налепници Archives - Република https://republika.mk/tema/nalepnici/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Feb 2024 11:17:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png налепници Archives - Република https://republika.mk/tema/nalepnici/ 32 32 На интернет се нудат налепници со достава до домашна адреса https://republika.mk/vesti/makedonija/na-internet-se-nudat-nalepnitsi-so-dostava-do-domashna-adresa/ Wed, 14 Feb 2024 10:52:54 +0000 https://republika.mk/?p=744011

Додека се случува метеж во станиците за технички преглед, на неколку страници осамнаа објави кои нудат налепници дури и со достава до домашна адреса по карго, а тврдат и дека се отпорни на надворешни влијанија.

Налепниците „НМК“ се појавија на продажба на страници на интернет, по цена од 50 денари.

извор: денар.мк

The post На интернет се нудат налепници со достава до домашна адреса appeared first on Република.

]]>

Додека се случува метеж во станиците за технички преглед, на неколку страници осамнаа објави кои нудат налепници дури и со достава до домашна адреса по карго, а тврдат и дека се отпорни на надворешни влијанија. Налепниците „НМК“ се појавија на продажба на страници на интернет, по цена од 50 денари. извор: денар.мк

The post На интернет се нудат налепници со достава до домашна адреса appeared first on Република.

]]>
МНР: Кодот НМК е само за на регистарските ознаки, за другите документи е МК, разговаравме со грчките власти https://republika.mk/vesti/makedonija/mnr-kodot-nmk-e-samo-za-na-registarskite-oznaki-za-drugite-dokumenti-e-mk-razgovaravme-so-grchkite-vlasti/ Tue, 13 Feb 2024 08:11:24 +0000 https://republika.mk/?p=743426

Министерството за надворешни работи информира дека во согласност со Договорот од Преспа, кодот NМК се употребува исклучиво за регистарските таблички на возилата. За сите други намени, кодот за земјата е МК и МКD, согласно Меѓународната организација за стандардизација (ИСО) и како таков стои во документите издадени од државата, меѓудругото и во патни исправи, лични карти, возачки и сообраќајни дозволи.

Во врска со наводите во одредени медиуми за враќање на наши граѓани од граничните премини со Грција, заради кодот МК на новите сообраќајни дозволи, Министерството стапи во контакт со грчката страна, и во Скопје и во Атина, укажувајќи за ова прашање. Добиено е уверување дека тоа не е и нема да биде проблем, велат од Министерството за надворешни работи.

Инаку, во Преспанскиот договор е децидно наведено дека „кодот за земјата на регистарските таблички на возилата на Втората страна ќе биде НМ или НМК. За сите други намени, кодот на земјата останува да биде МК и МКД, како што е официјално определено од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО)“.

The post МНР: Кодот НМК е само за на регистарските ознаки, за другите документи е МК, разговаравме со грчките власти appeared first on Република.

Ако не ставеше потпис веќе немаше да смее да се лепат:Тошковски го потпиша правилникот за налепниците https://republika.mk/vesti/makedonija/ako-ne-staveshe-potpis-veke-nemashe-da-smee-da-se-lepat-toshkovski-go-potpisha-pravilnikot-za-nalepnitsite/ Mon, 12 Feb 2024 20:54:59 +0000 https://republika.mk/?p=743404

Tехничкиот минитер Панче Тошковски вечерва ги потпиша правилцните со кои се продолжува лепењето на НМК налепници на регистарските таблички, но и рокот за обновување на старите таблички со три бројки, со и без ознака МК исто до 31 декмеври, а чија што важност истекуваше на полноќ.

Без промена на овие правилници кои му беа предочени на министерот, МВР од ноќеска на полноќ немаше да може воопшто да лепи налепеници на регистарските таблички со 4 бројки, и со МК ознака, а граѓаните доколку сакаа да патуваат ќе извисеа.

https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-za-pasoshi-fotografirani-se-100-000-gragani-a-obrastsi-ima-za-15-000/

The post Ако не ставеше потпис веќе немаше да смее да се лепат:Тошковски го потпиша правилникот за налепниците appeared first on Република.

]]>

Tехничкиот минитер Панче Тошковски вечерва ги потпиша правилцните со кои се продолжува лепењето на НМК налепници на регистарските таблички, но и рокот за обновување на старите таблички со три бројки, со и без ознака МК исто до 31 декмеври, а чија што важност истекуваше на полноќ. Без промена на овие правилници кои му беа предочени на министерот, МВР од ноќеска на полноќ немаше да може воопшто да лепи налепеници на регистарските таблички со 4 бројки, и со МК ознака, а граѓаните доколку сакаа да патуваат ќе извисеа. https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-za-pasoshi-fotografirani-se-100-000-gragani-a-obrastsi-ima-za-15-000/

The post Ако не ставеше потпис веќе немаше да смее да се лепат:Тошковски го потпиша правилникот за налепниците appeared first on Република.

]]>
Набавката на налепниците со назнака „НМК“ создаде хаос на станиците за технички https://republika.mk/vesti/makedonija/nabavkata-na-nalepnitsite-so-naznaka-nmk-sozdade-haos-na-stanitsite-za-tehnichki/ Mon, 12 Feb 2024 14:42:55 +0000 https://republika.mk/?p=743312

Не секаде можат да се најдат налепниците, некои од станците воопшто не добиле, други пак ги потрошиле. Дополнителен проблем имаат возачите чија сообраќјна дозвола го носи името Република Македонија, а нејзината промена исто така ги чини пари.

Лепенки секаде нема, а не можат ниту да се земат ако сообраќајната дозвола не е со новото уставно име, што на граѓаните им создава дополнителен трошок од 1000 денари.

Досега непознатниот трошок доведе до негодување кај возачите. Други пак, бидејќи треба а патуваат, поради недостаток на налепеници дури менуваат и регистарски таблички , што ги чини најмалку 2000 денари, а некаде пак воопшто нема ниту регистарски таблички..

Возачите кои ги добија налепниците се пожалија токму на начинот на кој што тие се поставени од страна на контролорите на станиците за технички преглед. Велат чекале од 8 часот наутро за некој да не си ја заврши работата, бидејќи, неправилното лепење може бргу да ја оштети налепницата

Засега не се предвидени казни за оние кои нема да ги променат налепниците, но веќе од утре, граѓаните кои нема да ја имаат назнаката „НМК“ нема да можат да патуваат со своите возила надвор од Македонија.

The post Набавката на налепниците со назнака „НМК“ создаде хаос на станиците за технички appeared first on Република.

]]>

Не секаде можат да се најдат налепниците, некои од станците воопшто не добиле, други пак ги потрошиле. Дополнителен проблем имаат возачите чија сообраќјна дозвола го носи името Република Македонија, а нејзината промена исто така ги чини пари. Лепенки секаде нема, а не можат ниту да се земат ако сообраќајната дозвола не е со новото уставно име, што на граѓаните им создава дополнителен трошок од 1000 денари. Досега непознатниот трошок доведе до негодување кај возачите. Други пак, бидејќи треба а патуваат, поради недостаток на налепеници дури менуваат и регистарски таблички , што ги чини најмалку 2000 денари, а некаде пак воопшто нема ниту регистарски таблички.. Возачите кои ги добија налепниците се пожалија токму на начинот на кој што тие се поставени од страна на контролорите на станиците за технички преглед. Велат чекале од 8 часот наутро за некој да не си ја заврши работата, бидејќи, неправилното лепење може бргу да ја оштети налепницата Засега не се предвидени казни за оние кои нема да ги променат налепниците, но веќе од утре, граѓаните кои нема да ја имаат назнаката „НМК“ нема да можат да патуваат со своите возила надвор од Македонија.

The post Набавката на налепниците со назнака „НМК“ создаде хаос на станиците за технички appeared first on Република.

]]>
Прилепските возачи од идната недела ќе можат да ги добијат бесплатните налепници https://republika.mk/vesti/makedonija/prilepskite-vozachi-od-idnata-nedela-ke-mozhat-da-gi-dobijat-besplatnite-nalepnitsi/ Sat, 10 Feb 2024 14:47:06 +0000 https://republika.mk/?p=742557

Прилепските возачи од идната недела ќе можат да ги добијат бесплатните налепници со ознаката НМК.

Според Даниела Перканоска од прилепска Станица за технички преглед, налепниците се стигнати во магацинот, но чекаат упатство за процедурата на издавање на возачите.

Денеска имам информација дека налепниците се стигнати во магацинот на прилепската полиција, но немаме инструкции за процедурата за нивно издавање. Очекуваме да добиеме инструкции во понеделник. До понеделник нема издавање, а сето ќе се одвива со почетокот на идната недела, вели Перканоска.

Од МВР велат дека во тек е дистрибуцијата на налепниците во Станиците за технички преглед во земјава.

Информираме дека при подигнувањето на налепниците потребно е во Станицата за технички преглед да отидат возачите со своето возило и со сообраќајна дозвола. Од референтите во Станицата ќе биде издадена налепницата која на возилото че ја залепи контролор од Станицата за технички преглед, се вели во соопштението од МВР.

Во Станиците за технички преглед во Прилеп немаше навалица ниту нервоза, иако возачите прашуваа кога ќе стигнат налепниците.

Во Прилеп се четири Станици за технички преглед. Инаку, од понеделник граѓаните не ќе може да патуваат надвор од земјава без налепниците со ознаката НМК.

The post Прилепските возачи од идната недела ќе можат да ги добијат бесплатните налепници appeared first on Република.

]]>

Прилепските возачи од идната недела ќе можат да ги добијат бесплатните налепници со ознаката НМК. Според Даниела Перканоска од прилепска Станица за технички преглед, налепниците се стигнати во магацинот, но чекаат упатство за процедурата на издавање на возачите.
Денеска имам информација дека налепниците се стигнати во магацинот на прилепската полиција, но немаме инструкции за процедурата за нивно издавање. Очекуваме да добиеме инструкции во понеделник. До понеделник нема издавање, а сето ќе се одвива со почетокот на идната недела, вели Перканоска.
Од МВР велат дека во тек е дистрибуцијата на налепниците во Станиците за технички преглед во земјава.
Информираме дека при подигнувањето на налепниците потребно е во Станицата за технички преглед да отидат возачите со своето возило и со сообраќајна дозвола. Од референтите во Станицата ќе биде издадена налепницата која на возилото че ја залепи контролор од Станицата за технички преглед, се вели во соопштението од МВР.
Во Станиците за технички преглед во Прилеп немаше навалица ниту нервоза, иако возачите прашуваа кога ќе стигнат налепниците. Во Прилеп се четири Станици за технички преглед. Инаку, од понеделник граѓаните не ќе може да патуваат надвор од земјава без налепниците со ознаката НМК.  

The post Прилепските возачи од идната недела ќе можат да ги добијат бесплатните налепници appeared first on Република.

]]>
До 12 февруари регистрациите мора да се сменат со „NMK“, налепниците ќе чинат од 30 до 50 денари https://republika.mk/zivot/servisi/do-12-fevruari-registratsiite-mora-da-se-smenat-so-nmk-nalepnitsite-ke-chinat-od-30-do-50-denari/ Thu, 01 Feb 2024 13:40:13 +0000 https://republika.mk/?p=739419

Министерството за внатрешни работи во декември минатата година склучи договор за набавка на нови регистерски таблици и на налепници за регистрациите на кои ознаката „МК“ ќе се замени со „NМК“.

Договорот е склучен со фирмата „Квантум дооел Скопје“, а производител на табличките е германската фирма „ЕХА Хофман“.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека согласно Рамковната спогодба за набавка на регистарски таблици, склучен е договор за нарачка со избраниот економски оператор, за што течат законските рокови за испорака на налепниците.

Согласно решението за изменување и дополнување на решението за цените на обрасците што ги издава Министерството за внатрешни работи, објавено во Службен весник на Република Македонија бр. 2 од 03.01.2024, цените на налепниците ќе се движат од 30 до 50 денари, се вели во одговорот од МВР.

Граѓаните најдоцна до 12 февруари треба да ги променат регистарските таблички и на нив да има ознака „NМК“ наместо досегашната „МК“, обврска која произлегува од Преспанскиот договор.

The post До 12 февруари регистрациите мора да се сменат со „NMK“, налепниците ќе чинат од 30 до 50 денари appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи во декември минатата година склучи договор за набавка на нови регистерски таблици и на налепници за регистрациите на кои ознаката „МК“ ќе се замени со „NМК“. Договорот е склучен со фирмата „Квантум дооел Скопје“, а производител на табличките е германската фирма „ЕХА Хофман“. Од Министерството за внатрешни работи велат дека согласно Рамковната спогодба за набавка на регистарски таблици, склучен е договор за нарачка со избраниот економски оператор, за што течат законските рокови за испорака на налепниците. Согласно решението за изменување и дополнување на решението за цените на обрасците што ги издава Министерството за внатрешни работи, објавено во Службен весник на Република Македонија бр. 2 од 03.01.2024, цените на налепниците ќе се движат од 30 до 50 денари, се вели во одговорот од МВР. Граѓаните најдоцна до 12 февруари треба да ги променат регистарските таблички и на нив да има ознака „NМК“ наместо досегашната „МК“, обврска која произлегува од Преспанскиот договор.

The post До 12 февруари регистрациите мора да се сменат со „NMK“, налепниците ќе чинат од 30 до 50 денари appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Можно е да не се менуваат табличките, туку само да се стават налепници https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-mozhno-e-da-ne-se-menuvaat-tablichkite-tuku-samo-da-se-stavat-nalepnitsi/ Sun, 26 Mar 2023 15:57:41 +0000 https://republika.mk/?p=623895

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа најавувa дека е можно да се донесе решение во врска со регистарските таблички на возилата кое нема да претставува финансиско оптоварување на граѓаните.

Налепници на регистарските таблички се можно решение за обврските со Преспанскиот договор. Министерот Спасовски во интервју за Радио Слободна Европа рече дека работна група во МВР ги разгледува сите опции, а се прават и консултации со Транспорт, но и со превозниците, со цел товарот да не падне врз граѓаните и бизнисот.

За многу кратко време ќе имаме решение коешто би било поволно за граѓаните во делот за промена на регистарските таблички. Јас така барем се надевам и очекувам. Со тоа што, од друга страна ќе мора да стават и норми на строги казни за сите оние коишто нема да го почитуваат тоа, изјави Спасовски.

Според Спасовски, налепниците се една од опциите.

Меѓутоа, кога ќе се донесе одлуката и решението ќе ги соопштиме на граѓаните, рече Спасовски.

Ова доаѓа по силните реакции од јавноста откако беше соопштено дека за секое возило кое на табличките ја нема ознаката „НМК“ ќе треба да се плати по 1.600 денари за промена на табличките.

The post Спасовски: Можно е да не се менуваат табличките, туку само да се стават налепници appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа најавувa дека е можно да се донесе решение во врска со регистарските таблички на возилата кое нема да претставува финансиско оптоварување на граѓаните. Налепници на регистарските таблички се можно решение за обврските со Преспанскиот договор. Министерот Спасовски во интервју за Радио Слободна Европа рече дека работна група во МВР ги разгледува сите опции, а се прават и консултации со Транспорт, но и со превозниците, со цел товарот да не падне врз граѓаните и бизнисот.