насилна смрт Archives - Република https://republika.mk/tema/nasilna-smrt/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Apr 2024 18:06:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png насилна смрт Archives - Република https://republika.mk/tema/nasilna-smrt/ 32 32 Братот на осомничениот за убиството на двегодишната Данка починал од насилна смрт, а не од срцев удар https://republika.mk/vesti/balkan/bratot-na-osomnicheniot-za-ubistvoto-na-dvegodishnata-danka-pochinal-od-nasilna-smrt-a-ne-od-srtsev-udar/ Fri, 19 Apr 2024 18:06:08 +0000 https://republika.mk/?p=768176

Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објавија медиумите во Србија.

Претходно, беше соопштено дека Д.Д. починал од срцев удар. Тој беше приведен на 6 април во полициската станица во Бор поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.

Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување.

Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.

 

The post Братот на осомничениот за убиството на двегодишната Данка починал од насилна смрт, а не од срцев удар appeared first on Република.

]]>

Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објавија медиумите во Србија. Претходно, беше соопштено дека Д.Д. починал од срцев удар. Тој беше приведен на 6 април во полициската станица во Бор поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ. Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување. Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.  

The post Братот на осомничениот за убиството на двегодишната Данка починал од насилна смрт, а не од срцев удар appeared first on Република.

]]>
Смртта на ракометарот Денис Тот сепак е резултат на насилство: Приведени две лица, се трага по третото https://republika.mk/sport/rakomet/smrtta-na-rakometarot-denis-tot-sepak-e-rezultat-na-nasilstvo-privedeni-dve-lica-se-traga-po-tretoto/ Sat, 09 Apr 2022 13:48:04 +0000 https://republika.mk/?p=485847

Дваесет и седумгодишниот ракометар на Бутел, хрватскиот интернационалец Денис Тот починал како резлутат од насилна смрт, утврдиле докторите од Судска медицина, објави телевизија Телма.

Обдукцијата покажала дека удар во главата, односно повреда на мозокот е причина за смртта на Тот, кој вчераутро почина на скопските клиники.

Ова за Телма го потврдиле и од Скопското обвинителство, кои се веќе усно известени и ја чекаат целосната документација за да отворат предмет, а од доказите ќе зависи квалификацијата на делото.

Телевизијата јавува и дека засега инволвирани се три лица, од кои две, дечко и девојка, се веќе приведени, а третиот е во бегство.

За случајот биле обезбедени и видео снимки, од кои се гледа дека, сега починатиот и останатите учесници во тепачката биле во исто друштво во ноќен клуб во парк. Кога тргнале да си одат, се степале, по што Тот паднал во бесознание, а останатите си заминале. Телото на младиот ракометар го видела една од вработените во дискотеката и веднаш повикала Брза помош.

Тот почина вчера претпладне на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), од каде вчера информираа дека бил ракометарот бил примен без срцева акција и без траги на насилство.

The post Смртта на ракометарот Денис Тот сепак е резултат на насилство: Приведени две лица, се трага по третото appeared first on Република.

]]>

Дваесет и седумгодишниот ракометар на Бутел, хрватскиот интернационалец Денис Тот починал како резлутат од насилна смрт, утврдиле докторите од Судска медицина, објави телевизија Телма. Обдукцијата покажала дека удар во главата, односно повреда на мозокот е причина за смртта на Тот, кој вчераутро почина на скопските клиники. Ова за Телма го потврдиле и од Скопското обвинителство, кои се веќе усно известени и ја чекаат целосната документација за да отворат предмет, а од доказите ќе зависи квалификацијата на делото. Телевизијата јавува и дека засега инволвирани се три лица, од кои две, дечко и девојка, се веќе приведени, а третиот е во бегство. За случајот биле обезбедени и видео снимки, од кои се гледа дека, сега починатиот и останатите учесници во тепачката биле во исто друштво во ноќен клуб во парк. Кога тргнале да си одат, се степале, по што Тот паднал во бесознание, а останатите си заминале. Телото на младиот ракометар го видела една од вработените во дискотеката и веднаш повикала Брза помош. Тот почина вчера претпладне на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), од каде вчера информираа дека бил ракометарот бил примен без срцева акција и без траги на насилство.

The post Смртта на ракометарот Денис Тот сепак е резултат на насилство: Приведени две лица, се трага по третото appeared first on Република.

]]>