Нечиста крв Archives - Република https://republika.mk/tema/nechista-krv/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Feb 2023 08:22:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Нечиста крв Archives - Република https://republika.mk/tema/nechista-krv/ 32 32 Во Кривичниот суд почнува судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата болница https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-krivichniot-sud-pochnuva-sudeneto-na-kardiohirurgot-zhan-mitrev-i-negovata-bolnitsa/ Tue, 28 Feb 2023 08:22:51 +0000 https://republika.mk/?p=614018

Во Кривичниот основен суд во Скопје денеска треба да почне судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата приватна болница.

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик.

Советот за оценка на обвинителниот акт на 13 февруари го одобри во целост обвинението и за денеска го закжа првото рочиште.

Како што информираа од ОЈО Скопје за овој предмет, не станува збор за „измама на пациенти“, односно совесноста и несовесноста на лекувањето не е предмет на ова кривично дело, туку за класична измама, односно прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите негови позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, а со цел противправно прибавување на имотна корист.
Во текот на постапката, како што информирааат од ОЈО Скопје, јавниот обвинител обезбедил докази за поткрепа на основаните сомненија дека обвинетиот, во периодот од јуни 2020 година до јуни 2022 година, со намера за правното лице – приватна здравствена установа да прибави значителна противправна имотна корист, со прикривање факти ги довел во заблуда оштетените пациенти лекувани во болницата од Ковид – 19, кај кои е извршена хемофилтрација и членови на нивните семејства, со што ги навел секој од нив да стори штета на својот имот во различни износи, а во вкупен износ од 97.461.600 денари или 1,57 милиони евра.

Обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен да се применува и е ефикасен за лекување од Ковид-19, притоа користејќи ги приликите на здравствената криза предизвикана од пандемијата.

Тој се повикувал на документ издаден од Американската управа за храна и лекови во април 2020 година, со кој на компанијата „Бакстер“ и било издадено овластување за вонредна употреба на Оксирис сетот (Oxiris Set Device), како медицинско средство со кое се спроведува постапката за хемофилтрација кај пациенти со потврден коронавирус, на возраст од 18 години или повеќе кои се на интезивна нега со потврдена или итна респираторна слабост и потреба за прочистување на крвта. Меѓутоа, можноста за употреба на методот кај пациенти заболени од Ковид-19 тој не смеел да ја промовира, истовремено прикривајќи го фактот дека методот не е одобрен во третманот на оваа болест, ниту од издавачот, ниту во нашата земја, како и дека овластувањето за медицинското средство е издадено само во вонредна постапка поради пандемијата, со дефинирани критериуми и опсег на примена. Исто така, покрај потенцијалниот бенефит, третманот имал и сериозни потенцијални ризици за кои пациентот морал да биде запознаен, па средството не смеело да се прикажува како безбедно или ефикасно во третманот или превенцијата од Ковид-19.

На овој начин обвинетиот кај секој од оштетените создал лажна претстава и заблуда, па најголем дел од нив при приемот на конкретен пациент во болницата, однапред уплаќале средства за по два циклуси на хемофилтрација како дел од болнички пакети, без да им биде објаснет овoj метод и потенцијалните ризици од него и без да се прибави соодветна согласност за примената на таква процедура кај пациентите, што е спротивно на условите утврдени во овластувањето и на здравствените прописи и стандарди, се наведува во соопштението од ОЈО Скопје.

Жан Митрев уверува дека е невин и тврди дека не бил измамен ниту еден пациент.

Предметот е оформен по допрен глас, откако ИРЛ минатата година го објави документарец „Нечиста крв“, во кој обелодени дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми на пари за хемофилитрација при лечење од Ковид -19, по по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје.

The post Во Кривичниот суд почнува судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата болница appeared first on Република.

]]>

Во Кривичниот основен суд во Скопје денеска треба да почне судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата приватна болница. Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик. Советот за оценка на обвинителниот акт на 13 февруари го одобри во целост обвинението и за денеска го закжа првото рочиште. Како што информираа од ОЈО Скопје за овој предмет, не станува збор за „измама на пациенти“, односно совесноста и несовесноста на лекувањето не е предмет на ова кривично дело, туку за класична измама, односно прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите негови позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, а со цел противправно прибавување на имотна корист. Во текот на постапката, како што информирааат од ОЈО Скопје, јавниот обвинител обезбедил докази за поткрепа на основаните сомненија дека обвинетиот, во периодот од јуни 2020 година до јуни 2022 година, со намера за правното лице – приватна здравствена установа да прибави значителна противправна имотна корист, со прикривање факти ги довел во заблуда оштетените пациенти лекувани во болницата од Ковид – 19, кај кои е извршена хемофилтрација и членови на нивните семејства, со што ги навел секој од нив да стори штета на својот имот во различни износи, а во вкупен износ од 97.461.600 денари или 1,57 милиони евра. Обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен да се применува и е ефикасен за лекување од Ковид-19, притоа користејќи ги приликите на здравствената криза предизвикана од пандемијата. Тој се повикувал на документ издаден од Американската управа за храна и лекови во април 2020 година, со кој на компанијата „Бакстер“ и било издадено овластување за вонредна употреба на Оксирис сетот (Oxiris Set Device), како медицинско средство со кое се спроведува постапката за хемофилтрација кај пациенти со потврден коронавирус, на возраст од 18 години или повеќе кои се на интезивна нега со потврдена или итна респираторна слабост и потреба за прочистување на крвта. Меѓутоа, можноста за употреба на методот кај пациенти заболени од Ковид-19 тој не смеел да ја промовира, истовремено прикривајќи го фактот дека методот не е одобрен во третманот на оваа болест, ниту од издавачот, ниту во нашата земја, како и дека овластувањето за медицинското средство е издадено само во вонредна постапка поради пандемијата, со дефинирани критериуми и опсег на примена. Исто така, покрај потенцијалниот бенефит, третманот имал и сериозни потенцијални ризици за кои пациентот морал да биде запознаен, па средството не смеело да се прикажува како безбедно или ефикасно во третманот или превенцијата од Ковид-19. На овој начин обвинетиот кај секој од оштетените создал лажна претстава и заблуда, па најголем дел од нив при приемот на конкретен пациент во болницата, однапред уплаќале средства за по два циклуси на хемофилтрација како дел од болнички пакети, без да им биде објаснет овoj метод и потенцијалните ризици од него и без да се прибави соодветна согласност за примената на таква процедура кај пациентите, што е спротивно на условите утврдени во овластувањето и на здравствените прописи и стандарди, се наведува во соопштението од ОЈО Скопје. Жан Митрев уверува дека е невин и тврди дека не бил измамен ниту еден пациент. Предметот е оформен по допрен глас, откако ИРЛ минатата година го објави документарец „Нечиста крв“, во кој обелодени дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми на пари за хемофилитрација при лечење од Ковид -19, по по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје.

The post Во Кривичниот суд почнува судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата болница appeared first on Република.

]]>
Против мене се води организирана хајка, вели Жан Митрев во писмото до Хелсиншкиот комитет https://republika.mk/vesti/makedonija/protiv-mene-se-vodi-organizirana-hajka-veli-zhan-mitrev-vo-pismoto-do-helsinshkiot-komitet/ Fri, 24 Feb 2023 10:46:52 +0000 https://republika.mk/?p=612707

Д-р Жан Митрев испрати писмо до претставници на Хелсиншкиот Комитет во Македонија со барање да реагираат на прекршувањето на основното право да ја информира јавноста поврзано со случајот против него и клиниката „Жан Митрев“. Во писмото Митрев ги повикува да го следат случај и во судница и да реагираат, бидејќи, како што потенцира, ова не е само случај за наводно кривично дело, туку е случај на непочитување на човековите права.

Изминатиот период лично јас сум на удар во јавноста, а секако и на низа пишувања посебно на порталот ДоказМ.мк за што имам веќе доставено кривична пријава. Се прекршува моето право на одговор бидејќи секој обид да контактирам со новинар завршува со осудување на истиот во јавност, а со оглед на тоа што мојата битка започна со новинарски текст единствен начин да се „одбранам“ покрај судницата се разбира е и јавноста што се информира од медиумите, пишува во писмото од д-р Митрев.

Во писмото тој се повикува на човековите права кои се загарантирани со Уставот и каде правото на јавно искажан збор е загарантирано.

Јас сум човек што имам дадено Хипократова заклетва и таа ме води во секојдневната работа, чист сум пред себе и пред моите постапки затоа што знам дека вистината е на моја страна. Но, ве молам за постапување по случаите каде се врши притисок врз мене и моите вработени за да може секој од нас да се растерети од бремето на притисок. Ние згрижуваме илјадници пациенти и ништо не смее да ѝ наштети на професијата и на здравјето на граѓаните, потенцира Митрев.

За потребата од вакво обраќање тој во писмото се навраќа и на случајот со сопственикот на порталот „ДоказМ“, кој добивал информации од истражителката за случајот и ги објавувал на неговиот портал.

Бевме сведоци дека истражителка заедно со Марјан Стаменковски од „ДоказМ“, воделе организирана хајка против мене каде допрва ќе се види кој се бил вклучен. Организираниот напад и заканите не треба да бидат дел од нашето секојдневие. Вие како Хелсиншки комитет самите го знаете тоа. Затоа ве повикувам да реагирате и да го следите мојот случај и во судница, бидејќи ова не е само случај за наводно кривично дело, туку е случај на непочитување на човековите права, го завршува писмото Митрев.

The post Против мене се води организирана хајка, вели Жан Митрев во писмото до Хелсиншкиот комитет appeared first on Република.

ЗНМ ја поздравува одлуката на Судот да го одбие барањето за цензура на „Нечиста крв“ https://republika.mk/vesti/makedonija/znm-ja-pozdravuva-odlukata-na-sudot-da-go-odbie-baranjeto-za-cenzura-na-nechista-krv/ Thu, 20 Oct 2022 11:18:50 +0000 https://republika.mk/?p=563537

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Основниот граѓански суд Скопје за донесување решение со кое се одбива барањето за одредување привремена судска мерка со кое се бараше да се наложи на тужените од страна на Судот веднаш да ги отстранат објавените содржини со наслов „Нечиста крв“, односно објавите на документарниот видео запис со истоимениот наслов на МРТВ, Јутјуб каналот на ИРЛ и Фејсбук профилот на ИРЛ.

Како што информираат од ЗНМ, ова следи по поднесената тужба против Истражувачка Репортерска Лабораторија од страна на докторот Жан Митрев и приватната здравствена установа – Клиничка болница Жан Митрев Скопје.

До ИРЛ беше поднесена тужба за утврдување на граѓанска одговорност за клевета и надомест на нематеријална штета во вредност од 1.200.000 денари. ЗНМ во однос на ова реагираше во одбрана на правото на слобода на изразување и известување на јавноста, односно барањето да се избрише „Нечиста крв“ претставува апсурд и опасност. За овој обид за цензура ЗНМ ги извести своите меѓународни партнери Европската федерација на новинари (ЕФЈ) и Меѓународната федерација на новинари (МФН) - стои во соопштението на ЗНМ.

The post ЗНМ ја поздравува одлуката на Судот да го одбие барањето за цензура на „Нечиста крв“ appeared first on Република.

]]>

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Основниот граѓански суд Скопје за донесување решение со кое се одбива барањето за одредување привремена судска мерка со кое се бараше да се наложи на тужените од страна на Судот веднаш да ги отстранат објавените содржини со наслов „Нечиста крв“, односно објавите на документарниот видео запис со истоимениот наслов на МРТВ, Јутјуб каналот на ИРЛ и Фејсбук профилот на ИРЛ. Како што информираат од ЗНМ, ова следи по поднесената тужба против Истражувачка Репортерска Лабораторија од страна на докторот Жан Митрев и приватната здравствена установа – Клиничка болница Жан Митрев Скопје.
До ИРЛ беше поднесена тужба за утврдување на граѓанска одговорност за клевета и надомест на нематеријална штета во вредност од 1.200.000 денари. ЗНМ во однос на ова реагираше во одбрана на правото на слобода на изразување и известување на јавноста, односно барањето да се избрише „Нечиста крв“ претставува апсурд и опасност. За овој обид за цензура ЗНМ ги извести своите меѓународни партнери Европската федерација на новинари (ЕФЈ) и Меѓународната федерација на новинари (МФН) - стои во соопштението на ЗНМ.

The post ЗНМ ја поздравува одлуката на Судот да го одбие барањето за цензура на „Нечиста крв“ appeared first on Република.

]]>
Судот го одби барањето за цензура на „Нечиста крв“ https://republika.mk/vesti/makedonija/sudot-go-odbi-baranjeto-za-cenzura-na-nechista-krv/ Thu, 20 Oct 2022 10:27:08 +0000 https://republika.mk/?p=563513

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја поздрави одлуката на Основниот граѓански суд Скопје за донесување решение со кое се одбива барањето за одредување привремена судска мерка со кое се бараше да се наложи на тужените од страна на Судот веднаш да ги отстранат објавените содржини со наслов „Нечиста крв”, односно објавите на документарниот видео запис со истоимениот наслов на МРТВ, YouTube каналот на ИРЛ и Facebook профилот на ИРЛ.

Ова следи по поднесената тужба против Истражувачка Репортерска Лабораторија од страна на докторот Жан Митрев и приватната здравствена установа – Клиничка болница Жан Митрев Скопје.

До ИРЛ беше поднесена тужба за утврдување на граѓанска одговорност за клевета и надомест на нематеријална штета во вредност од 1.200.000 денари.

ЗНМ во однос на ова реагираше во одбрана на правото на слобода на изразување и известување на јавноста, односно барањето да се избрише „Нечиста крв” претставува апсурд и опасност. За овој обид за цензура ЗНМ ги извести своите меѓународни партнери Европската федерација на новинари (ЕФЈ) и Меѓународната федерација на новинари (МФН).

The post Судот го одби барањето за цензура на „Нечиста крв“ appeared first on Република.

]]>

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја поздрави одлуката на Основниот граѓански суд Скопје за донесување решение со кое се одбива барањето за одредување привремена судска мерка со кое се бараше да се наложи на тужените од страна на Судот веднаш да ги отстранат објавените содржини со наслов „Нечиста крв”, односно објавите на документарниот видео запис со истоимениот наслов на МРТВ, YouTube каналот на ИРЛ и Facebook профилот на ИРЛ. Ова следи по поднесената тужба против Истражувачка Репортерска Лабораторија од страна на докторот Жан Митрев и приватната здравствена установа – Клиничка болница Жан Митрев Скопје. До ИРЛ беше поднесена тужба за утврдување на граѓанска одговорност за клевета и надомест на нематеријална штета во вредност од 1.200.000 денари. ЗНМ во однос на ова реагираше во одбрана на правото на слобода на изразување и известување на јавноста, односно барањето да се избрише „Нечиста крв” претставува апсурд и опасност. За овој обид за цензура ЗНМ ги извести своите меѓународни партнери Европската федерација на новинари (ЕФЈ) и Меѓународната федерација на новинари (МФН).

The post Судот го одби барањето за цензура на „Нечиста крв“ appeared first on Република.

]]>
Митрев: Со хемофилтрација само лечевме, не правевме експерименти https://republika.mk/vesti/makedonija/mitrev-so-hemofiltracija-samo-lechevme-ne-pravevme-eksperimenti/ Wed, 19 Oct 2022 12:30:59 +0000 https://republika.mk/?p=563125

„Ние со хемофилтрација само лечевме, не правевме никакви ЕКСПЕРИМЕНТИ или клиничко испитување. Тоа е само уште една постапка, една можност повеќе, на некои најтешко болни пациенти да им се помогне. Но, како и многу други лекови и постапки во медицината, хемофилтрацијата не е магично стапче со кое ќе се решат сите проблеми на еден пациент, вели д-р Жан Митрев во интервјуто дадено за порталот МКД.мк на прашањето дали со хемофилтрацијата е правено паралелно клиничкото испитување?

Клиничко испитување е кога се воведува некој нов лек или средство во третманот на пациентите и тоа го врши и организира производителот на тој лек или средство. Се организира клиничко испитување од производителот, кој е должен да ја пријави таа студија во МАЛМЕД или други институции, а одредени болници или доктори ја спроведуваат по утврден протокол и со тоа резултатите се објавуваат во медицински списанија за тоа дали нешто подобро делува од нешто друго. Значи, и да сме сакале да правиме клиничка студија, не сме можеле, затоа што ние не го произведуваме сетот и филтерот за хемофилтрација. Од друга страна, тоа од производителот е одамна направено. Хемофилтрацијата уште од 1977 год. е дозволена и има ЦЕ марка. Ние како болница од 2008 континуирано ги купуваме овие филтри од овластен дистрибутер во Македонија, кој ги поминал сите законски процедури за регистрација и дозволи за користење на тоа средство во лекување на тешко болни пациенти, објаснува д-р Митрев.

До пред пандемијата, на одделот за интензивно лекување во 2019 година на Клиника Жан Митрев се направени скоро 200 хемофилтрации кај пациенти со тешки срцеви декомпензации, кои паралелно имале пореметена функција на бубрезите, дијабетичари со изразена склоност кон инфекции. Нивното успешно лекување и стабилизирање на здравствената состојба би било многу потешко без примена на методот на хемофилтрација.

Според д-р Митрев јавноста беше изманипулирана, користејќи го терминот клиничко испитување за нешто што веќе години наназад се користи и за истото има одобрение.

Хемофилтрација е многу суверена метода во лекувањето на најтешко болните пациенти, таа буквално во најголемиот број случаи му го спасува животот на пациентот, ако се вклучи на време и се направи како треба. Штета е на ваков начин да се дискредитира една медицинска постапка, вели д-р Митрев во интервјуто.

The post Митрев: Со хемофилтрација само лечевме, не правевме експерименти appeared first on Република.

]]>

„Ние со хемофилтрација само лечевме, не правевме никакви ЕКСПЕРИМЕНТИ или клиничко испитување. Тоа е само уште една постапка, една можност повеќе, на некои најтешко болни пациенти да им се помогне. Но, како и многу други лекови и постапки во медицината, хемофилтрацијата не е магично стапче со кое ќе се решат сите проблеми на еден пациент, вели д-р Жан Митрев во интервјуто дадено за порталот МКД.мк на прашањето дали со хемофилтрацијата е правено паралелно клиничкото испитување?
Клиничко испитување е кога се воведува некој нов лек или средство во третманот на пациентите и тоа го врши и организира производителот на тој лек или средство. Се организира клиничко испитување од производителот, кој е должен да ја пријави таа студија во МАЛМЕД или други институции, а одредени болници или доктори ја спроведуваат по утврден протокол и со тоа резултатите се објавуваат во медицински списанија за тоа дали нешто подобро делува од нешто друго. Значи, и да сме сакале да правиме клиничка студија, не сме можеле, затоа што ние не го произведуваме сетот и филтерот за хемофилтрација. Од друга страна, тоа од производителот е одамна направено. Хемофилтрацијата уште од 1977 год. е дозволена и има ЦЕ марка. Ние како болница од 2008 континуирано ги купуваме овие филтри од овластен дистрибутер во Македонија, кој ги поминал сите законски процедури за регистрација и дозволи за користење на тоа средство во лекување на тешко болни пациенти, објаснува д-р Митрев.
До пред пандемијата, на одделот за интензивно лекување во 2019 година на Клиника Жан Митрев се направени скоро 200 хемофилтрации кај пациенти со тешки срцеви декомпензации, кои паралелно имале пореметена функција на бубрезите, дијабетичари со изразена склоност кон инфекции. Нивното успешно лекување и стабилизирање на здравствената состојба би било многу потешко без примена на методот на хемофилтрација. Според д-р Митрев јавноста беше изманипулирана, користејќи го терминот клиничко испитување за нешто што веќе години наназад се користи и за истото има одобрение.
Хемофилтрација е многу суверена метода во лекувањето на најтешко болните пациенти, таа буквално во најголемиот број случаи му го спасува животот на пациентот, ако се вклучи на време и се направи како треба. Штета е на ваков начин да се дискредитира една медицинска постапка, вели д-р Митрев во интервјуто.

The post Митрев: Со хемофилтрација само лечевме, не правевме експерименти appeared first on Република.

]]>
Жан Митрев повикан на распит во обвинителство https://republika.mk/vesti/makedonija/zan-mitrev-povikan-na-raspit-vo-obvinitelstvo/ Fri, 12 Aug 2022 11:55:15 +0000 https://republika.mk/?p=539638

Во Обвинителството е повикан д-р Жан Митрев, кој е на распит кај обвинителот Гаврил Бубевски кој го води предметот, објави Фактор.

„Жан Митрев е повикан на распит во обвинителството на распит за одредени околности за предметот кој го води обвинитеклството, односно ОЈО Скопје по допрен глас од јавноста“, изјавиле од Обвинителството.

Како што е познато, обвинителството отвори предмнет, по серијалот емисии Нечиста крв за наводни неправилности во таа приватна болница поврзани со лекување на пациенти

The post Жан Митрев повикан на распит во обвинителство appeared first on Република.

Ковачевски: Ќе се преземаат сите активности за расчистување на скандалот „Нечиста крв“ https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-kje-se-prezemaat-site-aktivnosti-za-raschistuvanje-na-skandalot-nechista-krv/ Thu, 28 Jul 2022 11:52:21 +0000 https://republika.mk/?p=534259

Премиерот Ковачевски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека владата ги презема сите потребни активности за расчистување на скандалот „Нечиста крв“, кој го обелодени Истражувачката репортерска лабораторија.

На пратеничкото прашање, зошто не е преземена поробусна операција, Ковачевски истакна дека сите државни капацитети чија задача е да преземаат мерки за конкретниот случај се ставени во функција.

Формирани се сите стручни комисии кои што ќе треба да го испитаат случајот во детали. Сите инспекторати преземаат мерки во согласност со законските надлежности. Министерот за здравство, во согласност со сите податоци кои што ќе ги добие ќе треба да ја информира владата. Доколку, врз основа на наодите на комисиите, инспекциските надзори и на податоците од другите вклучени институции се дојде до сознанија кои што алудираат на одредени неправилности, тогаш нормално е дека тие ќе бидат процесиурани соодветно на законската регулатива во државата – рече Ковачевски.

The post Ковачевски: Ќе се преземаат сите активности за расчистување на скандалот „Нечиста крв“ appeared first on Република.

]]>

Премиерот Ковачевски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека владата ги презема сите потребни активности за расчистување на скандалот „Нечиста крв“, кој го обелодени Истражувачката репортерска лабораторија. На пратеничкото прашање, зошто не е преземена поробусна операција, Ковачевски истакна дека сите државни капацитети чија задача е да преземаат мерки за конкретниот случај се ставени во функција.
Формирани се сите стручни комисии кои што ќе треба да го испитаат случајот во детали. Сите инспекторати преземаат мерки во согласност со законските надлежности. Министерот за здравство, во согласност со сите податоци кои што ќе ги добие ќе треба да ја информира владата. Доколку, врз основа на наодите на комисиите, инспекциските надзори и на податоците од другите вклучени институции се дојде до сознанија кои што алудираат на одредени неправилности, тогаш нормално е дека тие ќе бидат процесиурани соодветно на законската регулатива во државата – рече Ковачевски.

The post Ковачевски: Ќе се преземаат сите активности за расчистување на скандалот „Нечиста крв“ appeared first on Република.

]]>
ИРЛ инсистира на темелна истрага и одговорност за прекршувањата на правата на пациентите по емисијата „Нечиста крв“ https://republika.mk/vesti/makedonija/irl-insistira-na-temelna-istraga-i-odgovornost-za-prekrshuvanjata-na-pravata-na-pacientite-po-emisijata-nechista-krv/ Fri, 22 Jul 2022 09:57:36 +0000 https://republika.mk/?p=532088

Реакција на ИРЛ, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници по обвјавувањето на емисијата „Нечиста крв“ и рекацијата на Министерството за здравство.

Министерството за здравство и останатите државни органи кои учествуваа на вчерашната прес конференција уште еднаш демонстрираа како институциите со содржината и особено начинот на изразување сами ја зголемуваат општата недоверба на граѓаните во институциите. Ова доаѓа во моменти кога треба да се разоткријат неправилности кои резултираа со тешки последици по здравјето и животот на луѓето  на што укажа документарецот на ИРЛ ,,Нечиста крв’’. Убедливите пораки на министерот Беким Сали дека никој не е над законот, дека нема недопирливи и дека случајот ќе има правна разрешница, веднаш потоа спласнаа со паушални и неумесни изјави дека „ковидот е нова болест и дека ниту една земја не може да потврди дека тоа што го правела за време на пандемијата е медицина заснована на докази.“

Неизбежен е впечатокот дека надлежните лица од Министерството за здравство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Лекарската комора и Агенцијата за лекови, кои се обратија на прес конференцијата, се обидоа да ги релативизираат наодите и изјавите од документарниот филм. Надлежноста за одговори, како и што е веќе вообичаено, ја префрлија на други институции и упатија молба до јавноста и медиумите за повеќе време, за надлежните институции да ја утврдат фактичката состојба.

Да потсетиме дека сите институции веќе беа запознаени со истражувањето на ИРЛ неколку месеци пред документарното истражување воопшто да биде објавено. Дополнително, дел од наводите кои беа изнесени, дека спорната метода не е дел од општоприфатените протоколи за лекување, беа познати уште на самите почетоци на нејзиното практицирање. Сепак, конкретни мерки не беа преземени. Дополнително, семејствата на пациентите реагирале во изминатите две години до институциите, но не добиле повратен одговор дали нешто воопшто е преземено. Поради ова граѓаните се обратија до редакцијата на ИРЛ. Дел од нив имаат поднесено и кривични пријави, како семејството Брезеви, кои повеќе од осум месеци чекаат на правна разврска, за кривичната пријава поднесена за начинот на лекување на починатиот Никола Брезев во клиничката болница „Жан Митрев“.

Фактите кои ги презентираше Министерството за здравство требаше да ја убедат јавноста дека во ланецот на одговорност за случајот „Нечиста крв“, Центарот за јавно здравје е прва институцијата која ја прима информацијата дали во некоја од здравствените установи има интрахоспитални инфекции. Но, на прес конференцијата немаше претставник од оваа клучна установа, што укажува на недоволна транспарентност и отвара дополнителни сомнежи.

Останува нејасно, зошто ниедна институција не реагирала пред објавата на документарниот филм, со оглед на фактот што хемофилтрацијата била со месеци агресивно рекламирана на телевизиите од сопственикот на болницата, доктор Жан Митрев. Особено затоа што претходниот министер за здравство, Венко Филипче, кој беше на позиција кога КОВИД пандемијата стана реалност, ја убедуваше јавноста дека методот на хемофилтрација (филтрација на крвта) не е испитан, ниту пак медицински гарантира спас од корона вирусот, кој однесе илјадници човечки животи во Македонија.

На крај, го повикуваме Јавното обвинителство сериозно да му пристапи на овој случај, и особено да обрне внимание на постапувањето на државните институции при контролата на јавните и приватни здравствени установи. Со оглед на бројните пријави на граѓани кои деновиве пристигнаа во нашите организации, апелираме Јавното обвинителство да ја извести јавноста за преземените мерки во најкус можен рок.

The post ИРЛ инсистира на темелна истрага и одговорност за прекршувањата на правата на пациентите по емисијата „Нечиста крв“ appeared first on Република.

]]>

Реакција на ИРЛ, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници по обвјавувањето на емисијата „Нечиста крв“ и рекацијата на Министерството за здравство.   Министерството за здравство и останатите државни органи кои учествуваа на вчерашната прес конференција уште еднаш демонстрираа како институциите со содржината и особено начинот на изразување сами ја зголемуваат општата недоверба на граѓаните во институциите. Ова доаѓа во моменти кога треба да се разоткријат неправилности кои резултираа со тешки последици по здравјето и животот на луѓето  на што укажа документарецот на ИРЛ ,,Нечиста крв’’. Убедливите пораки на министерот Беким Сали дека никој не е над законот, дека нема недопирливи и дека случајот ќе има правна разрешница, веднаш потоа спласнаа со паушални и неумесни изјави дека „ковидот е нова болест и дека ниту една земја не може да потврди дека тоа што го правела за време на пандемијата е медицина заснована на докази.“ Неизбежен е впечатокот дека надлежните лица од Министерството за здравство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Лекарската комора и Агенцијата за лекови, кои се обратија на прес конференцијата, се обидоа да ги релативизираат наодите и изјавите од документарниот филм. Надлежноста за одговори, како и што е веќе вообичаено, ја префрлија на други институции и упатија молба до јавноста и медиумите за повеќе време, за надлежните институции да ја утврдат фактичката состојба. Да потсетиме дека сите институции веќе беа запознаени со истражувањето на ИРЛ неколку месеци пред документарното истражување воопшто да биде објавено. Дополнително, дел од наводите кои беа изнесени, дека спорната метода не е дел од општоприфатените протоколи за лекување, беа познати уште на самите почетоци на нејзиното практицирање. Сепак, конкретни мерки не беа преземени. Дополнително, семејствата на пациентите реагирале во изминатите две години до институциите, но не добиле повратен одговор дали нешто воопшто е преземено. Поради ова граѓаните се обратија до редакцијата на ИРЛ. Дел од нив имаат поднесено и кривични пријави, како семејството Брезеви, кои повеќе од осум месеци чекаат на правна разврска, за кривичната пријава поднесена за начинот на лекување на починатиот Никола Брезев во клиничката болница „Жан Митрев“. Фактите кои ги презентираше Министерството за здравство требаше да ја убедат јавноста дека во ланецот на одговорност за случајот „Нечиста крв“, Центарот за јавно здравје е прва институцијата која ја прима информацијата дали во некоја од здравствените установи има интрахоспитални инфекции. Но, на прес конференцијата немаше претставник од оваа клучна установа, што укажува на недоволна транспарентност и отвара дополнителни сомнежи. Останува нејасно, зошто ниедна институција не реагирала пред објавата на документарниот филм, со оглед на фактот што хемофилтрацијата била со месеци агресивно рекламирана на телевизиите од сопственикот на болницата, доктор Жан Митрев. Особено затоа што претходниот министер за здравство, Венко Филипче, кој беше на позиција кога КОВИД пандемијата стана реалност, ја убедуваше јавноста дека методот на хемофилтрација (филтрација на крвта) не е испитан, ниту пак медицински гарантира спас од корона вирусот, кој однесе илјадници човечки животи во Македонија. На крај, го повикуваме Јавното обвинителство сериозно да му пристапи на овој случај, и особено да обрне внимание на постапувањето на државните институции при контролата на јавните и приватни здравствени установи. Со оглед на бројните пријави на граѓани кои деновиве пристигнаа во нашите организации, апелираме Јавното обвинителство да ја извести јавноста за преземените мерки во најкус можен рок.

The post ИРЛ инсистира на темелна истрага и одговорност за прекршувањата на правата на пациентите по емисијата „Нечиста крв“ appeared first on Република.

]]>
Клиника „Жан Митрев“: Одговорните лица од болницата деновиве ја доставуваат бараната документација до инспекциските служби https://republika.mk/vesti/makedonija/klinika-zan-mitrev-odgovornite-lica-od-bolnicata-denovive-ja-dostavuvaat-baranata-dokumentacija-do-inspekciskite-sluzbi/ Thu, 21 Jul 2022 15:05:36 +0000 https://republika.mk/?p=531883

Во последните неколку денови одговорните лица од Клиничката болница „Жан Митрев“ се во контакт со инспекциските служби од МАЛМЕД, ДСЗИ, како и Основното јавно обвинителство и МВР, со цел достава на бараната документација, соопштија од приватната клиника „Жан Митрев“.

Како и досега, посочуваат во соопштението, „во интерес на утврдување на фактичката состојба, остануваме на располагање за соработка со сите официјални државни органи“.

Ги повикуваме медиумите и сите страни од интерес да се воздржат од превремено донесување заклучоци и изнесување разни шпекулации, наведуваат од Клиниката.

Обвинителството во понеделникот по допрен глас оформи предмет, откако ИРЛ објави истражување за клиничката болница „Жан Митрев“ и доктор Жан Митрев.

Истражувањето на ИРЛ покажа дека приватна болница, за време на Ковид-19 пандемијата го применува методот на хемофилтирација (филтрирање на крвта), кој бил клиничка студија. Клиничките студии не биле пријавени и одобрени во МАЛМЕД. Скапото лекување на клиниката, кое чинело од 12 илјади евра па нагоре, всушност било дел од клиничка студија, во која Жан Митрев навел дека значителен дел од пациентите добиле интрахоспитални инфекции за време на лекувањето.

The post Клиника „Жан Митрев“: Одговорните лица од болницата деновиве ја доставуваат бараната документација до инспекциските служби appeared first on Република.

]]>

Во последните неколку денови одговорните лица од Клиничката болница „Жан Митрев“ се во контакт со инспекциските служби од МАЛМЕД, ДСЗИ, како и Основното јавно обвинителство и МВР, со цел достава на бараната документација, соопштија од приватната клиника „Жан Митрев“. Како и досега, посочуваат во соопштението, „во интерес на утврдување на фактичката состојба, остануваме на располагање за соработка со сите официјални државни органи“.
Ги повикуваме медиумите и сите страни од интерес да се воздржат од превремено донесување заклучоци и изнесување разни шпекулации, наведуваат од Клиниката.
Обвинителството во понеделникот по допрен глас оформи предмет, откако ИРЛ објави истражување за клиничката болница „Жан Митрев“ и доктор Жан Митрев. Истражувањето на ИРЛ покажа дека приватна болница, за време на Ковид-19 пандемијата го применува методот на хемофилтирација (филтрирање на крвта), кој бил клиничка студија. Клиничките студии не биле пријавени и одобрени во МАЛМЕД. Скапото лекување на клиниката, кое чинело од 12 илјади евра па нагоре, всушност било дел од клиничка студија, во која Жан Митрев навел дека значителен дел од пациентите добиле интрахоспитални инфекции за време на лекувањето.

The post Клиника „Жан Митрев“: Одговорните лица од болницата деновиве ја доставуваат бараната документација до инспекциските служби appeared first on Република.

]]>
Комисија се формира за да се заташка работата: Мицкоски побара вистинска истрага за аферата „нечиста крв“ https://republika.mk/vesti/makedonija/komisija-se-formira-za-da-se-zatashka-rabotata-mickoski-pobara-vistinska-istraga-za-aferata-nechista-krv/ Thu, 21 Jul 2022 12:18:40 +0000 https://republika.mk/?p=531828

Најдобар начин да се заташка некоја работа е да се формира комисија и тогаш таа ќе се разводни и резултатот од работата на таа комисија можеби и никогаш нема да се види. Тој што го советувал министерот го советувал погрешно или пак не сакам да констатирам, но ако тоа го направил свесно тогаш ќе биде во јавноста можеби и како соучесник во целиот овој процес, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со комисијата која Министерството за здравство ја најави за расчистување на случајот „Нечиста крв“.

Мицкоски потенцираше и дека за овој случај наместо да се формираат комисии и да се развлекува, требало веднаш да се реагира и да се расчисти.

Требаше да се реагира според мене многу робусно, веднаш, а не да се формираат комисии и жалам повторно што министерот најверојатно некој го советувал погрешно, но тоа е што е, во Македонија овие политичари за да ја распродаваат, како што ја распродаваат, единствена цел им е да останат ден повеќе и да ги користат привилегиите кои што им ги дава народот или да бидам попрецизен да крадат и забораваат дека ќе дојде денот кога ќе се соочат со одговорност. Јас паметам и други времиња и други политичари кои што мислеле дека вечно ќе траат во политиката, но дошол денот кога се соочиле со одговорноста. Тоа што го правите сега, многу скоро во иднина ќе има влијание без разлика дали е тоа позитивно или негативно. Мислам дека од погрешен чекор во погрешен влегуваат и само дополнително забраздуваат во проблемите, но тоа е нивна работа. Наша работа е што можеме да поправиме од тоа што може да се поправи, а потоа да добиеме мнозинство од граѓаните и овие грешки од изминативе 5 години да ги санираме – истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ако не се случи тоа ќе останат крадците таму каде што се без одговорност, а народот се помалку ќе го има во Македонија, а Македонија ќе се празни.

The post Комисија се формира за да се заташка работата: Мицкоски побара вистинска истрага за аферата „нечиста крв“ appeared first on Република.

]]>

Најдобар начин да се заташка некоја работа е да се формира комисија и тогаш таа ќе се разводни и резултатот од работата на таа комисија можеби и никогаш нема да се види. Тој што го советувал министерот го советувал погрешно или пак не сакам да констатирам, но ако тоа го направил свесно тогаш ќе биде во јавноста можеби и како соучесник во целиот овој процес, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со комисијата која Министерството за здравство ја најави за расчистување на случајот „Нечиста крв“. Мицкоски потенцираше и дека за овој случај наместо да се формираат комисии и да се развлекува, требало веднаш да се реагира и да се расчисти.
Требаше да се реагира според мене многу робусно, веднаш, а не да се формираат комисии и жалам повторно што министерот најверојатно некој го советувал погрешно, но тоа е што е, во Македонија овие политичари за да ја распродаваат, како што ја распродаваат, единствена цел им е да останат ден повеќе и да ги користат привилегиите кои што им ги дава народот или да бидам попрецизен да крадат и забораваат дека ќе дојде денот кога ќе се соочат со одговорност. Јас паметам и други времиња и други политичари кои што мислеле дека вечно ќе траат во политиката, но дошол денот кога се соочиле со одговорноста. Тоа што го правите сега, многу скоро во иднина ќе има влијание без разлика дали е тоа позитивно или негативно. Мислам дека од погрешен чекор во погрешен влегуваат и само дополнително забраздуваат во проблемите, но тоа е нивна работа. Наша работа е што можеме да поправиме од тоа што може да се поправи, а потоа да добиеме мнозинство од граѓаните и овие грешки од изминативе 5 години да ги санираме – истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека ако не се случи тоа ќе останат крадците таму каде што се без одговорност, а народот се помалку ќе го има во Македонија, а Македонија ќе се празни.  

The post Комисија се формира за да се заташка работата: Мицкоски побара вистинска истрага за аферата „нечиста крв“ appeared first on Република.

]]>
Сали денеска ќе објави детали за случајот со „Жан Митрев“ https://republika.mk/vesti/makedonija/sali-deneska-kje-objavi-detali-za-sluchajot-so-zan-mitrev/ Wed, 20 Jul 2022 08:29:13 +0000 https://republika.mk/?p=531316

Министерот за здравство Беким Сали денеска ќе одржи прес-конференција на која се очекува да објави повеќе детали за случајот со Клиничката болница „Жан Митрев“ по објавената сторија на „Истражувачка репортерска лабораторија“, емитувана на програмата на Националната радио телевизија.

Министерот Сали во понеделникот на прес-конференција информираше дека е пратен допис до Државниот здравствен и санитарен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор во Kлиничката болница „Жан Митрев“ и дека Агенцијата за лекови Малмед веќе иницирала вонреден инспекциски надзор за да утврди дали е почитувана постапката за клинички испитувања за хемофилтрација.

Целта на извештајот, како што рече, ќе биде да ја констатира фактичката состојба и да ги адресира сите сознанија до кои ќе се дојде.

Oд Извештајот очекувам неколку елементи како краен резултат. Јасно утврдување на системски недоследности за кои одговорно тврдам дека сите кои се во моја надлежност како министер ќе ги исправам во најкус можен рок. Извештајот ќе има за цел да ја констатира состојбата и јас лично ќе го доставам до надлежните институции за понатамошно постапување. МЗ и јас како министер моравме да ги добиеме сите информации за да ја имаме севкупната слика за на јавноста да и доставиме само издржани и релевантни информации. И уште поважно, семејствата на пациентите заслужуваат да имаат транспарентна севкупна информација, рече Сали на прес-конференцијата во понеделникот.

По објавувањето на сторијата „Нечиста крв“ на ИРЛ, Обвинителството оформи предмет.

Од ИРЛ информираа дека по објавувањето на документарецот, до нивната редакција стигнале стотици пријави од граѓани за неправилности и злоупотреби во рамки на државниот и приватниот здравствен систем.

Истражувањето на ИРЛ покажа дека приватната болница, која имаше најмногу пациенти за време на Ковид-19 пандемијата, го применува методот на хемофилтирација (филтрирање на крвта), кој бил клиничка студија. Клиничките студии не биле пријавени и одобрени во МАЛМЕД. Скапото лекување на клиниката, кое чинело од 12 илјади евра па нагоре, всушност било дел од клиничка студија, во која Жан Митрев навел дека значителен дел од пациентите добиле интрахоспитални инфекции за време на лекувањето.

Според Центарот за јавно здравје – Скопје, клиниката „Жан Митрев“ не пријавила појава на интрахоспитални инфекции, иако е законски обврзана да го извести државниот орган.

Во документарецот сведочи семејството Брезеви, кои изгубиле член, кој се лекувал во болницата. Сопругата на починатиот за ИРЛ раскажува дека покрај лекувањето на Ковид, нејзиниот сопруг добил низа интрахоспитални инфекции, а бил подложен и на хемофилтрација на крвта. Новинарите од ИРЛ разговарале со уште 20-ина семејства чии блиски починале во болницата и добиле слични или исти сведоштва.

The post Сали денеска ќе објави детали за случајот со „Жан Митрев“ appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Беким Сали денеска ќе одржи прес-конференција на која се очекува да објави повеќе детали за случајот со Клиничката болница „Жан Митрев“ по објавената сторија на „Истражувачка репортерска лабораторија“, емитувана на програмата на Националната радио телевизија. Министерот Сали во понеделникот на прес-конференција информираше дека е пратен допис до Државниот здравствен и санитарен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор во Kлиничката болница „Жан Митрев“ и дека Агенцијата за лекови Малмед веќе иницирала вонреден инспекциски надзор за да утврди дали е почитувана постапката за клинички испитувања за хемофилтрација. Целта на извештајот, како што рече, ќе биде да ја констатира фактичката состојба и да ги адресира сите сознанија до кои ќе се дојде.
Oд Извештајот очекувам неколку елементи како краен резултат. Јасно утврдување на системски недоследности за кои одговорно тврдам дека сите кои се во моја надлежност како министер ќе ги исправам во најкус можен рок. Извештајот ќе има за цел да ја констатира состојбата и јас лично ќе го доставам до надлежните институции за понатамошно постапување. МЗ и јас како министер моравме да ги добиеме сите информации за да ја имаме севкупната слика за на јавноста да и доставиме само издржани и релевантни информации. И уште поважно, семејствата на пациентите заслужуваат да имаат транспарентна севкупна информација, рече Сали на прес-конференцијата во понеделникот.
По објавувањето на сторијата „Нечиста крв“ на ИРЛ, Обвинителството оформи предмет. Од ИРЛ информираа дека по објавувањето на документарецот, до нивната редакција стигнале стотици пријави од граѓани за неправилности и злоупотреби во рамки на државниот и приватниот здравствен систем. Истражувањето на ИРЛ покажа дека приватната болница, која имаше најмногу пациенти за време на Ковид-19 пандемијата, го применува методот на хемофилтирација (филтрирање на крвта), кој бил клиничка студија. Клиничките студии не биле пријавени и одобрени во МАЛМЕД. Скапото лекување на клиниката, кое чинело од 12 илјади евра па нагоре, всушност било дел од клиничка студија, во која Жан Митрев навел дека значителен дел од пациентите добиле интрахоспитални инфекции за време на лекувањето. Според Центарот за јавно здравје – Скопје, клиниката „Жан Митрев“ не пријавила појава на интрахоспитални инфекции, иако е законски обврзана да го извести државниот орган. Во документарецот сведочи семејството Брезеви, кои изгубиле член, кој се лекувал во болницата. Сопругата на починатиот за ИРЛ раскажува дека покрај лекувањето на Ковид, нејзиниот сопруг добил низа интрахоспитални инфекции, а бил подложен и на хемофилтрација на крвта. Новинарите од ИРЛ разговарале со уште 20-ина семејства чии блиски починале во болницата и добиле слични или исти сведоштва.

The post Сали денеска ќе објави детали за случајот со „Жан Митрев“ appeared first on Република.

]]>
ИРЛ: По објавување на документарецот во нашата редакција пристигнаа стотици пријави од граѓани за неправилности и злоупотреби во рамки на државниот и приватниот здравствен систем https://republika.mk/vesti/makedonija/irl-po-objavuvanje-na-dokumentarecot-vo-nashata-redakcija-pristignaa-stotici-prijavi-od-gragjani-za-nepravilnosti-i-zloupotrebi-vo-ramki-na-drzavniot-i-privatniot-zdravstven-sistem/ Mon, 18 Jul 2022 16:02:26 +0000 https://republika.mk/?p=530735

По објавување на документарецот во редакцијата на ИРЛ пристигнале стотици пријави од граѓани за неправилности и злоупотреби во рамки на државниот и приватниот здравствен систем.

Ви благодариме на поддршката и довербата која ни ја давате, а ние ќе дадеме се од себе да ги покриеме сите нови теми кои произлегоа од сторијата „Нечиста крв“-велат оттаму.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerstoto-za-zdravstvo-ima-dva-dena-da-kaze-shto-se-sluchuvalo-vo-zan-mitrev/

The post ИРЛ: По објавување на документарецот во нашата редакција пристигнаа стотици пријави од граѓани за неправилности и злоупотреби во рамки на државниот и приватниот здравствен систем appeared first on Република.