неформална вечера Archives - Република https://republika.mk/tema/neformalna-vechera/ За подобро да се разбереме Thu, 30 Nov 2023 07:03:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png неформална вечера Archives - Република https://republika.mk/tema/neformalna-vechera/ 32 32 Неформална вечера на шефовите на делегациите на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/neformalna-vechera-na-shefovite-na-delegatsiite-na-ministerskiot-sovet-na-obse-vo-skopje/ Wed, 29 Nov 2023 19:49:51 +0000 https://republika.mk/?p=717754

Во Скопје почна неформалната вечера на министрите за надворешни работи кои учествуваат на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа - ОБСЕ, чиј домаќин е шефот на дипломатијата на Македонија и претседавач на ОБСЕ Бујар Османи.

Тема на која ќе разговараат шефовите на делегациите од земјите членки на ОБСЕ и држави партнери е воената агресија врз Украина и потребата од функционална Организација во време на конфликти и зголемени тензии.

На вечерата присуствуваат министри за надворешни работи на САД, на ЕУ, на земјите членки на ЕУ, Велика Британија, на земјите партнери од Медитеранот, Блискиот Исток и од Азија.

По вечерата предвидена е и културна програма за високите гости со настап на Влатко Стефановски, Теодосиј Спасов и Дамир Имери.

На најголемиот политичко-дипломатски настан што се случил во државава од осамостојувањето, ќе учествуваат 76 делегации од 57 земји членки и држави партнери на Организацијата.

На Министерскиот состанок се очекуваат одлуки за изборот на претседавач за 2024 година, за што на подготвителниот состанок на амбасадори на 57-те земји членки неделава во Виена е постигнат консензус тоа да биде Малта, а треба да се одлучува и за буџетот, како и за именувања за клучните позиции во институциите на ОБСЕ..

The post Неформална вечера на шефовите на делегациите на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Скопје почна неформалната вечера на министрите за надворешни работи кои учествуваат на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа - ОБСЕ, чиј домаќин е шефот на дипломатијата на Македонија и претседавач на ОБСЕ Бујар Османи. Тема на која ќе разговараат шефовите на делегациите од земјите членки на ОБСЕ и држави партнери е воената агресија врз Украина и потребата од функционална Организација во време на конфликти и зголемени тензии. На вечерата присуствуваат министри за надворешни работи на САД, на ЕУ, на земјите членки на ЕУ, Велика Британија, на земјите партнери од Медитеранот, Блискиот Исток и од Азија. По вечерата предвидена е и културна програма за високите гости со настап на Влатко Стефановски, Теодосиј Спасов и Дамир Имери. На најголемиот политичко-дипломатски настан што се случил во државава од осамостојувањето, ќе учествуваат 76 делегации од 57 земји членки и држави партнери на Организацијата. На Министерскиот состанок се очекуваат одлуки за изборот на претседавач за 2024 година, за што на подготвителниот состанок на амбасадори на 57-те земји членки неделава во Виена е постигнат консензус тоа да биде Малта, а треба да се одлучува и за буџетот, како и за именувања за клучните позиции во институциите на ОБСЕ..

The post Неформална вечера на шефовите на делегациите на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје appeared first on Република.

]]>