Мухамед Зеќири Archives - Република https://republika.mk/tema/muhamed-zekjiri/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Sep 2024 11:34:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мухамед Зеќири Archives - Република https://republika.mk/tema/muhamed-zekjiri/ 32 32 Апелација ја укина пресудата против Мухамед Зеќири, предметот вратен на повторно судење https://republika.mk/vesti/crna-hronika/apelatsija-ja-ukina-presudata-protiv-muhamed-zekiri-predmetot-vraten-na-povtorno-sudene/ Fri, 20 Sep 2024 11:20:50 +0000 https://republika.mk/?p=818154

Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата на Основниот кривичен суд Скопје против поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири за злоупотреба на службена положба и овластување и предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд.

Постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ- 16/24, по одржана јавна седница на 05 јуни годинава, на 06 септември, Апелациониот суд Скопје донел одлука со која ја уважи жалбата на обвинетиот М.З. од С. и пресудата на Основниот кривичен суд Скопје по жалбата и по службена должност, ја укина и предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд.

-Жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, изјавена по однос на одлуката за конфискација, ја оцени како беспредметна во оваа фаза на постапката, се вели во соопштението од Апелација.

При повторното постапување, се вели во решението по предметот од Апелација, потребно е првостепениот суд да ги отстрани констатираните суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка од член 414 став 1 точка 11 од ЗКП, на начин што најпрвин ќе ги утврди сите решителни факти во предметот, кои што имаат битно влијание за правилна примена на Кривичниот законик, при оценката за постоење на предметното кривично дело и кривичната одговорност на страна на обвинетиот.

При повторното постапување, потребно е првостепениот суд да ги изведе доказите предложени од странките во насока на утврдување на решителните факти на кои е укажано во ова решение, па по спроведувањето на доказната постапка и изведување на доказите предложени од странките, во зависност од утврденото, со правилна примена на Кривичниот законик, првостепениот суд да се произнесе за постоење на предметното кривично дело и кривичната одговорност на страна на обвинетиот, донесувајќи правилна и законита судска одлука, која ќе може во целост и со сигурност да се испита, се вели во решението од Апелација.

Основниот кривичен суд Скопје во декември минатата година го огласи за виновен и го осуди на две години и шест месеци затворска казна поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири за склучување два договори за консултантски услуги без да спроведе соодветна постапка за јавни набавки. Освен казната затвор, Зеќири, судот го задолжи да ја надомести и штетата нанесена на Буџетот на државата во износ од 71 338 336 денари

Зеќири е осуден за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување, односно според членот 353 став 4 од Кривичниот законик за кој со последните измени на Законикот е предвидена казна од една до пет години.

The post Апелација ја укина пресудата против Мухамед Зеќири, предметот вратен на повторно судење appeared first on Република.

]]>

Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата на Основниот кривичен суд Скопје против поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири за злоупотреба на службена положба и овластување и предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд. Постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ- 16/24, по одржана јавна седница на 05 јуни годинава, на 06 септември, Апелациониот суд Скопје донел одлука со која ја уважи жалбата на обвинетиот М.З. од С. и пресудата на Основниот кривичен суд Скопје по жалбата и по службена должност, ја укина и предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд. -Жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, изјавена по однос на одлуката за конфискација, ја оцени како беспредметна во оваа фаза на постапката, се вели во соопштението од Апелација. При повторното постапување, се вели во решението по предметот од Апелација, потребно е првостепениот суд да ги отстрани констатираните суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка од член 414 став 1 точка 11 од ЗКП, на начин што најпрвин ќе ги утврди сите решителни факти во предметот, кои што имаат битно влијание за правилна примена на Кривичниот законик, при оценката за постоење на предметното кривично дело и кривичната одговорност на страна на обвинетиот.
При повторното постапување, потребно е првостепениот суд да ги изведе доказите предложени од странките во насока на утврдување на решителните факти на кои е укажано во ова решение, па по спроведувањето на доказната постапка и изведување на доказите предложени од странките, во зависност од утврденото, со правилна примена на Кривичниот законик, првостепениот суд да се произнесе за постоење на предметното кривично дело и кривичната одговорност на страна на обвинетиот, донесувајќи правилна и законита судска одлука, која ќе може во целост и со сигурност да се испита, се вели во решението од Апелација.
Основниот кривичен суд Скопје во декември минатата година го огласи за виновен и го осуди на две години и шест месеци затворска казна поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири за склучување два договори за консултантски услуги без да спроведе соодветна постапка за јавни набавки. Освен казната затвор, Зеќири, судот го задолжи да ја надомести и штетата нанесена на Буџетот на државата во износ од 71 338 336 денари Зеќири е осуден за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување, односно според членот 353 став 4 од Кривичниот законик за кој со последните измени на Законикот е предвидена казна од една до пет години.

The post Апелација ја укина пресудата против Мухамед Зеќири, предметот вратен на повторно судење appeared first on Република.

]]>
Битиќи се брани: Имаше грешка во преводот на изјавата на Мухамер Зеќири https://republika.mk/vesti/makedonija/bitiki-se-brani-imashe-greshka-vo-prevodot-na-izjavata-na-muhamer-zekiri/ Sat, 02 Dec 2023 17:33:02 +0000 https://republika.mk/?p=718761

Погрешно е протолкувана изјавата на поранешниот генералниот секретар на влада Мухамед Зеќири дека наводно спроведувал постапка во 4 очи договорена со мене, изјави денеска премиерот Фатмир Битиќи.

Битиќи вели немало такво нешто и повторно вели дека имало грешка во преводот на изјавата на Зеќири.

Не би сакал да ја коментирам неговата изјава, затоа што беше дадена на два јазици, на македонски и на албански. На албански јазик не беше кажано така, беше кажано предлог – изјави Битиќи.

На Мухамед Зеќери вчера му беше изречена казна затвор од 2 години и 6 месеци за злоупотреба на службена положба и овластувања за договор за консултантски услуги направен без јавна набавка. Зеќири треба да плати и 1,1 милион евра.

Откако Зеќири вчера ја слушна пресудата на судот за склучување на договор со фирмата „Интерхолдинг“ за консултантски услуги за потенцијална приватизација на А.Д. Пошти и Железници транспорт, изјави дека ќе ја обжали.

Во целиот процес никаде и во ниту еден момент не беше докажана моја умисла во склучувањето на договорите. Јас само сум спровел умисла на други, односно на владата кои беа предложени од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи – рече Зеќири.

 

The post Битиќи се брани: Имаше грешка во преводот на изјавата на Мухамер Зеќири appeared first on Република.

]]>

Погрешно е протолкувана изјавата на поранешниот генералниот секретар на влада Мухамед Зеќири дека наводно спроведувал постапка во 4 очи договорена со мене, изјави денеска премиерот Фатмир Битиќи. Битиќи вели немало такво нешто и повторно вели дека имало грешка во преводот на изјавата на Зеќири.
Не би сакал да ја коментирам неговата изјава, затоа што беше дадена на два јазици, на македонски и на албански. На албански јазик не беше кажано така, беше кажано предлог – изјави Битиќи.
На Мухамед Зеќери вчера му беше изречена казна затвор од 2 години и 6 месеци за злоупотреба на службена положба и овластувања за договор за консултантски услуги направен без јавна набавка. Зеќири треба да плати и 1,1 милион евра. Откако Зеќири вчера ја слушна пресудата на судот за склучување на договор со фирмата „Интерхолдинг“ за консултантски услуги за потенцијална приватизација на А.Д. Пошти и Железници транспорт, изјави дека ќе ја обжали.
Во целиот процес никаде и во ниту еден момент не беше докажана моја умисла во склучувањето на договорите. Јас само сум спровел умисла на други, односно на владата кои беа предложени од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи – рече Зеќири.
 

The post Битиќи се брани: Имаше грешка во преводот на изјавата на Мухамер Зеќири appeared first on Република.

]]>
Игор Југ до Зеќири: Се лизна уште еден лажен сведок за 27 април – сега ќе гледаш будали, наркомани, педофили https://republika.mk/vesti/makedonija/igor-jug-do-zekiri-se-lizna-ushte-eden-lazhen-svedok-za-27-april-sega-ke-gledash-budali-narkomani-pedofili/ Sat, 02 Dec 2023 09:49:38 +0000 https://republika.mk/?p=718593

Игор Југ, кој доби 11 години затворска казна за 27 април, за Мухамед Зеќири изјави дека бил лажен сведок за 27 април. Југ јавно испрати порака до ексгенералниот секретар кој доби 2,6 години затвор.

Ваквата реакција доаѓа откако во 2018 година Зеќири сведочеше против Југ и кажа „На лице со брада му падна пиштолот и го бараше во толпата“.

Уште еден лажен сведок за 27 април се лизна. Ако се две и пол години, потешки ќе ти се него на мене, моите дванаесет. Си видел пиштол? Е, сега ќе гледаш будали, наркомани, педофили. Ама на јаве, не на сон како што го виде пиштолот“, пишува меѓу другото Југ, кој ја Русковска ја нарече „учителка“ на Зеќири.

Мухамед Зекири, пред пет години, за настаните од 27 април, сведочеше за упадот во Собранието, при тоа велејќи дека бил очевидец на човек со пиштол меѓу толпата што упадна во Собранието.

Видов лице кое позади грбот имаше оружје. Едно време оружјето му падна и почна да го бара низ толпата. Лицето со пиштолот беше во црна маичка, ќелав и со брада“, изјави Зеќири.

Тој додаде дека ситуација ја следел од горе, односно од прес центарот кога го забележал лицето со оружје.

Зеќири доби 2,6 години затвор оти направил злоупотреби додека беше генерален секретар во Владата.

The post Игор Југ до Зеќири: Се лизна уште еден лажен сведок за 27 април – сега ќе гледаш будали, наркомани, педофили appeared first on Република.

]]>

Игор Југ, кој доби 11 години затворска казна за 27 април, за Мухамед Зеќири изјави дека бил лажен сведок за 27 април. Југ јавно испрати порака до ексгенералниот секретар кој доби 2,6 години затвор. Ваквата реакција доаѓа откако во 2018 година Зеќири сведочеше против Југ и кажа „На лице со брада му падна пиштолот и го бараше во толпата“.
Уште еден лажен сведок за 27 април се лизна. Ако се две и пол години, потешки ќе ти се него на мене, моите дванаесет. Си видел пиштол? Е, сега ќе гледаш будали, наркомани, педофили. Ама на јаве, не на сон како што го виде пиштолот“, пишува меѓу другото Југ, кој ја Русковска ја нарече „учителка“ на Зеќири.
Мухамед Зекири, пред пет години, за настаните од 27 април, сведочеше за упадот во Собранието, при тоа велејќи дека бил очевидец на човек со пиштол меѓу толпата што упадна во Собранието.
Видов лице кое позади грбот имаше оружје. Едно време оружјето му падна и почна да го бара низ толпата. Лицето со пиштолот беше во црна маичка, ќелав и со брада“, изјави Зеќири.
Тој додаде дека ситуација ја следел од горе, односно од прес центарот кога го забележал лицето со оружје. Зеќири доби 2,6 години затвор оти направил злоупотреби додека беше генерален секретар во Владата.

The post Игор Југ до Зеќири: Се лизна уште еден лажен сведок за 27 април – сега ќе гледаш будали, наркомани, педофили appeared first on Република.

]]>
Зеќири: Ќе ја обжалиме одлуката на Судот, спроведов само предлог на вицепремиерот Битиќи https://republika.mk/vesti/makedonija/zekiri-ke-ja-obzhalime-odlukata-na-sudot-sprovedov-samo-predlog-na-vitsepremierot-bitiki/ Fri, 01 Dec 2023 14:15:45 +0000 https://republika.mk/?p=718381

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири по денешното соопштување на пресудата - казна од две години и шест месеци за злоупотреба на службената положба и овластување, во изјава за медиумите рече оти таа е неоснована и дека ќе биде обжалена.

Мислам дека одлуката е неоснована. Ќе ја обжалиме одлуката, бидејќи во текот на целиот процес никаде и во ниту еден момент не беше докажана моја умисла во склучувањето на договорите, затоа што јас само сум спровел умисла на други, односно на Владата, кои беа предложени од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, рече Зеќири.

На Зеќири му остануваат уште 11 месеци во затвор, доколку остане на сила денешната одлука на Судот. Во казната затвор му се засметува и времето поминато во притвор и во куќен притвор.

Прашан како ќе ги обезбеди 71 милион денари, Зеќири рече дека ќе видат каква ќе биде конечната одлука, бидејќи ќе ја обжалат пресудата.

Според пресудата што денеска ја објави судијката Фанка Јанчуловска Михаиловски, осомничениот извршил две временски поврзани дејствија, преку кои како службено лице, презел дејствие со намера за друг да прибави имотна корист.

Зеќири се товари дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.

При одмерувањето на видот и на висината на кривичната санкција, судот имаше предвид дека за ова кривично дело, со измените на Кривичниот законик, е пропишана казна затвор од една до пет години. Како отежнителна околност, првенствено ја ценеше општествената опасност од овој вид кривични дела, зачестеноста на истите, како во нашата држава, така и пошироко, како и висината на имотната корист прибавена за двата економски оператори на штета на Буџетот. А сторувањето на кривичното дело, не само што е спротивно на јавно правниот карактер на функцијата генерален секретар, како прв човек на службата за стручна помош на Владата, туку создава и недоверба во власта и во носителите на јавни функции, беше кажано во судницата.

Како олеснителни околности, Судот ги ценел личните, семејните и материјалните прилики на обвинетиот, потоа дека не е креатор на идејата за потребата од започнување постапка за јавно приватно партнерство или продажба на АД Пошта на РМ и на Железници на РМ транспорт, туку само го одбрал начинот на склучувањето на договорите.

The post Зеќири: Ќе ја обжалиме одлуката на Судот, спроведов само предлог на вицепремиерот Битиќи appeared first on Република.

]]>

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири по денешното соопштување на пресудата - казна од две години и шест месеци за злоупотреба на службената положба и овластување, во изјава за медиумите рече оти таа е неоснована и дека ќе биде обжалена.
Мислам дека одлуката е неоснована. Ќе ја обжалиме одлуката, бидејќи во текот на целиот процес никаде и во ниту еден момент не беше докажана моја умисла во склучувањето на договорите, затоа што јас само сум спровел умисла на други, односно на Владата, кои беа предложени од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, рече Зеќири.
На Зеќири му остануваат уште 11 месеци во затвор, доколку остане на сила денешната одлука на Судот. Во казната затвор му се засметува и времето поминато во притвор и во куќен притвор. Прашан како ќе ги обезбеди 71 милион денари, Зеќири рече дека ќе видат каква ќе биде конечната одлука, бидејќи ќе ја обжалат пресудата. Според пресудата што денеска ја објави судијката Фанка Јанчуловска Михаиловски, осомничениот извршил две временски поврзани дејствија, преку кои како службено лице, презел дејствие со намера за друг да прибави имотна корист. Зеќири се товари дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.
При одмерувањето на видот и на висината на кривичната санкција, судот имаше предвид дека за ова кривично дело, со измените на Кривичниот законик, е пропишана казна затвор од една до пет години. Како отежнителна околност, првенствено ја ценеше општествената опасност од овој вид кривични дела, зачестеноста на истите, како во нашата држава, така и пошироко, како и висината на имотната корист прибавена за двата економски оператори на штета на Буџетот. А сторувањето на кривичното дело, не само што е спротивно на јавно правниот карактер на функцијата генерален секретар, како прв човек на службата за стручна помош на Владата, туку создава и недоверба во власта и во носителите на јавни функции, беше кажано во судницата.
Како олеснителни околности, Судот ги ценел личните, семејните и материјалните прилики на обвинетиот, потоа дека не е креатор на идејата за потребата од започнување постапка за јавно приватно партнерство или продажба на АД Пошта на РМ и на Железници на РМ транспорт, туку само го одбрал начинот на склучувањето на договорите.

The post Зеќири: Ќе ја обжалиме одлуката на Судот, спроведов само предлог на вицепремиерот Битиќи appeared first on Република.

]]>
Зеќири осуден на две и пол години затвор https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zekiri-osuden-na-dve-i-pol-godini-zatvor/ Fri, 01 Dec 2023 12:33:21 +0000 https://republika.mk/?p=718333

Поранешниот генсек на Владата, Мухамед Зеќири е осуден на две и пол години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување.

Тој треба и да ги надомести парите кои државата ги плаќала поради неговите договори склучени во четири очи.

Нема да му се конфискува недвижниот имот во Чаир, ниту парите најдени во сефот на сопругата на Зеќири.

Обвинетиот Мухамед Зеќири сторил злоупотреба на службена положба и овластување. Обвинетиот го осудувам на казна затвор од 2 години и 6 месеци, кажа судијката.

Мухамед Зеќири се товари дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.

The post Зеќири осуден на две и пол години затвор appeared first on Република.

]]>

Поранешниот генсек на Владата, Мухамед Зеќири е осуден на две и пол години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување. Тој треба и да ги надомести парите кои државата ги плаќала поради неговите договори склучени во четири очи. Нема да му се конфискува недвижниот имот во Чаир, ниту парите најдени во сефот на сопругата на Зеќири. Обвинетиот Мухамед Зеќири сторил злоупотреба на службена положба и овластување. Обвинетиот го осудувам на казна затвор од 2 години и 6 месеци, кажа судијката. Мухамед Зеќири се товари дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.

The post Зеќири осуден на две и пол години затвор appeared first on Република.

]]>
Денеска пресуда за Муамед Зеќири https://republika.mk/vesti/makedonija/deneska-presuda-za-muamed-zekiri/ Fri, 01 Dec 2023 09:12:01 +0000 https://republika.mk/?p=718229

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, во која тој се товари за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Застапникот на обвинението, обвинителката Катерина Коларевиќ во завршните зборови рече дека осомничениот Мухамед Зеќири без да спроведе јавна набавка, директно склучувал договори со правни лица кои работеле под сомнителни околности.

Процесот, како што образложи, почнал кога на предлог на вицепремиерот Фатмир Битиќи, Владата заклучила дека е потребно да се спроведе постапка за да се направи физибилити студија во врска со македонски пошти и Железници Транспорт, а задолжен за постапката бил Мухамед Зеќири во улога на генерален секретар.

Наместо обвинетиот да спроведе постапка за јавна набавка, тој склучил директно договор со правното лице друштво за менаџмент, консултантски услуги и трговија „Интерхолдинг дуо“, кое било основана само 12 дена пред донесувањето на конкретниот заклучок на Владата. Од сите докази очигледно е дека од постоењето на правното лице обавува само една единствена соработка со секретаријатот на Владата, седиштето на правното лице на ден 13 април 2022 година е најдено заклучено, ниту биле најдени вработени лица. Произлегува дека правното лице единствено било основано заради извршување на договорот склучен со секретаријатот на Владата, истакна обвинителката.

Обвинителката му предложи на судот да спроведе постапка за конфискација на имотот, но и на парични средства пронајдени во сефот кај сопругата на осомничениот, со образложение дека тие претставуваат парични средства на обвинетиот.

Одбраната посочи дека Јавното обвинителство не доставило доволно докази за да докаже дека осомничениот со директна умисла ги правел активностите, а во текот на постапката се покажало дека Мухамед Зеќири само спроведувал постапки исклучиво по наредба на Владата, а врз основа на одлуки донесени од Владата. Во однос на предлогот на обвинителството за одземање на средствата на сопругата на осомничената, одбраната оцени дека тоа би било незаконски и нечовечки затоа што осомничениот доставил писмени докази за потеклото на тие средства.

Зеќири писмено докажа од каде потекнуваат средствата на неговата сопруга и дека тие потекнуват од нејзините родители и се уредно пријавувани, барањето на обвинителството за запленување на овие средства е незаконски, но и нечовечки, поради состојбата во која се наоѓа сведокот, посочи Владмир Андреевски.

Зеќири се изјасни за невин и рече дека само извршувал активности за кои бил задолжен со одлука на Владата.

Владата во својата работа донесува заклучоци во која ги задолжува органите да постапуваат, мене ме задолжија да ги споредам сите активности, а во заклучокот немаше предвидена јавна набавка. Обвинението дека со умисла сум направил некаква штета, кога јас како генерален секретар само извршував владин заклучок, што беше и моја законска службена обврска. Ако кривичното дело злоупотреба на положбата може да се стори исклучиво со умисла, никако не можам да бидам обвинет за такво кривично дело бидејќи јас извршував само туѓа замисла, посочи тој.

Јавната обвинителка неодамна, согласно измените во Кривичниот Законик, го трансформираше поднесениот обвинителен акт во обвинителен предлог.

Поднесениот обвинителен акт е трансформиран во обвинителен предлог согласно измените на Кривичниот закон од септември 2023, кои што предвидуваат поблаго казнување за обвинетиот. Врз основа на тоа е извршена измена на диспозитивот на сега поднесениот обвинителен предлог во делот на опфатот на законските елементи на кривичното дело кое му се става на товар, образложи обвинителката.

Согласно сега поднесениот обвинителен предлог, на поранешниот генерален секретар Зеќири му се става на товар делото „злоупотреба на службена положба и овластување“ - 353 став 4 кој предвидува казна затвор од 1 до 5 години, за разлика од претходно, кога му се ставаше на товар истиот член под став 5, кој предвидуваше минимална казна затвор од 5 години.

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири се товари дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.

The post Денеска пресуда за Муамед Зеќири appeared first on Република.

]]>

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, во која тој се товари за „злоупотреба на службената положба и овластување“. Застапникот на обвинението, обвинителката Катерина Коларевиќ во завршните зборови рече дека осомничениот Мухамед Зеќири без да спроведе јавна набавка, директно склучувал договори со правни лица кои работеле под сомнителни околности. Процесот, како што образложи, почнал кога на предлог на вицепремиерот Фатмир Битиќи, Владата заклучила дека е потребно да се спроведе постапка за да се направи физибилити студија во врска со македонски пошти и Железници Транспорт, а задолжен за постапката бил Мухамед Зеќири во улога на генерален секретар.
Наместо обвинетиот да спроведе постапка за јавна набавка, тој склучил директно договор со правното лице друштво за менаџмент, консултантски услуги и трговија „Интерхолдинг дуо“, кое било основана само 12 дена пред донесувањето на конкретниот заклучок на Владата. Од сите докази очигледно е дека од постоењето на правното лице обавува само една единствена соработка со секретаријатот на Владата, седиштето на правното лице на ден 13 април 2022 година е најдено заклучено, ниту биле најдени вработени лица. Произлегува дека правното лице единствено било основано заради извршување на договорот склучен со секретаријатот на Владата, истакна обвинителката.
Обвинителката му предложи на судот да спроведе постапка за конфискација на имотот, но и на парични средства пронајдени во сефот кај сопругата на осомничениот, со образложение дека тие претставуваат парични средства на обвинетиот. Одбраната посочи дека Јавното обвинителство не доставило доволно докази за да докаже дека осомничениот со директна умисла ги правел активностите, а во текот на постапката се покажало дека Мухамед Зеќири само спроведувал постапки исклучиво по наредба на Владата, а врз основа на одлуки донесени од Владата. Во однос на предлогот на обвинителството за одземање на средствата на сопругата на осомничената, одбраната оцени дека тоа би било незаконски и нечовечки затоа што осомничениот доставил писмени докази за потеклото на тие средства.
Зеќири писмено докажа од каде потекнуваат средствата на неговата сопруга и дека тие потекнуват од нејзините родители и се уредно пријавувани, барањето на обвинителството за запленување на овие средства е незаконски, но и нечовечки, поради состојбата во која се наоѓа сведокот, посочи Владмир Андреевски.
Зеќири се изјасни за невин и рече дека само извршувал активности за кои бил задолжен со одлука на Владата.
Владата во својата работа донесува заклучоци во која ги задолжува органите да постапуваат, мене ме задолжија да ги споредам сите активности, а во заклучокот немаше предвидена јавна набавка. Обвинението дека со умисла сум направил некаква штета, кога јас како генерален секретар само извршував владин заклучок, што беше и моја законска службена обврска. Ако кривичното дело злоупотреба на положбата може да се стори исклучиво со умисла, никако не можам да бидам обвинет за такво кривично дело бидејќи јас извршував само туѓа замисла, посочи тој.
Јавната обвинителка неодамна, согласно измените во Кривичниот Законик, го трансформираше поднесениот обвинителен акт во обвинителен предлог.
Поднесениот обвинителен акт е трансформиран во обвинителен предлог согласно измените на Кривичниот закон од септември 2023, кои што предвидуваат поблаго казнување за обвинетиот. Врз основа на тоа е извршена измена на диспозитивот на сега поднесениот обвинителен предлог во делот на опфатот на законските елементи на кривичното дело кое му се става на товар, образложи обвинителката.
Согласно сега поднесениот обвинителен предлог, на поранешниот генерален секретар Зеќири му се става на товар делото „злоупотреба на службена положба и овластување“ - 353 став 4 кој предвидува казна затвор од 1 до 5 години, за разлика од претходно, кога му се ставаше на товар истиот член под став 5, кој предвидуваше минимална казна затвор од 5 години. Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири се товари дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.

The post Денеска пресуда за Муамед Зеќири appeared first on Република.

]]>
Заврши судењето на Мухамед Зеќири, пресуда на први декември https://republika.mk/vesti/makedonija/zavrshi-sudeneto-na-muhamed-zekiri-presuda-na-prvi-dekemvri/ Thu, 23 Nov 2023 11:53:20 +0000 https://republika.mk/?p=715507

Заврши главната расправа за судењето на Мухамед Зеќири, кој се товари за „злоупотреба на службена положба и овластување“. Завршни зборови имаа Обвнителството, одбраната и главниот осомничен, по што Кривичниот суд ја закажа пресудата за први декември.

Застапникот на обвинението, обвинителката Катерина Коларевиќ рече дека осомничениот Мухамед Зеќири без да спроведе јавна набавка, директно склучувал договори со правни лица кои работеле под сомнителни околности.

Процесот почнал кога на предлог на вицепремиерот Фатмир Битиќи, владата заклучила дека е потребно да се спроведе постапка за да се направи физибилити студија во врска со македонски пошти и Железници Транспорт, а задолжен за постапката бил Мухамед Зеќири во улога на генерален секретар.

-Наместо обвинетиот да спроведе постапка за јавна набавка, тој склучил директно договор со правото лице друштво за менаџмент, консултантски услуги и трговија „Интерхолдинг дуо“, кое било основана само 12 дена пред донесувањето на конкретниот заклучок на Владата. Од сите докази очигледно е дека од постоењето на правното лице обавува само една единствена соработка со секретаријатот на Владата, седиштето на правното лице на ден 13 април 2022 година е најдено заклучено, ниту биле најдени вработени лица. Произлегува дека правното лице единствено било основано заради извршување на договорот склучен со секретаријатот на Владата, истакна обвинителката.

Според обвинителката Колариќ, имало фактури со вкупна сума 57.932.100 денари, кои биле во целост исплатени од страна на Владата.

Обвинителката додаде дека генералниот секретаријат имал склучено уште еден договор тесно поврзан со осомничениот Мухамед Зеќири.

Обвинителката рече дека обвинетиот го оштетил Буџетот на државата и предложи обвинетиот да ги подмири сите штети, обвинителствто му предложи на судот да спроведе постапка за конфискација на имотот, но и на парични средства пронајдени во сефот кај сопругата на осомничениот, со образложение дека тие претставуваат парични средства на обвинетиот.

Одбраната посочи дека Јавното обвинителство не доставило доволно докази за да докаже дека осомничениот со директна умисла ги правел активностите, а во текот на постапката се покажало дека Мухамед Зеќири само спроведувал постапки исклучиво по наредба на Владата, а врз основа на одлуки донесени од Владата. Во однос на предлогот на обвинителството за одземање на средствата на сопругата на осомничената, одбраната оцени дека тоа би било незаконски и нечовечки затоа што осомничениот доставил писмени докази за потеклото на тие средства.

-Зеќири писмено докажа од каде потекнуваат средствата на неговата сопруга и дека тие потекнуват од нејзините родители и се уредно пријавувани, барањето на обвинителството за запленување на овие средства е незаконски, но и нечовечки, поради состојбата во која се наоѓа сведокот, посочи Владмир Андреевски.

Зеќири се изјасни за невин и рече дека само извршувал активности за кои бил задолжен со одлука на Владата.

- Владата во својата работа донесува заклучоци во која ги задолжува органите да постапуваат, мене ме задолжија да ги споредам сите активности, а во заклучокот немаше предвидена јавна набавка. Обвинението дека со умисла сум направил некаква штета, кога јас како генерален секретар само извршував владин заклучок, што беше и моја законска службена обврска. Ако кривичното дело злопуотреба на положбата може да се стори исклучиво со умисла, никако не можам да бидам обвинет за такво кривично дело бидејќи јас извршував само туѓа замисла, посочи тој.

Зеќири се товари дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.

Процесот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска.

The post Заврши судењето на Мухамед Зеќири, пресуда на први декември appeared first on Република.

]]>

Заврши главната расправа за судењето на Мухамед Зеќири, кој се товари за „злоупотреба на службена положба и овластување“. Завршни зборови имаа Обвнителството, одбраната и главниот осомничен, по што Кривичниот суд ја закажа пресудата за први декември. Застапникот на обвинението, обвинителката Катерина Коларевиќ рече дека осомничениот Мухамед Зеќири без да спроведе јавна набавка, директно склучувал договори со правни лица кои работеле под сомнителни околности. Процесот почнал кога на предлог на вицепремиерот Фатмир Битиќи, владата заклучила дека е потребно да се спроведе постапка за да се направи физибилити студија во врска со македонски пошти и Железници Транспорт, а задолжен за постапката бил Мухамед Зеќири во улога на генерален секретар.
-Наместо обвинетиот да спроведе постапка за јавна набавка, тој склучил директно договор со правото лице друштво за менаџмент, консултантски услуги и трговија „Интерхолдинг дуо“, кое било основана само 12 дена пред донесувањето на конкретниот заклучок на Владата. Од сите докази очигледно е дека од постоењето на правното лице обавува само една единствена соработка со секретаријатот на Владата, седиштето на правното лице на ден 13 април 2022 година е најдено заклучено, ниту биле најдени вработени лица. Произлегува дека правното лице единствено било основано заради извршување на договорот склучен со секретаријатот на Владата, истакна обвинителката.
Според обвинителката Колариќ, имало фактури со вкупна сума 57.932.100 денари, кои биле во целост исплатени од страна на Владата. Обвинителката додаде дека генералниот секретаријат имал склучено уште еден договор тесно поврзан со осомничениот Мухамед Зеќири. Обвинителката рече дека обвинетиот го оштетил Буџетот на државата и предложи обвинетиот да ги подмири сите штети, обвинителствто му предложи на судот да спроведе постапка за конфискација на имотот, но и на парични средства пронајдени во сефот кај сопругата на осомничениот, со образложение дека тие претставуваат парични средства на обвинетиот. Одбраната посочи дека Јавното обвинителство не доставило доволно докази за да докаже дека осомничениот со директна умисла ги правел активностите, а во текот на постапката се покажало дека Мухамед Зеќири само спроведувал постапки исклучиво по наредба на Владата, а врз основа на одлуки донесени од Владата. Во однос на предлогот на обвинителството за одземање на средствата на сопругата на осомничената, одбраната оцени дека тоа би било незаконски и нечовечки затоа што осомничениот доставил писмени докази за потеклото на тие средства.
-Зеќири писмено докажа од каде потекнуваат средствата на неговата сопруга и дека тие потекнуват од нејзините родители и се уредно пријавувани, барањето на обвинителството за запленување на овие средства е незаконски, но и нечовечки, поради состојбата во која се наоѓа сведокот, посочи Владмир Андреевски.
Зеќири се изјасни за невин и рече дека само извршувал активности за кои бил задолжен со одлука на Владата.
- Владата во својата работа донесува заклучоци во која ги задолжува органите да постапуваат, мене ме задолжија да ги споредам сите активности, а во заклучокот немаше предвидена јавна набавка. Обвинението дека со умисла сум направил некаква штета, кога јас како генерален секретар само извршував владин заклучок, што беше и моја законска службена обврска. Ако кривичното дело злопуотреба на положбата може да се стори исклучиво со умисла, никако не можам да бидам обвинет за такво кривично дело бидејќи јас извршував само туѓа замисла, посочи тој.
Зеќири се товари дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000. Процесот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска.

The post Заврши судењето на Мухамед Зеќири, пресуда на први декември appeared first on Република.

]]>
Судењето против Мухамед Зеќири одложено за 24 октомври https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sudeneto-protiv-muhamed-zekiri-odlozheno-za-24-oktomvri/ Fri, 22 Sep 2023 12:28:27 +0000 https://republika.mk/?p=684140

Судењето против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој се товари за „злоупотреба на службена положба и овластување“ се одложи за 24 октомври, откако во Основниот кривичен суд денеска не дојде предвидениот сведок предложен од одбраната, за кој беше приложен доказ за причината за отсуство.

Обвинителството го товари Зеќири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.

Процесот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Катерина Коларевиќ.

The post Судењето против Мухамед Зеќири одложено за 24 октомври appeared first on Република.

]]>

Судењето против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој се товари за „злоупотреба на службена положба и овластување“ се одложи за 24 октомври, откако во Основниот кривичен суд денеска не дојде предвидениот сведок предложен од одбраната, за кој беше приложен доказ за причината за отсуство. Обвинителството го товари Зеќири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000. Процесот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Катерина Коларевиќ.

The post Судењето против Мухамед Зеќири одложено за 24 октомври appeared first on Република.

]]>
Психијатар потврдил дека Зеќири не е во можност да го следи судењето, рочиштето одложено https://republika.mk/vesti/crna-hronika/psihijatar-potvrdil-deka-zekiri-ne-e-vo-mozhnost-da-go-sledi-sudeneto-rochishteto-odlozheno/ Thu, 16 Feb 2023 14:20:23 +0000 https://republika.mk/?p=609824

По добиено вештачење за здравствената состојба на Мухамед Зеќири, судењето за поранешниот генерален секретар на Владата, кое беше закажано за 21 февруари ќе биде одложено, соопштуваат од Основниот кривичен суд Скопје.

Ја информираме јавноста дека расправата се отповикува со оглед да е добиено вештачење изработено по наредба на судот од вештак - психијатар, според кое обвиентиот заради здравствени пречки не е во можност да го следи следното судење, стои во соопштението од Кривичен.

Дополнуваат дека главната расправа ќе продолжи на следниот насрочен термин на 13.03.2023 година 10 часот, а за евентуално ново одлагање на расправата, како што наведуваат, јавноста и странките ќе бидат благовремено известени.

Зеќири се товари дека со „злоупотреба на службена положба и овластување“ го оштетил државниот буџет за 89.385.255,00 денари.

Според обвинението, обвинетиот како службено лице генерален секретар на Владата, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.

Тој, во периодот од месец април 2021 година до месец март 2022 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврати, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги, стои во обвнителниот акт.

The post Психијатар потврдил дека Зеќири не е во можност да го следи судењето, рочиштето одложено appeared first on Република.

]]>

По добиено вештачење за здравствената состојба на Мухамед Зеќири, судењето за поранешниот генерален секретар на Владата, кое беше закажано за 21 февруари ќе биде одложено, соопштуваат од Основниот кривичен суд Скопје.
Ја информираме јавноста дека расправата се отповикува со оглед да е добиено вештачење изработено по наредба на судот од вештак - психијатар, според кое обвиентиот заради здравствени пречки не е во можност да го следи следното судење, стои во соопштението од Кривичен.
Дополнуваат дека главната расправа ќе продолжи на следниот насрочен термин на 13.03.2023 година 10 часот, а за евентуално ново одлагање на расправата, како што наведуваат, јавноста и странките ќе бидат благовремено известени. Зеќири се товари дека со „злоупотреба на службена положба и овластување“ го оштетил државниот буџет за 89.385.255,00 денари. Според обвинението, обвинетиот како службено лице генерален секретар на Владата, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Тој, во периодот од месец април 2021 година до месец март 2022 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврати, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги, стои во обвнителниот акт.

The post Психијатар потврдил дека Зеќири не е во можност да го следи судењето, рочиштето одложено appeared first on Република.

]]>
Денеска во Кривичен нови рочишта за Зеќири, Бонева, Дерковски и за автобуската несреќа кај Ласкарци https://republika.mk/vesti/crna-hronika/deneska-vo-krivichen-novi-rochishta-za-zekiri-boneva-derkovski-i-za-avtobuskata-nesreka-kaj-laskartsi/ Tue, 07 Feb 2023 08:13:14 +0000 https://republika.mk/?p=605764

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржат нови рочишта на кои ќе се судат случаите каде обвинети се експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева, ексгенералниот секретар на Владата Мухамед Зеќири, експретседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски. Ќе се одржи и рочиште за случајот „Ласкарци“ каде обвинети се сопственикот и раководни лиц од „Дурмо турс“. На сите рочишта треба да се изведуваат докази, а на дел и да се испитуваат сведоци односно вештаци.

Во случајот „Друмарина“ за кој обвинение се поднесе пред три години, поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева, се сомничи за измама со фискални сметки од патарина, која го чинела Собранието околу 100.000 евра.

Мухамед Зеќири, пак, се гони за злоупотреба на службената положба, бидејќи според обвинителката Катерина Коларевиќ, од април 2021 до март 2022 спротивно на Законот и без спроведена постапка за јавна набавка склучил два договори за консултантски услуги за Пошта и Железници Транспорт тешки скоро 1,5 милиони евра.

Поранешниот претседател на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Дерковски и уште тројца вработени во ДИК одговараат за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување односно набавката на софтвер за резултати од изборите од економскиот оператор ДУНА. Според обвинението, обвинетите И.Ќ., А.А. и А.Ш. вработени во ДИК, како членови на Комисијата за јавни набавки, во периодот од февруари до септември 2020 година неизвршувајќи ги своите службени должности при спроведување на постапката за јавна набавка на софтверот за изборите, не го почитувале минималниот законски рок за поднесување понуди, не утврдиле дека економскиот оператор ДУНА ДОО Скопје не ги исполнува условите за учество во постапката и притоа не спровеле правилна постапка за евалуација на доставените понуди, туку понудата ја оцениле како прифатлива и доделиле максимален број на бодови. Потоа, врз основа на извештајот од спроведена постапка, првообвинетиот Оливер Дерковски, како претседател на ДИК, без да изврши контрола на постапката за евалуација на понудите, донел одлука за избор на најповолен понудувач.

Во случајот „Ласкарци“ Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против шест лица кои ги осомничени дека сториле тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 лица, а 38 патници беа тешко повредени. Обвинение е поднесено против газдата на Дурмо – турс и одговорното лице во фирмата – бидејќи според обвинителот, иако знаеле дека автобусот е неисправен не презеле ништо да ги поправат дефектите на системот за сопирање на автобусот. Исто така тие давале и насоки на возачите на автобусите да монтираат опрема со која ќе се манипулира вистинската брзина со која се движи автобусот.

The post Денеска во Кривичен нови рочишта за Зеќири, Бонева, Дерковски и за автобуската несреќа кај Ласкарци appeared first on Република.

]]>

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржат нови рочишта на кои ќе се судат случаите каде обвинети се експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева, ексгенералниот секретар на Владата Мухамед Зеќири, експретседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски. Ќе се одржи и рочиште за случајот „Ласкарци“ каде обвинети се сопственикот и раководни лиц од „Дурмо турс“. На сите рочишта треба да се изведуваат докази, а на дел и да се испитуваат сведоци односно вештаци. Во случајот „Друмарина“ за кој обвинение се поднесе пред три години, поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева, се сомничи за измама со фискални сметки од патарина, која го чинела Собранието околу 100.000 евра. Мухамед Зеќири, пак, се гони за злоупотреба на службената положба, бидејќи според обвинителката Катерина Коларевиќ, од април 2021 до март 2022 спротивно на Законот и без спроведена постапка за јавна набавка склучил два договори за консултантски услуги за Пошта и Железници Транспорт тешки скоро 1,5 милиони евра. Поранешниот претседател на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Дерковски и уште тројца вработени во ДИК одговараат за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување односно набавката на софтвер за резултати од изборите од економскиот оператор ДУНА. Според обвинението, обвинетите И.Ќ., А.А. и А.Ш. вработени во ДИК, како членови на Комисијата за јавни набавки, во периодот од февруари до септември 2020 година неизвршувајќи ги своите службени должности при спроведување на постапката за јавна набавка на софтверот за изборите, не го почитувале минималниот законски рок за поднесување понуди, не утврдиле дека економскиот оператор ДУНА ДОО Скопје не ги исполнува условите за учество во постапката и притоа не спровеле правилна постапка за евалуација на доставените понуди, туку понудата ја оцениле како прифатлива и доделиле максимален број на бодови. Потоа, врз основа на извештајот од спроведена постапка, првообвинетиот Оливер Дерковски, како претседател на ДИК, без да изврши контрола на постапката за евалуација на понудите, донел одлука за избор на најповолен понудувач. Во случајот „Ласкарци“ Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против шест лица кои ги осомничени дека сториле тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 лица, а 38 патници беа тешко повредени. Обвинение е поднесено против газдата на Дурмо – турс и одговорното лице во фирмата – бидејќи според обвинителот, иако знаеле дека автобусот е неисправен не презеле ништо да ги поправат дефектите на системот за сопирање на автобусот. Исто така тие давале и насоки на возачите на автобусите да монтираат опрема со која ќе се манипулира вистинската брзина со која се движи автобусот.

The post Денеска во Кривичен нови рочишта за Зеќири, Бонева, Дерковски и за автобуската несреќа кај Ласкарци appeared first on Република.

]]>
Психички не е добро, под терапија е поради смртта на брат му: Адвокатот објасни зошто Зеќири не дојде во суд https://republika.mk/vesti/crna-hronika/psihichki-ne-e-dobro-pod-terapija-e-poradi-smrtta-na-brat-mu-advokatot-objasni-zoshto-zekiri-ne-dojde-vo-sud/ Mon, 30 Jan 2023 16:54:25 +0000 https://republika.mk/?p=602729

Денешното рочиште за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, беше одложено поради здравствената состојба на обвинетитот.

Неговиот бранител попладнево испрати допис во кој ги објасни причините за „недоразбирањата“ околу неспроведувањето на Зеќири во судот, истакнувајќи дека неговиот клиент од самиот почеток соработува со надлежните органи, секогаш бил коректен и достапен за нив и така и ќе продолжел.

Со цел правилно информирање на јавноста за денешната ситуација околу одложување на рочиштето за мојот клиент Мухамед Зеќири, јас Александар Трајковски како негов бранител обврзан сум да реагирам на известувањата во дел од медиумите во кои се наведува дека причина за одложувањето на рочиштето е што полицијата не можела да го спроведе мојот клиент откако констатирала дека е болен.

Всушност фактите се следниве: со дозвола од судот, мојот клиент заради влошена психичка состојба поради ненадејната смрт на неговиот 41-годишен брат пред само десетина дена, минатиот петок (27.01.) беше полициски спроведен на специјалистички преглед до Клиниката за психијатрија каде му беше препишана терапија и изготвен извештај за неговата состојба, поради која тој во моментов не е во можност да го следи судењето – што е предуслов и начело за правично судење и право на секој обвинет.

Извештајот уредно и навремено е доставен до судот и надлежниот судија. Од таму полицијата не била информирана за психијатрискиот наод и и било наложено од страна на надлежниот судија, Зеќири сепак да биде спроведен.

И покрај тоа што полициските службеници на лице место се уверија во неговата состојба и надлежниот судија беше известен за истото, судиката инсистираше да се реализира спроводот, за потоа по нејзино барање да биде испратена и брза помош во посета на мојот клиент која исто така констатираше дека поради психичката состојба и терапијата која ја прима, не е во можност да го следи денешното судско рочиште.

Сакам да нагласам дека мојот клиент од самиот почеток соработува со надлежните органи, секогаш бил коректен и достапен за нив и така и ќе продолжи. Реакцијата е со цел да се заштити мојот клиент од нарушувањето на неговиот углед и креирањето на искривена перцепција во јавноста околу денешните случувања, објасни адвокатот на Зеќири.

The post Психички не е добро, под терапија е поради смртта на брат му: Адвокатот објасни зошто Зеќири не дојде во суд appeared first on Република.

]]>

Денешното рочиште за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, беше одложено поради здравствената состојба на обвинетитот. Неговиот бранител попладнево испрати допис во кој ги објасни причините за „недоразбирањата“ околу неспроведувањето на Зеќири во судот, истакнувајќи дека неговиот клиент од самиот почеток соработува со надлежните органи, секогаш бил коректен и достапен за нив и така и ќе продолжел. Со цел правилно информирање на јавноста за денешната ситуација околу одложување на рочиштето за мојот клиент Мухамед Зеќири, јас Александар Трајковски како негов бранител обврзан сум да реагирам на известувањата во дел од медиумите во кои се наведува дека причина за одложувањето на рочиштето е што полицијата не можела да го спроведе мојот клиент откако констатирала дека е болен. Всушност фактите се следниве: со дозвола од судот, мојот клиент заради влошена психичка состојба поради ненадејната смрт на неговиот 41-годишен брат пред само десетина дена, минатиот петок (27.01.) беше полициски спроведен на специјалистички преглед до Клиниката за психијатрија каде му беше препишана терапија и изготвен извештај за неговата состојба, поради која тој во моментов не е во можност да го следи судењето – што е предуслов и начело за правично судење и право на секој обвинет. Извештајот уредно и навремено е доставен до судот и надлежниот судија. Од таму полицијата не била информирана за психијатрискиот наод и и било наложено од страна на надлежниот судија, Зеќири сепак да биде спроведен. И покрај тоа што полициските службеници на лице место се уверија во неговата состојба и надлежниот судија беше известен за истото, судиката инсистираше да се реализира спроводот, за потоа по нејзино барање да биде испратена и брза помош во посета на мојот клиент која исто така констатираше дека поради психичката состојба и терапијата која ја прима, не е во можност да го следи денешното судско рочиште. Сакам да нагласам дека мојот клиент од самиот почеток соработува со надлежните органи, секогаш бил коректен и достапен за нив и така и ќе продолжи. Реакцијата е со цел да се заштити мојот клиент од нарушувањето на неговиот углед и креирањето на искривена перцепција во јавноста околу денешните случувања, објасни адвокатот на Зеќири.

The post Психички не е добро, под терапија е поради смртта на брат му: Адвокатот објасни зошто Зеќири не дојде во суд appeared first on Република.

]]>
Зеќири не беше донесен на судење, судијката: Повикана е Брза помош, а зависно од проблемите ќе биде однесен во болница https://republika.mk/vesti/makedonija/zekiri-ne-beshe-donesen-na-sudene-sudijkata-povikana-e-brza-pomosh-a-zavisno-od-problemite-ke-bide-odnesen-vo-bolnitsa/ Mon, 30 Jan 2023 13:41:32 +0000 https://republika.mk/?p=602661

Полицијата не можела да го спроведе Мухамед Зеќири од куќен притвор, бидејќи кога службениците дошле да го земат – тој ги известил дека е болен. Судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска на судењето посочи дека имала повик од командирот од полициската станица Карпош, која ја известила што се случувало при обидот за спровод. Рочиштето се одложува по 45 дена од првото одржано рочиште за овој предмет.

Со оглед на тоа што имав телефонски повик од командирот на ПС Карпош Владо Симјановски кој го извести дека не можат да постапат по наредбата од судот за спровод на Мухамед Зеќири кој е во куќен притвор поради здравствени причини. И поради здравствени проблеми е повикана Брза помош, а зависно од проблемите ќе биде спроведен и во клиничкиот центар, кажа Фанка Јанчулева-Михаиловска.

Судијката додаде дека ќе го прифати за веродостојно известувањето од полицијата за неможноста да се спроведе Зеќири. Таа пред адвокатите на Зеќири рече: „Инаку ќе постапев поинаку“.

Во петокот, Зеќири барал здравствен преглед во една од скопските клиники. Тој му бил дозволен од судот, а бил спроведен со полиција.

Следното рочиште е закажано за наредната недела. Тогаш, ќе се испитуваат две лица. Првиот сведок е Киро Костов – вешто лице. Второ лице е сведокот Петко Димитров. По испитување на овие две лица, доказната постапка на обвинителката Катерина Коларевиќ завршува. Во судницата ќе бидат испитани и вработениот во Владата Агим Махмути, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, и директорот на „Пошти“ Јани Макрадули.

The post Зеќири не беше донесен на судење, судијката: Повикана е Брза помош, а зависно од проблемите ќе биде однесен во болница appeared first on Република.

]]>

Полицијата не можела да го спроведе Мухамед Зеќири од куќен притвор, бидејќи кога службениците дошле да го земат – тој ги известил дека е болен. Судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска на судењето посочи дека имала повик од командирот од полициската станица Карпош, која ја известила што се случувало при обидот за спровод. Рочиштето се одложува по 45 дена од првото одржано рочиште за овој предмет.
Со оглед на тоа што имав телефонски повик од командирот на ПС Карпош Владо Симјановски кој го извести дека не можат да постапат по наредбата од судот за спровод на Мухамед Зеќири кој е во куќен притвор поради здравствени причини. И поради здравствени проблеми е повикана Брза помош, а зависно од проблемите ќе биде спроведен и во клиничкиот центар, кажа Фанка Јанчулева-Михаиловска.
Судијката додаде дека ќе го прифати за веродостојно известувањето од полицијата за неможноста да се спроведе Зеќири. Таа пред адвокатите на Зеќири рече: „Инаку ќе постапев поинаку“. Во петокот, Зеќири барал здравствен преглед во една од скопските клиники. Тој му бил дозволен од судот, а бил спроведен со полиција. Следното рочиште е закажано за наредната недела. Тогаш, ќе се испитуваат две лица. Првиот сведок е Киро Костов – вешто лице. Второ лице е сведокот Петко Димитров. По испитување на овие две лица, доказната постапка на обвинителката Катерина Коларевиќ завршува. Во судницата ќе бидат испитани и вработениот во Владата Агим Махмути, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, и директорот на „Пошти“ Јани Макрадули.

The post Зеќири не беше донесен на судење, судијката: Повикана е Брза помош, а зависно од проблемите ќе биде однесен во болница appeared first on Република.

]]>
Почнува судењето против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pochnuva-sudenjeto-protiv-poraneshniot-generalen-sekretar-na-vladata-muhamed-zekjiri/ Thu, 15 Dec 2022 07:57:02 +0000 https://republika.mk/?p=585791

Во Основниот кривичен суд Скопје, денеска треба да започне судскиот процес во кој поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, е обвинет за злоупотреба на службената положба.

Според обвинението, обвинетиот како службено лице генерален секретар на Владата, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.

Тој, во периодот од месец април 2021 година до месец март 2022 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврати, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги, стои во обвнителниот акт.

Зеќири се товари дека го оштетил државниот буџет за 89.385.255,00 денари.

Процесот го води судијката Фанка Јанчулева – Михаиловска, која е претседател и на Судечкиот совет во процесот „Софтвери“, во кој првобвинет е Драги Рашковски, исто така, поранешен генерален секретар на Владата

The post Почнува судењето против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири appeared first on Република.

]]>

Во Основниот кривичен суд Скопје, денеска треба да започне судскиот процес во кој поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, е обвинет за злоупотреба на службената положба. Според обвинението, обвинетиот како службено лице генерален секретар на Владата, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Тој, во периодот од месец април 2021 година до месец март 2022 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврати, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги, стои во обвнителниот акт. Зеќири се товари дека го оштетил државниот буџет за 89.385.255,00 денари. Процесот го води судијката Фанка Јанчулева – Михаиловска, која е претседател и на Судечкиот совет во процесот „Софтвери“, во кој првобвинет е Драги Рашковски, исто така, поранешен генерален секретар на Владата

The post Почнува судењето против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири appeared first on Република.

]]>
На Зеќири му се падна истата судијка како на Рашковски https://republika.mk/vesti/makedonija/na-zekjiri-mu-se-padna-istata-sudijka-kako-na-rashkovski/ Fri, 04 Nov 2022 11:51:36 +0000 https://republika.mk/?p=569544

Фанка Јанчулева Михаиловска е судијката која е назначена за водење на судскиот процес во кој поранешниот генерален секретар на владата, Мухамед Зеќири е обвинет за злоупотреба на службената положба.

Судењето за случајот во кој Зеќири се товари дека го оштетил државниот буџет за 89.385.255,00 денари, започнува на 15 декември 2022 година.

Според обвинението, обвинетиот како службено лице генерален секретар на Владата, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.

Тој, во периодот од месец април 2021 година до месец март 2022 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврати, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги, стои во обвнителниот акт.

Судијката Фанка Јанчулева – Михаиловска го води и процесот „Софтвери“, во кој првобвинет е Драги Рашковски, исто така, поранешен генерален секретар на Владата.

The post На Зеќири му се падна истата судијка како на Рашковски appeared first on Република.

]]>

Фанка Јанчулева Михаиловска е судијката која е назначена за водење на судскиот процес во кој поранешниот генерален секретар на владата, Мухамед Зеќири е обвинет за злоупотреба на службената положба. Судењето за случајот во кој Зеќири се товари дека го оштетил државниот буџет за 89.385.255,00 денари, започнува на 15 декември 2022 година. Според обвинението, обвинетиот како службено лице генерален секретар на Владата, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.
Тој, во периодот од месец април 2021 година до месец март 2022 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврати, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги, стои во обвнителниот акт.
Судијката Фанка Јанчулева – Михаиловска го води и процесот „Софтвери“, во кој првобвинет е Драги Рашковски, исто така, поранешен генерален секретар на Владата.

The post На Зеќири му се падна истата судијка како на Рашковски appeared first on Република.

]]>
Судот го одобри обвинението, Мухамед Зеќири седнува на обвинителната клупа https://republika.mk/vesti/makedonija/sudot-go-odobri-obvinenieto-muhamed-zekjiri-sednuva-na-obvinitelnata-klupa/ Tue, 01 Nov 2022 09:07:58 +0000 https://republika.mk/?p=568181

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 22 минатиот месец поднесе обвинителен акт против поранешниот генерален секретар во Владата, Мухамед Зеќири, а денеска Основниот суд – Скопје го одобри обвинението.

По спроведена истражна постапка и извршен увид од страна на обвинетиот и неговата одбрана, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт.

Според описот во Обвинителниот акт, обвинетиот се товари дека сторил продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.3 в.в. со ст.1 в.в. со чл.45 од Кривичниот законик. Обвинетиот како службено лице – Генерален секретар на Владата, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Тој, во периодот од месец април 2021 година до месец март 2022 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврати, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги.

Имено, на 04.05.2021 година, обвинетиот, без да спроведе постапка за јавна набавка, со умисла потпомогнат од осомничените хрватски државјани, недостапни на органите на прогон, склучил договор за консултантски услуги со правно лице на износ од 795.000 евра без ДДВ во денарска противвредност. Ова правно лице, во кое еден од осомничените хрватски државјани е соосновач и управител, било основано дваесет дена пред склучувањето на Договорот. По склучениот договор, правното лице склучило Договор за консултантски услуги за постапка на процена на вредноста, како и длабинско снимање на АД Пошта Скопје со вториот осомничен хрватски државјанин, за износ од 130.000 евра во денарска противвредност. Во критичниот период, во повеќе наврати од сметката на Владата се исплаќани парични средства на сметката на правното лице, со што за правното лице е прибавена значителна противправна имотна корист во вкупен износ од 57.932.100,00 денари, што го претставува износот согласно договорот зголемен за 18% ДДВ, а за кој износ е оштетен Буџетот.

Вториот – Договор за консултантски услуги е за поддршка во процесот на потенцијална приватизација на Железници Транспорт АД Скопје и бил склучен наредниот месец, односно на 23.06.2021 година, со друго правно лице како давател на услуги (консултант). Договорот бил со вкупна вредност во износ од 772.400 евра во денарска противвредност без пресметан ДДВ. На сметка на ова правно лице Владата врз основа на издадена фактура првично исплатила аванс од 11.284.162,00 денари за одржување на почетен состанок со правното лице, односно за официјално започнување на проектот, а потоа врз основа на уште четири фактури биле исплатени буџетски средства во износ од 26.247.138,00 денари, за кој износ е оштетен Буџетот.

Со опишаните дејствија обвинетиот прибавил противправна имотна корист од значителна вредност за двете правни лица во вкупен износ од 89.385.255,00 денари, за колку и го оштетил Буџетот.

Сметајќи дека се уште постојат околностите врз основа на кои на обвинетиот му беше определена мерката куќен притвор, предметниот обвинител на судот му предложи нејзино продолжување“ стои во образложението од Јавното обвинителство.

The post Судот го одобри обвинението, Мухамед Зеќири седнува на обвинителната клупа appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 22 минатиот месец поднесе обвинителен акт против поранешниот генерален секретар во Владата, Мухамед Зеќири, а денеска Основниот суд – Скопје го одобри обвинението. По спроведена истражна постапка и извршен увид од страна на обвинетиот и неговата одбрана, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт. Според описот во Обвинителниот акт, обвинетиот се товари дека сторил продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.3 в.в. со ст.1 в.в. со чл.45 од Кривичниот законик. Обвинетиот како службено лице – Генерален секретар на Владата, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Тој, во периодот од месец април 2021 година до месец март 2022 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврати, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги. Имено, на 04.05.2021 година, обвинетиот, без да спроведе постапка за јавна набавка, со умисла потпомогнат од осомничените хрватски државјани, недостапни на органите на прогон, склучил договор за консултантски услуги со правно лице на износ од 795.000 евра без ДДВ во денарска противвредност. Ова правно лице, во кое еден од осомничените хрватски државјани е соосновач и управител, било основано дваесет дена пред склучувањето на Договорот. По склучениот договор, правното лице склучило Договор за консултантски услуги за постапка на процена на вредноста, како и длабинско снимање на АД Пошта Скопје со вториот осомничен хрватски државјанин, за износ од 130.000 евра во денарска противвредност. Во критичниот период, во повеќе наврати од сметката на Владата се исплаќани парични средства на сметката на правното лице, со што за правното лице е прибавена значителна противправна имотна корист во вкупен износ од 57.932.100,00 денари, што го претставува износот согласно договорот зголемен за 18% ДДВ, а за кој износ е оштетен Буџетот. Вториот – Договор за консултантски услуги е за поддршка во процесот на потенцијална приватизација на Железници Транспорт АД Скопје и бил склучен наредниот месец, односно на 23.06.2021 година, со друго правно лице како давател на услуги (консултант). Договорот бил со вкупна вредност во износ од 772.400 евра во денарска противвредност без пресметан ДДВ. На сметка на ова правно лице Владата врз основа на издадена фактура првично исплатила аванс од 11.284.162,00 денари за одржување на почетен состанок со правното лице, односно за официјално започнување на проектот, а потоа врз основа на уште четири фактури биле исплатени буџетски средства во износ од 26.247.138,00 денари, за кој износ е оштетен Буџетот. Со опишаните дејствија обвинетиот прибавил противправна имотна корист од значителна вредност за двете правни лица во вкупен износ од 89.385.255,00 денари, за колку и го оштетил Буџетот. Сметајќи дека се уште постојат околностите врз основа на кои на обвинетиот му беше определена мерката куќен притвор, предметниот обвинител на судот му предложи нејзино продолжување“ стои во образложението од Јавното обвинителство.

The post Судот го одобри обвинението, Мухамед Зеќири седнува на обвинителната клупа appeared first on Република.

]]>
Стигна обвинението против поранешниот ген-сек, Зеќири го оштетил буџетот за скоро 1,5 милиони евра https://republika.mk/vesti/makedonija/stigna-obvinenieto-protiv-poraneshniot-gen-sek-zekjiri-go-oshtetil-budzetot-za-skoro-1-5-milioni-evra/ Tue, 04 Oct 2022 10:50:53 +0000 https://republika.mk/?p=557197

По спроведена истражна постапка и извршен увид од страна на обвинетиот и неговата одбрана, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против поранешен генерален секретар на Владата за злоупотреба на службена положба и овластување.

Според описот во Обвинителниот акт, обвинетиот се товари дека сторил продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.3 в.в. со ст.1 в.в. со чл.45 од Кривичниот законик. Обвинетиот како службено лице – Генерален секретар на Владата на РСМ, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Тој, во периодот од април 2021 година до март 2022 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврата, без спроведување соодветна постапка за јавна набавка во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги, соопштија денеска од Јавното обвинителство.

Како што појаснуваат, на 04.05.2021 година, обвинетиот, без да спроведе постапка за јавна набавка, со умисла потпомогнат од осомничените хрватски државјани, недостапни на органите на прогон, склучил договор за консултантски услуги со правно лице на износ од 795.000 евра без ДДВ во денарска противвредност. Ова правно лице, во кое еден од осомничените хрватски државјани е соосновач и управител, било основано дваесет дена пред склучувањето на Договорот.

По склучениот договор, правното лице склучило Договор за консултантски услуги за постапка на процена на вредноста, како и длабинско снимање на АД Пошта со вториот осомничен хрватски државјанин, за износ од 130.000 евра во денарска противвредност. Во критичниот период, во повеќе наврати од сметката на Владата на РСМ се исплаќани парични средства на сметката на правното лице, со што за правното лице е прибавена значителна противправна имотна корист во вкупен износ од 57.932.100,00 денари, што го претставува износот согласно договорот зголемен за 18 проценти ДДВ, а за кој износ е оштетен Буџетот на РСМ, се наведува во соопштението.

Вториот Договор за консултантски услуги е за поддршка во процесот на потенцијална приватизација на Железници на РСМ Транспорт АД Скопје и бил склучен наредниот месец, односно на 23.06.2021 година, со друго правно лице како давател на услуги (консултант).

Договорот, информираат од Јавното обвинителство, бил со вкупна вредност во износ од 772.400 евра во денарска противвредност без пресметан ДДВ.

На сметка на ова правно лице Владата на РСМ врз основа на издадена фактура првично исплатила аванс од 11.284.162,00 денари за одржување на почетен состанок со правното лице, односно за официјално започнување на проектот, а потоа врз основа на уште четири фактури биле исплатени буџетски средства во износ од 26.247.138,00 денари, за кој износ е оштетен Буџетот на РСМ, се посочува во соопштението.

Со опишаните дејствија обвинетиот прибавил противправна имотна корист од значителна вредност за двете правни лица во вкупен износ од 89.385.255,00 денари, за колку и го оштетил Буџетот на РСМ.

Од Јавното обвинителство информираат дека сметајќи оти се уште постојат околностите врз основа на кои на обвинетиот му беше определена мерката куќен притвор, предметниот обвинител на судот му предложи нејзино продолжување.​

The post Стигна обвинението против поранешниот ген-сек, Зеќири го оштетил буџетот за скоро 1,5 милиони евра appeared first on Република.

]]>

По спроведена истражна постапка и извршен увид од страна на обвинетиот и неговата одбрана, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против поранешен генерален секретар на Владата за злоупотреба на службена положба и овластување.
Според описот во Обвинителниот акт, обвинетиот се товари дека сторил продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.3 в.в. со ст.1 в.в. со чл.45 од Кривичниот законик. Обвинетиот како службено лице – Генерален секретар на Владата на РСМ, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Тој, во периодот од април 2021 година до март 2022 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврата, без спроведување соодветна постапка за јавна набавка во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги, соопштија денеска од Јавното обвинителство.
Како што појаснуваат, на 04.05.2021 година, обвинетиот, без да спроведе постапка за јавна набавка, со умисла потпомогнат од осомничените хрватски државјани, недостапни на органите на прогон, склучил договор за консултантски услуги со правно лице на износ од 795.000 евра без ДДВ во денарска противвредност. Ова правно лице, во кое еден од осомничените хрватски државјани е соосновач и управител, било основано дваесет дена пред склучувањето на Договорот.
По склучениот договор, правното лице склучило Договор за консултантски услуги за постапка на процена на вредноста, како и длабинско снимање на АД Пошта со вториот осомничен хрватски државјанин, за износ од 130.000 евра во денарска противвредност. Во критичниот период, во повеќе наврати од сметката на Владата на РСМ се исплаќани парични средства на сметката на правното лице, со што за правното лице е прибавена значителна противправна имотна корист во вкупен износ од 57.932.100,00 денари, што го претставува износот согласно договорот зголемен за 18 проценти ДДВ, а за кој износ е оштетен Буџетот на РСМ, се наведува во соопштението.
Вториот Договор за консултантски услуги е за поддршка во процесот на потенцијална приватизација на Железници на РСМ Транспорт АД Скопје и бил склучен наредниот месец, односно на 23.06.2021 година, со друго правно лице како давател на услуги (консултант). Договорот, информираат од Јавното обвинителство, бил со вкупна вредност во износ од 772.400 евра во денарска противвредност без пресметан ДДВ.
На сметка на ова правно лице Владата на РСМ врз основа на издадена фактура првично исплатила аванс од 11.284.162,00 денари за одржување на почетен состанок со правното лице, односно за официјално започнување на проектот, а потоа врз основа на уште четири фактури биле исплатени буџетски средства во износ од 26.247.138,00 денари, за кој износ е оштетен Буџетот на РСМ, се посочува во соопштението.
Со опишаните дејствија обвинетиот прибавил противправна имотна корист од значителна вредност за двете правни лица во вкупен износ од 89.385.255,00 денари, за колку и го оштетил Буџетот на РСМ. Од Јавното обвинителство информираат дека сметајќи оти се уште постојат околностите врз основа на кои на обвинетиот му беше определена мерката куќен притвор, предметниот обвинител на судот му предложи нејзино продолжување.​

The post Стигна обвинението против поранешниот ген-сек, Зеќири го оштетил буџетот за скоро 1,5 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Зеќири сведочеше против Рашковски: Не постои одлука на Владата за набавка на софтверот https://republika.mk/vesti/makedonija/zekjiri-svedocheshe-protiv-rashkovski-ne-postoi-odluka-na-vladata-za-nabavka-na-softverot/ Wed, 28 Sep 2022 10:13:36 +0000 https://republika.mk/?p=555153

Поранешниот генерален секретар во Владата, Мухамед Зеќири, сведочеше против неговиот претходник во оваа институција, Драги Рашковски. Обвинителката Ивана Трајчева го прашуваше за системите кои ги имаше набавено Рашковски, како што е софтверот за кој вештак кажа дека не се ни вклучувал, но и за системот за биометриска идентификација во кој според Обвинителството требало да мери работно време.

Не бев запознаен со софтверот за определување на просечна брзина и одредување на казни, кажа Зеќири, на што обвинителката праша „дали генералниот секретар може да изрекува казни и определува просечна брзина“ и доби одговор „барем јас како што знам, тоа не го прави Владата“.

Зеќири кажа дека кога се набавува софтвер за друга институција (МВР) тогаш треба тоа да биде побарано, потоа, да се донесе одлука на Влада, па да се набави и примо-предаде.

Откако се запознавте со софтверот, дали во Генералниот секретаријат, пронајдовте одлука на Владата за набавка на овој софтвер?“, праша Трајчева, а Зеќири одговори „јас се запознав откако се отвори случајот и од вас добивав одговори на одредени прашања. Од мојот кабинет проследуваа до службите на Владата и тоа ви беше проследено до вас како Обвинителство. Во одговорот пратен до вас, стоеше дека не постои одлука“.

Обвинителката праша „дали ви е познато дека се вршени проверки во генералниот секретаријат за ваков вид на софтвер, пред да се набави софтверот?“, a Зеќири одговори „точно не се сеќавам, мислам дека не беше“, по што посочи дека софтверот не бил ставен во функција додека бил генерален секретар.

Системот за биометриска идентификација, за кој Трајчева посочи дека е набавен за мерење работно време, а ексдиректорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци кажа дека не може да се користи согласно законските одредби, Зеќири рече дека не бил поставен во Владата.

Трајчева праша „дали ви е познато дали Владата и Ген сек може да врши биометриска идентификација на граѓаните во Владата“, на што Зеќири одговори „тоа не ми е познато, вработените имаат картички со кои се куцаат кога доаѓаат и кога заминуваат“.

Обвинителството прашуваше и за металните кабини набавени од Рашковски.

Дали ви е познато дека за овој систем (биометриска идентификација во Влада) се набавени метални кабини, праша Трајчева, а Зеќири одговори „за тоа бев запознаен покасно, кога стигна од вас барање за да се провери дали постои такво нешто во Владата“.

Трајчева потоа праша „дали ги видовте овие кабини?“, на што Зеќири одговори „ако не грешам имаше комисија, беше утврдено каде се наоѓаат и беа прикажани слики. Тие биле во просториите на стаклара и прашав зошто не се во Влада, а ми кажаа дека се големи и нема каде во Владата да се складираат и затоа се сместени таму“.

Откако Рашковски се повлече од функцијата, Зеќири направил и вонреден попис.

Се утврдуваше каде се наоѓаат предметите за кои прашувате, кажа Зеќири на прашањето зошто е правен пописот.

„Дали го најдовте системот за биометриска идентификација“, праша Трајчева, а Зеќири кажа „не се сеќавам, тоа што е дадено во одговорот, стоиме зад тоа“.

Обвинителката праша „дали на седниците на кои учествувате се сеќавате дали се разговарало за софтверот за одредување на просечна брзина во сообраќајот и системот за биометриска идентификација?“, а Зеќири одговори „на седници на кои јас сум присуствувал – не“.

Надворешните соработници во Владата, за кои обвинителката тврди дека биле ангажирани со авторски договори, но не работеле и дел од парите кои ги добивале ги враќале кај Рашковски, кога Зеќири ја извршувал функцијата генерален секретар – не ги запознал.

Добив список на увид, со луѓето кои се ангажирани како надворешни соработници. Лично не ги запознав. Само како имиња, не ги познавам, кажа Зеќири, на што обвинителката праша „дали знаете за што биле ангажирани?“, а Зеќири одговори „точно не се сеќавам за поединечно, но повеќето работеле со екс генералниот секретар“.

The post Зеќири сведочеше против Рашковски: Не постои одлука на Владата за набавка на софтверот appeared first on Република.

]]>

Поранешниот генерален секретар во Владата, Мухамед Зеќири, сведочеше против неговиот претходник во оваа институција, Драги Рашковски. Обвинителката Ивана Трајчева го прашуваше за системите кои ги имаше набавено Рашковски, како што е софтверот за кој вештак кажа дека не се ни вклучувал, но и за системот за биометриска идентификација во кој според Обвинителството требало да мери работно време.
Не бев запознаен со софтверот за определување на просечна брзина и одредување на казни, кажа Зеќири, на што обвинителката праша „дали генералниот секретар може да изрекува казни и определува просечна брзина“ и доби одговор „барем јас како што знам, тоа не го прави Владата“.
Зеќири кажа дека кога се набавува софтвер за друга институција (МВР) тогаш треба тоа да биде побарано, потоа, да се донесе одлука на Влада, па да се набави и примо-предаде. Откако се запознавте со софтверот, дали во Генералниот секретаријат, пронајдовте одлука на Владата за набавка на овој софтвер?“, праша Трајчева, а Зеќири одговори „јас се запознав откако се отвори случајот и од вас добивав одговори на одредени прашања. Од мојот кабинет проследуваа до службите на Владата и тоа ви беше проследено до вас како Обвинителство. Во одговорот пратен до вас, стоеше дека не постои одлука“. Обвинителката праша „дали ви е познато дека се вршени проверки во генералниот секретаријат за ваков вид на софтвер, пред да се набави софтверот?“, a Зеќири одговори „точно не се сеќавам, мислам дека не беше“, по што посочи дека софтверот не бил ставен во функција додека бил генерален секретар. Системот за биометриска идентификација, за кој Трајчева посочи дека е набавен за мерење работно време, а ексдиректорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци кажа дека не може да се користи согласно законските одредби, Зеќири рече дека не бил поставен во Владата. Трајчева праша „дали ви е познато дали Владата и Ген сек може да врши биометриска идентификација на граѓаните во Владата“, на што Зеќири одговори „тоа не ми е познато, вработените имаат картички со кои се куцаат кога доаѓаат и кога заминуваат“. Обвинителството прашуваше и за металните кабини набавени од Рашковски.
Дали ви е познато дека за овој систем (биометриска идентификација во Влада) се набавени метални кабини, праша Трајчева, а Зеќири одговори „за тоа бев запознаен покасно, кога стигна од вас барање за да се провери дали постои такво нешто во Владата“.
Трајчева потоа праша „дали ги видовте овие кабини?“, на што Зеќири одговори „ако не грешам имаше комисија, беше утврдено каде се наоѓаат и беа прикажани слики. Тие биле во просториите на стаклара и прашав зошто не се во Влада, а ми кажаа дека се големи и нема каде во Владата да се складираат и затоа се сместени таму“. Откако Рашковски се повлече од функцијата, Зеќири направил и вонреден попис.
Се утврдуваше каде се наоѓаат предметите за кои прашувате, кажа Зеќири на прашањето зошто е правен пописот.
„Дали го најдовте системот за биометриска идентификација“, праша Трајчева, а Зеќири кажа „не се сеќавам, тоа што е дадено во одговорот, стоиме зад тоа“. Обвинителката праша „дали на седниците на кои учествувате се сеќавате дали се разговарало за софтверот за одредување на просечна брзина во сообраќајот и системот за биометриска идентификација?“, а Зеќири одговори „на седници на кои јас сум присуствувал – не“. Надворешните соработници во Владата, за кои обвинителката тврди дека биле ангажирани со авторски договори, но не работеле и дел од парите кои ги добивале ги враќале кај Рашковски, кога Зеќири ја извршувал функцијата генерален секретар – не ги запознал.
Добив список на увид, со луѓето кои се ангажирани како надворешни соработници. Лично не ги запознав. Само како имиња, не ги познавам, кажа Зеќири, на што обвинителката праша „дали знаете за што биле ангажирани?“, а Зеќири одговори „точно не се сеќавам за поединечно, но повеќето работеле со екс генералниот секретар“.

The post Зеќири сведочеше против Рашковски: Не постои одлука на Владата за набавка на софтверот appeared first on Република.

]]>
Соработникот на Зекири уапсен во Словенија, почната постапка за екстрадиција https://republika.mk/vesti/makedonija/sorabotnikot-na-zekiri-uapsen-vo-slovenija-pochnata-postapka-za-ekstradicija/ Thu, 14 Jul 2022 08:29:45 +0000 https://republika.mk/?p=528483

Почната е постапка за екстрадиција на хрватскиот државјанин Даниел Иванагиќ, информираа денеска од Министерството за правда. Иванагиќ се води како коспоственик на консултантското друштво „Интерхолдинг“, кое се споменува во случајот со притворањето на поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зекири и „Македонска пошта“.

Добиено е известување од ИНТЕРПОЛ Скопје дека Иванагиќ е лишен од слобода во Словенија врз основа на распишана меѓународна потерница од надлежните правосудни институции. Барањето за екстрадиција е доставено до Министерството за правда на Словенија согласно роковите утврдени со Законот за меѓународна соработка во кривична материја и Европската конвенција за екстрадиција, поради основано соменние за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, наведуваат од Министерството за правда.

Иванагиќ, се наоѓа во екстрадициски притвор во Словенија, откако е уапсен на граничен премин при обид за влез во Словенија, врз основа на распишана меѓународна потерница.

До Министерството за надворешни работи на Македонија се уште нема пристигнато известување за овој случај.

The post Соработникот на Зекири уапсен во Словенија, почната постапка за екстрадиција appeared first on Република.

]]>

Почната е постапка за екстрадиција на хрватскиот државјанин Даниел Иванагиќ, информираа денеска од Министерството за правда. Иванагиќ се води како коспоственик на консултантското друштво „Интерхолдинг“, кое се споменува во случајот со притворањето на поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зекири и „Македонска пошта“.
Добиено е известување од ИНТЕРПОЛ Скопје дека Иванагиќ е лишен од слобода во Словенија врз основа на распишана меѓународна потерница од надлежните правосудни институции. Барањето за екстрадиција е доставено до Министерството за правда на Словенија согласно роковите утврдени со Законот за меѓународна соработка во кривична материја и Европската конвенција за екстрадиција, поради основано соменние за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, наведуваат од Министерството за правда.
Иванагиќ, се наоѓа во екстрадициски притвор во Словенија, откако е уапсен на граничен премин при обид за влез во Словенија, врз основа на распишана меѓународна потерница. До Министерството за надворешни работи на Македонија се уште нема пристигнато известување за овој случај.

The post Соработникот на Зекири уапсен во Словенија, почната постапка за екстрадиција appeared first on Република.

]]>
Апелација му одреди домашен притвор на Мухамед Зеќири https://republika.mk/vesti/crna-hronika/apelacija-mu-odredi-domashen-pritvor-na-muhamed-zekjiri/ Thu, 30 Jun 2022 12:02:59 +0000 https://republika.mk/?p=521598

Мухамед Зеќири излегува од затворот во Шутка. Ова е одлуката на скопска Апелација која е донесена денеска. Нему му е одреден куќен притвор, а од Инфективната клиника во Скопје каде престојува скоро месец ќе биде пренесен во затворот, па со полициска придружба на домашна адреса во Чаир. Апелационите судии го сменија мислењето откако Зеќири заврши на болничко лекување, а во останатиот дел, адвокатите на Зеќири посочија исти околности поради кои бараа да се укине ефективниот притвор.

За осомничениот е одреден куќен притвор. Одземен му е и пасошот, велат од Апелација.

Засега не е познато кога ќе го пуштат Зеќири од болничко лекување. Тој се уште се наоѓа на Инфективната клиника во Скопје. Точната дијагноза, остана непозната за јавноста. Адвокатот Александар Трајковски, еден од тројцата бранители на Зеќири посочи дека здравјето на осомничениот е сериозно нарушено. Трајковски посочуваше: „Некои од здравствените проблеми ги имаше, други се појавија во затворот. Комуникацијата со него стана тешка, беше под седативи“.

Обвинителката Катерина Коларевиќ, од медиумите дознала дека осомничениот не е во затворот во Шутка. Судот не ја известил дека тој е на лекување. Па така, ниту таа не знае која е точната причина што Зеќири еден месец пред да оди дома, се лекува на Инфективна.

Меѓу причините со кои се бараше укинување на ефективниот притвор е тоа што Зеќири тврди дека секогаш соработувал со органите на прогонот, има фамилија во Македонија, дека ако сакал да бега имал година и половина за тоа, дека не може да влијае на сведоци кои и за Обвинителството се непознати. За тврдењето на Обвинителството дека Зеќири може да избега бидејќи родителите на неговата сопруга живеат во Германија, осомничениот имаше кажано: „Тие живеат со нас, во Македонија, не се во Германија“.

The post Апелација му одреди домашен притвор на Мухамед Зеќири appeared first on Република.

]]>

Мухамед Зеќири излегува од затворот во Шутка. Ова е одлуката на скопска Апелација која е донесена денеска. Нему му е одреден куќен притвор, а од Инфективната клиника во Скопје каде престојува скоро месец ќе биде пренесен во затворот, па со полициска придружба на домашна адреса во Чаир. Апелационите судии го сменија мислењето откако Зеќири заврши на болничко лекување, а во останатиот дел, адвокатите на Зеќири посочија исти околности поради кои бараа да се укине ефективниот притвор. За осомничениот е одреден куќен притвор. Одземен му е и пасошот, велат од Апелација. Засега не е познато кога ќе го пуштат Зеќири од болничко лекување. Тој се уште се наоѓа на Инфективната клиника во Скопје. Точната дијагноза, остана непозната за јавноста. Адвокатот Александар Трајковски, еден од тројцата бранители на Зеќири посочи дека здравјето на осомничениот е сериозно нарушено. Трајковски посочуваше: „Некои од здравствените проблеми ги имаше, други се појавија во затворот. Комуникацијата со него стана тешка, беше под седативи“. Обвинителката Катерина Коларевиќ, од медиумите дознала дека осомничениот не е во затворот во Шутка. Судот не ја известил дека тој е на лекување. Па така, ниту таа не знае која е точната причина што Зеќири еден месец пред да оди дома, се лекува на Инфективна. Меѓу причините со кои се бараше укинување на ефективниот притвор е тоа што Зеќири тврди дека секогаш соработувал со органите на прогонот, има фамилија во Македонија, дека ако сакал да бега имал година и половина за тоа, дека не може да влијае на сведоци кои и за Обвинителството се непознати. За тврдењето на Обвинителството дека Зеќири може да избега бидејќи родителите на неговата сопруга живеат во Германија, осомничениот имаше кажано: „Тие живеат со нас, во Македонија, не се во Германија“.

The post Апелација му одреди домашен притвор на Мухамед Зеќири appeared first on Република.

]]>
Обвинителството од медиуми дознало дека Мухамед Зеќири не е во затвор https://republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelstvoto-od-mediumi-doznalo-deka-muhamed-zekjiri-ne-e-vo-zatvor/ Wed, 29 Jun 2022 13:49:34 +0000 https://republika.mk/?p=521199

Ниту тоа што еден месец Мухамед Зеќири е стациониран во Инфективната клиника во Скопје, не го промени мислењето на Вишото обвинителство за укинување на ефективниот притвор и одредување на поблага мерка за обезбедување присуство.

Според неговите адвокати, состојбата на Зеќири се подобрува, но тој денеска нема да оди на јавната седница во Апелација каде одново се бара тој да излезе од затворот „Скопје“ во Шутка.

„А1он“ се обидел да добие повеќе детали за здравјето на осомничениот, но од адвокатскиот тим не одговориле на повикот. За тоа време, Вишото обвинителство е децидно дека Заќири треба да остане во затворот.

Предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје по повод изјавената жалба е жалбата да се одбие како неоснована - велат од надлежното обвинителство.

„А1он“ се обратил и до Кривичниот суд за да провери дали тие се известени дека Зеќири еден месец се лекува на Инфективната клиника и поради која причина. Оттаму, три дена нема одговори.

Обвинителката Катерина Коларевиќ од Обвинителството за гонење организиран криминал која го води случајот против осомничениот, исто така нема одговор за дијагнозата поради која Зеќири наместо во затвор, се наоѓа во болница. Таа вели дека од медиумите дознала каде се наоѓа ексгенералниот секретар на Владата.

Предметниот обвинител кој предложи определување на мерка притвор и нејзино продолжување, до овој момент не е известен дека лицето за кое покажувате интерес се наоѓа на друга локација која не еКПУ затвор Скопје што се наожа во Шуто Оризари. Според информации на одредени медиуми, лицето е на лекување на Инфективната клиника во Скопје, но обвинителството нема добиено официјално известување од надлежните органи - велат од ОЈО-ГОКК за „А1он“.

Меѓу причините со кои се бара укинување на ефективниот притвор е тоа што Зеќири тврди дека секогаш соработувал со органите на прогонот, има фамилија, дека ако сакал да бега имал година и половина за тоа, дека не може да влијае на сведоци кои и за скопското Обвинителство се
непознати. За тврдењето на Обвинителството дека Зеќири може да избега бидејќи родителите на неговата сопруга живеат во Германија, осомничениот кажа: „Тие живеат со нас, во Македонија, не
се во Германија“.

Мухамед Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за
консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.

Повеќе на „А1он“.

The post Обвинителството од медиуми дознало дека Мухамед Зеќири не е во затвор appeared first on Република.

]]>

Ниту тоа што еден месец Мухамед Зеќири е стациониран во Инфективната клиника во Скопје, не го промени мислењето на Вишото обвинителство за укинување на ефективниот притвор и одредување на поблага мерка за обезбедување присуство. Според неговите адвокати, состојбата на Зеќири се подобрува, но тој денеска нема да оди на јавната седница во Апелација каде одново се бара тој да излезе од затворот „Скопје“ во Шутка. „А1он“ се обидел да добие повеќе детали за здравјето на осомничениот, но од адвокатскиот тим не одговориле на повикот. За тоа време, Вишото обвинителство е децидно дека Заќири треба да остане во затворот.
Предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје по повод изјавената жалба е жалбата да се одбие како неоснована - велат од надлежното обвинителство.
„А1он“ се обратил и до Кривичниот суд за да провери дали тие се известени дека Зеќири еден месец се лекува на Инфективната клиника и поради која причина. Оттаму, три дена нема одговори. Обвинителката Катерина Коларевиќ од Обвинителството за гонење организиран криминал која го води случајот против осомничениот, исто така нема одговор за дијагнозата поради која Зеќири наместо во затвор, се наоѓа во болница. Таа вели дека од медиумите дознала каде се наоѓа ексгенералниот секретар на Владата.
Предметниот обвинител кој предложи определување на мерка притвор и нејзино продолжување, до овој момент не е известен дека лицето за кое покажувате интерес се наоѓа на друга локација која не еКПУ затвор Скопје што се наожа во Шуто Оризари. Според информации на одредени медиуми, лицето е на лекување на Инфективната клиника во Скопје, но обвинителството нема добиено официјално известување од надлежните органи - велат од ОЈО-ГОКК за „А1он“.
Меѓу причините со кои се бара укинување на ефективниот притвор е тоа што Зеќири тврди дека секогаш соработувал со органите на прогонот, има фамилија, дека ако сакал да бега имал година и половина за тоа, дека не може да влијае на сведоци кои и за скопското Обвинителство се непознати. За тврдењето на Обвинителството дека Зеќири може да избега бидејќи родителите на неговата сопруга живеат во Германија, осомничениот кажа: „Тие живеат со нас, во Македонија, не се во Германија“. Мухамед Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани. Повеќе на „А1он“.

The post Обвинителството од медиуми дознало дека Мухамед Зеќири не е во затвор appeared first on Република.

]]>