морталитет Archives - Република https://republika.mk/tema/mortalitet/ За подобро да се разбереме Fri, 14 Jun 2024 10:35:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png морталитет Archives - Република https://republika.mk/tema/mortalitet/ 32 32 Морталитетот лани намален за 10,1 отсто, повеќето од умрените се мажи https://republika.mk/vesti/ekonomija/mortalitetot-lani-namalen-za-10-1-otsto-poveketo-od-umrenite-se-mazhi/ Fri, 14 Jun 2024 10:33:47 +0000 https://republika.mk/?p=787541

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на умрените во земјава во 2023 година изнесува 20187 и е намален за 10.1 % во однос на претходната година. Поголем број умрени се од машки пол, и тоа 10640 или 52.7 % од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 30 и нивното учество во
вкупниот број умрени изнесува 0.1 % на 100 умрени лица.

Според месецот на смртта, најголем број случаи се во месец јануари.

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 72.1 години, односно 76.5 години кај лицата од женски пол или за 4.4 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.

Најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем според МКБ-10 (шифра I00-I99), и тоа 43.8 % случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавуваат неоплазмите (шифра C00-D48) со 18.6 %, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести (шифра Е00-Е90), со 7.2 %, болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99) се застапени со 4.7 % и следат останатите, но со помала застапеност.

The post Морталитетот лани намален за 10,1 отсто, повеќето од умрените се мажи appeared first on Република.

]]>

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на умрените во земјава во 2023 година изнесува 20187 и е намален за 10.1 % во однос на претходната година. Поголем број умрени се од машки пол, и тоа 10640 или 52.7 % од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 30 и нивното учество во вкупниот број умрени изнесува 0.1 % на 100 умрени лица. Според месецот на смртта, најголем број случаи се во месец јануари. Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 72.1 години, односно 76.5 години кај лицата од женски пол или за 4.4 години повисока просечна возраст се бележи кај жените. Најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем според МКБ-10 (шифра I00-I99), и тоа 43.8 % случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавуваат неоплазмите (шифра C00-D48) со 18.6 %, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести (шифра Е00-Е90), со 7.2 %, болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99) се застапени со 4.7 % и следат останатите, но со помала застапеност.

The post Морталитетот лани намален за 10,1 отсто, повеќето од умрените се мажи appeared first on Република.

]]>
Повеќе починати отколку родени во Македонија! https://republika.mk/vesti/makedonija/poveke-pochinati-otkolku-rodeni-vo-makedonija/ Thu, 31 Aug 2023 16:57:32 +0000 https://republika.mk/?p=677693

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2023 година, живородени се 4 019 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 8.9 %.

Бројот на умрените лица во второто тримесечје годинава бележи намалување од 0.5 % во споредба со истиот квартал лани, односно починале 4 730 лица, а од нив шест се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен, – 711 лица, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во второто тримесечје од 2023 година се склучени 3 228 бракови, што претставува зголемување од 10.9 % во споредба со истиот период од 2022 година.

Во ова тримесечје се добиени 467 извештаи за разведени бракови.

The post Повеќе починати отколку родени во Македонија! appeared first on Република.

]]>

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2023 година, живородени се 4 019 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 8.9 %. Бројот на умрените лица во второто тримесечје годинава бележи намалување од 0.5 % во споредба со истиот квартал лани, односно починале 4 730 лица, а од нив шест се умрени доенчиња. Природниот прираст е негативен, – 711 лица, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. Во второто тримесечје од 2023 година се склучени 3 228 бракови, што претставува зголемување од 10.9 % во споредба со истиот период од 2022 година. Во ова тримесечје се добиени 467 извештаи за разведени бракови.

The post Повеќе починати отколку родени во Македонија! appeared first on Република.

]]>
ЕУ во 2021 година имала 172.000 жители помалку во споредба со 2020 година https://republika.mk/vesti/svet/eu-vo-2021-godina-imala-172-000-ziteli-pomalku-vo-sporedba-so-2020-godina/ Mon, 11 Jul 2022 19:10:10 +0000 https://republika.mk/?p=527127

Бројот на жители во Европска Унија лани, втора година по ред, бележи пад поради последиците од пандемијата со Ковид-19, покажуваат податоците на Европската агенција за статистика – Евростат.

Во објавениот извештај на Евростат се наведува дека вкупниот број на жители во 27 земји-членки на ЕУ за една година е намален за 172.000 луѓе. На 12 јануари 2021 година ЕУ имала 447 милиони жители, додека на 1 јануари годинава регистрирани се 446,8 милиони жители.

Во извештајот на Евростат се наведува дека, втора година по ред, негативниот природен прираст не бил компензиран со позитивниот број на мигранти, најверојатно поради влијанието на пандемијата.

Демографскиот пад се објаснува главно со зголемувањето на бројот на починати, за 113.000 повеќе од 2020 година, додека бројот на новороденчиња остана речиси на исто ниво.

Во исто време, ЕУ привлекла повеќе нови жители, кои дошле од надвор, така што минатата година пристигнале околу 1,06 милиони луѓе во споредба со 800.000 кои пристигнале во ЕУ во 2020 година. Но, бројката е недоволна за да ја компензира нарушената рамнотежа меѓу смртните случаи и раѓањата (негативниот природен прираст изнесувал 1,23 милиони луѓе).

Евростат посочува дека постои голема разлика меѓу земјите-членки на ЕУ, бидејќи само десет земји на ЕУ забележале намалување на бројот на жители во 2021 година, почнувајќи од Италија, каде имало 253.100 жители помалку. Од друга страна, пораст на бројот на жители е забележан во 17 други земји, особено во Франција, каде имало пораст од 185.900 луѓе.

Со оглед на влијанието на пандемијата на Ковид-19 од 2020 година и фактот дека бројот на смртни случаи сепак треба да се зголемува поради стареењето на населението, и ако се претпостави дека стапката на фертилитет ќе остане на релативно ниско ниво, овој негативен пораст на населението (повеќе смртни случаи отколку раѓања) може да продолжи, предупредуваат експертите на Евростат.

Според нив, демографскиот пад или растот во ЕУ во иднина најверојатно во голема мера ќе зависи од придонесот на имиграцијата.

The post ЕУ во 2021 година имала 172.000 жители помалку во споредба со 2020 година appeared first on Република.

]]>

Бројот на жители во Европска Унија лани, втора година по ред, бележи пад поради последиците од пандемијата со Ковид-19, покажуваат податоците на Европската агенција за статистика – Евростат. Во објавениот извештај на Евростат се наведува дека вкупниот број на жители во 27 земји-членки на ЕУ за една година е намален за 172.000 луѓе. На 12 јануари 2021 година ЕУ имала 447 милиони жители, додека на 1 јануари годинава регистрирани се 446,8 милиони жители. Во извештајот на Евростат се наведува дека, втора година по ред, негативниот природен прираст не бил компензиран со позитивниот број на мигранти, најверојатно поради влијанието на пандемијата. Демографскиот пад се објаснува главно со зголемувањето на бројот на починати, за 113.000 повеќе од 2020 година, додека бројот на новороденчиња остана речиси на исто ниво. Во исто време, ЕУ привлекла повеќе нови жители, кои дошле од надвор, така што минатата година пристигнале околу 1,06 милиони луѓе во споредба со 800.000 кои пристигнале во ЕУ во 2020 година. Но, бројката е недоволна за да ја компензира нарушената рамнотежа меѓу смртните случаи и раѓањата (негативниот природен прираст изнесувал 1,23 милиони луѓе). Евростат посочува дека постои голема разлика меѓу земјите-членки на ЕУ, бидејќи само десет земји на ЕУ забележале намалување на бројот на жители во 2021 година, почнувајќи од Италија, каде имало 253.100 жители помалку. Од друга страна, пораст на бројот на жители е забележан во 17 други земји, особено во Франција, каде имало пораст од 185.900 луѓе. Со оглед на влијанието на пандемијата на Ковид-19 од 2020 година и фактот дека бројот на смртни случаи сепак треба да се зголемува поради стареењето на населението, и ако се претпостави дека стапката на фертилитет ќе остане на релативно ниско ниво, овој негативен пораст на населението (повеќе смртни случаи отколку раѓања) може да продолжи, предупредуваат експертите на Евростат. Според нив, демографскиот пад или растот во ЕУ во иднина најверојатно во голема мера ќе зависи од придонесот на имиграцијата.

The post ЕУ во 2021 година имала 172.000 жители помалку во споредба со 2020 година appeared first on Република.

]]>