мундијал Archives - Република https://republika.mk/tema/mundijal/ За подобро да се разбереме Fri, 28 Jun 2024 17:08:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мундијал Archives - Република https://republika.mk/tema/mundijal/ 32 32 Младинските ракометарки на Македонија 16-ти на Мундијалот https://republika.mk/sport/rakomet/mladinskite-rakometarki-na-makedonija-16-ti-na-mundijalot/ Fri, 28 Jun 2024 17:08:47 +0000 https://republika.mk/?p=791649

Младинската женска ракометна репрезентација на Македонија се пласираше на 16. место на Светското првенство (СП) кое што се одржува во Скопје.

Во натпреварот за 15 позиција на Мундијалот нашите ракометни надежи загубија од селекцијата на Кина со конечен резултат 25:23.

По првото полувреме репрезентацијата на Македонија имаа минимална позитива од 12:11.

Избраничките на селеткорот Дарко Јанев на СП одиграа вкупно седум натпревари и запишаа две победи над САД и Ангола во рамките од групната фаза.

Главната фаза ја стартуваа со реми против Португалија, па следуваа порази од Црна Гора и Исланд, а во разигрувањето за пласман од 13 до 16 место загубија и од Јужна Кореја.

 

The post Младинските ракометарки на Македонија 16-ти на Мундијалот appeared first on Република.

]]>

Младинската женска ракометна репрезентација на Македонија се пласираше на 16. место на Светското првенство (СП) кое што се одржува во Скопје. Во натпреварот за 15 позиција на Мундијалот нашите ракометни надежи загубија од селекцијата на Кина со конечен резултат 25:23. По првото полувреме репрезентацијата на Македонија имаа минимална позитива од 12:11. Избраничките на селеткорот Дарко Јанев на СП одиграа вкупно седум натпревари и запишаа две победи над САД и Ангола во рамките од групната фаза. Главната фаза ја стартуваа со реми против Португалија, па следуваа порази од Црна Гора и Исланд, а во разигрувањето за пласман од 13 до 16 место загубија и од Јужна Кореја.  

The post Младинските ракометарки на Македонија 16-ти на Мундијалот appeared first on Република.

]]>
Данска и Шведска изборија полуфинале на Мундијалот за ракометарки https://republika.mk/sport/rakomet/danska-i-shvedska-izborija-polufinale-na-mundijalot-za-rakometarki/ Wed, 13 Dec 2023 21:17:26 +0000 https://republika.mk/?p=722708

Репрезентациите на Шведска и на Данска ќе играат во полуфиналето на Светското ракометно првенство за жени. Ова е епилогот по вечерашните полуфинални средби на Мундијалот во Данска, Норвешка и Шведска.

Во првото денешно полуфинале во Хернинг, Шведска ја победи Германија со 27:20. Победникот беше решен уште по првите 30 минути кои Швеѓанките ги добија со 16:6. Во второто полувреме Германија успеа само да го ублажи поразот.

Во второто полуфинале играно исто така во Хернинг, домашната репрезентација на Данска беше поуспешна од Црна Гора со 26:24.

Во полуфиналето ќе се соочат:

Шведска – Франција

Данска – Норвешка.

 

The post Данска и Шведска изборија полуфинале на Мундијалот за ракометарки appeared first on Република.

]]>

Репрезентациите на Шведска и на Данска ќе играат во полуфиналето на Светското ракометно првенство за жени. Ова е епилогот по вечерашните полуфинални средби на Мундијалот во Данска, Норвешка и Шведска. Во првото денешно полуфинале во Хернинг, Шведска ја победи Германија со 27:20. Победникот беше решен уште по првите 30 минути кои Швеѓанките ги добија со 16:6. Во второто полувреме Германија успеа само да го ублажи поразот. Во второто полуфинале играно исто така во Хернинг, домашната репрезентација на Данска беше поуспешна од Црна Гора со 26:24. Во полуфиналето ќе се соочат: Шведска – Франција Данска – Норвешка.  

The post Данска и Шведска изборија полуфинале на Мундијалот за ракометарки appeared first on Република.

]]>
Контејнерите од Мундијалот патуваат за Турција https://republika.mk/vesti/svet/kontejnerite-od-mundijalot-patuvaat-za-turtsija/ Wed, 15 Feb 2023 08:10:28 +0000 https://republika.mk/?p=609148

Катарскиот Фонд за развој најави дека преку донација ќе им помогне на преживеаните во погодените подрачја од катастрофалниот земјотрес во Турција да најдат привремено засолниште во 10.000 монтажни објекти, што беа користени за време на Светското првенство во фудбал.

Околу 1,4 милиони фудбалски навивачи беа сместени во монтажни куќи за време на Мундијалот, што се одржа во Катар од 20 ноември до 18 декември.

Првата серија од 350 објекти се испорачани во неделата“, соопшти денеска катарскиот Фонд за развој.

Десетици илјади згради се уништени или тешко оштетни во катастрофалниот земјотрес што минатиот понеделник ги погоди југот на Турција и северот на Сирија, оставајќи милиони луѓе без покрив над главата.

Бројот на загинати надмина 37.000.

The post Контејнерите од Мундијалот патуваат за Турција appeared first on Република.

]]>

Катарскиот Фонд за развој најави дека преку донација ќе им помогне на преживеаните во погодените подрачја од катастрофалниот земјотрес во Турција да најдат привремено засолниште во 10.000 монтажни објекти, што беа користени за време на Светското првенство во фудбал. Околу 1,4 милиони фудбалски навивачи беа сместени во монтажни куќи за време на Мундијалот, што се одржа во Катар од 20 ноември до 18 декември. Првата серија од 350 објекти се испорачани во неделата“, соопшти денеска катарскиот Фонд за развој. Десетици илјади згради се уништени или тешко оштетни во катастрофалниот земјотрес што минатиот понеделник ги погоди југот на Турција и северот на Сирија, оставајќи милиони луѓе без покрив над главата. Бројот на загинати надмина 37.000.

The post Контејнерите од Мундијалот патуваат за Турција appeared first on Република.

]]>
Холандија и Сенегал се пласираа во осмина-финалето на Мундијалот https://republika.mk/sport/fudbal/holandija-i-senegal-se-plasiraa-vo-osmina-finaleto-na-mundijalot/ Tue, 29 Nov 2022 17:32:13 +0000 https://republika.mk/?p=579727

Холандија и Сенегал се осминафиналисти од групата „А“ откако беше комплетирано третото коло. Холанѓаните со победа го потврдија првото место на табелата, а во вториот одлучувачки натпревар, Сенегал беше подобар од Еквадор, и со три бода го потврди пласманот во плеј-офот. Еквадорците во најважниот меч потфрлија, и така не успеаја да останат непоразени, со што ќе беа меѓу најдобрите 16.

Холандија го потврди првото место во групата, откако прелесно се справи со домаќинот Катар и со нова победа дојде до седум бодови на своето конто.

„Лалињата“ поведоа со голот на Гакпо. Откако се проби низ одбраната, биеше прецизно во долниот лев агол. На стартот од вториот дел Де Јонг во 49. минута успева да го зголеми резултатот, спроведувајќи ја топката во празната мрежа по шутот на Депај.

Во продолжението Холандија мирно го чекаше крајот на мечот, а постигна уште еден гол кој беше поништен поради игра со рака. Во последните мигови Холанѓаните ја погодија и пречката од голот на Катарците, но не дојдоа до поубедлив триумф.

Со овој пораз Катар стана најлош домаќин на Мундијалите во историјата, и прва селекција организатор која ја заврши групата без бодови.

The post Холандија и Сенегал се пласираа во осмина-финалето на Мундијалот appeared first on Република.

]]>

Холандија и Сенегал се осминафиналисти од групата „А“ откако беше комплетирано третото коло. Холанѓаните со победа го потврдија првото место на табелата, а во вториот одлучувачки натпревар, Сенегал беше подобар од Еквадор, и со три бода го потврди пласманот во плеј-офот. Еквадорците во најважниот меч потфрлија, и така не успеаја да останат непоразени, со што ќе беа меѓу најдобрите 16. Холандија го потврди првото место во групата, откако прелесно се справи со домаќинот Катар и со нова победа дојде до седум бодови на своето конто. „Лалињата“ поведоа со голот на Гакпо. Откако се проби низ одбраната, биеше прецизно во долниот лев агол. На стартот од вториот дел Де Јонг во 49. минута успева да го зголеми резултатот, спроведувајќи ја топката во празната мрежа по шутот на Депај. Во продолжението Холандија мирно го чекаше крајот на мечот, а постигна уште еден гол кој беше поништен поради игра со рака. Во последните мигови Холанѓаните ја погодија и пречката од голот на Катарците, но не дојдоа до поубедлив триумф. Со овој пораз Катар стана најлош домаќин на Мундијалите во историјата, и прва селекција организатор која ја заврши групата без бодови.

The post Холандија и Сенегал се пласираа во осмина-финалето на Мундијалот appeared first on Република.

]]>
Светското првенство низ бројки: Катар подготвува спектакл што ќе ги надмине сите досегашни Мундијали https://republika.mk/sport/fudbal/svetskoto-prvenstvo-niz-brojki-katar-podgotvuva-spektakl-shto-kje-gi-nadmine-site-dosegashni-mundijali/ Sun, 20 Nov 2022 08:23:02 +0000 https://republika.mk/?p=576007

Светското првенство во Катар во 2022 година ќе биде единствено и по многу нешта различно од претходните натпреварувања и ќе се одржи во најмалата земја домаќин досега.

„Фудбалската магија“ на Катар ќе ги надмине сите претходни Светски првенства и ви пренесуваме 10 клучни бројки пред почетокот на смотрата на најдобрите.

Организацијата на Светското првенство во Катар ќе чини, според извештајот на „Front Office Sport“, неверојатни 220 милијарди евра, што е пет пати повеќе од последните седум турнири заедно. Вкупните трошоци го урнаа рекордот што претходно го држеше Бразил, каде организацијата на Мундијалот чинеше 15 милијарди евра.

Катар изгради шест целосно нови стадиони, од кои секој има ултра модерен климатизиран систем за заштита на навивачите и играчите од жештината, а само изградбата на стадионот Ал Бајт (капацитет од 60.000) чинеше три милијарди евра, три пати повеќе од стадионот „Стад де Франс“ во Париз, кој е изграден за потребите на СП во 1998 година.

Освен стадиони, Катар реализираше и големи други инфраструктурни проекти, изградба на аеродром, три подземни железници и сосема нов град – Лусаи, кој има хотели, терени за голф и луксузна марина, а овие трошоци се исклучени од проценката на вкупните трошоците за турнирот.

Сите стадиони се наоѓаат во радиус од 55 километри од главниот град Доха, а тоа беше клучниот аргумент што го презентираше катарската влада во обидот да биде домаќин на првенството, наведувајќи дека сите објекти се лесно достапни.

Именуван по бројот на рециклирани бродски контејнери користени во неговата изградба, Стадионот 974, со капацитет од 40.000 седишта, ќе биде демонтиран по Светското првенство и повторно ќе се состави за да биде домаќин на спортски настани на друго место, иако следната дестинација сè уште не е позната.

Вкупно 3,2 милиони билети се достапни за турнирот, од кои една третина ќе оди кај спонзорите и превозниците, а според бројките на ФИФА, продажбата на билети достигнала 2,89 милиони евра до 17 октомври. Земјите кои купиле најголем број се редоследно: Катар, САД, Саудиска Арабија, Велика Британија, Мексико, ОАЕ, Аргентина, Франција, Бразил и Германија.

Во средината на октомври, катарските власти соопштија дека примиле меѓу 1,5 и 1,7 милиони апликации за Hayya картички, кои вообичаено се потребни за пристап до стадионите и бесплатниот јавен превоз. Иако бројката е помала од трите милиони навивачи кои присуствуваа на Светското првенство во Русија, ова секако ќе биде голем логистички предизвик за Катар, земја со само три милиони жители.

Недостигот на сместувачки капацитет во Катар значи дека вкупно 168 чартер летови ќе превезуваат навивачи од соседните земји секој ден од Светското првенство, вклучувајќи 60 дневни летови од Дубаи, 48 од Оман, 40 од Ријад и Џеда и 20 од Кувајт Сити. Во меѓувреме, Ер Франс привремено ќе ги обнови летовите од Париз до Доха за првпат по 27 години, со три до шест летови неделно.

За уживање на Мундијалот во Катар потребно е да се издвојат во просек по 6.000 евра за покривање на трошоците за превоз, сместување и билети, што е два до три пати повеќе од буџетот што беше потребен за следење на Мундијалот во Русија.

Организаторите на турнирот наведуваат дека Катар на крајот ќе профитира од организацијата на ова натпреварување близу девет милијарди евра, а бројката се базира на проценката на Катар за трошоците за организација на настанот. Организацијата на Светското првенство во Русија во 2018 година на оваа земја и донесе профит од 12,5 милијарди евра.

За време на Светското првенство во Катар, во атмосферата ќе бидат испуштени 3,6 милиони тони ЦO2, но од невладините велат дека оваа бројка е многу поголема и дека организаторот се обидува да ја сокрие вистинската проценка на овие податоци.

Според извештајот на Гардијан, повеќе од 6.500 работници од Индија, Пакистан, Непал, Бангладеш и Шри Ланка загинале за време на изградбата на инфраструктурата за Светското првенство, што започна во 2010 година.

The post Светското првенство низ бројки: Катар подготвува спектакл што ќе ги надмине сите досегашни Мундијали appeared first on Република.

]]>

Светското првенство во Катар во 2022 година ќе биде единствено и по многу нешта различно од претходните натпреварувања и ќе се одржи во најмалата земја домаќин досега. „Фудбалската магија“ на Катар ќе ги надмине сите претходни Светски првенства и ви пренесуваме 10 клучни бројки пред почетокот на смотрата на најдобрите. Организацијата на Светското првенство во Катар ќе чини, според извештајот на „Front Office Sport“, неверојатни 220 милијарди евра, што е пет пати повеќе од последните седум турнири заедно. Вкупните трошоци го урнаа рекордот што претходно го држеше Бразил, каде организацијата на Мундијалот чинеше 15 милијарди евра. Катар изгради шест целосно нови стадиони, од кои секој има ултра модерен климатизиран систем за заштита на навивачите и играчите од жештината, а само изградбата на стадионот Ал Бајт (капацитет од 60.000) чинеше три милијарди евра, три пати повеќе од стадионот „Стад де Франс“ во Париз, кој е изграден за потребите на СП во 1998 година. Освен стадиони, Катар реализираше и големи други инфраструктурни проекти, изградба на аеродром, три подземни железници и сосема нов град – Лусаи, кој има хотели, терени за голф и луксузна марина, а овие трошоци се исклучени од проценката на вкупните трошоците за турнирот. Сите стадиони се наоѓаат во радиус од 55 километри од главниот град Доха, а тоа беше клучниот аргумент што го презентираше катарската влада во обидот да биде домаќин на првенството, наведувајќи дека сите објекти се лесно достапни. Именуван по бројот на рециклирани бродски контејнери користени во неговата изградба, Стадионот 974, со капацитет од 40.000 седишта, ќе биде демонтиран по Светското првенство и повторно ќе се состави за да биде домаќин на спортски настани на друго место, иако следната дестинација сè уште не е позната. Вкупно 3,2 милиони билети се достапни за турнирот, од кои една третина ќе оди кај спонзорите и превозниците, а според бројките на ФИФА, продажбата на билети достигнала 2,89 милиони евра до 17 октомври. Земјите кои купиле најголем број се редоследно: Катар, САД, Саудиска Арабија, Велика Британија, Мексико, ОАЕ, Аргентина, Франција, Бразил и Германија. Во средината на октомври, катарските власти соопштија дека примиле меѓу 1,5 и 1,7 милиони апликации за Hayya картички, кои вообичаено се потребни за пристап до стадионите и бесплатниот јавен превоз. Иако бројката е помала од трите милиони навивачи кои присуствуваа на Светското првенство во Русија, ова секако ќе биде голем логистички предизвик за Катар, земја со само три милиони жители. Недостигот на сместувачки капацитет во Катар значи дека вкупно 168 чартер летови ќе превезуваат навивачи од соседните земји секој ден од Светското првенство, вклучувајќи 60 дневни летови од Дубаи, 48 од Оман, 40 од Ријад и Џеда и 20 од Кувајт Сити. Во меѓувреме, Ер Франс привремено ќе ги обнови летовите од Париз до Доха за првпат по 27 години, со три до шест летови неделно. За уживање на Мундијалот во Катар потребно е да се издвојат во просек по 6.000 евра за покривање на трошоците за превоз, сместување и билети, што е два до три пати повеќе од буџетот што беше потребен за следење на Мундијалот во Русија. Организаторите на турнирот наведуваат дека Катар на крајот ќе профитира од организацијата на ова натпреварување близу девет милијарди евра, а бројката се базира на проценката на Катар за трошоците за организација на настанот. Организацијата на Светското првенство во Русија во 2018 година на оваа земја и донесе профит од 12,5 милијарди евра. За време на Светското првенство во Катар, во атмосферата ќе бидат испуштени 3,6 милиони тони ЦO2, но од невладините велат дека оваа бројка е многу поголема и дека организаторот се обидува да ја сокрие вистинската проценка на овие податоци. Според извештајот на Гардијан, повеќе од 6.500 работници од Индија, Пакистан, Непал, Бангладеш и Шри Ланка загинале за време на изградбата на инфраструктурата за Светското првенство, што започна во 2010 година.

The post Светското првенство низ бројки: Катар подготвува спектакл што ќе ги надмине сите досегашни Мундијали appeared first on Република.

]]>
На Мундијалот во Катар ќе биде забранет сексот надвор од брак: Седум години затвор за една ноќ страст https://republika.mk/sport/fudbal/na-mundijalot-vo-katar-kje-bide-zabranet-seksot-nadvor-od-brak-sedum-godini-zatvor-za-edna-nokj-strast/ Tue, 21 Jun 2022 07:17:11 +0000 https://republika.mk/?p=517865

На Мундијалот во Катар 2022, првпат во историјата ќе има забрана за практикување секс.
Како што пишува „Дејли стар“, сексуалните средби надвор од бракот за време на Светското првенство во во Катар (21 ноември - 18 декември) може да доведат до затворска казна од седум години.

Врховниот комитет на Катар во соопштение информира дека „Катар е конзервативна земја и дека јавното покажување чувства не е прифатливо, без оглед на сексуалната ориентација“.

Англискиот весник наведува дека постои зголемена загриженост од органите на редот во Обединетото Кралство дека британските навивачи би можеле да се соочат со тешки казни за постапки кои за нив се секојдневни и општо прифатени.

Сексот е многу надвор од менито, освен ако не дојдете како тим - маж и жена. На Мундијалот дефинитивно нема да има сексуални авантури за една ноќ. Нема да има забави. Секој треба да биде со ладна глава, освен ако не сака да ризикува да биде заглавен во затвор - објаснува полициски извор за „Дејли стар“.

https://twitter.com/ArthurCaplan/status/1538971563059445766?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1538971563059445766%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.marca.com%2Ffutbol%2Fmundial%2F2022%2F06%2F21%2F62b161a4e2704e81748b45e8.html

Затоа, пак, претседател на организацискиот комитет за Светското првенство во 2022 година во Катар, Насер Ал-Катер,  кој во декември 2021 година, потврди дека „хомосексуалноста не е дозволена“ во емиратот, вели дека сите учесници на Светското првенство ќе бидат безбедни без разлика на нивната сексуална ориентација.

 

The post На Мундијалот во Катар ќе биде забранет сексот надвор од брак: Седум години затвор за една ноќ страст appeared first on Република.

]]>

На Мундијалот во Катар 2022, првпат во историјата ќе има забрана за практикување секс. Како што пишува „Дејли стар“, сексуалните средби надвор од бракот за време на Светското првенство во во Катар (21 ноември - 18 декември) може да доведат до затворска казна од седум години. Врховниот комитет на Катар во соопштение информира дека „Катар е конзервативна земја и дека јавното покажување чувства не е прифатливо, без оглед на сексуалната ориентација“. Англискиот весник наведува дека постои зголемена загриженост од органите на редот во Обединетото Кралство дека британските навивачи би можеле да се соочат со тешки казни за постапки кои за нив се секојдневни и општо прифатени.
Сексот е многу надвор од менито, освен ако не дојдете како тим - маж и жена. На Мундијалот дефинитивно нема да има сексуални авантури за една ноќ. Нема да има забави. Секој треба да биде со ладна глава, освен ако не сака да ризикува да биде заглавен во затвор - објаснува полициски извор за „Дејли стар“.
https://twitter.com/ArthurCaplan/status/1538971563059445766?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1538971563059445766%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.marca.com%2Ffutbol%2Fmundial%2F2022%2F06%2F21%2F62b161a4e2704e81748b45e8.html Затоа, пак, претседател на организацискиот комитет за Светското првенство во 2022 година во Катар, Насер Ал-Катер,  кој во декември 2021 година, потврди дека „хомосексуалноста не е дозволена“ во емиратот, вели дека сите учесници на Светското првенство ќе бидат безбедни без разлика на нивната сексуална ориентација.  

The post На Мундијалот во Катар ќе биде забранет сексот надвор од брак: Седум години затвор за една ноќ страст appeared first on Република.

]]>
Ако Русија не игра за СП во Катар, нема да се одржи ниту Мундијалот, порача Путин https://republika.mk/sport/fudbal/ako-rusija-ne-igra-za-sp-vo-katar-nema-da-se-odrzi-nitu-mundijalot-poracha-putin/ Mon, 07 Mar 2022 16:01:28 +0000 https://republika.mk/?p=469136

Како што продолжуваат воените дејствија во Украина по инвазијата на Русија, така од ден на ден се зголемуваат мерките и исклучувањата на руските спортисти од сите светски спортски асоцијации.

Секако дека во преден план е баражот за пласман на СП во Катар, а познато е дека Русија во полуфиналето требаше да игра со Полска во Москва.

Прво Фудбалската федерација на Полска објави дека нема намера патува во Русија, потоа дека и нема намера било каде да игра со таа земја. Следуваше и реакција на ФИФА и УЕФА, имено двете објавија дека ја исклучуваат Русија од баражот за пласман на СП, но за тоа кој ќе патува на Мундијалот не беше детализирано.

На се ова доаѓа пораката до ФИФА упатена од страна Владимир Путин, претседателот на Русија, во која, како што објавуваат медиумите во неговата земја, покрај другото стои…

Ако Русија не игра за СП во Катар, односно ако Русија не игра во баражот за пласман на Светското првенство тогаш нема да се одржи ниту Мундијалот - порачал првиот човек на Русија.

Инаку најново е тоа што, барем така најавуваат од Русија и Полска, дека нивниот бараж меч би можел да се игра во јуни.

The post Ако Русија не игра за СП во Катар, нема да се одржи ниту Мундијалот, порача Путин appeared first on Република.

]]>

Како што продолжуваат воените дејствија во Украина по инвазијата на Русија, така од ден на ден се зголемуваат мерките и исклучувањата на руските спортисти од сите светски спортски асоцијации. Секако дека во преден план е баражот за пласман на СП во Катар, а познато е дека Русија во полуфиналето требаше да игра со Полска во Москва. Прво Фудбалската федерација на Полска објави дека нема намера патува во Русија, потоа дека и нема намера било каде да игра со таа земја. Следуваше и реакција на ФИФА и УЕФА, имено двете објавија дека ја исклучуваат Русија од баражот за пласман на СП, но за тоа кој ќе патува на Мундијалот не беше детализирано. На се ова доаѓа пораката до ФИФА упатена од страна Владимир Путин, претседателот на Русија, во која, како што објавуваат медиумите во неговата земја, покрај другото стои…
Ако Русија не игра за СП во Катар, односно ако Русија не игра во баражот за пласман на Светското првенство тогаш нема да се одржи ниту Мундијалот - порачал првиот човек на Русија.
Инаку најново е тоа што, барем така најавуваат од Русија и Полска, дека нивниот бараж меч би можел да се игра во јуни.

The post Ако Русија не игра за СП во Катар, нема да се одржи ниту Мундијалот, порача Путин appeared first on Република.

]]>