Во саботата вечер во 21:50 часот во Полициската станица Карпош, Р.Т.(38) од Скопје пријавил дека на 03.08.2022 околу 17:00 часот, откако го земал неговото дете од приватна детска градинка на булевар „Илинден“ забележал дека со детето нешто не било во ред.

Според пријавеното, тој контактирал со градинката и го известиле дека една од вработените додека го носела детето се сопнала и паднала, за што го информирале управителот, но не и родителите.

Во приватна болница во Скопје била констатирана тешка телесна повреда кај детето.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.