Во Кинотека во тек е Недела на италијански филм, во организацијата Италијанската амбасада во Македонија и Кинотеката, а сите филмови се преведени и титлувани на македонски јазик.

На програмата се филмови со меѓународно познати актери. Денеска (среда) и утре (четврток) може да се проследат проекциите на два филма кои влегоа во историјата на италијанската кинематографија: „Mamma Roma“ (Мама Рома, во режија на Пјер Паоло Пазолини од 1962 година, со извонредната и незаборавна Ана Мањани, и конечно „Una vita difficile“ (Тежок живот, 1961) со величествениот Алберто Сорди кој заедно со Леа Масари толкува емблематичен лик на идеалист кој ги претставува промените што ги претрпеа Италија и Италијанците од повоениот период до годините на економскиот бум.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.