негователка Archives - Република https://republika.mk/tema/negovatelka/ За подобро да се разбереме Mon, 08 Aug 2022 08:29:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png негователка Archives - Република https://republika.mk/tema/negovatelka/ 32 32 Негователка се сопнала и паднала со дете во раце, на родителите никој не им кажал https://republika.mk/vesti/crna-hronika/negovatelka-se-sopnala-i-padnala-so-dete-vo-race-na-roditelite-nikoj-ne-im-kazal/ Sun, 07 Aug 2022 15:57:52 +0000 https://republika.mk/?p=537706

Во саботата вечер во 21:50 часот во Полициската станица Карпош, Р.Т.(38) од Скопје пријавил дека на 03.08.2022 околу 17:00 часот, откако го земал неговото дете од приватна детска градинка на булевар „Илинден“ забележал дека со детето нешто не било во ред.

Според пријавеното, тој контактирал со градинката и го известиле дека една од вработените додека го носела детето се сопнала и паднала, за што го информирале управителот, но не и родителите.

Во приватна болница во Скопје била констатирана тешка телесна повреда кај детето.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

The post Негователка се сопнала и паднала со дете во раце, на родителите никој не им кажал appeared first on Република.

]]>

Во саботата вечер во 21:50 часот во Полициската станица Карпош, Р.Т.(38) од Скопје пријавил дека на 03.08.2022 околу 17:00 часот, откако го земал неговото дете од приватна детска градинка на булевар „Илинден“ забележал дека со детето нешто не било во ред. Според пријавеното, тој контактирал со градинката и го известиле дека една од вработените додека го носела детето се сопнала и паднала, за што го информирале управителот, но не и родителите. Во приватна болница во Скопје била констатирана тешка телесна повреда кај детето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Негователка се сопнала и паднала со дете во раце, на родителите никој не им кажал appeared first on Република.

]]>
Негователката била пијана кога го врзала едно од децата за кревет https://republika.mk/vesti/makedonija/negovatelkata-bila-pijana-koga-go-vrzala-edno-od-decata-za-krevet/ Fri, 10 Jun 2022 09:16:15 +0000 https://republika.mk/?p=513473

Вработена во Домот за доенчиња и мали деца во Битола за време на работа во алкохолизирана состојба врзала едно од децата во вреќа за спиење за кревет, а другите ги запоставила, констатирал Народниот правобранител, постапувајќи по предмет по сопствена иницијатива по непосреден увид во установата.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsena-negovatelka-od-mal-grupen-dom-vo-bitola/

Омбудсманот соопшти дека во разговор со директорот и правникот на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца Битола, како и увид во целокупната документација изготвена по повод настанот, наводите се потврдени, констатирано е дека вработената била во алкохолизирана состојба и дека едно од децата било во вреќа за спиење, која била врзана за кревет, со што детето било оневозможено да се движи. Следствено, од страна на раководството на установата превземени се соодветни дејствија и отпочнати се постапки кон вработената, поради таквото постапување.

Според Народниот правобранител, кој како орган посебно води грижа за заштита на правата на децата како ранлива група, со ваквиот однос на вработената се повредени повеќе членови од ратификуваните меѓународни конвенции.

Имено според член 3 од Конвенцијата за правата на детето, е наведено дека во сите активности кои се однесуваат на децата, од примарно значење се интересите на детето, без оглед на тоа дали ги спроведуваат јавните или приватните институции за социјална заштита, а државите потписнички се обврзуваат на детето да му обезбедат таква заштита и грижа кои се неипходни за неговата благосостојба, а исто така се грижат сите институции, служби и установи кои се грижат за заштита на децата да бидат во согласност со стандардите што ги имаат утврдено надлежните органи, особено во областа на сигурноста и здравјето, бројот и достојноста на персоналот, како истручниот надзор. Понатаму, членот 7 од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, наложува при преземањето на сите акции во однос на децата со попреченост, како примарна грижа да се зема предвид најдобриот интерес на детето, а членот 15 обврзува државите потписнички да преземат ефективни законски, административни, судски или други мерки за да се спречи лицата со попреченост, на еднаква основа со другите, да бидат изложени на тортура или суров, нечовечки или понижувачки третман или казна, појаснуваат од кај Народниот правобранител.

Омбудсманот, се наведува во соопштението, очекува од надлежното Министерство да преземе мерки за најстрого санкционирање на ваквиот однос на вработената, при што укажува дека особено треба да се зајакнат критериумите, но и да се води грижа за начинот на селекција на лицата кои се вработуваат во установи и други форми на згрижување на деца и деца/лица со попреченост и апелира редовно да се контролира и мониторира квалитетот на услугата која ја даваат вработените во јавните установи, вклучително и во Малите групни домови, односот кон децата. Предлага континуирано да се усовршуваат нивните знаења и познавања за работа и грижа за децата, како и да се превенира какво било несоодветно однесување кон децата, кое може да остави негативни последици во нивниот понатамошен раст и развој.

The post Негователката била пијана кога го врзала едно од децата за кревет appeared first on Република.

]]>

Вработена во Домот за доенчиња и мали деца во Битола за време на работа во алкохолизирана состојба врзала едно од децата во вреќа за спиење за кревет, а другите ги запоставила, констатирал Народниот правобранител, постапувајќи по предмет по сопствена иницијатива по непосреден увид во установата. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsena-negovatelka-od-mal-grupen-dom-vo-bitola/ Омбудсманот соопшти дека во разговор со директорот и правникот на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца Битола, како и увид во целокупната документација изготвена по повод настанот, наводите се потврдени, констатирано е дека вработената била во алкохолизирана состојба и дека едно од децата било во вреќа за спиење, која била врзана за кревет, со што детето било оневозможено да се движи. Следствено, од страна на раководството на установата превземени се соодветни дејствија и отпочнати се постапки кон вработената, поради таквото постапување. Според Народниот правобранител, кој како орган посебно води грижа за заштита на правата на децата како ранлива група, со ваквиот однос на вработената се повредени повеќе членови од ратификуваните меѓународни конвенции.
Имено според член 3 од Конвенцијата за правата на детето, е наведено дека во сите активности кои се однесуваат на децата, од примарно значење се интересите на детето, без оглед на тоа дали ги спроведуваат јавните или приватните институции за социјална заштита, а државите потписнички се обврзуваат на детето да му обезбедат таква заштита и грижа кои се неипходни за неговата благосостојба, а исто така се грижат сите институции, служби и установи кои се грижат за заштита на децата да бидат во согласност со стандардите што ги имаат утврдено надлежните органи, особено во областа на сигурноста и здравјето, бројот и достојноста на персоналот, како истручниот надзор. Понатаму, членот 7 од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, наложува при преземањето на сите акции во однос на децата со попреченост, како примарна грижа да се зема предвид најдобриот интерес на детето, а членот 15 обврзува државите потписнички да преземат ефективни законски, административни, судски или други мерки за да се спречи лицата со попреченост, на еднаква основа со другите, да бидат изложени на тортура или суров, нечовечки или понижувачки третман или казна, појаснуваат од кај Народниот правобранител.
Омбудсманот, се наведува во соопштението, очекува од надлежното Министерство да преземе мерки за најстрого санкционирање на ваквиот однос на вработената, при што укажува дека особено треба да се зајакнат критериумите, но и да се води грижа за начинот на селекција на лицата кои се вработуваат во установи и други форми на згрижување на деца и деца/лица со попреченост и апелира редовно да се контролира и мониторира квалитетот на услугата која ја даваат вработените во јавните установи, вклучително и во Малите групни домови, односот кон децата. Предлага континуирано да се усовршуваат нивните знаења и познавања за работа и грижа за децата, како и да се превенира какво било несоодветно однесување кон децата, кое може да остави негативни последици во нивниот понатамошен раст и развој.

The post Негователката била пијана кога го врзала едно од децата за кревет appeared first on Република.

]]>
Уапсена негователка од мал групен дом во Битола https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsena-negovatelka-od-mal-grupen-dom-vo-bitola/ Mon, 06 Jun 2022 12:16:53 +0000 https://republika.mk/?p=511751

Полициски службеници од полициската станица Битола ја лишија од слобода Х.В.К.(37) од Битола, вработена во јавна установа за згрижување на деца во Битола. Вработената со запоставување на својата должност, ги запуштила малолетниците згрижени во мал групен дом.

По документирање на случајот против неа ќе следува кривична пријава, информираа од СВР-Битола.

The post Уапсена негователка од мал групен дом во Битола appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од полициската станица Битола ја лишија од слобода Х.В.К.(37) од Битола, вработена во јавна установа за згрижување на деца во Битола. Вработената со запоставување на својата должност, ги запуштила малолетниците згрижени во мал групен дом. По документирање на случајот против неа ќе следува кривична пријава, информираа од СВР-Битола.

The post Уапсена негователка од мал групен дом во Битола appeared first on Република.

]]>