Наталија Теодосиева Archives - Република https://republika.mk/tema/natalija-teodosieva/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Jul 2022 14:51:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Наталија Теодосиева Archives - Република https://republika.mk/tema/natalija-teodosieva/ 32 32 „Мими“ е филм кој јасно зборува дека жената сè уште живее под крилото на патријархатот и мизогинијата https://republika.mk/vesti/kultura/mimi-e-film-koj-jasno-zboruva-deka-zenata-se-ushte-zivee-pod-kriloto-na-patrijarhatot-i-mizoginijata/ Tue, 05 Jul 2022 08:36:22 +0000 https://republika.mk/?p=523507

Патријархатот е насекаде околу нас. Ние жените сè уште сме во секојдневна борба за еднаквост и права и не само во парламентите и владите туку и во школо, на факултет, на улица, па дури и онаму каде треба најбезбедно да се чувствуваме - дома. „Машкиот свет” и ден денес создава правилници за тоа што е најдобро за нас жените, вели во интервју за „Република“ актерката Наталија Теодосиева, која го толкува главниот лик во филмот „Мими“, чија македонска премиера е закажана за 7 јули, на отворањето на 21. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“.

„Мими“ е втор долгометражен филм на режисерот Даријан Пејовски, кој го напиша и сценариото за филмот. Премиерата ќе се одржи на отворено, на кровот на ГТЦ, во рамки на „Синедејс“  кој оваа се одржува под мотото „Од високо подобро се гледа“.

По скопската премиера, „Мими“ ќе има светска премиера на Пулскиот филмски фестивал, чие 69. издание ќе се одржи од 16 до 24 јули.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Наталија Теодосиева и Тамара Ристоска, а во филмот уште играат и Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Сашко Коцев, Владимир Петровиќ, Стефан Спасов. Продуцент е Томи Салковски, а копродуценти се Дамир Терешак и Марко Јакимовиќ.

Кинематограф е Дејан Димески, сценографијата е на Игор Тошевски, костимограф е Емилија И. Атанасовска, Ива Куробаса работи на шминка и фризура, Александар Пејовски е автор на оригиналната музика, монтажата е на Владимир Павловски и дизајнот на звукот на Игор Поповски.

Филмот е копродукција на Скопје Филм Студио со Maxima film од Хрватска и Giggling goat production од Црна Гора, и е направен со поддршка од Агенцијата за филм, ХАВЦ – Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот центар на Црна Гора.

Теодосиева (31) е театарска и филмска актерка која јавноста ја запозна преку ликот на Родна, во филмот „Врба“ на Милчо Манчевски, а претходно играше и во „Втора шанса“, „Исцелител“, „Љубовникот“, „Преспав“...За улогата во театарската претстава „Мојот маж“ на Драмски театар таа доби награда за најдобра актерка на Фестивалот „Војдан Чернодрински“, а играше и во „Крал Иби“ и „Магбет“ во МНТ и Драмски. Од неодамна е вработена во театар Комедија.

Наталија, со Тамара Ристоска ги толкувате главните улоги во „Мими“, вториот долгометражен филм на Дарјан Пејовски, чија премиера е закажана за отворањето на Синедејс. Секогаш е радост кога македонски филм отвора филмски фестивал кај нас. Какви се вашите очекувања?

ТЕОДОСИЕВА: Многу трпеливо ја чекавме премиерата на овој филм и мислам дека сите сме и возбудени, но и смирени во одност на очекувањата, бидејќи уште на снимањето знаевме дека сме завршиле добра работа. Целата екипа, на чело со Тамара и Даријан многу умешно си ја завршија задачата. Верувам и очекувам дека „Мими” ќе биде успешен филм и позитивно прифатен од публиката.

[caption id="attachment_523618" align="alignnone" width="1600"] Портретирањето на Мими за мене беше радост и предизвик[/caption]

Може ли да ни кажете нешто повеќе за улогата која ја толкувате во филмот?

ТЕОДОСИЕВА: Мими е девојка која несомнено бега од стегите и притисоците кои и се наметнуваат во нејзината околина. Тоа е пред сè така затоа што е жена од која се очекува да ги исполини должностите како таква, и покрај тоа што преживува тежок абортус поради кој има трајни последици, таа започува нов живот, се запишува на факултет во поголемиот град, се угледува на девојка која е растена во сосема поинакви околности и го променува својот изглед. Сакајќи да избега од тоа што била претходно, нејзините нерационални потези ќе ја направат негативец во сопственото креирање на нова и подобра верзија од себе. За мене портретирањето на ваков карактер беше радост и предизвик.

Во најавата за „Мими“ се вели дека фокусот во филмот е на два женски лика и дека „Мими“ претставува повик за освестување на одредени аспекти од личноста на секој еден од нас. Што кај вас смени Мими?

ТЕОДОСИЕВА: Па не мислам дека баш нешто особено промени, можеби повеќе ме наведе да ги разбирам намерите на оние во кои општеството покажува со прст, им се смее, ги навредува или ги суди и покрај тоа што не ги познава нивните моментални емотивни и психички состојби. Ние навистина не знаеме кои болки, борби и трауми ги носи во себе секоја индивидуа што нè разминува на улица, па дури, понекогаш и оној кој е блиску до нас или седи во соседната соба.

[caption id="attachment_523609" align="alignnone" width="1600"] „Машкиот свет” и ден денес создава правилници за тоа што е најдобро за нас жените[/caption]

Дали „Мими“ е филм за површноста и лажните фасади што ги покажуваме пред другите?

ТЕОДОСИЕВА: Па да, меѓу другото и е филм за лажните фасади, за механизмите со кои се служиме за да придобиеме некого, маските кои ги ставаме за да се допаднеме некому и за лажните лица кои ги креираме за да не нè открие околината и блиските додека ги реализираме плановите кои не секогаш се добронамерни.

Колку и да не ги сакаме оние поделби на „машки“ и „женски“ филм или литература, како Вие би го оцениле „Мими“?

ТЕОДОСИЕВА: Со оглед на тоа дека сценаристот, а во овој случај и режисерот, раскажува приказна преку призма на женски лик, кој е во постојана врска со друг женски карактер, меѓудругото и проблемите со кои двете жени во филмот живеат и се борат, дефинитивно го прават женски филм, филм кој многу јасно зборува дека жената сè уште живее под крилото на патријархатот и мизогинијата.

Ја живееме третата деценија на 22. век, но дали уште владее машкиот свет и патријархат?

ТЕОДОСИЕВА: Да, владее, патријархатот е насекаде околу нас. Еве го најновото случување од светот, одземањето право на абортус во САД како што и вие кажавте во третата деценија на 21.век. Ние жените сè уште сме во секојдневна борба за еднаквост и права, и не само во парламентите и владите туку и во школо, на факултет, на улица, па дури и онаму каде треба најбезбедно да се чувствуваме - дома. „Машкиот свет” и ден денес создава правилници за тоа што е најдобро за нас жените.

[caption id="attachment_523514" align="alignnone" width="960"] Теодосиева: Ние жените сè уште сме во секојдневна борба за еднаквост и права[/caption]

Оваа година заедно со Марија Апчевска и Ханис Багашов бевте дел од програмата „Берлинаре таленти“. Какво искуство понесовте и што имаше ново да се научи?

ТЕОДОСИЕВА: Присуствувањето на ваков тип програми или работилници, каде интензивно се пренесуваат различни искуста и знаења од колеги речиси од целиот свет, можат да бидат прилика за понатамошни интернациоални соработки, но сепак она што е неминовно дека го добивам од таму е чувството на зрелост во однос на тоа каде и која сум јас како актерка, кои се моите граници и како можам да ги поминам. „Берлинале талентс“ дефинитивно ме научи дека никогаш нема да отстапам од моите идеали и желби, ми покажа колку е важна присутноста и ангажманот кој го даваш во процесот.

Досега сте соработувале со едни од најзначајните филмскии режисери, како Милчо Манчевски, Ѓорче Ставревски, Пејовски, Марија Џиџева, Игор Иванов Изи...Задоволни сте како се развива вашата кариера?

ТЕОДОСИЕВА: Работа на филм е малку повеќе среќа и по тоа би рекла дека сум имала к’смет да работам со овие режисери и се радувам поради тоа. Особено со тоa што дел од овие филмови се дебитантски, доживеале голем успех, па сум имала прилика да бидам дел и од нивиот почеток како што и тие ми дале повод за мој почеток. И одговорот на Вашето прашање е дека сум многу задоволна и би сакала постојано да е вака.

[caption id="attachment_523613" align="alignnone" width="1600"] Работа на филм е малку повеќе среќа, а јас имав к’смет да работам со одлични режисери[/caption]

Кои се вашите следни проекти и планови?

ТЕОДИСИЕВА: Летово ќе биде посветено на „Мими”. После премиерата на „Синедејс“ следува премиера во Пула на филмскиот фестивал каде што заедно со Тамара Ристоска и Даријан Пејовски ќе имаме прилика неколку дена да бидеме таму и да го искористиме времето за фестивал до максимум. И се разбира никаде без театарот, па така, се надевам веќе при крајот на летото ќе почнеме со подготовки на мојата прва претстава како ново вработена во Театар Комедија.

разговараше: Александра М. Бундалевска

фото: Александар Ивановски

The post „Мими“ е филм кој јасно зборува дека жената сè уште живее под крилото на патријархатот и мизогинијата appeared first on Република.

]]>

Патријархатот е насекаде околу нас. Ние жените сè уште сме во секојдневна борба за еднаквост и права и не само во парламентите и владите туку и во школо, на факултет, на улица, па дури и онаму каде треба најбезбедно да се чувствуваме - дома. „Машкиот свет” и ден денес создава правилници за тоа што е најдобро за нас жените, вели во интервју за „Република“ актерката Наталија Теодосиева, која го толкува главниот лик во филмот „Мими“, чија македонска премиера е закажана за 7 јули, на отворањето на 21. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“. „Мими“ е втор долгометражен филм на режисерот Даријан Пејовски, кој го напиша и сценариото за филмот. Премиерата ќе се одржи на отворено, на кровот на ГТЦ, во рамки на „Синедејс“  кој оваа се одржува под мотото „Од високо подобро се гледа“. По скопската премиера, „Мими“ ќе има светска премиера на Пулскиот филмски фестивал, чие 69. издание ќе се одржи од 16 до 24 јули. Главните улоги во филмот ги толкуваат Наталија Теодосиева и Тамара Ристоска, а во филмот уште играат и Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Сашко Коцев, Владимир Петровиќ, Стефан Спасов. Продуцент е Томи Салковски, а копродуценти се Дамир Терешак и Марко Јакимовиќ. Кинематограф е Дејан Димески, сценографијата е на Игор Тошевски, костимограф е Емилија И. Атанасовска, Ива Куробаса работи на шминка и фризура, Александар Пејовски е автор на оригиналната музика, монтажата е на Владимир Павловски и дизајнот на звукот на Игор Поповски. Филмот е копродукција на Скопје Филм Студио со Maxima film од Хрватска и Giggling goat production од Црна Гора, и е направен со поддршка од Агенцијата за филм, ХАВЦ – Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот центар на Црна Гора. Теодосиева (31) е театарска и филмска актерка која јавноста ја запозна преку ликот на Родна, во филмот „Врба“ на Милчо Манчевски, а претходно играше и во „Втора шанса“, „Исцелител“, „Љубовникот“, „Преспав“...За улогата во театарската претстава „Мојот маж“ на Драмски театар таа доби награда за најдобра актерка на Фестивалот „Војдан Чернодрински“, а играше и во „Крал Иби“ и „Магбет“ во МНТ и Драмски. Од неодамна е вработена во театар Комедија. Наталија, со Тамара Ристоска ги толкувате главните улоги во „Мими“, вториот долгометражен филм на Дарјан Пејовски, чија премиера е закажана за отворањето на Синедејс. Секогаш е радост кога македонски филм отвора филмски фестивал кај нас. Какви се вашите очекувања? ТЕОДОСИЕВА: Многу трпеливо ја чекавме премиерата на овој филм и мислам дека сите сме и возбудени, но и смирени во одност на очекувањата, бидејќи уште на снимањето знаевме дека сме завршиле добра работа. Целата екипа, на чело со Тамара и Даријан многу умешно си ја завршија задачата. Верувам и очекувам дека „Мими” ќе биде успешен филм и позитивно прифатен од публиката. [caption id="attachment_523618" align="alignnone" width="1600"] Портретирањето на Мими за мене беше радост и предизвик[/caption] Може ли да ни кажете нешто повеќе за улогата која ја толкувате во филмот? ТЕОДОСИЕВА: Мими е девојка која несомнено бега од стегите и притисоците кои и се наметнуваат во нејзината околина. Тоа е пред сè така затоа што е жена од која се очекува да ги исполини должностите како таква, и покрај тоа што преживува тежок абортус поради кој има трајни последици, таа започува нов живот, се запишува на факултет во поголемиот град, се угледува на девојка која е растена во сосема поинакви околности и го променува својот изглед. Сакајќи да избега од тоа што била претходно, нејзините нерационални потези ќе ја направат негативец во сопственото креирање на нова и подобра верзија од себе. За мене портретирањето на ваков карактер беше радост и предизвик. Во најавата за „Мими“ се вели дека фокусот во филмот е на два женски лика и дека „Мими“ претставува повик за освестување на одредени аспекти од личноста на секој еден од нас. Што кај вас смени Мими? ТЕОДОСИЕВА: Па не мислам дека баш нешто особено промени, можеби повеќе ме наведе да ги разбирам намерите на оние во кои општеството покажува со прст, им се смее, ги навредува или ги суди и покрај тоа што не ги познава нивните моментални емотивни и психички состојби. Ние навистина не знаеме кои болки, борби и трауми ги носи во себе секоја индивидуа што нè разминува на улица, па дури, понекогаш и оној кој е блиску до нас или седи во соседната соба. [caption id="attachment_523609" align="alignnone" width="1600"] „Машкиот свет” и ден денес создава правилници за тоа што е најдобро за нас жените[/caption] Дали „Мими“ е филм за површноста и лажните фасади што ги покажуваме пред другите? ТЕОДОСИЕВА: Па да, меѓу другото и е филм за лажните фасади, за механизмите со кои се служиме за да придобиеме некого, маските кои ги ставаме за да се допаднеме некому и за лажните лица кои ги креираме за да не нè открие околината и блиските додека ги реализираме плановите кои не секогаш се добронамерни. Колку и да не ги сакаме оние поделби на „машки“ и „женски“ филм или литература, како Вие би го оцениле „Мими“? ТЕОДОСИЕВА: Со оглед на тоа дека сценаристот, а во овој случај и режисерот, раскажува приказна преку призма на женски лик, кој е во постојана врска со друг женски карактер, меѓудругото и проблемите со кои двете жени во филмот живеат и се борат, дефинитивно го прават женски филм, филм кој многу јасно зборува дека жената сè уште живее под крилото на патријархатот и мизогинијата. Ја живееме третата деценија на 22. век, но дали уште владее машкиот свет и патријархат? ТЕОДОСИЕВА: Да, владее, патријархатот е насекаде околу нас. Еве го најновото случување од светот, одземањето право на абортус во САД како што и вие кажавте во третата деценија на 21.век. Ние жените сè уште сме во секојдневна борба за еднаквост и права, и не само во парламентите и владите туку и во школо, на факултет, на улица, па дури и онаму каде треба најбезбедно да се чувствуваме - дома. „Машкиот свет” и ден денес создава правилници за тоа што е најдобро за нас жените. [caption id="attachment_523514" align="alignnone" width="960"] Теодосиева: Ние жените сè уште сме во секојдневна борба за еднаквост и права[/caption] Оваа година заедно со Марија Апчевска и Ханис Багашов бевте дел од програмата „Берлинаре таленти“. Какво искуство понесовте и што имаше ново да се научи? ТЕОДОСИЕВА: Присуствувањето на ваков тип програми или работилници, каде интензивно се пренесуваат различни искуста и знаења од колеги речиси од целиот свет, можат да бидат прилика за понатамошни интернациоални соработки, но сепак она што е неминовно дека го добивам од таму е чувството на зрелост во однос на тоа каде и која сум јас како актерка, кои се моите граници и како можам да ги поминам. „Берлинале талентс“ дефинитивно ме научи дека никогаш нема да отстапам од моите идеали и желби, ми покажа колку е важна присутноста и ангажманот кој го даваш во процесот. Досега сте соработувале со едни од најзначајните филмскии режисери, како Милчо Манчевски, Ѓорче Ставревски, Пејовски, Марија Џиџева, Игор Иванов Изи...Задоволни сте како се развива вашата кариера? ТЕОДОСИЕВА: Работа на филм е малку повеќе среќа и по тоа би рекла дека сум имала к’смет да работам со овие режисери и се радувам поради тоа. Особено со тоa што дел од овие филмови се дебитантски, доживеале голем успех, па сум имала прилика да бидам дел и од нивиот почеток како што и тие ми дале повод за мој почеток. И одговорот на Вашето прашање е дека сум многу задоволна и би сакала постојано да е вака. [caption id="attachment_523613" align="alignnone" width="1600"] Работа на филм е малку повеќе среќа, а јас имав к’смет да работам со одлични режисери[/caption] Кои се вашите следни проекти и планови? ТЕОДИСИЕВА: Летово ќе биде посветено на „Мими”. После премиерата на „Синедејс“ следува премиера во Пула на филмскиот фестивал каде што заедно со Тамара Ристоска и Даријан Пејовски ќе имаме прилика неколку дена да бидеме таму и да го искористиме времето за фестивал до максимум. И се разбира никаде без театарот, па така, се надевам веќе при крајот на летото ќе почнеме со подготовки на мојата прва претстава како ново вработена во Театар Комедија. разговараше: Александра М. Бундалевска фото: Александар Ивановски

The post „Мими“ е филм кој јасно зборува дека жената сè уште живее под крилото на патријархатот и мизогинијата appeared first on Република.

]]>
По пауза од седум години филм на Даријан Пејовски повторно на отворање на „Синедејс“ https://republika.mk/vesti/kultura/po-pauza-od-sedum-godini-film-na-darijan-pejovski-povtorno-na-otvoranje-na-sinedejs/ Mon, 04 Jul 2022 21:30:47 +0000 https://republika.mk/?p=523888

„Мими“, вториот долгометражен филм на Даријан Пејовски, на седми јули, на кровот на ГТЦ ќе го отвори 21. издание на Фестивалот на европски филм, „Синедејс“ кој го организира Младинскиот културен центар (МКЦ). Оваа година Фестивалот се одржува под мотото „Од високо подобро се гледа“, ќе трае до 14 јули, а ќе бидат прикажани педесетина филма.

Фестивалот се затвора со премиерата на „Нема да си сама“ во режија на Горан Столевски, кој што го сврте вниманието на светската филмска јавност по премиерата на „Санденс“, најголемиот фестивал на независен филм во САД.

Пред седум години токму на „Синедејс“ премиерно беше прикажан дебитантскиот филм на Пејовски, „Три дена во септември“, кој го отвори фестивалот и тогаш доби награда за најдобро сценарио на „Синедејс“. Вториот филм на Пејовски, „Мими“ повторно е во натпреварувачка програма.

По скопската премиера, „Мими“ ќе има светска премиера на Пулскиот филмски фестивал, чие 69. издание ќе се одржи од 16 до 24 јули.

Освен што станува збор за главни женски ликови и во „Три дена во септември“ и во „Мими“, се работи за многу различни филмови. Во „Мими“ ликовите се многу поамбивалентни, многу повеќе се вкоренети во ова секојдневние кое го живееме, оттаму не сте секогаш сигурни дали навивите за вистинската страна секогаш. Многу лесно оваа приказна може да се претвори во источноевропска социјална драма, меѓутоа јас се обидов да ја раскажам малку поинаку. Скопје е претставен како се чувстувам јас кога е во прашање нашиот град. Се работи за ликови кои играат улоги коишто не си ги одбрале самите. Затоа се и жени главните ликови и како навидум нормализирани ситуации доведуваат до трагичен крај, вели режисерот Пејовски.

„Мими“ е сниман во 2020 години, во ек на пандемијата на ковид. И покрај тешките услови во кои работела екипата, следејќи ги сите ковид-мерки, Пејовски кажа дека ковидот добро му дошол, бидејќи благодарение на мерките и карантините, тој и директорот на фотографија, Дејан Димески и Игор Тошевски, кој е автор на сценографијата, практично сами шетајќи по празните скопски улици ги одбрале локациите за снимање на филмот.

Сакавме да го доловиме самиот филм и ликовното обликување на филмот и нашиот град, Скопје, во некое друго светло, кое не е својствено за него, рече директорот на фотографија, Димески.

Тошевски признава дека работеле во специфични услови, а околносите биле предизвикувачки.

Имав среќа да го видам филмот и мислам дека може да се гордееме со она што сме го постигнале, рече Тошевски.

Темите кои ги обработува филмот се универзални, велат од екипата.

Филмот раскажува за Мими која ги напушта своите родители и болното минато од родното место, за да студира во Скопје. Ја запознава Сара – млада мајка со богат но насилен сопруг. Работејќи во киоскот на вујко ѝ, и како бебиситерка за Сара, Мими копнее по единственото што не може да го има – мајчинството.

Признавам дека лагодно течеше градењето на ликот на Мими во филмот. Кога го запознав Пејовски на кастигнот, видов дека точно знае што сака. Му верував и меѓу нас имаше голема доверба. Мими е девојка која доаѓа од помал град, со надеж дека ќе се оттргне од стегите и притисоците што ги прави околината. Ликот има многу трансформации. Тамара Ристоска, која го глуми ликот на Сара многу ми помогна, бидејќи таа веќе беше во поделата на улогите. Таа отвори нови врати за мене, како да го градам ликот и како заедно ние двете ги градевме ликовите во филмот, изјави актерката Наталија Теодосиева, која го глуми ликот на Мими во филмот.

Актерката Ристоска потенцираше дека е многу важно влијанието на режисерот.

Едно е како ќе те води, а друго е слободата што ти ја дава. Многу е важно за еден актер да му се дозволи да експериментира, импровизира со својот лик, рече Ристоска.

Покрај Теодосиева и Ристоска, во филмот уште играат и Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Сашко Коцев, Владимир Петровиќ, Стефан Спасов.

Продуцент на филмот е Томи Салковски, а копродуценти се Дамир Терешак и Марко Јакимовиќ.

Режисерот Пејовски е и автор на сценариото, кинематограф е Дејан Димески, сценографијата е на Игор Тошевски, костимограф е Емилија И. Атанасовска, Ива Куробаса работи на шминка и фризура, Александар Пејовски е автор на оригиналната музика, монтажата е на Владимир Павловски и дизајнот на звукот на Игор Поповски.

Филмот е копродукција на Скопје Филм Студио со Maxima film од Хрватска и Giggling goat production од Црна Гора, и е направен со поддршка од Агенцијата за филм, ХАВЦ – Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот центар на Црна Гора.

Овогодишниот филмски фестивал „Синедејс“ ќе се одржи на покривот на ГТЦ. Нуди домашна кинематографија во различни селекции, како што се SEE програмата, Гала програмата, МК Кратки. Организаторите најавија и богата ОФФ програма поврзана со македонската филмска индустрија.

The post По пауза од седум години филм на Даријан Пејовски повторно на отворање на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>

„Мими“, вториот долгометражен филм на Даријан Пејовски, на седми јули, на кровот на ГТЦ ќе го отвори 21. издание на Фестивалот на европски филм, „Синедејс“ кој го организира Младинскиот културен центар (МКЦ). Оваа година Фестивалот се одржува под мотото „Од високо подобро се гледа“, ќе трае до 14 јули, а ќе бидат прикажани педесетина филма. Фестивалот се затвора со премиерата на „Нема да си сама“ во режија на Горан Столевски, кој што го сврте вниманието на светската филмска јавност по премиерата на „Санденс“, најголемиот фестивал на независен филм во САД. Пред седум години токму на „Синедејс“ премиерно беше прикажан дебитантскиот филм на Пејовски, „Три дена во септември“, кој го отвори фестивалот и тогаш доби награда за најдобро сценарио на „Синедејс“. Вториот филм на Пејовски, „Мими“ повторно е во натпреварувачка програма. По скопската премиера, „Мими“ ќе има светска премиера на Пулскиот филмски фестивал, чие 69. издание ќе се одржи од 16 до 24 јули.
Освен што станува збор за главни женски ликови и во „Три дена во септември“ и во „Мими“, се работи за многу различни филмови. Во „Мими“ ликовите се многу поамбивалентни, многу повеќе се вкоренети во ова секојдневние кое го живееме, оттаму не сте секогаш сигурни дали навивите за вистинската страна секогаш. Многу лесно оваа приказна може да се претвори во источноевропска социјална драма, меѓутоа јас се обидов да ја раскажам малку поинаку. Скопје е претставен како се чувстувам јас кога е во прашање нашиот град. Се работи за ликови кои играат улоги коишто не си ги одбрале самите. Затоа се и жени главните ликови и како навидум нормализирани ситуации доведуваат до трагичен крај, вели режисерот Пејовски.
„Мими“ е сниман во 2020 години, во ек на пандемијата на ковид. И покрај тешките услови во кои работела екипата, следејќи ги сите ковид-мерки, Пејовски кажа дека ковидот добро му дошол, бидејќи благодарение на мерките и карантините, тој и директорот на фотографија, Дејан Димески и Игор Тошевски, кој е автор на сценографијата, практично сами шетајќи по празните скопски улици ги одбрале локациите за снимање на филмот.
Сакавме да го доловиме самиот филм и ликовното обликување на филмот и нашиот град, Скопје, во некое друго светло, кое не е својствено за него, рече директорот на фотографија, Димески.
Тошевски признава дека работеле во специфични услови, а околносите биле предизвикувачки.
Имав среќа да го видам филмот и мислам дека може да се гордееме со она што сме го постигнале, рече Тошевски.
Темите кои ги обработува филмот се универзални, велат од екипата. Филмот раскажува за Мими која ги напушта своите родители и болното минато од родното место, за да студира во Скопје. Ја запознава Сара – млада мајка со богат но насилен сопруг. Работејќи во киоскот на вујко ѝ, и како бебиситерка за Сара, Мими копнее по единственото што не може да го има – мајчинството.
Признавам дека лагодно течеше градењето на ликот на Мими во филмот. Кога го запознав Пејовски на кастигнот, видов дека точно знае што сака. Му верував и меѓу нас имаше голема доверба. Мими е девојка која доаѓа од помал град, со надеж дека ќе се оттргне од стегите и притисоците што ги прави околината. Ликот има многу трансформации. Тамара Ристоска, која го глуми ликот на Сара многу ми помогна, бидејќи таа веќе беше во поделата на улогите. Таа отвори нови врати за мене, како да го градам ликот и како заедно ние двете ги градевме ликовите во филмот, изјави актерката Наталија Теодосиева, која го глуми ликот на Мими во филмот.
Актерката Ристоска потенцираше дека е многу важно влијанието на режисерот.
Едно е како ќе те води, а друго е слободата што ти ја дава. Многу е важно за еден актер да му се дозволи да експериментира, импровизира со својот лик, рече Ристоска.
Покрај Теодосиева и Ристоска, во филмот уште играат и Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Сашко Коцев, Владимир Петровиќ, Стефан Спасов. Продуцент на филмот е Томи Салковски, а копродуценти се Дамир Терешак и Марко Јакимовиќ. Режисерот Пејовски е и автор на сценариото, кинематограф е Дејан Димески, сценографијата е на Игор Тошевски, костимограф е Емилија И. Атанасовска, Ива Куробаса работи на шминка и фризура, Александар Пејовски е автор на оригиналната музика, монтажата е на Владимир Павловски и дизајнот на звукот на Игор Поповски. Филмот е копродукција на Скопје Филм Студио со Maxima film од Хрватска и Giggling goat production од Црна Гора, и е направен со поддршка од Агенцијата за филм, ХАВЦ – Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот центар на Црна Гора. Овогодишниот филмски фестивал „Синедејс“ ќе се одржи на покривот на ГТЦ. Нуди домашна кинематографија во различни селекции, како што се SEE програмата, Гала програмата, МК Кратки. Организаторите најавија и богата ОФФ програма поврзана со македонската филмска индустрија.

The post По пауза од седум години филм на Даријан Пејовски повторно на отворање на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>
Апчевска, Теодосиева и Багашов се македонските претставници на „Берлинале таленти“ https://republika.mk/vesti/kultura/apchevska-teodosieva-i-bagashov-se-makedonskite-pretstavnici-na-berlinale-talenti/ Fri, 21 Jan 2022 07:46:53 +0000 https://republika.mk/?p=447386

Режисерката Марија Апчевска, актерката Наталија Теодосиевa и режисерот и актер Ханис Багашов оваа година се избрани да учествуваат во програмата на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал, „Берлинале таленти“ што годинава ќе се одржува дигитално од 12 до 17 февруари.

Оваа година е 20-то издание на програмата во кое има 200 избрани учесници од повеќе од 70 различни држави.

Апчевска минатата година го претстави својот краток филм „Северен пол“ чија премиера беше на Канскиот фестивал.

Теодосиева е филмска и театарска актерка со деби филмска улога во филмот на Александар Поповски, „Балканот не е мртов“ (2013). Досега има глумено во „Врба“ на Милчо Манчевски, „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески, а улогата во „Параболик“ од Мартин Иванов ѝ ја даде можноста да биде избрана во програмата „Сараево Таленти“ во 2014 година.

Багашов, пак, ја толкуваше улогата на Крис во филмот на Дина Дума, „Сестри“. Тој досега има играно и во „Кога денот немаше име“, а во негова режија се филмовите „Лица“, „Мишко“. За проектот во развој „Скакулци“, кој треба да резултира во краткометражен филм, ја доби главната награда на European Short Pitch 2020. Ова е негово второ учество на Берлинале, така што годинава е меѓу десетте режисери, селектирани од цел свет, за учество во лабораторијата за развој на долгометражни филмови.

„Берлинале таленти“ е развојна програма во склоп на престижниот филмски фестивал чија главна цел е да избере учесници кои со својата креативна визија прават промени во општеството.

 

The post Апчевска, Теодосиева и Багашов се македонските претставници на „Берлинале таленти“ appeared first on Република.

]]>

Режисерката Марија Апчевска, актерката Наталија Теодосиевa и режисерот и актер Ханис Багашов оваа година се избрани да учествуваат во програмата на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал, „Берлинале таленти“ што годинава ќе се одржува дигитално од 12 до 17 февруари. Оваа година е 20-то издание на програмата во кое има 200 избрани учесници од повеќе од 70 различни држави. Апчевска минатата година го претстави својот краток филм „Северен пол“ чија премиера беше на Канскиот фестивал. Теодосиева е филмска и театарска актерка со деби филмска улога во филмот на Александар Поповски, „Балканот не е мртов“ (2013). Досега има глумено во „Врба“ на Милчо Манчевски, „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески, а улогата во „Параболик“ од Мартин Иванов ѝ ја даде можноста да биде избрана во програмата „Сараево Таленти“ во 2014 година. Багашов, пак, ја толкуваше улогата на Крис во филмот на Дина Дума, „Сестри“. Тој досега има играно и во „Кога денот немаше име“, а во негова режија се филмовите „Лица“, „Мишко“. За проектот во развој „Скакулци“, кој треба да резултира во краткометражен филм, ја доби главната награда на European Short Pitch 2020. Ова е негово второ учество на Берлинале, така што годинава е меѓу десетте режисери, селектирани од цел свет, за учество во лабораторијата за развој на долгометражни филмови. „Берлинале таленти“ е развојна програма во склоп на престижниот филмски фестивал чија главна цел е да избере учесници кои со својата креативна визија прават промени во општеството.  

The post Апчевска, Теодосиева и Багашов се македонските претставници на „Берлинале таленти“ appeared first on Република.

]]>