Наке Георгиев Archives - Република https://republika.mk/tema/nake-georgiev/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Aug 2024 07:52:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Наке Георгиев Archives - Република https://republika.mk/tema/nake-georgiev/ 32 32 Боки 13 со коментар за судијата Георгиев: Јас осуден на девет години без пари, а Наќе фатен со пари доби три години https://republika.mk/vesti/makedonija/boki-13-so-komentar-za-sudijata-georgiev/ Fri, 16 Aug 2024 07:51:16 +0000 https://republika.mk/?p=807066

Бојан Јовановски-Боки 13, кој беше осуден во случајот „Рекет“, ја искоментира спогодбата на Обивинителството за гонење организиран криминал и корупција со судијата Наќе Герогиев, но и со членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети. Тој иронично вели: „Баш одлично!!!“, а потоа посочува дека тој како цивилно лице без функција добил девет години затвор, додека судијата Георгиев за истото дело ќе добие три години со спогодба.

„Јас бев осуден на казна затвор од 9 години за кривично дело : Примање награда за противзаконито влијание од чл. 359 ст.7 в.в. ст.3 в.в. со ст.2 од Кривичниот законик. Запретената казна затвор за ова кривично дело е од една до десет години!

За истото ова кривично дело денеска врховниот судија Наќе Георгиев, признал вина, се спогодил и добил казна затвор од три години, а вчера за истото дело Иџет Мемети добил условна казна и забрана за вршење на дејност!

Во насока на ова, значи јас и Наќе сме судени за исто кривично дело, само разликата е тоа што Наќе е фатен со пари, а кај мене пари никогаш не биле фатени, ниту најдени!!! И уште поважно Наќе и Иџет биле ВРХОВЕН СУДИЈА и ЧЛЕН НА СОВЕТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ, ПА ОТТУКА СОГЛАСНО НИВНИТЕ ФУНКЦИИ МОЖЕЛЕ ДА ГО СТОРАТ ОВА КРИВИЧНО СО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА НИВНИОТО ПРЕТПОСТАВЕНО ВЛИЈАНИЕ И ДА ВЛИЈААТ!!!

Едно прашање за правните умови, но и заради здрава логика: А со кое претпоставено влијание сум влијаел јас (заради што сум осуден на 9 години), кога не сум бил ни судија, ни функционер, ни премиер односно не сум бил никакво избрано лице – функционер со реален авторитет како е предведено во текстот на конкретното кривично дело?!?

Во приказнава за Наќе и Иџет мене ми фали и некој трет, на пример на кого му влијаеле, каде и што и на кого интервенирале за правно олеснување на Боро Малборо…? Бидејќи ако нема трет во приказнава на двајцава “угледни граѓани” Наќе и Иџет треба да им се суди за Измама од КЗ или пак сигурно има и трет и четврт во приказнава ама се сокриени и непознати, па затоа спогодобиве и казните се вакви од благи, поблаги?!?

Оттука сосема за крај, Предлог – Спогодба како институт се користи при постоење на признание за вина, и тоа е законско право и не е спорно, но спорно е колку овој институт е злоупотребуван во изминатите години и колку матни спогодби со смешни казни за сериозни криминали се постигнати и најспорно од сѐ, под чии патронат се направени и кој примил награди за таквите спогодби и казни???“, пишува Јовановски и додава:

Да не е трагично, ќе биде многу смешно!“

The post Боки 13 со коментар за судијата Георгиев: Јас осуден на девет години без пари, а Наќе фатен со пари доби три години appeared first on Република.

]]>

Бојан Јовановски-Боки 13, кој беше осуден во случајот „Рекет“, ја искоментира спогодбата на Обивинителството за гонење организиран криминал и корупција со судијата Наќе Герогиев, но и со членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети. Тој иронично вели: „Баш одлично!!!“, а потоа посочува дека тој како цивилно лице без функција добил девет години затвор, додека судијата Георгиев за истото дело ќе добие три години со спогодба.
„Јас бев осуден на казна затвор од 9 години за кривично дело : Примање награда за противзаконито влијание од чл. 359 ст.7 в.в. ст.3 в.в. со ст.2 од Кривичниот законик. Запретената казна затвор за ова кривично дело е од една до десет години!
За истото ова кривично дело денеска врховниот судија Наќе Георгиев, признал вина, се спогодил и добил казна затвор од три години, а вчера за истото дело Иџет Мемети добил условна казна и забрана за вршење на дејност! Во насока на ова, значи јас и Наќе сме судени за исто кривично дело, само разликата е тоа што Наќе е фатен со пари, а кај мене пари никогаш не биле фатени, ниту најдени!!! И уште поважно Наќе и Иџет биле ВРХОВЕН СУДИЈА и ЧЛЕН НА СОВЕТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ, ПА ОТТУКА СОГЛАСНО НИВНИТЕ ФУНКЦИИ МОЖЕЛЕ ДА ГО СТОРАТ ОВА КРИВИЧНО СО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА НИВНИОТО ПРЕТПОСТАВЕНО ВЛИЈАНИЕ И ДА ВЛИЈААТ!!!
Едно прашање за правните умови, но и заради здрава логика: А со кое претпоставено влијание сум влијаел јас (заради што сум осуден на 9 години), кога не сум бил ни судија, ни функционер, ни премиер односно не сум бил никакво избрано лице – функционер со реален авторитет како е предведено во текстот на конкретното кривично дело?!?
Во приказнава за Наќе и Иџет мене ми фали и некој трет, на пример на кого му влијаеле, каде и што и на кого интервенирале за правно олеснување на Боро Малборо…? Бидејќи ако нема трет во приказнава на двајцава “угледни граѓани” Наќе и Иџет треба да им се суди за Измама од КЗ или пак сигурно има и трет и четврт во приказнава ама се сокриени и непознати, па затоа спогодобиве и казните се вакви од благи, поблаги?!? Оттука сосема за крај, Предлог – Спогодба како институт се користи при постоење на признание за вина, и тоа е законско право и не е спорно, но спорно е колку овој институт е злоупотребуван во изминатите години и колку матни спогодби со смешни казни за сериозни криминали се постигнати и најспорно од сѐ, под чии патронат се направени и кој примил награди за таквите спогодби и казни???“, пишува Јовановски и додава:   Да не е трагично, ќе биде многу смешно!“

The post Боки 13 со коментар за судијата Георгиев: Јас осуден на девет години без пари, а Наќе фатен со пари доби три години appeared first on Република.

]]>
Наќе Георгиев и Иџет Мемети се пример зошто е потребно распуштање на Судскиот и Советот на јавни обвинители https://republika.mk/vesti/makedonija/nake-georgiev-i-idhet-memeti-se-primer-zoshto-e-potrebno-raspushtane-na-sudskiot-i-sovetot-na-javni-obviniteli/ Fri, 16 Aug 2024 07:33:51 +0000 https://republika.mk/?p=807055

Наќе Георгиев и Иџет Мемети се пример зошто е потребно распуштање на Судскиот и Советот на јавни обвинители, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Едниот близок до Заев и Филипче, другиот до Ахмети. Наќе Георгиев кој призна вина дека примил поткуп за да ублажи казна затвор, во време на СДС и ДУИ од обичен судија стана Врховен судија и член на Судскиот совет. Додека тој растеше во судската хиерархија судија стана и неговиот син, а сопругата му е јавен обвинител. Наќе Георгиев ја злоупотребил позицијата се впуштил во штелување на судски пресуди. Иџет Мемети беше заменик претседател на Советот на јавни обвинители за време на СДС и ДУИ, тој му помогнал на Наќе Георгиев да издејствуваат помала казна за Боро Марлборо. И Наќе Георгиев и Иџет Мемети одлучувале за судии и обвинители, унапредувале и санкционирале. Какви се постапките кои овие двајца корумпирани функционери ги влечеле и уште колку неправди нанеле? Корумпираноста која ја гледаме преку Наќе Георгиев и Иџет Мемети е причината зошто е потребно распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, само така ќе се врати вербата на народот во судството, порачуваат од партијата.

The post Наќе Георгиев и Иџет Мемети се пример зошто е потребно распуштање на Судскиот и Советот на јавни обвинители appeared first on Република.

ССМ: Наќе Георгиев е еден од тројцата судии на срамната пресуда за конфискацијата на Работничкиот дом https://republika.mk/vesti/makedonija/ssm-nake-georgiev-e-eden-od-trojtsata-sudii-na-sramnata-presuda-za-konfiskatsijata-na-rabotnichkiot-dom/ Thu, 15 Aug 2024 17:25:49 +0000 https://republika.mk/?p=806983

Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска соопшти дека утврдувањето на одговорност и признанието на Наќе Георгиев за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ е уште една потврда дека довербата во судството мора да се врати, а за почеток, како што потенцираат, со издвојување на совесните судии од не совесните, на издвојување на судиите со стручност и интегритет од судиите криминалци.

-Еден од судиите кои ја донесоа срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом, Наќе Георгиев ќе лежи затвор три години поради организиран криминал и корупција, односно примање на мито за влијание во судството иако претходно истиот судија тврдеше дека тоа е лага! ССМ кога се објави пресудата за конфискација на Работничкиот дом предупреди дека се сомнева на влијание, организиран криминал и корупција при носењето на срамната Пресуда донесена од тројца судии помеѓу кои и Наќе Георгиев, соопштија од ССМ.

Од ССМ потенцираат дека со оваа Пресуда, за нечии политички, бизнис и олигархиски интереси го конфискуваа Работничкиот дом кој е граден од работниците, од синдикална чланарина на нивните членови.

-Признанието на Наќе Георгиев за поткуп кој заедно со други двајца судии ја донесоа срамната Пресуда и фрлија црна дамка на Врховниот суд како и на Македонија како држава, отвара уште поголем сомнеж за мотивите за донесувањето на Пресудата за конфискацијата на Работнички дом, па работниците и јавноста во Македонија и пошироко очекуваат правото и правдата да победат и што поскоро Работничкиот дом да биде вратен на работниците и ССМ или најмалку, процесот да биде вратен на повторно одлучување пред пониските судови, особено сега, кога Врховниот суд и Врховните судии се ослободени од влијанието на овој корумпиран судија, се вели во соопштението на ССМ.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска склучи Предлог – спогодба со осомничениот судија во Врховен суд, Наќе Георгиев, за кој постоеше основано сомнение дека сторил кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Георгиев прифатил да му биде изречена казна затвор од три години, и забрана за вршење на професија.

Како што информираа од ОЈО ГОКК, потпишувајќи ја предлог – спогодбата осомничениот Наќе Георгиев не спори дека го сторил кривичното дело и имајќи ја предвид запретената казна затвор од една до десет години за ова кривично дело, прифатил да му биде изречена казна затвор во траење од три години, како и забрана за вршење професија, дејност или должност на службено лице во период од три години.

The post ССМ: Наќе Георгиев е еден од тројцата судии на срамната пресуда за конфискацијата на Работничкиот дом appeared first on Република.

]]>

Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска соопшти дека утврдувањето на одговорност и признанието на Наќе Георгиев за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ е уште една потврда дека довербата во судството мора да се врати, а за почеток, како што потенцираат, со издвојување на совесните судии од не совесните, на издвојување на судиите со стручност и интегритет од судиите криминалци.
-Еден од судиите кои ја донесоа срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом, Наќе Георгиев ќе лежи затвор три години поради организиран криминал и корупција, односно примање на мито за влијание во судството иако претходно истиот судија тврдеше дека тоа е лага! ССМ кога се објави пресудата за конфискација на Работничкиот дом предупреди дека се сомнева на влијание, организиран криминал и корупција при носењето на срамната Пресуда донесена од тројца судии помеѓу кои и Наќе Георгиев, соопштија од ССМ. Од ССМ потенцираат дека со оваа Пресуда, за нечии политички, бизнис и олигархиски интереси го конфискуваа Работничкиот дом кој е граден од работниците, од синдикална чланарина на нивните членови. -Признанието на Наќе Георгиев за поткуп кој заедно со други двајца судии ја донесоа срамната Пресуда и фрлија црна дамка на Врховниот суд како и на Македонија како држава, отвара уште поголем сомнеж за мотивите за донесувањето на Пресудата за конфискацијата на Работнички дом, па работниците и јавноста во Македонија и пошироко очекуваат правото и правдата да победат и што поскоро Работничкиот дом да биде вратен на работниците и ССМ или најмалку, процесот да биде вратен на повторно одлучување пред пониските судови, особено сега, кога Врховниот суд и Врховните судии се ослободени од влијанието на овој корумпиран судија, се вели во соопштението на ССМ.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска склучи Предлог – спогодба со осомничениот судија во Врховен суд, Наќе Георгиев, за кој постоеше основано сомнение дека сторил кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Георгиев прифатил да му биде изречена казна затвор од три години, и забрана за вршење на професија. Како што информираа од ОЈО ГОКК, потпишувајќи ја предлог – спогодбата осомничениот Наќе Георгиев не спори дека го сторил кривичното дело и имајќи ја предвид запретената казна затвор од една до десет години за ова кривично дело, прифатил да му биде изречена казна затвор во траење од три години, како и забрана за вршење професија, дејност или должност на службено лице во период од три години.

The post ССМ: Наќе Георгиев е еден од тројцата судии на срамната пресуда за конфискацијата на Работничкиот дом appeared first on Република.

]]>
Судијата Наќе Георгиев се спогоди со ОЈО: Доби казна затвор од три години и забрана за вршење професија https://republika.mk/vesti/makedonija/sudijata-nake-georgiev-se-spogodi-so-ojo-dobi-kazna-zatvor-od-tri-godini-i-zabrana-za-vrshene-profesija/ Thu, 15 Aug 2024 12:52:58 +0000 https://republika.mk/?p=806916

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска склучи Предлог – спогодба со осомничениот судија во Врховен суд, Наќе Георгиев, за кој постоеше основано сомнение дека сторил кривично дело Примање награда за противзаконито влијание. Георгиев прифатил да му биде изречена казна затвор од три години, и забрана за вршење на професија.

Како што информираат од ОЈО ГОКК, потпишувајќи ја предлог – спогодбата осомничениот Наќе Георгиев не спори дека го сторил кривичното дело и имајќи ја предвид запретената казна затвор од една до десет години за ова кривично дело, прифатил да му биде изречена казна затвор во траење од три години, како и Забрана за вршење професија, дејност или должност на службено лице во период од три години.

Во соопштението на ОЈО ГОКК стои дека според прибраните докази и описот содржан во диспозитивот на предлог – спогодбата, осомничениот Н.Г. од 06.04.2024 година до 20.05.2024 година во Струмица и Скопје, како службено лице – судија во Врховен суд на РСМ со искористување на своето претпоставено влијание, службена и општествена положба и углед, за наводна интервенција во предмет што се водел во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во два наврати директно побарал и примил награда од вкупно 15.000 евра во денарска противвредност од 922.500,оо денари.

Откако на почетокот на месец април 2024 година, сведокот, против чиј татко се водела постапката, побарал помош од Н.Г, тој, како награда за да ги утврди околностите за интервенирање во кривичната постапка, побарал 5.000 евра од сведокот кои му биле предадени на Н.Г во неговиот дом во Струмица. На средбата Н.Г му рекол на сведокот дека ќе се обиде да издејствува минимална затворска казна од три години затвор за неговиот татко. Потоа сведокот и Н.Г. имале уште неколку средби и на една од нив Н.Г му кажал на сведокот дека за сума од 30.000 евра преку осудениот И.М. кој е заменик претседател и член на Советот за јавни обвинители наводно ќе интервенираат да се спроведе постапка за спогодување со неговиот татко – осомничен во предмет што се водел во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1 од Кривичен законик, стои во соопштението од ОЈО ГОКК.

Притоа, како што дополнуваат, Н.Г појаснил дека при утврдување на видот и висината на казната на татко му ќе му биде предложена и утврдена казна затвор од пет години, како минимална казна за предметното кривично дело, напоменувајќи му на сведокот дека доколку не се интервенира, татко му, по поднесен обвинителен акт, во судска постапка ќе добие многу поголема затворска казна и дека за цело времетраење на постапката, ќе му биде продолжувана мерката притвор.

Осомничениот Н.Г. му ветил на сведокот дека во иднина преку неговото реално влијание, службена и општествена положба и углед како судија во Врховниот суд, преку други лица, ќе интервенира, тогаш веќе осудениот татко на сведокот, да добива погодности во текот на издржувањето на казната затвор, а по исполнувањето на условите да добие и условен отпуст од издржување на затворската казна. За да ги поткрепи своите ветувања осомничениот Н.Г. во три наврати во присуство на сведокот, преку апликацијата Ватсап комуницирал со осудениот И.М, кој разговор го слушал и сведокот, кога осудениот И.М кажал дека наводно се преземени сите дејствија за интервенирање за да биде одобрено барањето за склучување на предлог спогодбата така како што ветувал осомничениот Н.Г., дополнуваат оттаму.

По постигнатиот договор и наводните преземени дејствија за интервенирање, осомничениот Н.Г и сведокот се договориле наградата во износ од 20.000 евра да му биде дадена по потпишувањето на предлог спогодбата и нејзиното одобрување од страна на судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, со што би се потврдило нивното влијание.

Откако спогодбата со осомничениот татко на сведокот била потпишана и потврдена од судот на 20.05.2024 година, осомничениот Н.Г и сведокот истиот ден се сретнале на паркинг просторот кај Хотел Вип. Осомничениот Н.Г кој пристигнал со ПМВ Ауди А6, излегол од истото и влегол во возилото на сведокот, ПМВ Пасат и по краток разговор, сведокот му предал бело хартиено плико во кое имало половина од наградата, во износ од 10.000 евра. Осомничениот Н.Г. го ставил пликото во внатрешен џеб од неговото сако, излегол од возилото и се вратил во неговото возило. Во тој момент овластени полициски службеници пристапиле до возилото на врховниот судија кој седел на возачкото место и во еден момент тој го извадил пликото со паричните средства и го ставил помеѓу возачкото и совозачкото седиште каде при преглед на возилото биле пронајдени 10.000 евра кои претходно биле крим- технички обработени, појаснуваат оттаму.

Предметниот обвинител имајќи ги предвид степенот на кривичната одговорност, побудите од кои е сторено делото, јачината на загрозувањето на заштитното добро, како и поранешниот живот на сторителот и неговите лични прилики ценел дека за кривичното дело што му се става на товар со одмерената единствена казна затвор во траење од три години, ќе се остварат целите на казнувањето во поглед на специјалната и генерална превенција предвидени во чл. 39 од Кривичниот законик.

Во казната ќе му се засмета и времето поминато во притвор и истиот веднаш ќе биде упатен на издржување на казната затвор. Воедно, бидејќи ја злоупотребил својата професија, дејност или должност заради извршувањето на кривичното дело и врз основа на природата на извршеното дело и околностите под кои е сторено, може да се очекува дека таквата дејност ќе ја злоупотреби за повторно вршење кривично дело судот да му изрече и Забрана за вршење професија, дејност или должност на службено лице во период од три години. Дополнително, криминалистички обработените банкноти што беа пронајдени во ПМВ на осомничениот ќе бидат вратени на сведокот, а останатите 5000 евра ќе бидат конфискувани во корист на Буџетот на РСМ како стекната имотна корист од кривично дело, велат од ОЈО ГОКК.

Вчера и членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети признал вина и се спогодил со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на условна казна затвор од една година и забрана за вршење на професија, дејност или должност на службено лице во период од три години за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“.

Мемети претходно, како што соопштија од ЈОРСМ, поднел неотповиклива оставка како член на Совет на јавни обвинители која ја доставил до Собранието на РСМ.

The post Судијата Наќе Георгиев се спогоди со ОЈО: Доби казна затвор од три години и забрана за вршење професија appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска склучи Предлог – спогодба со осомничениот судија во Врховен суд, Наќе Георгиев, за кој постоеше основано сомнение дека сторил кривично дело Примање награда за противзаконито влијание. Георгиев прифатил да му биде изречена казна затвор од три години, и забрана за вршење на професија. Како што информираат од ОЈО ГОКК, потпишувајќи ја предлог – спогодбата осомничениот Наќе Георгиев не спори дека го сторил кривичното дело и имајќи ја предвид запретената казна затвор од една до десет години за ова кривично дело, прифатил да му биде изречена казна затвор во траење од три години, како и Забрана за вршење професија, дејност или должност на службено лице во период од три години. Во соопштението на ОЈО ГОКК стои дека според прибраните докази и описот содржан во диспозитивот на предлог – спогодбата, осомничениот Н.Г. од 06.04.2024 година до 20.05.2024 година во Струмица и Скопје, како службено лице – судија во Врховен суд на РСМ со искористување на своето претпоставено влијание, службена и општествена положба и углед, за наводна интервенција во предмет што се водел во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во два наврати директно побарал и примил награда од вкупно 15.000 евра во денарска противвредност од 922.500,оо денари.
Откако на почетокот на месец април 2024 година, сведокот, против чиј татко се водела постапката, побарал помош од Н.Г, тој, како награда за да ги утврди околностите за интервенирање во кривичната постапка, побарал 5.000 евра од сведокот кои му биле предадени на Н.Г во неговиот дом во Струмица. На средбата Н.Г му рекол на сведокот дека ќе се обиде да издејствува минимална затворска казна од три години затвор за неговиот татко. Потоа сведокот и Н.Г. имале уште неколку средби и на една од нив Н.Г му кажал на сведокот дека за сума од 30.000 евра преку осудениот И.М. кој е заменик претседател и член на Советот за јавни обвинители наводно ќе интервенираат да се спроведе постапка за спогодување со неговиот татко – осомничен во предмет што се водел во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1 од Кривичен законик, стои во соопштението од ОЈО ГОКК.
Притоа, како што дополнуваат, Н.Г појаснил дека при утврдување на видот и висината на казната на татко му ќе му биде предложена и утврдена казна затвор од пет години, како минимална казна за предметното кривично дело, напоменувајќи му на сведокот дека доколку не се интервенира, татко му, по поднесен обвинителен акт, во судска постапка ќе добие многу поголема затворска казна и дека за цело времетраење на постапката, ќе му биде продолжувана мерката притвор.
Осомничениот Н.Г. му ветил на сведокот дека во иднина преку неговото реално влијание, службена и општествена положба и углед како судија во Врховниот суд, преку други лица, ќе интервенира, тогаш веќе осудениот татко на сведокот, да добива погодности во текот на издржувањето на казната затвор, а по исполнувањето на условите да добие и условен отпуст од издржување на затворската казна. За да ги поткрепи своите ветувања осомничениот Н.Г. во три наврати во присуство на сведокот, преку апликацијата Ватсап комуницирал со осудениот И.М, кој разговор го слушал и сведокот, кога осудениот И.М кажал дека наводно се преземени сите дејствија за интервенирање за да биде одобрено барањето за склучување на предлог спогодбата така како што ветувал осомничениот Н.Г., дополнуваат оттаму.
По постигнатиот договор и наводните преземени дејствија за интервенирање, осомничениот Н.Г и сведокот се договориле наградата во износ од 20.000 евра да му биде дадена по потпишувањето на предлог спогодбата и нејзиното одобрување од страна на судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, со што би се потврдило нивното влијание.
Откако спогодбата со осомничениот татко на сведокот била потпишана и потврдена од судот на 20.05.2024 година, осомничениот Н.Г и сведокот истиот ден се сретнале на паркинг просторот кај Хотел Вип. Осомничениот Н.Г кој пристигнал со ПМВ Ауди А6, излегол од истото и влегол во возилото на сведокот, ПМВ Пасат и по краток разговор, сведокот му предал бело хартиено плико во кое имало половина од наградата, во износ од 10.000 евра. Осомничениот Н.Г. го ставил пликото во внатрешен џеб од неговото сако, излегол од возилото и се вратил во неговото возило. Во тој момент овластени полициски службеници пристапиле до возилото на врховниот судија кој седел на возачкото место и во еден момент тој го извадил пликото со паричните средства и го ставил помеѓу возачкото и совозачкото седиште каде при преглед на возилото биле пронајдени 10.000 евра кои претходно биле крим- технички обработени, појаснуваат оттаму.
Предметниот обвинител имајќи ги предвид степенот на кривичната одговорност, побудите од кои е сторено делото, јачината на загрозувањето на заштитното добро, како и поранешниот живот на сторителот и неговите лични прилики ценел дека за кривичното дело што му се става на товар со одмерената единствена казна затвор во траење од три години, ќе се остварат целите на казнувањето во поглед на специјалната и генерална превенција предвидени во чл. 39 од Кривичниот законик.
Во казната ќе му се засмета и времето поминато во притвор и истиот веднаш ќе биде упатен на издржување на казната затвор. Воедно, бидејќи ја злоупотребил својата професија, дејност или должност заради извршувањето на кривичното дело и врз основа на природата на извршеното дело и околностите под кои е сторено, може да се очекува дека таквата дејност ќе ја злоупотреби за повторно вршење кривично дело судот да му изрече и Забрана за вршење професија, дејност или должност на службено лице во период од три години. Дополнително, криминалистички обработените банкноти што беа пронајдени во ПМВ на осомничениот ќе бидат вратени на сведокот, а останатите 5000 евра ќе бидат конфискувани во корист на Буџетот на РСМ како стекната имотна корист од кривично дело, велат од ОЈО ГОКК.
Вчера и членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети признал вина и се спогодил со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на условна казна затвор од една година и забрана за вршење на професија, дејност или должност на службено лице во период од три години за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“. Мемети претходно, како што соопштија од ЈОРСМ, поднел неотповиклива оставка како член на Совет на јавни обвинители која ја доставил до Собранието на РСМ.

The post Судијата Наќе Георгиев се спогоди со ОЈО: Доби казна затвор од три години и забрана за вршење професија appeared first on Република.

]]>
Лефков: Колку криминал не е санкциониран заради Наќе Георгиев кој сега признал дека земал поткуп од 10.000 евра https://republika.mk/vesti/makedonija/lefkov-kolku-kriminal-ne-e-sanktsioniran-zaradi-nake-georgiev-koj-sega-priznal-deka-zemal-potkup-od-10-000-evra/ Thu, 15 Aug 2024 10:29:42 +0000 https://republika.mk/?p=806805

Правдата доаѓа. Потврден е поткуп во случајот со Врховниот судија и поранешен член на судскиот совет Наќе Георгиев од Струмица, близок човек на Зоран Заев, менторот на Венко Филипче, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

https://www.youtube.com/watch?v=oVWThJ87GOk&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fopserver.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

„Наќе Георгиев преку спогодба со Јавен обвинител признал дека направил криминал. Георгиев признал дека земал поткуп од 10.000 евра за да издејствува поблага затворска казна за Боро Марлборо.

Признание дека Наќе Георгиев ги земал парите како награда за поблагата казна изречена на Боро Марлборо, покрај самиот тој, дал и Иџет Мемети, потпретседател на Советот на јавни обвинители. Тие заедно како што кажал Мемети помогнале Боро Марлборо да добие поблага казна.

Наќе Георгиев и Иџет Мемети се пример за корумпираното судство и обвинителство на СДС и ДУИ.

Наќе Георгиев и Иџет Мемети се пример зошто судството и обвинителството имаат 2% доверба кај народот.

Наќе Георгиев е човек од најголема доверба на Заев и Филипче. Тој експресно напредува со власта на СДС, и од судија станува судија во Врховниот суд и член на Судскиот совет.

Корумпираниот Георгиев со години одлучувал и делел правда, бирал судии, унапредувал или казнувал.

Какви кадри извадил Наќе Георгиев, но и колку пресуди ублажил или спречил со земање мито? Колку криминал не е санкциониран заради Наќе Георгиев?

Последиците кои СДС ги остави се трајни, но одговорност за сите ќе има“, рече Лефков.

The post Лефков: Колку криминал не е санкциониран заради Наќе Георгиев кој сега признал дека земал поткуп од 10.000 евра appeared first on Република.

]]>

Правдата доаѓа. Потврден е поткуп во случајот со Врховниот судија и поранешен член на судскиот совет Наќе Георгиев од Струмица, близок човек на Зоран Заев, менторот на Венко Филипче, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. https://www.youtube.com/watch?v=oVWThJ87GOk&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fopserver.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE „Наќе Георгиев преку спогодба со Јавен обвинител признал дека направил криминал. Георгиев признал дека земал поткуп од 10.000 евра за да издејствува поблага затворска казна за Боро Марлборо. Признание дека Наќе Георгиев ги земал парите како награда за поблагата казна изречена на Боро Марлборо, покрај самиот тој, дал и Иџет Мемети, потпретседател на Советот на јавни обвинители. Тие заедно како што кажал Мемети помогнале Боро Марлборо да добие поблага казна. Наќе Георгиев и Иџет Мемети се пример за корумпираното судство и обвинителство на СДС и ДУИ. Наќе Георгиев и Иџет Мемети се пример зошто судството и обвинителството имаат 2% доверба кај народот. Наќе Георгиев е човек од најголема доверба на Заев и Филипче. Тој експресно напредува со власта на СДС, и од судија станува судија во Врховниот суд и член на Судскиот совет. Корумпираниот Георгиев со години одлучувал и делел правда, бирал судии, унапредувал или казнувал. Какви кадри извадил Наќе Георгиев, но и колку пресуди ублажил или спречил со земање мито? Колку криминал не е санкциониран заради Наќе Георгиев? Последиците кои СДС ги остави се трајни, но одговорност за сите ќе има“, рече Лефков.  

The post Лефков: Колку криминал не е санкциониран заради Наќе Георгиев кој сега признал дека земал поткуп од 10.000 евра appeared first on Република.

]]>
Во тек постапка за спогодување за ефективна казна затвор за врховниот судија Наќе Георгиев https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-tek-postapka-za-spogoduvane-za-efektivna-kazna-zatvor-za-vrhovniot-sudija-nake-georgiev/ Thu, 15 Aug 2024 08:07:04 +0000 https://republika.mk/?p=806703

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција добило предлогот за спогодба потпишана од врховниот судија Наќе Георгиев, кој беше фатен со мито од 10 000 евра, со која се согласува на ефективен затвор.

Висината на затворската казна ќе ја утврдува Судот кој најпрво ќе ја цени постигната спогодба, па потоа ќе носи пресуда за должината на времето кое во затвор ќе треба да го мине поранешниот врховен судија.

Предлог-Спогодбата со сите прибрани докази е доставена до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје кој треба да закаже рочиште за оцена на предлог – спогодбата и доколку истата биде оценета како прифатлива, надлежниот суд ќе донесе пресуда која се заснова врз предлог-спогодбата.

Истражната постапка против две лица беше започната на 20 мај годинава кога врховен судија беше фатен in flagranti во извршување на кривичното дело (https://jorm.gov.mk/istraga-protiv-dve-licza-za-primane-nagradata-za-protivzakonito-vlijanie/). Со оглед на фактот дека со дејствијата на Н.Г. се исполнети законските битија на квалификаторниот облик на кривичното дело од чл. 359 од став 7, за кое е запретена казна затвор од 1 до 10 години, по поднесена иницијатива за спогодување и од осомничениот Н.Г., во тек е постапка за склучување предлог спогодба со која би се утврдила ефективна казна затвор, а за исходот јавноста ќе биде навремено известена, соопштија вчера од Обвинителството.

Предлог – спогодбата, како што појаснуваат од Обвинителството, како институт се користи при постоење на признание за вина, па тогаш правилата на постапката се поедноставени, не се изведуваат докази поврзани за фактичката состојба и постапката е едноставна, брза и ефикасна бидејќи Судот треба само да ја изрече санкцијата. Една од причините за прифаќање на спогодувањето за кривичната санкција е настојувањето да се скрати траењето на кривичната постапка во случаите кога фактичката состојба е неспорна за обете странки, кога Обвинителството располага со доволно докази во однос на кривично-правниот настан, при што и без изведување на прибавените докази судијата ќе може да донесе основана, законита и правична пресуда.

Вчера и членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети признал вина и се спогодил со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на условна казна затвор од една година и забрана за вршење на професија, дејност или должност на службено лице во период од три години за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“, информираа од Основно јавно обвинителство на Република Македонија.

Мемети претходно, како што соопштија од ЈОРМ, поднел неотповиклива оставка како член на Совет на јавни обвинители која ја доставил до Собранието на РМ.

Предлог-Спогодбата со сите прибрани докази е доставена до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје кој треба да закаже рочиште за оцена на предлог – спогодбата и доколку истата биде оценета како прифатлива, надлежниот суд ќе донесе пресуда која се заснова врз предлог-спогодбата.

The post Во тек постапка за спогодување за ефективна казна затвор за врховниот судија Наќе Георгиев appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција добило предлогот за спогодба потпишана од врховниот судија Наќе Георгиев, кој беше фатен со мито од 10 000 евра, со која се согласува на ефективен затвор. Висината на затворската казна ќе ја утврдува Судот кој најпрво ќе ја цени постигната спогодба, па потоа ќе носи пресуда за должината на времето кое во затвор ќе треба да го мине поранешниот врховен судија. Предлог-Спогодбата со сите прибрани докази е доставена до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје кој треба да закаже рочиште за оцена на предлог – спогодбата и доколку истата биде оценета како прифатлива, надлежниот суд ќе донесе пресуда која се заснова врз предлог-спогодбата. Истражната постапка против две лица беше започната на 20 мај годинава кога врховен судија беше фатен in flagranti во извршување на кривичното дело (https://jorm.gov.mk/istraga-protiv-dve-licza-za-primane-nagradata-za-protivzakonito-vlijanie/). Со оглед на фактот дека со дејствијата на Н.Г. се исполнети законските битија на квалификаторниот облик на кривичното дело од чл. 359 од став 7, за кое е запретена казна затвор од 1 до 10 години, по поднесена иницијатива за спогодување и од осомничениот Н.Г., во тек е постапка за склучување предлог спогодба со која би се утврдила ефективна казна затвор, а за исходот јавноста ќе биде навремено известена, соопштија вчера од Обвинителството. Предлог – спогодбата, како што појаснуваат од Обвинителството, како институт се користи при постоење на признание за вина, па тогаш правилата на постапката се поедноставени, не се изведуваат докази поврзани за фактичката состојба и постапката е едноставна, брза и ефикасна бидејќи Судот треба само да ја изрече санкцијата. Една од причините за прифаќање на спогодувањето за кривичната санкција е настојувањето да се скрати траењето на кривичната постапка во случаите кога фактичката состојба е неспорна за обете странки, кога Обвинителството располага со доволно докази во однос на кривично-правниот настан, при што и без изведување на прибавените докази судијата ќе може да донесе основана, законита и правична пресуда. Вчера и членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети признал вина и се спогодил со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на условна казна затвор од една година и забрана за вршење на професија, дејност или должност на службено лице во период од три години за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“, информираа од Основно јавно обвинителство на Република Македонија. Мемети претходно, како што соопштија од ЈОРМ, поднел неотповиклива оставка како член на Совет на јавни обвинители која ја доставил до Собранието на РМ. Предлог-Спогодбата со сите прибрани докази е доставена до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје кој треба да закаже рочиште за оцена на предлог – спогодбата и доколку истата биде оценета како прифатлива, надлежниот суд ќе донесе пресуда која се заснова врз предлог-спогодбата.

The post Во тек постапка за спогодување за ефективна казна затвор за врховниот судија Наќе Георгиев appeared first on Република.

]]>
Призна вина: Потврден поткупот на членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети https://republika.mk/vesti/prizna-vina-potvrden-potkupot-na-chlenot-na-sovetot-na-javni-obviniteli-idhet-memeti/ Wed, 14 Aug 2024 13:31:08 +0000 https://republika.mk/?p=806528

Членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети признал вина и се спогодил со обвинителството за условна осуда, дознава Телма. Тој беше осомничен за примање награда за против законито влијание, за што Кривчниот законик предвидува од 1 до 5 години затвор.

Заедно со провосомничениот, врховниот судија Наке Георгиев беа осомничени дека лажно ветувале дека ќе влијаат и ќе му овозможат олеснување на екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев во предметот за шверц со марихуана.

Дека не сторил ништо незаконско пред медимите тврдеше и и поранешниот народен правобранител Иџет Мемети. На крајот на истрагата одлучил да признае вина и да се спогодат. Мемети се брани од слобода додека Георгиев е во Шутка речиси три месеци.

Дополнително, Мемети поднел и оставка која веќе е доставена до Собранието  и до Советот на јавни обвинители.

The post Призна вина: Потврден поткупот на членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети appeared first on Република.

]]>

Членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети признал вина и се спогодил со обвинителството за условна осуда, дознава Телма. Тој беше осомничен за примање награда за против законито влијание, за што Кривчниот законик предвидува од 1 до 5 години затвор. Заедно со провосомничениот, врховниот судија Наке Георгиев беа осомничени дека лажно ветувале дека ќе влијаат и ќе му овозможат олеснување на екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев во предметот за шверц со марихуана. Дека не сторил ништо незаконско пред медимите тврдеше и и поранешниот народен правобранител Иџет Мемети. На крајот на истрагата одлучил да признае вина и да се спогодат. Мемети се брани од слобода додека Георгиев е во Шутка речиси три месеци. Дополнително, Мемети поднел и оставка која веќе е доставена до Собранието  и до Советот на јавни обвинители.

The post Призна вина: Потврден поткупот на членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети appeared first on Република.

]]>
Судијата Георгиев бара неговите колеги да поседат малку во Шутка пред да му го продолжуваат притворот https://republika.mk/vesti/makedonija/sudijata-georgiev-bara-negovite-kolegi-da-posedat-malku-vo-shutka-pred-da-mu-go-prodolzhuvaat-pritvorot/ Wed, 07 Aug 2024 09:11:38 +0000 https://republika.mk/?p=804177

Врховнот судија Наќе Георгиев кој е во притвор во Шутка поради мито од 10.000 евра и се сомничи дека поседувал во друг предмет за поранешниот градоначалник Боро Стојчев има само едно посебно барање.

Директорот на затворот „Шутка“ Бобан Утковски за емисијата „За или против“ вели дека судијата нема некои посебни барања или услови и е во ќелија со уште двајца притвореници.

Сепак има едно барање кое не е во надлежност на затворската управа.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=2083&v=LK6dpjpUqrM&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Ftime.mk%2F&source_ve_path=MzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMjM4NTE

Се жали дека не ги читаат предметите туку дека по автоматизам му го продолжуваат притворот.Како препорака од него е идините колеги да поседат еден месец внатре и пред да дадат продолжување мерка притвор да видат дека не се дава тукутака-откри Уктовски што му кажал Георгиев.

The post Судијата Георгиев бара неговите колеги да поседат малку во Шутка пред да му го продолжуваат притворот appeared first on Република.

]]>

Врховнот судија Наќе Георгиев кој е во притвор во Шутка поради мито од 10.000 евра и се сомничи дека поседувал во друг предмет за поранешниот градоначалник Боро Стојчев има само едно посебно барање. Директорот на затворот „Шутка“ Бобан Утковски за емисијата „За или против“ вели дека судијата нема некои посебни барања или услови и е во ќелија со уште двајца притвореници. Сепак има едно барање кое не е во надлежност на затворската управа. https://www.youtube.com/watch?time_continue=2083&v=LK6dpjpUqrM&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Ftime.mk%2F&source_ve_path=MzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMjM4NTE
Се жали дека не ги читаат предметите туку дека по автоматизам му го продолжуваат притворот.Како препорака од него е идините колеги да поседат еден месец внатре и пред да дадат продолжување мерка притвор да видат дека не се дава тукутака-откри Уктовски што му кажал Георгиев.

The post Судијата Георгиев бара неговите колеги да поседат малку во Шутка пред да му го продолжуваат притворот appeared first on Република.

]]>
Постои снимка снимка со врховниот судија Георгиев и обвинителот Мемети? https://republika.mk/vesti/makedonija/postoi-snimka-snimka-so-vrhovniot-sudija-georgiev-i-obvinitelot-memeti/ Mon, 03 Jun 2024 19:54:05 +0000 https://republika.mk/?p=784503

Државниот обвинител Љупчо Коцевски, во интервју за „360 степени” не одговори директно дали во случајот во кој првосомничен е врховниот судија Наке Георгиев, а второосомничен е членот на Советот на јавните обвинители, Иџет Мемети, има снимка на која се слушаат гласовите на осомничените. Но, индиректно даде потврда, без да соопшти детали.

Сите докази за да имаат правна сила мора да се обезбедат на законит начин. На ова прашање дали има и кој доказ, ќе цени јавниот обвинител што е обработувач на предметот. Знаете, само во одредени случаи, кога, еве, имаше малолетно дете со дадилка, затоа што тоа не може да сведочи, тоа е немоќно лице, тогаш снимките може евентуално да бидат доказ. Меѓутоа, овде не можам да ви кажам во оваа фаза што ќе биде проценка на јавниот обвинител, рече обвинителот за „360 степени”.

The post Постои снимка снимка со врховниот судија Георгиев и обвинителот Мемети? appeared first on Република.

Oдбиeна жалбата за притворот на Георгиев, судијата останува во Шутка https://republika.mk/vesti/makedonija/odbiena-zhalbata-za-pritvorot-na-georgiev-sudiijata-ostanuva-vo-shutka/ Thu, 23 May 2024 13:27:20 +0000 https://republika.mk/?p=781234

Кривичниот совет од Одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, ја одби како неоснована жалбата и го потврди решението за определување 30 дневен притвор на врховниот судија Наке Георгиев.

Судот постапувал по жалба на одбраната на осомничениот Георгиев против решение на судија на претходна постапка од 21 мај годинава.

- Денеска, по барање на одбраната на осомничениот одржа јавна седница на која по произнесување на одбраната и обвинителот во однос на наводите во предлогот за определување мерка притвор донесе решение со кое жалбата на одбраната се одбива како неоснована и се потврдува решението на судија на претходна постапка со кое му се определува мерка притвор во траење од 30 дена, заради постоење на основите од чл. 165 ст. 1 т. 2 и 3 од ЗКП, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, му определи мерка притвор

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, на 21 мај му определи мерка притвор во траење од 30 дена на Георгиев, за кој постои основано сомнение за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“ од чл. 359 од Кривичниот законик.

- По произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и ценење на фактите и доказите приложени од страна на  Јавниот обвинител донесе решение со кое предлогот се уважува, а на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст. 1 точка 2 и 3 односно, може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците,  и околности кои  упатуваат дека ќе го доврши или повтори кривичното дело, се вели во соопштението од Кривичен.

The post Oдбиeна жалбата за притворот на Георгиев, судијата останува во Шутка appeared first on Република.

]]>

Кривичниот совет од Одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, ја одби како неоснована жалбата и го потврди решението за определување 30 дневен притвор на врховниот судија Наке Георгиев. Судот постапувал по жалба на одбраната на осомничениот Георгиев против решение на судија на претходна постапка од 21 мај годинава. - Денеска, по барање на одбраната на осомничениот одржа јавна седница на која по произнесување на одбраната и обвинителот во однос на наводите во предлогот за определување мерка притвор донесе решение со кое жалбата на одбраната се одбива како неоснована и се потврдува решението на судија на претходна постапка со кое му се определува мерка притвор во траење од 30 дена, заради постоење на основите од чл. 165 ст. 1 т. 2 и 3 од ЗКП, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје. Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, му определи мерка притвор Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје. Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, на 21 мај му определи мерка притвор во траење од 30 дена на Георгиев, за кој постои основано сомнение за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“ од чл. 359 од Кривичниот законик.
- По произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и ценење на фактите и доказите приложени од страна на  Јавниот обвинител донесе решение со кое предлогот се уважува, а на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст. 1 точка 2 и 3 односно, може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците,  и околности кои  упатуваат дека ќе го доврши или повтори кривичното дело, се вели во соопштението од Кривичен.

The post Oдбиeна жалбата за притворот на Георгиев, судијата останува во Шутка appeared first on Република.

]]>
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев https://republika.mk/vesti/makedonija/opredelen-30-dneven-pritvor-za-vrhovniot-sudija-nake-georgiev/ Tue, 21 May 2024 17:07:57 +0000 https://republika.mk/?p=780600

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, му определи мерка притвор во траење од 30 дена на врховниот судија Наке Георгиев, за кој постои основано сомнение за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“.

Од Основниот кривичен суд Скопје, информираат дека против Н.Г. постои основано сомнение за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание од чл. 359 од Кривичниот законик.

- По произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и ценење на фактите и доказите приложени од страна на  Јавниот обвинител донесе решение со кое предлогот се уважува, а на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст. 1 точка 2 и 3 односно, може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците,  и околности кои  упатуваат дека ќе го доврши или повтори кривичното дело, се вели во соопштението од Кривичен.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Воедно, од Кривичен информираат дека, по добивање на предлогот за определување мерка притвор против осомниченот, кој е актуелен Врховен судија, Кривичниот суд се обрати до Судскиот совет на РСМ како надлежен за одлучување во однос на имунитетот на судијата за што Советот донесе  одлука која е јавно објавена, и со која се одзема неговиот имунитет како судија.

По добивање на одлуката на Судскиот совет, судијата на претходна постапка, се обрати и до надлежниот Апелационен суд Скопје, со оглед да член на потесното семејство на осомничениот е избран судија во Основниот кривичен суд Скопје кој веднаш по изборот е времено делегиран да постапува во друг суд, а со цел доследно почитување на Законските одредби и надлежноста во постапувањето.

-Од второстепениот суд е добиено решение според кое не постојат законски пречки судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје да постапува по предлогот на ОЈО ГОК, по што е донесено горенаведеното решение, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Врховниот судија Наке Георгиев попладнево беше спроведен во Основниот кривичен суд пред судија на претходна постапка. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети, кои се сомничат за „примање награда за противзаконито влијание“.

Истрагата е отворена по акцијата на МВР која следува по претходна пријава од син на обвинет во предмет што се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Според сознанијата добиени од пријавителот, како што дополнуваат од ЈО, првоосомничениот користејќи ја својата службена положба и претпоставено влијание лажно ветувал погодности за обвинет (татко на пријавителот) во друга постапка што се води пред Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, и лажно прикажале дека ќе извршат влијание заедно со второосомничениот.

The post Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев appeared first on Република.

]]>

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, му определи мерка притвор во траење од 30 дена на врховниот судија Наке Георгиев, за кој постои основано сомнение за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“. Од Основниот кривичен суд Скопје, информираат дека против Н.Г. постои основано сомнение за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание од чл. 359 од Кривичниот законик.
- По произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и ценење на фактите и доказите приложени од страна на  Јавниот обвинител донесе решение со кое предлогот се уважува, а на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст. 1 точка 2 и 3 односно, може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците,  и околности кои  упатуваат дека ќе го доврши или повтори кривичното дело, се вели во соопштението од Кривичен.
Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет. Воедно, од Кривичен информираат дека, по добивање на предлогот за определување мерка притвор против осомниченот, кој е актуелен Врховен судија, Кривичниот суд се обрати до Судскиот совет на РСМ како надлежен за одлучување во однос на имунитетот на судијата за што Советот донесе  одлука која е јавно објавена, и со која се одзема неговиот имунитет како судија. По добивање на одлуката на Судскиот совет, судијата на претходна постапка, се обрати и до надлежниот Апелационен суд Скопје, со оглед да член на потесното семејство на осомничениот е избран судија во Основниот кривичен суд Скопје кој веднаш по изборот е времено делегиран да постапува во друг суд, а со цел доследно почитување на Законските одредби и надлежноста во постапувањето.
-Од второстепениот суд е добиено решение според кое не постојат законски пречки судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје да постапува по предлогот на ОЈО ГОК, по што е донесено горенаведеното решение, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.
Врховниот судија Наке Георгиев попладнево беше спроведен во Основниот кривичен суд пред судија на претходна постапка. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети, кои се сомничат за „примање награда за противзаконито влијание“. Истрагата е отворена по акцијата на МВР која следува по претходна пријава од син на обвинет во предмет што се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Според сознанијата добиени од пријавителот, како што дополнуваат од ЈО, првоосомничениот користејќи ја својата службена положба и претпоставено влијание лажно ветувал погодности за обвинет (татко на пријавителот) во друга постапка што се води пред Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, и лажно прикажале дека ќе извршат влијание заедно со второосомничениот.

The post Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев appeared first on Република.

]]>
Врховниот судија Наке Георгиев спроведен во Кривичен, ќе биде ли одреден притвор ? https://republika.mk/vesti/makedonija/vrhovniot-sudija-nake-georgiev-sproveden-vo-krivichen-ke-bide-li-odreden-pritvor/ Tue, 21 May 2024 13:20:08 +0000 https://republika.mk/?p=780560

Врховниот судија Наке Георгиев попладнево беше спроведен во Основниот кривичен суд Скопје каде што треба да се одлучува за предложената мерка притвор од Јавното обвинителство.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети, кои се сомничат за „примање награда за противзаконито влијание“.

Истрагата е отворена по акцијата на МВР која следува по претходна пријава од син на обвинет во предмет што се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

- Вчера во попладневните часови МВР реализираше акција во која од слобода е лишен активен врховен судија. Врз основа на доставеното Известување од МВР, БЈБ, Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција, предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание од член 359 од Кривичниот законик, стои во соопштението од ЈО.

Според сознанијата добиени од пријавителот, како што дополнуваат од ЈО, првоосомничениот користејќи ја својата службена положба и претпоставено влијание лажно ветувал погодности за обвинет (татко на пријавителот) во друга постапка што се води пред Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, и лажно прикажале дека ќе извршат влијание заедно со второосомничениот.

- Предметниот обвинител, вчера вечер покрај предлозите за претрес на повеќе локации, ценејќи дека се исполнети условите до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување на мерката притвор за првоосомничениот. Со оглед на тоа што станува збор за судија во највисокиот суд во државата – Врховниот суд кој ужива имунитет, а кој е фатен in flagranti во извршување на кривичното дело, предлогот преку Основниот кривичен суд е доставен на одлучување до Судскиот совет на РСМ кој во текот на ноќта му го одзеде имунитетот, по што денеска Основниот кривичен суд Скопје ќе одлучува за предложената мерка, дополнија претходно од ЈО.

Оттаму велат дека прибраните докази и извршените претреси до овој момент даваат законски основ на предметниот јавен обвинител да предложи притвор само за првоосомничениот кој е затекнат при извршување на кривичното дело, додека, во однос на второосомничениот до овој момент доказите не даваат основи за да се предложи најстрога мерка за обезбедување.

- Истрагата продолжува до целосна проверка на сите околности и наводи, велат од ЈО

The post Врховниот судија Наке Георгиев спроведен во Кривичен, ќе биде ли одреден притвор ? appeared first on Република.

]]>

Врховниот судија Наке Георгиев попладнево беше спроведен во Основниот кривичен суд Скопје каде што треба да се одлучува за предложената мерка притвор од Јавното обвинителство. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети, кои се сомничат за „примање награда за противзаконито влијание“. Истрагата е отворена по акцијата на МВР која следува по претходна пријава од син на обвинет во предмет што се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. - Вчера во попладневните часови МВР реализираше акција во која од слобода е лишен активен врховен судија. Врз основа на доставеното Известување од МВР, БЈБ, Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција, предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание од член 359 од Кривичниот законик, стои во соопштението од ЈО. Според сознанијата добиени од пријавителот, како што дополнуваат од ЈО, првоосомничениот користејќи ја својата службена положба и претпоставено влијание лажно ветувал погодности за обвинет (татко на пријавителот) во друга постапка што се води пред Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, и лажно прикажале дека ќе извршат влијание заедно со второосомничениот.
- Предметниот обвинител, вчера вечер покрај предлозите за претрес на повеќе локации, ценејќи дека се исполнети условите до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување на мерката притвор за првоосомничениот. Со оглед на тоа што станува збор за судија во највисокиот суд во државата – Врховниот суд кој ужива имунитет, а кој е фатен in flagranti во извршување на кривичното дело, предлогот преку Основниот кривичен суд е доставен на одлучување до Судскиот совет на РСМ кој во текот на ноќта му го одзеде имунитетот, по што денеска Основниот кривичен суд Скопје ќе одлучува за предложената мерка, дополнија претходно од ЈО.
Оттаму велат дека прибраните докази и извршените претреси до овој момент даваат законски основ на предметниот јавен обвинител да предложи притвор само за првоосомничениот кој е затекнат при извршување на кривичното дело, додека, во однос на второосомничениот до овој момент доказите не даваат основи за да се предложи најстрога мерка за обезбедување. - Истрагата продолжува до целосна проверка на сите околности и наводи, велат од ЈО

The post Врховниот судија Наке Георгиев спроведен во Кривичен, ќе биде ли одреден притвор ? appeared first on Република.

]]>
Судски совет му го одзеде имунитетот на судијата Наќе Георгиев https://republika.mk/vesti/makedonija/sudski-sovet-mu-go-odzede-imunitetot-na-sudijata-nake-georgiev/ Tue, 21 May 2024 05:35:32 +0000 https://republika.mk/?p=780288

Судскиот совет на Република Македонија на итната седница на полноќ му го одзема имунитетот на врховниот судија Наќе Георгиев со што го одобри неговиот притвор, а го оддалечи и од вршење на судиската функција.

Како што соопштија од Судскиот совет, на 487-та итна седница одржана на ден 21 мај 2024 година, Советот расправаше и одлучуваше по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на притвор на судија.

-Судскиот совет, го одзема имунитетот на судија на Врховниот суд на РСМ, заради непречено водење на кривичната постапка. Го одобри барањето за одобрување на притвор на судија на Врховниот суд на РСМ поднесено од судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје и времено го оддалечи од вршење на судиската функција судијата на Врховниот суд на РСМ, до правосилно завршување на кривичната постапка, се наведува во соопштението.

Георгиев вчера беше уапсен за примање примање награда за против законито влијание, а како што соопшти полицијата,  бил лишен од слобода додека го вршел кривичното дело.

The post Судски совет му го одзеде имунитетот на судијата Наќе Георгиев appeared first on Република.

]]>

Судскиот совет на Република Македонија на итната седница на полноќ му го одзема имунитетот на врховниот судија Наќе Георгиев со што го одобри неговиот притвор, а го оддалечи и од вршење на судиската функција. Како што соопштија од Судскиот совет, на 487-та итна седница одржана на ден 21 мај 2024 година, Советот расправаше и одлучуваше по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на притвор на судија.
-Судскиот совет, го одзема имунитетот на судија на Врховниот суд на РСМ, заради непречено водење на кривичната постапка. Го одобри барањето за одобрување на притвор на судија на Врховниот суд на РСМ поднесено од судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје и времено го оддалечи од вршење на судиската функција судијата на Врховниот суд на РСМ, до правосилно завршување на кривичната постапка, се наведува во соопштението.
Георгиев вчера беше уапсен за примање примање награда за против законито влијание, а како што соопшти полицијата,  бил лишен од слобода додека го вршел кривичното дело.

The post Судски совет му го одзеде имунитетот на судијата Наќе Георгиев appeared first on Република.

]]>
Трендафилов: Бараме оставки од судиите Деваја, Георгиев и Лимани кои пресудија одземање на зградата на ССМ https://republika.mk/vesti/makedonija/trendafilov-barame-ostavki-od-sudiite-devaja-georgiev-i-limani-koi-presudija-odzemane-na-zgradata-na-ssm/ Wed, 31 Jan 2024 15:52:28 +0000 https://republika.mk/?p=739101

Сојузот на синдикати на Македонија бараат оставка од судиите Шпенд Деваја, Наке Георгиев, Исамедин Лимани од Врховниот суд кои ја донеле пресудата за одземање на имотот на Синдикатот.

Доколку до петок не поднесат оставки, како што најави денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, од следната недела ќе почнат постапка пред Судскиот совет за нивно разрешување.

– Овие тројца луѓе од Советот на пет судии, вклучително и Елица Крстевска и Анета Бошковска кои гласале против ваквата одлука, ја донеле пресудата со нивно слободно убедување без аргументи, со користење на закон што не е во сила, рече Трендафилов на денешната прес-конференција.

Како што образложи Трендафилов, тројцата судии во пресудата се повикуваат на законот од 1998 година кој е вон сила, затоа што во 2010 година е донесен нов закон во кој е наведено дека со стапувањето во сила на новиот закон претставува да важи законот од 1998 година.

– Многу ми е жал што овие врховни судии не знаат дека од 2010 година има нов закон за здруженија и фондации во кој во членот 2 се наведува дека одредбите од овој закон не се однесуваат на политички партии, цркви, верски заедници, религиозни групи, синдикати, комори и други видови на здружување утврдени со посебни закони, рече Трендафилов.

Сојузот на синдикати на Македонија бараат оставка од судиите Шпенд Деваја, Наке Георгиев, Исамедин Лимани од Врховниот суд кои ја донеле пресудата за одземање на имотот на Синдикатот. Докол

Како што посочи, дури и во член од законот од 1998 година е наведено дека имотот на ваквите здруженија стекнат од сопствени пари им припаѓа на тие здруженија.

– Шестар систем во судството, да ги бодат законите и да бираат кој ќе го применуваат за временски период што ним им одговара е погубно за судството и е погазување на честа на сите оние судии кои совесно си ја извршуваат работата. Токму поради ваквите судии довербата во судството е два проценти, рече Трендафилов.

Тројцата судии, посочи Трендафилов, не ја почитувале ниту одлуката на Уставниот суд од 1992 година во чие образложение е укината одлуката за определување на рокот за преземање на средствата на општествени и политички организации, а не ја почитувале ниту пресудата на Врховниот суд од 24.11.2004 година во која се одбива барањето за одземање на имотот на ССМ.

Од ССМ се сомневаат дека под политички притисок е донесена одлуката и како што велат најмалку што можат сега да сторат судиите е да донесат нова пресуда со која ќе ја поправат старата.

За случувањата информирани се европските и светските синдикати. – Целокупното светско синдикално лидерство ќе дојде во Македонија токму во изборите кога ќе им гори на политичките партии и кога тие ќе треба да покренат одговорност за овие судии, рече Трендафилов.

Најавуваат постапка и пред Меѓународниот суд на правдата.

– Ние нема да ја предадеме зградата на тацна. Нема ни да влезат во зградата. Но, обезглавувањето на претставникот на работниците, односно на ССМ е нешто што нема да го дозволиме, а нема да го дозволат ниту Европската конфедерација на синдикати, ниту Светската конфедерација на синдикати. Тие тоа што ќе го направат во процесот на претпристани преговори за Република Македонија во Брисел е нешто што треба да се замислат политичарите, рече Трендафилов, прашувајќи кој ќе биде оној во Владата што ќе гласа за одлуката да се одземе имотот на ССМ бидејќи овој објект мора да биде впишан на име на државата.

The post Трендафилов: Бараме оставки од судиите Деваја, Георгиев и Лимани кои пресудија одземање на зградата на ССМ appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикати на Македонија бараат оставка од судиите Шпенд Деваја, Наке Георгиев, Исамедин Лимани од Врховниот суд кои ја донеле пресудата за одземање на имотот на Синдикатот. Доколку до петок не поднесат оставки, како што најави денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, од следната недела ќе почнат постапка пред Судскиот совет за нивно разрешување.
– Овие тројца луѓе од Советот на пет судии, вклучително и Елица Крстевска и Анета Бошковска кои гласале против ваквата одлука, ја донеле пресудата со нивно слободно убедување без аргументи, со користење на закон што не е во сила, рече Трендафилов на денешната прес-конференција.
Како што образложи Трендафилов, тројцата судии во пресудата се повикуваат на законот од 1998 година кој е вон сила, затоа што во 2010 година е донесен нов закон во кој е наведено дека со стапувањето во сила на новиот закон претставува да важи законот од 1998 година.
– Многу ми е жал што овие врховни судии не знаат дека од 2010 година има нов закон за здруженија и фондации во кој во членот 2 се наведува дека одредбите од овој закон не се однесуваат на политички партии, цркви, верски заедници, религиозни групи, синдикати, комори и други видови на здружување утврдени со посебни закони, рече Трендафилов.
Сојузот на синдикати на Македонија бараат оставка од судиите Шпенд Деваја, Наке Георгиев, Исамедин Лимани од Врховниот суд кои ја донеле пресудата за одземање на имотот на Синдикатот. Докол Како што посочи, дури и во член од законот од 1998 година е наведено дека имотот на ваквите здруженија стекнат од сопствени пари им припаѓа на тие здруженија.
– Шестар систем во судството, да ги бодат законите и да бираат кој ќе го применуваат за временски период што ним им одговара е погубно за судството и е погазување на честа на сите оние судии кои совесно си ја извршуваат работата. Токму поради ваквите судии довербата во судството е два проценти, рече Трендафилов.
Тројцата судии, посочи Трендафилов, не ја почитувале ниту одлуката на Уставниот суд од 1992 година во чие образложение е укината одлуката за определување на рокот за преземање на средствата на општествени и политички организации, а не ја почитувале ниту пресудата на Врховниот суд од 24.11.2004 година во која се одбива барањето за одземање на имотот на ССМ. Од ССМ се сомневаат дека под политички притисок е донесена одлуката и како што велат најмалку што можат сега да сторат судиите е да донесат нова пресуда со која ќе ја поправат старата. За случувањата информирани се европските и светските синдикати. – Целокупното светско синдикално лидерство ќе дојде во Македонија токму во изборите кога ќе им гори на политичките партии и кога тие ќе треба да покренат одговорност за овие судии, рече Трендафилов. Најавуваат постапка и пред Меѓународниот суд на правдата.
– Ние нема да ја предадеме зградата на тацна. Нема ни да влезат во зградата. Но, обезглавувањето на претставникот на работниците, односно на ССМ е нешто што нема да го дозволиме, а нема да го дозволат ниту Европската конфедерација на синдикати, ниту Светската конфедерација на синдикати. Тие тоа што ќе го направат во процесот на претпристани преговори за Република Македонија во Брисел е нешто што треба да се замислат политичарите, рече Трендафилов, прашувајќи кој ќе биде оној во Владата што ќе гласа за одлуката да се одземе имотот на ССМ бидејќи овој објект мора да биде впишан на име на државата.

The post Трендафилов: Бараме оставки од судиите Деваја, Георгиев и Лимани кои пресудија одземање на зградата на ССМ appeared first on Република.

]]>
Судскиот Совет донесе одлука за избор на нов член на Врховен, по повлекувањето на судијата Наќе Георгиев https://republika.mk/vesti/makedonija/sudskiot-sovet-donese-odluka-za-izbor-na-nov-chlen-na-vrhoven-po-povlekuvaneto-na-sudijata-nake-georgiev/ Thu, 27 Jul 2023 15:56:44 +0000 https://republika.mk/?p=665973

Судскиот совет на 451 sедница донесе одлука за распишување оглас за избор на еден член на Советот од редот на судиите на Врховен суд. Одлуката следува по оставката на врховниот судија Наќе Георгиев, кој се повлече од функцијата непосредно пред потпишувањето на свечената изјава во Собранието на Македонија во вторникот.

Формирана е Комисија за подготовка на кандидатски листи на чело со судијата Мирсад Сурои.

Судскиот совет утврди и престанок на судиската функција поради исполнување на услови за старосна пензија на судиите Славица Мирковска од Апелацискиот суд Битола, Насер Хаџи Ахметагиќ од Основниот суд Скопје и Драган Миноски од Основниот суд Кичево.

Уважено беше и барањето за мирување на судиска функција на Вероника Жеваировска од Основниот граѓански суд Скопје поради патување на брачен другар на работа во дипломатско претставништво во Будимпешта во времетраење од три години.

На точката за разгледување на извештај од Комисијата за рангирање на кандидати за избор на судија во повисок суд беа усвоени кандидатските листи.

Советот ги разгледа и усвои и извештаите од работните посети во основните судови во Струга и Дебар, додека, извештаите од посетите во Апелационен суд Скопје, Основен суд Струмица и Основен суд Струга беа повлечени поради некомплетни извештаи.

Донесена e и Одлука за објавување на огласи и формирање на комисија за избор на претседатели во Вишиот управен суд, Основниот граѓански суд Скопје, Основниот суд Велес, Основниот суд Делчево, Основниот суд Кичево, Основниот суд Крива Паланка, Основниот суд Неготино и Основниот суд Штип.

Разгледувањето на Извештајот за констатирана состојба за работата на претседател на суд на Основен суд Кавадарци беше одложена со одлука да се надополни со заклучоци за секој настан поединечно.

Судскиот Совет одлучи одлуката за избор на кандидатот од Академија за судии и јавни обвинители, Драгана Илијоска, за судија на Основен суд свети Николе, да се стави вон сила и повторно да се објави оглас за избор на судија во овој суд.

The post Судскиот Совет донесе одлука за избор на нов член на Врховен, по повлекувањето на судијата Наќе Георгиев appeared first on Република.

]]>

Судскиот совет на 451 sедница донесе одлука за распишување оглас за избор на еден член на Советот од редот на судиите на Врховен суд. Одлуката следува по оставката на врховниот судија Наќе Георгиев, кој се повлече од функцијата непосредно пред потпишувањето на свечената изјава во Собранието на Македонија во вторникот. Формирана е Комисија за подготовка на кандидатски листи на чело со судијата Мирсад Сурои. Судскиот совет утврди и престанок на судиската функција поради исполнување на услови за старосна пензија на судиите Славица Мирковска од Апелацискиот суд Битола, Насер Хаџи Ахметагиќ од Основниот суд Скопје и Драган Миноски од Основниот суд Кичево. Уважено беше и барањето за мирување на судиска функција на Вероника Жеваировска од Основниот граѓански суд Скопје поради патување на брачен другар на работа во дипломатско претставништво во Будимпешта во времетраење од три години. На точката за разгледување на извештај од Комисијата за рангирање на кандидати за избор на судија во повисок суд беа усвоени кандидатските листи. Советот ги разгледа и усвои и извештаите од работните посети во основните судови во Струга и Дебар, додека, извештаите од посетите во Апелационен суд Скопје, Основен суд Струмица и Основен суд Струга беа повлечени поради некомплетни извештаи. Донесена e и Одлука за објавување на огласи и формирање на комисија за избор на претседатели во Вишиот управен суд, Основниот граѓански суд Скопје, Основниот суд Велес, Основниот суд Делчево, Основниот суд Кичево, Основниот суд Крива Паланка, Основниот суд Неготино и Основниот суд Штип. Разгледувањето на Извештајот за констатирана состојба за работата на претседател на суд на Основен суд Кавадарци беше одложена со одлука да се надополни со заклучоци за секој настан поединечно. Судскиот Совет одлучи одлуката за избор на кандидатот од Академија за судии и јавни обвинители, Драгана Илијоска, за судија на Основен суд свети Николе, да се стави вон сила и повторно да се објави оглас за избор на судија во овој суд.

The post Судскиот Совет донесе одлука за избор на нов член на Врховен, по повлекувањето на судијата Наќе Георгиев appeared first on Република.

]]>
Точно е дека синот на Наке Георгиев е кандидат за судија, но тој нека си каже дали поради тоа поднесе оставка https://republika.mk/vesti/makedonija/tochno-e-deka-sinot-na-nake-georgiev-e-kandidat-za-sudija-no-toj-neka-si-kazhe-dali-poradi-toa-podnese-ostavka/ Tue, 25 Jul 2023 13:35:40 +0000 https://republika.mk/?p=665162

Во македонското Собрание денеска свечена изјава даде судијката Антоанета Димовска, која е нов член на Судскиот совет. Со неа, не дојде Наке Георгиев, кој денеска писмено го извести Судскиот совет дека поднесува оставка. Со Димовска во Собранието беше претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев.

Точно е дека во текот на денешниот ден колегата Наке Георгиев поднесе писмена оставка до Советот и од тие причини не се јавил на закажаната заклетва денеска. Тоа го контатиравме. Тоа е негов личен чин, негова причина и негова одлука. Веројатно би требало него да го прашате од кои причини со оглед дека беше претходно избран од страна на колегите од Врховен суд, а од друга страна следуваше заклетва за да почне да работи во Советот, изјави Георгиев.

Во писмената изјава што ја доставил Наке Георгиев до Судскиот совет само е нотирано дека се откажува од член на Судски совет, вели претседателот на Советот. Појаснувајќи ја постапката за избор на нов член вели дека во скоро време од страна на Советот повторно треба да се огласи формирање на Комисија за спроведување на избори и од редот на Врховниот суд ќе треба да се кандидираат судии кои би имале намера и желба да бидат членови на Судскиот совет.

За тоа дали е точно дека судијата Наќе Георгиев ја поднел оставката за да овозможи неговиот син да биде судија во Кривичен суд, како што наведуваат дел од медиумите, претседателот на Судскиот совет вели факт е оти синот на Георгиев е кандидиран за судија, но и дека Советот е ставен пред состојба да мора да се изјасни или да изврши избор за некој од судовите каде што конкурира.

Факт е дека неговиот син е завршен академец од Академијата за судии и обвинители. Факт е дека истиот е кандидат за судија и дека има толкување согласно Законот дека би било пречка доколку тој е член на Советот, а од друга страна за судија да се бира неговиот син. Дали е од тие причини (оставката), сепак би требало тој да си каже, но факт е и дека тоа е на некој начин дилема меѓу самите колеги дали во ваквата фаза, тоа е услов да се врши избор на неговиот син или да не се врши согласно законските прописи. Со оглед дека неговиот син е ставен на листата на судии, Советот е ставен во состојба во која мора да се произнесе или да изврши избор за некој од судовите каде што конкурира (синот), изјави Георгиев.

Судијката Димовска, која денеска даде свечена заклетва како нов член на Судскиот совет вели дека ова за неа значи чест, но и голема одговорност.

Се пријавив на конкурсот за да придонесам со своето искуство и знаење да се подобри сликата за судството. Знаеме дека сликата за судството во овој миг не е многу добра но постојат луѓе кои имаат сила, знаење и интегритет да ја подобрат таквата слика. Мислам дека ќе дадам скромен придонес, ќе дадам се од себе сликата да се подобри. Првиот чекор што би го направила во Судскиот совет е на седниците што се снимаат од медиумите за секој предлог „за“ и за секој предлог „против“ да се образложи. Тоа е она што мене ми пречеше порано, за што реагирав и во 2017 година. Тоа го очекуваат колегите од мене и тоа ќе го направам и ви ветувам дека тоа ќе го чуете наскоро, истакна Димовска.

The post Точно е дека синот на Наке Георгиев е кандидат за судија, но тој нека си каже дали поради тоа поднесе оставка appeared first on Република.

]]>

Во македонското Собрание денеска свечена изјава даде судијката Антоанета Димовска, која е нов член на Судскиот совет. Со неа, не дојде Наке Георгиев, кој денеска писмено го извести Судскиот совет дека поднесува оставка. Со Димовска во Собранието беше претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев.
Точно е дека во текот на денешниот ден колегата Наке Георгиев поднесе писмена оставка до Советот и од тие причини не се јавил на закажаната заклетва денеска. Тоа го контатиравме. Тоа е негов личен чин, негова причина и негова одлука. Веројатно би требало него да го прашате од кои причини со оглед дека беше претходно избран од страна на колегите од Врховен суд, а од друга страна следуваше заклетва за да почне да работи во Советот, изјави Георгиев.
Во писмената изјава што ја доставил Наке Георгиев до Судскиот совет само е нотирано дека се откажува од член на Судски совет, вели претседателот на Советот. Појаснувајќи ја постапката за избор на нов член вели дека во скоро време од страна на Советот повторно треба да се огласи формирање на Комисија за спроведување на избори и од редот на Врховниот суд ќе треба да се кандидираат судии кои би имале намера и желба да бидат членови на Судскиот совет. За тоа дали е точно дека судијата Наќе Георгиев ја поднел оставката за да овозможи неговиот син да биде судија во Кривичен суд, како што наведуваат дел од медиумите, претседателот на Судскиот совет вели факт е оти синот на Георгиев е кандидиран за судија, но и дека Советот е ставен пред состојба да мора да се изјасни или да изврши избор за некој од судовите каде што конкурира.
Факт е дека неговиот син е завршен академец од Академијата за судии и обвинители. Факт е дека истиот е кандидат за судија и дека има толкување согласно Законот дека би било пречка доколку тој е член на Советот, а од друга страна за судија да се бира неговиот син. Дали е од тие причини (оставката), сепак би требало тој да си каже, но факт е и дека тоа е на некој начин дилема меѓу самите колеги дали во ваквата фаза, тоа е услов да се врши избор на неговиот син или да не се врши согласно законските прописи. Со оглед дека неговиот син е ставен на листата на судии, Советот е ставен во состојба во која мора да се произнесе или да изврши избор за некој од судовите каде што конкурира (синот), изјави Георгиев.
Судијката Димовска, која денеска даде свечена заклетва како нов член на Судскиот совет вели дека ова за неа значи чест, но и голема одговорност.
Се пријавив на конкурсот за да придонесам со своето искуство и знаење да се подобри сликата за судството. Знаеме дека сликата за судството во овој миг не е многу добра но постојат луѓе кои имаат сила, знаење и интегритет да ја подобрат таквата слика. Мислам дека ќе дадам скромен придонес, ќе дадам се од себе сликата да се подобри. Првиот чекор што би го направила во Судскиот совет е на седниците што се снимаат од медиумите за секој предлог „за“ и за секој предлог „против“ да се образложи. Тоа е она што мене ми пречеше порано, за што реагирав и во 2017 година. Тоа го очекуваат колегите од мене и тоа ќе го направам и ви ветувам дека тоа ќе го чуете наскоро, истакна Димовска.

The post Точно е дека синот на Наке Георгиев е кандидат за судија, но тој нека си каже дали поради тоа поднесе оставка appeared first on Република.

]]>
Врховниот судија Наке Георгиев поднесе оставка од Судски Совет https://republika.mk/vesti/makedonija/vrhovniot-sudija-nake-georgiev-podnese-ostavka-od-sudski-sovet/ Tue, 25 Jul 2023 11:28:16 +0000 https://republika.mk/?p=665088

Врховниот судија Наке Георгиев, кој неодамна беше избран за член на Судскиот совет, утрово си поднел оставка, потврдуваат од Судскиот Совет за МИА.

Достави известување за оставка од лични причини, велат од Судскиот Совет.

Оттаму дополнуваат дека неговата оставка е констатирана.

Георгиев денеска заедно со неговата колешка Антоанета Димовска требаше да даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Седницата на Судски совет на која што се бираат судии е во тек.

The post Врховниот судија Наке Георгиев поднесе оставка од Судски Совет appeared first on Република.

]]>

Врховниот судија Наке Георгиев, кој неодамна беше избран за член на Судскиот совет, утрово си поднел оставка, потврдуваат од Судскиот Совет за МИА.
Достави известување за оставка од лични причини, велат од Судскиот Совет.
Оттаму дополнуваат дека неговата оставка е констатирана. Георгиев денеска заедно со неговата колешка Антоанета Димовска требаше да даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери. Седницата на Судски совет на која што се бираат судии е во тек.

The post Врховниот судија Наке Георгиев поднесе оставка од Судски Совет appeared first on Република.

]]>
Антоанета Димовска и Наке Георгиев нови членови на Судски совет https://republika.mk/vesti/makedonija/antoaneta-dimovska-i-nake-georgiev-novi-chlenovi-na-sudski-sovet/ Thu, 13 Jul 2023 16:41:01 +0000 https://republika.mk/?p=661029

Судијата од Врховниот суд, Наке Георгиев и судијката од Граѓанскиот суд, Антоанета Димовска се нови членови на Судски совет, објави Фокус.

Георгиев, за кого Судски совет непосредно пред кандидатурата ја запре постапката што се водеше против него, беше единствен кандидат од редовите на Врховните судии.

За него гласале шестмина од вкупно 16 судии во Врховен.

Антоанета Димовска пак е новиот член од апелационото скопско подрачје. Тас добила 110 гласови наспроти претседателот на Судот во Кавадарци, Лазар Нанев, за кого гласале 49 судии.

Претседател на Комисијата за избори беше судијата од Управен суд и поранешен член на ДИК, Субхи Јакупи.

Сега течат рокови за приговори на кандидатите, а утре ќе бидат соопштени конечните резултати.

Георгиев и Димовска доаѓаат на местото на двајцата членови од Судски совет кои си дадоа оставка.

The post Антоанета Димовска и Наке Георгиев нови членови на Судски совет appeared first on Република.

]]>

Судијата од Врховниот суд, Наке Георгиев и судијката од Граѓанскиот суд, Антоанета Димовска се нови членови на Судски совет, објави Фокус. Георгиев, за кого Судски совет непосредно пред кандидатурата ја запре постапката што се водеше против него, беше единствен кандидат од редовите на Врховните судии. За него гласале шестмина од вкупно 16 судии во Врховен. Антоанета Димовска пак е новиот член од апелационото скопско подрачје. Тас добила 110 гласови наспроти претседателот на Судот во Кавадарци, Лазар Нанев, за кого гласале 49 судии. Претседател на Комисијата за избори беше судијата од Управен суд и поранешен член на ДИК, Субхи Јакупи. Сега течат рокови за приговори на кандидатите, а утре ќе бидат соопштени конечните резултати. Георгиев и Димовска доаѓаат на местото на двајцата членови од Судски совет кои си дадоа оставка.

The post Антоанета Димовска и Наке Георгиев нови членови на Судски совет appeared first on Република.

]]>