навивачи Archives - Република https://republika.mk/tema/navivachi/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Oct 2024 19:44:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png навивачи Archives - Република https://republika.mk/tema/navivachi/ 32 32 Најубаво „фала“: Бесплатно пиво на следниот меч против Комо за навивачите на Наполи https://republika.mk/sport/fudbal/najubavo-fala-besplatno-pivo-na-sledniot-mech-protiv-komo-za-navivachite-na-napoli/ Tue, 08 Oct 2024 19:44:50 +0000 https://republika.mk/?p=824292

Италијанскиот фудбалски прволигаш Комо објави дека поради пријатното гостување во Неапол, секој навивач на Наполи ќе го почести со пиво кога овие два тима повторно ќе се сретнат во првенството.

Комо минатата недела гостуваше во Неапол, во рамките на 8. коло од Серија А, а лидерот Наполи победи со 3-1.

Фудбалерите, стручниот штаб и раководството на Комо биле воодушевени од пречекот во Неапол и на стадионот „Диего Армандо Марадона“, каде домашните навивачи им аплаудираа на своите играчи, но и на противниците.

Комо сака да ја изрази својата искрена благодарност до Наполи и неговите навивачи за прекрасниот пречек во спортски дух. Атмосферата на стадионот беше ненадмината, објави Комо и најави дека ќе му се заблагодари на спортскиот ривал на својот стадион „Џузепе Синигалија“.

Комо и Наполи ќе играат повторно на 23 февруари идната година, а Комо најави дека заедно со топлото добредојде, секој навивач на гостинскиот тим ќе биде почестен со пиво.

Комо сезонава по 21 година се врати во Серија А и во моментов е на 14. место на табелата.

The post Најубаво „фала“: Бесплатно пиво на следниот меч против Комо за навивачите на Наполи appeared first on Република.

]]>

Италијанскиот фудбалски прволигаш Комо објави дека поради пријатното гостување во Неапол, секој навивач на Наполи ќе го почести со пиво кога овие два тима повторно ќе се сретнат во првенството. Комо минатата недела гостуваше во Неапол, во рамките на 8. коло од Серија А, а лидерот Наполи победи со 3-1. Фудбалерите, стручниот штаб и раководството на Комо биле воодушевени од пречекот во Неапол и на стадионот „Диего Армандо Марадона“, каде домашните навивачи им аплаудираа на своите играчи, но и на противниците.
Комо сака да ја изрази својата искрена благодарност до Наполи и неговите навивачи за прекрасниот пречек во спортски дух. Атмосферата на стадионот беше ненадмината, објави Комо и најави дека ќе му се заблагодари на спортскиот ривал на својот стадион „Џузепе Синигалија“.
Комо и Наполи ќе играат повторно на 23 февруари идната година, а Комо најави дека заедно со топлото добредојде, секој навивач на гостинскиот тим ќе биде почестен со пиво. Комо сезонава по 21 година се врати во Серија А и во моментов е на 14. место на табелата.

The post Најубаво „фала“: Бесплатно пиво на следниот меч против Комо за навивачите на Наполи appeared first on Република.

]]>
Многу уапсени и повреди по градското дерби меѓу Џенова и Сампдорија https://republika.mk/sport/fudbal/mnogu-uapseni-i-povredi-po-gradskoto-derbi-megu-dhenova-i-sampdorija/ Thu, 26 Sep 2024 18:21:35 +0000 https://republika.mk/?p=819990

Осум навивачи се уапсени, а десет завршија во болница по судирите меѓу приврзаниците на Џенова и градскиот ривал Сампдорија во средата вечер.

По пауза од две години овие два клуба играа еден против друг, во второто коло од Купот на Италија. По 90 минути резултатот беше 1-1, а по изведувањето пенали пласман понатаму обезбеди Сампдорија.

Италијанските медиуми јавија дека пресметки меѓу навивачите на двата клуба се случувале во целиот град, а траеле до 3 часот наутро.

Меѓу многуте повредени навивачи, десет од нив се хоспитализирани, а повредени биле и петмина полицајци.

Голем број навивачи биле уапсени, но во меѓувреме ослободени, а осум од нив сè уште се во притвор.

The post Многу уапсени и повреди по градското дерби меѓу Џенова и Сампдорија appeared first on Република.

]]>

Осум навивачи се уапсени, а десет завршија во болница по судирите меѓу приврзаниците на Џенова и градскиот ривал Сампдорија во средата вечер. По пауза од две години овие два клуба играа еден против друг, во второто коло од Купот на Италија. По 90 минути резултатот беше 1-1, а по изведувањето пенали пласман понатаму обезбеди Сампдорија. Италијанските медиуми јавија дека пресметки меѓу навивачите на двата клуба се случувале во целиот град, а траеле до 3 часот наутро. Меѓу многуте повредени навивачи, десет од нив се хоспитализирани, а повредени биле и петмина полицајци. Голем број навивачи биле уапсени, но во меѓувреме ослободени, а осум од нив сè уште се во притвор.

The post Многу уапсени и повреди по градското дерби меѓу Џенова и Сампдорија appeared first on Република.

]]>
Се степаа холандски и англиски навивачи, петмина повредени https://republika.mk/sport/fudbal/se-stepaa-holandski-i-angliski-navivachi-petmina-povredeni/ Wed, 10 Jul 2024 18:28:32 +0000 https://republika.mk/?p=795526

Пет лица се повредени во тепачка меѓу навивачи на англиската и холандската фудбалска репрезентација во Дортмунд пред полуфиналето на Европското првенство во Германија.

Повеќе од 100.000 навивачи, претежно Холанѓани, се очекуваше да пристигнат во Дортмунд без билети во пресрет на натпреварот.

Свесни сме за некои извештаи и видеа од немирите во Дортмунд. Се чини дека имало неколку случаи на холандски навивачи кои ги напаѓале англиските навивачи во баровите и се обидувале да ги грабнат нивните знамиња. Дознавме дека како резултат на тоа биле полесно повредени пет лица“, се вели во соопштението на британската полициска единица која се занимава со фудбалските навивачи и има свои претставници во Германија.

Во соопштението се додава дека на десетици илјади холандски навивачи им се придружила група „ризични навивачи“ кои од Холандија допатувале во Дортмунд и дека британските полицајци им помагаат на германските колеги.

Германската полиција соопшти дека дошло до конфликт меѓу две групи луѓе во ресторан и дека се повредени одреден број навивачи, пренесува германската агенција ДПА.

The post Се степаа холандски и англиски навивачи, петмина повредени appeared first on Република.

]]>

Пет лица се повредени во тепачка меѓу навивачи на англиската и холандската фудбалска репрезентација во Дортмунд пред полуфиналето на Европското првенство во Германија. Повеќе од 100.000 навивачи, претежно Холанѓани, се очекуваше да пристигнат во Дортмунд без билети во пресрет на натпреварот.
Свесни сме за некои извештаи и видеа од немирите во Дортмунд. Се чини дека имало неколку случаи на холандски навивачи кои ги напаѓале англиските навивачи во баровите и се обидувале да ги грабнат нивните знамиња. Дознавме дека како резултат на тоа биле полесно повредени пет лица“, се вели во соопштението на британската полициска единица која се занимава со фудбалските навивачи и има свои претставници во Германија.
Во соопштението се додава дека на десетици илјади холандски навивачи им се придружила група „ризични навивачи“ кои од Холандија допатувале во Дортмунд и дека британските полицајци им помагаат на германските колеги. Германската полиција соопшти дека дошло до конфликт меѓу две групи луѓе во ресторан и дека се повредени одреден број навивачи, пренесува германската агенција ДПА.

The post Се степаа холандски и англиски навивачи, петмина повредени appeared first on Република.

]]>
За Албанците, Хрватите и Србите и фудбалот е политика, Македонците на менито https://republika.mk/sport/fudbal/za-albantsite-hrvatite-i-srbite-i-fudbalot-e-politika-makedontsite-na-menito/ Thu, 20 Jun 2024 15:25:12 +0000 https://republika.mk/?p=789298

„Fire“ односно оган е официјалната песна за Европското првенство кое се игра во Германија. Навивачки пламен има повеќе отколку што треба на трибините и надвор од нив отколку на теренот.Во оганот предничат репрезентациите од регионот, односно нивните навивачи.

Албанци, Косовци, Срби, Хрвати-Западен Балкан без Македонција. Сите се дојдени во Германија да ја бодрат својата репрезентација, но и да ги навредуваат другите.

Навредите ги почнаа Албанците и Хрватите кои како браќа навиваа против Србија и Србите, па од трибините не изостанаа навредите „уби уби Србина и „Србе на врбе“.  По ова српската фудбалска федерација се закани дека е подготвена да го напушти првенството ако нема казни за навредите.

Згора на тоа, косовски новинар им „леташе орли“ пред нивни очи за што е суспендиран

Омразата ја продолжија навивачите на Албанија кои најправо истакнаа на трибините во Дортумд транспарент на т.н „Голема Албанија“ со половина Македонија во неа.Реакција од УЕФА се разбира дека немаше.

Потоа на ред дојде мечот Албанија и Хрватска и Албанија на кој албанскиот репрезентативец Мирлит Даку на разглас извикуваше „Qifsha Maqedonien“ додека навивачите ракоплескаа.

„Победата“ над Македонија ја заокружија и албанските навивачи со навредите кон Македонците и Србите нарекувајќи ги „Шкији“.Навистина „добрососедски“.

Затоа е за поздравување што ФФМ реагираше и побара фудбалерот да се извини а ќе реагираат и до УЕФА.

https://republika.mk/sport/fudbal/novo-video-ushte-edna-navreda-od-albanskite-navivachi-za-makedontsite-gi-narekuvaat-shkiji/

The post За Албанците, Хрватите и Србите и фудбалот е политика, Македонците на менито appeared first on Република.

]]>

„Fire“ односно оган е официјалната песна за Европското првенство кое се игра во Германија. Навивачки пламен има повеќе отколку што треба на трибините и надвор од нив отколку на теренот.Во оганот предничат репрезентациите од регионот, односно нивните навивачи. Албанци, Косовци, Срби, Хрвати-Западен Балкан без Македонција. Сите се дојдени во Германија да ја бодрат својата репрезентација, но и да ги навредуваат другите. Навредите ги почнаа Албанците и Хрватите кои како браќа навиваа против Србија и Србите, па од трибините не изостанаа навредите „уби уби Србина и „Србе на врбе“.  По ова српската фудбалска федерација се закани дека е подготвена да го напушти првенството ако нема казни за навредите. Згора на тоа, косовски новинар им „леташе орли“ пред нивни очи за што е суспендиран Омразата ја продолжија навивачите на Албанија кои најправо истакнаа на трибините во Дортумд транспарент на т.н „Голема Албанија“ со половина Македонија во неа.Реакција од УЕФА се разбира дека немаше. Потоа на ред дојде мечот Албанија и Хрватска и Албанија на кој албанскиот репрезентативец Мирлит Даку на разглас извикуваше „Qifsha Maqedonien“ додека навивачите ракоплескаа. „Победата“ над Македонија ја заокружија и албанските навивачи со навредите кон Македонците и Србите нарекувајќи ги „Шкији“.Навистина „добрососедски“. Затоа е за поздравување што ФФМ реагираше и побара фудбалерот да се извини а ќе реагираат и до УЕФА. https://republika.mk/sport/fudbal/novo-video-ushte-edna-navreda-od-albanskite-navivachi-za-makedontsite-gi-narekuvaat-shkiji/

The post За Албанците, Хрватите и Србите и фудбалот е политика, Македонците на менито appeared first on Република.

]]>
Најголемото хрватско знаме во светот ќе се вее во Хамбург на мечот против Албанија https://republika.mk/sport/fudbal/najgolemoto-hrvatsko-zname-vo-svetot-ke-se-vee-vo-hamburg-na-mechot-protiv-albanija/ Wed, 19 Jun 2024 12:05:45 +0000 https://republika.mk/?p=789051

Најголемото хрватско знаме во светот пристигна и во Хамбург!

Хрватскиот весник „Јутарњи лист“ објави серија фотографии од атмосферата меѓу хрваскте навивачи во Хамбург, каде што „коцкестите“ од 15 лчасот играат против Албанија.

The post Најголемото хрватско знаме во светот ќе се вее во Хамбург на мечот против Албанија appeared first on Република.

]]>

Најголемото хрватско знаме во светот пристигна и во Хамбург! Хрватскиот весник „Јутарњи лист“ објави серија фотографии од атмосферата меѓу хрваскте навивачи во Хамбург, каде што „коцкестите“ од 15 лчасот играат против Албанија.

The post Најголемото хрватско знаме во светот ќе се вее во Хамбург на мечот против Албанија appeared first on Република.

]]>
Тетоважата го оддала: Навивач на АЕК извадил нож пред фановите на Олимпиакос https://republika.mk/sport/fudbal/tetovazhata-go-oddala-navivach-na-aek-izvadil-nozh-pred-fanovite-na-olimpiakos/ Thu, 30 May 2024 10:48:36 +0000 https://republika.mk/?p=783132

Голема драма се одвиваше пред почетокот на финалниот натпревар од Конференциската лига меѓу Олимпијакос и Фиорентина во Атина.

Фудбалерите на Олимпијакос ја освоија титулата во Конференциската лига, откако во финалето во Атина по продолженијата ја совладаа Фиорентина со 1:0.

Натпреварот е означен како ризичен поради фактот што натпреварот се игра на стадионот на АЕК - лутиот ривал на Олимпијакос.

Полицијата стравуваше дека на денот на натпреварот може да дојде до судир на грчки навивачи, па за ова финале беа ангажирани дури 5.000 полицајци.

Откриено е дека полицијата пред почетокот на натпреварот уапсила навивач на АЕК кој со нож влегол кај навивачите на Олимпијакос. Забележале дека има тетоважа на грбот на АЕК па веднаш го опколиле. При претресот кај него пронашле нож!

The post Тетоважата го оддала: Навивач на АЕК извадил нож пред фановите на Олимпиакос appeared first on Република.

]]>

Голема драма се одвиваше пред почетокот на финалниот натпревар од Конференциската лига меѓу Олимпијакос и Фиорентина во Атина. Фудбалерите на Олимпијакос ја освоија титулата во Конференциската лига, откако во финалето во Атина по продолженијата ја совладаа Фиорентина со 1:0. Натпреварот е означен како ризичен поради фактот што натпреварот се игра на стадионот на АЕК - лутиот ривал на Олимпијакос. Полицијата стравуваше дека на денот на натпреварот може да дојде до судир на грчки навивачи, па за ова финале беа ангажирани дури 5.000 полицајци. Откриено е дека полицијата пред почетокот на натпреварот уапсила навивач на АЕК кој со нож влегол кај навивачите на Олимпијакос. Забележале дека има тетоважа на грбот на АЕК па веднаш го опколиле. При претресот кај него пронашле нож!

The post Тетоважата го оддала: Навивач на АЕК извадил нож пред фановите на Олимпиакос appeared first on Република.

]]>
Баер со бесплатни тетоважи за навивачите https://republika.mk/sport/fudbal/baer-so-besplatni-tetovazhi-za-navivachite/ Fri, 10 May 2024 16:05:37 +0000 https://republika.mk/?p=776870

Баер Леверкузен им понуди денеска на своите навивачи бесплатни клупски тетоважи со кои ќе ја одбележат сезоната во која тимот предводен од Чаби Алонсо е во рекордна серија без пораз, а ја освои шампионската титула во Бундеслигата и е во борба за уште два трофеи – во германскиот Куп и во Лига Европа.

Специјална акција на крајот на специјалната сезона. Баер 04 им нуди на навивачите можност до крајот на сезоната да изберат една од многуте тетоважи на Баер 04 бесплатно. Резервирајте го вашиот термин веднаш и овековечете ја оваа единствена сезона на вашата кожа, стои во соопштението на клубот.

Тимот на Чаби Алонсо без пораз е оваа сезона на 49 натпревари во сите натпреварувања, надминувајќи го долгогодишниот европски рекорд на Бенфика поставен од 1963 до 1965 година.

Откако ја запечати својата прва титула во Бундеслигата, Баер Леверкузен вчера се пласираше во финалето на Лига Европа во кое за противник ќе ја има Аталанта, а ќе игра и во финалето на Купот на Германија во кое ќе се соочи со второлигашот Кајзерслаутерн.

The post Баер со бесплатни тетоважи за навивачите appeared first on Република.

]]>

Баер Леверкузен им понуди денеска на своите навивачи бесплатни клупски тетоважи со кои ќе ја одбележат сезоната во која тимот предводен од Чаби Алонсо е во рекордна серија без пораз, а ја освои шампионската титула во Бундеслигата и е во борба за уште два трофеи – во германскиот Куп и во Лига Европа.
Специјална акција на крајот на специјалната сезона. Баер 04 им нуди на навивачите можност до крајот на сезоната да изберат една од многуте тетоважи на Баер 04 бесплатно. Резервирајте го вашиот термин веднаш и овековечете ја оваа единствена сезона на вашата кожа, стои во соопштението на клубот.
Тимот на Чаби Алонсо без пораз е оваа сезона на 49 натпревари во сите натпреварувања, надминувајќи го долгогодишниот европски рекорд на Бенфика поставен од 1963 до 1965 година. Откако ја запечати својата прва титула во Бундеслигата, Баер Леверкузен вчера се пласираше во финалето на Лига Европа во кое за противник ќе ја има Аталанта, а ќе игра и во финалето на Купот на Германија во кое ќе се соочи со второлигашот Кајзерслаутерн.

The post Баер со бесплатни тетоважи за навивачите appeared first on Република.

]]>
УЕФА ја казни Барселона за расистичките испади на навивачите https://republika.mk/sport/fudbal/uefa-ja-kazni-barselona-za-rasistichkite-ispadi-na-navivachite/ Thu, 18 Apr 2024 21:02:42 +0000 https://republika.mk/?p=767754

Европската фудбалска централа (УЕФА) ја казни Барселона поради расистичките испади на нејзините навивачи во Париз за време на четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против ПСЖ, објави УЕФА на својата веб-страница.

Покрај расизмот, Барселона е казнета и за палење ракети и оштетување на стадионот од страна на своите навивачи. Шпанскиот клуб е казнет со вкупно 32.000 евра.

Барселона ќе мора да стапи во контакт со ПСЖ во следните 30 дена за да ја санира штетата што ја предизвикаа нивните симпатизери на стадионот „Парк де Пренс“.

Во првиот меч во Париз Барселона победи со 3:2, но ПСЖ се пласираше во полуфиналето со победата од 4:1 во реваншот во Барселона.

The post УЕФА ја казни Барселона за расистичките испади на навивачите appeared first on Република.

]]>

Европската фудбалска централа (УЕФА) ја казни Барселона поради расистичките испади на нејзините навивачи во Париз за време на четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против ПСЖ, објави УЕФА на својата веб-страница. Покрај расизмот, Барселона е казнета и за палење ракети и оштетување на стадионот од страна на своите навивачи. Шпанскиот клуб е казнет со вкупно 32.000 евра. Барселона ќе мора да стапи во контакт со ПСЖ во следните 30 дена за да ја санира штетата што ја предизвикаа нивните симпатизери на стадионот „Парк де Пренс“. Во првиот меч во Париз Барселона победи со 3:2, но ПСЖ се пласираше во полуфиналето со победата од 4:1 во реваншот во Барселона.

The post УЕФА ја казни Барселона за расистичките испади на навивачите appeared first on Република.

]]>
ЕУРО2024: Англиските и шкотските навивачи предупредени да внимаваат со германските пива https://republika.mk/sport/fudbal/euro2024-angliskite-i-shkotskite-navivachi-predupredeni-da-vnimavaat-so-germanskite-piva/ Thu, 28 Mar 2024 18:36:40 +0000 https://republika.mk/?p=759917

Англиските и шкотските фудбалски навивачи, кои ова лето ќе ги бодрат своите селекции на Европското првенство во Германија, добија предупредување од властите да бидат внимателни при консумирањето на германското пиво бидејќи содржи поголем процент на алкохол отколку пивото во Велика Британија.

Официјалните совети за патување објавени од британското Министерство за надворешни работи ги повикуваат навивачите да „пијат одговорно“, бидејќи алкохолизираните навивачи нема да смеат да влезат на стадионите.

„Пивото може да биде посилно отколку во Велика Британија, затоа пијте одговорно, знајте ги своите граници и почитувајте ги локалните закони. Можеби нема да ви биде дозволено да влезете на стадионот ако пиете премногу“, се наведува во документот.

Британските пива во просек содржат 4,4%, алкохол, додека германските од 4,7% до 5,4%.

Во извештајот се додава дека околу 500.000 британски навивачи се очекува да патуваат на ЕУРО2024, кое ќе се одржи во 10 германски градови од 14 јуни до 14 јули.

Шкотска ќе го започне турнирот против домаќинот Германија во Минхен на отворањето, а Англија во воведното коло ќе игра против Србија во Гелзенкирхен.

The post ЕУРО2024: Англиските и шкотските навивачи предупредени да внимаваат со германските пива appeared first on Република.

]]>

Англиските и шкотските фудбалски навивачи, кои ова лето ќе ги бодрат своите селекции на Европското првенство во Германија, добија предупредување од властите да бидат внимателни при консумирањето на германското пиво бидејќи содржи поголем процент на алкохол отколку пивото во Велика Британија. Официјалните совети за патување објавени од британското Министерство за надворешни работи ги повикуваат навивачите да „пијат одговорно“, бидејќи алкохолизираните навивачи нема да смеат да влезат на стадионите. „Пивото може да биде посилно отколку во Велика Британија, затоа пијте одговорно, знајте ги своите граници и почитувајте ги локалните закони. Можеби нема да ви биде дозволено да влезете на стадионот ако пиете премногу“, се наведува во документот. Британските пива во просек содржат 4,4%, алкохол, додека германските од 4,7% до 5,4%. Во извештајот се додава дека околу 500.000 британски навивачи се очекува да патуваат на ЕУРО2024, кое ќе се одржи во 10 германски градови од 14 јуни до 14 јули. Шкотска ќе го започне турнирот против домаќинот Германија во Минхен на отворањето, а Англија во воведното коло ќе игра против Србија во Гелзенкирхен.

The post ЕУРО2024: Англиските и шкотските навивачи предупредени да внимаваат со германските пива appeared first on Република.

]]>
Со секири и палки нападнати навивачи на Партизан пред „Штарк арената“ https://republika.mk/sport/kosarka/so-sekiri-i-palki-napadnati-navivachi-na-partizan-pred-shtark-arenata/ Sun, 28 Jan 2024 10:47:42 +0000 https://republika.mk/?p=737705

По натпреварот од 23. коло во Евролигата меѓу кошаркарите на Партизан и Жалгирис, пред најголемата српска сала биле нападнати голем број на навивачи.

Засега непознати напаѓачи со палки и фантомки ги тепале навивачите кои излегувале од „Штарк Арената“.

https://twitter.com/Fangioo23/status/1751021945317904486?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1751021945317904486%7Ctwgr%5Eee339c4c51fdb1c4e571884ce0a238a27ee41872%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsitel.com.mk%2Fso-sekiri-i-palki-napadnati-navivachi-na-partizan-pred-shtark-arena-video

На натпреварот присуствуваа 20.000 навивачи, но не се знае каде била полицијата по завршувањето на големиот собир. Присутните во паника бегале на сите страни и настанало стампедо.

https://twitter.com/Fangioo23/status/1751019441528177042?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1751019441528177042%7Ctwgr%5Eee339c4c51fdb1c4e571884ce0a238a27ee41872%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsitel.com.mk%2Fso-sekiri-i-palki-napadnati-navivachi-na-partizan-pred-shtark-arena-video

Луѓето на социјалните мрежи се сомневаат дека напаѓачите се навивачи на Црвена звезда, а нападот бил одговор на инциденти кои се случувале во минатото.

The post Со секири и палки нападнати навивачи на Партизан пред „Штарк арената“ appeared first on Република.

]]>

По натпреварот од 23. коло во Евролигата меѓу кошаркарите на Партизан и Жалгирис, пред најголемата српска сала биле нападнати голем број на навивачи. Засега непознати напаѓачи со палки и фантомки ги тепале навивачите кои излегувале од „Штарк Арената“. https://twitter.com/Fangioo23/status/1751021945317904486?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1751021945317904486%7Ctwgr%5Eee339c4c51fdb1c4e571884ce0a238a27ee41872%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsitel.com.mk%2Fso-sekiri-i-palki-napadnati-navivachi-na-partizan-pred-shtark-arena-video На натпреварот присуствуваа 20.000 навивачи, но не се знае каде била полицијата по завршувањето на големиот собир. Присутните во паника бегале на сите страни и настанало стампедо. https://twitter.com/Fangioo23/status/1751019441528177042?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1751019441528177042%7Ctwgr%5Eee339c4c51fdb1c4e571884ce0a238a27ee41872%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsitel.com.mk%2Fso-sekiri-i-palki-napadnati-navivachi-na-partizan-pred-shtark-arena-video Луѓето на социјалните мрежи се сомневаат дека напаѓачите се навивачи на Црвена звезда, а нападот бил одговор на инциденти кои се случувале во минатото.

The post Со секири и палки нападнати навивачи на Партизан пред „Штарк арената“ appeared first on Република.

]]>
Уште 16 хрватски навивачи пуштени од грчки затвори https://republika.mk/vesti/balkan/ushte-16-hrvatski-navivachi-pushteni-od-grchki-zatvori/ Wed, 20 Dec 2023 20:17:45 +0000 https://republika.mk/?p=725036

Хрватското Министерство за надворешни и европски прашања соопшти денеска дека од грчките затвори се пуштени на слобода уште 16 навивачи на фудбалскиот клуб Динамо Загреб, со што вкупната бројка ослободени хрватски државјани се искачи на 91.

Повеќе од 100 членови на навивачката група Бед Блу Бојс од август беа распоредени во 14 затвори ширум Грција поради физичка пресметка со навивачи на грчки АЕК во која загина навивачот на атинскиот клуб Михалис Кацурис.

На депортираните хрватски навивачи им е изречена забрана за влез во Грција и парична казна од по 1.000 евра.

Истрагата на грчките власти во меѓувреме дојде до докази кои упатуваат дека 29-годишниот Кацурис го усмртил навивач на АЕК во хаосот што вечерта на 7 август се случуваше на улиците во Атина.

The post Уште 16 хрватски навивачи пуштени од грчки затвори appeared first on Република.

]]>

Хрватското Министерство за надворешни и европски прашања соопшти денеска дека од грчките затвори се пуштени на слобода уште 16 навивачи на фудбалскиот клуб Динамо Загреб, со што вкупната бројка ослободени хрватски државјани се искачи на 91. Повеќе од 100 членови на навивачката група Бед Блу Бојс од август беа распоредени во 14 затвори ширум Грција поради физичка пресметка со навивачи на грчки АЕК во која загина навивачот на атинскиот клуб Михалис Кацурис. На депортираните хрватски навивачи им е изречена забрана за влез во Грција и парична казна од по 1.000 евра. Истрагата на грчките власти во меѓувреме дојде до докази кои упатуваат дека 29-годишниот Кацурис го усмртил навивач на АЕК во хаосот што вечерта на 7 август се случуваше на улиците во Атина.

The post Уште 16 хрватски навивачи пуштени од грчки затвори appeared first on Република.

]]>
Околу 150 уапсени по судири меѓу навивачи на Ајакс и АЕК https://republika.mk/sport/fudbal/okolu-150-uapseni-po-sudiri-megu-navivachi-na-ajaks-i-aek/ Fri, 15 Dec 2023 13:58:36 +0000 https://republika.mk/?p=723354

Околу 150 навивачи на холандски Ајакс и грчки АЕК се упасени во Амстердам поради уништување на инвентарот во градското метро пред натпреварот одигран изминатата вечер во рамки на последното коло од групната фаза во фудбалската Лига Европа.

Навивачите на холандскиот и на грчкиот клуб се судриле на пат кон стадионот на постојка во метрото на излегување од возови кои застанале еден наспроти друг.

Освен во подземната железница, навивачи на Ајакс и АЕК се судриле и во центарот на Амстердам.

Ајакс го совлада АЕК со 3-1 и како третопласиран во групата Б што му донесе пласман во шеснаесетфиналето во Конференциската лига, додека грчкиот тим заврши на последното место и ги заврши настапите оваа сезона на европската сцена.

The post Околу 150 уапсени по судири меѓу навивачи на Ајакс и АЕК appeared first on Република.

]]>

Околу 150 навивачи на холандски Ајакс и грчки АЕК се упасени во Амстердам поради уништување на инвентарот во градското метро пред натпреварот одигран изминатата вечер во рамки на последното коло од групната фаза во фудбалската Лига Европа. Навивачите на холандскиот и на грчкиот клуб се судриле на пат кон стадионот на постојка во метрото на излегување од возови кои застанале еден наспроти друг. Освен во подземната железница, навивачи на Ајакс и АЕК се судриле и во центарот на Амстердам. Ајакс го совлада АЕК со 3-1 и како третопласиран во групата Б што му донесе пласман во шеснаесетфиналето во Конференциската лига, додека грчкиот тим заврши на последното место и ги заврши настапите оваа сезона на европската сцена.

The post Околу 150 уапсени по судири меѓу навивачи на Ајакс и АЕК appeared first on Република.

]]>
Изрaелски навивачи можат да влезат на натпревар во Грција, грчки и српски фанови не смеат https://republika.mk/sport/fudbal/izrealski-navivachi-mozhat-da-vlezat-na-natprevar-vo-grtsija-grchki-i-srpki-fanovi-ne-smeat/ Thu, 14 Dec 2023 08:22:23 +0000 https://republika.mk/?p=722761

Грчкиот фудбалски прволигаш Олимпијакос реагира на одлуката на властите денешниот натпревар на домашен терен со Бачка Топола да се игра без публика.

- Станува збор за прашање на демократија и Олимпијакос ќе ги брани своите права упатувајќи се до грчката и европската правда против надлежните министри кои ги донесоа одлуките и направија неприфатлива дискриминација меѓу грчките граѓани, соопштија од фудбалски клуб Олимпијакос по одлуката на грчката Влада, денешниот натпревар во Лига Европа со Бачка Топола да се игра без публика, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Олимпијакос преку соопштението прашуваат зошто останатите натпревари се одигруваат регуларно со присуство на гледачи како пример споменувајќи одбојкарски и кошаркарски натпревари од европските првенства.

-Во исто време со нашиот натпревар, на неколку километри од стадионот Карајскаки, регуларно и со присуство на навивачи ќе се одигра натпреварот помеѓу Панатинаикос и Макаби Хаифа. Нормално ќе присуствуваат навивачите на израелскиот тим, односно, навивачите на Панатинаикос и навивачите кои дошле во Грција од завојувана земја можат нормално да го гледаат натпреварот на својот тим без да се смета дека се во опасност од било што и од која било причина, додека навивачите на нашиот тим и оние кои дошле од Србија не можат да влезат на стадионот, соопштија од Олимпијакос.

Посочуваат дека екипата не е казнета ниту од УЕФА ниту од некој дисциплински орган за конкретниот натпревар да се игра без публика и додаваат дека „ќе биде првпат во историјата на европските купови, тим да се натпреварува на европски натпревар без навивачи со законски акт и заедничка министерска одлука“.

Одигрувањето на сите фудбалски натпревари без публика е дел од мерките на грчката Влада во справувањето на спортското насилство, откако минатата седмица пред салата во која се одржуваше одбојкарски натпревар, сериозно беше повреден полицаец.

Одлуката што е во сила до 12 февруари 2024 година се однесува на Првата фудбалска лига, на Купот на Грција, но и на денешниот натпревар на Олимпијакос во Лига Европа

The post Изрaелски навивачи можат да влезат на натпревар во Грција, грчки и српски фанови не смеат appeared first on Република.

]]>

Грчкиот фудбалски прволигаш Олимпијакос реагира на одлуката на властите денешниот натпревар на домашен терен со Бачка Топола да се игра без публика. - Станува збор за прашање на демократија и Олимпијакос ќе ги брани своите права упатувајќи се до грчката и европската правда против надлежните министри кои ги донесоа одлуките и направија неприфатлива дискриминација меѓу грчките граѓани, соопштија од фудбалски клуб Олимпијакос по одлуката на грчката Влада, денешниот натпревар во Лига Европа со Бачка Топола да се игра без публика, јави дописничката на МИА од Атина. Од Олимпијакос преку соопштението прашуваат зошто останатите натпревари се одигруваат регуларно со присуство на гледачи како пример споменувајќи одбојкарски и кошаркарски натпревари од европските првенства.
-Во исто време со нашиот натпревар, на неколку километри од стадионот Карајскаки, регуларно и со присуство на навивачи ќе се одигра натпреварот помеѓу Панатинаикос и Макаби Хаифа. Нормално ќе присуствуваат навивачите на израелскиот тим, односно, навивачите на Панатинаикос и навивачите кои дошле во Грција од завојувана земја можат нормално да го гледаат натпреварот на својот тим без да се смета дека се во опасност од било што и од која било причина, додека навивачите на нашиот тим и оние кои дошле од Србија не можат да влезат на стадионот, соопштија од Олимпијакос.
Посочуваат дека екипата не е казнета ниту од УЕФА ниту од некој дисциплински орган за конкретниот натпревар да се игра без публика и додаваат дека „ќе биде првпат во историјата на европските купови, тим да се натпреварува на европски натпревар без навивачи со законски акт и заедничка министерска одлука“. Одигрувањето на сите фудбалски натпревари без публика е дел од мерките на грчката Влада во справувањето на спортското насилство, откако минатата седмица пред салата во која се одржуваше одбојкарски натпревар, сериозно беше повреден полицаец. Одлуката што е во сила до 12 февруари 2024 година се однесува на Првата фудбалска лига, на Купот на Грција, но и на денешниот натпревар на Олимпијакос во Лига Европа

The post Изрaелски навивачи можат да влезат на натпревар во Грција, грчки и српски фанови не смеат appeared first on Република.

]]>
Грција почна да ги ослободува навивачите на хрватски Динамо https://republika.mk/vesti/balkan/grtsija-pochna-da-gi-osloboduva-navivachite-na-hrvatski-dinamo/ Mon, 11 Dec 2023 07:58:36 +0000 https://republika.mk/?p=721626

Триесет навивачи на хрватскиот фудбалски шампион Динамо Загреб, од вкупно стотината кои летоска беа уапсени, се пуштени на слобода и депортирани од Грција, откако минаа четири месеци во истражен затвор без докази за вмешаност во убиството на навивачот на АЕК, Михалис Кацурис, пред дуелот меѓу двете екипи на почетокот на август во Атина.

Грчкиот истражен судија одлуката ја образложи со „непостоење докази дека овие луѓе извршиле убиство“, а на депортираните им е изречена забрана за влез во Грција и парична казна од по 1.000 евра.

Иако со истрагата во меѓувреме се дојде до докази кои упатуваат дека 29-годипниот Кацурис го усмртил навивач на АЕК во хаосот што вечерта на 7 август се случуваше на улиците во Атина, околу 70 навивачи од Хрватска и натаму се во истражен затвор и чекаат следна можност да бидат ослободени.

Против нив е подигнато обвинение за предизвикување насилство и нанесување телесни повреди.

Хрватската јавност ја поздрави одлуката на грчките власти, но бара и другите членови на навивачката група „Бед Блу Бојс“ неодложно да бидат пуштени од затвор.

Хрватскиот премиер Иван Пленковиќ изјави денеска дека хрватската Амбасада во Атина добила задолжение целосно да ги покрие финансиските трошоци за депортацијата за оние навивачи кои немаат пари, додавајќи оти тие во Хрватска се враќаат индивидуално.

The post Грција почна да ги ослободува навивачите на хрватски Динамо appeared first on Република.

]]>

Триесет навивачи на хрватскиот фудбалски шампион Динамо Загреб, од вкупно стотината кои летоска беа уапсени, се пуштени на слобода и депортирани од Грција, откако минаа четири месеци во истражен затвор без докази за вмешаност во убиството на навивачот на АЕК, Михалис Кацурис, пред дуелот меѓу двете екипи на почетокот на август во Атина. Грчкиот истражен судија одлуката ја образложи со „непостоење докази дека овие луѓе извршиле убиство“, а на депортираните им е изречена забрана за влез во Грција и парична казна од по 1.000 евра. Иако со истрагата во меѓувреме се дојде до докази кои упатуваат дека 29-годипниот Кацурис го усмртил навивач на АЕК во хаосот што вечерта на 7 август се случуваше на улиците во Атина, околу 70 навивачи од Хрватска и натаму се во истражен затвор и чекаат следна можност да бидат ослободени. Против нив е подигнато обвинение за предизвикување насилство и нанесување телесни повреди. Хрватската јавност ја поздрави одлуката на грчките власти, но бара и другите членови на навивачката група „Бед Блу Бојс“ неодложно да бидат пуштени од затвор. Хрватскиот премиер Иван Пленковиќ изјави денеска дека хрватската Амбасада во Атина добила задолжение целосно да ги покрие финансиските трошоци за депортацијата за оние навивачи кои немаат пари, додавајќи оти тие во Хрватска се враќаат индивидуално.

The post Грција почна да ги ослободува навивачите на хрватски Динамо appeared first on Република.

]]>
Грците ќе ги ослободат уапсените навивачи на Динамо https://republika.mk/vesti/balkan/grtsite-ke-gi-oslobodat-uapsenite-navivachi-na-dinamo/ Fri, 08 Dec 2023 13:01:03 +0000 https://republika.mk/?p=721012

Грчките власти одлучија да ослободат 20 навивачи на фудбалскиот клуб Динамо од Загреб со кауција, јавуваат хрватските медиуми. Тие се во затвор од август, поради нередите во Атина во кои беше убиен грчки навивач.

Првите десет или 20 би можеле да бидат пуштени најрано во понеделник. За останатите се надеваме дека ќе биде потоа, изјави за Јутарњи лист Атанос Кајменакис, адвокат на хрватските навивачи.

Тој прецизираше дека се следи процедурата за депонирање кауција. „Јутарњи лист“ наведува и дека на членовите на навивачката група „Бед Блу Бојс“ (БББ) им биле одобрени барањата за ослободување со кауција од 1.000 евра и забрана за влез во Грција за гледање спортски натпревари.

Вкупно 95 хрватски навивачи поднеле барања за ослободување од затвор, пишува загрепскиот весник на својата интернет страница. Се очекува грчкиот суд во текот на денот да одлучува и за другите барања по редослед на нивно поднесување.

Навивачот на фудбалскиот клуб АЕК, Михалис Кацурис, беше убиен на 7 август во нередите што се случија ден пред натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите, а 102 навивачи на Динамо Загреб беа уапсени во Грција и оттогаш се во затвори во Грција.

Тие се товарат за 11 кривични и прекршочни дела.

Најтешкото, убиството на навивач на АЕК пред мечот со Динамо, беше отфрлено бидејќи ДНК анализата покажа дека грчкиот навивач не бил убиен од ниту еден од приведените Бад Блу Бојс, објавија хрватските медиуми. Во последните денови сите осомничени хрватски државјани беа сослушани пред грчките судови и ја негираа вината.

The post Грците ќе ги ослободат уапсените навивачи на Динамо appeared first on Република.

]]>

Грчките власти одлучија да ослободат 20 навивачи на фудбалскиот клуб Динамо од Загреб со кауција, јавуваат хрватските медиуми. Тие се во затвор од август, поради нередите во Атина во кои беше убиен грчки навивач. Првите десет или 20 би можеле да бидат пуштени најрано во понеделник. За останатите се надеваме дека ќе биде потоа, изјави за Јутарњи лист Атанос Кајменакис, адвокат на хрватските навивачи. Тој прецизираше дека се следи процедурата за депонирање кауција. „Јутарњи лист“ наведува и дека на членовите на навивачката група „Бед Блу Бојс“ (БББ) им биле одобрени барањата за ослободување со кауција од 1.000 евра и забрана за влез во Грција за гледање спортски натпревари. Вкупно 95 хрватски навивачи поднеле барања за ослободување од затвор, пишува загрепскиот весник на својата интернет страница. Се очекува грчкиот суд во текот на денот да одлучува и за другите барања по редослед на нивно поднесување. Навивачот на фудбалскиот клуб АЕК, Михалис Кацурис, беше убиен на 7 август во нередите што се случија ден пред натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите, а 102 навивачи на Динамо Загреб беа уапсени во Грција и оттогаш се во затвори во Грција. Тие се товарат за 11 кривични и прекршочни дела. Најтешкото, убиството на навивач на АЕК пред мечот со Динамо, беше отфрлено бидејќи ДНК анализата покажа дека грчкиот навивач не бил убиен од ниту еден од приведените Бад Блу Бојс, објавија хрватските медиуми. Во последните денови сите осомничени хрватски државјани беа сослушани пред грчките судови и ја негираа вината.

The post Грците ќе ги ослободат уапсените навивачи на Динамо appeared first on Република.

]]>
Дваесет навивачи на Динамо Загреб ќе си одат дома: Укинат им е притворот во Атина и ќе бидат ослободени https://republika.mk/sport/fudbal/dvaeset-navivachi-na-dinamo-zagreb-ke-si-odat-doma-ukinat-im-e-pritvorot-vo-atina-i-ke-bidat-oslobodeni/ Fri, 08 Dec 2023 10:54:25 +0000 https://republika.mk/?p=720977

По доставените барања за пуштање од притвор, 20 хрватски навивачи на Динамо Загреб ќе бидат ослободени, откако беа притворени за убиството на навивачот на АЕК на почетокот на август, објавија грчките медиуми.

Според информациите, хрватските навивачи ќе бидат пуштени на слобода со два рестриктивни услови: забрана за влез во Грција за следење спортски натпревари и кауција од 1.000 евра за секој од притворените.

Грчката новинска агенција објави дека вкупно 95 обвинети хрватски навивачи поднеле барања за укинување на притворот и во текот на денот се очекува да бидат донесени одлуките за останатите лица.

За убиството во Атина на 29-годишниот навивач на АЕК на почетокот на август беа уапсени 105 лица и на сите им беше одредена мерка притвор, а мнозинството од нив се хрватски државјани, навивачи на Динамо Загреб.

The post Дваесет навивачи на Динамо Загреб ќе си одат дома: Укинат им е притворот во Атина и ќе бидат ослободени appeared first on Република.

]]>

По доставените барања за пуштање од притвор, 20 хрватски навивачи на Динамо Загреб ќе бидат ослободени, откако беа притворени за убиството на навивачот на АЕК на почетокот на август, објавија грчките медиуми. Според информациите, хрватските навивачи ќе бидат пуштени на слобода со два рестриктивни услови: забрана за влез во Грција за следење спортски натпревари и кауција од 1.000 евра за секој од притворените. Грчката новинска агенција објави дека вкупно 95 обвинети хрватски навивачи поднеле барања за укинување на притворот и во текот на денот се очекува да бидат донесени одлуките за останатите лица. За убиството во Атина на 29-годишниот навивач на АЕК на почетокот на август беа уапсени 105 лица и на сите им беше одредена мерка притвор, а мнозинството од нив се хрватски државјани, навивачи на Динамо Загреб.

The post Дваесет навивачи на Динамо Загреб ќе си одат дома: Укинат им е притворот во Атина и ќе бидат ослободени appeared first on Република.

]]>
Двајца навивачи се повредени при нередите на натпреварот Бразил – Аргентина https://republika.mk/sport/fudbal/dvajtsa-navivachi-se-povredeni-pri-neredite-na-natprevarot-brazil-argentina/ Wed, 22 Nov 2023 11:28:23 +0000 https://republika.mk/?p=715097

Двајца навивачи се повредени при судир со полицијата за време на натпреварот Бразил – Аргентина, пренесува „Infobae“.

Нередите се случија на стадионот „Маракана“ за време на јужноамериканскиот квалификациски натпревар за Светското првенство во 2026 година.

Службениците на редот мораа со сила да ги смират насилните навивачи. Беа користени палки. Повредените од полицијата на носилки биле однесени од стадионот. Најмалку еден гледач се здоби со повреда на главата.

Капитенот на светскиот шампион од 2022 година, Лионел Меси, го предводеше тимот до соблекувалната по нередите на трибините.

Средбата на „Маракана“ започна 27 минути подоцна од предвиденото и заврши со победа на Аргентина со 1:0.

 

The post Двајца навивачи се повредени при нередите на натпреварот Бразил – Аргентина appeared first on Република.

]]>

Двајца навивачи се повредени при судир со полицијата за време на натпреварот Бразил – Аргентина, пренесува „Infobae“. Нередите се случија на стадионот „Маракана“ за време на јужноамериканскиот квалификациски натпревар за Светското првенство во 2026 година. Службениците на редот мораа со сила да ги смират насилните навивачи. Беа користени палки. Повредените од полицијата на носилки биле однесени од стадионот. Најмалку еден гледач се здоби со повреда на главата. Капитенот на светскиот шампион од 2022 година, Лионел Меси, го предводеше тимот до соблекувалната по нередите на трибините. Средбата на „Маракана“ започна 27 минути подоцна од предвиденото и заврши со победа на Аргентина со 1:0.  

The post Двајца навивачи се повредени при нередите на натпреварот Бразил – Аргентина appeared first on Република.

]]>
Вака турските навивачи ги тепаа германските среде Истанбул https://republika.mk/sport/fudbal/vaka-turskite-navivachi-gi-tepaa-germanskite-srede-istanbul/ Tue, 24 Oct 2023 17:41:29 +0000 https://republika.mk/?p=694648

Навивачи на Галатасарај и Баерн Минхен физички се пресметаа на улиците во Истанбул пред вечерашниот натпревар меѓу турскиот и германскиот тим во фудбалската Лига на шампиони.

Како што јавија вечерва турските медиуми, физичката пресметка се случила во доцните часови ноќта меѓу понеделникот и вторник, а сè почнало кога навивачи на Баерн искршиле излог на официјална продавница на клубот од Истанбул.

Пет лица, од кои четворица германски навивачи, се повредени во инцидентот. Петмината биле хоспитализирани изминатата ноќ и во текот на денешниот ден се пуштени од болница.

Натпреварот меѓу Галатасарај и Баерн е во рамки на 3. коло од групата А

The post Вака турските навивачи ги тепаа германските среде Истанбул appeared first on Република.

]]>

Навивачи на Галатасарај и Баерн Минхен физички се пресметаа на улиците во Истанбул пред вечерашниот натпревар меѓу турскиот и германскиот тим во фудбалската Лига на шампиони. Како што јавија вечерва турските медиуми, физичката пресметка се случила во доцните часови ноќта меѓу понеделникот и вторник, а сè почнало кога навивачи на Баерн искршиле излог на официјална продавница на клубот од Истанбул. Пет лица, од кои четворица германски навивачи, се повредени во инцидентот. Петмината биле хоспитализирани изминатата ноќ и во текот на денешниот ден се пуштени од болница. Натпреварот меѓу Галатасарај и Баерн е во рамки на 3. коло од групата А

The post Вака турските навивачи ги тепаа германските среде Истанбул appeared first on Република.

]]>
Хрватската полиција уапси девет навивачи на Динамо во врска со убиството во Атина https://republika.mk/vesti/balkan/hrvatskata-politsija-uapsi-devet-navivachi-na-dinamo-vo-vrska-so-ubistvoto-vo-atina/ Sat, 23 Sep 2023 13:45:35 +0000 https://republika.mk/?p=684409

Хрватската полиција уапси повеќе навивачи на фудбалскиот клуб Динамо Загреб, кои грчкото правосудство ги поврзува со масовните немири во Атина во кои во август беше убиен грчкиот државјанин Михалис Кацурис, јавија денеска медиуми во Загреб.

Полицијата, засега, не изнесе детали, а медиумите наведуваат дека се лишени од слобода девет припадници на навивачката група „Бед Блу Бојс“, а по уште еден се трага.

Навивачот на фудбалскиот клуб АЕК, Михалис Кацурис, беше убиен на 7 август во инциденти кои се случија во Атина ноќта пред квалификацискиот натпревар за Лигата на шампиони.

Ширум Грција потоа беа уапсени вкупно 102 навивачи на загрепски Динамо, кои во грчките затвори чекаат да заврши истрагата, додека некои од осомничените, како што се тврди, успеале да ги напуштат грчките граници. ег/рп/

 

The post Хрватската полиција уапси девет навивачи на Динамо во врска со убиството во Атина appeared first on Република.

]]>

Хрватската полиција уапси повеќе навивачи на фудбалскиот клуб Динамо Загреб, кои грчкото правосудство ги поврзува со масовните немири во Атина во кои во август беше убиен грчкиот државјанин Михалис Кацурис, јавија денеска медиуми во Загреб. Полицијата, засега, не изнесе детали, а медиумите наведуваат дека се лишени од слобода девет припадници на навивачката група „Бед Блу Бојс“, а по уште еден се трага. Навивачот на фудбалскиот клуб АЕК, Михалис Кацурис, беше убиен на 7 август во инциденти кои се случија во Атина ноќта пред квалификацискиот натпревар за Лигата на шампиони. Ширум Грција потоа беа уапсени вкупно 102 навивачи на загрепски Динамо, кои во грчките затвори чекаат да заврши истрагата, додека некои од осомничените, како што се тврди, успеале да ги напуштат грчките граници. ег/рп/  

The post Хрватската полиција уапси девет навивачи на Динамо во врска со убиството во Атина appeared first on Република.

]]>
Грција ги забранува навивачките групи? https://republika.mk/sport/fudbal/grtsija-gi-zabranuva-navivachkite-grupi/ Thu, 17 Aug 2023 13:49:07 +0000 https://republika.mk/?p=673057

 – Порастот на насилството и хулиганството во европскиот фудбал, биле во фокусот на синоќешната средба на потпретседателот на Европската Комисија Маргаритис Схинас и претседателот на УЕФА Александер Чеферин, јави дописничката на МИА од Атина.

Средбата беше пред финалето на Суперкупот во Атина, кое од трибините го следеа и Схинас и Чеферин, откако претходно, претседателот на УЕФА одржа средби со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, учествуваше на состанок со надлежните министри и сопствениците на четири фудбалски клубови од Грција, а се сретна и со претседателот на Грчката фудбалска федерација.

Схинас преку Твитер информираше за средбата со Чеферин, соопшти дека разговарале за насилството во европскиот фудбал, ја изрази подготвеноста на ЕУ да помогне во справувањето и истакна дека „автономијата на фудбалот повлекува одговорности, а не само права“.

-Сега е време УЕФА и националните федерации да преземат акција. ЕУ е подготвена да помогне, порача Схинас.

Пред финалето на Суперкупот, претседателот на ЕК го посети местото на кое беше убиен 29-годишниот навивач на АЕК, остави жолти цвеќиња, во боите на атинскиот клуб, а преку Твитер, објавувајќи фотографија посочи дека должност на сите е Михалис „да биде последната жртва на спортското насилство и хулиганството во Европа“.

Повтори дека ЕУ ќе помогне во сите обиди на национално и европско ниво „за злото да не се вкорени

The post Грција ги забранува навивачките групи? appeared first on Република.

]]>

 – Порастот на насилството и хулиганството во европскиот фудбал, биле во фокусот на синоќешната средба на потпретседателот на Европската Комисија Маргаритис Схинас и претседателот на УЕФА Александер Чеферин, јави дописничката на МИА од Атина. Средбата беше пред финалето на Суперкупот во Атина, кое од трибините го следеа и Схинас и Чеферин, откако претходно, претседателот на УЕФА одржа средби со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, учествуваше на состанок со надлежните министри и сопствениците на четири фудбалски клубови од Грција, а се сретна и со претседателот на Грчката фудбалска федерација. Схинас преку Твитер информираше за средбата со Чеферин, соопшти дека разговарале за насилството во европскиот фудбал, ја изрази подготвеноста на ЕУ да помогне во справувањето и истакна дека „автономијата на фудбалот повлекува одговорности, а не само права“. -Сега е време УЕФА и националните федерации да преземат акција. ЕУ е подготвена да помогне, порача Схинас.
Пред финалето на Суперкупот, претседателот на ЕК го посети местото на кое беше убиен 29-годишниот навивач на АЕК, остави жолти цвеќиња, во боите на атинскиот клуб, а преку Твитер, објавувајќи фотографија посочи дека должност на сите е Михалис „да биде последната жртва на спортското насилство и хулиганството во Европа“.
Повтори дека ЕУ ќе помогне во сите обиди на национално и европско ниво „за злото да не се вкорени

The post Грција ги забранува навивачките групи? appeared first on Република.

]]>