мртво новороденче Archives - Република https://republika.mk/tema/mrtvo-novorodenche/ За подобро да се разбереме Tue, 14 Nov 2023 07:40:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мртво новороденче Archives - Република https://republika.mk/tema/mrtvo-novorodenche/ 32 32 Во Македонија се умира во болница како на бојно поле во војна https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-makedonija-se-umira-vo-bolnitsa-kako-na-bojno-pole-vo-vojna/ Tue, 14 Nov 2023 07:39:24 +0000 https://republika.mk/?p=701266

Во Македонија со СДС и ДУИ се губат животи во болница, како на бојно поле во војна, и никој од власта не сноси одговорност.Последниот немил настан со смртта на новороденче од Прилеп во Клиниката во Скопје за жал е аларм за власта која во наместо да се труди да пружи подобри здравствени услуги на пациентите бара начини како да испумпа милиони евра преку системот за јавни набавки на клиниките, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Одговорност за смртта на бебето од Прилеп мора да има, и таа не смее да се сведе на некој кабел, пинцета или епрувета.

Одговорноста мора да биде директна на надлежните во болниците каде е породено и лекувано бебето, но и политичка на министерот за здравство.

Според родителите на детето. Мајката на бебето немала никаква бактерија и требало да се породи со царски рез. Сите испитувања биле добри. А докторите одлучиле сабајлето кога е примена на 27 октомври да ја породат по природен пат. Одговорноста мора да се персонализира, како кривична така и политичка.

[caption id="attachment_649622" align="alignnone" width="640"] Фото: Фатмир Меџити фејсбук[/caption]

Не може министерот за здравство да се занимава со се, освен со тоа што реално му е работа – грижа за пружање квалитетни здравствени услуги на населението.Одговорност веднаш, и кривична и политичка.Единствена добра работа која може Меџити да ја направи е да си даде оставка веднаш.

The post Во Македонија се умира во болница како на бојно поле во војна appeared first on Република.

]]>

Во Македонија со СДС и ДУИ се губат животи во болница, како на бојно поле во војна, и никој од власта не сноси одговорност.Последниот немил настан со смртта на новороденче од Прилеп во Клиниката во Скопје за жал е аларм за власта која во наместо да се труди да пружи подобри здравствени услуги на пациентите бара начини како да испумпа милиони евра преку системот за јавни набавки на клиниките, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ.  
Одговорност за смртта на бебето од Прилеп мора да има, и таа не смее да се сведе на некој кабел, пинцета или епрувета.
Одговорноста мора да биде директна на надлежните во болниците каде е породено и лекувано бебето, но и политичка на министерот за здравство. Според родителите на детето. Мајката на бебето немала никаква бактерија и требало да се породи со царски рез. Сите испитувања биле добри. А докторите одлучиле сабајлето кога е примена на 27 октомври да ја породат по природен пат. Одговорноста мора да се персонализира, како кривична така и политичка. [caption id="attachment_649622" align="alignnone" width="640"] Фото: Фатмир Меџити фејсбук[/caption] Не може министерот за здравство да се занимава со се, освен со тоа што реално му е работа – грижа за пружање квалитетни здравствени услуги на населението.Одговорност веднаш, и кривична и политичка.Единствена добра работа која може Меџити да ја направи е да си даде оставка веднаш.

The post Во Македонија се умира во болница како на бојно поле во војна appeared first on Република.

]]>
Вонредна инспекција во битолската болница: И третата бременост на родилката завршила со мртвороденче https://republika.mk/vesti/makedonija/vonredna-inspektsija-vo-bitolskata-bolnitsa-i-tretata-bremenost-na-rodilkata-zavrshila-so-mrtvorodenche/ Mon, 17 Jul 2023 16:10:43 +0000 https://republika.mk/?p=662405

Министерот за здравство Фатмир Меџити, во врска со случајот на мртвородено бебе во Клиничката болница Битола, иницираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да изврши вонреден инспекциски надзор во Одделот за гинекологија и акушерство во КБ Битола.

Според информативниот допис од КБ Битола, кој стигна до Министерството за здравство, кај 21-годишната пациентка, бременоста се до седмиот месец се одвивала во Германија. Таа во КБ Битола не дала информации дали била следена од лекар во Германија и не приложила документација од којашто ќе се утврди дека бременоста е контролирана, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

https://republika.mk/vesti/makedonija/rodilka-rodila-mrtvo-bebe-vo-bolnitsata-vo-bitola/

Првпат, како што се посочува во соопштението, родилката се јавила на матичен гинеколог во 29 недела, на инсистирање на членови на нејзиното семејство, и втор пат во 36-та недела на приватен матичен гинеколог.

Родилката била препратена во Клиничка болница Битола заради вишок плодова вода при бременост (полихидрамниja - состоба која укажува на компликации кај плодот). Во текот на вчерашниот ден бил извршен царски рез кај пациентката, плодот е роден мртов без срцева акција. Оваa бременост е четврта кај родилката, а и третата бременост завршила со ист исход. Родилката во моментот е на лекување во Клиничка болница Битола, таа е во општа добра состојба и изіавува дека нема забелешки во врска со породувањето и лекарскиот третман, се додава во соопштението од Министерството за здравство.

The post Вонредна инспекција во битолската болница: И третата бременост на родилката завршила со мртвороденче appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Фатмир Меџити, во врска со случајот на мртвородено бебе во Клиничката болница Битола, иницираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да изврши вонреден инспекциски надзор во Одделот за гинекологија и акушерство во КБ Битола.
Според информативниот допис од КБ Битола, кој стигна до Министерството за здравство, кај 21-годишната пациентка, бременоста се до седмиот месец се одвивала во Германија. Таа во КБ Битола не дала информации дали била следена од лекар во Германија и не приложила документација од којашто ќе се утврди дека бременоста е контролирана, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.
https://republika.mk/vesti/makedonija/rodilka-rodila-mrtvo-bebe-vo-bolnitsata-vo-bitola/ Првпат, како што се посочува во соопштението, родилката се јавила на матичен гинеколог во 29 недела, на инсистирање на членови на нејзиното семејство, и втор пат во 36-та недела на приватен матичен гинеколог.
Родилката била препратена во Клиничка болница Битола заради вишок плодова вода при бременост (полихидрамниja - состоба која укажува на компликации кај плодот). Во текот на вчерашниот ден бил извршен царски рез кај пациентката, плодот е роден мртов без срцева акција. Оваa бременост е четврта кај родилката, а и третата бременост завршила со ист исход. Родилката во моментот е на лекување во Клиничка болница Битола, таа е во општа добра состојба и изіавува дека нема забелешки во врска со породувањето и лекарскиот третман, се додава во соопштението од Министерството за здравство.

The post Вонредна инспекција во битолската болница: И третата бременост на родилката завршила со мртвороденче appeared first on Република.

]]>
Митровски: Родилката чие бебе почина во битолската болница сакаат да ја претстават како агресивна и некооперативна https://republika.mk/vesti/makedonija/mitrovski-rodilkata-chie-bebe-pochina-vo-bitolskata-bolnitsa-sakaat-da-ja-pretstavat-kako-agresivna-i-nekooperativna/ Tue, 04 Jul 2023 07:44:01 +0000 https://republika.mk/?p=657897

Адвокатот на мајката на починатото бебе во Битола на Фејсбук објави скандалозни информации во врска со целиот случај.

„Како адвокат на родилката Викторија Крстевска чие бебе почина во болницата во Битола, извршив увид во списите на предметот при ОЈО Битола. Она што е евидентно од страна на двајцата лекари кои го вршеле пораѓањето е дека има јасна интенција да се префрли вината на гинекологот кој ја водел бременоста, а не зел учество во пораѓањето. Исто така е евидентен нивниот обид да ја претстават родилката како агресивна и некооперативна иако вистината е дека од страна на докторката е навредувана, на истата и е викано, препорачано `да си оди во Плодност ако не и чини` и останати омаловажувања.

https://republika.mk/vesti/makedonija/krsteska-koga-uspeaa-da-ja-namestat-tselata-rabota-i-za-toa-angelche-jana-mislite-mene-ke-me-poshtedat/

Помеѓу сестрите кои биле на пораѓајот постои лесно уочлива координиораност и мој сомнеж е дека се припремани за исказот во ОЈО затоа што исказот им е школски, однос ист од ЗБОР ДО ЗБОР!!!

Единственото нешто од кое сме задоволни е коректната вонредна инспекција на Министерството за здравство каде се детектирани серија недостатоци, грешки, недостиг на опрема или неисправност на истата, како и непочитување на протоколи и процедури од страна на болницата и лекарите. Обдукцијата ќе биде готова за два дена, а родилката основано се сомнева дека ќе се оди на варијанта наше дете, а ОЈО Битола ќе се повика на обдукцијата и крај на приказната.

Затоа денеска се обративме до ОЈО Битола со наш предлог на докази со цел да не се дозволи страно мешање во предметот а знаеме дека такви обиди има!“ – напиша Митровски на Фејсбук.

The post Митровски: Родилката чие бебе почина во битолската болница сакаат да ја претстават како агресивна и некооперативна appeared first on Република.

]]>

Адвокатот на мајката на починатото бебе во Битола на Фејсбук објави скандалозни информации во врска со целиот случај. „Како адвокат на родилката Викторија Крстевска чие бебе почина во болницата во Битола, извршив увид во списите на предметот при ОЈО Битола. Она што е евидентно од страна на двајцата лекари кои го вршеле пораѓањето е дека има јасна интенција да се префрли вината на гинекологот кој ја водел бременоста, а не зел учество во пораѓањето. Исто така е евидентен нивниот обид да ја претстават родилката како агресивна и некооперативна иако вистината е дека од страна на докторката е навредувана, на истата и е викано, препорачано `да си оди во Плодност ако не и чини` и останати омаловажувања. https://republika.mk/vesti/makedonija/krsteska-koga-uspeaa-da-ja-namestat-tselata-rabota-i-za-toa-angelche-jana-mislite-mene-ke-me-poshtedat/ Помеѓу сестрите кои биле на пораѓајот постои лесно уочлива координиораност и мој сомнеж е дека се припремани за исказот во ОЈО затоа што исказот им е школски, однос ист од ЗБОР ДО ЗБОР!!! Единственото нешто од кое сме задоволни е коректната вонредна инспекција на Министерството за здравство каде се детектирани серија недостатоци, грешки, недостиг на опрема или неисправност на истата, како и непочитување на протоколи и процедури од страна на болницата и лекарите. Обдукцијата ќе биде готова за два дена, а родилката основано се сомнева дека ќе се оди на варијанта наше дете, а ОЈО Битола ќе се повика на обдукцијата и крај на приказната. Затоа денеска се обративме до ОЈО Битола со наш предлог на докази со цел да не се дозволи страно мешање во предметот а знаеме дека такви обиди има!“ – напиша Митровски на Фејсбук.

The post Митровски: Родилката чие бебе почина во битолската болница сакаат да ја претстават како агресивна и некооперативна appeared first on Република.

]]>
Крстеска: Кога успеаја да ја наместат целата работа и за тоа ангелче Јана, мислите мене ќе ме поштедат?! https://republika.mk/vesti/makedonija/krsteska-koga-uspeaa-da-ja-namestat-tselata-rabota-i-za-toa-angelche-jana-mislite-mene-ke-me-poshtedat/ Mon, 03 Jul 2023 17:35:52 +0000 https://republika.mk/?p=657829

Вторник или најдоцна среда треба да бидат готови резултатите од обдукцијата на новороденчето кое пред три месеци почина на Клиничката болница во Битола, по само два часа од породувањето, вели за „Алфа“ директорката Елизабета Ивановска. Постапката била при самиот крај, па веќе на истекот од наредната недела се очекува наодите да стигнат и во битолското ОЈО за понатамошно постапување. Според написите во некои медиуми, обдукцијата на бебето ја врши истиот патолог кој работел и на случајот со шестгодишната Јана, а на чии резултати, исто така се чекаше со месеци и кои пред десетина дена покажаа дека не е пронајдена лекарска грешка.

Мајката Викторија Крстеска за „Алфа“ вели дека таа лично сè уште не била информирана за овие нови моменти. Но, уверена е дека случајот за нејзиното бебе  најверојатно ќе заврши како и со малата Јана, односно дека лекарска грешка – нема да има.

Што можам да очекувам? Кога успеаа да ја наместат целата работа и за тоа ангелче Јана, мислите мене ќе ме поштедат?! Не..!!! Јасно ми е сè. Децата ни заминаа. Наместо да имаме среќно семејство и да се радуваме и јас, и Кристина, мајката на Јана, ние сме уништени. Да не се повтори на ниту една мајка. Никоја да не го доживее она што мене ми се случи. Нема поголема болка. Те бодрат – треба да живееш, а тебе не ти се живее. Само јас си знам како спијам и дали спијам. Панични напади, антидепресиви, на само 24 години. Животот ми го уништија. Но, верувам дека ако не ги стигне мојата правда, нека се плашат од Господовата, а јас ќе продолжам да им дишам во врат на „љубезните стручњаци“ додека сум жива, вели Крстеска за телевизијата.

Од битолското ОЈО пак, соопштуваат дека дури откако ќе ги добијат резултатите, ќе знаат дали ќе имало потреба да се произнесат за евентуална причинско-последична врска на лекарскиот третман со причините за смртта на новороденчето, а со тоа и дали ќе имало потреба од издавање налог за Судска медицина во Скопје.

Адвокатот Јанаки Митревски вели дека извршил увид во списите на предметот при ОЈО Битола.

Она што е евидентно од страна на двајцата лекари кои го вршеле пораѓањето е дека има јасна интенција да се префрли вината на гинекологот кој ја водел бременоста а не зел учество во пораѓањето. Исто така е евидентен нивниот обид да ја претстават родилката како агресивна и некооперативна иако вистината е дека од страна на докторката е навредувана, на истата и е викано, препорачано “да си оди во Плодност ако не и чини” и останати омаловажувања.
Помеѓу сестрите кои биле на пораѓајот постои лесно уочлива координиораност и мој сомнеж е дека се припремани за исказот во ОЈО затоа што исказот им е школски, однос ист од ЗБОР ДО ЗБОР!!!
Единственото нешто од кое сме задоволни е коректната вонредна инспекција на Министерството за здравство каде се детектирани серија недостатоци, грешки, недостиг на опрема или неисправност на истата, како и непочитување на протоколи и процедури од страна на болницата и лекарите. Обдукцијата ќе биде готова за два дена а родилката основано се сомнева дека ќе се оди на варијанта наше дете, а ОЈО Битола ќе се повика на обдукцијата и крај на приказната.
Затоа денеска се обративме до ОЈО Битола со наш предлог на докази со цел да не се дозволи страно мешање во предметот а знаеме дека такви обиди има!, вели Митревски.

The post Крстеска: Кога успеаја да ја наместат целата работа и за тоа ангелче Јана, мислите мене ќе ме поштедат?! appeared first on Република.

]]>

Вторник или најдоцна среда треба да бидат готови резултатите од обдукцијата на новороденчето кое пред три месеци почина на Клиничката болница во Битола, по само два часа од породувањето, вели за „Алфа“ директорката Елизабета Ивановска. Постапката била при самиот крај, па веќе на истекот од наредната недела се очекува наодите да стигнат и во битолското ОЈО за понатамошно постапување. Според написите во некои медиуми, обдукцијата на бебето ја врши истиот патолог кој работел и на случајот со шестгодишната Јана, а на чии резултати, исто така се чекаше со месеци и кои пред десетина дена покажаа дека не е пронајдена лекарска грешка. Мајката Викторија Крстеска за „Алфа“ вели дека таа лично сè уште не била информирана за овие нови моменти. Но, уверена е дека случајот за нејзиното бебе  најверојатно ќе заврши како и со малата Јана, односно дека лекарска грешка – нема да има.
Што можам да очекувам? Кога успеаа да ја наместат целата работа и за тоа ангелче Јана, мислите мене ќе ме поштедат?! Не..!!! Јасно ми е сè. Децата ни заминаа. Наместо да имаме среќно семејство и да се радуваме и јас, и Кристина, мајката на Јана, ние сме уништени. Да не се повтори на ниту една мајка. Никоја да не го доживее она што мене ми се случи. Нема поголема болка. Те бодрат – треба да живееш, а тебе не ти се живее. Само јас си знам како спијам и дали спијам. Панични напади, антидепресиви, на само 24 години. Животот ми го уништија. Но, верувам дека ако не ги стигне мојата правда, нека се плашат од Господовата, а јас ќе продолжам да им дишам во врат на „љубезните стручњаци“ додека сум жива, вели Крстеска за телевизијата.
Од битолското ОЈО пак, соопштуваат дека дури откако ќе ги добијат резултатите, ќе знаат дали ќе имало потреба да се произнесат за евентуална причинско-последична врска на лекарскиот третман со причините за смртта на новороденчето, а со тоа и дали ќе имало потреба од издавање налог за Судска медицина во Скопје. Адвокатот Јанаки Митревски вели дека извршил увид во списите на предметот при ОЈО Битола.
Она што е евидентно од страна на двајцата лекари кои го вршеле пораѓањето е дека има јасна интенција да се префрли вината на гинекологот кој ја водел бременоста а не зел учество во пораѓањето. Исто така е евидентен нивниот обид да ја претстават родилката како агресивна и некооперативна иако вистината е дека од страна на докторката е навредувана, на истата и е викано, препорачано “да си оди во Плодност ако не и чини” и останати омаловажувања. Помеѓу сестрите кои биле на пораѓајот постои лесно уочлива координиораност и мој сомнеж е дека се припремани за исказот во ОЈО затоа што исказот им е школски, однос ист од ЗБОР ДО ЗБОР!!! Единственото нешто од кое сме задоволни е коректната вонредна инспекција на Министерството за здравство каде се детектирани серија недостатоци, грешки, недостиг на опрема или неисправност на истата, како и непочитување на протоколи и процедури од страна на болницата и лекарите. Обдукцијата ќе биде готова за два дена а родилката основано се сомнева дека ќе се оди на варијанта наше дете, а ОЈО Битола ќе се повика на обдукцијата и крај на приказната. Затоа денеска се обративме до ОЈО Битола со наш предлог на докази со цел да не се дозволи страно мешање во предметот а знаеме дека такви обиди има!, вели Митревски.

The post Крстеска: Кога успеаја да ја наместат целата работа и за тоа ангелче Јана, мислите мене ќе ме поштедат?! appeared first on Република.

]]>
Директорката на битолската болница за смртта на малата Јана и новороденчето: До овој момент немаме ниту еден официјален извештај https://republika.mk/vesti/makedonija/direktorkata-na-bitolskata-bolnitsa-za-smrtta-na-malata-jana-i-novorodencheto-do-ovoj-moment-nemame-nitu-eden-ofitsijalen-izveshtaj/ Sun, 28 May 2023 07:27:07 +0000 https://republika.mk/?p=645353

Новата в.д. директорка на Клиничката болница во Битола, Елизабета Ивановска во интервју за МИА најавува дека нема да биде затворено ниту едно одделение во болницата и дека ќе инсистира да се вработи потребниот медицински персонал особено во оние одделенија каде има недостиг.

- Во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“-Битола нема да се затвори ниту едно одделение и ќе се борам за вработување на персонал со кој непречено би работеле сите одделенија, а таму каде што состојбата е најалармантна, очекувам поддршка од целиот персонал во Болницата и секако од министерот за здравство, вели Ивановска.

Најкритични, како што посочува, се Одделението за педијатрија каде има само три лекари, Одделението за неонатологија кое во моментов работи само со еден лекар, Инфективното одделение кое работи со еден лекар со полно работно време и еден лекар со скратено работно време, а критично е и во Одделението за урологија каде има само еден лекар.

Ивановска, која неодамна беше назначена на оваа функција, посочува дека новата професионална задача за неа е предизвик, посебно што е назначена во време кога, како што вели, здравството не само во Битола, туку и во целата држава, е во многу тешка состојба.

Интервјуто го пренесуваме во целост:

Кој е вашиот приоритет од позиција на прв човек на битолската Клиничка болница?

-На прво место за мене се новите вработувања на медицински кадар како медицински сестри, лекари и болничари, но и технички персонал и администрација. Најкритични се одделението за педијатрија каде има само три лекарки, одделението за неонатологија во моментов работи само со еден лекар, инфективното одделение работи со еден лекар кој има полно работно време и еден лекар со скратено работно време и затоа во ова одделение немаме хоспитални болни, критично е и со одделението за урологија каде има само еден лекар и на дежурства доаѓаат лекари од Прилеп, а за здравствена услуга од Скопје доаѓаат и лекари во одделението за неврохирургија. Сакаме да вработиме повеќе лекари и општи лекари, да ги испратиме на специјализација и исто така сакаме да го отвориме одделението за физикална медицина за хоспитални болни бидејќи одделението за физикална медицина во моментов работи само за терапија, а ако имаме лекари ќе може да работи и физикална медицина.

Каква е состојбата со медицински сестри и болничари?

-Ние знаеме дека лекар преку ноќ неможе да се создаде. Кога лекар се вработува, најнапред се вработуваат како општи лекари, а потоа потребни се 5 до 6 години за нивна специјализација. За медицински сестри ситуацијата е поинаква. Потребни се медицински сестри и болничари за кои не е проблем веднаш да се вработат и во истиот момент да го почнат работниот процес. Но, тоа што се случува значителен број на медицински сестри да заминуваат во странство, тоа е нивна лична одлука, често мотивирана од финансиски причини. Медицински сестри со внатрешна организација, може да се обезбедат како ресурс во болницата, проблемот е што не можеме да обезбедиме болничари, тоа е хендикеп, а и кога објавуваме огласи, мал е интересот за нивно вработување.

Дали во приоритетите се и нови инвестиции за подобрување на условите за работа?

-Моите намери се да се изврши реновирање на дел од болницата таму каде што тоа е најнеопходно, да се донесе нова апаратура и смена на дотраените апарати со нови, и се разбира почнуваме со работа на веќе најавената ангиографска сала во Битола за решавање на акутните инфаркти во нашиот град, но и во околината. Ангиографската сала е нашата најголема инвестиција. Имаме нов апарат и тоа ќе ни овоможи решавање на акутните инфаркти во нашиот град. Досега решавањето на овој проблем се вршеше со транспорт до кардиологија во скопската клиника или во Охрид, за да се направи коронографија и доколку е потребно да се стави стент со цел пациентот нормално да продолжи со својот живот. Со оваа инвестиција се ќе почнува и завршува во Битола. Исто така, планираме реновирање на дел од одделенијата кои се најоштетени од земјотресот во Битола, пред се интерно одделение, нервно и психијатрија.

Функцијата директорка ја презедовте во период на два немили настани во болницата, смртта на малата Јана и на едно новороденче. Дали има институционално решение?

-Ние до овој момент немаме ниту еден официјален извештај. Обдукцијата за Јана е завршена и предадена во Обвинителството и тука неможе ништо да се прави ниту каже се додека Обвинителството не излезе со конкретен резултат, додека за вториот случај обдукцијата не е завршена и ние очекуваме службени информации. Во меѓувреме продолжуваме со сите професионални обврски. Клиничката болница пружа здравствени услуги на пациенти од цел регион, не само од Битола туку и од Крушево, Демир Хисар, Охрид, Ресен, Кичево... преоптоварена е дијагностиката, лекарите се преоптоварени. Понекогаш се случува подолго време да се читаат резултати од дијагностика, но одделението за ренгенологија каде се врши дијагностика за мамографија, декса, ехо на колкчиња кај бебиња, ехо на возрасни... има многу обврски и потребно е трпение и разбирање од пациентите. Секој лекар со најголемо внимание и грижа пристапува кон пациентите или ако сакате, нема лекар кој со умисла би направил нешто против пациентите, напротив и во вакви услови тие максимално се ангажираат. Затоа потребно е лекарите да работат без психолошки притисок, да не се случуваат, а се случуваат, вербални закани, недолични дофрлања, некои лица колнат, вулгаризираат, непристојно се однесуваат...и тоа негативно влијае врз работата на медицинскиот персонал.

Во ЈЗУ Клиничка болница „д-р Трифун Пановски“-Битола има 17 одделенија, со 640 вработени лица, а само до пред една година биле 930? 

-Бројот на вработени е намален за околу 300 професионалци, а старосната структура и натаму е висока, и за краток период по основ на пензионирање ќе има одлив на лекари, технички персонал и администрација. Тоа уште повеќе, и негативно ќе влијае врз нашите капацитети. Ова е време на смена на генерации и затоа не се сомневаме во поддршката на министерот и Министерството за здравство. Во меѓувреме, апелирам до целата јавност за поголема почит кон лекарската фела и белиот мантил во кој што спаѓаат лекарите и медицинските сестри, за да ги оставиме да работаат одговорно и совесно како што впрочем секогаш работаат, но без психички притисок, бидејќи така ќе имаат позитивни резултати, задоволни пациенти, и секако ќе нема немили настани. Прифатив да бидам директорка затоа што сакам да се подобрат состојбите во битолското здравство

The post Директорката на битолската болница за смртта на малата Јана и новороденчето: До овој момент немаме ниту еден официјален извештај appeared first on Република.

]]>

Новата в.д. директорка на Клиничката болница во Битола, Елизабета Ивановска во интервју за МИА најавува дека нема да биде затворено ниту едно одделение во болницата и дека ќе инсистира да се вработи потребниот медицински персонал особено во оние одделенија каде има недостиг. - Во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“-Битола нема да се затвори ниту едно одделение и ќе се борам за вработување на персонал со кој непречено би работеле сите одделенија, а таму каде што состојбата е најалармантна, очекувам поддршка од целиот персонал во Болницата и секако од министерот за здравство, вели Ивановска. Најкритични, како што посочува, се Одделението за педијатрија каде има само три лекари, Одделението за неонатологија кое во моментов работи само со еден лекар, Инфективното одделение кое работи со еден лекар со полно работно време и еден лекар со скратено работно време, а критично е и во Одделението за урологија каде има само еден лекар. Ивановска, која неодамна беше назначена на оваа функција, посочува дека новата професионална задача за неа е предизвик, посебно што е назначена во време кога, како што вели, здравството не само во Битола, туку и во целата држава, е во многу тешка состојба. Интервјуто го пренесуваме во целост: Кој е вашиот приоритет од позиција на прв човек на битолската Клиничка болница?
-На прво место за мене се новите вработувања на медицински кадар како медицински сестри, лекари и болничари, но и технички персонал и администрација. Најкритични се одделението за педијатрија каде има само три лекарки, одделението за неонатологија во моментов работи само со еден лекар, инфективното одделение работи со еден лекар кој има полно работно време и еден лекар со скратено работно време и затоа во ова одделение немаме хоспитални болни, критично е и со одделението за урологија каде има само еден лекар и на дежурства доаѓаат лекари од Прилеп, а за здравствена услуга од Скопје доаѓаат и лекари во одделението за неврохирургија. Сакаме да вработиме повеќе лекари и општи лекари, да ги испратиме на специјализација и исто така сакаме да го отвориме одделението за физикална медицина за хоспитални болни бидејќи одделението за физикална медицина во моментов работи само за терапија, а ако имаме лекари ќе може да работи и физикална медицина.
Каква е состојбата со медицински сестри и болничари? -Ние знаеме дека лекар преку ноќ неможе да се создаде. Кога лекар се вработува, најнапред се вработуваат како општи лекари, а потоа потребни се 5 до 6 години за нивна специјализација. За медицински сестри ситуацијата е поинаква. Потребни се медицински сестри и болничари за кои не е проблем веднаш да се вработат и во истиот момент да го почнат работниот процес. Но, тоа што се случува значителен број на медицински сестри да заминуваат во странство, тоа е нивна лична одлука, често мотивирана од финансиски причини. Медицински сестри со внатрешна организација, може да се обезбедат како ресурс во болницата, проблемот е што не можеме да обезбедиме болничари, тоа е хендикеп, а и кога објавуваме огласи, мал е интересот за нивно вработување. Дали во приоритетите се и нови инвестиции за подобрување на условите за работа?
-Моите намери се да се изврши реновирање на дел од болницата таму каде што тоа е најнеопходно, да се донесе нова апаратура и смена на дотраените апарати со нови, и се разбира почнуваме со работа на веќе најавената ангиографска сала во Битола за решавање на акутните инфаркти во нашиот град, но и во околината. Ангиографската сала е нашата најголема инвестиција. Имаме нов апарат и тоа ќе ни овоможи решавање на акутните инфаркти во нашиот град. Досега решавањето на овој проблем се вршеше со транспорт до кардиологија во скопската клиника или во Охрид, за да се направи коронографија и доколку е потребно да се стави стент со цел пациентот нормално да продолжи со својот живот. Со оваа инвестиција се ќе почнува и завршува во Битола. Исто така, планираме реновирање на дел од одделенијата кои се најоштетени од земјотресот во Битола, пред се интерно одделение, нервно и психијатрија.
Функцијата директорка ја презедовте во период на два немили настани во болницата, смртта на малата Јана и на едно новороденче. Дали има институционално решение?
-Ние до овој момент немаме ниту еден официјален извештај. Обдукцијата за Јана е завршена и предадена во Обвинителството и тука неможе ништо да се прави ниту каже се додека Обвинителството не излезе со конкретен резултат, додека за вториот случај обдукцијата не е завршена и ние очекуваме службени информации. Во меѓувреме продолжуваме со сите професионални обврски. Клиничката болница пружа здравствени услуги на пациенти од цел регион, не само од Битола туку и од Крушево, Демир Хисар, Охрид, Ресен, Кичево... преоптоварена е дијагностиката, лекарите се преоптоварени. Понекогаш се случува подолго време да се читаат резултати од дијагностика, но одделението за ренгенологија каде се врши дијагностика за мамографија, декса, ехо на колкчиња кај бебиња, ехо на возрасни... има многу обврски и потребно е трпение и разбирање од пациентите. Секој лекар со најголемо внимание и грижа пристапува кон пациентите или ако сакате, нема лекар кој со умисла би направил нешто против пациентите, напротив и во вакви услови тие максимално се ангажираат. Затоа потребно е лекарите да работат без психолошки притисок, да не се случуваат, а се случуваат, вербални закани, недолични дофрлања, некои лица колнат, вулгаризираат, непристојно се однесуваат...и тоа негативно влијае врз работата на медицинскиот персонал.
Во ЈЗУ Клиничка болница „д-р Трифун Пановски“-Битола има 17 одделенија, со 640 вработени лица, а само до пред една година биле 930?  -Бројот на вработени е намален за околу 300 професионалци, а старосната структура и натаму е висока, и за краток период по основ на пензионирање ќе има одлив на лекари, технички персонал и администрација. Тоа уште повеќе, и негативно ќе влијае врз нашите капацитети. Ова е време на смена на генерации и затоа не се сомневаме во поддршката на министерот и Министерството за здравство. Во меѓувреме, апелирам до целата јавност за поголема почит кон лекарската фела и белиот мантил во кој што спаѓаат лекарите и медицинските сестри, за да ги оставиме да работаат одговорно и совесно како што впрочем секогаш работаат, но без психички притисок, бидејќи така ќе имаат позитивни резултати, задоволни пациенти, и секако ќе нема немили настани. Прифатив да бидам директорка затоа што сакам да се подобрат состојбите во битолското здравство

The post Директорката на битолската болница за смртта на малата Јана и новороденчето: До овој момент немаме ниту еден официјален извештај appeared first on Република.

]]>
Лидија ја откри мистеријата: Родив мртво бебе, па го ставив во замрзнувачот https://republika.mk/vesti/balkan/lidija-ja-otkri-misterijata-rodiv-mrtvo-bebe-pa-go-staviv-vo-zamrznuvachot/ Tue, 24 Jan 2023 09:09:02 +0000 https://republika.mk/?p=600327

Лидија М.(47), мајката на новороденчето чие тело беше пронајдено ќеса во стар замрзнувач во куќа во Земун, Белград, е задржана во полиција откако во конфузна изјава за полицијата изјавила дека родила мртво бебе кое го ставила во замрзнувач, дознава „Блиц“.

Според информациите на српскиот весник, обдукцијата сè уште не утврдила прецизно дали бебето е родено живо и ставено во замрзнувач или е родено мртво. Во наредните денови ќе се направат одредени анализи за прецизно да се утврди.

Доколку се утврди дека бебето е родено живо, мајката ќе одговара за кривичното дело убиство на дете при породување, вели изворот на „Блиц“.

Доколку се утврди дека детето е родено мртво, Лидија ќе одговара за дело за кое следува полесна казна.

Лидија денеска ќе биде сослушана во Вишото јавно обвинителство во Белград.

Телото на новороденчето било спакувано крпа во најлонска ќеса и било на дното на замрзнувачот, а го пронашол Зоран М., кој тврдел дека штотуку се вселил во куќата со своите четири деца и дека само сакал да го исчисти стариот замрзнувач, за да го поправи.

https://republika.mk/vesti/balkan/mislev-deka-zhena-mi-zamrznala-leb-se-skameniv-koga-vidov-telo-na-bebe-veli-zoran-od-zemun/

Соседите за „Блиц“ тогаш изјавија дека ова семејство имало четири деца на возраст од 3 до 27 години.

Заедно се од средно, таа е многу помлада од него. Но, пак, не е важно, гледате каков човек е тој. Имаа се, дури секое лето одеа на море со децата. Работи од утро до вечер и ги издржува децата, додава соседот.

Сосетката рече дека „не очекувала ништо друго од таква жена“.

Којзнае дали овие четворите деца се негови. Сега е глупаво да се каже тоа, но тоа е вистина. Ги прифати и ги гледа како свои, но јас ви велам, таа доаѓа, потоа ја нема неколку месеци и се враќа со стомак, рекла сосетката.

The post Лидија ја откри мистеријата: Родив мртво бебе, па го ставив во замрзнувачот appeared first on Република.

]]>

Лидија М.(47), мајката на новороденчето чие тело беше пронајдено ќеса во стар замрзнувач во куќа во Земун, Белград, е задржана во полиција откако во конфузна изјава за полицијата изјавила дека родила мртво бебе кое го ставила во замрзнувач, дознава „Блиц“. Според информациите на српскиот весник, обдукцијата сè уште не утврдила прецизно дали бебето е родено живо и ставено во замрзнувач или е родено мртво. Во наредните денови ќе се направат одредени анализи за прецизно да се утврди.
Доколку се утврди дека бебето е родено живо, мајката ќе одговара за кривичното дело убиство на дете при породување, вели изворот на „Блиц“.
Доколку се утврди дека детето е родено мртво, Лидија ќе одговара за дело за кое следува полесна казна. Лидија денеска ќе биде сослушана во Вишото јавно обвинителство во Белград. Телото на новороденчето било спакувано крпа во најлонска ќеса и било на дното на замрзнувачот, а го пронашол Зоран М., кој тврдел дека штотуку се вселил во куќата со своите четири деца и дека само сакал да го исчисти стариот замрзнувач, за да го поправи. https://republika.mk/vesti/balkan/mislev-deka-zhena-mi-zamrznala-leb-se-skameniv-koga-vidov-telo-na-bebe-veli-zoran-od-zemun/ Соседите за „Блиц“ тогаш изјавија дека ова семејство имало четири деца на возраст од 3 до 27 години.
Заедно се од средно, таа е многу помлада од него. Но, пак, не е важно, гледате каков човек е тој. Имаа се, дури секое лето одеа на море со децата. Работи од утро до вечер и ги издржува децата, додава соседот.
Сосетката рече дека „не очекувала ништо друго од таква жена“.
Којзнае дали овие четворите деца се негови. Сега е глупаво да се каже тоа, но тоа е вистина. Ги прифати и ги гледа како свои, но јас ви велам, таа доаѓа, потоа ја нема неколку месеци и се враќа со стомак, рекла сосетката.
 
The post Лидија ја откри мистеријата: Родив мртво бебе, па го ставив во замрзнувачот appeared first on Република.

]]>
„Мислев дека жена ми замрзнала леб, се скаменив кога видов тело на бебе“, вели Зоран од Земун https://republika.mk/vesti/balkan/mislev-deka-zhena-mi-zamrznala-leb-se-skameniv-koga-vidov-telo-na-bebe-veli-zoran-od-zemun/ Sat, 21 Jan 2023 09:50:50 +0000 https://republika.mk/?p=599318

Шокантните детали открива Зоран М. (62) од Земун, кој за српските медиуми открива како во неговиот замрзнувач пронашол мртво новороденче. Истрагата е во тек и се утрврдува чие е бебето, колку време телото било во замрзнувачот, каква поврзаност има неговата сопруга...

Замрзнувачот се расипа, па повикав мајстор. Ми рече дека морам најпрво да го одмрзнам, па почнав да го чистам. Ги извадив сите работи од него, а меѓу нив беше и таа вреќа, раскажува тој.

Околу 15 часот тргнал да провери како се одвива одмрзнувањето и тогаш затекнал стравична глетка.

Видов торба во која имаше крпа. Прво помислив дека е леб, жена ми обично знаеше да замрзни леб или погача, но кога ја отворив торбата, видов бебе. Се вознемирив од глетката, се скаменив, веднаш го повикав синот, а потоа и полицијата, раскажува шокираниот маж кој истакна дека не знае како завршило тело на бебе во неговиот замрзнувач, ниту што всушност се случувало.

Зоран М. вели дека сопругата го напуштила во мај во 2022 година и оти само тие двајца имале пристап до фрижидерот. Тој истакнува дека не знаел оти такво нешто се наоѓало во замрзнувачот и дека сè уште е вознемирен.

Не знам што да мислам за сето ова, не знам што ќе правам ако е мое дете, вели тој.

Српската полиција е во потрага по неговата сопруга за да провери дали таа има некакви информации за случајот. Тие имаат четири деца, од кои најмалото е пет години. Зоран вели дека неговата сопруга не била трудна, но и дека навистина не знае каде е таа откако ги оставила.

Телото на бебето, кое било завиткано во крпа и ставено на дното во замрзнувачот, е предадено на обдукција, по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, за да се утврди возраста и причините за смртта.

Според неофицијалните информации, на телото на бебето не биле видливи траги на насилство и не можело да се процени колку долго било во замрзнувач.

The post „Мислев дека жена ми замрзнала леб, се скаменив кога видов тело на бебе“, вели Зоран од Земун appeared first on Република.

]]>

Шокантните детали открива Зоран М. (62) од Земун, кој за српските медиуми открива како во неговиот замрзнувач пронашол мртво новороденче. Истрагата е во тек и се утрврдува чие е бебето, колку време телото било во замрзнувачот, каква поврзаност има неговата сопруга...
Замрзнувачот се расипа, па повикав мајстор. Ми рече дека морам најпрво да го одмрзнам, па почнав да го чистам. Ги извадив сите работи од него, а меѓу нив беше и таа вреќа, раскажува тој.
Околу 15 часот тргнал да провери како се одвива одмрзнувањето и тогаш затекнал стравична глетка.
Видов торба во која имаше крпа. Прво помислив дека е леб, жена ми обично знаеше да замрзни леб или погача, но кога ја отворив торбата, видов бебе. Се вознемирив од глетката, се скаменив, веднаш го повикав синот, а потоа и полицијата, раскажува шокираниот маж кој истакна дека не знае како завршило тело на бебе во неговиот замрзнувач, ниту што всушност се случувало.
Зоран М. вели дека сопругата го напуштила во мај во 2022 година и оти само тие двајца имале пристап до фрижидерот. Тој истакнува дека не знаел оти такво нешто се наоѓало во замрзнувачот и дека сè уште е вознемирен.
Не знам што да мислам за сето ова, не знам што ќе правам ако е мое дете, вели тој.
Српската полиција е во потрага по неговата сопруга за да провери дали таа има некакви информации за случајот. Тие имаат четири деца, од кои најмалото е пет години. Зоран вели дека неговата сопруга не била трудна, но и дека навистина не знае каде е таа откако ги оставила. Телото на бебето, кое било завиткано во крпа и ставено на дното во замрзнувачот, е предадено на обдукција, по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, за да се утврди возраста и причините за смртта. Според неофицијалните информации, на телото на бебето не биле видливи траги на насилство и не можело да се процени колку долго било во замрзнувач.

The post „Мислев дека жена ми замрзнала леб, се скаменив кога видов тело на бебе“, вели Зоран од Земун appeared first on Република.

]]>
Тело на мртво бебе по грешка ставено во машина за перење, докторите криеле https://republika.mk/vesti/balkan/telo-na-mrtvo-bebe-po-greshka-staveno-vo-mashina-za-perenje-doktorite-kriele/ Thu, 22 Dec 2022 09:54:05 +0000 https://republika.mk/?p=588700

Гинеколошкото одделение и општата болница во Пеќ се под истрага, откако било откриено дека некој од одделението по грешка го ставил телото на мртво бебе во машина за перење, од каде е извадено на парчиња, пренесува Индекс онлајн.

И покрај инсистирањето на болничкиот персонал овој скандал да се сокрие, членовите на семејството ја известиле полицијата.

Таткото на бебето рекол дека случајот го шокирал неговото семејство и целата работа излегла на виделина кога болницата одбила да го предаде телото на мртвороденото бебе. Татко не престанал да се обидува да ја дознае вистината за своето мртво бебе, но останал шокиран кога со свои очи ги видел посмртните останки, откако го извадиле од болничката машина за перење меѓу чаршафите.

Случајот го потврди и косовската полиција, која соопшти дека истрагата ја водат Државното обвинителство и Здравствениот инспекторат.

За случајот што се случи во Регионалната болница во Пеќ е известена полицијата и веднаш излегла на лице место, државниот обвинител исто така. На лице место излегле и здравствените инспектори. Во тек е истрага од страна на државен обвинител и здравствени инспектори, се наведува во соопштението на полицијата.

Извори од болницата во Пеќ пак велат дека болницата по секоја цена се обидувала да го сокрие случајот, вршејќи притисок врз персоналот да не даваат информации од болницата. Дури се обидувале целата вина да ја префрлат на собарките, за да го спасат името на медицинскиот персонал на Гинекологија.

Во меѓувреме, Општата болница во Пеќ објави дека за овој случај се суспендирани седуммина вработени и дека против нив е поведена дисциплинска постапка.

Според Основното обвинителство во Пеќ, случајот се случил минатата недела и истрагата е во почетна фаза.

The post Тело на мртво бебе по грешка ставено во машина за перење, докторите криеле appeared first on Република.

]]>

Гинеколошкото одделение и општата болница во Пеќ се под истрага, откако било откриено дека некој од одделението по грешка го ставил телото на мртво бебе во машина за перење, од каде е извадено на парчиња, пренесува Индекс онлајн. И покрај инсистирањето на болничкиот персонал овој скандал да се сокрие, членовите на семејството ја известиле полицијата. Таткото на бебето рекол дека случајот го шокирал неговото семејство и целата работа излегла на виделина кога болницата одбила да го предаде телото на мртвороденото бебе. Татко не престанал да се обидува да ја дознае вистината за своето мртво бебе, но останал шокиран кога со свои очи ги видел посмртните останки, откако го извадиле од болничката машина за перење меѓу чаршафите. Случајот го потврди и косовската полиција, која соопшти дека истрагата ја водат Државното обвинителство и Здравствениот инспекторат.
За случајот што се случи во Регионалната болница во Пеќ е известена полицијата и веднаш излегла на лице место, државниот обвинител исто така. На лице место излегле и здравствените инспектори. Во тек е истрага од страна на државен обвинител и здравствени инспектори, се наведува во соопштението на полицијата.
Извори од болницата во Пеќ пак велат дека болницата по секоја цена се обидувала да го сокрие случајот, вршејќи притисок врз персоналот да не даваат информации од болницата. Дури се обидувале целата вина да ја префрлат на собарките, за да го спасат името на медицинскиот персонал на Гинекологија. Во меѓувреме, Општата болница во Пеќ објави дека за овој случај се суспендирани седуммина вработени и дека против нив е поведена дисциплинска постапка. Според Основното обвинителство во Пеќ, случајот се случил минатата недела и истрагата е во почетна фаза.

The post Тело на мртво бебе по грешка ставено во машина за перење, докторите криеле appeared first on Република.

]]>
За смрт на новороденче обвинение против двајца битолски гинеколози https://republika.mk/vesti/crna-hronika/za-smrt-na-novorodenche-obvinenie-protiv-dvajca-bitolski-ginekolozi/ Wed, 15 Jun 2022 07:37:23 +0000 https://republika.mk/?p=515338

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола по спроведена претходна постапка поднесе обвинителен предлог против две лица за кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 1 и 3 од Кривичниот законик“.

Како што информира ОЈО, обвинетите, како лекари – специјалисти по гинекологија и акушерство вработени во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, несовесно постапувале при укажување лекарска помош – породување на пациентка родилка од село Смилево, Општина Демир Хисар, поради што настапила смрт на новороденчето.

Родилката била примена за породување на 12.10.2019 година околу 17:00 часот во Одделот за гинекологија и акушерство при Клиничка болница Битола, каде дежурни лекари биле обвинетите. Тие не ја следеле и навремено не ги регистрирале промените во здравствената состојба кај родилката. Иако сите промени во здравствената состојба на родилката претставувале апсолутен показател дека здравјето и животот на плодот е во опасност заради недоволен доток на кислород, што, пак, претставува индикација за итен царски рез, обвинетите лекари не ја презеле оваа интервенција благовремено. Поради продолженото породување и доцнењето од најмалку пет часа од појавата на индикациите за итен царски рез, интензитетот на страдањето кај плодот се зголемувал. Интервенцијата кај родилката била извршена околу 06:30 часот на 13.10.2019 година, при што се родил плод – женско дете со родилна тежина од 3.550 грама и должина од 48 сантиметри во многу лоша состојба, кое починало за кратко време по породувањето заради кислородното страдање во утробата, соопшти ОЈО.

The post За смрт на новороденче обвинение против двајца битолски гинеколози appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола по спроведена претходна постапка поднесе обвинителен предлог против две лица за кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 1 и 3 од Кривичниот законик“. Како што информира ОЈО, обвинетите, како лекари – специјалисти по гинекологија и акушерство вработени во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, несовесно постапувале при укажување лекарска помош – породување на пациентка родилка од село Смилево, Општина Демир Хисар, поради што настапила смрт на новороденчето.