музика Archives - Република https://republika.mk/tema/muzika/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Sep 2024 10:26:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png музика Archives - Република https://republika.mk/tema/muzika/ 32 32 Со проекција на „Дали си маж“ на Ѓорче Ставревски почнува шестото издание на „Ѕирни” – фестивал на филм и музика https://republika.mk/vesti/kultura/so-proektsija-na-dali-si-mazh-na-gorche-stavrevski-pochnuva-shestoto-izdanie-na-zirni-festival-na-film-i-muzika/ Mon, 30 Sep 2024 10:26:05 +0000 https://republika.mk/?p=820981

Со проекција на „Дали си маж“ од македонскиот режисер Ѓорче Ставревски, во 19,30 часот на „Плочник“ и изложба на аналогни фотографии „Мозаик во зрно“ од Љубомир Трајковски вечерва во „Котур“ во Скопје почнува шестото издание на „Ѕирни“, Фестивал на филм и музика кој ќе трае до 10 октомври. Организаторот најавува филмови, концерти, тетарски претстави, интервіуа, изложби, вкусна храна и внимателно селектирана музичка програма.

Оваа година официјалната селекција на кратки филмови, кои се натпреваруваат за наградата „Данчо Чеврески”, станува интернационална. Се воведува и уште еден натпреварувачки дел во програмата - интернационални кратки студентски филмови.

Во ова издание на фестивалот по вторпат ќе се одржи и 48часовниот филмски предизвик. Ќе уживаме и во маестралните улоги на Мето Јовановски во филмските проекции на „Тетовирање“ и „Среќна Нова 49-та“. На наше големо задоволство, покрај кино салата на , оваа година фестивалот ќе се одржи и на нови локации. Филмови од официјалната селекција и концерти на „Аудио Цигла“ и „Фанк Шуи“ ќе гледаме на Плочник (во блокот на градски ѕид веднаш до соборниот храм), а театарската претстава „Кенди“ во „Лабораториум“.

The post Со проекција на „Дали си маж“ на Ѓорче Ставревски почнува шестото издание на „Ѕирни” – фестивал на филм и музика appeared first on Република.

]]>

Со проекција на „Дали си маж“ од македонскиот режисер Ѓорче Ставревски, во 19,30 часот на „Плочник“ и изложба на аналогни фотографии „Мозаик во зрно“ од Љубомир Трајковски вечерва во „Котур“ во Скопје почнува шестото издание на „Ѕирни“, Фестивал на филм и музика кој ќе трае до 10 октомври. Организаторот најавува филмови, концерти, тетарски претстави, интервіуа, изложби, вкусна храна и внимателно селектирана музичка програма. Оваа година официјалната селекција на кратки филмови, кои се натпреваруваат за наградата „Данчо Чеврески”, станува интернационална. Се воведува и уште еден натпреварувачки дел во програмата - интернационални кратки студентски филмови. Во ова издание на фестивалот по вторпат ќе се одржи и 48часовниот филмски предизвик. Ќе уживаме и во маестралните улоги на Мето Јовановски во филмските проекции на „Тетовирање“ и „Среќна Нова 49-та“. На наше големо задоволство, покрај кино салата на , оваа година фестивалот ќе се одржи и на нови локации. Филмови од официјалната селекција и концерти на „Аудио Цигла“ и „Фанк Шуи“ ќе гледаме на Плочник (во блокот на градски ѕид веднаш до соборниот храм), а театарската претстава „Кенди“ во „Лабораториум“.

The post Со проекција на „Дали си маж“ на Ѓорче Ставревски почнува шестото издание на „Ѕирни” – фестивал на филм и музика appeared first on Република.

]]>
Струмица опен фестивал 2024 од вечерва под мотото „Културни бранови на радоста“ https://republika.mk/scena/strumitsa-open-festival-2024-od-vecherva-pod-mototo-kulturni-branovi-na-radosta/ Tue, 13 Aug 2024 11:06:53 +0000 https://republika.mk/?p=806126

Од 13 до 20 август 2024 година во Струмица под мотото Културни Бранови на Радоста ќе се одржи овогодинешното издание на Струмица Опен Фестивал 2024. Во овие денови градот ќе биде епицентарот на забавата и културата. Фестивалот ќе се одржи на три локации: малиот градски парк,  големиот градски парк и старата чаршија.

Пубиката ќе има привилегија да ужива во настапите на реномирани имиња од македонската музичка сцена, кои ќе пружат уживање за сите генерации!

Не дозволувајте да ви раскажуваат! Ова лето, дојдете и бидете дел од енергијата што ќе ја преплави Струмица. Подгответе се за Културни бранови на радоста, велат организаторите.

The post Струмица опен фестивал 2024 од вечерва под мотото „Културни бранови на радоста“ appeared first on Република.

]]>

Од 13 до 20 август 2024 година во Струмица под мотото Културни Бранови на Радоста ќе се одржи овогодинешното издание на Струмица Опен Фестивал 2024. Во овие денови градот ќе биде епицентарот на забавата и културата. Фестивалот ќе се одржи на три локации: малиот градски парк,  големиот градски парк и старата чаршија.
Пубиката ќе има привилегија да ужива во настапите на реномирани имиња од македонската музичка сцена, кои ќе пружат уживање за сите генерации! Не дозволувајте да ви раскажуваат! Ова лето, дојдете и бидете дел од енергијата што ќе ја преплави Струмица. Подгответе се за Културни бранови на радоста, велат организаторите.

The post Струмица опен фестивал 2024 од вечерва под мотото „Културни бранови на радоста“ appeared first on Република.

]]>
FreeFlow Weekend 2024 во „Јавна соба“ https://republika.mk/scena/freeflow-weekend-2024-vo-javna-soba/ Sat, 10 Aug 2024 13:32:38 +0000 https://republika.mk/?p=805209

Денес и утре во Public Room во Скопје, ќе се одржи третото издание на FreeFlow Weekend.

Во програмата за оваа година ќе се одржат неколку активности низ кои учесниците ќе имаат можност да се изразат и развијат креативно, да напреднат во својот танц, да се запознаат со интернационални уметници и да се предизвикаат себеси и своето тело. Имаме предвидено 3 Хип-Хоп фристајл работилници со прекрасни гости и искусни танчари – Dadass Taisho, Anie Škrabánkova и Jana JP Petrovska, 2 и пол часовна џем сесија со DJ Anie, Hip-Hop battle 1vs1 со DJ Smoky M и уште многу изненадувања! Во сабота по работилниците не’ очекува after party, а во недела утрински ќе имаме отворена дискусија каде ќе зборуваме на теми: танц, battles, тренинзи, музика, заедница, култура, животен стил итн. За дискусијата не е потребна претходна онлајн регистрација и влезот за посетители е слободен.

 

Програма:

Сабота 10.8
Локација: Јавна Соба – 1 кат
10:00-11:00 ► РЕГИСТРАЦИЈА
11:00-12:30 ► РАБОТИЛНИЦА JP (MK, CZ)
12:45-14:15 ► РАБОТИЛНИЦА ANIE (CZ)
– ПАУЗА
15:30-17:00 ► РАБОТИЛНИЦА DADASS (FR, ES)
21:30 ► PARTY

 

Недела 11.8
Локација: Јавна Соба – 1 кат
10:00-11:00 ► ОТВОРЕНА ДИСКУСИЈА (теми: танц, бетлови, култура, заедница, музика итн.) – Дискусијата ќе биде водена на англиски јазик.
11:00- 12:00► РЕГИСТРАЦИЈА
12:00-14:30 ►ЏЕМ СЕСИЈА / ПРЕСЕЛЕКЦИЈА ЗА ТОП 16 – w/ DJ Anie
– ПАУЗА
15:30-18:00 ► HIP-HOP BATTLES 1vs1 – Судија Dadass (FR,ES) – w/ DJ Smoky-M, Host JP и специјален водител MC како изненадување!

Се гледаме!

The post FreeFlow Weekend 2024 во „Јавна соба“ appeared first on Република.

]]>

Денес и утре во Public Room во Скопје, ќе се одржи третото издание на FreeFlow Weekend.
Во програмата за оваа година ќе се одржат неколку активности низ кои учесниците ќе имаат можност да се изразат и развијат креативно, да напреднат во својот танц, да се запознаат со интернационални уметници и да се предизвикаат себеси и своето тело. Имаме предвидено 3 Хип-Хоп фристајл работилници со прекрасни гости и искусни танчари – Dadass Taisho, Anie Škrabánkova и Jana JP Petrovska, 2 и пол часовна џем сесија со DJ Anie, Hip-Hop battle 1vs1 со DJ Smoky M и уште многу изненадувања! Во сабота по работилниците не’ очекува after party, а во недела утрински ќе имаме отворена дискусија каде ќе зборуваме на теми: танц, battles, тренинзи, музика, заедница, култура, животен стил итн. За дискусијата не е потребна претходна онлајн регистрација и влезот за посетители е слободен.   Програма: Сабота 10.8 Локација: Јавна Соба – 1 кат 10:00-11:00 ► РЕГИСТРАЦИЈА 11:00-12:30 ► РАБОТИЛНИЦА JP (MK, CZ) 12:45-14:15 ► РАБОТИЛНИЦА ANIE (CZ) – ПАУЗА 15:30-17:00 ► РАБОТИЛНИЦА DADASS (FR, ES) 21:30 ► PARTY   Недела 11.8 Локација: Јавна Соба – 1 кат 10:00-11:00 ► ОТВОРЕНА ДИСКУСИЈА (теми: танц, бетлови, култура, заедница, музика итн.) – Дискусијата ќе биде водена на англиски јазик. 11:00- 12:00► РЕГИСТРАЦИЈА 12:00-14:30 ►ЏЕМ СЕСИЈА / ПРЕСЕЛЕКЦИЈА ЗА ТОП 16 – w/ DJ Anie – ПАУЗА 15:30-18:00 ► HIP-HOP BATTLES 1vs1 – Судија Dadass (FR,ES) – w/ DJ Smoky-M, Host JP и специјален водител MC како изненадување! Се гледаме!

The post FreeFlow Weekend 2024 во „Јавна соба“ appeared first on Република.

]]>
Жена од Србија го отплати кредит во Швајцарија, па викна музика https://republika.mk/zivot/zhena-od-srbija-go-otplati-kredit-vo-shvajtsarija-pa-vikna-muzika/ Wed, 24 Jul 2024 20:39:52 +0000 https://republika.mk/?p=784076

За многу луѓе, заемот во Швајцарија беше голема животна грешка, откако не можеа да си ги платат долговите. Една жена успеала да го исплати овој заем, па решила да прослави со музика

„Госпоѓата го исплати кредитот во CHF! Навистина не е шега, не е изданието „не се случи“, последната рата од кредитот ја прослави со прослава и музика договорена токму за тој настан!

Оваа слика им ја испратила жена чија свекрва штотуку го исплатила тој заем во швајцарски франци.

„Ова може да биде анегдота. Свекрва ми постојано велеше: „Кога ќе платам, ќе славам!“ А денес навистина слави. Со музика и како што доликува – објави таа со слика од прославата.

The post Жена од Србија го отплати кредит во Швајцарија, па викна музика appeared first on Република.

]]>

За многу луѓе, заемот во Швајцарија беше голема животна грешка, откако не можеа да си ги платат долговите. Една жена успеала да го исплати овој заем, па решила да прослави со музика „Госпоѓата го исплати кредитот во CHF! Навистина не е шега, не е изданието „не се случи“, последната рата од кредитот ја прослави со прослава и музика договорена токму за тој настан! Оваа слика им ја испратила жена чија свекрва штотуку го исплатила тој заем во швајцарски франци. „Ова може да биде анегдота. Свекрва ми постојано велеше: „Кога ќе платам, ќе славам!“ А денес навистина слави. Со музика и како што доликува – објави таа со слика од прославата.

The post Жена од Србија го отплати кредит во Швајцарија, па викна музика appeared first on Република.

]]>
„Сенки“- нов сингл на Хејз https://republika.mk/scena/senki-nov-singl-na-hejz/ Wed, 10 Jul 2024 11:45:58 +0000 https://republika.mk/?p=795330

Сенки е новиот сингл на Хејз (Haze), 4-ти од албумот Afterlife. Претходно се престави со Afterlife, Stargazing и Heaven.

Ненад Тодоровски е познат на македонската јавност под псевдонимот Тод Хејз (Todd Haze), под кој работи како музички продуцент и диџеј, а има издадено и повеќе од 20 синглови и ремикси. Има соработувано со Бобан Апостолов (naBBoo), Brass Brothers, Cyrillic, Galoski, Iwayo, Викторија Лоба и многу други.
Хејз (Haze) е неговиот најнов проект во кој се испреплетени повеќе стилови но најмногу доминира етно мелосот.

Синглот Сенки беше претставен на јавноста на 05.07.2024 преку македонската издавачка куќа Cafe De Anatolia која во моментов важи за една од најдобрите издавачки куќи позната по комбинацијата на модерна електронска музика со традиционална музика од Балканот и Блискиот Исток.

Основана е во 2017 година од Зоран Илиев (познат под псевдонимот Billy Esteban), неговата ќерка Моника Илиева и синот Никола Илиев. Cafe De Anatolia има добиено 31 награда на видео платформата YouTube – 3 златни плакети за над милион претплатници и 28 сребрени плакети за над 100.000 претпланици.

https://www.youtube.com/watch?v=g-BqALKGpGY&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvesti365.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post „Сенки“- нов сингл на Хејз appeared first on Република.

]]>

Сенки е новиот сингл на Хејз (Haze), 4-ти од албумот Afterlife. Претходно се престави со Afterlife, Stargazing и Heaven. Ненад Тодоровски е познат на македонската јавност под псевдонимот Тод Хејз (Todd Haze), под кој работи како музички продуцент и диџеј, а има издадено и повеќе од 20 синглови и ремикси. Има соработувано со Бобан Апостолов (naBBoo), Brass Brothers, Cyrillic, Galoski, Iwayo, Викторија Лоба и многу други. Хејз (Haze) е неговиот најнов проект во кој се испреплетени повеќе стилови но најмногу доминира етно мелосот. Синглот Сенки беше претставен на јавноста на 05.07.2024 преку македонската издавачка куќа Cafe De Anatolia која во моментов важи за една од најдобрите издавачки куќи позната по комбинацијата на модерна електронска музика со традиционална музика од Балканот и Блискиот Исток. Основана е во 2017 година од Зоран Илиев (познат под псевдонимот Billy Esteban), неговата ќерка Моника Илиева и синот Никола Илиев. Cafe De Anatolia има добиено 31 награда на видео платформата YouTube – 3 златни плакети за над милион претплатници и 28 сребрени плакети за над 100.000 претпланици. https://www.youtube.com/watch?v=g-BqALKGpGY&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvesti365.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post „Сенки“- нов сингл на Хејз appeared first on Република.

]]>
Дали вештачката интелегенција може да помогне да се направи подобра музика? https://republika.mk/scena/muzika/dali-veshtachkata-intelegentsija-mozhe-da-pomogne-da-se-napravi-podobra-muzika/ Mon, 10 Jun 2024 13:03:45 +0000 https://republika.mk/?p=786247

Примената на вештачката интелигенција и новите технологии во музиката се присутни меѓу македонските музичари и артисти одамна. Некои од нив ги применуваат делумно, а некои повеќе. Согласни се дека тие можат да бидат од корист во повеќе сегменти во креирање на музиката, но и во постпродукцијата, а особено за презентација на нивната музика преку користење на современите алатки и социјалните медиуми.

Се поставуваат низа прашања од тоа дали со примена на вештачката интелигенција секој од нас може да создава музика, како ќе се класифицира оваа музика, но и мошне важното прашање за авторските права и финансиското вреднување на таквите дела. Примената на вештачката интелегенција се смета дека би можела да значи нова револуција во музиката. Со помош на специјални компјутерски програми и алгоритми може да се создаваат нови песни креирани врз база на сета музика внесена при создавање на  вештачката интелигенција.

Во мај година, Европската унија го одобри првиот Закон за вештачка интелигенција во светот. Повеќе тела од креативната индустрија и од музичкиот свет во ЕУ ја поздравија оваа легислатива (CISAC, EMMA, GESAC, ICMP, IFPI, Impala и IMPF). Европската музичката индустрија водеше голема кампања за да се осигура дека Законот за вештачка интелигенција ги вклучува посакуваните регулативи околу авторските права.

Вештачката интелигенција може да помогне, но дали некој може да ја замени душата на композицијата

Користењето на вештачка интелигенција во креативниот процес, зависи од процесот кој самиот автор сака да го помине или забрза, вели џез музичарот и ко-сопственик на издавачката куќа „PMGJazz“, Владан Дробицки. Додава дека колку повеќе се употребува и внесуваме покомплицирани параметри, програмата сама се усовршува.

– Мислам дека зависи од типот на музика и процесот кој авторот сака да го помине, односно забрза. Сигурно процесот е доверлив и со тек на време ќе напредува. Колку повеќе се употребува, односно внесуваме покомплицирани параметри, програмот сам се усовршува, вели Дробицки.

Според него, доколку зборуваме за комерцијалната музика, прашањето дали би можеле или би требало да правиме дистинкција до каде е авторот, а од каде почнува вештачката интелигенција е ирелевантно, додека пак, во „уметничката музика“, вели нештата малку се комплицираат.

– Мислам дека уште некое време авторите ќе бидат безбедни. Вештачката интелигенција претпоставувам работи по некои параметри, а креативноста на авторите се мери по моќноста да избегаат од истите параметри, вели Дробицки.

Во врска со авторските права на делото при користењето на вештачката интелигенција, Дробицки прашува дали таа може да има сопственик и дали вештачката интелигенција ќе се развие во самостоен субјект без сопственост, но со своја свест. Доколку ја третираме како машина, Дробицки вели нема да бидат проблем авторските права.

– Дали може вештачката интелигенција да има сопственик и дали ќе се развие во самостоен субјект без сопственост, но со своја свест? Дали ќе биде машина? Ако ја третираме како машина, тогаш не се проблем авторските права. Тој што ја стартувал машината да направи некаков процес и внел параметри, е сопственик на делото. Всушност процесот на квази компонирање се менува. За да направиш песничка, не е потребна веќе диплома од музичко училиште, туку од училиште за програмери. Но да напоменам дека зборуваме за кич музика, вели Дробицки.

Познатата македонска пејачка, музичарка и професорка по соло пеење Андријана Јаневска во изјава за МИА вели дека вештачката интелигенција од многу одамна е застапена во музиката и оти уште пред дваесет години имало софтвери кои можеле да ги заменат придружните вокали. Нагласува дека таа е секогаш за се што е напредно и се што може да се искористи во моментов. Јаневска вели дека вештачката интелигенција може да има практична примена во одредување тоналитет на песна, темпо, хармонија, итн.Т оа што порано не можело, додава пејачката и професорка, сега со сигурност може да се примени во продукција и постпродукција, во миксање, во едитирање, во мастеринг...

- На пример јас сум пеела придружни вокали на многу македонски уметници и знам дека уште пред 20 години имаше софтвери кои можеа да ги заменат придружните вокали, буквално да ја испеат целата хармонија, нормално доколку ја имаат бојата на вашиот глас, така што тоа е една од работите кои со сигурност може денес да се применува. Понатаму исто така знам дека уште во минатото многу од големите светски ѕвезди користеа на своите јавни концертни настапи софтвер којшто во вистинско време додека пеат го корегира гласот, односно фреквенцијата, мелодиската линија за да не звучи фалш...и.т.н Меѓутоа во последно време сме сведоци дека и тоа како може да помогне па и да одмогне некогаш, истакнува Јаневска.

За тоа дали може да се користи вештачка интелигенција при компонирање музика, посочува дека може и оти со сигурност знае дека постојат софтвери не само за компонирање туку да го анализираат и текстот и емоцијата во него. - Сепак останува да видиме што е со душата на композицијата која не знам дали ќе може некој робот или вештачка интелигенција да ја замени, рече Јаневска

Пејачката и професорка неодамна докторираше на тема „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“ на Институтот за фолклор и вели дека сите песни ги собирала рачно, но оти добро е што овие песни ќе бидат дигитализирани и ќе има електронско издание.

– Ќе го има на интернет и нема да може едноставно некој да кажува дека тие песни се туѓи, вели Јаневска.

Независните музичари имаат шанса да не зависат од големите издавачки куќи

Продуцентот и сопственик на „Morion Records“, Бобан Лазовски, кој глобално настапува под уметничкото име „Egorythmia“, смета дека со примената на вештачката интелигенција независните артисти добиваат шанса со минимум средства да дојдат до издание, како и да не зависат од големите издавачки куќи.

– Независниот артист сега добива голема шанса, да не му требаат огромен број на средства за издание и да не зависи од големите издавачки куќи. Со помош на вештачката интелигенција независниот артист може да дојде до издание кое што нема да го чини огромна сума на пари. Во денешно време да покриеш едно издание со вештачка интелигенција се доволни 20, 30 или 50 евра. Не зборам во смисла вештачката интелигенција да ја направи музиката, туку делот од промоција како кавери, маркетиншка стратегија, текст и слични работи, употреба на синтови, некои што претходно не си можел да ги употребуваш. Мислам дека независниот артист, ќе добие една голема шанса и може да биде победа над големите издавачки куќи на светско ниво во сите жанрови на музиката, рече Лазовски.

Индивидуално, вели музичарот, секој одлучува колку и како ќе ја користи вештачката интелигенција. Според него, достапноста за користење на вештачка интелигенција во полето на електронската музичка индустрија може да доведе до еден вид хаос и затоа, вели ќе опстанат артистите кои што се најкреативни и најинтелигентно ќе ги користат нејзините придобивки.

– Имам информации, некои гласини од Србија, каде што имав прилика да слушнам што може да направи вештачката интелигенција како музика, конкретно електронска музика, и прилично сум изненаден од нивото до каде е стигната и тоа сега веројатно за скоро време ќе оди во продажба како апликација и ќе настане еден огромен хаос. Затоа мислам дека ќе опстанат артистите кои што се најкреативни и најинтелигентно ќе го користат сето тоа, вели Лазовски.

За тоа колку може да се потпреме на вештачката интелигенција, младиот продуцент Љубен Дерибан, вели сѐ додека авторот активно размислува за крајниот производ, би требало да ги задржи авторските права на делото.

– Сѐ додека е добра песната е во ред, без разлика кој ја направил. Не сум размислувал многу на темата, но на пример, има песна од Дрејк, на која некој го направил битот, а со користење на вештачка интелигенција има глас од Дрејк и е предобра. Сѐ додека некој активно размислува за музиката, на темата и како сака да е крајниот производ мислам дека може да се каже дека е авторска и тој да ги задржи правата, вели Дерибан.

The post Дали вештачката интелегенција може да помогне да се направи подобра музика? appeared first on Република.

]]>

Примената на вештачката интелигенција и новите технологии во музиката се присутни меѓу македонските музичари и артисти одамна. Некои од нив ги применуваат делумно, а некои повеќе. Согласни се дека тие можат да бидат од корист во повеќе сегменти во креирање на музиката, но и во постпродукцијата, а особено за презентација на нивната музика преку користење на современите алатки и социјалните медиуми. Се поставуваат низа прашања од тоа дали со примена на вештачката интелигенција секој од нас може да создава музика, како ќе се класифицира оваа музика, но и мошне важното прашање за авторските права и финансиското вреднување на таквите дела. Примената на вештачката интелегенција се смета дека би можела да значи нова револуција во музиката. Со помош на специјални компјутерски програми и алгоритми може да се создаваат нови песни креирани врз база на сета музика внесена при создавање на  вештачката интелигенција. Во мај година, Европската унија го одобри првиот Закон за вештачка интелигенција во светот. Повеќе тела од креативната индустрија и од музичкиот свет во ЕУ ја поздравија оваа легислатива (CISAC, EMMA, GESAC, ICMP, IFPI, Impala и IMPF). Европската музичката индустрија водеше голема кампања за да се осигура дека Законот за вештачка интелигенција ги вклучува посакуваните регулативи околу авторските права. Вештачката интелигенција може да помогне, но дали некој може да ја замени душата на композицијата Користењето на вештачка интелигенција во креативниот процес, зависи од процесот кој самиот автор сака да го помине или забрза, вели џез музичарот и ко-сопственик на издавачката куќа „PMGJazz“, Владан Дробицки. Додава дека колку повеќе се употребува и внесуваме покомплицирани параметри, програмата сама се усовршува. – Мислам дека зависи од типот на музика и процесот кој авторот сака да го помине, односно забрза. Сигурно процесот е доверлив и со тек на време ќе напредува. Колку повеќе се употребува, односно внесуваме покомплицирани параметри, програмот сам се усовршува, вели Дробицки. Според него, доколку зборуваме за комерцијалната музика, прашањето дали би можеле или би требало да правиме дистинкција до каде е авторот, а од каде почнува вештачката интелигенција е ирелевантно, додека пак, во „уметничката музика“, вели нештата малку се комплицираат.
– Мислам дека уште некое време авторите ќе бидат безбедни. Вештачката интелигенција претпоставувам работи по некои параметри, а креативноста на авторите се мери по моќноста да избегаат од истите параметри, вели Дробицки.
Во врска со авторските права на делото при користењето на вештачката интелигенција, Дробицки прашува дали таа може да има сопственик и дали вештачката интелигенција ќе се развие во самостоен субјект без сопственост, но со своја свест. Доколку ја третираме како машина, Дробицки вели нема да бидат проблем авторските права. – Дали може вештачката интелигенција да има сопственик и дали ќе се развие во самостоен субјект без сопственост, но со своја свест? Дали ќе биде машина? Ако ја третираме како машина, тогаш не се проблем авторските права. Тој што ја стартувал машината да направи некаков процес и внел параметри, е сопственик на делото. Всушност процесот на квази компонирање се менува. За да направиш песничка, не е потребна веќе диплома од музичко училиште, туку од училиште за програмери. Но да напоменам дека зборуваме за кич музика, вели Дробицки. Познатата македонска пејачка, музичарка и професорка по соло пеење Андријана Јаневска во изјава за МИА вели дека вештачката интелигенција од многу одамна е застапена во музиката и оти уште пред дваесет години имало софтвери кои можеле да ги заменат придружните вокали. Нагласува дека таа е секогаш за се што е напредно и се што може да се искористи во моментов. Јаневска вели дека вештачката интелигенција може да има практична примена во одредување тоналитет на песна, темпо, хармонија, итн.Т оа што порано не можело, додава пејачката и професорка, сега со сигурност може да се примени во продукција и постпродукција, во миксање, во едитирање, во мастеринг...
- На пример јас сум пеела придружни вокали на многу македонски уметници и знам дека уште пред 20 години имаше софтвери кои можеа да ги заменат придружните вокали, буквално да ја испеат целата хармонија, нормално доколку ја имаат бојата на вашиот глас, така што тоа е една од работите кои со сигурност може денес да се применува. Понатаму исто така знам дека уште во минатото многу од големите светски ѕвезди користеа на своите јавни концертни настапи софтвер којшто во вистинско време додека пеат го корегира гласот, односно фреквенцијата, мелодиската линија за да не звучи фалш...и.т.н Меѓутоа во последно време сме сведоци дека и тоа како може да помогне па и да одмогне некогаш, истакнува Јаневска.
За тоа дали може да се користи вештачка интелигенција при компонирање музика, посочува дека може и оти со сигурност знае дека постојат софтвери не само за компонирање туку да го анализираат и текстот и емоцијата во него. - Сепак останува да видиме што е со душата на композицијата која не знам дали ќе може некој робот или вештачка интелигенција да ја замени, рече Јаневска Пејачката и професорка неодамна докторираше на тема „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“ на Институтот за фолклор и вели дека сите песни ги собирала рачно, но оти добро е што овие песни ќе бидат дигитализирани и ќе има електронско издание. – Ќе го има на интернет и нема да може едноставно некој да кажува дека тие песни се туѓи, вели Јаневска. Независните музичари имаат шанса да не зависат од големите издавачки куќи Продуцентот и сопственик на „Morion Records“, Бобан Лазовски, кој глобално настапува под уметничкото име „Egorythmia“, смета дека со примената на вештачката интелигенција независните артисти добиваат шанса со минимум средства да дојдат до издание, како и да не зависат од големите издавачки куќи.
– Независниот артист сега добива голема шанса, да не му требаат огромен број на средства за издание и да не зависи од големите издавачки куќи. Со помош на вештачката интелигенција независниот артист може да дојде до издание кое што нема да го чини огромна сума на пари. Во денешно време да покриеш едно издание со вештачка интелигенција се доволни 20, 30 или 50 евра. Не зборам во смисла вештачката интелигенција да ја направи музиката, туку делот од промоција како кавери, маркетиншка стратегија, текст и слични работи, употреба на синтови, некои што претходно не си можел да ги употребуваш. Мислам дека независниот артист, ќе добие една голема шанса и може да биде победа над големите издавачки куќи на светско ниво во сите жанрови на музиката, рече Лазовски.
Индивидуално, вели музичарот, секој одлучува колку и како ќе ја користи вештачката интелигенција. Според него, достапноста за користење на вештачка интелигенција во полето на електронската музичка индустрија може да доведе до еден вид хаос и затоа, вели ќе опстанат артистите кои што се најкреативни и најинтелигентно ќе ги користат нејзините придобивки.
– Имам информации, некои гласини од Србија, каде што имав прилика да слушнам што може да направи вештачката интелигенција како музика, конкретно електронска музика, и прилично сум изненаден од нивото до каде е стигната и тоа сега веројатно за скоро време ќе оди во продажба како апликација и ќе настане еден огромен хаос. Затоа мислам дека ќе опстанат артистите кои што се најкреативни и најинтелигентно ќе го користат сето тоа, вели Лазовски.
За тоа колку може да се потпреме на вештачката интелигенција, младиот продуцент Љубен Дерибан, вели сѐ додека авторот активно размислува за крајниот производ, би требало да ги задржи авторските права на делото. – Сѐ додека е добра песната е во ред, без разлика кој ја направил. Не сум размислувал многу на темата, но на пример, има песна од Дрејк, на која некој го направил битот, а со користење на вештачка интелигенција има глас од Дрејк и е предобра. Сѐ додека некој активно размислува за музиката, на темата и како сака да е крајниот производ мислам дека може да се каже дека е авторска и тој да ги задржи правата, вели Дерибан.

The post Дали вештачката интелегенција може да помогне да се направи подобра музика? appeared first on Република.

]]>
Свирењето на музички инструмент или пеењето го подобрува мозокот во староста https://republika.mk/zivot/zdravje/svireneto-na-muzichki-instrument-ili-peeneto-go-podobruva-mozokot-vo-starosta/ Tue, 30 Jan 2024 09:42:25 +0000 https://republika.mk/?p=738468

Британските истражувачи велат дека свирењето на музички инструмент или пеењето има ефективно влијание врз состојбата на мозокот во староста.

Резултатите од нивната студија покажуваат дека вежбањето или читањето музички ноти е добро за меморирање и решавање на сложени задачи.

Во анализата објавена во International Journal of Geriatric Psychiatry, тие наведуваат дека музиката треба да се гледа како начин на живот кој го одржува здравјето на мозокот.

Тие анкетирале повеќе од 1.100 луѓе на возраст над 40 години.

Просечната возраст на испитаниците била 68 години.

Научниците од Универзитетот во Ексетер ги анализираа податоците за нивните мозочни функции како дел од пошироката студија која се занимаваше со тоа како нашиот мозок старее и зошто луѓето развиваат деменција.

Тие набљудуваа како функционира свирењето на инструмент, пеењето, читањето и слушањето музика.

Научниците ги споредиле когнитивните податоци на луѓето кои се занимавале со музика на кој било начин во нивните животи и оние кои не се занимавале со музика.

Резултатите покажале дека имало позитивни ефекти кај луѓето кои свиреле на музички инструменти, што можеби е резултат на „повеќе когнитивни активности“.

Свирењето пијано или клавијатури се чинеше дека е најефикасно, но свирењето на дувачки и дрвени инструменти исто така се покажа корисно.

Само слушањето музика не е доволно за когнитивното здравје.

И пеењето е лековито, велат истражувачите, а една од причините е социјалниот аспект на таа активност, како што е пеењето во хор или во група.

Тоа е чувствителен тест на мозокот и ние сме во можност да ги разгледаме поединечните аспекти на функцијата на мозокот, како што се краткорочната меморија, долгорочната меморија, решавањето проблеми и колку интересната музика влијае на ова“, објаснува Ен Корбет, авторка на студијата за Би-Би-Си.

„Овие наоди во голема мера ги потврдуваат придобивките од музиката, со кои веќе бевме запознаени. „Свирењето на инструмент е ефективно, особено кога продолжувате да го свирите во постарите години“, додаде таа.

 

The post Свирењето на музички инструмент или пеењето го подобрува мозокот во староста appeared first on Република.

]]>

Британските истражувачи велат дека свирењето на музички инструмент или пеењето има ефективно влијание врз состојбата на мозокот во староста. Резултатите од нивната студија покажуваат дека вежбањето или читањето музички ноти е добро за меморирање и решавање на сложени задачи. Во анализата објавена во International Journal of Geriatric Psychiatry, тие наведуваат дека музиката треба да се гледа како начин на живот кој го одржува здравјето на мозокот. Тие анкетирале повеќе од 1.100 луѓе на возраст над 40 години. Просечната возраст на испитаниците била 68 години. Научниците од Универзитетот во Ексетер ги анализираа податоците за нивните мозочни функции како дел од пошироката студија која се занимаваше со тоа како нашиот мозок старее и зошто луѓето развиваат деменција. Тие набљудуваа како функционира свирењето на инструмент, пеењето, читањето и слушањето музика. Научниците ги споредиле когнитивните податоци на луѓето кои се занимавале со музика на кој било начин во нивните животи и оние кои не се занимавале со музика. Резултатите покажале дека имало позитивни ефекти кај луѓето кои свиреле на музички инструменти, што можеби е резултат на „повеќе когнитивни активности“. Свирењето пијано или клавијатури се чинеше дека е најефикасно, но свирењето на дувачки и дрвени инструменти исто така се покажа корисно. Само слушањето музика не е доволно за когнитивното здравје. И пеењето е лековито, велат истражувачите, а една од причините е социјалниот аспект на таа активност, како што е пеењето во хор или во група.
Тоа е чувствителен тест на мозокот и ние сме во можност да ги разгледаме поединечните аспекти на функцијата на мозокот, како што се краткорочната меморија, долгорочната меморија, решавањето проблеми и колку интересната музика влијае на ова“, објаснува Ен Корбет, авторка на студијата за Би-Би-Си.
„Овие наоди во голема мера ги потврдуваат придобивките од музиката, со кои веќе бевме запознаени. „Свирењето на инструмент е ефективно, особено кога продолжувате да го свирите во постарите години“, додаде таа.  

The post Свирењето на музички инструмент или пеењето го подобрува мозокот во староста appeared first on Република.

]]>
Оваа песна го намалува стресот како ниту една друга https://republika.mk/zivot/psihologija/ovaa-pesna-go-namaluva-stresot-kako-nitu-edna-druga/ Sun, 24 Sep 2023 09:00:36 +0000 https://republika.mk/?p=682212

Ако барате начин да се ослободите од стресот и анксиозноста, слушањето музика може да ви помогне.

Сепак, тоа не е било која музика. Имено, невромаркетинг компанијата „Мајнлаб интернешнл“ (Mindlab International“ направила студија во која учесниците во истражувањето решавале предизвикувачки загатки додека слушале музика. На списокот имало 10 песни, а научниците ги користеле податоците снимени во сензорот за да ги измерат промените во отчукувањата на срцето, крвниот притисок и дишењето на испитаниците.

Истражувањата покажале дека песната „Weightless“ на Маркони Јунион ја намалува анксиозноста за дури 65 проценти, а песната го држеше првото место со години.

Сепак, во моментов, таа песна е надмината од „Strawberry Swing“ од Колдплеј, која до неодамна го држеше петтото место на листата на песни кои го намалуваат стресот, пренесува „Индекс“.

https://www.youtube.com/watch?v=h3pJZSTQqIg

Ова е целосната листа на песни кои помагаат за намалување на стресот:

10. „We Can Fly“ - Rue du Soleil (Café Del Mar)

9. „Canzonetta Sull’aria“ - Mozart

8. „Someone Like You“ - Adele

7. „Pure Shores“ - All Saints

6. „Please Don’t Go“ - Barcelona

5. „Watermark“ - Enya

4. „Mellomaniac (Chill Out Mix)“ - DJ Shah

3. „Electra“ - Airstream

2. „Weightless“ - Marconi Union

1. „Strawberry Swing“ - Coldplay

The post Оваа песна го намалува стресот како ниту една друга appeared first on Република.

]]>

Ако барате начин да се ослободите од стресот и анксиозноста, слушањето музика може да ви помогне. Сепак, тоа не е било која музика. Имено, невромаркетинг компанијата „Мајнлаб интернешнл“ (Mindlab International“ направила студија во која учесниците во истражувањето решавале предизвикувачки загатки додека слушале музика. На списокот имало 10 песни, а научниците ги користеле податоците снимени во сензорот за да ги измерат промените во отчукувањата на срцето, крвниот притисок и дишењето на испитаниците. Истражувањата покажале дека песната „Weightless“ на Маркони Јунион ја намалува анксиозноста за дури 65 проценти, а песната го држеше првото место со години. Сепак, во моментов, таа песна е надмината од „Strawberry Swing“ од Колдплеј, која до неодамна го држеше петтото место на листата на песни кои го намалуваат стресот, пренесува „Индекс“. https://www.youtube.com/watch?v=h3pJZSTQqIg Ова е целосната листа на песни кои помагаат за намалување на стресот: 10. „We Can Fly“ - Rue du Soleil (Café Del Mar) 9. „Canzonetta Sull’aria“ - Mozart 8. „Someone Like You“ - Adele 7. „Pure Shores“ - All Saints 6. „Please Don’t Go“ - Barcelona 5. „Watermark“ - Enya 4. „Mellomaniac (Chill Out Mix)“ - DJ Shah 3. „Electra“ - Airstream 2. „Weightless“ - Marconi Union 1. „Strawberry Swing“ - Coldplay

The post Оваа песна го намалува стресот како ниту една друга appeared first on Република.

]]>
АНДЕРФЕСТ ќе се одржи по петти пат на 13-ти октомври во МКЦ https://republika.mk/scena/muzika/anderfest-ke-se-odrzhi-po-petti-pat-na-13-ti-oktomvri-vo-mkts/ Wed, 23 Aug 2023 09:50:35 +0000 https://republika.mk/?p=674889

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ ќе се одржи по петти пат на 13.ти октомври 2023 година во Младинскиот културен центар (МКЦ).

Публиката и овој пат на овој ЈУБИЛЕЈ ќе има можност да ужива во музиката од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава која ќе покаже дека е одлична, велат организаторите на Андерфест.

Андерфест фестивалот веќе добро се препознава од страна на младите уметници и публиката и ова претставува единствен фестивал кај нас што е целосно посветен на младите актуелни музичари.

Од најавените бендови сите се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња, за кои организаторите очекуваат многу публика и забава.

На Андерфест 5 ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.

„Едвај чекаме овие шест бенда да се качат на сцената во МКЦ и да го превртат фестивалскиот под наопаку. Исто и вие?“, прашуваат организаторите од Андерфест Скопје

Продажбата на карти за концертот e започната и истите можете да ги набавите преку следниот линк https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1292

За првите 100 карти цената ќе биде 300 денари, потоа 400 денари, а на врата последен ден 500 денари.

Повеќе инфо за настанот:
https://www.instagram.com/underfest_festival_skopje/

The post АНДЕРФЕСТ ќе се одржи по петти пат на 13-ти октомври во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ ќе се одржи по петти пат на 13.ти октомври 2023 година во Младинскиот културен центар (МКЦ).

Публиката и овој пат на овој ЈУБИЛЕЈ ќе има можност да ужива во музиката од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава која ќе покаже дека е одлична, велат организаторите на Андерфест.

Андерфест фестивалот веќе добро се препознава од страна на младите уметници и публиката и ова претставува единствен фестивал кај нас што е целосно посветен на младите актуелни музичари.

Од најавените бендови сите се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња, за кои организаторите очекуваат многу публика и забава.

На Андерфест 5 ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.

„Едвај чекаме овие шест бенда да се качат на сцената во МКЦ и да го превртат фестивалскиот под наопаку. Исто и вие?“, прашуваат организаторите од Андерфест Скопје

Продажбата на карти за концертот e започната и истите можете да ги набавите преку следниот линк https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1292

За првите 100 карти цената ќе биде 300 денари, потоа 400 денари, а на врата последен ден 500 денари.

Повеќе инфо за настанот: https://www.instagram.com/underfest_festival_skopje/

The post АНДЕРФЕСТ ќе се одржи по петти пат на 13-ти октомври во МКЦ appeared first on Република.

]]>
Фестивалот „300 Работи, Триста“ од 10 до 12 август во Битола, филмови, книги, изложби… https://republika.mk/vesti/kultura/festivalot-300-raboti-trista-od-10-do-12-avgust-vo-bitola-filmovi-knigi-izlozhbi/ Thu, 10 Aug 2023 07:08:26 +0000 https://republika.mk/?p=670582

Фестивалот “300 Работи, Триста“ е една од поистакнатите културни манифестации во Битола и регионот, која веќе привлекува бројни посетители и учесници. Досега, фестивалот ја имаше честа да прими повеќе од 180 уметници од различни делови на светот, меѓу кои и  Србија, Албанија, Франција, Италија, Грција, Шпанија, Чешка, Словачка, Естонија, Финска, Индија, Р. Кина, САД, Канада и други.

Оваа богата и разновидна лепеза на уметници ја чини оваа манифестација една значајна културна одредница која го збогатува културното битисување на Битола. Официјалното отварање на фестивалот ќе биде на 10 август во 20 часот со битолската премиера на филмот „Некрстени денови“ (Ballad of Piargy, 2022), дело на нашиот познат и признат режисер Иво Трајков, во киното Манаки.

На 11 август во Офицерскиот дом со почеток од 20:00 часот ќе биде промовирана Книгата – „Прирачник за сценаристот: Водич на писателот за сценарио за документарни и играни филмови“ на Игор Трајковски Фоја, рецензенти Иво Трајкв, Томаш Петрањ, Антонио Митриќески, и Сашо Кокаланов. Промотер на книгата е нашиот познат глумец Марјан Георгиевски.

Покрај промоцијата на оваа дело, ќе биде отворена и изложбата на уметнички дела со наслов: ЛИМИНАЛ, од младата и преспективна авторка, Јана Танчевска. Овој настан музички ќе биде збогатен со музички изведби на Николче Петкоски.

Затварањето на фестивалот ќе биде на 12 август со проекција на краткометражниот игран филм „Синиот час” по сценарио и во режија на Ана Јакимска во 20 часот, во просторот пред Радост. Покрај филмот ќе биде промовирана и книгата – „Колегиумски записник 010“, збирка на литературни дела, фотографии, дизајни и цртежи. Овој зборник е продолжение на низата „Колегиумски записници и тоа: 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 и 9. Во просторот ќе има изложба на фотографии, ликовни дела, секако со посебен акцент на младата публика и дебитанските автори. Целиот настан ќе биде музички пропратен со настап во живо на Box Beater.

The post Фестивалот „300 Работи, Триста“ од 10 до 12 август во Битола, филмови, книги, изложби… appeared first on Република.

]]>

Фестивалот “300 Работи, Триста“ е една од поистакнатите културни манифестации во Битола и регионот, која веќе привлекува бројни посетители и учесници. Досега, фестивалот ја имаше честа да прими повеќе од 180 уметници од различни делови на светот, меѓу кои и  Србија, Албанија, Франција, Италија, Грција, Шпанија, Чешка, Словачка, Естонија, Финска, Индија, Р. Кина, САД, Канада и други. Оваа богата и разновидна лепеза на уметници ја чини оваа манифестација една значајна културна одредница која го збогатува културното битисување на Битола. Официјалното отварање на фестивалот ќе биде на 10 август во 20 часот со битолската премиера на филмот „Некрстени денови“ (Ballad of Piargy, 2022), дело на нашиот познат и признат режисер Иво Трајков, во киното Манаки. На 11 август во Офицерскиот дом со почеток од 20:00 часот ќе биде промовирана Книгата – „Прирачник за сценаристот: Водич на писателот за сценарио за документарни и играни филмови“ на Игор Трајковски Фоја, рецензенти Иво Трајкв, Томаш Петрањ, Антонио Митриќески, и Сашо Кокаланов. Промотер на книгата е нашиот познат глумец Марјан Георгиевски. Покрај промоцијата на оваа дело, ќе биде отворена и изложбата на уметнички дела со наслов: ЛИМИНАЛ, од младата и преспективна авторка, Јана Танчевска. Овој настан музички ќе биде збогатен со музички изведби на Николче Петкоски. Затварањето на фестивалот ќе биде на 12 август со проекција на краткометражниот игран филм „Синиот час” по сценарио и во режија на Ана Јакимска во 20 часот, во просторот пред Радост. Покрај филмот ќе биде промовирана и книгата – „Колегиумски записник 010“, збирка на литературни дела, фотографии, дизајни и цртежи. Овој зборник е продолжение на низата „Колегиумски записници и тоа: 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 и 9. Во просторот ќе има изложба на фотографии, ликовни дела, секако со посебен акцент на младата публика и дебитанските автори. Целиот настан ќе биде музички пропратен со настап во живо на Box Beater.

The post Фестивалот „300 Работи, Триста“ од 10 до 12 август во Битола, филмови, книги, изложби… appeared first on Република.

]]>
Музичката платформа „Терапија“ номинирана за престижната „Амбасадор“ награда https://republika.mk/scena/muzika/muzichkata-platforma-terapija-nominirana-za-prestiznata-ambasador-nagrada/ Thu, 17 Nov 2022 11:52:41 +0000 https://republika.mk/?p=574904

Македонската музичка патформа „Терапија“, која дава поддршка на електронската клупска сцена е номинирана за наградата „Амбасадор“, која се доделува во Хрватска, а се однесува и за регионалната електронска сцена. Можете да гласате на овој линк: https://bit.ly/3Ecp3sK.

„Терапија“ е номинирана за награда во групата: „Регионален медиум на годината“, како платформа која дава простор за промоција на домашни, регионални и европски DJ артисти.

Ова е прв пат, Македонија да влезе во потесен избор за оваа престижна награда, која овозможува соработка и поврзување на артистите од електронската клупска сцена, но и на целокупниот креативен сектор.

Наградата Амбасадор се доделува од 2016 година. Претставува платформа која ги истакнува најдобрите музички фестивали, клубови, уметници, музички платформи и слично.

Основачот на „Терапија“, Тренчева Слободанка – Боте се заблагодарува до сите соработници и претставници на музичкиот сектор од регионот, но во својата изјава говори и за недостатокот од домашна поддршка.

„Голема благодарност до земјите од регионот, како Хрватска, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Бугарија, до сите кои препознаа дека Терапија е нешто повеќе од музичка платформа. Домашната стручна јавност беше порезервирана, но научена сум да го одам потешкиот пат. За повеќе да те вреднуваат во Македонија треба да добиеш признание на меѓународно ниво. За жал, ова е пракса и во други сектори и сегменти од општеството. Терапија продолжува да биде светла точка, да ја афирмира земјата, клупската сцена и културното наследство. Без компромиси и без граници“, изјави Тренчева Слободанка – Боте.

Во изминатиот период, „Терапија“ се фокусираше и на организирање на перформанси на значајни спомен-обележја кои се дел од македонското културно наследство, но и јавни простори кои се важни за заедницата.

The post Музичката платформа „Терапија“ номинирана за престижната „Амбасадор“ награда appeared first on Република.

]]>

Македонската музичка патформа „Терапија“, која дава поддршка на електронската клупска сцена е номинирана за наградата „Амбасадор“, која се доделува во Хрватска, а се однесува и за регионалната електронска сцена. Можете да гласате на овој линк: https://bit.ly/3Ecp3sK. „Терапија“ е номинирана за награда во групата: „Регионален медиум на годината“, како платформа која дава простор за промоција на домашни, регионални и европски DJ артисти. Ова е прв пат, Македонија да влезе во потесен избор за оваа престижна награда, која овозможува соработка и поврзување на артистите од електронската клупска сцена, но и на целокупниот креативен сектор. Наградата Амбасадор се доделува од 2016 година. Претставува платформа која ги истакнува најдобрите музички фестивали, клубови, уметници, музички платформи и слично. Основачот на „Терапија“, Тренчева Слободанка – Боте се заблагодарува до сите соработници и претставници на музичкиот сектор од регионот, но во својата изјава говори и за недостатокот од домашна поддршка. „Голема благодарност до земјите од регионот, како Хрватска, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Бугарија, до сите кои препознаа дека Терапија е нешто повеќе од музичка платформа. Домашната стручна јавност беше порезервирана, но научена сум да го одам потешкиот пат. За повеќе да те вреднуваат во Македонија треба да добиеш признание на меѓународно ниво. За жал, ова е пракса и во други сектори и сегменти од општеството. Терапија продолжува да биде светла точка, да ја афирмира земјата, клупската сцена и културното наследство. Без компромиси и без граници“, изјави Тренчева Слободанка – Боте. Во изминатиот период, „Терапија“ се фокусираше и на организирање на перформанси на значајни спомен-обележја кои се дел од македонското културно наследство, но и јавни простори кои се важни за заедницата.

The post Музичката платформа „Терапија“ номинирана за престижната „Амбасадор“ награда appeared first on Република.

]]>
„Златна лира“ од Сојузот на музичко-балетски уметници од Бугарија доделена на македонскиот трубач Љупчо Коскаров https://republika.mk/vesti/kultura/zlatna-lira-od-sojuzot-na-muzichko-baletski-umetnici-od-bugarija-dodelena-na-makedonskiot-trubach-ljupcho-koskarov/ Thu, 10 Nov 2022 12:26:44 +0000 https://republika.mk/?p=572306

На јубилејното 60-то издание на манифестацијата „Кристално лира 2022“ на кој Сојузот на музичко-балетски уметници од Бугарија беше доделена наградата „Златна лира“ за највисоки достигнувања во областа на музиката и танцот.

Оваа година наградата „Златна лира“ ја доби проф. д-р Љупчо Коскаров, по повод неговиот јубилеј 35 години уметничка, педагошка и творечка дејност.

Проф. д-р Љупчо Коскаров е еден од најистакнатите трубачи во земјата, и промотор на македонската музика и култура низ светот.

Ова е уште една потврда дека уметноста е најголемиот мост за поврзување на народите и најдобриот начин за изразување на почит, взаемност и пријателство.

The post „Златна лира“ од Сојузот на музичко-балетски уметници од Бугарија доделена на македонскиот трубач Љупчо Коскаров appeared first on Република.

]]>

На јубилејното 60-то издание на манифестацијата „Кристално лира 2022“ на кој Сојузот на музичко-балетски уметници од Бугарија беше доделена наградата „Златна лира“ за највисоки достигнувања во областа на музиката и танцот. Оваа година наградата „Златна лира“ ја доби проф. д-р Љупчо Коскаров, по повод неговиот јубилеј 35 години уметничка, педагошка и творечка дејност. Проф. д-р Љупчо Коскаров е еден од најистакнатите трубачи во земјата, и промотор на македонската музика и култура низ светот. Ова е уште една потврда дека уметноста е најголемиот мост за поврзување на народите и најдобриот начин за изразување на почит, взаемност и пријателство.

The post „Златна лира“ од Сојузот на музичко-балетски уметници од Бугарија доделена на македонскиот трубач Љупчо Коскаров appeared first on Република.

]]>
На СВП Промовирана антологијата „Музика, секогаш и уште (поезијата во дијалог со музиката)“ https://republika.mk/vesti/kultura/na-svp-promovirana-antologijata-muzika-sekogash-i-ushte-poezijata-vo-dijalog-so-muzikata/ Sat, 27 Aug 2022 10:49:21 +0000 https://republika.mk/?p=544672

Tематската антологија „Музика, секогаш и уште (поезијата во дијалог со музиката)“, беше промовирана синоќа во рамки на „Струшките вечери на поезијата“, во Центарот за култура „Браќа Миладиновсци“ во Струга.

Антологијата содржи 250 песни од македонски и странски поети, а сите ги обединува врската со музиката. Книгата ја приреди македонскиот поет, раскажувач, есеист, теоретичар и преведувач Владимир Мартиновски. На корицата е дело од Димитар Кондовски.

Историјатот на фестивалот „Струшките вечери на поезијата“, чијашто химна, патем кажано, е токму „Т’га за југ“ е силно сведоштво дека и во современата (македонска и светска) поезија музиката останува неразделна од поетскиот чин. Песните на венценосците Окуџава, Ајги и Алберти, Енцесбергер, Адонис и Загајевски, Морехон, Атвуд и Ен Дафи, Сенгор, Конески и Гинзберг, Матевски, Пачеко и Ко Ун, Мервин, Симиќ и Ор, Левчев, Павловиќ и Транстромер, сè до поезијата на годинешниот лауреат Шунтаро Таникава, се најдобра поткрепа за аксиомата дека поезијата и музиката се „неразделни уметности“. Оттука, за да го доловиме присуството на музичкиот топос во современата македонска и светска поезија, доминантниот дел од лирскиот корпус на овој тематски избор од 250 песни го сочинуваат токму песни на добитниците на наградите „Златен венец” и „Браќа Миладиновци”, како и на голем број учесници на СВП. Се надевам дека овој тематски избор ќе го поттикне вашето љубопитство за големата, примордијална и вечно жива врска меѓу поезијата и музиката, истакна приредувачот Мартиновски.

Антологијата е приредена специјално за 61. издание на „Струшките вечери на поезијата“, кои годинава се одржуваат под мотото „Ритамот на стихот, ритамот на животот“.

The post На СВП Промовирана антологијата „Музика, секогаш и уште (поезијата во дијалог со музиката)“ appeared first on Република.

]]>

Tематската антологија „Музика, секогаш и уште (поезијата во дијалог со музиката)“, беше промовирана синоќа во рамки на „Струшките вечери на поезијата“, во Центарот за култура „Браќа Миладиновсци“ во Струга. Антологијата содржи 250 песни од македонски и странски поети, а сите ги обединува врската со музиката. Книгата ја приреди македонскиот поет, раскажувач, есеист, теоретичар и преведувач Владимир Мартиновски. На корицата е дело од Димитар Кондовски.
Историјатот на фестивалот „Струшките вечери на поезијата“, чијашто химна, патем кажано, е токму „Т’га за југ“ е силно сведоштво дека и во современата (македонска и светска) поезија музиката останува неразделна од поетскиот чин. Песните на венценосците Окуџава, Ајги и Алберти, Енцесбергер, Адонис и Загајевски, Морехон, Атвуд и Ен Дафи, Сенгор, Конески и Гинзберг, Матевски, Пачеко и Ко Ун, Мервин, Симиќ и Ор, Левчев, Павловиќ и Транстромер, сè до поезијата на годинешниот лауреат Шунтаро Таникава, се најдобра поткрепа за аксиомата дека поезијата и музиката се „неразделни уметности“. Оттука, за да го доловиме присуството на музичкиот топос во современата македонска и светска поезија, доминантниот дел од лирскиот корпус на овој тематски избор од 250 песни го сочинуваат токму песни на добитниците на наградите „Златен венец” и „Браќа Миладиновци”, како и на голем број учесници на СВП. Се надевам дека овој тематски избор ќе го поттикне вашето љубопитство за големата, примордијална и вечно жива врска меѓу поезијата и музиката, истакна приредувачот Мартиновски.
Антологијата е приредена специјално за 61. издание на „Струшките вечери на поезијата“, кои годинава се одржуваат под мотото „Ритамот на стихот, ритамот на животот“.

The post На СВП Промовирана антологијата „Музика, секогаш и уште (поезијата во дијалог со музиката)“ appeared first on Република.

]]>
Украина забрани руска музика https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-zabrani-ruska-muzika/ Sun, 19 Jun 2022 16:58:24 +0000 https://republika.mk/?p=517343

Музиката на уметници со руско државјанство ќе биде забранета во јавност во Украина, откако мерката денеска беше усвоена со двотретинско мнозинство во Горниот дом на парламентот, изјави пратеникот Јарослав Железњак преку апликацијата Телеграм.

Во образложението заедно со предлог-законот се вели дека „музичкиот производ на државата агресор може да предизвика сепаратистички чувства кај населението“.

Руската музика може да помогне да се направи усвојувањето на рускиот идентитет попривлечно и да се ослаби украинската држава, се вели во текстот.

Исклучок ќе бидат само уметниците кои јавно ја осудија руската инвазија на Украина, а тајната служба СБУ ќе состави посебна листа на исклучоци.

Паралелно, забранет е увоз и дистрибуција на книги и други печатени материјали од Русија, Белорусија и териториите окупирани од Русија.

Увозот на книги од Русија е забранет од 2016 година.

The post Украина забрани руска музика appeared first on Република.

]]>

Музиката на уметници со руско државјанство ќе биде забранета во јавност во Украина, откако мерката денеска беше усвоена со двотретинско мнозинство во Горниот дом на парламентот, изјави пратеникот Јарослав Железњак преку апликацијата Телеграм. Во образложението заедно со предлог-законот се вели дека „музичкиот производ на државата агресор може да предизвика сепаратистички чувства кај населението“. Руската музика може да помогне да се направи усвојувањето на рускиот идентитет попривлечно и да се ослаби украинската држава, се вели во текстот. Исклучок ќе бидат само уметниците кои јавно ја осудија руската инвазија на Украина, а тајната служба СБУ ќе состави посебна листа на исклучоци. Паралелно, забранет е увоз и дистрибуција на книги и други печатени материјали од Русија, Белорусија и териториите окупирани од Русија. Увозот на книги од Русија е забранет од 2016 година.

The post Украина забрани руска музика appeared first on Република.

]]>
Вечерва во МКЦ концерт на „Pocket Palma“, „Blackstate“ и TAM https://republika.mk/scena/muzika/vecherva-vo-mkc-koncert-na-pocket-palma-blackstate-i-tam/ Sat, 26 Mar 2022 16:55:18 +0000 https://republika.mk/?p=479001

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) вечер концерт ќе одржат „Pocket Palma“ од Загреб, Там од Белград и „Blackstate“.

Како што соопшти МКЦ, „Pocket Palma“ e синт-поп трио од Загреб, кое го сочинуваат Лука Видовиќ, Ања Папа и Бруно Жабек. Триото работи неуморно и за краток период издадоа два албума, кои, како што се наведува, одлично се прифатени од публиката, но и од критиката.
Тамара Поповиќ или ТАМ е кантавторка која работи во Белград. Нејзината музика може да се опише како андерграунд дрим-поп.

„Blackstate“ е псевдонимот зад кој стои Филип Тасевски – Фиц, долгогодишен дел од музичката сцена кај нас. Најпознат како фронтмен на панк-рок бендот „Новиот почеток“, но и дел од проектите „Astrolungs“ и „Retro Cabaret“.

„Blackstate“ е сосема друга приказна, современа експериментална електроника во која Тасевски со своето самоистражување ја бара својата малку „потемна“ музичка страна. Промените се дел од растењето и созревањето, а ова што Фиц го потпишува како Blackstate е потврда за здрав развој на еден креативец/музичар/индивидуа, соопшти МКЦ.

The post Вечерва во МКЦ концерт на „Pocket Palma“, „Blackstate“ и TAM appeared first on Република.

]]>

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) вечер концерт ќе одржат „Pocket Palma“ од Загреб, Там од Белград и „Blackstate“. Како што соопшти МКЦ, „Pocket Palma“ e синт-поп трио од Загреб, кое го сочинуваат Лука Видовиќ, Ања Папа и Бруно Жабек. Триото работи неуморно и за краток период издадоа два албума, кои, како што се наведува, одлично се прифатени од публиката, но и од критиката. Тамара Поповиќ или ТАМ е кантавторка која работи во Белград. Нејзината музика може да се опише како андерграунд дрим-поп. „Blackstate“ е псевдонимот зад кој стои Филип Тасевски – Фиц, долгогодишен дел од музичката сцена кај нас. Најпознат како фронтмен на панк-рок бендот „Новиот почеток“, но и дел од проектите „Astrolungs“ и „Retro Cabaret“.
„Blackstate“ е сосема друга приказна, современа експериментална електроника во која Тасевски со своето самоистражување ја бара својата малку „потемна“ музичка страна. Промените се дел од растењето и созревањето, а ова што Фиц го потпишува како Blackstate е потврда за здрав развој на еден креативец/музичар/индивидуа, соопшти МКЦ.

The post Вечерва во МКЦ концерт на „Pocket Palma“, „Blackstate“ и TAM appeared first on Република.

]]>
Пак ќе има музика во кафулињата и рестораните во Грција https://republika.mk/vesti/balkan/pak-kje-ima-muzika-vo-kafulinjata-i-restoranite-vo-grcija/ Mon, 31 Jan 2022 08:47:41 +0000 https://republika.mk/?p=451788

Грција од денеска ги олабавува дел од мерките за угостителските објекти воведени пред Нова година и дозволена е музика во нив, се укинува ограниченото работно време до полноќ, но и натаму ќе биде забрането стоење, јави дописничката на МИА од Атина.

Олабавувањето на мерките, минатата седмица го соопшти министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, кој објасни дека одлуката доаѓа по препораката од надлежната комисија на епидемиолози, но и со оглед на тоа дека во изминатите седмици има намалување на бројот на новозаразени, иако здравствениот систем и натаму е под притисок, но „постои рамнотежа меѓу примањата и отпуштањата на пациенти“.

На 30 декември 2021 година беше воведено ограничено работно време до полноќ за угостителските објекти, забрана за музика, забрана за стоење и најмногу шест гости на маса, спортски натпревари се со публика до десет отсто од капацитетот или најмногу 1.000 лица.

За спортските натпревари, засега, нема промени и останува ограничениот број гледачи, а Плеврис рече дека оваа седмица, надлежната комисија ќе ја разгледа можноста за зголемувањето на исполнетоста на стадионите и во спортските сали.

Согласно министерската одлука објавена во Службен весник, нема промени во однос на употребата на маска, и понатаму е задолжителна и за затворените простори и на отворено, додека пак за јавниот превоз, супермаркетите како и за вработените во угостителските објекти задолжителна е двојна маска или маска со висока заштита КН95.

За влез во внатрешните делови на угостителските објекти потребен е валиден сертификат за вакцинација или потврда за прележана болест во траење од три месеци, а документ за Ковид-19 (сертификат за вакцинација, потврда за прележан Ковид или негативен тест) е неопходен и за влез во продавниците, банките, јавните служби, со исклучок на супермаркетите, аптеките, фурните и продавниците за храна.

Иако беше најавено дека од 1 февруари, вакцинираните кои не примиле бустер доза, а поминале седум месеци, ќе се сметаат за невакцинирани, сепак оваа одлука ќе стапи во сила следната седмица, на 7 февруари.

Пролонгирањето го соопшти министерот за здравство на Грција кој рече поради проблемите што минатата седмица ги предизвика снегот и беше во прекин процесот на имунизација, се продолжува за една седмица рокот за вакцинирање со бустер доза за оние кои се вакцинирале пред седум месеци, за да продолжи да им важи сертификатот за вакцинација.

Ова значи дека оние наши сограѓани кои ја завршиле вакцинацијата и поминале седум месеци до 7 февруари, ќе треба да ја имаат примено бустер дозата,бидејќи во спротивно ќе се сметаат за невакцинирани, рече Плеврис во четвртокот.

Правилата и мерките во Грција, како што е веќе пракса, освен за Грците, важат и за туристите.

The post Пак ќе има музика во кафулињата и рестораните во Грција appeared first on Република.

]]>

Грција од денеска ги олабавува дел од мерките за угостителските објекти воведени пред Нова година и дозволена е музика во нив, се укинува ограниченото работно време до полноќ, но и натаму ќе биде забрането стоење, јави дописничката на МИА од Атина. Олабавувањето на мерките, минатата седмица го соопшти министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, кој објасни дека одлуката доаѓа по препораката од надлежната комисија на епидемиолози, но и со оглед на тоа дека во изминатите седмици има намалување на бројот на новозаразени, иако здравствениот систем и натаму е под притисок, но „постои рамнотежа меѓу примањата и отпуштањата на пациенти“. На 30 декември 2021 година беше воведено ограничено работно време до полноќ за угостителските објекти, забрана за музика, забрана за стоење и најмногу шест гости на маса, спортски натпревари се со публика до десет отсто од капацитетот или најмногу 1.000 лица. За спортските натпревари, засега, нема промени и останува ограничениот број гледачи, а Плеврис рече дека оваа седмица, надлежната комисија ќе ја разгледа можноста за зголемувањето на исполнетоста на стадионите и во спортските сали. Согласно министерската одлука објавена во Службен весник, нема промени во однос на употребата на маска, и понатаму е задолжителна и за затворените простори и на отворено, додека пак за јавниот превоз, супермаркетите како и за вработените во угостителските објекти задолжителна е двојна маска или маска со висока заштита КН95. За влез во внатрешните делови на угостителските објекти потребен е валиден сертификат за вакцинација или потврда за прележана болест во траење од три месеци, а документ за Ковид-19 (сертификат за вакцинација, потврда за прележан Ковид или негативен тест) е неопходен и за влез во продавниците, банките, јавните служби, со исклучок на супермаркетите, аптеките, фурните и продавниците за храна. Иако беше најавено дека од 1 февруари, вакцинираните кои не примиле бустер доза, а поминале седум месеци, ќе се сметаат за невакцинирани, сепак оваа одлука ќе стапи во сила следната седмица, на 7 февруари. Пролонгирањето го соопшти министерот за здравство на Грција кој рече поради проблемите што минатата седмица ги предизвика снегот и беше во прекин процесот на имунизација, се продолжува за една седмица рокот за вакцинирање со бустер доза за оние кои се вакцинирале пред седум месеци, за да продолжи да им важи сертификатот за вакцинација.
Ова значи дека оние наши сограѓани кои ја завршиле вакцинацијата и поминале седум месеци до 7 февруари, ќе треба да ја имаат примено бустер дозата,бидејќи во спротивно ќе се сметаат за невакцинирани, рече Плеврис во четвртокот.
Правилата и мерките во Грција, како што е веќе пракса, освен за Грците, важат и за туристите.

The post Пак ќе има музика во кафулињата и рестораните во Грција appeared first on Република.

]]>