награда „13 Ноември“ Archives - Република https://republika.mk/tema/nagrada-13-noemvri/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Nov 2023 07:26:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png награда „13 Ноември“ Archives - Република https://republika.mk/tema/nagrada-13-noemvri/ 32 32 Скопје денеска одбележува 79 години од Денот на ослободувањето https://republika.mk/vesti/skopje/skopje-deneska-odbelezhuva-79-godini-od-denot-na-osloboduvaneto/ Mon, 13 Nov 2023 07:26:12 +0000 https://republika.mk/?p=700841

Скопје денеска одбележува 79 години од Денот на ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и организации ќе оддадат почит и ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел на Алејата на заслужните граѓани во Бутел и на споменикот „Ослободители на Скопје” на платото пред владината зграда, а најавени се повеќе манифестации, работилници, изложби, промоции…

Детски културен центар „Карпош“ ја организира традиционалната манифестација „Го градам мојот град“, а Дирекцијата за култура и уметност работилници на темите „Скопје, европска културна престолнина“ и „Минатото на Скопје се сеќава, а иднината на Скопје го запознава какво што некогаш било. За да го сака уште повеќе онакво какво што е сега“.

Во Градската библиоитеката „Браќа Миладиновци“, пак, ќе биде промовирана книгата „Книжевна мапа на Скопје“ од Моника Илкова, во централната зграда на националната Пошта ќе биде отворена изложбата од конкурсот „Скопје на новата генерација”, во организација на Јуроп Хаус Скопје.

Традиционално, Град Скопје ќе ја додели наградата „13 Ноември“ на физички и правни лица чија цел е промовирање на константните вредности во науката, уметноста, здравството, културата, образованието и спортот.

награди 13 Ноември

Добитник на наградата од областа на публицистиката е академик Влада Урошевиќ, од областа на образованието и воспитанието проф. д-р Бона Бајрактарова и прoф. д-р Соња Здравкова-Џепароска, од областа на културата Благој Чоревски, од областа на науката проф. д-р Елка Јачева-Улчар и од областа на уметноста Ѓорѓи Цуцковски. Годинашни добитници на оваа престижна награда се и проф. д-р Билјана Кузмановска и д-р Ирфан Ахмети од областа на здравствената заштита, од областа на хуманитарната активност ДНК – музичко дуо Андреја Ѓорѓиески – Андреј, Владимир Блажев – Панчо и Елена Божиновска, од областа на социологијата Али Пајазити и од областа на спортот Атанас Костовски и СУГС Гимназија „Никола Карев“ – Скопје.

На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.

 

The post Скопје денеска одбележува 79 години од Денот на ослободувањето appeared first on Република.

]]>

Скопје денеска одбележува 79 години од Денот на ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и организации ќе оддадат почит и ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел на Алејата на заслужните граѓани во Бутел и на споменикот „Ослободители на Скопје” на платото пред владината зграда, а најавени се повеќе манифестации, работилници, изложби, промоции… Детски културен центар „Карпош“ ја организира традиционалната манифестација „Го градам мојот град“, а Дирекцијата за култура и уметност работилници на темите „Скопје, европска културна престолнина“ и „Минатото на Скопје се сеќава, а иднината на Скопје го запознава какво што некогаш било. За да го сака уште повеќе онакво какво што е сега“. Во Градската библиоитеката „Браќа Миладиновци“, пак, ќе биде промовирана книгата „Книжевна мапа на Скопје“ од Моника Илкова, во централната зграда на националната Пошта ќе биде отворена изложбата од конкурсот „Скопје на новата генерација”, во организација на Јуроп Хаус Скопје. Традиционално, Град Скопје ќе ја додели наградата „13 Ноември“ на физички и правни лица чија цел е промовирање на константните вредности во науката, уметноста, здравството, културата, образованието и спортот. награди 13 Ноември Добитник на наградата од областа на публицистиката е академик Влада Урошевиќ, од областа на образованието и воспитанието проф. д-р Бона Бајрактарова и прoф. д-р Соња Здравкова-Џепароска, од областа на културата Благој Чоревски, од областа на науката проф. д-р Елка Јачева-Улчар и од областа на уметноста Ѓорѓи Цуцковски. Годинашни добитници на оваа престижна награда се и проф. д-р Билјана Кузмановска и д-р Ирфан Ахмети од областа на здравствената заштита, од областа на хуманитарната активност ДНК – музичко дуо Андреја Ѓорѓиески – Андреј, Владимир Блажев – Панчо и Елена Божиновска, од областа на социологијата Али Пајазити и од областа на спортот Атанас Костовски и СУГС Гимназија „Никола Карев“ – Скопје. На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.  

The post Скопје денеска одбележува 79 години од Денот на ослободувањето appeared first on Република.

]]>
Влада Урошевиќ, Благој Чоревски, Атанас Костовски, Панчо, …се меѓу добитниците на наградата „13 Ноември“ https://republika.mk/vesti/skopje/vlada-uroshevik-blagoj-chorevski-atanas-kostovski-pancho-se-megu-dobitnitsite-na-nagradata-13-noemvri/ Fri, 03 Nov 2023 16:56:03 +0000 https://republika.mk/?p=697912

Град Скопје и оваа година ја доделува наградата „13 Ноември“ на физички и правни лица чија цел е промовирање на константните вредности во науката, уметноста, здравството, културата, образованието и спортот.

Од Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“ информираа дека во конкуренција за наградата годинава биле предложени кандидати со исклучителни достигнувања во повеќе дејности.

Нивните забележителни, успешни професионални кариери и достигнувања во областите во кои дејствуваат, високо котираат и се препознатливи според вредностите и многу пошироко од нашите државни рамки. Одлуката е донесена по пат на тајно гласање, следејќи ги упатствата на Одлуката за работењето на Одборот, се вели во соопштението.

Добитник на наградата од областа на публицистиката е академик Влада Урошевиќ, од областа на образованието и воспитанието проф. д-р Бона Бајрактарова и прoф. д-р Соња Здравкова-Џепароска, од областа на културата Благој Чоревски, од областа на науката проф. д-р Елка Јачева-Улчар и од областа на уметноста Ѓорѓи Цуцковски. Годинашни добитници на оваа престижна награда се и проф. д-р Билјана Кузмановска и д-р Ирфан Ахмети од областа на здравствената заштита, од областа на хуманитарната активност ДНК музичко дуо Андреја Ѓорѓиески – Андреј, Владимир Блажев – Панчо и Елена Божиновска, од областа на социологијата Али Пајазити и од областа на спортот Атанас Костовски и СУГС Гимназија „Никола Карев”-Скопје.

Претседателката на Одборот за доделување на наградата Марија Станчевска – Ѓоргова им честита на годинашните добитници нз ова највисоко признание на Град Скопје.

Наградата со која се уважени низа значајни дејци во повеќе области, истакнати жители и организации, градители на културата и севкупниот јавен живот на нашата престолнина се доделува од 1955 година по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна.

 

The post Влада Урошевиќ, Благој Чоревски, Атанас Костовски, Панчо, …се меѓу добитниците на наградата „13 Ноември“ appeared first on Република.

]]>

Град Скопје и оваа година ја доделува наградата „13 Ноември“ на физички и правни лица чија цел е промовирање на константните вредности во науката, уметноста, здравството, културата, образованието и спортот. Од Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“ информираа дека во конкуренција за наградата годинава биле предложени кандидати со исклучителни достигнувања во повеќе дејности.
Нивните забележителни, успешни професионални кариери и достигнувања во областите во кои дејствуваат, високо котираат и се препознатливи според вредностите и многу пошироко од нашите државни рамки. Одлуката е донесена по пат на тајно гласање, следејќи ги упатствата на Одлуката за работењето на Одборот, се вели во соопштението.
Добитник на наградата од областа на публицистиката е академик Влада Урошевиќ, од областа на образованието и воспитанието проф. д-р Бона Бајрактарова и прoф. д-р Соња Здравкова-Џепароска, од областа на културата Благој Чоревски, од областа на науката проф. д-р Елка Јачева-Улчар и од областа на уметноста Ѓорѓи Цуцковски. Годинашни добитници на оваа престижна награда се и проф. д-р Билјана Кузмановска и д-р Ирфан Ахмети од областа на здравствената заштита, од областа на хуманитарната активност ДНК музичко дуо Андреја Ѓорѓиески – Андреј, Владимир Блажев – Панчо и Елена Божиновска, од областа на социологијата Али Пајазити и од областа на спортот Атанас Костовски и СУГС Гимназија „Никола Карев”-Скопје. Претседателката на Одборот за доделување на наградата Марија Станчевска – Ѓоргова им честита на годинашните добитници нз ова највисоко признание на Град Скопје. Наградата со која се уважени низа значајни дејци во повеќе области, истакнати жители и организации, градители на културата и севкупниот јавен живот на нашата престолнина се доделува од 1955 година по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна.  

The post Влада Урошевиќ, Благој Чоревски, Атанас Костовски, Панчо, …се меѓу добитниците на наградата „13 Ноември“ appeared first on Република.

]]>
Мојсова-Чепишевска: Скопје е величествен феномен на македонскиот дух – да го направиме центар на светот https://republika.mk/vesti/skopje/mojsova-chepishevska-skopje-e-velichestven-fenomen-na-makedonskiot-duh-da-go-napravime-centar-na-svetot/ Mon, 14 Nov 2022 09:31:58 +0000 https://republika.mk/?p=573550

Сите ние сакаме да го направиме Скопје средиште, центар не само на Македонија, туку на светот. Или средиштето на светот да го поместиме или сместиме токму во нашето Скопје. Центарот, особено во последно време, е престижна категорија, па во тој конктекст и борбата за центарот станува премногу актуелна, зашто таа прераснува во борба за престиж, за статусен карактер, за статусни предиспозиции. А, Скопје е величествен феномен на македонскиот дух и на сите оние што живеат во него. Затоа не е воопшто иссилено кога велиме дека низ зборот „скопјанец“ одекнува ехото „човек“!

Ова, меѓу другото, синоќа го истакна добитничката на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2022 година, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, во обраќањето од името на добитниците на високото признание, на синоќешната свеченост во Националната опера и балет на која беше врачена наградата, по повод 78-годишнината од ослободувањето на главниот град. Таа потсети на значењето на историскиот 13 Ноември, кога нашите победници беа пречекани на улиците на Скопје со китки трендафили, но и на она што не треба да се заборави и што може да се стори денес.

 – Да не заборавиме дека тој 13 Ноември му го овозможи овој растеж на Скопје, но и нам, на сите скопјани. И на овој 13 ноември 2022 година можеме и вака да се сеќаваме на тој 13 ноември, читајќи ги зборовите на Гане Тодоровски: „Мојот град го отпочна својот нов живот во оној замаглен и подзаснежнет бурен ден, ноемвриски ден, тринаесети по ред, во годината 1944, кога за првпат во историјата на неговите улици зачекори Слободата. Оттогаш па наваму живее Скопје живот на забревтан, заитан, полн со енергија град, затоа што во таа разгрната живеачка се заложени животите на недоброј негови најчисти вљубеници, гладни за живот, жедни за слобода. Искрено се надевам дека и ние досега сме дале свој печат во раснењето на Скопје. Дека и ние сме некои гладни за живот и жедни за слобода. Впрочем, потврда за тоа е и оваа награда, нагласи Мојсова-Чепишевска.

Изразувајќи благодарност за признанието од името на добитниците, таа истакна дека наградата „13 Ноември“ ги обврзува на уште поголем, и личен и општествен влог во периодот што доаѓа.

 – Наградата е наша обврска за работење за уште подобро Скопје. Само така ќе можеме со мирно срце да им го оставиме на нашите деца, за и тие да го сакаат и унапредуваат. И да ја умножат нашата страст за поубаво Скопје, нагласи Мојсова-Чепишевска, на која наградата „13 Ноември“ ѝ е доделена за монографската публикација „Конески како тестамент“ и континуираните остварувања во областа на културата.

 Во обраќањето, таа потсети и на книжевното Скопје, од творештвото на Гане Тодоровски, Влада Урошевиќ и Томислав Османли.

– Го сакам Скопје. Секогаш ме возбудува она обично градско секојдневие кое ми го открива чудесното во смисла и на онаа бодлеровска или aполинерова потрага по новото и непознатото. Го сакам и она книжевно и уметничко Скопје т.е. Скопје што живее во книгата и во уметноста, Скопје е мојата ДНК.  „Скопје, Те гушкаме..“ , посочи професорката, осврнувајќи се и на детството и младоста поврзани со некогашниот Дом на младите „25 Мај“, сега Младински културен центар и навивањето за „Вардар“, кои се и дел од величенствените скопјани за 2022 година.

Град Скопје синоќа, по повод Денот на ослободувањето на градот, ги додели наградите „13 Ноември“ за 2022 година, на годинашните добитници на свеченост во Националната опера и балет за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, за посебен придонес за развојот на градот Скопје и неговиот севкупен напредок и афирмација во земјава и во светот. Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за афирмација и напредок на градот Скопје.

The post Мојсова-Чепишевска: Скопје е величествен феномен на македонскиот дух – да го направиме центар на светот appeared first on Република.

]]>

Сите ние сакаме да го направиме Скопје средиште, центар не само на Македонија, туку на светот. Или средиштето на светот да го поместиме или сместиме токму во нашето Скопје. Центарот, особено во последно време, е престижна категорија, па во тој конктекст и борбата за центарот станува премногу актуелна, зашто таа прераснува во борба за престиж, за статусен карактер, за статусни предиспозиции. А, Скопје е величествен феномен на македонскиот дух и на сите оние што живеат во него. Затоа не е воопшто иссилено кога велиме дека низ зборот „скопјанец“ одекнува ехото „човек“! Ова, меѓу другото, синоќа го истакна добитничката на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2022 година, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, во обраќањето од името на добитниците на високото признание, на синоќешната свеченост во Националната опера и балет на која беше врачена наградата, по повод 78-годишнината од ослободувањето на главниот град. Таа потсети на значењето на историскиот 13 Ноември, кога нашите победници беа пречекани на улиците на Скопје со китки трендафили, но и на она што не треба да се заборави и што може да се стори денес.
 – Да не заборавиме дека тој 13 Ноември му го овозможи овој растеж на Скопје, но и нам, на сите скопјани. И на овој 13 ноември 2022 година можеме и вака да се сеќаваме на тој 13 ноември, читајќи ги зборовите на Гане Тодоровски: „Мојот град го отпочна својот нов живот во оној замаглен и подзаснежнет бурен ден, ноемвриски ден, тринаесети по ред, во годината 1944, кога за првпат во историјата на неговите улици зачекори Слободата. Оттогаш па наваму живее Скопје живот на забревтан, заитан, полн со енергија град, затоа што во таа разгрната живеачка се заложени животите на недоброј негови најчисти вљубеници, гладни за живот, жедни за слобода. Искрено се надевам дека и ние досега сме дале свој печат во раснењето на Скопје. Дека и ние сме некои гладни за живот и жедни за слобода. Впрочем, потврда за тоа е и оваа награда, нагласи Мојсова-Чепишевска.
Изразувајќи благодарност за признанието од името на добитниците, таа истакна дека наградата „13 Ноември“ ги обврзува на уште поголем, и личен и општествен влог во периодот што доаѓа.
 – Наградата е наша обврска за работење за уште подобро Скопје. Само така ќе можеме со мирно срце да им го оставиме на нашите деца, за и тие да го сакаат и унапредуваат. И да ја умножат нашата страст за поубаво Скопје, нагласи Мојсова-Чепишевска, на која наградата „13 Ноември“ ѝ е доделена за монографската публикација „Конески како тестамент“ и континуираните остварувања во областа на културата.
 Во обраќањето, таа потсети и на книжевното Скопје, од творештвото на Гане Тодоровски, Влада Урошевиќ и Томислав Османли.
– Го сакам Скопје. Секогаш ме возбудува она обично градско секојдневие кое ми го открива чудесното во смисла и на онаа бодлеровска или aполинерова потрага по новото и непознатото. Го сакам и она книжевно и уметничко Скопје т.е. Скопје што живее во книгата и во уметноста, Скопје е мојата ДНК.  „Скопје, Те гушкаме..“ , посочи професорката, осврнувајќи се и на детството и младоста поврзани со некогашниот Дом на младите „25 Мај“, сега Младински културен центар и навивањето за „Вардар“, кои се и дел од величенствените скопјани за 2022 година.
Град Скопје синоќа, по повод Денот на ослободувањето на градот, ги додели наградите „13 Ноември“ за 2022 година, на годинашните добитници на свеченост во Националната опера и балет за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, за посебен придонес за развојот на градот Скопје и неговиот севкупен напредок и афирмација во земјава и во светот. Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за афирмација и напредок на градот Скопје.

The post Мојсова-Чепишевска: Скопје е величествен феномен на македонскиот дух – да го направиме центар на светот appeared first on Република.

]]>
МКЦ добитник на наградата „13 Ноември” https://republika.mk/vesti/kultura/mkc-dobitnik-na-nagradata-13-noemvri/ Mon, 14 Nov 2022 09:28:23 +0000 https://republika.mk/?p=573653

ЈУ Младински културен центар е добитник на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за особени достигнувања во културата, во линија и на својот годинешен 50. јубилеј од постоењето.

Со тоа ЈУ Младински културен центар како институција што со својата посветена работа, ентузијазам, напредно програмско дејствување и неуморност успева да биде препознаена како клучна институција во развојот на културата во својот град.

Наградата ’13 Ноември’ силно ја валидира нашата работа и секако нашата меѓународна позиција како важен фактор на домашната и на европската сцена. МКЦ со нескриена гордост ја прими ова награда, најважна за нас, бидејќи го сакаме градот и сè што правиме е во насока да овозможиме да се развива и негува живата култура. Клучот на Градот доаѓа во вистински момент за нас, за нашата публика, во моменти кога ни е потребен малку ветер во нашите едра, изјави Ванчо Богоев, директор на институцијата која повеќе од 35 години е дел од МКЦ.

Од активностите што следуваат, сè уште е во тек 47. издание на Меѓународниот театарски фестивал МОТ, кој се затвора на 19 ноември, а по него следува првото издание на ротирачкиот фестивал LIVEUROPE, кој МКЦ првпат ќе го организира како рамноправен член на оваа престижна мрежа на европски концертни сали.

Во подготовка е и големата прослава по повод 50-годишниот јубилеј, закажана за 28 декември 2022, денот кога МКЦ првпат ги отворил своите врати во далечната 1972 година. За тој ден се подготвува богата и изненадувачка музичка програма, перформанси, ликовна изложба и други активности со кои ќе се заокружи јубилејот 50 години МКЦ.

The post МКЦ добитник на наградата „13 Ноември” appeared first on Република.

]]>

ЈУ Младински културен центар е добитник на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за особени достигнувања во културата, во линија и на својот годинешен 50. јубилеј од постоењето. Со тоа ЈУ Младински културен центар како институција што со својата посветена работа, ентузијазам, напредно програмско дејствување и неуморност успева да биде препознаена како клучна институција во развојот на културата во својот град.
Наградата ’13 Ноември’ силно ја валидира нашата работа и секако нашата меѓународна позиција како важен фактор на домашната и на европската сцена. МКЦ со нескриена гордост ја прими ова награда, најважна за нас, бидејќи го сакаме градот и сè што правиме е во насока да овозможиме да се развива и негува живата култура. Клучот на Градот доаѓа во вистински момент за нас, за нашата публика, во моменти кога ни е потребен малку ветер во нашите едра, изјави Ванчо Богоев, директор на институцијата која повеќе од 35 години е дел од МКЦ.
Од активностите што следуваат, сè уште е во тек 47. издание на Меѓународниот театарски фестивал МОТ, кој се затвора на 19 ноември, а по него следува првото издание на ротирачкиот фестивал LIVEUROPE, кој МКЦ првпат ќе го организира како рамноправен член на оваа престижна мрежа на европски концертни сали. Во подготовка е и големата прослава по повод 50-годишниот јубилеј, закажана за 28 декември 2022, денот кога МКЦ првпат ги отворил своите врати во далечната 1972 година. За тој ден се подготвува богата и изненадувачка музичка програма, перформанси, ликовна изложба и други активности со кои ќе се заокружи јубилејот 50 години МКЦ.

The post МКЦ добитник на наградата „13 Ноември” appeared first on Република.

]]>
Весна Мојсова – Чепишевска, Тони Михајловски, Дејан Георгиевски, хуманитарната организација „Свети Спас“, МКЦ добитници на признание од градот https://republika.mk/vesti/skopje/vesna-mojsova-chepishevska-toni-mihajlovski-dejan-georgievski-humanitarnata-organizacija-sveti-spas-mkc-dobitnici-na-priznanie-od-gradot/ Sun, 13 Nov 2022 21:19:03 +0000 https://republika.mk/?p=573413

Град Скопје вечерва  ја  додели наградата „13 Ноември“ за 2022 година, на свеченост во Националната опера и балет, по повод Денот на ослободувањето на Скопје.

Добитници на наградата „13 Ноември“ од областа на публицистиката се:

1. д-р ИГОР РАДЕВ

-за особен придонес на полето на книжевно-преведувачката дејност.

2. ЉУПЧО ЈОЛЕВСКИ

-за  четиридецениска интензивна и професионална работа во новинарството.

Од областа на образованието и воспитанието

1. проф. д-р  ВЕСНА  МОЈСОВА – ЧЕПИШЕВСКА

-за монографската публикација „Конески како тестамент“ и континуираните остварувања во областа на културата во изминатиот период.

2. проф. д-р РИСТО  МАЛЧЕСКИ

-за покренувaње онлајн платформа  www.matematickitalent.mk зa време на пандемија и во време кога Република Македонија се соочува со недостиг на учебници за основно и за средно образование.

Од областа на културата

1. АРЛИНДА КАЛИСИ

-за долгогодишен придонес како уредник на културните манифестации и автор на емисијата „MOZAIKU KULTUROR“.

2. ЈУ  МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР – СКОПЈЕ

-за јубилејот 50 години работа и развојот на културата и афирмацијата на младинското творештво во град Скопје.

Од областа на науката

1. проф. д-р МИТКО Б. ПАНОВ

-за значајни остварувања во науката, како и иницијатор и автор на проектот на културниот настан „ Денови на Јустинијан I“.

2. проф. д-р СИЛВАНА ГЕОРГИЕВА

-за значаен придонес во научно-истражувачката дејност во стоматологијата, подигнување на квалитетот на забоздравствената заштита и подобрување на оралното здравје на граѓаните на град Скопје и пошироко во државата.

Од областа на уметноста

1. ТОНИ МИХАЈЛОВСКИ

-за  повеќегодишни достигнувања како театарски и филмски актер.

од областа на хуманитарната активност

1. ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА И ТРЕТМАН НА ЛИЦА СО АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР И АТИПИЧЕН РАЗВОЈ „ВО МОЈОТ СВЕТ“

-за отворање центри за рана интервенција и третман за деца со аутистичен спектар и атипичен развој и обезбедување помош и поддршка на младите и возрасните лица со пречки и на нивните семејства.

2. ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА „СВЕТИ СПАС“- СКОПЈЕ

-за кoнтинуирано помагање на социјално загрозени лица.

Од областа на здравствената заштита

1. проф. д- р СМИЉА ТУЏАРОВА ЃОРГОВА

-за највисоки достигнувања во областа на медицината, науката и образованието во државата и во светот, како и автор на делото – Естетска хирургија на глава и врат.

2. д-р СОЊА БОЈАЏИЕВА

-за долгогодишен придонес  во  здравствената заштита на младата популација и значаен придонес во хуманитарните активности.

Од областа на заштита и унапредување на животната средина и природата:

1. ГРУПА ТВОРЦИ - ТИМ ДОЗА СРЕЌА: Ања Цветковиќ, Никола Стојановски, Денис  Димитров, Дарко Ефтимовски, Илина Георгиева, Коста  Аризанов, Христијан Стојанов, Викторија Блажевска и д-р Драган Јованов.

-за врвни достигнувања на светски натпревари за млади иноватори (лица со посебни потреби) на тема Животна средина категорија – Лековити растенија.

Од областа на спортот

1. ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ

-за најголемиот успех и постигнување во спортот – освоен Сребрен медал од олимписки игри во Токио 2020, одржани во 2022 година.

2. РАКОМЕТЕН КЛУБ  ВАРДАР 1961

-за претставување на градот пред спортската јавност во Европа и неизмерна радост на сите скопјани.

Ученици и студенти

1. АЛЕКСИЈ  ТАСИЌ

-за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градот Скопје во државата и надвор од неа.

2. АНГЕЛА КОСТУРАНОВА

-за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градот Скопје во државата и надвор од неа.

3. ЕРЈОНА АЗИЗИ

-за успешни постигнувања во континуитет во наставните и воннаставните активности во земјата и во целиот свет, проследени со 18 златни медали.

-На овој значаен историски датум и настан од нашата историја -13 Ноември, им изразуваме неизмерна благодарност и им оддаваме признание на борците коишто одлучно и храбро се бореле и го ослободиле нашето Скопје пред 78 години. Во тоа наше слободно Скопје живееле и твореле и вечерашниве добитници на престижната награда, а овие датуми се потсетник за сите нас дека треба вредно да работиме за да создадеме подобра иднина за генерациите после нас, да создадеме место каде што тие ќе сакаат да  го градат својот живот, односно да создадеме модерно Скопје со кое сите ќе се гордееме, велат од Град Скопје.

Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание од Градот Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот. Исто така, наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за афирмација и напредок на градот Скопје.

 

The post Весна Мојсова – Чепишевска, Тони Михајловски, Дејан Георгиевски, хуманитарната организација „Свети Спас“, МКЦ добитници на признание од градот appeared first on Република.

]]>

Град Скопје вечерва  ја  додели наградата „13 Ноември“ за 2022 година, на свеченост во Националната опера и балет, по повод Денот на ослободувањето на Скопје. Добитници на наградата „13 Ноември“ од областа на публицистиката се: 1. д-р ИГОР РАДЕВ -за особен придонес на полето на книжевно-преведувачката дејност. 2. ЉУПЧО ЈОЛЕВСКИ -за  четиридецениска интензивна и професионална работа во новинарството. Од областа на образованието и воспитанието 1. проф. д-р  ВЕСНА  МОЈСОВА – ЧЕПИШЕВСКА -за монографската публикација „Конески како тестамент“ и континуираните остварувања во областа на културата во изминатиот период. 2. проф. д-р РИСТО  МАЛЧЕСКИ -за покренувaње онлајн платформа  www.matematickitalent.mk зa време на пандемија и во време кога Република Македонија се соочува со недостиг на учебници за основно и за средно образование. Од областа на културата 1. АРЛИНДА КАЛИСИ -за долгогодишен придонес како уредник на културните манифестации и автор на емисијата „MOZAIKU KULTUROR“. 2. ЈУ  МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР – СКОПЈЕ -за јубилејот 50 години работа и развојот на културата и афирмацијата на младинското творештво во град Скопје. Од областа на науката 1. проф. д-р МИТКО Б. ПАНОВ -за значајни остварувања во науката, како и иницијатор и автор на проектот на културниот настан „ Денови на Јустинијан I“. 2. проф. д-р СИЛВАНА ГЕОРГИЕВА -за значаен придонес во научно-истражувачката дејност во стоматологијата, подигнување на квалитетот на забоздравствената заштита и подобрување на оралното здравје на граѓаните на град Скопје и пошироко во државата. Од областа на уметноста 1. ТОНИ МИХАЈЛОВСКИ -за  повеќегодишни достигнувања како театарски и филмски актер. од областа на хуманитарната активност 1. ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА И ТРЕТМАН НА ЛИЦА СО АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР И АТИПИЧЕН РАЗВОЈ „ВО МОЈОТ СВЕТ“ -за отворање центри за рана интервенција и третман за деца со аутистичен спектар и атипичен развој и обезбедување помош и поддршка на младите и возрасните лица со пречки и на нивните семејства. 2. ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА „СВЕТИ СПАС“- СКОПЈЕ -за кoнтинуирано помагање на социјално загрозени лица. Од областа на здравствената заштита 1. проф. д- р СМИЉА ТУЏАРОВА ЃОРГОВА -за највисоки достигнувања во областа на медицината, науката и образованието во државата и во светот, како и автор на делото – Естетска хирургија на глава и врат. 2. д-р СОЊА БОЈАЏИЕВА -за долгогодишен придонес  во  здравствената заштита на младата популација и значаен придонес во хуманитарните активности. Од областа на заштита и унапредување на животната средина и природата: 1. ГРУПА ТВОРЦИ - ТИМ ДОЗА СРЕЌА: Ања Цветковиќ, Никола Стојановски, Денис  Димитров, Дарко Ефтимовски, Илина Георгиева, Коста  Аризанов, Христијан Стојанов, Викторија Блажевска и д-р Драган Јованов. -за врвни достигнувања на светски натпревари за млади иноватори (лица со посебни потреби) на тема Животна средина категорија – Лековити растенија. Од областа на спортот 1. ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ -за најголемиот успех и постигнување во спортот – освоен Сребрен медал од олимписки игри во Токио 2020, одржани во 2022 година. 2. РАКОМЕТЕН КЛУБ  ВАРДАР 1961 -за претставување на градот пред спортската јавност во Европа и неизмерна радост на сите скопјани. Ученици и студенти 1. АЛЕКСИЈ  ТАСИЌ -за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градот Скопје во државата и надвор од неа. 2. АНГЕЛА КОСТУРАНОВА -за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градот Скопје во државата и надвор од неа. 3. ЕРЈОНА АЗИЗИ -за успешни постигнувања во континуитет во наставните и воннаставните активности во земјата и во целиот свет, проследени со 18 златни медали. -На овој значаен историски датум и настан од нашата историја -13 Ноември, им изразуваме неизмерна благодарност и им оддаваме признание на борците коишто одлучно и храбро се бореле и го ослободиле нашето Скопје пред 78 години. Во тоа наше слободно Скопје живееле и твореле и вечерашниве добитници на престижната награда, а овие датуми се потсетник за сите нас дека треба вредно да работиме за да создадеме подобра иднина за генерациите после нас, да создадеме место каде што тие ќе сакаат да  го градат својот живот, односно да создадеме модерно Скопје со кое сите ќе се гордееме, велат од Град Скопје. Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание од Градот Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот. Исто така, наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за афирмација и напредок на градот Скопје.  

The post Весна Мојсова – Чепишевска, Тони Михајловски, Дејан Георгиевски, хуманитарната организација „Свети Спас“, МКЦ добитници на признание од градот appeared first on Република.

]]>