirite-vo-zemjata/ Sun, 11 Aug 2024 07:35:19 +0000 https://republika.mk/?p=805341

Новиот британски премиер Кир Стармер, кој ја презеде функцијата по победата на неговата Лабуристичка партија на парламентарните избори во земјата на почетокот на минатиот месец, го откажа планираниот одмор поради немирите во Велика Британија, јави ДПА.

Се очекуваше Стармер овој викенд да замине на одмор во Европа со своето семејство. Наместо тоа, тој ќе работи до крајот на следната недела во својата канцеларија на Даунинг стрит 10, како и во премиерската резиденција во Чекерс.

Стармер изјави дека полицијата треба да остане во состојба на висока готовност во текот на викендот, иако засилената реакција на органите за спроведување на законот и брзото изрекување на казните на демонстрантите помогнаа да се подобри ситуацијата.

Насилството ја потресува Велика Британија повеќе од една недела како прв голем внатрешен политички тест за новата лабуристичка влада. На немирите му претходеше убиство на три деца од страна на млад мигрант чии родители се од Руанда во градот Саутпорт, северозападна Англија.

Повеќе луѓе вчера се појавија на суд во врска со неодамнешните немири, кога се одржаа протести против расизмот во голем број градови во Велика Британија, вклучувајќи ги Единбург и Белфаст. Само во главниот град на Северна Ирска на улиците излегоа околу 15.000 луѓе.

The post Британскиот премиер се откажа од семејниот одмор поради немирите во земјата appeared first on Република.

]]>

Новиот британски премиер Кир Стармер, кој ја презеде функцијата по победата на неговата Лабуристичка партија на парламентарните избори во земјата на почетокот на минатиот месец, го откажа планираниот одмор поради немирите во Велика Британија, јави ДПА. Се очекуваше Стармер овој викенд да замине на одмор во Европа со своето семејство. Наместо тоа, тој ќе работи до крајот на следната недела во својата канцеларија на Даунинг стрит 10, како и во премиерската резиденција во Чекерс. Стармер изјави дека полицијата треба да остане во состојба на висока готовност во текот на викендот, иако засилената реакција на органите за спроведување на законот и брзото изрекување на казните на демонстрантите помогнаа да се подобри ситуацијата. Насилството ја потресува Велика Британија повеќе од една недела како прв голем внатрешен политички тест за новата лабуристичка влада. На немирите му претходеше убиство на три деца од страна на млад мигрант чии родители се од Руанда во градот Саутпорт, северозападна Англија. Повеќе луѓе вчера се појавија на суд во врска со неодамнешните немири, кога се одржаа протести против расизмот во голем број градови во Велика Британија, вклучувајќи ги Единбург и Белфаст. Само во главниот град на Северна Ирска на улиците излегоа околу 15.000 луѓе.

The post Британскиот премиер се откажа од семејниот одмор поради немирите во земјата appeared first on Република.

]]>
Британија ќе формира специјална полициска единица за борба против насилните демонстранти https://republika.mk/vesti/svet/britanija-ke-formira-spetsijalna-politsiska-edinitsa-za-borba-protiv-nasilnite-demonstranti/ Mon, 05 Aug 2024 20:53:52 +0000 https://republika.mk/?p=803681

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека неговата влада ќе формира специјална полициска единица за справување со насилните демонстранти и дека правосудниот систем ќе се зајакне за да се справи со стотици апсења откако градовите беа зафатени од насилни десничарски протести минатата недела.

Стармер свика итен состанок поради беззаконието, за кое ја обвини екстремната десница и дезинформациите на социјалните мрежи.

Каков и да е мотивот, ова не е протест. Ова е чисто насилство и нема да толерираме напади врз џамиите и нашите муслимански заедници. Оние кои се идентификувани како учесници во овие активности ќе се соочат со целата сила на законот“, порача Стармер.

Неговиот портпарол, пак, откако Илон Маск рече дека по неколкудневните немири во Велика Британија „граѓанската војна е неизбежна“ , предупреди дека секој кој поттикнува насилство и на интернет ќе се соочи со законот.

Маск, милијардерот и сопственик на X, го напиша овој коментар на својата социјална мрежа под видеото на кое се гледа како бунтовници фрлаат огномет кон полицијата.

Онлајн платформите имаат одговорност. Значи, ако поттикнувате насилство, не е важно дали е онлајн или офлајн“, изјави портпаролот и додаде дека британската влада работи со социјалните мрежи за да обезбеди отстранување на дезинформациите.

Повеќе од 400 луѓе се уапсени од почетокот на немирите минатиот вторник по апсењето на Аксел Рудакубана (17), кој е обвинет за убиство на три девојчиња на детски час по танц во град во близина на Ливерпул.

Во судирите во последните шест дена беа повредени десетици полицајци.

The post Британија ќе формира специјална полициска единица за борба против насилните демонстранти appeared first on Република.

]]>

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека неговата влада ќе формира специјална полициска единица за справување со насилните демонстранти и дека правосудниот систем ќе се зајакне за да се справи со стотици апсења откако градовите беа зафатени од насилни десничарски протести минатата недела. Стармер свика итен состанок поради беззаконието, за кое ја обвини екстремната десница и дезинформациите на социјалните мрежи.
Каков и да е мотивот, ова не е протест. Ова е чисто насилство и нема да толерираме напади врз џамиите и нашите муслимански заедници. Оние кои се идентификувани како учесници во овие активности ќе се соочат со целата сила на законот“, порача Стармер.
Неговиот портпарол, пак, откако Илон Маск рече дека по неколкудневните немири во Велика Британија „граѓанската војна е неизбежна“ , предупреди дека секој кој поттикнува насилство и на интернет ќе се соочи со законот. Маск, милијардерот и сопственик на X, го напиша овој коментар на својата социјална мрежа под видеото на кое се гледа како бунтовници фрлаат огномет кон полицијата.
Онлајн платформите имаат одговорност. Значи, ако поттикнувате насилство, не е важно дали е онлајн или офлајн“, изјави портпаролот и додаде дека британската влада работи со социјалните мрежи за да обезбеди отстранување на дезинформациите.
Повеќе од 400 луѓе се уапсени од почетокот на немирите минатиот вторник по апсењето на Аксел Рудакубана (17), кој е обвинет за убиство на три девојчиња на детски час по танц во град во близина на Ливерпул. Во судирите во последните шест дена беа повредени десетици полицајци.

The post Британија ќе формира специјална полициска единица за борба против насилните демонстранти appeared first on Република.

]]>
Ова е осомничениот тинејџер за убиството на трите девојчиња во Англија, земјата се крена против мигрантите https://republika.mk/vesti/svet/ova-e-osomnicheniot-tinejdher-za-ubistvoto-na-trite-devojchina-vo-anglija-zemjata-se-krena-protiv-migrantite/ Mon, 05 Aug 2024 10:12:51 +0000 https://republika.mk/?p=803464

Британскиот премиер Кир Стармер денеска свика итен состанок на шефовите на полицијата, одлука што е донесена по неколкудневните антиимигрантски протести во кои беа запалени објекти и возила, а мета беа и хотелите во кои се сместени баратели на азил.

Нередите низ Англија и Северна Ирска започнаа во вторникот во Саутпорт, по убиството на три девојчиња во напад со нож на час по танц со тема на Тејлор Свифт.

Нередите зафатија подрачја вклучувајќи Хул, Ливерпул, Бристол, Манчестер, Сток-он-Трент, Блекпул и Белфаст, резултирајќи со насилство, грабежи и напади врз полицијата. Во Ливерпул, тензиите ескалираа додека околу 1.000 антиимиграциони демонстранти, некои извикувајќи исламофобични навреди, се судрија со контрадемонстрантите, известија денеска локалните медиуми.

За време на демонстрациите досега се уапсени 420 лица.

Вчера стотици антиимиграциони демонстранти нападнаа хотел во Јужен Јоркшир кој се користи за сместување мигранти, јави британски „Телеграф“. Дел од нив упаднаа во објектот и ја запалија околната трева.

Видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат како полицијата се повлекува при напад на предмети фрлени од демонстрантите пред хотелот Holiday Inn Express во Манверс, Ротерхем. Други снимки покажуваат како напаѓачите кршат прозорци пред да упаднат во зградата, како и пожар што избил на еден од влезовите.

Толпата викала и навивала: „Извадете ги“ и „Јоркшир“. Многу од демонстрантите мавтаат со британски знамиња и знамиња на Св. Џорџ, а некои од нив носат маски.

 

Гневната толпа од екстремната десница упаднала во хотелот, фрлала столчиња и користела противпожарни апарати против полицијата, додека палеле канти и мебел.

Ова е уште еден ден од насилни протести на британските улици, по хаосот од оваа недела што остави полицајци со скршени коски, запалени автомобили и нападнати недолжни пешаци, откако беше соопштено дека напаѓачот е илегален имигрант.

Властите веднаш демантираа дека е мигрант, посочувајќи дека лицето е родено во Кардиф.

Станува збор за 17-годишниот Аксел Рудакубана, кој е обвинет за убиството на трите девојчиња и за обид за убиство на 10 други.

Неговите родители се родени во Руанда пред да се преселат во Обединетото Кралство во 2002 година. Рудакубана е роден во Кардиф во 2006 година пред да се пресели во близина на Саутпорт во 2013 година.

Во Мидлсбро, повеќе од 300 демонстранти започнаа да маршираат кон градскиот споменик со банер со натпис: „Том Џонс е Велшанец, Аксел Рудакубана не е“.

Други кои маршираа низ градот викаа „ја сакаме назад нашата земја“ додека се движеа низ центарот на градот.

 

The post Ова е осомничениот тинејџер за убиството на трите девојчиња во Англија, земјата се крена против мигрантите appeared first on Република.

]]>

Британскиот премиер Кир Стармер денеска свика итен состанок на шефовите на полицијата, одлука што е донесена по неколкудневните антиимигрантски протести во кои беа запалени објекти и возила, а мета беа и хотелите во кои се сместени баратели на азил. Нередите низ Англија и Северна Ирска започнаа во вторникот во Саутпорт, по убиството на три девојчиња во напад со нож на час по танц со тема на Тејлор Свифт. Нередите зафатија подрачја вклучувајќи Хул, Ливерпул, Бристол, Манчестер, Сток-он-Трент, Блекпул и Белфаст, резултирајќи со насилство, грабежи и напади врз полицијата. Во Ливерпул, тензиите ескалираа додека околу 1.000 антиимиграциони демонстранти, некои извикувајќи исламофобични навреди, се судрија со контрадемонстрантите, известија денеска локалните медиуми. За време на демонстрациите досега се уапсени 420 лица. Вчера стотици антиимиграциони демонстранти нападнаа хотел во Јужен Јоркшир кој се користи за сместување мигранти, јави британски „Телеграф“. Дел од нив упаднаа во објектот и ја запалија околната трева. Видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат како полицијата се повлекува при напад на предмети фрлени од демонстрантите пред хотелот Holiday Inn Express во Манверс, Ротерхем. Други снимки покажуваат како напаѓачите кршат прозорци пред да упаднат во зградата, како и пожар што избил на еден од влезовите. Толпата викала и навивала: „Извадете ги“ и „Јоркшир“. Многу од демонстрантите мавтаат со британски знамиња и знамиња на Св. Џорџ, а некои од нив носат маски.   Гневната толпа од екстремната десница упаднала во хотелот, фрлала столчиња и користела противпожарни апарати против полицијата, додека палеле канти и мебел. Ова е уште еден ден од насилни протести на британските улици, по хаосот од оваа недела што остави полицајци со скршени коски, запалени автомобили и нападнати недолжни пешаци, откако беше соопштено дека напаѓачот е илегален имигрант. Властите веднаш демантираа дека е мигрант, посочувајќи дека лицето е родено во Кардиф. Станува збор за 17-годишниот Аксел Рудакубана, кој е обвинет за убиството на трите девојчиња и за обид за убиство на 10 други. Неговите родители се родени во Руанда пред да се преселат во Обединетото Кралство во 2002 година. Рудакубана е роден во Кардиф во 2006 година пред да се пресели во близина на Саутпорт во 2013 година. Во Мидлсбро, повеќе од 300 демонстранти започнаа да маршираат кон градскиот споменик со банер со натпис: „Том Џонс е Велшанец, Аксел Рудакубана не е“. Други кои маршираа низ градот викаа „ја сакаме назад нашата земја“ додека се движеа низ центарот на градот.  

The post Ова е осомничениот тинејџер за убиството на трите девојчиња во Англија, земјата се крена против мигрантите appeared first on Република.

]]>
Британија на чекор до тотален хаос: Протестите против мигрантите се понасилни, муслиманите ги бранат џамиите https://republika.mk/vesti/svet/britanija-na-chekor-do-totalen-haos-protestite-protiv-migrantite-se-ponasilni-muslimanite-gi-branat-dhamiite/ Sun, 04 Aug 2024 08:13:07 +0000 https://republika.mk/?p=803180

Немири во кои учествуваа стотици антиимиграциски демонстранти избувнаа во градовите откако на социјалните мрежи брзо се проширија лажни информации дека осомничениот за нападот со нож во понеделникот на детскиот час по танц во Саутпорт е радикален муслимански мигрант.

Полицијата соопшти дека осомничениот Аксел Рудакубана (17) е роден во Британија, но протестите против имигрантите и муслиманите продолжиле, кои се претвориле во насилство, апсења и грабежи.

Насилниците одговорни за нередот на улиците „ќе ја платат цената“, соопшти британската влада. Министерката за внатрешни работи Ивет Купер рече дека луѓето вклучени во судирите „ќе ја платат цената“ и дека „насилството и нередот немаат место на британските улици“.

Британскиот премиер Кир Стармер рече дека полицијата ја има неговата „целосна поддршка“ во сузбивањето на „екстремистите“ кои се обидуваат да „сеат омраза“ со заплашување на заедниците.

Насилни немири избувнаа во Ливерпул, Бристол, Хал и Белфаст - четири града во различни делови на Британија - со тепачки и фрлени тули и шишиња додека антиимиграциските демонстранти се судрија со антирасистичките групи.

Многу полицајци беа повредени додека се обидуваа да спречат судири меѓу неколку стотици спротивставени демонстранти.

Во Ливерпул, двајца полицајци завршија во болница со фрактури на лицето, а третиот бил турнат од мотоцикл и нападнат во немири во кои учествувале околу 750 демонстранти и сличен број контра-демонстранти, соопшти полицијата во Мерсисајд, силите што го надгледуваат северозападниот дел на град.

Најмалку две продавници во Ливерпул се вандализирани и ограбени, додаде полицијата.

Слични сцени се видени во југозападниот град Бристол, иако антирасистичките демонстранти беа побројни од анти-имиграциските групи.

Во Белфаст, некои бизниси пријавиле материјална штета, додека најмалку еден бил запален, според полицијата.

„Нема причина зошто не нападнаа“, рече Рахми Акјол, стоејќи пред скршените стаклени врати на неговото кафуле во Белфаст, кое, како што рече, го нападнале десетици луѓе со шишиња и столици.

„Овде живеам 35 години. Моите деца, жена ми се од тука. Не знам што да кажам, страшно е“, рече тој.

Низ Британија, полицијата уапси десетици демонстранти за прекршоци кои се движат од насилни нереди до кражби и казнени штети.

Дополнителна полиција е распоредена низ градовите, додека џамиите ширум земјата се советувани да ја засилат безбедноста по нападот врз џамијата во Саутпорт во вторникот.

Последен пат во Британија избувнаа немири во 2011 година, кога имаше многу поголемо насилство, а илјадници луѓе излегоа на улиците пет ноќи откако Африканец беше застрелан од полицијата во Лондон.

Во петокот вечерта, стотици антиимигрантски демонстранти во Сандерленд фрлаа камења врз полицијата опремена да разбива опрема за немири во близина на џамија, пред да превртат возила, да запалат автомобил и да подметнат пожар во близина на полициска станица.

„Тоа не беше протест, тоа беше непростливо насилство и неред“, им рече на новинарите Марк Хол, началникот на Сандерленд.

За денеска се планирани уште неколку протести.

The post Британија на чекор до тотален хаос: Протестите против мигрантите се понасилни, муслиманите ги бранат џамиите appeared first on Република.

]]>

Немири во кои учествуваа стотици антиимиграциски демонстранти избувнаа во градовите откако на социјалните мрежи брзо се проширија лажни информации дека осомничениот за нападот со нож во понеделникот на детскиот час по танц во Саутпорт е радикален муслимански мигрант. Полицијата соопшти дека осомничениот Аксел Рудакубана (17) е роден во Британија, но протестите против имигрантите и муслиманите продолжиле, кои се претвориле во насилство, апсења и грабежи. Насилниците одговорни за нередот на улиците „ќе ја платат цената“, соопшти британската влада. Министерката за внатрешни работи Ивет Купер рече дека луѓето вклучени во судирите „ќе ја платат цената“ и дека „насилството и нередот немаат место на британските улици“. Британскиот премиер Кир Стармер рече дека полицијата ја има неговата „целосна поддршка“ во сузбивањето на „екстремистите“ кои се обидуваат да „сеат омраза“ со заплашување на заедниците. Насилни немири избувнаа во Ливерпул, Бристол, Хал и Белфаст - четири града во различни делови на Британија - со тепачки и фрлени тули и шишиња додека антиимиграциските демонстранти се судрија со антирасистичките групи. Многу полицајци беа повредени додека се обидуваа да спречат судири меѓу неколку стотици спротивставени демонстранти. Во Ливерпул, двајца полицајци завршија во болница со фрактури на лицето, а третиот бил турнат од мотоцикл и нападнат во немири во кои учествувале околу 750 демонстранти и сличен број контра-демонстранти, соопшти полицијата во Мерсисајд, силите што го надгледуваат северозападниот дел на град. Најмалку две продавници во Ливерпул се вандализирани и ограбени, додаде полицијата. Слични сцени се видени во југозападниот град Бристол, иако антирасистичките демонстранти беа побројни од анти-имиграциските групи. Во Белфаст, некои бизниси пријавиле материјална штета, додека најмалку еден бил запален, според полицијата. „Нема причина зошто не нападнаа“, рече Рахми Акјол, стоејќи пред скршените стаклени врати на неговото кафуле во Белфаст, кое, како што рече, го нападнале десетици луѓе со шишиња и столици. „Овде живеам 35 години. Моите деца, жена ми се од тука. Не знам што да кажам, страшно е“, рече тој. Низ Британија, полицијата уапси десетици демонстранти за прекршоци кои се движат од насилни нереди до кражби и казнени штети. Дополнителна полиција е распоредена низ градовите, додека џамиите ширум земјата се советувани да ја засилат безбедноста по нападот врз џамијата во Саутпорт во вторникот. Последен пат во Британија избувнаа немири во 2011 година, кога имаше многу поголемо насилство, а илјадници луѓе излегоа на улиците пет ноќи откако Африканец беше застрелан од полицијата во Лондон. Во петокот вечерта, стотици антиимигрантски демонстранти во Сандерленд фрлаа камења врз полицијата опремена да разбива опрема за немири во близина на џамија, пред да превртат возила, да запалат автомобил и да подметнат пожар во близина на полициска станица. „Тоа не беше протест, тоа беше непростливо насилство и неред“, им рече на новинарите Марк Хол, началникот на Сандерленд. За денеска се планирани уште неколку протести.

The post Британија на чекор до тотален хаос: Протестите против мигрантите се понасилни, муслиманите ги бранат џамиите appeared first on Република.

]]>
Немири во Англија по убиството на три девојчиња: Демонстранти запалија полициска станица https://republika.mk/vesti/svet/nemiri-vo-anglija-po-ubistvoto-na-tri-devojchina-demonstranti-zapalija-politsiska-stanitsa/ Sat, 03 Aug 2024 11:30:12 +0000 https://republika.mk/?p=803028

Архиепископот од Кентербери повика на прекин на насилството, велејќи дека е „целосно неприфатливо муслиманските заедници и заедниците на азилантите да се чувствуваат толку небезбедно“.

На градскиот плоштад Кил се собраа стотици незадоволни граѓани кои фрлаа камења врз полицијата. Некои од демонстрантите беа завиткани во англиски знамиња и извикуваа поддршка за екстремно десничарскиот активист Томи Робинсон, како и навредливи пароли за исламот.

Полицијата интервенираше и во Ливерпул, каде демонстрантите се собраа пред џамијата каде што избувна мала тепачка со група контрадемонстранти. Контрадемонстрантите скандираа: „Кажи гласно, кажи јасно - бегалците се добредојдени тука“ и „Вие не зборувате во име на Сандерленд“.

Градоначалничката Ким Мекгинес изјави дека е згрозена од сцените во Сандерленд.

„Ако вашиот одговор на трагедијата е да ја искористите за насилство и малтретирање на другите, напад врз полицијата и оштетување на имот, вие поддржувате само криминал и насилство. Тоа не е протест. Тоа е злосторство и неред. Вие не зборувате во име на Сандерленд. Вие не зборувате во име на оваа област“, рече таа.

Ова е трета ноќ на протести во градовите во Англија, а според најавите, протестите ќе продолжат и во текот на викендот.

The post Немири во Англија по убиството на три девојчиња: Демонстранти запалија полициска станица appeared first on Република.

]]>

Архиепископот од Кентербери повика на прекин на насилството, велејќи дека е „целосно неприфатливо муслиманските заедници и заедниците на азилантите да се чувствуваат толку небезбедно“. На градскиот плоштад Кил се собраа стотици незадоволни граѓани кои фрлаа камења врз полицијата. Некои од демонстрантите беа завиткани во англиски знамиња и извикуваа поддршка за екстремно десничарскиот активист Томи Робинсон, како и навредливи пароли за исламот. Полицијата интервенираше и во Ливерпул, каде демонстрантите се собраа пред џамијата каде што избувна мала тепачка со група контрадемонстранти. Контрадемонстрантите скандираа: „Кажи гласно, кажи јасно - бегалците се добредојдени тука“ и „Вие не зборувате во име на Сандерленд“. Градоначалничката Ким Мекгинес изјави дека е згрозена од сцените во Сандерленд. „Ако вашиот одговор на трагедијата е да ја искористите за насилство и малтретирање на другите, напад врз полицијата и оштетување на имот, вие поддржувате само криминал и насилство. Тоа не е протест. Тоа е злосторство и неред. Вие не зборувате во име на Сандерленд. Вие не зборувате во име на оваа област“, рече таа. Ова е трета ноќ на протести во градовите во Англија, а според најавите, протестите ќе продолжат и во текот на викендот.

The post Немири во Англија по убиството на три девојчиња: Демонстранти запалија полициска станица appeared first on Република.

]]>
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите https://republika.mk/vesti/svet/frantsija-rasporedi-30-000-politsajtsi-poradi-strav-od-nemiri-na-denot-na-izborite/ Thu, 04 Jul 2024 11:51:40 +0000 https://republika.mk/?p=793404

Во Франција в недела ќе бидат распоредени 30.000 полицајци и жандарми, за време на вториот круг од парламентарните избори, од кои 5.000 ќе бидат во Париз, поради опасност од немири, изјави денеска министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен.

Дарманен рече дека стравува дека на денот на изборите, 7 јули, „ултралевите“ или „ултрадесничарите“ би можеле да создадат „неред“, пренесува Фигаро.

Распоредувањето на „исклучително голем број“ полицајци треба да ја спречи силата „да ги искористи предностите од (изборните) резултати за да создаде неред“, рече Дарманен.

 

The post Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите appeared first on Република.

]]>

Во Франција в недела ќе бидат распоредени 30.000 полицајци и жандарми, за време на вториот круг од парламентарните избори, од кои 5.000 ќе бидат во Париз, поради опасност од немири, изјави денеска министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен. Дарманен рече дека стравува дека на денот на изборите, 7 јули, „ултралевите“ или „ултрадесничарите“ би можеле да создадат „неред“, пренесува Фигаро. Распоредувањето на „исклучително голем број“ полицајци треба да ја спречи силата „да ги искористи предностите од (изборните) резултати за да создаде неред“, рече Дарманен.  

The post Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите appeared first on Република.

]]>
Дарманин: Стотици, вклучително и полицајци повредени во немири во Нова Каледонија https://republika.mk/vesti/svet/darmanin-stotitsi-vkluchitelno-i-politsajtsi-povredeni-vo-nemiri-vo-nova-kaledonija/ Wed, 15 May 2024 07:29:52 +0000 https://republika.mk/?p=778143

Стотици луѓе, вклучувајќи околу 100 полицајци и жандарми се повредени во немирите во Нова Каледонија, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин.

Дарманин рече дека властите допрва треба да ги утврдат „околностите“ што доведоа до застрелување на едно лице во текот на ноќта . Тој додаде дека десетици домови и деловни објекти биле запалени за време на немирите поврзани со гневот поради уставните реформи.

-Повеќе од 130 лица се приведени во Нова Каледонија, француска прекуморска територија, по втората ноќ на насилни протести, соопштија денеска француските власти.

Немирите започнаа во понеделникот додека Франција расправаше за планираниот закон со кој на илјадници француски граѓани на јужниот пацифички архипелаг ќе им се даде право на глас, а со тоа и поголемо политичко влијание. Националното собрание во Париз преку ноќ ја усвои реформата со 351 глас за и 153 против.

The post Дарманин: Стотици, вклучително и полицајци повредени во немири во Нова Каледонија appeared first on Република.

]]>

Стотици луѓе, вклучувајќи околу 100 полицајци и жандарми се повредени во немирите во Нова Каледонија, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин. Дарманин рече дека властите допрва треба да ги утврдат „околностите“ што доведоа до застрелување на едно лице во текот на ноќта . Тој додаде дека десетици домови и деловни објекти биле запалени за време на немирите поврзани со гневот поради уставните реформи. -Повеќе од 130 лица се приведени во Нова Каледонија, француска прекуморска територија, по втората ноќ на насилни протести, соопштија денеска француските власти. Немирите започнаа во понеделникот додека Франција расправаше за планираниот закон со кој на илјадници француски граѓани на јужниот пацифички архипелаг ќе им се даде право на глас, а со тоа и поголемо политичко влијание. Националното собрание во Париз преку ноќ ја усвои реформата со 351 глас за и 153 против.

The post Дарманин: Стотици, вклучително и полицајци повредени во немири во Нова Каледонија appeared first on Република.

]]>
ДУИ објави дека е можно да има немири по изборите https://republika.mk/vesti/makedonija/dui-objavi-deka-e-mozhno-da-ima-nemiri-po-izborite/ Tue, 19 Mar 2024 14:13:29 +0000 https://republika.mk/?p=756364

Демократската унија за интеграција предупреди на можни немири во Македонија по парламентарните избори, кои ќе се одржат на 8 мај, пишува „Euronews“.

Овие немири, според оваа партија која е дел од македонската Влада, се засновани на „руско сценарио“ координирано, како што рече, меѓу албанската и македонската опозиција ВМРО-ДПМНЕ и партијата Е Мајта.

За ова „сценарио“, ДУИ соопшти дека го известила и меѓународниот фактор, но не е прецизирано за какво сценарио се работи и дали за тоа добиле индиции од безбедносните служби на Македонија.

The post ДУИ објави дека е можно да има немири по изборите appeared first on Република.

]]>

Демократската унија за интеграција предупреди на можни немири во Македонија по парламентарните избори, кои ќе се одржат на 8 мај, пишува „Euronews“.
Овие немири, според оваа партија која е дел од македонската Влада, се засновани на „руско сценарио“ координирано, како што рече, меѓу албанската и македонската опозиција ВМРО-ДПМНЕ и партијата Е Мајта.
За ова „сценарио“, ДУИ соопшти дека го известила и меѓународниот фактор, но не е прецизирано за какво сценарио се работи и дали за тоа добиле индиции од безбедносните служби на Македонија.

The post ДУИ објави дека е можно да има немири по изборите appeared first on Република.

]]>
Немири и палење автомобили во Франција за Нова Година, уапсени 400 лица https://republika.mk/vesti/svet/nemiri-i-palene-avtomobili-vo-frantsija-za-nova-godina-uapseni-400-litsa/ Mon, 01 Jan 2024 16:37:05 +0000 https://republika.mk/?p=728737

Во Франција на новогодишната ноќ беа уапсени речиси 400 луѓе поради немири и палење автомобили, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин, додавајќи дека со зголемените безбедносни мерки, забележани се помалку инциденти од претходно.

Низ целата земја се уапсени 380 бунтовници, што е за околу 10 отсто помалку во споредба со претходната новогодишна ноќ, рече Дарманин, пренесува АП.

Властите потврдија дека биле опожарени 745 возила, што е исто така за 10 отсто помалку од лани, а околу 40 полицајци се здобиле со полесни повреди, што е дури за 40 отсто помалку од лани, додаде францускиот министер за внатрешни работи.

Француските власти претходно најавија дека за новогодишната ноќ низ цела Франција ќе бидат зајакнати безбедносните мерки со распоредување на 90.000 полицајци.

Во Париз, главното место за прослава беше авенијата Шанзелизе, Триумфалната капија беше облеана во светлата на огномет и видео проекции, а Дарманин потврди дека во тој дел на Париз се собрале повеќе од милион луѓе.

 

The post Немири и палење автомобили во Франција за Нова Година, уапсени 400 лица appeared first on Република.

]]>

Во Франција на новогодишната ноќ беа уапсени речиси 400 луѓе поради немири и палење автомобили, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин, додавајќи дека со зголемените безбедносни мерки, забележани се помалку инциденти од претходно. Низ целата земја се уапсени 380 бунтовници, што е за околу 10 отсто помалку во споредба со претходната новогодишна ноќ, рече Дарманин, пренесува АП. Властите потврдија дека биле опожарени 745 возила, што е исто така за 10 отсто помалку од лани, а околу 40 полицајци се здобиле со полесни повреди, што е дури за 40 отсто помалку од лани, додаде францускиот министер за внатрешни работи. Француските власти претходно најавија дека за новогодишната ноќ низ цела Франција ќе бидат зајакнати безбедносните мерки со распоредување на 90.000 полицајци. Во Париз, главното место за прослава беше авенијата Шанзелизе, Триумфалната капија беше облеана во светлата на огномет и видео проекции, а Дарманин потврди дека во тој дел на Париз се собрале повеќе од милион луѓе.  

The post Немири и палење автомобили во Франција за Нова Година, уапсени 400 лица appeared first on Република.

]]>
Брнабиќ: Руските служби имаа информации дека се подготвуваат немири во Србија https://republika.mk/vesti/balkan/brnabik-ruskite-sluzhbi-imaa-informatsii-deka-se-podgotvuvaat-nemiri-vo-srbija/ Mon, 25 Dec 2023 09:42:49 +0000 https://republika.mk/?p=726419

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека руските безбедносни служби имале информации за подготовка на немири во Србија.

Ана Брнабиќ потсети дека уште пред изборите предупредила дека дел од опозицијата ќе се обиде да ги оспори изборните резултати и да ја преземе власта во Србија со насилни средства, што кулминираше со напад на градското собрание во Белград.

Брнабиќ им се заблагодари на руските безбедносни служби кои ги споделиле информациите до кои дошле.

Веројатно нема да биде популарно Западот, но особено вечерва чувствувам дека е важно да застанам во одбрана на Србија и да им се заблагодарам на руските безбедносни служби кои ги имаа тие информации и ги споделија со нас, рече Брнабиќ.

Српските државни власти потоа ја споделија таа информација со други претставници на меѓународната заедница, кои ја отфрлија како руска дезинформација.

Сите останати велеа дека тоа е дистрибуција на лажни вести, рече Брнабиќ во емисијата „Хит твит“ коментирајќи ја средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот амбасадор во Белград Александар Боцан-Харченко.

The post Брнабиќ: Руските служби имаа информации дека се подготвуваат немири во Србија appeared first on Република.

]]>

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека руските безбедносни служби имале информации за подготовка на немири во Србија. Ана Брнабиќ потсети дека уште пред изборите предупредила дека дел од опозицијата ќе се обиде да ги оспори изборните резултати и да ја преземе власта во Србија со насилни средства, што кулминираше со напад на градското собрание во Белград. Брнабиќ им се заблагодари на руските безбедносни служби кои ги споделиле информациите до кои дошле. Веројатно нема да биде популарно Западот, но особено вечерва чувствувам дека е важно да застанам во одбрана на Србија и да им се заблагодарам на руските безбедносни служби кои ги имаа тие информации и ги споделија со нас, рече Брнабиќ. Српските државни власти потоа ја споделија таа информација со други претставници на меѓународната заедница, кои ја отфрлија како руска дезинформација. Сите останати велеа дека тоа е дистрибуција на лажни вести, рече Брнабиќ во емисијата „Хит твит“ коментирајќи ја средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот амбасадор во Белград Александар Боцан-Харченко.

The post Брнабиќ: Руските служби имаа информации дека се подготвуваат немири во Србија appeared first on Република.

]]>
38 приведени во синоќешните немири во Белград https://republika.mk/vesti/balkan/38-privedeni-vo-sinokeshnite-nemiri-vo-belgrad/ Mon, 25 Dec 2023 09:38:43 +0000 https://republika.mk/?p=726415

Началникот на полициската управа на српската полиција, Ивица Ивковиќ денеска изјави дека при синоќешните инциденти и обидот за насилен влез на бунтовници во просториите на Градското собрание, припадници на Министерството за внатрешни работи кривично гонат 38 лица, прибирањето докази продолжува и дека оваа бројка сигурно ќе се зголемува во текот на денот.

Тие се товарат за обид за насилна промена на уставното уредување и насилничко однесување. Тој истакна дека припадниците на Министерството биле крајно воздржани и го издржале нападот цели три часа.

Употребата на полициските единици била исклучиво во согласност со законот на начин предвиден со модерен полициски закон, изјави тој за РТС.

Студенти и млади луѓе кои учествуваат на протестите поради, како што тврдат, кражба на изборите на 17 декември, за денеска најавија шестчасовна сообраќајна блокада на две локации во Белград.

Тие ги повикаа граѓаните да се соберат во 11 часот пред Министерството за државна управа и локална самоуправа, од кои бараат да се овозможи проверка на избирачкиот список, јави Бета.

The post 38 приведени во синоќешните немири во Белград appeared first on Република.

]]>

Началникот на полициската управа на српската полиција, Ивица Ивковиќ денеска изјави дека при синоќешните инциденти и обидот за насилен влез на бунтовници во просториите на Градското собрание, припадници на Министерството за внатрешни работи кривично гонат 38 лица, прибирањето докази продолжува и дека оваа бројка сигурно ќе се зголемува во текот на денот. Тие се товарат за обид за насилна промена на уставното уредување и насилничко однесување. Тој истакна дека припадниците на Министерството биле крајно воздржани и го издржале нападот цели три часа.
Употребата на полициските единици била исклучиво во согласност со законот на начин предвиден со модерен полициски закон, изјави тој за РТС.
Студенти и млади луѓе кои учествуваат на протестите поради, како што тврдат, кражба на изборите на 17 декември, за денеска најавија шестчасовна сообраќајна блокада на две локации во Белград. Тие ги повикаа граѓаните да се соберат во 11 часот пред Министерството за државна управа и локална самоуправа, од кои бараат да се овозможи проверка на избирачкиот список, јави Бета.

The post 38 приведени во синоќешните немири во Белград appeared first on Република.

]]>
Жесток судир со полицијата во Даблин по напад во кој маж повредил петмина со нож, од кои три деца https://republika.mk/vesti/svet/zhestok-sudir-so-politsijata-vo-dablin-po-napad-vo-koj-mazh-povredil-petmina-so-nozh-od-koi-tri-detsa/ Thu, 23 Nov 2023 20:40:56 +0000 https://republika.mk/?p=715658

Во Даблин вечерва дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата по напад во кој едно лице со нож повреди пет лица, односно двајца возрасни и три деца, јавува Би-би-си.

Вечерва, полицајците употребија штитови и палки откако се собра толпа, додека неколку полициски возила биле оштетени. Ирскиот премиер Лео Варадкар изјави дека се распоредени дополнителни полициски сили. Комесарот на Гардата (Полиција) Дру Харис ја обвини за насилството „лудата, хулиганска фракција“, која учествувала во насилствата додека полицијата се обидувала да го заштити местото на злосторството.

 

 

„Бараме од луѓето да се однесуваат одговорно, да не слушаат дезинформации и гласини кои кружат на социјалните мрежи“, им рече тој на новинарите.

„Знаеме што се случи, но мотивот за ова е целосно нејасен, тоа е „независен напад““, додаде премиерот.

На претходната прес-конференција помошникот Лиам Герати изјави дека тешко повреденото девојче добило итна помош во болница, додека другото девојче и момче се полесно повредени. Тој додаде дека иако истрагата е сè уште во рана фаза, полицајците се уверени дека нема „активност поврзана со тероризам“ и дека се чини дека станува збор за „независен напад“.

Инаку, ирската полиција приведе маж откако три деца и двајца возрасни се повредени во напад со нож пред основно училиште во центарот на Даблин, пренесува Дејли Меил.

Инцидентот се случил околу 13 часот и 30 минути пред училиште во фреквентен дел на главниот град на Ирска.

Полицијата соопшти дека петгодишно девојче, жена на 30-годишна возраст и маж на 50-годишна возраст се тешко повредени. Девојчето добило итна медицинска помош. На петгодишно момче и шестгодишно девојче им била укажана помош со полесни повреди. Момчето било пуштено од болница.

Полицијата го третира нападот како „независен“ инцидент и не го смета за „поврзан со тероризам“, се вели на прес-конференцијата.

Маж на околу 50 години е приведен и полицијата во овој момент не бара никој друг. Полицијата апелира до сите кои имаат информации за инцидентот, вклучително и снимки од мобилните телефони од нападот и неговите последици, да се јават.

Полицијата ги пофали случајните минувачи кои интервенирале во, како што се вели, трауматичен и опасен инцидент.

Комесарот на Гарда, Дру Харис, рече дека е премногу рано да се зборува за мотивот.

„Едно лице е уапсено, не бараме никој друг во овој момент во врска со самиот инцидент, но истрагата очигледно ќе продолжи“, рече Харис, кој одби да ја коментира националноста на осомничениот, иако забележал „огромен број“ на шпекулации на интернет.

Толпа луѓе се собраа во близина на местото попладнево и го прекинаа автобускиот и трамвајскиот сообраќај. Антимигрантските активисти повикаа на протест подоцна во вечерните часови.

Нападот наводно се случил кога учениците го напуштиле училиштето. Случајни минувачи го разоружале осомничениот и го приклештиле на земја, а неколкумина го клоцале, изјавил Сибан Керни, кој бил сведок на овој немил настан.

„Луѓето се обидуваа да го нападнат човекот. Така јас и една американска дама формиравме прстен околу него велејќи дека ќе ја чекаме Гардата“, рече таа.

Другиот маж го чувал ножот за да се врати во полиција, рече таа.

Брза помош и други служби за итна помош пристигнале за неколку минути. Улиците биле затворени, а областа е прогласена за место на злосторство.

Ирскиот премиер Лео Варадкар изјави дека е шокиран од нападот.

„Голем број луѓе беа повредени, вклучително и деца. Нашите мисли и молитви се за нив и нивните семејства“, рече тој.

Варадкар им се заблагодари на службите за итни случаи за, како што рече, брзата реакција. „Гарда уапси осомничен и следи конкретна линија на истрага“.

Министерката за правда Хелен Мекенти го нарече инцидентот „напад на самата невиност“ и изрази доверба во истрагата.

„Овој напад нѐ шокираше сите и не се сомневам дека одговорниот ќе биде изведен пред лицето на правдата“, рече таа.

The post Жесток судир со полицијата во Даблин по напад во кој маж повредил петмина со нож, од кои три деца appeared first on Република.

]]>

Во Даблин вечерва дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата по напад во кој едно лице со нож повреди пет лица, односно двајца возрасни и три деца, јавува Би-би-си. Вечерва, полицајците употребија штитови и палки откако се собра толпа, додека неколку полициски возила биле оштетени. Ирскиот премиер Лео Варадкар изјави дека се распоредени дополнителни полициски сили. Комесарот на Гардата (Полиција) Дру Харис ја обвини за насилството „лудата, хулиганска фракција“, која учествувала во насилствата додека полицијата се обидувала да го заштити местото на злосторството.  
 
„Бараме од луѓето да се однесуваат одговорно, да не слушаат дезинформации и гласини кои кружат на социјалните мрежи“, им рече тој на новинарите.
„Знаеме што се случи, но мотивот за ова е целосно нејасен, тоа е „независен напад““, додаде премиерот.
На претходната прес-конференција помошникот Лиам Герати изјави дека тешко повреденото девојче добило итна помош во болница, додека другото девојче и момче се полесно повредени. Тој додаде дека иако истрагата е сè уште во рана фаза, полицајците се уверени дека нема „активност поврзана со тероризам“ и дека се чини дека станува збор за „независен напад“. Инаку, ирската полиција приведе маж откако три деца и двајца возрасни се повредени во напад со нож пред основно училиште во центарот на Даблин, пренесува Дејли Меил. Инцидентот се случил околу 13 часот и 30 минути пред училиште во фреквентен дел на главниот град на Ирска. Полицијата соопшти дека петгодишно девојче, жена на 30-годишна возраст и маж на 50-годишна возраст се тешко повредени. Девојчето добило итна медицинска помош. На петгодишно момче и шестгодишно девојче им била укажана помош со полесни повреди. Момчето било пуштено од болница. Полицијата го третира нападот како „независен“ инцидент и не го смета за „поврзан со тероризам“, се вели на прес-конференцијата. Маж на околу 50 години е приведен и полицијата во овој момент не бара никој друг. Полицијата апелира до сите кои имаат информации за инцидентот, вклучително и снимки од мобилните телефони од нападот и неговите последици, да се јават. Полицијата ги пофали случајните минувачи кои интервенирале во, како што се вели, трауматичен и опасен инцидент. Комесарот на Гарда, Дру Харис, рече дека е премногу рано да се зборува за мотивот. „Едно лице е уапсено, не бараме никој друг во овој момент во врска со самиот инцидент, но истрагата очигледно ќе продолжи“, рече Харис, кој одби да ја коментира националноста на осомничениот, иако забележал „огромен број“ на шпекулации на интернет. Толпа луѓе се собраа во близина на местото попладнево и го прекинаа автобускиот и трамвајскиот сообраќај. Антимигрантските активисти повикаа на протест подоцна во вечерните часови. Нападот наводно се случил кога учениците го напуштиле училиштето. Случајни минувачи го разоружале осомничениот и го приклештиле на земја, а неколкумина го клоцале, изјавил Сибан Керни, кој бил сведок на овој немил настан. „Луѓето се обидуваа да го нападнат човекот. Така јас и една американска дама формиравме прстен околу него велејќи дека ќе ја чекаме Гардата“, рече таа. Другиот маж го чувал ножот за да се врати во полиција, рече таа. Брза помош и други служби за итна помош пристигнале за неколку минути. Улиците биле затворени, а областа е прогласена за место на злосторство. Ирскиот премиер Лео Варадкар изјави дека е шокиран од нападот. „Голем број луѓе беа повредени, вклучително и деца. Нашите мисли и молитви се за нив и нивните семејства“, рече тој. Варадкар им се заблагодари на службите за итни случаи за, како што рече, брзата реакција. „Гарда уапси осомничен и следи конкретна линија на истрага“. Министерката за правда Хелен Мекенти го нарече инцидентот „напад на самата невиност“ и изрази доверба во истрагата. „Овој напад нѐ шокираше сите и не се сомневам дека одговорниот ќе биде изведен пред лицето на правдата“, рече таа.

The post Жесток судир со полицијата во Даблин по напад во кој маж повредил петмина со нож, од кои три деца appeared first on Република.

]]>
ЕВН: Кражбата на струја во Слупчане е 80, а наплатата само 20 проценти https://republika.mk/vesti/ekonomija/evn-krazhbata-na-struja-vo-slupchane-e-80-a-naplatata-samo-20-protsenti/ Thu, 06 Jul 2023 08:29:26 +0000 https://republika.mk/?p=658584

Жителите на липковските села Оризаре, Ваксинце и Лојане денеска се без електрична енергија, поради дефект, кој како што соопштија од ЕВН го предизвикале жители на Слупчане кои насилно и противзаконски влегле во енергетски објект, обидувајќи се сами да го вратат напојувањето.

Од ЕВН во денешното соопштение до медиумите, информираа дека во вчерашните доцни часови, лица од Слупчане насилно и противзаконски отвориле голем енергетски објект во припадност на електродистрибуција во обид сами да го вратат напојувањето со електрична енергија во селото.

По ваквиот обид на самоволно противправно приклучување, предизвикан е дефект од големи размери кој ги остави и соседните села без струја. Ваквите манипулации од нестручни лица се крајно небезбедни може да имаат многу трагичен крај со смртни последици. Село Оризаре, Ваксинце и Лојане денес се соочуваат со дефект благодарение на жители од село Слупчане, велат од ЕВН.

Електродистрибуција во соопштението укажува дека мештаните на Слупчане не дозволуваат операторот на дистрибутивниот систем да ги исполни своите законски обврски да ја одржува, надградува и да постави системи за точно мерење на електричната енергија.

Екипите на електродистрибуција не може да го санираат дефектот сè додека не добијат цврсти гаранции дека ќе се овозможат нормални услови за работа. Дефекти предизвикани од неовластени манипулации како во случајов, одземаат многу време да се санираат. Кражбите на електрична енергија во ова село се 80, а наплатата е само 20 проценти, велат од ЕВН.

Вчера жителите на Слупчане со запалени гуми го блокираа влезот на селото и не дозволија екипи на ЕВН да извршат интервенции.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zhitelite-na-slupchane-so-palene-na-gumi-na-patot-go-blokiraa-vlezot-na-ekipite-na-evn/

The post ЕВН: Кражбата на струја во Слупчане е 80, а наплатата само 20 проценти appeared first on Република.

]]>

Жителите на липковските села Оризаре, Ваксинце и Лојане денеска се без електрична енергија, поради дефект, кој како што соопштија од ЕВН го предизвикале жители на Слупчане кои насилно и противзаконски влегле во енергетски објект, обидувајќи се сами да го вратат напојувањето. Од ЕВН во денешното соопштение до медиумите, информираа дека во вчерашните доцни часови, лица од Слупчане насилно и противзаконски отвориле голем енергетски објект во припадност на електродистрибуција во обид сами да го вратат напојувањето со електрична енергија во селото.
По ваквиот обид на самоволно противправно приклучување, предизвикан е дефект од големи размери кој ги остави и соседните села без струја. Ваквите манипулации од нестручни лица се крајно небезбедни може да имаат многу трагичен крај со смртни последици. Село Оризаре, Ваксинце и Лојане денес се соочуваат со дефект благодарение на жители од село Слупчане, велат од ЕВН.
Електродистрибуција во соопштението укажува дека мештаните на Слупчане не дозволуваат операторот на дистрибутивниот систем да ги исполни своите законски обврски да ја одржува, надградува и да постави системи за точно мерење на електричната енергија.
Екипите на електродистрибуција не може да го санираат дефектот сè додека не добијат цврсти гаранции дека ќе се овозможат нормални услови за работа. Дефекти предизвикани од неовластени манипулации како во случајов, одземаат многу време да се санираат. Кражбите на електрична енергија во ова село се 80, а наплатата е само 20 проценти, велат од ЕВН.
Вчера жителите на Слупчане со запалени гуми го блокираа влезот на селото и не дозволија екипи на ЕВН да извршат интервенции. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zhitelite-na-slupchane-so-palene-na-gumi-na-patot-go-blokiraa-vlezot-na-ekipite-na-evn/

The post ЕВН: Кражбата на струја во Слупчане е 80, а наплатата само 20 проценти appeared first on Република.

]]>
Речиси 90 отсто од Французите ги осудуваат нападите врз полицијата https://republika.mk/vesti/svet/rechisi-90-otsto-od-frantsuzite-gi-osuduvaat-napadite-vrz-politsijata/ Wed, 05 Jul 2023 13:07:24 +0000 https://republika.mk/?p=658395

Приближно 89 отсто од Французите се противат на насилните дејствија против полицајците во екот на безредијата предизвикани со полициското убиство на тинејџер, произлегува од анкетата на истражувачкиот центар Elabe, што ја објави каналот BFMTV.

Минатиот вторник полицаец застрела 17-годишен тинејџер во текот на сообраќајна контрола во париското предградие Нантер, којшто, според безбедносните службеници, одбил да ги почитува нивните барања и нагло го стартувал скапиот и моќен автомобил. Во бројни градови ширум Франција избувнаа насилни безредија кои траат веќе неколку дена. Според полицијата, низ земјата младите запалите околу 3.800 автомобили, како и полициски и владини згради, од почетокот на погромите нападнати се околу сто градски институции. Според Министерството за економија, ограбени се повеќе од 1.000 малопродажни места, околу 370 филијали на банки, 200 продавнции за намирници, 436 киосци и околу 10 трговски центри.

Обвинувањата за чиновите на насилство се едногласни, без оглед на категоријата на населението и полтичките ставови. Поточно, 93 отсто пд Французите ги осудуваат нападите врз јавни зданија и 89 отсто против полицијата“, се вели во информацијата.

Се истакнува дека 20 отсто од испитаниците тврдат дека имаат разбирање од што е предизвикано насилството врз полицијата, а 14 отсто истовремено и го осудуваат и сфаќаат насилството врз полицијата.

Смртта на тинејџерот кој беше застрелан од полицаец кој беше приведен минатата седмица и сега е под истрага, 89 отсто од Францизите ја гледаат како изговор за повеќето демонстранти за безредијата, се наведува во прилогот.

Анкетираните како главни причини за бранот насилства ги наведуваат недоволната родителска контрола – 68 отсто, недоволно остриот судски систем – 55 отсто и трговијата со дроги во некои картови – 43 отсто.

Истражувањето било спроведено на 3-ти и 4-ти јули врз примерок од илјада полнолетни испитаници, а е со маргина на грешка од плус/минус 3,1 отсто.

The post Речиси 90 отсто од Французите ги осудуваат нападите врз полицијата appeared first on Република.

]]>

Приближно 89 отсто од Французите се противат на насилните дејствија против полицајците во екот на безредијата предизвикани со полициското убиство на тинејџер, произлегува од анкетата на истражувачкиот центар Elabe, што ја објави каналот BFMTV. Минатиот вторник полицаец застрела 17-годишен тинејџер во текот на сообраќајна контрола во париското предградие Нантер, којшто, според безбедносните службеници, одбил да ги почитува нивните барања и нагло го стартувал скапиот и моќен автомобил. Во бројни градови ширум Франција избувнаа насилни безредија кои траат веќе неколку дена. Според полицијата, низ земјата младите запалите околу 3.800 автомобили, како и полициски и владини згради, од почетокот на погромите нападнати се околу сто градски институции. Според Министерството за економија, ограбени се повеќе од 1.000 малопродажни места, околу 370 филијали на банки, 200 продавнции за намирници, 436 киосци и околу 10 трговски центри.
Обвинувањата за чиновите на насилство се едногласни, без оглед на категоријата на населението и полтичките ставови. Поточно, 93 отсто пд Французите ги осудуваат нападите врз јавни зданија и 89 отсто против полицијата“, се вели во информацијата.
Се истакнува дека 20 отсто од испитаниците тврдат дека имаат разбирање од што е предизвикано насилството врз полицијата, а 14 отсто истовремено и го осудуваат и сфаќаат насилството врз полицијата.
Смртта на тинејџерот кој беше застрелан од полицаец кој беше приведен минатата седмица и сега е под истрага, 89 отсто од Францизите ја гледаат како изговор за повеќето демонстранти за безредијата, се наведува во прилогот.
Анкетираните како главни причини за бранот насилства ги наведуваат недоволната родителска контрола – 68 отсто, недоволно остриот судски систем – 55 отсто и трговијата со дроги во некои картови – 43 отсто. Истражувањето било спроведено на 3-ти и 4-ти јули врз примерок од илјада полнолетни испитаници, а е со маргина на грешка од плус/минус 3,1 отсто.

The post Речиси 90 отсто од Французите ги осудуваат нападите врз полицијата appeared first on Република.

]]>
Над милијарда евра е штетата од уличните немири во Франција https://republika.mk/vesti/svet/nad-milijarda-evra-e-shtetata-od-ulichnite-nemiri-vo-frantsija/ Tue, 04 Jul 2023 07:33:06 +0000 https://republika.mk/?p=657896

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе се сретне со повеќе од 200 градоначалници на градовите што го издржаа бранот насилство што ја потресе земјата, по смртоносното полициско убиство на тинејџер од пред една недела.

Макрон ќе изрази солидарност со локалните власти погодени од немирите, во кои беа запалени продавници и јавни згради, вандализирани и ограбени бизниси и запалени возила и канти за ѓубре. Владата соопшти дека ќе понуди помош за поправка на оштетените јавни институции.

Макрон, синоќа, заедно со министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманин, ја посети полициската станица во Париз во знак на поддршка за безбедносните сили, јави телевизијата БФМТВ.

Во текот на изминатата недела во немирите низ Франција беа упасени повеќе од 3 400 лица, а 684 полицајци и пожарникари беа повредени, наведуваат владини извори.

Секоја вечер околу 45 000 полицајци се распоредуваат низ целата земја за одржување на редот и мирот.

Но, иако тензиите и натаму се присутни, од неделата полека почна да се намалува насилството на улиците. Синоќа и утринава немаше поголеми изливи на насилство.

Во меѓувреме почнаа да се пресметуваат и економските трошоци. Жефрој Ру де Безие, шеф на француското здружение на работодавачи Медеф, предизвиканата штета во насилствата ја проценува на над една милијарда евра.

Прерано е да се даде точна бројка, но таа е над милијарда евра, не земајќи ги предвид штетите во туризмот“, изјави тој синоќа за весникот „Паризиен“.

The post Над милијарда евра е штетата од уличните немири во Франција appeared first on Република.

]]>

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе се сретне со повеќе од 200 градоначалници на градовите што го издржаа бранот насилство што ја потресе земјата, по смртоносното полициско убиство на тинејџер од пред една недела. Макрон ќе изрази солидарност со локалните власти погодени од немирите, во кои беа запалени продавници и јавни згради, вандализирани и ограбени бизниси и запалени возила и канти за ѓубре. Владата соопшти дека ќе понуди помош за поправка на оштетените јавни институции. Макрон, синоќа, заедно со министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманин, ја посети полициската станица во Париз во знак на поддршка за безбедносните сили, јави телевизијата БФМТВ. Во текот на изминатата недела во немирите низ Франција беа упасени повеќе од 3 400 лица, а 684 полицајци и пожарникари беа повредени, наведуваат владини извори. Секоја вечер околу 45 000 полицајци се распоредуваат низ целата земја за одржување на редот и мирот. Но, иако тензиите и натаму се присутни, од неделата полека почна да се намалува насилството на улиците. Синоќа и утринава немаше поголеми изливи на насилство. Во меѓувреме почнаа да се пресметуваат и економските трошоци. Жефрој Ру де Безие, шеф на француското здружение на работодавачи Медеф, предизвиканата штета во насилствата ја проценува на над една милијарда евра.
Прерано е да се даде точна бројка, но таа е над милијарда евра, не земајќи ги предвид штетите во туризмот“, изјави тој синоќа за весникот „Паризиен“.

The post Над милијарда евра е штетата од уличните немири во Франција appeared first on Република.

]]>
Доста е, порача бабата на убиениот тинејџер, поради кој почна хаосот во Франција https://republika.mk/vesti/svet/dosta-e-poracha-babata-na-ubieniot-tinejdher-poradi-koj-pochna-haosot-vo-frantsija/ Sun, 02 Jul 2023 15:24:03 +0000 https://republika.mk/?p=657477

Бабата на момчето убиено во Франција. Нахел М, Надија, повика на смиреност по петтата ноќ на немири низ Франција што избувнаа откако полицијата го уби нејзиниот 17-годишен внук.

Не сакам да уништуваат продавници, автобуси и училишта. Тие го користат Нахел како изговор. Сакаме работите да се смират“, изјави Надја за ТВ БФМ.

Таа повика на смиреност и прекин на немирите, додавајќи: „Не ги уништувајте училиштата, не ги уништувајте автобусите. Има и други мајки кои ги користат тие автобуси“.

Таа претходно изјави дека демонстрантите ја искористиле смртта на Нахел како изговор за дивеење.

Во вторникот наутро, Нахел беше смртно застрелан во градите, од непосредна близина, зад воланот, бидејќи се обидел да избега при полициска сообраќајна контрола.

 

The post Доста е, порача бабата на убиениот тинејџер, поради кој почна хаосот во Франција appeared first on Република.

]]>

Бабата на момчето убиено во Франција. Нахел М, Надија, повика на смиреност по петтата ноќ на немири низ Франција што избувнаа откако полицијата го уби нејзиниот 17-годишен внук.
Не сакам да уништуваат продавници, автобуси и училишта. Тие го користат Нахел како изговор. Сакаме работите да се смират“, изјави Надја за ТВ БФМ.
Таа повика на смиреност и прекин на немирите, додавајќи: „Не ги уништувајте училиштата, не ги уништувајте автобусите. Има и други мајки кои ги користат тие автобуси“. Таа претходно изјави дека демонстрантите ја искористиле смртта на Нахел како изговор за дивеење. Во вторникот наутро, Нахел беше смртно застрелан во градите, од непосредна близина, зад воланот, бидејќи се обидел да избега при полициска сообраќајна контрола.  

The post Доста е, порача бабата на убиениот тинејџер, поради кој почна хаосот во Франција appeared first on Република.

]]>
Денеска ќе биде погребано момчето чија смрт ја крена Франција на нозе https://republika.mk/vesti/svet/deneska-ke-bide-pogrebano-momcheto-chija-smrt-ja-krena-frantsija-na-noze/ Sat, 01 Jul 2023 10:04:01 +0000 https://republika.mk/?p=657071

Денеска ќе биде погребан 17-годишниот Наел М., чија смрт ги предизвика насилните протести во Франција. Неговото семејството побара од медиумите и јавноста да не присуствуваат на погребот во Нантер.

Наел живеел со неговата мајка во Нантер, некогаш најголемиот центар за алжирски имигранти. Тој никогаш не го запознал неовиот татко. Работел како доставувач. Се запишал во средно училиште за да стане електричар, но, како што пишуваат медиумите, но не одел на настава. Затоа бил вклучен во посебна програма на невладина организација која се занимава со социјална интеграција на тинејџери кои имале проблеми на училиште.

Оваа организација соопшти дека Наел не се занимавал со малолетничка деликвенција, но полицијата во 2021 година неколку пати го запирала во автомобилот со кој доставувал пратки.

Тој бил обвинет и за злоупотреба на привремената возачка дозвола, бидејќи во Франција е дозволено да се вози без придружба над 18 години.

Минатиот вторник Наел тргнал на последното возење, кога полицаец го застрелал додека бил во автомобилот со уште две лица.

Обвинителот на Нантер рече дека врз основа на доказите од истрагата што ја водел, употребата на оружје од страна на полицаецот „не е оправдана“ и дека ќе биде обвинет за убиство од небрежност, пренесуваат француските медиуми.

Тој најави и дека токсиколошката истрага не покажала дека 17-годишниот возач бил под дејство на алкохол или дрога, како и неговата сопатничка, додека се трага по третото лице кое било во автомобилот и побегнало.

Мајката на Наел раскажа за последниот ден од неговиот живот, сеќавајќи се дека тој ја бакал пред да замине на работа и ѝ рекол: „Те сакам мамо“.

Зборувајќи за 38-годишниот полицаец обвинет за убиството на нејзиниот син, мајката на Наел изјавила:

-Не мораше да го убие син ми, имало и други начини како да се справи со него.

The post Денеска ќе биде погребано момчето чија смрт ја крена Франција на нозе appeared first on Република.

]]>

Денеска ќе биде погребан 17-годишниот Наел М., чија смрт ги предизвика насилните протести во Франција. Неговото семејството побара од медиумите и јавноста да не присуствуваат на погребот во Нантер. Наел живеел со неговата мајка во Нантер, некогаш најголемиот центар за алжирски имигранти. Тој никогаш не го запознал неовиот татко. Работел како доставувач. Се запишал во средно училиште за да стане електричар, но, како што пишуваат медиумите, но не одел на настава. Затоа бил вклучен во посебна програма на невладина организација која се занимава со социјална интеграција на тинејџери кои имале проблеми на училиште. Оваа организација соопшти дека Наел не се занимавал со малолетничка деликвенција, но полицијата во 2021 година неколку пати го запирала во автомобилот со кој доставувал пратки. Тој бил обвинет и за злоупотреба на привремената возачка дозвола, бидејќи во Франција е дозволено да се вози без придружба над 18 години. Минатиот вторник Наел тргнал на последното возење, кога полицаец го застрелал додека бил во автомобилот со уште две лица. Обвинителот на Нантер рече дека врз основа на доказите од истрагата што ја водел, употребата на оружје од страна на полицаецот „не е оправдана“ и дека ќе биде обвинет за убиство од небрежност, пренесуваат француските медиуми. Тој најави и дека токсиколошката истрага не покажала дека 17-годишниот возач бил под дејство на алкохол или дрога, како и неговата сопатничка, додека се трага по третото лице кое било во автомобилот и побегнало. Мајката на Наел раскажа за последниот ден од неговиот живот, сеќавајќи се дека тој ја бакал пред да замине на работа и ѝ рекол: „Те сакам мамо“. Зборувајќи за 38-годишниот полицаец обвинет за убиството на нејзиниот син, мајката на Наел изјавила: -Не мораше да го убие син ми, имало и други начини како да се справи со него.

The post Денеска ќе биде погребано момчето чија смрт ја крена Франција на нозе appeared first on Република.

]]>
Тотален хаос во Франција: Демолирани излози, запалени автомобили, ограбени продавници… https://republika.mk/vesti/svet/totalen-haos-vo-frantsija-demolirani-izlozi-zapaleni-avtomobili-ograbeni-prodavnitsi/ Fri, 30 Jun 2023 17:02:40 +0000 https://republika.mk/?p=656958

Повеќе од 249 полицајци се повредени, а како што, пред кризната седница на Владата, соопшти претседателот Емануел Макрон, оштетени се 492 објекти, изгорени се 2.000 возила и подметнати се 3.880 пожари. Продавници биле ограбени, а автомобили запалени и покрај силното полициско присуство. Франција распореди 40.000 полицајци низ целата земја, но тоа не го спречи избувнувањето на насилството.

Немирите почнаа во вторникот, откако полицаец застрела и уби 17-годишно момче од алжирско-мароканско потекло, Нахел М, кое се обидело да се оддалечи кога бил запрен од полицијата. Полицаецот кој пукал во Нахел му се извинил на семејството. Тој е обвинет за убиство, а неговиот адвокат тврди дека е „уништен“.

https://republika.mk/vesti/svet/koj-beshe-nahel-mladiot-chovek-chija-smrt-ja-zapali-frantsija/

Градоначалникот на Нантер, Патрик Жари, се обрати на пресот по средбата со францускиот премиер и членовите на владата. Тој рече дека на средбата ги пренел емоциите и гневот на граѓаните кои се чувствуваат последните денови.

Мораме да продолжиме да го поддржуваме семејството на Нахел и неговата мајка, кои ќе присуствуваат на погребот на нејзиниот син во сабота“, изјави тој.

Тој вели дека во моментов не планира воведување полициски час, туку дека приоритет е деескалација на насилството.

Мораме да продолжиме, мора да бидеме тука, да бидеме еден со друг и да разговараме еден со друг“, додаде тој.

Францускиот претседател Емануел Макрон објави куса изјава за јавноста во која рече дека смртта на младиот Нахел М. е „инструментализирана“ и ја осудува „неприфатливата експлоатација на смртта на адолесцент“.

Тој го осуди насилството „најостро што може“, додавајќи дека „актуелната ситуација е неприфатлива и неоправдана“. Тој не прогласи вонредна состојба, туку најави голем број мерки и предлози насочени кон борба против насилството.

Макрон на тој начин најави дека ќе испрати уште повеќе полицајци на улица. Тој додаде дека родителите не треба да ги пуштаат малолетниците на улица навечер. Тој тврди дека „не е одговорност на државата, туку на родителите да ги држат децата подалеку од нередите“.

Тој рече дека социјалните мрежи исто така одиграле улога во поттикнувањето насилство и дека ќе побара отстранување на „најчувствителните видови“ содржини.

The post Тотален хаос во Франција: Демолирани излози, запалени автомобили, ограбени продавници… appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 249 полицајци се повредени, а како што, пред кризната седница на Владата, соопшти претседателот Емануел Макрон, оштетени се 492 објекти, изгорени се 2.000 возила и подметнати се 3.880 пожари. Продавници биле ограбени, а автомобили запалени и покрај силното полициско присуство. Франција распореди 40.000 полицајци низ целата земја, но тоа не го спречи избувнувањето на насилството. Немирите почнаа во вторникот, откако полицаец застрела и уби 17-годишно момче од алжирско-мароканско потекло, Нахел М, кое се обидело да се оддалечи кога бил запрен од полицијата. Полицаецот кој пукал во Нахел му се извинил на семејството. Тој е обвинет за убиство, а неговиот адвокат тврди дека е „уништен“. https://republika.mk/vesti/svet/koj-beshe-nahel-mladiot-chovek-chija-smrt-ja-zapali-frantsija/ Градоначалникот на Нантер, Патрик Жари, се обрати на пресот по средбата со францускиот премиер и членовите на владата. Тој рече дека на средбата ги пренел емоциите и гневот на граѓаните кои се чувствуваат последните денови.
Мораме да продолжиме да го поддржуваме семејството на Нахел и неговата мајка, кои ќе присуствуваат на погребот на нејзиниот син во сабота“, изјави тој.
Тој вели дека во моментов не планира воведување полициски час, туку дека приоритет е деескалација на насилството.
Мораме да продолжиме, мора да бидеме тука, да бидеме еден со друг и да разговараме еден со друг“, додаде тој.
Францускиот претседател Емануел Макрон објави куса изјава за јавноста во која рече дека смртта на младиот Нахел М. е „инструментализирана“ и ја осудува „неприфатливата експлоатација на смртта на адолесцент“. Тој го осуди насилството „најостро што може“, додавајќи дека „актуелната ситуација е неприфатлива и неоправдана“. Тој не прогласи вонредна состојба, туку најави голем број мерки и предлози насочени кон борба против насилството. Макрон на тој начин најави дека ќе испрати уште повеќе полицајци на улица. Тој додаде дека родителите не треба да ги пуштаат малолетниците на улица навечер. Тој тврди дека „не е одговорност на државата, туку на родителите да ги држат децата подалеку од нередите“. Тој рече дека социјалните мрежи исто така одиграле улога во поттикнувањето насилство и дека ќе побара отстранување на „најчувствителните видови“ содржини.

The post Тотален хаос во Франција: Демолирани излози, запалени автомобили, ограбени продавници… appeared first on Република.

]]>
Американската амбасада во Париз ги предупреди Американците во Франција да избегнуваат места на масовни собири https://republika.mk/vesti/svet/amerikanskata-ambasada-vo-pariz-gi-predupredi-amerikantsite-vo-frantsija-da-izbegnuvaat-mesta-na-masovni-sobiri/ Fri, 30 Jun 2023 14:02:43 +0000 https://republika.mk/?p=656900

Амбасадата на САД во Париз издаде безбедносно предупредување во врска со „потенцијално насилни протести“.

Од амбасадата ги повикуваат своите граѓани да избегнуваат масовни собири и области на значителна полициска активност.

Речиси 250 полицајци се повредени во Франција во насилните протести, кои избувнаа откако полицијата уби 17-годишен тинејџер за време на сообраќаен прекин, објавви Министерството за внатрешни работи.

The post Американската амбасада во Париз ги предупреди Американците во Франција да избегнуваат места на масовни собири appeared first on Република.

]]>

Амбасадата на САД во Париз издаде безбедносно предупредување во врска со „потенцијално насилни протести“. Од амбасадата ги повикуваат своите граѓани да избегнуваат масовни собири и области на значителна полициска активност. Речиси 250 полицајци се повредени во Франција во насилните протести, кои избувнаа откако полицијата уби 17-годишен тинејџер за време на сообраќаен прекин, објавви Министерството за внатрешни работи.

The post Американската амбасада во Париз ги предупреди Американците во Франција да избегнуваат места на масовни собири appeared first on Република.

]]>