Недела на италијански филм Archives - Република https://republika.mk/tema/nedela-na-italijanski-film/ За подобро да се разбереме Mon, 13 May 2024 08:53:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Недела на италијански филм Archives - Република https://republika.mk/tema/nedela-na-italijanski-film/ 32 32 24. издание на „Недела на италијански филм“ https://republika.mk/scena/film/24-izdanie-na-nedela-na-italijanski-film/ Mon, 13 May 2024 08:53:36 +0000 https://republika.mk/?p=777497

Во „Кинотека“ од 13 до 18 мај во Скопје ќе се одржи 24. издание на „Неделата на италијанскиот филм“.

Веќе добро познатиот фестивал ќе понуди избор од шест филма кои ја претставуваат современата италијанска кинематографска продукција – впрочем сите филмови се издадени во 2023 година и се добитници на бројни престижни национални и меѓународни награди, а вториот елемент што ги обединува е темата „промени“ во смисла на непредвидени ситуации, неочекувани врски, лични избори, историски и општествени преобразби и уметнички доживувања.

Отворањето на фестивалот ќе се одржи в понеделник, на 13 мај, со извонредното филмско достигнување „И утре е ден“, во сценарио и режија на Паола Кортелези, која ја толкува и главната улога во нејзиното режисерско деби. Филмот – покрај тоа што забележа рекордна заработка во италијанските киносали во 2023 година – беше високо оценет не само во Италија, туку и во странство за неговата режија, извонредна глума на актерската екипа, но и поради длабочината на прашањата што ги третира, а кои се однесуваат на патријархалната култура, родовото насилство и правата на жените.

На 14 мај, вторник, ќе биде прикажан „Командант“ – делото што го отвори 80-тото издание на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција, во режија на Едоардо Де Анџелис.

В среда, 15 мај, фестивалот ќе продолжи со „Грабнатиот“, најновиот филм на Марко Белокио – познатиот режисер добитник на „Златна палма“ за животно дело во 2022 година и 7 статуетки Давид ди Донатело – кој црпи инспирација од книгата „Случајот Мортара“ на Даниеле Скализе.

Четврток, 16 мај, на програмата е „Благодарам, момци“ во режија на Рикардо Милани, режисер на некои од најуспешните комедии издадени во последните години во Италија.

В петок на 17 мај ќе биде прикажан „Нелагодна љубов“, во режија на Бепе Фјорело, во неговото филмско и режисерско деби. Филмот е слободно инспириран од вистински настан кој се случил на Сицилија во 1980 година: наводно самоубиство на двајца тинејџери.

Најпосле, в сабота на 18 мај манифестацијата ќе се затвори со проекцијата на „Сто недели“, во режија на Антонио Албанезе.
Сите филмови се со титлови на македонски и англиски јазик и влезот е бесплатен. Проекциите ќе започнат во 20:00 часот.

Неделата на италијанскиот филм, организирана од Италијанската амбасада во соработка со Институтот за Култура во Белград и Кинотеката на Република Македонија, годинава се реализира благодарение на Проектот ITALIAN SCREENS промовиран од Генералната дирекција за филм и аудиовизуелни уметности на Министерството за Култура на Италија, од италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка, во соработка со Филмската академија на Италија и со организациската поддршка на Чинечита.

The post 24. издание на „Недела на италијански филм“ appeared first on Република.

]]>

Во „Кинотека“ од 13 до 18 мај во Скопје ќе се одржи 24. издание на „Неделата на италијанскиот филм“. Веќе добро познатиот фестивал ќе понуди избор од шест филма кои ја претставуваат современата италијанска кинематографска продукција – впрочем сите филмови се издадени во 2023 година и се добитници на бројни престижни национални и меѓународни награди, а вториот елемент што ги обединува е темата „промени“ во смисла на непредвидени ситуации, неочекувани врски, лични избори, историски и општествени преобразби и уметнички доживувања. Отворањето на фестивалот ќе се одржи в понеделник, на 13 мај, со извонредното филмско достигнување „И утре е ден“, во сценарио и режија на Паола Кортелези, која ја толкува и главната улога во нејзиното режисерско деби. Филмот – покрај тоа што забележа рекордна заработка во италијанските киносали во 2023 година – беше високо оценет не само во Италија, туку и во странство за неговата режија, извонредна глума на актерската екипа, но и поради длабочината на прашањата што ги третира, а кои се однесуваат на патријархалната култура, родовото насилство и правата на жените. На 14 мај, вторник, ќе биде прикажан „Командант“ – делото што го отвори 80-тото издание на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција, во режија на Едоардо Де Анџелис. В среда, 15 мај, фестивалот ќе продолжи со „Грабнатиот“, најновиот филм на Марко Белокио – познатиот режисер добитник на „Златна палма“ за животно дело во 2022 година и 7 статуетки Давид ди Донатело – кој црпи инспирација од книгата „Случајот Мортара“ на Даниеле Скализе. Четврток, 16 мај, на програмата е „Благодарам, момци“ во режија на Рикардо Милани, режисер на некои од најуспешните комедии издадени во последните години во Италија. В петок на 17 мај ќе биде прикажан „Нелагодна љубов“, во режија на Бепе Фјорело, во неговото филмско и режисерско деби. Филмот е слободно инспириран од вистински настан кој се случил на Сицилија во 1980 година: наводно самоубиство на двајца тинејџери. Најпосле, в сабота на 18 мај манифестацијата ќе се затвори со проекцијата на „Сто недели“, во режија на Антонио Албанезе. Сите филмови се со титлови на македонски и англиски јазик и влезот е бесплатен. Проекциите ќе започнат во 20:00 часот. Неделата на италијанскиот филм, организирана од Италијанската амбасада во соработка со Институтот за Култура во Белград и Кинотеката на Република Македонија, годинава се реализира благодарение на Проектот ITALIAN SCREENS промовиран од Генералната дирекција за филм и аудиовизуелни уметности на Министерството за Култура на Италија, од италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка, во соработка со Филмската академија на Италија и со организациската поддршка на Чинечита.

The post 24. издание на „Недела на италијански филм“ appeared first on Република.

]]>
Недела на италијанскиот филм од 13-18 мај во Кинотека https://republika.mk/scena/film/nedela-na-italijanskiot-film-od-13-18-maj-vo-kinoteka/ Thu, 09 May 2024 11:52:28 +0000 https://republika.mk/?p=776351

Од 13 до 18 мај во Кинотека ќе се одржи XXIV издание на „Неделата на италијанскиот филм“.

Веќе добро познатиот фестивал ќе понуди избор од шест филма кои ја претставуваат современата италијанска кинематографска продукција - впрочем сите филмови се издадени во 2023 година и се добитници на бројни престижни национални и меѓународни награди – а вториот елемент што ги обединува е темата „промени“ во смисла на непредвидени ситуации, неочекувани врски, лични избори, историски и општествени преобразби и уметнички доживувања.
Отворањето на фестивалот ќе се одржи во понеделник на 13 мај со извонредното филмско достигнување „И утре е ден“, сценарио и режија на Паола Кортелези којашто ја толкува и главната улога во нејзиното режиско деби. Филмот - покрај тоа што забележа рекордна заработка во италијанските киносали во 2023 година - беше високо оценет не само во Италија, туку и во странство за неговата режија, извонредна глума на актерската екипа, но и поради длабочината на прашањата што ги третира кои се однесуваат на патријархалната култура, родовото насилство и правата на жените. Сведок за уметничката и културната вредност на „И утре е ден“ е неговиот триумф на фестивалот на Италијанската филмска академија каде што освои 6 награди Давид ди Донатело – едно од најпрестижните италијански филмски признанија – 3 победи на 18-то издание на Римскиот филмски фестивал, како и награда за филм на годината на фестивалот Сребрени ленти во 2024 година.
Во вторник, 14 мај, ќе биде прикажан „Командант“ – делото што го отвори 80-тото издание на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција - во режија на Едоардо Де Анџелис. Филмот ја оживува на големото платно вистинската приказна на Салваторе Тодаро, легендарен херој од Втората светска војна кој во 1940 година бил командант на подморницата Капелини на италијанската Кралска морнарица, фантастично реконструирана токму за снимањето на овој филм, во секој нејзин детал и во природна големина. Се работи за прекрасен блокбастер “made in Italy“ со огромна емотивна моќ што ни предочува дека морепловниот закон преовладува над која било војна. Филмот, чиј протагонист го глуми извонредниот Пјерфранческо Фавино, предизвика позитивни реакции кај јавноста и критичарите.
Во среда, 15 мај, фестивалот ќе продолжи со „Грабнатиот“, најновиот филм на Марко Белокио - познатиот режисер добитник на Златна палма за животно дело во 2022 година и 7 статуетки Давид ди Донатело – кој црпи инспирација од книгата „Случајот Мортара“ на Даниеле Скализе. Играниот филм ја раскажува вистинската приказна за Едгардо Мортара, еврејско дете кое било крстено во тајност, а во 1858 година било одземено од неговото семејство за да биде воспитано во католичката вера, под контрола и старателство на папата Пио IX, што предизвикало интерес и од страна на меѓународната заедница. Преку овој потресен и трогателен настан и внимателната реконструкција на епохата во која се одвива дејството, „Грабнатиот“ се развива во фасцинантна приказна за предвечерието на националното обединување, кога моќта на Црквата се наоѓа во опад.
Четврток, 16 мај, на програмата е „Благодарам, момци“ во режија на Рикардо Милани, режисер на некои од најуспешните комедии издадени во последните години во Италија. Со овој филм се нурнуваме во животот на Антонио, актер кој е во потрага по цел, толкуван од незаборавниот Антонио Албанезе и поддржан од екипа на исклучителни актери. Приказна за надежта која гледа подалеку од неповолните околности, за искупувањето и, пред сè, за јунаците кои имаат храброст да веруваат во трансформативната моќ на уметноста.
Во петок на 17 мај ќе биде прикажан „Нелагодна љубов“, во режија на Бепе Фјорело, во неговото филмско и режисерско деби. Филмот е слободно инспириран од вистински настан кој се случил на Сицилија во 1980 година: наводно самоубиство на двајца тинејџери. Режисерот нè носи во Сицилија во 1982 година. Додека на телевизија се пренесува Светското првенство во фудбал и Италијанците се надеваат дека ќе го освојат светскиот куп, двајцата протагонисти случајно ќе се судрат со нивните скутери, а несреќата ќе стане повод за да станат пријатели, а можеби и нешто повеќе.
Најпосле во сабота на 18-ти мај манифестацијата ќе се затвори со прекцијата на „Сто недели“, во режија на Антонио Албанезе, воедно и главна улога во филмот кој на деликатен и емотивно умешен начин ја раскажува приказната за неправдата којашто ќе погоди многу Италијанци, мали штедачи кои, како и главниот лик, ќе бидат предадени од алчноста на банкарскиот систем. Сепак, филмот ја истакнува не само социјалната драма, туку и силата на семејните врски и пријателството.
Сите филмови се со титлови на македонски и англиски јазик и влезот е бесплатен.
Проекциите ќе започнат во 20:00 часот.

Неделата на италијанскиот филм, организирана од Италијанската амбасада во соработка со Институтот за Култура во Белград и Кинотеката на Република Македонија, годинава се реализира благодарение на Проектот ITALIAN SCREENS промовиран од Генералната дирекција за филм и аудиовизуелни уметности на Министерството за Култура на Италија, од италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка, во соработка со Филмската академија на Италија и со организациската поддршка на Чинечита.

The post Недела на италијанскиот филм од 13-18 мај во Кинотека appeared first on Република.

Недела на италијанскиот филм во Кинотека https://republika.mk/scena/film/nedela-na-italijanskiot-film-vo-kinoteka/ Mon, 15 May 2023 18:44:39 +0000 https://republika.mk/?p=641104

Дваесет и третото издание на Недела на италијанскиот филм, посветено на темата „Бајки“, почнува денеска, а ќе трае до 21 мај. Фестивалот, организиран од Амбасадата на Италија во соработка со италијанскиот Институт за култура во Белград и Кинотеката на Република Македонија, ќе биде отворен со проекцијата на филмот „Пинокио“ (2019) на режисерот Матео Гароне. Филмот е адаптација на познатиот роман „Авантурите на Пинокио – Приказна за една дрвена кукла“ на Карло Колоди.

Во вторник од 20.00 часот ќе биде прикажан „Среќниот Лазар“ (2018) на Аличе Рорвахер, добитничка на наградата во Кан за најдобро сценарио, која ја раскажува приказната за еден свет отцепен од реалноста, во кој главниот лик минува низ серија перипетии, меѓу кои и смртта и воскресението.

Во среда, 17 мај, во 20.00 часот, пак, на програмата е филмот „Мрачни приказни“ (2020) во режија на браќата Диноченцо и награден на Берлинскиот фестивал во 2020 година за најдобро сценарио. Дејството се одвива во периферијата на Рим и ги раскажува искуствата на повеќе деца кои ги следат и, за жал, апсорбираат аномалиите на светот на возрасните.

Филмскиот фестивал ќе продолжи во четврток, 18 мај, во 20.00 часот со „Фамозниот напад на мечките во Сицилија“ (2019), филмска анимирана адаптација на романот на Дино Буцати од 1945 година, илустриран од познатиот уметник и автор на стрипови Лоренцо Матоти, кој претставува извонредно вкрстување помеѓу популарниот и авторски стрип, меѓу бајка и поезија, невиност и свест.

Во петок, 19 мај, во 20.00 часот ќе биде прикажана култната италијанска комедија „Ни преостанува да плачеме“. Во режија и главни улоги ќе бидат Масимо Троизи и Роберто Бенињи.

В сабота, 20 мај, во 20.00 часот ќе се прикажува „Љубов и џган“ (2017), комедија и мјузикл, во режија на браќата Манети, чие дејство се одвива во Неапол, а в недела, 21 мај, во 20.00 часот фестивалот ќе се затвори со филмот „Freaks Out“ (2021), последно остварување на режисерот Габриеле Маинети.

Истата вечер амбасадорот на Италија Андреа Силвестри ќе додели награди на победниците на натпреварот за превод на содржини поврзани со Италија на веб-страницата на Википедија на македонски јазик (Во фокусот: Италија), организиран во соработка со здружението ГЛАМ и Катедрата за италијански јазик и книжевност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Сите филмови ќе бидат прикажани со превод на македонски јазик, а влезот на проекциите ќе биде бесплатен.

The post Недела на италијанскиот филм во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Дваесет и третото издание на Недела на италијанскиот филм, посветено на темата „Бајки“, почнува денеска, а ќе трае до 21 мај. Фестивалот, организиран од Амбасадата на Италија во соработка со италијанскиот Институт за култура во Белград и Кинотеката на Република Македонија, ќе биде отворен со проекцијата на филмот „Пинокио“ (2019) на режисерот Матео Гароне. Филмот е адаптација на познатиот роман „Авантурите на Пинокио – Приказна за една дрвена кукла“ на Карло Колоди. Во вторник од 20.00 часот ќе биде прикажан „Среќниот Лазар“ (2018) на Аличе Рорвахер, добитничка на наградата во Кан за најдобро сценарио, која ја раскажува приказната за еден свет отцепен од реалноста, во кој главниот лик минува низ серија перипетии, меѓу кои и смртта и воскресението. Во среда, 17 мај, во 20.00 часот, пак, на програмата е филмот „Мрачни приказни“ (2020) во режија на браќата Диноченцо и награден на Берлинскиот фестивал во 2020 година за најдобро сценарио. Дејството се одвива во периферијата на Рим и ги раскажува искуствата на повеќе деца кои ги следат и, за жал, апсорбираат аномалиите на светот на возрасните. Филмскиот фестивал ќе продолжи во четврток, 18 мај, во 20.00 часот со „Фамозниот напад на мечките во Сицилија“ (2019), филмска анимирана адаптација на романот на Дино Буцати од 1945 година, илустриран од познатиот уметник и автор на стрипови Лоренцо Матоти, кој претставува извонредно вкрстување помеѓу популарниот и авторски стрип, меѓу бајка и поезија, невиност и свест. Во петок, 19 мај, во 20.00 часот ќе биде прикажана култната италијанска комедија „Ни преостанува да плачеме“. Во режија и главни улоги ќе бидат Масимо Троизи и Роберто Бенињи. В сабота, 20 мај, во 20.00 часот ќе се прикажува „Љубов и џган“ (2017), комедија и мјузикл, во режија на браќата Манети, чие дејство се одвива во Неапол, а в недела, 21 мај, во 20.00 часот фестивалот ќе се затвори со филмот „Freaks Out“ (2021), последно остварување на режисерот Габриеле Маинети. Истата вечер амбасадорот на Италија Андреа Силвестри ќе додели награди на победниците на натпреварот за превод на содржини поврзани со Италија на веб-страницата на Википедија на македонски јазик (Во фокусот: Италија), организиран во соработка со здружението ГЛАМ и Катедрата за италијански јазик и книжевност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Сите филмови ќе бидат прикажани со превод на македонски јазик, а влезот на проекциите ќе биде бесплатен.

The post Недела на италијанскиот филм во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Со проекција на „Пинокио“ почнува Неделата на италијанскиот филм во Кинотека https://republika.mk/vesti/kultura/so-proektsija-na-pinokio-pochnuva-nedelata-na-italijanskiot-film-vo-kinoteka/ Mon, 15 May 2023 08:05:05 +0000 https://republika.mk/?p=640855

Неделата на италијанскиот филм ќе се одржи по 23-ти пат во периодот од 15 до 21 мај во Кинотека на , информираат од Амбасадата на Италија во Скопје.

Ревијата на италијански филмови годинава е посветена на темата „Бајки“, интерпретирана како фантастични приказни кои нè поттикнуваат да размислиме за реалноста.

Фестивалот е организиран од Амбасадата на Италија, во соработка со Италијанскиот Институт за Култура во Белград и Националната Кинотека на Република Македонија.

На 15 мај, со почеток од 20 часот ќе се прикаже филмот „Пинокио“ (2019), последно филмско остварување на режисерот Матео Гароне. Филмот е адаптација на познатиот роман Авантурите на Пинокио – Приказна за една дрвена кукла на Карло Колоди.

Во вторник, на 16 мај, во 20 часот ќе се прикаже „Среќниот Лазар“ (2018) на Аличе Рорвахер, добитничка на наградата на Кан за најдобро сценарио, која ја раскажува приказната за еден свет отцепен од реалноста, во кој главниот лик минува низ серија перипетии, меѓу кои и смртта и воскресението.

Еден ден подоцна, на истата локација со почеток од 20 часот на програмата е филмот „Мрачни приказни“ (2020) во режија на браќата Диноченцо и награден на Берлинскиот Фестивал во 2020 година за најдобро сценарио. Дејството се одвива во периферијата на Рим и ги раскажува искуствата на повеќе деца кои ги следат и, за жал, апсорбираат аномалиите на светот на возрасните.

Филмскиот фестивал ќе продолжи во четврток на 18 мај во 20 часот со „Фамозниот напад на мечките во Сицилија“ (2019), филмска анимирана адаптација на романот на Дино Буцати од 1945 година, илустриран од познатиот уметник и автор на стрипови Лоренцо Матоти, кој претставува извонредно вкрстување помеѓу популарниот и авторски стрип, меѓу бајка и поезија, невиност и свест.

Во петок на 19 мај во 20 часот ќе биде прикажана култната италијанска комедија „Ни преостанува да плачеме“. Во режија и главни улоги ќе ги видиме незаборавниот наполетански глумец Масимо Троизи и тосканецот Роберто Бенињи. Филмот го доловува во целост комичниот дух на приказната во која еден учител и еден училишен домаќин се наоѓаат на случаен пат низ минатото и тоа во ерата на ренесансата. Двајцата ќе доживеат уникатни авантури, како средбата со Леонардо Да Винчи или обидот да го спречат Кристофер Колумбо да ја открие Америка.

Во сабота на 20 мај во 20 часот ќе се прикажува „Љубов и џган“ (2017), комедија и мјузикл, во режија на браќата Манети, чие дејство се одвива во Неапол. Филмот, кој освои бројни награди, меѓу кои наградата „Пазинети“ за најдобар филм на Филмскиот фестивал во Венеција, е успешен и забавен микс на гангстерски филм со примеси на романтична комедија.

Фестивалот ќе се затвори во недела, на 21 мај, кога од 20 часот фестивалот ќе се затвори со филмот „Freaks Out“ (2021), последно остварување на режисерот Габриеле Маинети. Неговото дејство се случува во еден алтернативен Рим, во полн ек на втората светска војна, и ги следи животите на четворица “фрикови“ кои имаат супермоќи, работат во циркус, менаџиран од Евреин, и се обидуваат да ги избегнат контролите на нацистите.

На затворањето на фестивалот, италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри ќе додели награди на победниците на натпреварот за превод на содржини поврзани со Италија на веб страницата на Википедија на македонски јазик (Во фокусот: Италија), организиран во соработка со здружението ГЛАМ и Катедрата за италијански јазик и книжевност при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Сите филмови ќе бидат прикажани со превод на македонски јазик, а влезот на проекциите ќе биде бесплатен.

The post Со проекција на „Пинокио“ почнува Неделата на италијанскиот филм во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Неделата на италијанскиот филм ќе се одржи по 23-ти пат во периодот од 15 до 21 мај во Кинотека на , информираат од Амбасадата на Италија во Скопје. Ревијата на италијански филмови годинава е посветена на темата „Бајки“, интерпретирана како фантастични приказни кои нè поттикнуваат да размислиме за реалноста. Фестивалот е организиран од Амбасадата на Италија, во соработка со Италијанскиот Институт за Култура во Белград и Националната Кинотека на Република Македонија. На 15 мај, со почеток од 20 часот ќе се прикаже филмот „Пинокио“ (2019), последно филмско остварување на режисерот Матео Гароне. Филмот е адаптација на познатиот роман Авантурите на Пинокио – Приказна за една дрвена кукла на Карло Колоди. Во вторник, на 16 мај, во 20 часот ќе се прикаже „Среќниот Лазар“ (2018) на Аличе Рорвахер, добитничка на наградата на Кан за најдобро сценарио, која ја раскажува приказната за еден свет отцепен од реалноста, во кој главниот лик минува низ серија перипетии, меѓу кои и смртта и воскресението. Еден ден подоцна, на истата локација со почеток од 20 часот на програмата е филмот „Мрачни приказни“ (2020) во режија на браќата Диноченцо и награден на Берлинскиот Фестивал во 2020 година за најдобро сценарио. Дејството се одвива во периферијата на Рим и ги раскажува искуствата на повеќе деца кои ги следат и, за жал, апсорбираат аномалиите на светот на возрасните. Филмскиот фестивал ќе продолжи во четврток на 18 мај во 20 часот со „Фамозниот напад на мечките во Сицилија“ (2019), филмска анимирана адаптација на романот на Дино Буцати од 1945 година, илустриран од познатиот уметник и автор на стрипови Лоренцо Матоти, кој претставува извонредно вкрстување помеѓу популарниот и авторски стрип, меѓу бајка и поезија, невиност и свест. Во петок на 19 мај во 20 часот ќе биде прикажана култната италијанска комедија „Ни преостанува да плачеме“. Во режија и главни улоги ќе ги видиме незаборавниот наполетански глумец Масимо Троизи и тосканецот Роберто Бенињи. Филмот го доловува во целост комичниот дух на приказната во која еден учител и еден училишен домаќин се наоѓаат на случаен пат низ минатото и тоа во ерата на ренесансата. Двајцата ќе доживеат уникатни авантури, како средбата со Леонардо Да Винчи или обидот да го спречат Кристофер Колумбо да ја открие Америка. Во сабота на 20 мај во 20 часот ќе се прикажува „Љубов и џган“ (2017), комедија и мјузикл, во режија на браќата Манети, чие дејство се одвива во Неапол. Филмот, кој освои бројни награди, меѓу кои наградата „Пазинети“ за најдобар филм на Филмскиот фестивал во Венеција, е успешен и забавен микс на гангстерски филм со примеси на романтична комедија. Фестивалот ќе се затвори во недела, на 21 мај, кога од 20 часот фестивалот ќе се затвори со филмот „Freaks Out“ (2021), последно остварување на режисерот Габриеле Маинети. Неговото дејство се случува во еден алтернативен Рим, во полн ек на втората светска војна, и ги следи животите на четворица “фрикови“ кои имаат супермоќи, работат во циркус, менаџиран од Евреин, и се обидуваат да ги избегнат контролите на нацистите. На затворањето на фестивалот, италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри ќе додели награди на победниците на натпреварот за превод на содржини поврзани со Италија на веб страницата на Википедија на македонски јазик (Во фокусот: Италија), организиран во соработка со здружението ГЛАМ и Катедрата за италијански јазик и книжевност при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Сите филмови ќе бидат прикажани со превод на македонски јазик, а влезот на проекциите ќе биде бесплатен.

The post Со проекција на „Пинокио“ почнува Неделата на италијанскиот филм во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Два филма кои влегоа во историјата на италијанската кинематографија „Мама Рома“ на Пјер Паоло Пазолини и „Тежок живот“ во Кинотека https://republika.mk/vesti/kultura/dva-filma-koi-vlegoa-vo-istorijata-na-italijanskata-kinematografija-mama-roma-na-pjer-paolo-pazolini-i-tezok-zivot-vo-kinoteka/ Wed, 18 May 2022 09:19:43 +0000 https://republika.mk/?p=503745

Во Кинотека во тек е Недела на италијански филм, во организацијата Италијанската амбасада во Македонија и Кинотеката, а сите филмови се преведени и титлувани на македонски јазик.

На програмата се филмови со меѓународно познати актери. Денеска (среда) и утре (четврток) може да се проследат проекциите на два филма кои влегоа во историјата на италијанската кинематографија: „Mamma Roma“ (Мама Рома, во режија на Пјер Паоло Пазолини од 1962 година, со извонредната и незаборавна Ана Мањани, и конечно „Una vita difficile“ (Тежок живот, 1961) со величествениот Алберто Сорди кој заедно со Леа Масари толкува емблематичен лик на идеалист кој ги претставува промените што ги претрпеа Италија и Италијанците од повоениот период до годините на економскиот бум.

The post Два филма кои влегоа во историјата на италијанската кинематографија „Мама Рома“ на Пјер Паоло Пазолини и „Тежок живот“ во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Во Кинотека во тек е Недела на италијански филм, во организацијата Италијанската амбасада во Македонија и Кинотеката, а сите филмови се преведени и титлувани на македонски јазик. На програмата се филмови со меѓународно познати актери. Денеска (среда) и утре (четврток) може да се проследат проекциите на два филма кои влегоа во историјата на италијанската кинематографија: „Mamma Roma“ (Мама Рома, во режија на Пјер Паоло Пазолини од 1962 година, со извонредната и незаборавна Ана Мањани, и конечно „Una vita difficile“ (Тежок живот, 1961) со величествениот Алберто Сорди кој заедно со Леа Масари толкува емблематичен лик на идеалист кој ги претставува промените што ги претрпеа Италија и Италијанците од повоениот период до годините на економскиот бум.

The post Два филма кои влегоа во историјата на италијанската кинематографија „Мама Рома“ на Пјер Паоло Пазолини и „Тежок живот“ во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Од денеска „Недела на италијанска кинематографија“ во Кинотека https://republika.mk/vesti/kultura/od-deneska-nedela-na-italijanska-kinematografija-vo-kinoteka/ Mon, 16 May 2022 08:41:07 +0000 https://republika.mk/?p=502798

„Херои и антихерои во италијанскиот филм“ е темата на годинашната Недела на италијанската кинематографија што ќе се одржува во Кинотеката на Република Македонија од денеска до 23 мај 2022 година.

Настанот го организира Амбасадата на Италија, а ќе биде отворен вечер во 20:00 часот со проекција на филмот „Го нарекуваа Џиг Робот“ во режија на Габриеле Маинети (2015).

Ревијата ќе продолжи со прикажување серија понови филмови. „Брз како ветрот“ (2016), инспириран од вистинската приказна на рели возачот Карло Капоне, комедијата „Италијанци“ (2009) со Карло Вердоне, Рикардо Скамарчо и Серџо Кастелито, „Сета моја луда љубов“ (2019) – возбудливо патување низ Балканот со Диего Абатантуоно, Валерија Голино и Клаудио Сантамарија и „Нашиот живот“ (2010) со Елио Џермано, Изабела Рагонезе, Раул Бова, Лука Ѕингарети и Стефанија Монторси.

Неделата завршува со два филма кои влегоа во историјата на италијанската кинематографија: „Мама Рома“ (1962) и „Тежок живот“ (1961).

The post Од денеска „Недела на италијанска кинематографија“ во Кинотека appeared first on Република.

]]>

„Херои и антихерои во италијанскиот филм“ е темата на годинашната Недела на италијанската кинематографија што ќе се одржува во Кинотеката на Република Македонија од денеска до 23 мај 2022 година. Настанот го организира Амбасадата на Италија, а ќе биде отворен вечер во 20:00 часот со проекција на филмот „Го нарекуваа Џиг Робот“ во режија на Габриеле Маинети (2015).
Ревијата ќе продолжи со прикажување серија понови филмови. „Брз како ветрот“ (2016), инспириран од вистинската приказна на рели возачот Карло Капоне, комедијата „Италијанци“ (2009) со Карло Вердоне, Рикардо Скамарчо и Серџо Кастелито, „Сета моја луда љубов“ (2019) – возбудливо патување низ Балканот со Диего Абатантуоно, Валерија Голино и Клаудио Сантамарија и „Нашиот живот“ (2010) со Елио Џермано, Изабела Рагонезе, Раул Бова, Лука Ѕингарети и Стефанија Монторси. Неделата завршува со два филма кои влегоа во историјата на италијанската кинематографија: „Мама Рома“ (1962) и „Тежок живот“ (1961).

The post Од денеска „Недела на италијанска кинематографија“ во Кинотека appeared first on Република.

]]>