МРТВ Archives - Република https://republika.mk/tema/mrtv/ За подобро да се разбереме Thu, 02 May 2024 15:25:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МРТВ Archives - Република https://republika.mk/tema/mrtv/ 32 32 Пендаровски не се појавил на дебатата на националниот сервис МТВ https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-ne-se-pojavil-na-debatata-na-natsionalniot-servis-mtv/ Thu, 02 May 2024 15:25:16 +0000 https://republika.mk/?p=773526

Кандидатот за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова преку социјалната мрежа Х откри дека нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски не се појавил на дебатата на националниот сервис МТВ.

„Вчудоневидувачки е како во најзначајната претседателска дебата пред националниот сервис, Македонската телевизија, јас ќе дебатирам со празно столче.

Не разбирам зошто мојот противкандидат Стево Пендаровски им оневозможи на граѓаните повторно да ги соочиме нашите програми и ставови.

Би сакала да го потсетам господинот Стево Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник, па го повикувам да се одважи и да се појави пред мене и пред граѓаните на Македонија.

Основна задача на шефот на државата е да гради консензус преку дијалог со сите“, стои во нејзиниот твит на Х.

The post Пендаровски не се појавил на дебатата на националниот сервис МТВ appeared first on Република.

]]>

Кандидатот за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова преку социјалната мрежа Х откри дека нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски не се појавил на дебатата на националниот сервис МТВ. „Вчудоневидувачки е како во најзначајната претседателска дебата пред националниот сервис, Македонската телевизија, јас ќе дебатирам со празно столче. Не разбирам зошто мојот противкандидат Стево Пендаровски им оневозможи на граѓаните повторно да ги соочиме нашите програми и ставови. Би сакала да го потсетам господинот Стево Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник, па го повикувам да се одважи и да се појави пред мене и пред граѓаните на Македонија. Основна задача на шефот на државата е да гради консензус преку дијалог со сите“, стои во нејзиниот твит на Х.

The post Пендаровски не се појавил на дебатата на националниот сервис МТВ appeared first on Република.

]]>
МРТ реагира на обвинувањата од СДСМ: Политичките партии да престанат да вршат притисок кон јавниот сервис https://republika.mk/vesti/makedonija/mrt-reagira-na-obvinuvanata-od-sdsm-politichkite-partii-da-prestanat-da-vrshat-pritisok-kon-javniot-servis/ Wed, 03 Apr 2024 12:11:36 +0000 https://republika.mk/?p=761674

Јавниот сервис, своите обврски кон тие за кои и постои – граѓаните, ги реализира согласно сите законски регулативи и етички норми, реагираат денеска од Уредувачкиот колегиум на Македонската радио-телевизија, додавајќи дкеа Македонската телевизија, програмската содржина ја конципира според правилата кои претставуваат операционализација на обврските што ги има согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за медиуми и согласно Етичкиот кодекс.

Секое намерно и неосновано поткопување на довербата на граѓаните во јавните институции по дефиниција е штетен наратив. Во тој контекст, штетните наративи кон Јавниот сервис растат во изборниот период. Во еден специфичен момент на технолошка револуција во Македонската телевизија, промовирање на новата виртуелна и проширена реалност преку програмските содржини што се емитуваат, Јавниот сервис се соочува со неосновани напади за веродостојноста на тоа што се пласира. Во рамки на емисијата Објектив, се презентира испитување на јавното мислење за прашања поврзани со актуелната политичко–економска состојба и рејтингот на политичките партии. Во истражувањето се вклучени две реномирани агенции (факт кои не се споенува во нападите кон нас) чии сопственици се Петар Арсовски и Владимир Божиновски, а во емисијата учествуваат и реномирани гости од општествено – политичкиот живот во Македонија. Наша определба и цел е ваков тип на емисии да има пред секој изборен циклус во државата. Потврдувајќи ја определбата на модерните демократии за почитување на основното право на слобода на изразување, загарантирано со членот 10 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, МРТ секогаш се води според основните професионални стандарди и етички начела, се вели во реакцијата од МРТ.

Впрочем, додаваат оттаму, во просторот меѓу цензура и анархија, степенот на демократијата на едно општество се мери според слободата на изразување.

Поради тоа Јавниот сервис ги отфрла сите неосновани напади за професионалноста и објективното известување. Како досега, така и натаму ќе известува точно, проверено и објективно за да ја одржи стекнатата доверба кај граѓаните. Јавниот сервис е отчетен кон публиката и постапува транспарентно кон неа. Отчетноста значи дека сите медиумски работници вклучени во програмата стојат зад нивната работа. На крајот сакаме да потенцираме дека МТВ во никој случај нема да влезе во дневно политичка пресметка на партиите во овој предизборен период. Уште еднаш апелираме политичките партии да престанат да вршат притисок кон јавниот сервис. Како и до сега ќе продолжиме да работиме професионално, балансирано и согласно сите етички и професионални стандарди на известување. Впрочем на крајот на изборниот процес ќе ги видиме извештаите кои досега кажувале дека работиме балансирано и професионално. За сите овие партиски и политички притисоци и обиди за подривање на кредибилитетот на Јавниот сервис ќе бидат известени сите домашни и меѓународни медиумски организации како и амбасадите и мисијата на ОБСЕ, велат од МРТ.

Претходно денеска СДСМ обвини дека анкетите кои се објавуваат на МТВ се лажни и нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, што веднаш беше демантирано и од партијата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-objavuva-lazhni-dokumenti-vmro-dpmne-najavuva-tuzhba-za-kleveta/

The post МРТ реагира на обвинувањата од СДСМ: Политичките партии да престанат да вршат притисок кон јавниот сервис appeared first on Република.

Претходно денеска СДСМ обвини дека анкетите кои се објавуваат на МТВ се лажни и нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, што веднаш беше демантирано и од партијата. https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-objavuva-lazhni-dokumenti-vmro-dpmne-najavuva-tuzhba-za-kleveta/  

The post МРТ реагира на обвинувањата од СДСМ: Политичките партии да престанат да вршат притисок кон јавниот сервис appeared first on Република.

]]>
Граѓаните кои се фотографирале за пасош во „Пролет“ и „МРТВ“ ќе добијат СМС кога ќе им биде изготвен https://republika.mk/vesti/makedonija/graganite-koi-se-fotografirale-za-pasosh-vo-prolet-i-mrtv-ke-dobijat-sms-koga-ke-im-bide-izgotven/ Fri, 16 Feb 2024 09:57:12 +0000 https://republika.mk/?p=744764

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека со цел да се олесни процесот за подигање на готови пасоши, од понеделник граѓаните кои се фотографирале за пасош во објектот на МРТВ или во ПС Пролет ќе добиваат СМС порака откако ќе им биде изготвен пасошот за да дојдат да го подигнат.

Исто така, граѓаните ќе можат на интернет страната mvr.gov.mk да извршат проверка дали нивниот пасош е изготвен.

Ги молиме граѓаните доколку немаат добиено СМС порака или доколку на интернет страната на МВР нема потврда дека нивниот пасош е изготвен да не доаѓаат во објектот на МРТВ затоа што тоа значи дека нивниот документ не е готов, велат од МВР.

Сето ова важи за граѓаните кои се фотографирале во објектот на МРТВ или во ПС Пролет. Граѓаните кои се фотографирале во другите пунктови во Скопје или во другите градови, готовите пасоши ќе ги подигаат на ист начин како и до сега.

The post Граѓаните кои се фотографирале за пасош во „Пролет“ и „МРТВ“ ќе добијат СМС кога ќе им биде изготвен appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека со цел да се олесни процесот за подигање на готови пасоши, од понеделник граѓаните кои се фотографирале за пасош во објектот на МРТВ или во ПС Пролет ќе добиваат СМС порака откако ќе им биде изготвен пасошот за да дојдат да го подигнат. Исто така, граѓаните ќе можат на интернет страната mvr.gov.mk да извршат проверка дали нивниот пасош е изготвен.
Ги молиме граѓаните доколку немаат добиено СМС порака или доколку на интернет страната на МВР нема потврда дека нивниот пасош е изготвен да не доаѓаат во објектот на МРТВ затоа што тоа значи дека нивниот документ не е готов, велат од МВР.
Сето ова важи за граѓаните кои се фотографирале во објектот на МРТВ или во ПС Пролет. Граѓаните кои се фотографирале во другите пунктови во Скопје или во другите градови, готовите пасоши ќе ги подигаат на ист начин како и до сега.  

The post Граѓаните кои се фотографирале за пасош во „Пролет“ и „МРТВ“ ќе добијат СМС кога ќе им биде изготвен appeared first on Република.

]]>
Скопјанец нападал полицаец во зградата на МРТВ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanets-napadal-politsaets-vo-zgradata-na-mrtv/ Sat, 04 Nov 2023 15:35:53 +0000 https://republika.mk/?p=698188

Полициски службеници од Полициската станица Центар вчера го лишиле од слобода З.К.(38) од Скопје, поради тоа што во Управните служби во зградата на МРТВ физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Како што соопшти МВР, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Скопјанец нападал полицаец во зградата на МРТВ appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Полициската станица Центар вчера го лишиле од слобода З.К.(38) од Скопје, поради тоа што во Управните служби во зградата на МРТВ физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Како што соопшти МВР, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

The post Скопјанец нападал полицаец во зградата на МРТВ appeared first on Република.

]]>
Г.г. Стефан бара извинување од МРТ, на кајронот бил претставен без „македонски“, МРТВ се огради, на тоа инсистирал организаторот https://republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-bara-izvinuvane-od-mrt-na-kajronot-bil-pretstaven-bez-makedonski-mrtv-se-ogradi-na-toa-insistiral-organizatorot/ Tue, 10 Jan 2023 19:38:27 +0000 https://republika.mk/?p=595568

Поглаварот на Македонската православна црква ‒ Охридска архиепископија г.г. Стефан реагира и бара извинување од МРТ за тоа што за време на синоќешниот Божиќен концерт што беше пренесуван на МТВ1 на кајронот наместо титулата „архиепископ Охридски и Македонски“ стоеше скратената титула „архиепископ Охридски“.

За време на вчерашниот Божиќен концерт на празнични песни – одржан како завршен дел од манифестацијата „Бадникови поворки“, беше направена груба, се надеваме ненамерна, грешка. Имено, за време на Нашиот благодарствен говор на кајронот на МТВ1 наместо титулата „Архиепископ Охридски и Македонски“ стоеше скратената титула „Архиепископ Охридски.

Не сакајќи да веруваме дека станува збор за свесно или нарачано искривување на титулирањето на Поглаварот на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија, Ве замолуваме уште денеска во средствата за информирање на Јавниот сервис да објавите извинување за овој голем превид. Во спротивно ќе бидеме принудени и Ние лично како Архиепископ Охридски и Македонски и сите свештенослужители на Скопската епархија и на други македонски епархии да ја преиспитаме нашата соработка со Јавниот сервис, а којашто сè досега, беше исклучително коректна и плодотворната. Верувајќи дека ќе излезете во пресрет на ова наше Барање и дека во иднина нема да се прават вакви сериозни грешки, Ве поздравуваме со торжествениот христијански позив: Х Р И С Т О С   С Е   Р О Д И!, се наведува во реакцијата на поглаварот на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија г.г. Стефан до директорот на јавниот сервис Македонска радио-телевизија (МРТВ) Марјан Цветковски.

За време на вчерашниот пренос на Македонската телевизија од концертот на Бадниковите поворки, неговото блаженство, г.г. Стефан, поглавар на МПЦ – ОА беше потпишан со титулата „Архиепископ Охридски“, на инсистирање и според официјалниот допис од организаторот на манифестацијата.

Македонската телевизија, која вршеше пренос, се оградува од пропустот на организаторот, бидејќи јавниот сервис секогаш се придржува до целосната титула на поглаварот г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски, велат од МТВ.

The post Г.г. Стефан бара извинување од МРТ, на кајронот бил претставен без „македонски“, МРТВ се огради, на тоа инсистирал организаторот appeared first on Република.

]]>

Поглаварот на Македонската православна црква ‒ Охридска архиепископија г.г. Стефан реагира и бара извинување од МРТ за тоа што за време на синоќешниот Божиќен концерт што беше пренесуван на МТВ1 на кајронот наместо титулата „архиепископ Охридски и Македонски“ стоеше скратената титула „архиепископ Охридски“.
За време на вчерашниот Божиќен концерт на празнични песни – одржан како завршен дел од манифестацијата „Бадникови поворки“, беше направена груба, се надеваме ненамерна, грешка. Имено, за време на Нашиот благодарствен говор на кајронот на МТВ1 наместо титулата „Архиепископ Охридски и Македонски“ стоеше скратената титула „Архиепископ Охридски. Не сакајќи да веруваме дека станува збор за свесно или нарачано искривување на титулирањето на Поглаварот на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија, Ве замолуваме уште денеска во средствата за информирање на Јавниот сервис да објавите извинување за овој голем превид. Во спротивно ќе бидеме принудени и Ние лично како Архиепископ Охридски и Македонски и сите свештенослужители на Скопската епархија и на други македонски епархии да ја преиспитаме нашата соработка со Јавниот сервис, а којашто сè досега, беше исклучително коректна и плодотворната. Верувајќи дека ќе излезете во пресрет на ова наше Барање и дека во иднина нема да се прават вакви сериозни грешки, Ве поздравуваме со торжествениот христијански позив: Х Р И С Т О С   С Е   Р О Д И!, се наведува во реакцијата на поглаварот на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија г.г. Стефан до директорот на јавниот сервис Македонска радио-телевизија (МРТВ) Марјан Цветковски.
За време на вчерашниот пренос на Македонската телевизија од концертот на Бадниковите поворки, неговото блаженство, г.г. Стефан, поглавар на МПЦ – ОА беше потпишан со титулата „Архиепископ Охридски“, на инсистирање и според официјалниот допис од организаторот на манифестацијата.
Македонската телевизија, која вршеше пренос, се оградува од пропустот на организаторот, бидејќи јавниот сервис секогаш се придржува до целосната титула на поглаварот г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски, велат од МТВ.

The post Г.г. Стефан бара извинување од МРТ, на кајронот бил претставен без „македонски“, МРТВ се огради, на тоа инсистирал организаторот appeared first on Република.

]]>
Уште полошо: Свирежите на народот ги прикрил организаторот, а не МРТ https://republika.mk/vesti/makedonija/ushte-polosho-svirezite-na-narodot-gi-prikril-organizatorot-a-ne-mrt/ Tue, 02 Aug 2022 19:53:19 +0000 https://republika.mk/?p=536247

Македонската радио-телевизија демантира дека со однапред подготвено аудио ги прекрила свирежите упатени кон владината делегација на Мачкин Камен, на прославата на Илинден во Крушево.

Вистината е дека МТВ на ниту еден начин не интервенирала на тонот од преносот, којшто е преземен од миксетата на озвучувањето за коешто е надлежен организаторот. Не е точно дека МТВ имала однапред подготвена музика, велат од националниот сервис.

Реакцијата се однесува на делот „Тоа до толку беше очекувано и извесно, што МТВ веќе имаше подготвено музика од студио за да ја пушти наместо оригиналното аудио“ од текстот „Таче собра публика, ама МТВ пак мораше да пушти музика за да не се слушаат свирежите“, што е доказ дека власта била свесна дека е непожелна на Илинден, па не оставила ништо на случајот.

Сите што не успеаја да стигнат во Крушево и го следеа преносот на Македонската радиотелевизија, забележаа дека и оваа нарачана публика не беше доволна да ги надвика граѓаните кои ја исвиркаа делегацијата предводена од Ковачевски.

The post Уште полошо: Свирежите на народот ги прикрил организаторот, а не МРТ appeared first on Република.

]]>

Македонската радио-телевизија демантира дека со однапред подготвено аудио ги прекрила свирежите упатени кон владината делегација на Мачкин Камен, на прославата на Илинден во Крушево.
Вистината е дека МТВ на ниту еден начин не интервенирала на тонот од преносот, којшто е преземен од миксетата на озвучувањето за коешто е надлежен организаторот. Не е точно дека МТВ имала однапред подготвена музика, велат од националниот сервис.
Реакцијата се однесува на делот „Тоа до толку беше очекувано и извесно, што МТВ веќе имаше подготвено музика од студио за да ја пушти наместо оригиналното аудио“ од текстот „Таче собра публика, ама МТВ пак мораше да пушти музика за да не се слушаат свирежите“, што е доказ дека власта била свесна дека е непожелна на Илинден, па не оставила ништо на случајот. Сите што не успеаја да стигнат во Крушево и го следеа преносот на Македонската радиотелевизија, забележаа дека и оваа нарачана публика не беше доволна да ги надвика граѓаните кои ја исвиркаа делегацијата предводена од Ковачевски.  

The post Уште полошо: Свирежите на народот ги прикрил организаторот, а не МРТ appeared first on Република.

]]>
Ревизорите се сомневаат во вистинитоста на финансиските извештаи од МРТВ https://republika.mk/vesti/makedonija/revizorite-se-somnevaat-vo-vistinitosta-na-finansiskite-izveshtai-od-mrtv/ Fri, 29 Jul 2022 07:14:21 +0000 https://republika.mk/?p=534506

Државниот завод за ревизија го објави Конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2020 година на Јавно радиодифузно претпријатие „Македонска Радиотелевизија Скопје“.

Во извештајот ДЗР наведува неколку клучни утврдени состојби: не се донесени стратешки, плански, програмски и подзаконски акти; непрецизни одредби во актот за систематизација за дел од барањата и описот на работните задачи и неусогласени акти за пресметка на плата со важечките законски одредби; не е воспоставена единица за внатрешна ревизија; нецелосно спроведен попис на средствата и обврските; невоспоставено следење на преземените мерки за наплата на побарувањата постари од пет години и неправилности во планирањето, доделувањето на договорите за јавни набавки и нивната реализација.

Во издадено мислење стои дека е „мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики“.

Клучни препораки на ДЗР се: донесување на стратешки, плански, програмски и подзаконски акти; – прецизирање на барањата и прилагодување на описот на задачите во актот за систематизација со надлежностите и активностите кои се вршат, како и усогласување на актите за пресметка на плата со законските прописи; воспоставување на внатрешна ревизија; спроведување целосен попис на средствата и обврските и усогласување на сметководствената со фактичката состојба; ажурирање на евиденција за следење на побарувањата и навремено преземање правни дејствија за ненаплатените
побарувања од комитентите и подобрување на планирањето, начинот на спроведување
на постапките за јавни набавки, како и потребата од прецизни одредби во договорите за начинот на
реализација на набавката и плаќањето.

Линк до објавениот извештај: https://dzr.mk/sites/default/files/2022-07/RR_MRTV_Skopje_29_08_2022.pdf

The post Ревизорите се сомневаат во вистинитоста на финансиските извештаи од МРТВ appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за ревизија го објави Конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2020 година на Јавно радиодифузно претпријатие „Македонска Радиотелевизија Скопје“. Во извештајот ДЗР наведува неколку клучни утврдени состојби: не се донесени стратешки, плански, програмски и подзаконски акти; непрецизни одредби во актот за систематизација за дел од барањата и описот на работните задачи и неусогласени акти за пресметка на плата со важечките законски одредби; не е воспоставена единица за внатрешна ревизија; нецелосно спроведен попис на средствата и обврските; невоспоставено следење на преземените мерки за наплата на побарувањата постари од пет години и неправилности во планирањето, доделувањето на договорите за јавни набавки и нивната реализација. Во издадено мислење стои дека е „мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики“. Клучни препораки на ДЗР се: донесување на стратешки, плански, програмски и подзаконски акти; – прецизирање на барањата и прилагодување на описот на задачите во актот за систематизација со надлежностите и активностите кои се вршат, како и усогласување на актите за пресметка на плата со законските прописи; воспоставување на внатрешна ревизија; спроведување целосен попис на средствата и обврските и усогласување на сметководствената со фактичката состојба; ажурирање на евиденција за следење на побарувањата и навремено преземање правни дејствија за ненаплатените побарувања од комитентите и подобрување на планирањето, начинот на спроведување на постапките за јавни набавки, како и потребата од прецизни одредби во договорите за начинот на реализација на набавката и плаќањето. Линк до објавениот извештај: https://dzr.mk/sites/default/files/2022-07/RR_MRTV_Skopje_29_08_2022.pdf

The post Ревизорите се сомневаат во вистинитоста на финансиските извештаи од МРТВ appeared first on Република.

]]>
Претседателот Пендаровски во посета на јавниот сервис МРТ https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-pendarovski-vo-poseta-na-javniot-servis-mrt/ Wed, 18 May 2022 14:35:04 +0000 https://republika.mk/?p=503913

Претседателот Стево Пендаровски денеска престојуваше во посета на Јавниот сервис МРТ.

Во рамки на посетата, претседателот Пендаровски оствари средба со директорот Марјан Цветковски и раководството на МРТ, на која се разговараше за функционирањето и предизвиците со кои се соочува јавниот сервис, како и за финансиските состојби, условите за работа на вработените и неопходното обновување на техниката. На средбата стана збор и за процесот на дигитализација на архивските материјали при што претседателот Пендаровски изрази поддршка за овој значаен процес и ја нагласи важноста за трајно зачувување на аудио и видео записите кои претставуваат наше национално богатство во кое се содржани сите настани врзани со создавањето и развојот на македонската држава и македонското општество.

Претседателот Пендаровски ги посети и просториите каде што се складирани архивските материјали, направи увид во условите во коишто се чуваат, а беше запознат и со дел од содржината на аудио и видеозаписите.

За време на посетата, претседателот Пендаровски се сретна и со вработените во информативните програми на радиото и телевизијата, на одделни сектори и се запозна со условите во кои работат, при што посочи дека е неопходно МРТ да е вистински јавен сервис, кој ќе ја има довербата и поддршката на граѓаните и ќе биде промотор на јавниот интерес и столб на медиумскиот систем во државата.

The post Претседателот Пендаровски во посета на јавниот сервис МРТ appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска престојуваше во посета на Јавниот сервис МРТ. Во рамки на посетата, претседателот Пендаровски оствари средба со директорот Марјан Цветковски и раководството на МРТ, на која се разговараше за функционирањето и предизвиците со кои се соочува јавниот сервис, како и за финансиските состојби, условите за работа на вработените и неопходното обновување на техниката. На средбата стана збор и за процесот на дигитализација на архивските материјали при што претседателот Пендаровски изрази поддршка за овој значаен процес и ја нагласи важноста за трајно зачувување на аудио и видео записите кои претставуваат наше национално богатство во кое се содржани сите настани врзани со создавањето и развојот на македонската држава и македонското општество. Претседателот Пендаровски ги посети и просториите каде што се складирани архивските материјали, направи увид во условите во коишто се чуваат, а беше запознат и со дел од содржината на аудио и видеозаписите. За време на посетата, претседателот Пендаровски се сретна и со вработените во информативните програми на радиото и телевизијата, на одделни сектори и се запозна со условите во кои работат, при што посочи дека е неопходно МРТ да е вистински јавен сервис, кој ќе ја има довербата и поддршката на граѓаните и ќе биде промотор на јавниот интерес и столб на медиумскиот систем во државата.

The post Претседателот Пендаровски во посета на јавниот сервис МРТ appeared first on Република.

]]>
МРТВ уште не се емитува во Бугарија како што е договорено https://republika.mk/vesti/makedonija/mrtv-ushte-ne-se-emituva-vo-bugarija-kako-shto-e-dogovoreno/ Mon, 18 Apr 2022 12:35:58 +0000 https://republika.mk/?p=490024

Реципрочното пренесување на сигналите на Јавните медиумски сервиси на Македонија и Бугарија не се спроведува, алармира „Радио слободна Европа“. Македонската радио телевизија не се емитува во бугарскиот етер, додека бугарската национална телевизија БНТ се емитува во земјава. Македонски Телеком ги презема и емитува пакетот програми на БНТ. Според Договорот за добрососедство меѓу двете земји, договорено е размена на програмата на јавните сервиси.

Двете Договорни страни ќе прават напори за слободно распространување на информации, преку поттикнување и развивање на соработката во областа на средствата за јавно информирање со искористување на можностите на современите информативни средства. Тие ќе се ангажираат во заштитата на авторските и интелектуалните права на творците од двете земји, се вели во Договорот за добрососедство.

https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-emituva-bnt-bugarski-chas-po-istorija-srede-makedonija/

Програмскиот совет на МРТВ на своите седници дебатирал за причините зошто МРТВ не се емитува во Бугарија. Во нивниот заклучок е наведено дека една од причините зошто МРТВ не се емитувањето во бугарскиот етер им било наведено дека е поради слабиот сигнал од интернет кој не можеле да го преземат.

https://republika.mk/vesti/makedonija/i-sonceto-od-kutlesh-da-ti-bilo-bugarsko/

Директорот на МРТ Марјан Цветковски во изјава за РСЕ вели дека сега сигналот е пуштен преку сателит и дека со тоа МРТВ ја завршила својата обврска.

Ланскиот договор предвидувал бугарскиот национален канал да се емитува на платформата во земјава MAX TV, а во исто време, првиот канал на МТВ требаше да стане и дел од пакетите на бугарските оператори. Но, според достапната програма на бугарските оператори он лајн, МРТВ не е дел од нивните пакет понуди. Во земјава БНТ се емитува веќе неколку години и на други оператори, како што е А1.

Целиот текст тука

The post МРТВ уште не се емитува во Бугарија како што е договорено appeared first on Република.

]]>

Реципрочното пренесување на сигналите на Јавните медиумски сервиси на Македонија и Бугарија не се спроведува, алармира „Радио слободна Европа“. Македонската радио телевизија не се емитува во бугарскиот етер, додека бугарската национална телевизија БНТ се емитува во земјава. Македонски Телеком ги презема и емитува пакетот програми на БНТ. Според Договорот за добрососедство меѓу двете земји, договорено е размена на програмата на јавните сервиси.
Двете Договорни страни ќе прават напори за слободно распространување на информации, преку поттикнување и развивање на соработката во областа на средствата за јавно информирање со искористување на можностите на современите информативни средства. Тие ќе се ангажираат во заштитата на авторските и интелектуалните права на творците од двете земји, се вели во Договорот за добрососедство.
https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-emituva-bnt-bugarski-chas-po-istorija-srede-makedonija/ Програмскиот совет на МРТВ на своите седници дебатирал за причините зошто МРТВ не се емитува во Бугарија. Во нивниот заклучок е наведено дека една од причините зошто МРТВ не се емитувањето во бугарскиот етер им било наведено дека е поради слабиот сигнал од интернет кој не можеле да го преземат. https://republika.mk/vesti/makedonija/i-sonceto-od-kutlesh-da-ti-bilo-bugarsko/ Директорот на МРТ Марјан Цветковски во изјава за РСЕ вели дека сега сигналот е пуштен преку сателит и дека со тоа МРТВ ја завршила својата обврска. Ланскиот договор предвидувал бугарскиот национален канал да се емитува на платформата во земјава MAX TV, а во исто време, првиот канал на МТВ требаше да стане и дел од пакетите на бугарските оператори. Но, според достапната програма на бугарските оператори он лајн, МРТВ не е дел од нивните пакет понуди. Во земјава БНТ се емитува веќе неколку години и на други оператори, како што е А1. Целиот текст тука

The post МРТВ уште не се емитува во Бугарија како што е договорено appeared first on Република.

]]>