МЗ Archives - Република https://republika.mk/tema/mz/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Mar 2024 14:10:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МЗ Archives - Република https://republika.mk/tema/mz/ 32 32 Георгиева: МЗ ќе испрати информација за од наредниот месец да биде коригирана платата на приватните специјализанти https://republika.mk/zivot/zdravje/georgieva-mz-ke-isprati-informatsija-za-od-naredniot-mesets-da-bide-korigirana-platata-na-privatnite-spetsijalizanti/ Wed, 27 Mar 2024 14:10:29 +0000 https://republika.mk/?p=759386

Доктор Александра Георгиева, претседателка на Здружението на лекари-специјализанти, информираше дека на денешната средба во Министерството за здравство им било кажано дека МЗ ќе испрати информација до Владата и до ФЗО, да постапуваат согласно веќе донесените одлуки и веќе од наредниот месец да биде коригирана платата на приватните специјализанти.

Бевме примени од страна на советници на министерот, тој присуствувал на друг настан во соработка со СЗО. Еден од советниците беше правен советник и ја извлековме одлуката, врз која всушност се исплаќаат надоместоците за приватните специјализанти од 2018 гоодина. И во неа, како одлука на Влада, децидно стои дека платата на приватните специјализанти треба да е во висина на плата на општ доктор за дадена година. Ни беше ветено дека МЗ ќе прати информација до Владата и до ФЗО, да постапуваат согласно веќе донесените одлуки и веќе од наредниот месец, да биде коригирана платата на приватните специјализанти – да биде на ниво на просечна плата на општ доктор, појасни таа.

Одговарајќи на новинарско прашање, таа додаде дека износот на просечна плата на општ доктор сега е околу 44.000 денари.

Ние треба да ја земаме таа плата според владината одлука, истакна Георгиева.

Добиле и ветување дека здравственото осигурување веднаш ќе биде воспоставено, односно ќе се пратело информација до јавно здравствените установи оти треба сите на приватна специјализација да бидат здравствено осигурани.

Околу трансформација на договор на дело – во договор на неопределено, добивме информација дека всушност 1.117 согласности пристигнале од Владата во месец февруари, но не биле реализирани поради оној мораториум што го налага изборниот период и фактот, дека не можат да бидат отворени конкурси за вработување. Беше дадено ветување за масовни конкурси отворени во јавно здравствените установи по завршувањето на изборниот циклус, а ние дадовме забелешка, баравме да има измена на законот во критериуми за вработување – да биде дадена предност на колегите на специјализација, бидејќи сега таков критериум не постои, да бидат акумулирани сите активни доктори, а потоа нормално сите колеги кои се општи доктори, подвлече таа.

The post Георгиева: МЗ ќе испрати информација за од наредниот месец да биде коригирана платата на приватните специјализанти appeared first on Република.

]]>

Вакцинирани над 1000 деца за пропуштени рутински вакцини со тек на кампањата на МЗ и СЗО „Од врата до врата“ https://republika.mk/zivot/zdravje/vaktsinirani-nad-1000-detsa-za-propushteni-rutinski-vaktsini-so-tek-na-kampanata-na-mz-i-szo-od-vrata-do-vrata/ Wed, 14 Jun 2023 06:47:54 +0000 https://republika.mk/?p=651083

Над илјада деца се вакцинирани за пропуштени рутински вакцини во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство (МЗ) и Светската здравствена организација (СЗО) „Од врата до врата“, соопшти денеска МЗ.

Вкупно се посетени 3.373 семејства, заедници и собиралишта на лица во повеќе од 200 урбани и рурални средини. Во рамки на кампањата, одржани се едукативни разговори и предавања и поделени се над 6.000 материјали за рутинска и вакцинација против Ковид-19.

Кампањата почна на 24 април 2023 година и се спроведуваше вкупно четири недели, како дел од европската недела на имунизација 2023 година, со финансиска поддршка од ЕУ.

Во теренските посети, како што информира ресорното Министерство, биле вклучени 30 медицински тимови, со цел презентирање на бенефитите од имунизација, како и администрирање вакцини против Ковид-19 и рутинска вакцинација.

The post Вакцинирани над 1000 деца за пропуштени рутински вакцини со тек на кампањата на МЗ и СЗО „Од врата до врата“ appeared first on Република.

]]>

Над илјада деца се вакцинирани за пропуштени рутински вакцини во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство (МЗ) и Светската здравствена организација (СЗО) „Од врата до врата“, соопшти денеска МЗ. Вкупно се посетени 3.373 семејства, заедници и собиралишта на лица во повеќе од 200 урбани и рурални средини. Во рамки на кампањата, одржани се едукативни разговори и предавања и поделени се над 6.000 материјали за рутинска и вакцинација против Ковид-19. Кампањата почна на 24 април 2023 година и се спроведуваше вкупно четири недели, како дел од европската недела на имунизација 2023 година, со финансиска поддршка од ЕУ. Во теренските посети, како што информира ресорното Министерство, биле вклучени 30 медицински тимови, со цел презентирање на бенефитите од имунизација, како и администрирање вакцини против Ковид-19 и рутинска вакцинација.

The post Вакцинирани над 1000 деца за пропуштени рутински вакцини со тек на кампањата на МЗ и СЗО „Од врата до врата“ appeared first on Република.

]]>
ДЗР: Погрешни чекори на Министерството за здравство уште на стартот на пандемијата, се причина за проблемот со тестовите на државна сметка https://republika.mk/vesti/makedonija/dzr-pogreshni-chekori-na-ministerstvoto-za-zdravstvo-ushte-na-startot-na-pandemijata-se-prichina-za-problemot-so-testovite-na-drzavna-smetka/ Fri, 22 Jul 2022 13:49:28 +0000 https://republika.mk/?p=532195

Над 18,6 милиони евра се офајдиле приватните лаборатории за време на ковид-пандемијата. Недоволниот број термини во јавното здратво ги наполни сметките на приватното, констатира државниот ревизор. Тоа што до преку „Мој термин“ можеше да се дојде дури откако ќе ја победите, или загубите битката со Ковид, ги притисна граѓаните од свој џеб приватно да плаќаат за ПЦР тестирање, бидејќи стана задолжително, со што за две години, во приватните лаборатории завршиле милиони суми евра.

Ревизорот потенцира дека до оваа сума дошол, сметајќи ја најниската наплатувана цена од 1.400 денари, иако сумата за еден тест достигнувала и до 5.500 денари.

Првата година од пандемијата, државното и приватното здравство направиле речиси идентичен број на тестови, но веќе наредната година има драматичен пораст во приватните лаборатории. Наредните шест месеци разликата во тестовите е 100.000 во корист на приватното, осносно со 25 процети повеќе направени тестови. Разликата, уште подраматично продолжува да расте, со што на крајот на март оваа година, приватните реализирале 60 проценти повеќе ПЦР трестови од државните лаборатории, или во бројки, разликата е над 300 илјади тестови.

Погрешни чекори на Министерството за здравство уште на стартот на пандемијата, се причина за проблемот со тестовите на државна сметка.

Министерството не преземало активности за обезбедување на поголем број термини за тестирање на товар на Фондот во поголем број ЈЗУ поради што голем дел од осигурениците тестирањето го вршеле на свој трошок во приватни лаборатории, се вели во извештајот на  ДЗР.

Повеќе фондовски пари на сметките на приватните биолници легнале и за извршени кардиоваскуларно – хируршки здравствени услуги, во 2019 и 2020 година. Проблемот не е во кадарот, туку во просторните услови во јавното здравство.

 Иимено, Фондот има склучено договори со три ЈЗУ и две ПЗУ за што се исплатени 1.254.330.000 денари (20.317.000 ЕВРА) од кои 95% од услугите се вршат во ПЗУ. Најголем дел од услугите во ЈЗУ се извршени од ЈЗУ УК за државна Кардиологија која иако располага со квалификуван кадар, ги нема потребните просторни услови, што неповолно влијае на обемот на вршењето на здравствената дејност, констатирал ДЗР.

Здравствената криза во 2020-та, го десеткувала и бројот на теренски контроли кај здравствените установи. Намален е за 74%, со што признавањето и плаќањето на здравствените услуги, е различно од реално извршените. Во 2020-та имало само 83 контроли, или речиси шест пати помалку, споредбено со годината претходно, кога биле извршени близу 500.Најмал број контроли се извршени кај здравствените установи од болничка здравствена заштита, чии договорни надоместоци се највисоки, а неправилности се утврдени во дури 85% случаи.

Не се почитувале ниту роковите, со што без казни поминале здравстените установи кои не ги почитувале договорите со Фондот.

Пропусти и во постапките за лекување во странство. Не е обезбедена соодветна правна заштита и контрола, ниту пак систем на следење и анализи на успешноста на лекувањето. Без повратни информации и за над три милиони евра во аванси за лекување во странство.

The post ДЗР: Погрешни чекори на Министерството за здравство уште на стартот на пандемијата, се причина за проблемот со тестовите на државна сметка appeared first on Република.

]]>

Над 18,6 милиони евра се офајдиле приватните лаборатории за време на ковид-пандемијата. Недоволниот број термини во јавното здратво ги наполни сметките на приватното, констатира државниот ревизор. Тоа што до преку „Мој термин“ можеше да се дојде дури откако ќе ја победите, или загубите битката со Ковид, ги притисна граѓаните од свој џеб приватно да плаќаат за ПЦР тестирање, бидејќи стана задолжително, со што за две години, во приватните лаборатории завршиле милиони суми евра. Ревизорот потенцира дека до оваа сума дошол, сметајќи ја најниската наплатувана цена од 1.400 денари, иако сумата за еден тест достигнувала и до 5.500 денари. Првата година од пандемијата, државното и приватното здравство направиле речиси идентичен број на тестови, но веќе наредната година има драматичен пораст во приватните лаборатории. Наредните шест месеци разликата во тестовите е 100.000 во корист на приватното, осносно со 25 процети повеќе направени тестови. Разликата, уште подраматично продолжува да расте, со што на крајот на март оваа година, приватните реализирале 60 проценти повеќе ПЦР трестови од државните лаборатории, или во бројки, разликата е над 300 илјади тестови. Погрешни чекори на Министерството за здравство уште на стартот на пандемијата, се причина за проблемот со тестовите на државна сметка.
Министерството не преземало активности за обезбедување на поголем број термини за тестирање на товар на Фондот во поголем број ЈЗУ поради што голем дел од осигурениците тестирањето го вршеле на свој трошок во приватни лаборатории, се вели во извештајот на  ДЗР.
Повеќе фондовски пари на сметките на приватните биолници легнале и за извршени кардиоваскуларно – хируршки здравствени услуги, во 2019 и 2020 година. Проблемот не е во кадарот, туку во просторните услови во јавното здравство.
 Иимено, Фондот има склучено договори со три ЈЗУ и две ПЗУ за што се исплатени 1.254.330.000 денари (20.317.000 ЕВРА) од кои 95% од услугите се вршат во ПЗУ. Најголем дел од услугите во ЈЗУ се извршени од ЈЗУ УК за државна Кардиологија која иако располага со квалификуван кадар, ги нема потребните просторни услови, што неповолно влијае на обемот на вршењето на здравствената дејност, констатирал ДЗР.
Здравствената криза во 2020-та, го десеткувала и бројот на теренски контроли кај здравствените установи. Намален е за 74%, со што признавањето и плаќањето на здравствените услуги, е различно од реално извршените. Во 2020-та имало само 83 контроли, или речиси шест пати помалку, споредбено со годината претходно, кога биле извршени близу 500.Најмал број контроли се извршени кај здравствените установи од болничка здравствена заштита, чии договорни надоместоци се највисоки, а неправилности се утврдени во дури 85% случаи. Не се почитувале ниту роковите, со што без казни поминале здравстените установи кои не ги почитувале договорите со Фондот. Пропусти и во постапките за лекување во странство. Не е обезбедена соодветна правна заштита и контрола, ниту пак систем на следење и анализи на успешноста на лекувањето. Без повратни информации и за над три милиони евра во аванси за лекување во странство.

The post ДЗР: Погрешни чекори на Министерството за здравство уште на стартот на пандемијата, се причина за проблемот со тестовите на државна сметка appeared first on Република.

]]>
Двајца млади пациенти на дијализа ќе добијат бубрези од починат донор https://republika.mk/zivot/zdravje/dvajca-mladi-pacienti-na-dijaliza-kje-dobijat-bubrezi-od-pochinat-donor/ Sun, 08 May 2022 15:40:52 +0000 https://republika.mk/?p=499544

Двајца млади пациенти на дијализа ќе добијат бубрези од починат донор чие семејство вчера попладне даде согласност за да ги донира органите. Дополнително, во наредните денови ќе следуваат трансплантации на коскени ткива кај пацинети кои се лекуваат на Клиниката за ортопедија, информираат од МЗ.

Националниот координатот, д-р Маја Мојсова Мијовска, болничките координатори, заедно со екипите од Клиниката за неврохирургија, КАРИЛ, Рендген иститутот, Клиниката за трансфузиологија, Клиниката за нефрологија, Клиниката за кардиологија и хируршките клиники за урологија и ортопедија, викендов успешно ја прават третата по ред трансплантација од почетокот на годинава.

Благодарност до семејството на пациентката, особено до нејзината млада храбра ќерка чија храброст, хуманост и добрина ни донесоа ден полн надеж и живот за најмалку двајца пациенти.

Уште еднаш големо сочувство за нивната загуба и благодарност за нивната хуманост, велат од МЗ.

The post Двајца млади пациенти на дијализа ќе добијат бубрези од починат донор appeared first on Република.

]]>

Двајца млади пациенти на дијализа ќе добијат бубрези од починат донор чие семејство вчера попладне даде согласност за да ги донира органите. Дополнително, во наредните денови ќе следуваат трансплантации на коскени ткива кај пацинети кои се лекуваат на Клиниката за ортопедија, информираат од МЗ. Националниот координатот, д-р Маја Мојсова Мијовска, болничките координатори, заедно со екипите од Клиниката за неврохирургија, КАРИЛ, Рендген иститутот, Клиниката за трансфузиологија, Клиниката за нефрологија, Клиниката за кардиологија и хируршките клиники за урологија и ортопедија, викендов успешно ја прават третата по ред трансплантација од почетокот на годинава. Благодарност до семејството на пациентката, особено до нејзината млада храбра ќерка чија храброст, хуманост и добрина ни донесоа ден полн надеж и живот за најмалку двајца пациенти. Уште еднаш големо сочувство за нивната загуба и благодарност за нивната хуманост, велат од МЗ.

The post Двајца млади пациенти на дијализа ќе добијат бубрези од починат донор appeared first on Република.

]]>
234 нови случаи на ковид-19, 17 починати лица https://republika.mk/vesti/makedonija/234-novi-sluchai-na-kovid-19-17-pochinati-lica/ Mon, 21 Feb 2022 14:08:17 +0000 https://republika.mk/?p=461539

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 1.318 тестови, а регистрирани се 234 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 180, Кавадарци – 19, Куманово, Прилеп и Неготино – по 6, Велес – 4, Гостивар и Крива Паланка – по 2, Битола, Струмица, Струга, Свети Николе, Дебар, Пробиштип, Кратово, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (234), регистрирана е 31 реинфекција.

Регистриран e 1.491 оздравен пациент од: Скопје – 749, Тетово – 85, Битола – 73, Куманово – 69, Прилеп – 57, Струмица – 51, Кавадарци – 45, Велес – 42, Гостивар – 41, Охрид – 37, Гевгелија – 25, Кичево – 24, Радовиш – 21, Неготино ,Струга и Штип – по 20, Валандово – 19, Кочани – 12, Крива Паланка – 11, Богданци и Ресен – по 9, Свети Николе – 7, Крушево, Виница , Берово и Делчево – по 6, Кратово – 4, Демир Капија ,Македонски Брод и Демир Хисар – по 3, Дојран, Пробиштип и Дебар – по 2, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 12 починати лица: 3 починати лица од Скопје (72г, 74г и 76г), по 2 починати лица од Битола (81г и 91г), Куманово (77г и 81г) и Струмица (58г и 65г) и по едно починато лице од Кочани (60г), Охрид (64г) и Тетово (68г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 5 починати лица од: Битола (1), Виница (1), Гостивар (1), Дебар (1) и Струга (1). Починатите лица се на возраст од 61г. до 80г. Лицата за починати се пријавени во период од 14.02. до 18.02.2022. Од починатите лица, 3 се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 17 лица се регистрирани коморбидитети.

Направени се 1.318 тестови преку: ИЈЗ-116, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-90, Авицена-64, Биотек-65, Систина-63, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-0, Генеа-0, Никоб Лаб-233, ВФВ Медикал-46, Ели Медика-7, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 631.

Досега во земјата се направени вкупно 1.871.411 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 293.559, бројот на оздравени пациенти е 278.326, на починати е 8.915 а бројот на активни случаи изнесува 6.318.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 135925, Активни 3632

Куманово 16023, Активни 269

Битола 14057, Активни 303

Прилеп 13433, Активни 190

Тетово 13299, Активни 202

Кавадарци 10003, Активни 209

Гостивар 9326, Активни 97

Велес 9294, Активни 257

Охрид 8454, Активни 132

Штип 7877, Активни 86

Струмица 7866, Активни 161

Кичево 5325, Активни 98

Кочани 4909, Активни 55

Струга 4619, Активни 65

Гевгелија 4167, Активни 87

Неготино 3587, Активни 96

Свети Николе 2615, Активни 36

Ресен 2554, Активни 57

Радовиш 2475, Активни 52

Крива Паланка 2350, Активни 31

Делчево 1879, Активни 13

Берово 1705, Активни 15

Дебар 1600, Активни 47

Валандово 1516, Активни 19

Виница 1362, Активни 11

Пробиштип 1282, Активни 5

Богданци 991, Активни 27

Кратово 926, Активни 18

Крушево 875, Активни 12

Демир Хисар 811, Активни 13

Македонски Брод 683, Активни 8

Демир Капија 542, Активни 7

Македонска Каменица 519, Активни 0

Пехчево 456, Активни 8

Дојран 254, Активни 0

The post 234 нови случаи на ковид-19, 17 починати лица appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.318 тестови, а регистрирани се 234 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 180, Кавадарци – 19, Куманово, Прилеп и Неготино – по 6, Велес – 4, Гостивар и Крива Паланка – по 2, Битола, Струмица, Струга, Свети Николе, Дебар, Пробиштип, Кратово, Крушево и Македонски Брод – по 1. Од вкупниот број на позитивни (234), регистрирана е 31 реинфекција. Регистриран e 1.491 оздравен пациент од: Скопје – 749, Тетово – 85, Битола – 73, Куманово – 69, Прилеп – 57, Струмица – 51, Кавадарци – 45, Велес – 42, Гостивар – 41, Охрид – 37, Гевгелија – 25, Кичево – 24, Радовиш – 21, Неготино ,Струга и Штип – по 20, Валандово – 19, Кочани – 12, Крива Паланка – 11, Богданци и Ресен – по 9, Свети Николе – 7, Крушево, Виница , Берово и Делчево – по 6, Кратово – 4, Демир Капија ,Македонски Брод и Демир Хисар – по 3, Дојран, Пробиштип и Дебар – по 2, Пехчево и Македонска Каменица – по 1. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 12 починати лица: 3 починати лица од Скопје (72г, 74г и 76г), по 2 починати лица од Битола (81г и 91г), Куманово (77г и 81г) и Струмица (58г и 65г) и по едно починато лице од Кочани (60г), Охрид (64г) и Тетово (68г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 5 починати лица од: Битола (1), Виница (1), Гостивар (1), Дебар (1) и Струга (1). Починатите лица се на возраст од 61г. до 80г. Лицата за починати се пријавени во период од 14.02. до 18.02.2022. Од починатите лица, 3 се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица, кај 17 лица се регистрирани коморбидитети. Направени се 1.318 тестови преку: ИЈЗ-116, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-90, Авицена-64, Биотек-65, Систина-63, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-0, Генеа-0, Никоб Лаб-233, ВФВ Медикал-46, Ели Медика-7, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 631. Досега во земјата се направени вкупно 1.871.411 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 293.559, бројот на оздравени пациенти е 278.326, на починати е 8.915 а бројот на активни случаи изнесува 6.318. Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно) Скопје 135925, Активни 3632 Куманово 16023, Активни 269 Битола 14057, Активни 303 Прилеп 13433, Активни 190 Тетово 13299, Активни 202 Кавадарци 10003, Активни 209 Гостивар 9326, Активни 97 Велес 9294, Активни 257 Охрид 8454, Активни 132 Штип 7877, Активни 86 Струмица 7866, Активни 161 Кичево 5325, Активни 98 Кочани 4909, Активни 55 Струга 4619, Активни 65 Гевгелија 4167, Активни 87 Неготино 3587, Активни 96 Свети Николе 2615, Активни 36 Ресен 2554, Активни 57 Радовиш 2475, Активни 52 Крива Паланка 2350, Активни 31 Делчево 1879, Активни 13 Берово 1705, Активни 15 Дебар 1600, Активни 47 Валандово 1516, Активни 19 Виница 1362, Активни 11 Пробиштип 1282, Активни 5 Богданци 991, Активни 27 Кратово 926, Активни 18 Крушево 875, Активни 12 Демир Хисар 811, Активни 13 Македонски Брод 683, Активни 8 Демир Капија 542, Активни 7 Македонска Каменица 519, Активни 0 Пехчево 456, Активни 8 Дојран 254, Активни 0

The post 234 нови случаи на ковид-19, 17 починати лица appeared first on Република.

]]>
Официјалните препораки за лекување на ковид објавени на веб страницата на Министерството за здравство https://republika.mk/vesti/makedonija/oficijalnite-preporaki-za-lekuvanje-na-kovid-objaveni-na-veb-stranicata-na-ministerstvoto-za-zdravstvo/ Thu, 17 Feb 2022 13:54:09 +0000 https://republika.mk/?p=459911

Препораките за лекување на корона вирус официјално се јавно објавени на веб-сајтот на Министерството за здравство, информираше денеска претседателот на Комсиијата за заразни болести д-р Александар Петличковски.

Како што рече тој, препораките се со цел црпење на информации од релевантни информации за лекарите, не за општатата популација, но немаат обврзувачки карактер.

Препораките се за придржување до добра, докажана медицинска пракса при лекувањето на ковид. Состојбата е динамична, се случуваат промени. Голем дел од смртните случаи се должи на нашето запоставено здравје. На пример во други земји има помала смртност, поради здравствената култура, рече д-р Петличковски.

Оцифијалните препораки за лекување на ковид во земјава може да ги погледнете на следниов ЛИНК.

The post Официјалните препораки за лекување на ковид објавени на веб страницата на Министерството за здравство appeared first on Република.

]]>

Препораките за лекување на корона вирус официјално се јавно објавени на веб-сајтот на Министерството за здравство, информираше денеска претседателот на Комсиијата за заразни болести д-р Александар Петличковски. Како што рече тој, препораките се со цел црпење на информации од релевантни информации за лекарите, не за општатата популација, но немаат обврзувачки карактер.
Препораките се за придржување до добра, докажана медицинска пракса при лекувањето на ковид. Состојбата е динамична, се случуваат промени. Голем дел од смртните случаи се должи на нашето запоставено здравје. На пример во други земји има помала смртност, поради здравствената култура, рече д-р Петличковски.
Оцифијалните препораки за лекување на ковид во земјава може да ги погледнете на следниов ЛИНК.

The post Официјалните препораки за лекување на ковид објавени на веб страницата на Министерството за здравство appeared first on Република.

]]>
Детектиран Омикрон кај 33 пациенти, кај тројца детектиран и флурон https://republika.mk/zivot/zdravje/mz-detektiran-omikron-kaj-33-pacienti-kaj-trojca-detektiran-i-fluron/ Wed, 05 Jan 2022 17:50:33 +0000 https://republika.mk/?p=441123

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARS CoV2.

Од изработени 56 примероци позитивни на SARS CoV2, 33 се позитивни на Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 59% од позитивните примероци. Оваа варијанта е детектирана кај 16 пацинети од Скопје, 10 од Охрид, 4 од Тетово, 2 од Кавадарци и 1 од Кочани, велат од МЗ.

Како што додаваат, кај тројца пациенти од Скопје истовремено е детектирана комбинација од двата вируса Influenza A i SARS CoV 2.

The post Детектиран Омикрон кај 33 пациенти, кај тројца детектиран и флурон appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARS CoV2. Од изработени 56 примероци позитивни на SARS CoV2, 33 се позитивни на Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 59% од позитивните примероци. Оваа варијанта е детектирана кај 16 пацинети од Скопје, 10 од Охрид, 4 од Тетово, 2 од Кавадарци и 1 од Кочани, велат од МЗ. Како што додаваат, кај тројца пациенти од Скопје истовремено е детектирана комбинација од двата вируса Influenza A i SARS CoV 2.

The post Детектиран Омикрон кај 33 пациенти, кај тројца детектиран и флурон appeared first on Република.

]]>
Во Македонија е потврден првиот случај на флурон https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-makedonija-e-potvrden-prviot-sluchaj-na-fluron/ Wed, 05 Jan 2022 13:38:45 +0000 https://republika.mk/?p=441012

Министерството за здравство соопшти дека од страна на ПЗУ „Синлаб“ до Институтот за јавно здравје е доставена информација за детектиран еден случај на флурон (комбинирана инфекција со вирусот на грип и коронавирусот) кај 26 годишен пациент од општина Зајас.

Според епидемиолошката анкета, пациентот со коинфекција Ковид19/Инфлуенца А, непосредно пред 31.12.2021 година се вратил од САД и според неговите кажувања таму примил вакцина за Ковид 19, односно се ревакцинирал неколку дена пред да пристигне во Македонија, соопшти МЗ.

Пациентот е упатен на домашно лекување, бидејќи засега нема тешка клиничка слика.

https://republika.mk/zivot/zdravje/shto-e-flurona-i-koi-se-najchestite-simptomi/

The post Во Македонија е потврден првиот случај на флурон appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство соопшти дека од страна на ПЗУ „Синлаб“ до Институтот за јавно здравје е доставена информација за детектиран еден случај на флурон (комбинирана инфекција со вирусот на грип и коронавирусот) кај 26 годишен пациент од општина Зајас.
Според епидемиолошката анкета, пациентот со коинфекција Ковид19/Инфлуенца А, непосредно пред 31.12.2021 година се вратил од САД и според неговите кажувања таму примил вакцина за Ковид 19, односно се ревакцинирал неколку дена пред да пристигне во Македонија, соопшти МЗ.
Пациентот е упатен на домашно лекување, бидејќи засега нема тешка клиничка слика. https://republika.mk/zivot/zdravje/shto-e-flurona-i-koi-se-najchestite-simptomi/

The post Во Македонија е потврден првиот случај на флурон appeared first on Република.

]]>