мошти Archives - Република https://republika.mk/tema/moshti/ За подобро да се разбереме Sun, 14 Jan 2024 11:09:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мошти Archives - Република https://republika.mk/tema/moshti/ 32 32 Верниците се поклонуваат пред изложените мошти на Свети Василиј во Струмица https://republika.mk/vesti/makedonija/vernitsite-se-poklonuvaat-pred-izlozhenite-moshti-na-sveti-vasilij-vo-strumitsa/ Sun, 14 Jan 2024 11:09:48 +0000 https://republika.mk/?p=732841

Православните верници од синоќа се поклонуваат пред моштите на Свети Василиј Велики. Во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица, во чест на големиот празник Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, традиционално се изложуваат на поклонение дел од моштите на овој светец.

Долги години ја имаме таа благодат да бидеме дел од молитвите на Свети Василиј Велики. Ние можеме да се поклониме на светите мошти, кои секоја година пред празникот на Свети Василиј Велики се изнесуваат на поклонение овде, во црквата „Свети Кирил и Методиј“, велат од Струмичката епархија.

По синоќешната Вечерна археирејска служба, на која присуствуваше и Викарниот епископ Јаков Стобиски, на верниците им беа подеделени лебчиња со паричка.

За православната црква, Свети Василиј Велики е еден од нејзините столбови или како што бил наречен „око на православната црква и уста на Светиот Дух“.

Според преданијата, моштите се донесени во Струмица во 1830 година од Кападохија од војник од овие краишта кој служел во војската на Турската империја.

The post Верниците се поклонуваат пред изложените мошти на Свети Василиј во Струмица appeared first on Република.

]]>

Православните верници од синоќа се поклонуваат пред моштите на Свети Василиј Велики. Во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица, во чест на големиот празник Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, традиционално се изложуваат на поклонение дел од моштите на овој светец.
Долги години ја имаме таа благодат да бидеме дел од молитвите на Свети Василиј Велики. Ние можеме да се поклониме на светите мошти, кои секоја година пред празникот на Свети Василиј Велики се изнесуваат на поклонение овде, во црквата „Свети Кирил и Методиј“, велат од Струмичката епархија.
По синоќешната Вечерна археирејска служба, на која присуствуваше и Викарниот епископ Јаков Стобиски, на верниците им беа подеделени лебчиња со паричка. За православната црква, Свети Василиј Велики е еден од нејзините столбови или како што бил наречен „око на православната црква и уста на Светиот Дух“. Според преданијата, моштите се донесени во Струмица во 1830 година од Кападохија од војник од овие краишта кој служел во војската на Турската империја.

The post Верниците се поклонуваат пред изложените мошти на Свети Василиј во Струмица appeared first on Република.

]]>
Иванов: На чии мошти во Рим се клањаат Бугарите? https://republika.mk/vesti/makedonija/ivanov-na-chii-moshti-vo-rim-se-klanjaat-bugarite/ Mon, 23 May 2022 08:45:35 +0000 https://republika.mk/?p=505781

Па ако моштите на Св. Кирил ги шетаат по Софија тогаш што мајка бараат во Рим, на чии мошти таму Бугарите се клањаат, прашува новинарот Зоран Ивановски.

Монаси од Света Гора на дводневно изложување однеа дел од моштите на Кирил и Методиј во Софија, со благослов на бугарскиот патријарх Неофит, а бугарскиот премиер Кирил Петков и официјалната бугарска делегација предводена од него ќе бидат примени од поглаварот на Римокатоличката црква и ќе се поклонат пред светите места во Рим.

 

 

The post Иванов: На чии мошти во Рим се клањаат Бугарите? appeared first on Република.

]]>

Па ако моштите на Св. Кирил ги шетаат по Софија тогаш што мајка бараат во Рим, на чии мошти таму Бугарите се клањаат, прашува новинарот Зоран Ивановски. Монаси од Света Гора на дводневно изложување однеа дел од моштите на Кирил и Методиј во Софија, со благослов на бугарскиот патријарх Неофит, а бугарскиот премиер Кирил Петков и официјалната бугарска делегација предводена од него ќе бидат примени од поглаварот на Римокатоличката црква и ќе се поклонат пред светите места во Рим.    

The post Иванов: На чии мошти во Рим се клањаат Бугарите? appeared first on Република.

]]>
Литијата со моштите на Свети Георгиј Победоносец минаа низ струшките улици https://republika.mk/zivot/servisi/litijata-so-moshtite-na-sveti-georgij-pobedonosec-minaa-niz-strushkite-ulici/ Sat, 07 May 2022 07:54:16 +0000 https://republika.mk/?p=498899

На раскошно украсен епитаф, со локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во Рајчица и Пречиста, со традиционалните торжества, денеска во Струга ќе се одржи познатата струшка Литија (Еордија) со моштите на „Свети Георгиј Победоносец”, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица.

На Еордијата, како што информира сестра Ефимија од женскиот манастир во Рајчица, ќе ѝ претходи церемонијално полициско возило, кое на симболичен начин ќе го одбележи чествувањето на свети великомаченик Георгиј, како покровител на полициските и безбедносни сили, кои без оглед на нивната национална и верска припадност, секогаш се тука за да ги чуваат мирот и безбедноста.

Меѓу возилото и литијата, ќе дефилира коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, којашто е изработена од автентични материјали и е верна копија на оригиналните воени оклопи од тоа време, дело на познат италијански експерт за историјата на древната Римска империја. Коњаникот, кој во раката ќе држи палмова гранка како симбол на мирот, ќе има улога на посебен редар и најавувач на процесијата. На чело на Еордијата (Литијата) ќе биде член од Бигорското братство со клепало, потоа носачи на крстови, рипиди, знамиња, псалти и братството на Бигорскиот манастир, оркестарот на град Скопје, чудотворните иконите на Свети Георгиј Победоносец и Пресвета Богородица – Крнинска, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, свештенството на Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и епископот Антаниски г. Партениј, и најпосле, најголемата светиња – моштите на светецот раскошно украсениот епитаф, појасни сестра Ефимија за МИА.

Моштите, додаде, ќе бидат носени од четворица видни граѓани, меѓу кои и поп пејачот Ламбе Алабакоски, а ќе бидат придружувани и чувани од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот манастир, облечени во раскошната традиционална мијачка носија, со сејменски ќостек на градите, на којшто е претставен ликот на Свети Јован Крстител. Зад сердарите ќе оди сејменската гарда, чии членови ќе бидат, исто така, облечени во традиционални мијачки носии, со ќостек на градите со ликот на Свети Георгиј Победоносец.

Верниците и сите добронамерници ќе се движат после гардата, а оние што неможат да се вклучат во литијата поради многубројниот народ, ќе останат на двете страни од улиците ќе се поклонат пред моштите и заедно со дечиња во народна носија ќе ги поздравуваат со зборовите „Христос воскресе – Навистина воскресе” и фрлање цветни ливчиња.

Го покануваме целиот народ да земе учество во најсвеченото чествување на Свети Георгиј на овие простори, чии што свети мошти и чудотворна икона, збогатени со благословот на Пресвета Богородица преку нејзината чудотворна икона Крнинска, се главно обележје на големиот сенароден настан, истакна сестра Ефимија.

За време на литијата, полицијата ќе врши кратко запирање на возилата во сообраќајот при премин на поворката од литијата на улиците „Владо Малески” и „15 Корпус”.

Традиционално, моштите на светецот ќе пристигнат од манастирот во Рајчица на раскошно украсен епитаф во црквата „Свети Георгиј” во Струга. Според најавата од Бигорскиот манастир, во 16 часот ќе биде отслужена ктиторската вечерна богослужба, проследена со молитвената Литија, која почнува да се движи низ Струшките улици по вечерната богослужба во 17 часот. Молитвената поворка од храмот на светителот, според тардицијата, ќе оди низ централните градски улици, покрај кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата и повторно се враќа во црквата, каде верниците ќе имаат можност да се поклонат пред моштите на Свети Георгиј.

По завршувањето на свечената литија, во дворот на храмот „Свети Георгиј Победоносец”, во Струга со своја културно-уметничка програма ќе настапи ансамблот „Македонија” со чуварите на македонската народна музика и фолклор.

The post Литијата со моштите на Свети Георгиј Победоносец минаа низ струшките улици appeared first on Република.

]]>

На раскошно украсен епитаф, со локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во Рајчица и Пречиста, со традиционалните торжества, денеска во Струга ќе се одржи познатата струшка Литија (Еордија) со моштите на „Свети Георгиј Победоносец”, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица. На Еордијата, како што информира сестра Ефимија од женскиот манастир во Рајчица, ќе ѝ претходи церемонијално полициско возило, кое на симболичен начин ќе го одбележи чествувањето на свети великомаченик Георгиј, како покровител на полициските и безбедносни сили, кои без оглед на нивната национална и верска припадност, секогаш се тука за да ги чуваат мирот и безбедноста.
Меѓу возилото и литијата, ќе дефилира коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, којашто е изработена од автентични материјали и е верна копија на оригиналните воени оклопи од тоа време, дело на познат италијански експерт за историјата на древната Римска империја. Коњаникот, кој во раката ќе држи палмова гранка како симбол на мирот, ќе има улога на посебен редар и најавувач на процесијата. На чело на Еордијата (Литијата) ќе биде член од Бигорското братство со клепало, потоа носачи на крстови, рипиди, знамиња, псалти и братството на Бигорскиот манастир, оркестарот на град Скопје, чудотворните иконите на Свети Георгиј Победоносец и Пресвета Богородица – Крнинска, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, свештенството на Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и епископот Антаниски г. Партениј, и најпосле, најголемата светиња – моштите на светецот раскошно украсениот епитаф, појасни сестра Ефимија за МИА.
Моштите, додаде, ќе бидат носени од четворица видни граѓани, меѓу кои и поп пејачот Ламбе Алабакоски, а ќе бидат придружувани и чувани од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот манастир, облечени во раскошната традиционална мијачка носија, со сејменски ќостек на градите, на којшто е претставен ликот на Свети Јован Крстител. Зад сердарите ќе оди сејменската гарда, чии членови ќе бидат, исто така, облечени во традиционални мијачки носии, со ќостек на градите со ликот на Свети Георгиј Победоносец. Верниците и сите добронамерници ќе се движат после гардата, а оние што неможат да се вклучат во литијата поради многубројниот народ, ќе останат на двете страни од улиците ќе се поклонат пред моштите и заедно со дечиња во народна носија ќе ги поздравуваат со зборовите „Христос воскресе – Навистина воскресе” и фрлање цветни ливчиња.
Го покануваме целиот народ да земе учество во најсвеченото чествување на Свети Георгиј на овие простори, чии што свети мошти и чудотворна икона, збогатени со благословот на Пресвета Богородица преку нејзината чудотворна икона Крнинска, се главно обележје на големиот сенароден настан, истакна сестра Ефимија.
За време на литијата, полицијата ќе врши кратко запирање на возилата во сообраќајот при премин на поворката од литијата на улиците „Владо Малески” и „15 Корпус”. Традиционално, моштите на светецот ќе пристигнат од манастирот во Рајчица на раскошно украсен епитаф во црквата „Свети Георгиј” во Струга. Според најавата од Бигорскиот манастир, во 16 часот ќе биде отслужена ктиторската вечерна богослужба, проследена со молитвената Литија, која почнува да се движи низ Струшките улици по вечерната богослужба во 17 часот. Молитвената поворка од храмот на светителот, според тардицијата, ќе оди низ централните градски улици, покрај кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата и повторно се враќа во црквата, каде верниците ќе имаат можност да се поклонат пред моштите на Свети Георгиј. По завршувањето на свечената литија, во дворот на храмот „Свети Георгиј Победоносец”, во Струга со своја културно-уметничка програма ќе настапи ансамблот „Македонија” со чуварите на македонската народна музика и фолклор.

The post Литијата со моштите на Свети Георгиј Победоносец минаа низ струшките улици appeared first on Република.

]]>