моника зајкова Archives - Република https://republika.mk/tema/monika-zajkova/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Nov 2024 13:43:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png моника зајкова Archives - Република https://republika.mk/tema/monika-zajkova/ 32 32 Зајкова потврди дека ЛДП останува независна во Собранието https://republika.mk/vesti/makedonija/zajkova-potvrdi-deka-ldp-ostanuva-nezavisna-vo-sobranieto/ Sun, 10 Nov 2024 13:43:53 +0000 https://republika.mk/?p=836099

„За нас како партија, но и како држава цврсто вкотвена во евроатлантското семејство, стратешкото партнерство со САД е од непроценлива вредност и ние ќе продолжиме да соработуваме со претставниците на новата американска администрација за подобрување на животниот стандард и квалитетот на демократското живеење на македонските граѓани“, порача претседателката на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова на денешната прес конференција во седиштето на партијата, честитајќи му ја изборната победа на новоизбраниот американски претседаел, Доналд Трамп.

Говорејќи за квалитетот на живеење и за стандардот овде во Македонија, претседателката Зајкова потсети на законскиот предлог кој го поднесе во Собранието минатата година, а се однесува на намалувањето или укинувањето на банкарските провизии, за кој Зајкова најави неодамна дека повторно ќе го поднесе во собранието. Минатата година законот не помина во собранието, но Зајкова нагласи дека не се откажува ниту таа како пратеник, ниту ЛДП, затоа што тој закон претставува заштеда на граѓаните од повеќе илјади денари на годишно ниво.

Според Зајкова, предлагањето на законот е нормален начин на функционирање во ЕУ но додава дека во Македонија изгледа тоа предизвикува и бури и закани и посочува дека заканите кои ги добивала минатата година телефонски и на социјалните мрежи, сега добиле на интензитет.

„Додека Моника Зајкова е претседател, а ќе биде уште најмалку 2 години, ЛДП ќе остане доследна на своите програмски принципи по кои е препознатлива и ценета. Како што не дозволив никој да ми врши влијание да дадам поддршка на измените на Кривичниот законик, на специјалнот закон без да го знам договорот за Бехтел и Енка, како што не дозволив ни да ми го сменат ставот за Законот за игри на среќа, така нема да дозволам и сега закани и уцени нити за Законот со кои се намалуваат банкарските провизии. Нема да престанам под никакви закани да се борам европската пракса да биде применета и во Македонија, односто енормните трошоци да останат таму каде припаѓаат - во џебот на граѓаните“, изјави претседателката Зајкова.

„Здружените напади и уцени кои доаѓаат од оние на кои ќе им се намалат моќта и профитите, здружени со лица на кои им е прекината државната функција и привилегии, кои сакаат да ја дефокусираат јавноста од политиките кои ги промовираме, нема да ме натера да се откажам од истите затоа што се водам и како пратеничка и како претседателка на ЛДП од јавниот интерес и од интересот на граѓаните! Не подлегнувам на никакви закани затоа што се што програмски го предлагаме во Собранието е во интерес на граѓаните и државата“, децидна е Зајкова.

Јасниот став на партијата на последната седница на Централниот Одбор е дека ЛДП дејствува во Собранието независно, а согласно програмските принципи и либерално демократските вредности ќе даде поддршка на она што верува е добро за државата и граѓаните и ќе го критикува она што смета дека не е.

Според Зајкова, потребна е стратегија за да се  постигнат подобри резултати, со поголемо влијание во локална самоуправа од претходно. На средбите кои претседателката Зајкова ги остварила со членството на општинските организации низ државата, има некои политички предлози, има и организациски предлози, има веќе и предлози за кандидати и многу брзо јавноста ќе ги запознае локалните кандидати на ЛДП.

„Ако сакаат овие поединци, кои застапуваат туѓи интереси, да ги објавуваме разговорите и преписките со кои ми се закануваат мене, но и го манипулираат членството со измама која е кривично дело и го наведуваат на некакви потписи, а доаѓаат и од луѓе кои се надвор и луѓе тука кои сакаат да се заштитат, чекајќи исход од одредени истраги, не е проблем, транскриптите и доказите се спремни. Може да ги објавиме“, заклучува Зајкова

Но, според претседателката на ЛДП, тоа заслужува внимание на органите на државата, а не на граѓаните кои бараат подобар живот и тоа нема да даде решенија на проблемите кои ги имаат граѓаните.

„Затоа само топло ќе им препорачам повеќе да ги промовираат програмските определби и вредности на ЛДП, а помалку да се занимаваат со лични калкуции и одработување за други интереси. Нема да дозволам никој со уцени и закани да ја нарушува либерално-демократската идеологија. И да, ја видов сликата од присутните од некаков иницијативен одбор за вонреден Конгрес на партијата, еве ја тука и вие сте новинари долги години, па ќе можете и вие да потврдите дека таму видовте или не видовте лица кои во јавноста се препознати либерал-демократи. Нема претставници на општинските организации и органи, нема никакво наводно мнозинство со кое се манипулира јавноста. Или пак мнозинството присутни беа донесени, некои можеби и платени, па дури има и луѓе кои немаат допирна точка со ЛДП. Евтина кампања која не поминува“, посочува претседателката на ЛДП.

Тоа не се либерал-демократски вредности, вели Зајкова и додава дека со сила, калкулации и уцени не се добива мнозинство во партијата, туку само со чесна работа и со вистински идеи, со вистински предлози и со доследност на тие идеи.

„Ајде, ние вистинските либерал демократи да работиме за локалните избори, да донесеме идеи за подобар живот на граѓаните. За граѓаните се бориме, за во нивните џебови да има повеќе пари, за да имаат поголема благосостојба, за Македонија да биде не пристојно туку прекрасно место за живеење. Тоа и ќе го направиме и од тоа нема откажување“, порача претседателката на ЛДП, Моника Зајкова во нејзиното обраќање.

Одговарајќи на новинарско прашање за евентуална коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, претседателката Зајкова посочи дека ЛДП настапува независно во собранието, со предлози кои се во согласност со либерално-демократските вредности и интересите на граѓаните и државата, повторувајќи дека ЛДП ќе ги поддржи сите добри проекти кои носат бенефит за подобар жиот.

„Се што значи настап на ЛДП на избори за истото одлука носат општинските организации и Централниот одбор по спроведена анализа и дискусии. ЛДП има членови и во Кисела Вода и имавме информации и знаевме дека беше изнајмена општинската сала за прес конференција, добивме инфромации дека беа најавени повеќе од 100 луѓе, знаевме дека на повеќето од нив им било понудено за компензација да се присутни таму, имаше најава за присуство и на некакви навивачки групи и на крајот еве ги на сликата, повеќе соседи кои ме почитуваат би собрала и јас“, вели претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.

The post Зајкова потврди дека ЛДП останува независна во Собранието appeared first on Република.

]]>

„За нас како партија, но и како држава цврсто вкотвена во евроатлантското семејство, стратешкото партнерство со САД е од непроценлива вредност и ние ќе продолжиме да соработуваме со претставниците на новата американска администрација за подобрување на животниот стандард и квалитетот на демократското живеење на македонските граѓани“, порача претседателката на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова на денешната прес конференција во седиштето на партијата, честитајќи му ја изборната победа на новоизбраниот американски претседаел, Доналд Трамп. Говорејќи за квалитетот на живеење и за стандардот овде во Македонија, претседателката Зајкова потсети на законскиот предлог кој го поднесе во Собранието минатата година, а се однесува на намалувањето или укинувањето на банкарските провизии, за кој Зајкова најави неодамна дека повторно ќе го поднесе во собранието. Минатата година законот не помина во собранието, но Зајкова нагласи дека не се откажува ниту таа како пратеник, ниту ЛДП, затоа што тој закон претставува заштеда на граѓаните од повеќе илјади денари на годишно ниво. Според Зајкова, предлагањето на законот е нормален начин на функционирање во ЕУ но додава дека во Македонија изгледа тоа предизвикува и бури и закани и посочува дека заканите кои ги добивала минатата година телефонски и на социјалните мрежи, сега добиле на интензитет. „Додека Моника Зајкова е претседател, а ќе биде уште најмалку 2 години, ЛДП ќе остане доследна на своите програмски принципи по кои е препознатлива и ценета. Како што не дозволив никој да ми врши влијание да дадам поддршка на измените на Кривичниот законик, на специјалнот закон без да го знам договорот за Бехтел и Енка, како што не дозволив ни да ми го сменат ставот за Законот за игри на среќа, така нема да дозволам и сега закани и уцени нити за Законот со кои се намалуваат банкарските провизии. Нема да престанам под никакви закани да се борам европската пракса да биде применета и во Македонија, односто енормните трошоци да останат таму каде припаѓаат - во џебот на граѓаните“, изјави претседателката Зајкова.
„Здружените напади и уцени кои доаѓаат од оние на кои ќе им се намалат моќта и профитите, здружени со лица на кои им е прекината државната функција и привилегии, кои сакаат да ја дефокусираат јавноста од политиките кои ги промовираме, нема да ме натера да се откажам од истите затоа што се водам и како пратеничка и како претседателка на ЛДП од јавниот интерес и од интересот на граѓаните! Не подлегнувам на никакви закани затоа што се што програмски го предлагаме во Собранието е во интерес на граѓаните и државата“, децидна е Зајкова.
Јасниот став на партијата на последната седница на Централниот Одбор е дека ЛДП дејствува во Собранието независно, а согласно програмските принципи и либерално демократските вредности ќе даде поддршка на она што верува е добро за државата и граѓаните и ќе го критикува она што смета дека не е. Според Зајкова, потребна е стратегија за да се  постигнат подобри резултати, со поголемо влијание во локална самоуправа од претходно. На средбите кои претседателката Зајкова ги остварила со членството на општинските организации низ државата, има некои политички предлози, има и организациски предлози, има веќе и предлози за кандидати и многу брзо јавноста ќе ги запознае локалните кандидати на ЛДП.
„Ако сакаат овие поединци, кои застапуваат туѓи интереси, да ги објавуваме разговорите и преписките со кои ми се закануваат мене, но и го манипулираат членството со измама која е кривично дело и го наведуваат на некакви потписи, а доаѓаат и од луѓе кои се надвор и луѓе тука кои сакаат да се заштитат, чекајќи исход од одредени истраги, не е проблем, транскриптите и доказите се спремни. Може да ги објавиме“, заклучува Зајкова
Но, според претседателката на ЛДП, тоа заслужува внимание на органите на државата, а не на граѓаните кои бараат подобар живот и тоа нема да даде решенија на проблемите кои ги имаат граѓаните.
„Затоа само топло ќе им препорачам повеќе да ги промовираат програмските определби и вредности на ЛДП, а помалку да се занимаваат со лични калкуции и одработување за други интереси. Нема да дозволам никој со уцени и закани да ја нарушува либерално-демократската идеологија. И да, ја видов сликата од присутните од некаков иницијативен одбор за вонреден Конгрес на партијата, еве ја тука и вие сте новинари долги години, па ќе можете и вие да потврдите дека таму видовте или не видовте лица кои во јавноста се препознати либерал-демократи. Нема претставници на општинските организации и органи, нема никакво наводно мнозинство со кое се манипулира јавноста. Или пак мнозинството присутни беа донесени, некои можеби и платени, па дури има и луѓе кои немаат допирна точка со ЛДП. Евтина кампања која не поминува“, посочува претседателката на ЛДП.
Тоа не се либерал-демократски вредности, вели Зајкова и додава дека со сила, калкулации и уцени не се добива мнозинство во партијата, туку само со чесна работа и со вистински идеи, со вистински предлози и со доследност на тие идеи.
„Ајде, ние вистинските либерал демократи да работиме за локалните избори, да донесеме идеи за подобар живот на граѓаните. За граѓаните се бориме, за во нивните џебови да има повеќе пари, за да имаат поголема благосостојба, за Македонија да биде не пристојно туку прекрасно место за живеење. Тоа и ќе го направиме и од тоа нема откажување“, порача претседателката на ЛДП, Моника Зајкова во нејзиното обраќање.
Одговарајќи на новинарско прашање за евентуална коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, претседателката Зајкова посочи дека ЛДП настапува независно во собранието, со предлози кои се во согласност со либерално-демократските вредности и интересите на граѓаните и државата, повторувајќи дека ЛДП ќе ги поддржи сите добри проекти кои носат бенефит за подобар жиот.
„Се што значи настап на ЛДП на избори за истото одлука носат општинските организации и Централниот одбор по спроведена анализа и дискусии. ЛДП има членови и во Кисела Вода и имавме информации и знаевме дека беше изнајмена општинската сала за прес конференција, добивме инфромации дека беа најавени повеќе од 100 луѓе, знаевме дека на повеќето од нив им било понудено за компензација да се присутни таму, имаше најава за присуство и на некакви навивачки групи и на крајот еве ги на сликата, повеќе соседи кои ме почитуваат би собрала и јас“, вели претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.

The post Зајкова потврди дека ЛДП останува независна во Собранието appeared first on Република.

]]>
Зајкова: ЛДП во Собранието повторно ќе ги поднесе измените на Законот за платежни услуги и платни системи https://republika.mk/vesti/makedonija/zajkova-ldp-vo-sobranieto-povtorno-ke-gi-podnese-izmenite-na-zakonot-za-platezhni-uslugi-i-platni-sistemi/ Sat, 02 Nov 2024 09:35:10 +0000 https://republika.mk/?p=833397

Либерално-демократската партија повикува на итно усвојување на измените на Законот за платежни услуги и платни системи по скратена постапка, со цел заштита на граѓаните кои секојдневно ги користат услугите на банките. ЛДП втор пат по ред ги поднесува овие измени, откако веќе еднаш минатата година поднесе иницијатива за истото прашање.

Според последните анализи, добивката на банките во вториот квартал од оваа година е зголемена за 35,3% во споредба со истиот период минатата година. Истовремено, граѓаните се соочуваат со високи банкарски трошоци и провизии за услуги од секојдневието, како што се одобрување кредити, тековно одржување на сметки, проверка на состојба на трансакциска сметка, па дури и повлекување готовина од друга банка.

Иако овие прашања делумно се предмет на интерната политика на банките, потребна е законска регулатива која ќе ги заштити граѓаните и ќе воведе поголема транспарентност и праведност во работењето.

„Со измените на Законот, кои веќе еднаш ги поднесовме минатата година, предвидуваме конкретни мерки за регулирање на банкарските провизии, како и воспоставување на правна рамка за ограничување на трошоците кои банките ќе можат да им ги наметнуваат на граѓаните. Доколку ова успееме да го оствариме, очекуваме видливо подобрување на општествената финансиската стабилност и правичност“, изјави претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова.

Измените на законот предвидуваат укинување на плаќањето надоместоци за затворање на сметка, укинување на трошоците за повлекување на пари од други банкомати, онлајн плаќања и проверка на сметки, намалување на трошоците за подигнување на кредити и други предлог мерки за заштита на граѓаните во процесите на банкарското работење.

Претседателката Зајкова повторно упати апел до сите пратеници од партиите во македонското собрание да гласаат и да го поддржат овој предлог-закон, со единствена цел - обезбедување праведен банкарски систем и заштита на интересите на граѓаните.

Овој предлог-закон е дел од заложбите на ЛДП за создавање на правична финансиска иднина, намалување на секојдневниот економски притисок и конечно, престанување на грабежот на граѓаните.

The post Зајкова: ЛДП во Собранието повторно ќе ги поднесе измените на Законот за платежни услуги и платни системи appeared first on Република.

Се уште не е разговарно дали ЛДП би биле дел од владината коалиција, која е стабилна и цврста, тврди Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/se-ushte-ne-e-razgovarno-dali-ldp-bi-bile-del-od-vladinata-koalitsija-koja-e-stabilna-i-tsvrsta-tvrdi-mitskoski/ Wed, 30 Oct 2024 12:20:53 +0000 https://republika.mk/?p=832432

Владината коалиција е стабилна и цврста, речиси официјално две третини мнозинство во рамки на Парламентот. Секој којшто ги споделува и поддржува политиките на оваа Влада може да се приклучи и да ги поддржува овие политики, порача премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали е можно влегување на ЛДП во владината коалиција.

Дали ЛДП официјално би биле дел од владината коалиција, Мицкоски нагласи дека се уште не разговарал „ниту во рамките на коалицијата, ниту пак во рамките на партијата“.

Сепак, тоа е процес којшто е потребно да добие поддршка од сите чинители, не е доволно Христијан Мицкоски што ќе каже, битно е да видиме што велат коалиционите партнери, што велат нашата внатрешна коалиција во рамките на нашата партија за да дојдеме до конечен став. Но, секоја поддршка од секој пратеник којшто ги поддржува политиките на Владата е добредојден во рамките на гласањето во Парламентот - изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на општина Ѓорче Петров.

Во однос на пораката од претседателката на ЛДП Моника Зајкова и дали е можно да се изгради натпартиски став за уставни измени со одложено дејство, Мицксоки рече тој и во говорот на 23 Октомври повикал на „натпартиска позиција за многу од отворените прашања“.

Дадов одговор на вториот дел од вашето прашање, а на првиот дел од вашето прашање – апсолутно јас и на говорот за 23 Октомври повикав на надпартиска позиција за многу од отворените прашања коишто според нас како Влада претставуваат озбилни предизвици. Така што, секој де добредојден, вратата е отворена, секој којшто ги споделува овие стравови, страв можеби е претежок збор, секој оној којшто е загрижен вратата е отворена може да ни се придружи - изјави Мицкоски.

Претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, во гостување на Само Вистина во Канал 5, порача „одложеното дејство на уставните измени да биде единствена натпартиска државна позиција“.

Постапката за уставните измени, според Зајкова, може и сега да започне, но би се завршила и измените би стапиле на сила со потпишувањето на пристапниот договор со Европската Унија.

Позициите на ЛДП се дека во последните заклучоци ништо не нѐ спречува ние да ги спроведеме уставните измени, односно нели ја почнеме постапката за донесување на уставните измени, за да стигнеме до таа последна фаза за уставниот закон, каде што самите предвидуваме кога истите би стапиле на сила. Точка 4 се однесува на тоа дека Македонија треба да ги спроведе уставните измени, точка 6 е дека ќе се одржи втората меѓувладина конференција без политичка одлука откако ќе го завршиме процесот на уставни измени согласно домашната процедура. Тоа остава можност за пошироко толкување, кое што нѐ води до она одложено дејство за кое што зборуваме и дека тука, ако тоа ни се позициите, треба да изградиме сите заедно една државна позиција дека да, еве ние сме ја завршиле нашата обврска, меѓутоа истите ќе стапат на сила откако сите земји членки, вклучително и Бугарија, ќе гласаат за“, појаснува Зајкова.

ЛДП, спред Зајкова, предлага измените да стапат во сила откако сите земји членки, вклучително и Република Бугарија како земја членка, би го ратификувале пристапниот договор за членство во Европската Унија.

The post Се уште не е разговарно дали ЛДП би биле дел од владината коалиција, која е стабилна и цврста, тврди Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Владината коалиција е стабилна и цврста, речиси официјално две третини мнозинство во рамки на Парламентот. Секој којшто ги споделува и поддржува политиките на оваа Влада може да се приклучи и да ги поддржува овие политики, порача премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали е можно влегување на ЛДП во владината коалиција. Дали ЛДП официјално би биле дел од владината коалиција, Мицкоски нагласи дека се уште не разговарал „ниту во рамките на коалицијата, ниту пак во рамките на партијата“.
Сепак, тоа е процес којшто е потребно да добие поддршка од сите чинители, не е доволно Христијан Мицкоски што ќе каже, битно е да видиме што велат коалиционите партнери, што велат нашата внатрешна коалиција во рамките на нашата партија за да дојдеме до конечен став. Но, секоја поддршка од секој пратеник којшто ги поддржува политиките на Владата е добредојден во рамките на гласањето во Парламентот - изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на општина Ѓорче Петров.
Во однос на пораката од претседателката на ЛДП Моника Зајкова и дали е можно да се изгради натпартиски став за уставни измени со одложено дејство, Мицксоки рече тој и во говорот на 23 Октомври повикал на „натпартиска позиција за многу од отворените прашања“.
Дадов одговор на вториот дел од вашето прашање, а на првиот дел од вашето прашање – апсолутно јас и на говорот за 23 Октомври повикав на надпартиска позиција за многу од отворените прашања коишто според нас како Влада претставуваат озбилни предизвици. Така што, секој де добредојден, вратата е отворена, секој којшто ги споделува овие стравови, страв можеби е претежок збор, секој оној којшто е загрижен вратата е отворена може да ни се придружи - изјави Мицкоски.
Претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, во гостување на Само Вистина во Канал 5, порача „одложеното дејство на уставните измени да биде единствена натпартиска државна позиција“. Постапката за уставните измени, според Зајкова, може и сега да започне, но би се завршила и измените би стапиле на сила со потпишувањето на пристапниот договор со Европската Унија. Позициите на ЛДП се дека во последните заклучоци ништо не нѐ спречува ние да ги спроведеме уставните измени, односно нели ја почнеме постапката за донесување на уставните измени, за да стигнеме до таа последна фаза за уставниот закон, каде што самите предвидуваме кога истите би стапиле на сила. Точка 4 се однесува на тоа дека Македонија треба да ги спроведе уставните измени, точка 6 е дека ќе се одржи втората меѓувладина конференција без политичка одлука откако ќе го завршиме процесот на уставни измени согласно домашната процедура. Тоа остава можност за пошироко толкување, кое што нѐ води до она одложено дејство за кое што зборуваме и дека тука, ако тоа ни се позициите, треба да изградиме сите заедно една државна позиција дека да, еве ние сме ја завршиле нашата обврска, меѓутоа истите ќе стапат на сила откако сите земји членки, вклучително и Бугарија, ќе гласаат за“, појаснува Зајкова. ЛДП, спред Зајкова, предлага измените да стапат во сила откако сите земји членки, вклучително и Република Бугарија како земја членка, би го ратификувале пристапниот договор за членство во Европската Унија.

The post Се уште не е разговарно дали ЛДП би биле дел од владината коалиција, која е стабилна и цврста, тврди Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Зајкова го поддржува предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за уставни промени со одложено дејство https://republika.mk/vesti/makedonija/zajkova-go-poddrzhuva-predlogot-na-vmro-dpmne-za-ustavni-promeni-so-odlozheno-dejstvo/ Wed, 30 Oct 2024 08:59:37 +0000 https://republika.mk/?p=832308

Претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, во гостување на Само Вистина во Канал 5, посочи дека постапката за уставните измени може и сега да започне, но би се завршила и измените би стапиле на сила со потпишувањето на пристапниот договор со Европската Унија.

„Позициите на ЛДП се дека во последните заклучоци ништо не нѐ спречува ние да ги спроведеме уставните измени, односно нели ја почнеме постапката за донесување на уставните измени, за да стигнеме до таа последна фаза за уставниот закон, каде што самите предвидуваме кога истите би стапиле на сила. Точка 4 се однесува на тоа дека Македонија треба да ги спроведе уставните измени, точка 6 е дека ќе се одржи втората меѓувладина конференција без политичка одлука откако ќе го завршиме процесот на уставни измени согласно домашната процедура. Тоа остава можност за пошироко толкување, кое што нѐ води до она одложено дејство за кое што зборуваме и дека тука, ако тоа ни се позициите, треба да изградиме сите заедно една државна позиција дека да, еве ние сме ја завршиле нашата обврска, меѓутоа истите ќе стапат на сила откако сите земји членки, вклучително и Бугарија, ќе гласаат за“, појаснува Зајкова.

Според Зајкова, во измените никаде не пишува „to enter in force immediately”, што значи дека нема обврски тие веднаш да стапат во сила. Во самата преговарачка рамка нема датуми по однос на стапување на сила, туку таа се однесува на примена на договорите кои што ги ратификувала земјата Она што е важно за државата е тоа дека обврските кои што сме ги презеле се во заклучоците.

„Постојано говорев дека треба да најдеме начин како да ги спроведеме заклучоците кои што ги усвоил Европскиот Совет во врска со проширувањето на Македонија и Албанија. Оттука, пак се враќаме на она, да, треба да ги спроведеме уставните измени, меѓутоа во уставниот закон, кој што е последната или третата фаза имаме можност да го вградиме тоа одложено дејство“, вели Зајкова и додава дека во секој закон може да се стави на крајот преодна одредба кога истиот би стапил во сила.

ЛДП предлага измените да стапат во сила откако сите земји членки, вклучително и Република Бугарија како земја членка, би го ратификувале пристапниот договор за членство на Македонија во Европската Унија.

На прашање за последните писма на Ахмети, претседателката Зајкова смета дека во овој момент се надминати тие теми и дека е излишно да се разговараат. Нема потреба од навраќање наназад на некои работи и да креирање меѓуетнички тензии. Вели дека за неа, како либерален демократ, сите граѓани во оваа држава се еднакви и треба да бидат еднакви пред законот и пред судовите.

„Додека Америка лансира сонди за испитување на живот во езерата под една од Јупитеровите месечини, ние пак ги отвораме прашањата за меѓуетнички односи, што јас лично не гледам потреба дека тоа треба да се случува. Ајде да престанеме да гледаме на квоти, да почнеме веќе да гледаме на квалитет и на оној мерит систем кој сите го бараме. Верувам дека сите граѓани кои живееме во оваа држава сакаме да се цени нашиот квалитет. Јас кога одам на доктор не прашувам за етничката припадност на докторот, туку го барам најдобриот кој што е на соодветната хирургија за да ме оперира“, посочува Зајкова.

ДУИ, според Зајкова, изгради цела политичка кариера на меѓуетничките прашања и наместо тензии, Зајкова побара да се фокусираме на она што се конкретни проблеми за решавање во државата: правосудниот систем, растење на довербата во правосудството, стимулирањето на економијата и други важни теми.

Зајкова појаснува дека ако сакаме да градиме правна држава треба да ги почекаме одлуките на уставниот суд и да ги почитуваме тие одлуки.

„Доста веќе беше фокусот на меѓуетничките прашања и доста го раскаруваме народот меѓу себе, јас верувам дека народот живее во добри соседски и меѓуетнички односи и ајде да ја фокусираме политиката на друго место, а тоа е како да го подобриме секојдневниот живот на граѓаните. Јас не ги делам луѓето ниту на македонци, на албанци, на роми, турци, бидејќи сите живееме во оваа земја, сите се соочуваме со секојдневни притисоци и треба да работиме на подобрување на секојдневието на секој од нас“, заклучува Зајкова и додава дека тие теми се надраснати, депласирани и наместо меѓуетнички тензии, редно време е да наоѓаме решенија и да градиме подобар живот за секој од нас тука.

The post Зајкова го поддржува предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за уставни промени со одложено дејство appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, во гостување на Само Вистина во Канал 5, посочи дека постапката за уставните измени може и сега да започне, но би се завршила и измените би стапиле на сила со потпишувањето на пристапниот договор со Европската Унија.
„Позициите на ЛДП се дека во последните заклучоци ништо не нѐ спречува ние да ги спроведеме уставните измени, односно нели ја почнеме постапката за донесување на уставните измени, за да стигнеме до таа последна фаза за уставниот закон, каде што самите предвидуваме кога истите би стапиле на сила. Точка 4 се однесува на тоа дека Македонија треба да ги спроведе уставните измени, точка 6 е дека ќе се одржи втората меѓувладина конференција без политичка одлука откако ќе го завршиме процесот на уставни измени согласно домашната процедура. Тоа остава можност за пошироко толкување, кое што нѐ води до она одложено дејство за кое што зборуваме и дека тука, ако тоа ни се позициите, треба да изградиме сите заедно една државна позиција дека да, еве ние сме ја завршиле нашата обврска, меѓутоа истите ќе стапат на сила откако сите земји членки, вклучително и Бугарија, ќе гласаат за“, појаснува Зајкова.
Според Зајкова, во измените никаде не пишува „to enter in force immediately”, што значи дека нема обврски тие веднаш да стапат во сила. Во самата преговарачка рамка нема датуми по однос на стапување на сила, туку таа се однесува на примена на договорите кои што ги ратификувала земјата Она што е важно за државата е тоа дека обврските кои што сме ги презеле се во заклучоците.
„Постојано говорев дека треба да најдеме начин како да ги спроведеме заклучоците кои што ги усвоил Европскиот Совет во врска со проширувањето на Македонија и Албанија. Оттука, пак се враќаме на она, да, треба да ги спроведеме уставните измени, меѓутоа во уставниот закон, кој што е последната или третата фаза имаме можност да го вградиме тоа одложено дејство“, вели Зајкова и додава дека во секој закон може да се стави на крајот преодна одредба кога истиот би стапил во сила.
ЛДП предлага измените да стапат во сила откако сите земји членки, вклучително и Република Бугарија како земја членка, би го ратификувале пристапниот договор за членство на Македонија во Европската Унија. На прашање за последните писма на Ахмети, претседателката Зајкова смета дека во овој момент се надминати тие теми и дека е излишно да се разговараат. Нема потреба од навраќање наназад на некои работи и да креирање меѓуетнички тензии. Вели дека за неа, како либерален демократ, сите граѓани во оваа држава се еднакви и треба да бидат еднакви пред законот и пред судовите.
„Додека Америка лансира сонди за испитување на живот во езерата под една од Јупитеровите месечини, ние пак ги отвораме прашањата за меѓуетнички односи, што јас лично не гледам потреба дека тоа треба да се случува. Ајде да престанеме да гледаме на квоти, да почнеме веќе да гледаме на квалитет и на оној мерит систем кој сите го бараме. Верувам дека сите граѓани кои живееме во оваа држава сакаме да се цени нашиот квалитет. Јас кога одам на доктор не прашувам за етничката припадност на докторот, туку го барам најдобриот кој што е на соодветната хирургија за да ме оперира“, посочува Зајкова.
ДУИ, според Зајкова, изгради цела политичка кариера на меѓуетничките прашања и наместо тензии, Зајкова побара да се фокусираме на она што се конкретни проблеми за решавање во државата: правосудниот систем, растење на довербата во правосудството, стимулирањето на економијата и други важни теми. Зајкова појаснува дека ако сакаме да градиме правна држава треба да ги почекаме одлуките на уставниот суд и да ги почитуваме тие одлуки.
„Доста веќе беше фокусот на меѓуетничките прашања и доста го раскаруваме народот меѓу себе, јас верувам дека народот живее во добри соседски и меѓуетнички односи и ајде да ја фокусираме политиката на друго место, а тоа е како да го подобриме секојдневниот живот на граѓаните. Јас не ги делам луѓето ниту на македонци, на албанци, на роми, турци, бидејќи сите живееме во оваа земја, сите се соочуваме со секојдневни притисоци и треба да работиме на подобрување на секојдневието на секој од нас“, заклучува Зајкова и додава дека тие теми се надраснати, депласирани и наместо меѓуетнички тензии, редно време е да наоѓаме решенија и да градиме подобар живот за секој од нас тука.

The post Зајкова го поддржува предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за уставни промени со одложено дејство appeared first on Република.

]]>
Зајкова на иста линија со Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/zajkova-na-ista-linija-so-mitskoski/ Thu, 17 Oct 2024 14:48:01 +0000 https://republika.mk/?p=828122

Уставни измени со одложено дејство се добра и можна опција што треба да се искористи за откочување на еу интеграција, сметаат во опозициската ЛДП. Претседателката на партијата Моника Зајкова вели дека во заклучоците на Европскиот совет за почеток на преговорите со Македонија никаде не е зададена обврска на земјава кога уставните измени да стапат во сила. Со ваквиот став Зајкова се доближи до ставовите на премиерот Христијан Мицкоски во однос на спорот со Бугарија.

Идејата за одложено дејство ја добила од разговори со партнерските либерални партии од Европа, од каде и биле посочен Брегзит и протоколот од Виндзор кога проблемот во имплементацијата бил решен преку толкување.

Зајкова вели дека и додека била дел од владата на поранепниот премиер Димитар Ковачевска сугерирала да се изнајде начин заклучоците на Советот во делот за уставните измени да се спроведат без штета за земјава. Според неа, ЛДП ќе биде првата партија што ќе подаде рака на Владата за продолжување и интензивирање на ЕУ процесот.

Премиерот Мицкоски вчера, по средбите на Самитот на Берлинскиот процес и со германскиот државен врв, изјави дека е поголем оптимист за откочување на ЕУ интеграцијата на земјава. Тој дури ја отвори опцијата да се откаже од најавеното писмо до Брисел во кое требаше да се најдат македонските позиции и предлози за надминување на проблемот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ.

Сепак, како што рече, нема да споделува детали во интерес на разговорите.

Претходно, лидерот на опозициската СДСМ Филипче, пак, најави дека СДСМ нема да ја кочи ЕУ интеграцијата и ќе даде поддршка за уставни измени со одложено дејство, но побара премиерот да каже кои се тие држави што даваат поддршка на ваквата македонска позиција.

The post Зајкова на иста линија со Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Уставни измени со одложено дејство се добра и можна опција што треба да се искористи за откочување на еу интеграција, сметаат во опозициската ЛДП. Претседателката на партијата Моника Зајкова вели дека во заклучоците на Европскиот совет за почеток на преговорите со Македонија никаде не е зададена обврска на земјава кога уставните измени да стапат во сила. Со ваквиот став Зајкова се доближи до ставовите на премиерот Христијан Мицкоски во однос на спорот со Бугарија. Идејата за одложено дејство ја добила од разговори со партнерските либерални партии од Европа, од каде и биле посочен Брегзит и протоколот од Виндзор кога проблемот во имплементацијата бил решен преку толкување. Зајкова вели дека и додека била дел од владата на поранепниот премиер Димитар Ковачевска сугерирала да се изнајде начин заклучоците на Советот во делот за уставните измени да се спроведат без штета за земјава. Според неа, ЛДП ќе биде првата партија што ќе подаде рака на Владата за продолжување и интензивирање на ЕУ процесот. Премиерот Мицкоски вчера, по средбите на Самитот на Берлинскиот процес и со германскиот државен врв, изјави дека е поголем оптимист за откочување на ЕУ интеграцијата на земјава. Тој дури ја отвори опцијата да се откаже од најавеното писмо до Брисел во кое требаше да се најдат македонските позиции и предлози за надминување на проблемот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ. Сепак, како што рече, нема да споделува детали во интерес на разговорите. Претходно, лидерот на опозициската СДСМ Филипче, пак, најави дека СДСМ нема да ја кочи ЕУ интеграцијата и ќе даде поддршка за уставни измени со одложено дејство, но побара премиерот да каже кои се тие држави што даваат поддршка на ваквата македонска позиција.

The post Зајкова на иста линија со Мицкоски appeared first on Република.

]]>
ЛДП ѝ изгласа доверба на претседателката Моника Зајкова и раководството https://republika.mk/vesti/makedonija/ldp-izglasa-doverba-na-pretsedatelkata-monika-zajkova-i-rakovodstvoto/ Fri, 31 May 2024 06:57:08 +0000 https://republika.mk/?p=783347

Либерално-демократската партија вчера ја одржа првата седница на Централниот одбор по изборите на која донесе одлука за давање целосна поддршка на претседателката Моника Зајкова и раководството да ја води и застапува партијата во идните делувања и во јавноста, соопштија од партијата.

Како одговорна партија, се наведува во партиското соопштение, ЛДП внимателно го разгледа Извештајот за подготовките, настапот и резултатите на партијата за претседателските и за парламентарните избири 2024 година доставен од страна на Централниот изборен штаб. Централниот одбор го усвои извештајот, а биле детектирани и укажано на слабостите кои се појавиле во текот на кампањата.

ЛДП, се псоочува, во парламентот ќе дејствува независно како и досега, а ќе дадат поддршка на се што значи напредок на државата на реформскиот и евроинтегративниот пат и ќе носи добробит на граѓаните.

Исто така, ќе бидеме и гласни критичари на сите закони и политики кои се лоши за државата и ја враќаат назад, потенцираат од ЛДП.

На седницата ЦО го овластил Генералниот секретар да организира посета на членовите во секоја општинска организација со цел изготвување на темелна анализа за натамошното дејствување и политики на партијата.

За извештајот, анализата и сите одлуки, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана. потенцираат од ЛДП.

The post ЛДП ѝ изгласа доверба на претседателката Моника Зајкова и раководството appeared first on Република.

]]>

Либерално-демократската партија вчера ја одржа првата седница на Централниот одбор по изборите на која донесе одлука за давање целосна поддршка на претседателката Моника Зајкова и раководството да ја води и застапува партијата во идните делувања и во јавноста, соопштија од партијата. Како одговорна партија, се наведува во партиското соопштение, ЛДП внимателно го разгледа Извештајот за подготовките, настапот и резултатите на партијата за претседателските и за парламентарните избири 2024 година доставен од страна на Централниот изборен штаб. Централниот одбор го усвои извештајот, а биле детектирани и укажано на слабостите кои се појавиле во текот на кампањата. ЛДП, се псоочува, во парламентот ќе дејствува независно како и досега, а ќе дадат поддршка на се што значи напредок на државата на реформскиот и евроинтегративниот пат и ќе носи добробит на граѓаните.
Исто така, ќе бидеме и гласни критичари на сите закони и политики кои се лоши за државата и ја враќаат назад, потенцираат од ЛДП.
На седницата ЦО го овластил Генералниот секретар да организира посета на членовите во секоја општинска организација со цел изготвување на темелна анализа за натамошното дејствување и политики на партијата. За извештајот, анализата и сите одлуки, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана. потенцираат од ЛДП.

The post ЛДП ѝ изгласа доверба на претседателката Моника Зајкова и раководството appeared first on Република.

]]>
Зајкова: Иселувањето е глобален проблем, не треба да собираме политички поени од тоа https://republika.mk/vesti/ekonomija/zajkova-iseluvaneto-e-globalen-problem-ne-treba-da-sobirame-politichki-poeni-od-toa/ Fri, 03 May 2024 09:27:34 +0000 https://republika.mk/?p=773706

Претседателката на ЛДП и дел од коалицијата за Европска иднина, Моника Зајкова денеска во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 порача дека иселувањето е глобален проблем.

Според неа, не треба да се собираат политички поени од тоа.

„Иселувањето на младите е повеќедецениски проблем и ние тој тренд го гледаме не само во Македонија, туку и во земјите од регионот. Една Хрватска која што е во Европска Унија, исто така се соочува со истиот проблем, меѓутоа од ова прашање не треба да собираме политички поени, но треба да навлеземе во коренот бидејќи не засега сите, не само младите кои се иселуваат поради подобар квалитет на живот или заради тоа што сакаат да бидат поконкурентни на поширок пазар на труд, но и оние кои што остануваме дома и ја губиме работноспособната сила, така што сите треба да работиме на тоа како да ги задржиме тука“, порача Зајкова.

https://www.youtube.com/watch?v=y8ci-K2Tpsw

The post Зајкова: Иселувањето е глобален проблем, не треба да собираме политички поени од тоа appeared first on Република.

]]>

Претседателката на ЛДП и дел од коалицијата за Европска иднина, Моника Зајкова денеска во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 порача дека иселувањето е глобален проблем. Според неа, не треба да се собираат политички поени од тоа.
„Иселувањето на младите е повеќедецениски проблем и ние тој тренд го гледаме не само во Македонија, туку и во земјите од регионот. Една Хрватска која што е во Европска Унија, исто така се соочува со истиот проблем, меѓутоа од ова прашање не треба да собираме политички поени, но треба да навлеземе во коренот бидејќи не засега сите, не само младите кои се иселуваат поради подобар квалитет на живот или заради тоа што сакаат да бидат поконкурентни на поширок пазар на труд, но и оние кои што остануваме дома и ја губиме работноспособната сила, така што сите треба да работиме на тоа како да ги задржиме тука“, порача Зајкова.
https://www.youtube.com/watch?v=y8ci-K2Tpsw

The post Зајкова: Иселувањето е глобален проблем, не треба да собираме политички поени од тоа appeared first on Република.

]]>
Моника и Таче со конзола ги спасуваат СДСМ и ЛДП од потоп https://republika.mk/vesti/makedonija/monika-i-tache-so-konzola-gi-spasuvaat-sdsm-i-ldp-od-potop/ Fri, 26 Apr 2024 09:33:28 +0000 https://republika.mk/?p=771301

Додека вчера сите се прашуваа каде е раководството на Коалицијата за европска иднина и редеа шеги за нивното криење во глувчешката дупка по големиот пораз во првиот круг на парламентарните избори, лидерите на СДСМ и ЛДП, инаку носители на листите во ИЕ1, Димитар Ковачевски и Моника Зајкова - играа фудбалче.

Во очаен обид да им се приближат на младите и да покажат „нормалност“ во едно не толку нормално видео тие одговараат на брзи кратки прашања играјќи прејстејш.

Што би рекле младите - кринџ.

The post Моника и Таче со конзола ги спасуваат СДСМ и ЛДП од потоп appeared first on Република.

]]>

Додека вчера сите се прашуваа каде е раководството на Коалицијата за европска иднина и редеа шеги за нивното криење во глувчешката дупка по големиот пораз во првиот круг на парламентарните избори, лидерите на СДСМ и ЛДП, инаку носители на листите во ИЕ1, Димитар Ковачевски и Моника Зајкова - играа фудбалче. Во очаен обид да им се приближат на младите и да покажат „нормалност“ во едно не толку нормално видео тие одговараат на брзи кратки прашања играјќи прејстејш. Што би рекле младите - кринџ.

The post Моника и Таче со конзола ги спасуваат СДСМ и ЛДП од потоп appeared first on Република.

]]>
Зајкова: Убедена сум во победата на Коалицијата за европска иднина https://republika.mk/vesti/makedonija/zajkova-ubedena-sum-vo-pobedata-na-koalitsijata-za-evropska-idnina/ Fri, 26 Apr 2024 09:08:12 +0000 https://republika.mk/?p=771270

Како дел од коалицијата „За европска иднина“ не можам да кажам колку пратенички мандати ќе се освојат, тоа ќе го кажат на крајот од денот граѓаните. Сметам дека оваа коалиција ќе биде победничката коалиција и дека ќе го заокружи процесот на евроинтеграција до 2030 година, затоа што покажа дека знае како да работи, вели претседателката на Либералнодемократската партија Моника Зајкова во интервју за МИА во рамки на серијата интервјуа што Агенцијата ги подготви во пресрет на парламентарните избори.

ЛДП која деновиве одбележа 27 години од постоењето на политичката сцена, има тројца кандидати за пратеници, а Зајкова која е ко-носителка во Изборната единица 1 заедно со претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, очекува сите тројца да станат пратеници.

Како коалиција јас не можам да кажам колку пратенички мандати ќе се освојат, тоа ќе го кажат на крајот од денот граѓаните. Јас сметам дека оваа коалиција ќе биде победничката коалиција затоа што покажа знае како да работи. Да, оној кој работи има и грешки. Меѓутоа, ние тие грешки не ги преќутуваме, ги признаваме и се извинуваме на граѓаните, знаеме каде ни се аномалиите и каде треба да се фокусираме во периодот кој претстои. ЛДП има тројца кандидати. Мене ми е чест што сум ко-носителка заедно во Изборната единица 1 со претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. Имаме кандидат во Изборната единица 4, тоа е познатиот и ценет доктор кардиохирург Илија Нешковски и генералниот секретар на партијата којшто трча кампања во Изборната единица 5, тоа е Боби Мојсовски. Јас искрено сметам дека ЛДП во овој парламентарен состав ќе има тројца пратеници во однос на досегашните двајца, бидејќи заедно со оваа коалиција се изборивме за многу работи. Покажавме дека можеме да се грижиме за сите, од младите до возрасните, до менаџирање на кризата, до почнување на онаа енергетска транзиција во државата, така што има еден континуитет и пред се борбата за членство во Европската унија, вели Зајкова.

Таа нема амбиции да стане дел од владиниот кабинет доколку коалицијата победи на изборите, а во однос на тоа колку министерски места очекува, Зајкова нагласува дека е тоа работа за понатамошни преговори и договори помеѓу коалиционите партнери, но уверува дека имаат квалитетни луѓе кои може да се најдат во кој било ресор во владата.

The post Зајкова: Убедена сум во победата на Коалицијата за европска иднина appeared first on Република.

]]>

Како дел од коалицијата „За европска иднина“ не можам да кажам колку пратенички мандати ќе се освојат, тоа ќе го кажат на крајот од денот граѓаните. Сметам дека оваа коалиција ќе биде победничката коалиција и дека ќе го заокружи процесот на евроинтеграција до 2030 година, затоа што покажа дека знае како да работи, вели претседателката на Либералнодемократската партија Моника Зајкова во интервју за МИА во рамки на серијата интервјуа што Агенцијата ги подготви во пресрет на парламентарните избори. ЛДП која деновиве одбележа 27 години од постоењето на политичката сцена, има тројца кандидати за пратеници, а Зајкова која е ко-носителка во Изборната единица 1 заедно со претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, очекува сите тројца да станат пратеници.
Како коалиција јас не можам да кажам колку пратенички мандати ќе се освојат, тоа ќе го кажат на крајот од денот граѓаните. Јас сметам дека оваа коалиција ќе биде победничката коалиција затоа што покажа знае како да работи. Да, оној кој работи има и грешки. Меѓутоа, ние тие грешки не ги преќутуваме, ги признаваме и се извинуваме на граѓаните, знаеме каде ни се аномалиите и каде треба да се фокусираме во периодот кој претстои. ЛДП има тројца кандидати. Мене ми е чест што сум ко-носителка заедно во Изборната единица 1 со претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. Имаме кандидат во Изборната единица 4, тоа е познатиот и ценет доктор кардиохирург Илија Нешковски и генералниот секретар на партијата којшто трча кампања во Изборната единица 5, тоа е Боби Мојсовски. Јас искрено сметам дека ЛДП во овој парламентарен состав ќе има тројца пратеници во однос на досегашните двајца, бидејќи заедно со оваа коалиција се изборивме за многу работи. Покажавме дека можеме да се грижиме за сите, од младите до возрасните, до менаџирање на кризата, до почнување на онаа енергетска транзиција во државата, така што има еден континуитет и пред се борбата за членство во Европската унија, вели Зајкова.
Таа нема амбиции да стане дел од владиниот кабинет доколку коалицијата победи на изборите, а во однос на тоа колку министерски места очекува, Зајкова нагласува дека е тоа работа за понатамошни преговори и договори помеѓу коалиционите партнери, но уверува дека имаат квалитетни луѓе кои може да се најдат во кој било ресор во владата.

The post Зајкова: Убедена сум во победата на Коалицијата за европска иднина appeared first on Република.

]]>
Таче и Зајкова на велоспиеди промовираат здрав начин на живот https://republika.mk/vesti/makedonija/tache-i-zajkova-na-velospiedi-promoviraat-zdrav-nachin-na-zhivot/ Sat, 06 Apr 2024 15:05:13 +0000 https://republika.mk/?p=763127

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски сподели на својот профил на фејсбук дека денеска заедно со Моника Зајкова и со младите од СДММ и од ЛДП, возеле велосипеди по Кејот на Вардар упатувајќи порача за почиста животна средина, за здрав начин на живот, за подобро здравје.

Не се откажуваме од подобра иднина, нашите граѓани заслужуаат поубави, поздрави, почисти и зелени урбани средини. Нема откажување од иднината! Коалиција за европска иднина ИЕ 1“, напиша Ковачевски на социјалните мрежи.

The post Таче и Зајкова на велоспиеди промовираат здрав начин на живот appeared first on Република.

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, ќе биде во Првата изборна единица https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-na-ldp-monika-zajkova-ke-bide-vo-prvata-izborna-edinitsa/ Tue, 19 Mar 2024 21:59:51 +0000 https://republika.mk/?p=756443

Претседателката на Либерално-демократска партија (ЛДП), Моника Зајкова, на отворањето на новиот штаб на партијата во Општина Центар, одговорајќи на новинарско прашање, потенцираше дека на претстојните избори ќе се натпреварува во Првата изборна единица, која ја предводи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Како што посочи, органите на ЛДП ја утврдиле и листата на кандидати за пратеници.

Зајкова потврди дека како кандидати за пратеници ќе се натпреваруваат таа како претседателка на партијата, генералниот секретар на партијата Боби Мојсоски и д-р Илија Нешковски.

ЛДП формираше два тима. Во тек се преговорите за програмските определби каде што се согласуваме со коалицијата бидејќи делиме заеднички цели, но едно е сигурно, највисока цел е да станеме полноправна членка на ЕУ до 2030. Се договараат и позициите, односно вчера органите на ЛДП ги утврдија листата на кандидати за пратеници, потенцираше Зајкова.

Прашана за најавеното формирање на Европскиот фронт на ДУИ и дали ЛДП ќе разговара со ДУИ за ова движење, Зајкова одговори дека ЛДП е отворена за сите прогресивни сили и дека сите партии кои делат иста визија и исти ставови се добредојдени.

Зајкова во обраќањето за време на отворањето на штабот, потенцираше дека ќе продолжат да се борат за уште поголеми пензии и плати, подобри услови за младите, искоренување на корупцијата, реформирано судство и администрација, демократијата и слободата.

Држава не се гради и унапредува со суети, стравови, гол популизам и лажен национализам. Патриотизмот се покажува со носење на одлуки и креирање на решенија кои обезбедуваат сигурна иднина, а не со бегање од нив, рече Зајкова, додавајќи дека 24 април и 8 мај ќе бидат доказ дека граѓаните знаат да направат вистински избор и дека нема да подлегнат на лаги и празни популистички ветувања.

Таа додаде дека треба да се одбере Европскиот пат за да се врати достоинството на граѓаните.

Ние сакаме да бидеме реципрочни и достоинствени со сите граѓани во Европската Унија, без да има потреба повеќе да се докажуваме колку вредиме. Ние се бориме и поднесуваме Иницијативи во Собранието кој обезбедуваат развој, просперитет и безбедност за сите генерации. За сениорите, пензионерите, за младите. За секој граѓанин на оваа земја затоа што Секој е важен. Верувам дека овој Програмски концепт и оваа Коалиција која носеше ни малку лесни одлуки, ќе победи и како што не направи членка на НАТО, ќе станеме и полнопрвна членка во Европската Унија, посочи Зајкова.

The post Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, ќе биде во Првата изборна единица appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Либерално-демократска партија (ЛДП), Моника Зајкова, на отворањето на новиот штаб на партијата во Општина Центар, одговорајќи на новинарско прашање, потенцираше дека на претстојните избори ќе се натпреварува во Првата изборна единица, која ја предводи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Како што посочи, органите на ЛДП ја утврдиле и листата на кандидати за пратеници. Зајкова потврди дека како кандидати за пратеници ќе се натпреваруваат таа како претседателка на партијата, генералниот секретар на партијата Боби Мојсоски и д-р Илија Нешковски.
ЛДП формираше два тима. Во тек се преговорите за програмските определби каде што се согласуваме со коалицијата бидејќи делиме заеднички цели, но едно е сигурно, највисока цел е да станеме полноправна членка на ЕУ до 2030. Се договараат и позициите, односно вчера органите на ЛДП ги утврдија листата на кандидати за пратеници, потенцираше Зајкова.
Прашана за најавеното формирање на Европскиот фронт на ДУИ и дали ЛДП ќе разговара со ДУИ за ова движење, Зајкова одговори дека ЛДП е отворена за сите прогресивни сили и дека сите партии кои делат иста визија и исти ставови се добредојдени. Зајкова во обраќањето за време на отворањето на штабот, потенцираше дека ќе продолжат да се борат за уште поголеми пензии и плати, подобри услови за младите, искоренување на корупцијата, реформирано судство и администрација, демократијата и слободата.
Држава не се гради и унапредува со суети, стравови, гол популизам и лажен национализам. Патриотизмот се покажува со носење на одлуки и креирање на решенија кои обезбедуваат сигурна иднина, а не со бегање од нив, рече Зајкова, додавајќи дека 24 април и 8 мај ќе бидат доказ дека граѓаните знаат да направат вистински избор и дека нема да подлегнат на лаги и празни популистички ветувања.
Таа додаде дека треба да се одбере Европскиот пат за да се врати достоинството на граѓаните.
Ние сакаме да бидеме реципрочни и достоинствени со сите граѓани во Европската Унија, без да има потреба повеќе да се докажуваме колку вредиме. Ние се бориме и поднесуваме Иницијативи во Собранието кој обезбедуваат развој, просперитет и безбедност за сите генерации. За сениорите, пензионерите, за младите. За секој граѓанин на оваа земја затоа што Секој е важен. Верувам дека овој Програмски концепт и оваа Коалиција која носеше ни малку лесни одлуки, ќе победи и како што не направи членка на НАТО, ќе станеме и полнопрвна членка во Европската Унија, посочи Зајкова.

The post Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, ќе биде во Првата изборна единица appeared first on Република.

]]>
Зајкова: Лидерската средба вроди со плод, постигнат е договор за датум за одржување на изборите, останатите прашања остануваат отворени https://republika.mk/vesti/makedonija/zajkova-liderskata-sredba-vrodi-so-plod-postignat-e-dogovor-za-datum-za-odrzhuvane-na-izborite-ostanatite-prashana-ostanuvaat-otvoreni/ Mon, 04 Dec 2023 18:37:07 +0000 https://republika.mk/?p=719644

Претседателката на Либерално-Демократската партија (ЛДП) Моника Зајкова, денеска по лидерската средба, нагласи дека согласно партискиот став и чистиот интерес на граѓаните, е постигнат договор за датумот за одржување на изборите – првиот круг на претседателските избори да се одржат на 24 април, а вториот круг на 8 мај заедно со парламентарните избори.

На лидерската средба се отвориле повеќе дискусии, меѓу кои и за нужните законски измени.

„Исклучително е важно отворено да се погледнеме во очи и да си кажеме дека со крајот на годината завршува и рокот кој Европската унија и го даде на Македонија за промена на Уставот, што значи најважно е да се договориме без калкулации и тактизирање, без лажни ветувања, за сигурна и безбедна европска иднина.“, заклучува Зајкова.

Таа додаде дека уставни измени ќе има независно од тоа кога ќе се одржат изборите, а со тоа, се запознаени и претставниците на опозицијата, но поради предизборен маркетинг, свесно го кочат процесот.

Зајкова оцени дека демократскиот и лидерски капацитет ќе се демонстрира само ако без уцени се постигне договор и за Изборниот законик, како и за евроинтеграциите, порачувајќи дека ЛДП како партија која се залага за напредок ќе даде поддршка само на она што значи прогрес во евроинтеграциите.

Претседателката нагласи дека потребно ќе биде и да се направат измените на Изборниот законик според препораките на ОБСЕ-ОДИХР.

„ЛДП не отстапува од својот став и на денешната средба, го отвораме прашањето за една изборна единица, 50-50 проценти застапеност на жени и мажи и отворени листи, за да добиеме поправеден и поквалитетен парламентарен состав. За прашањето за техничка Влада, ќе остане да се решава за наредните избори, додека овие ќе се одржат според претходно договореното.“, појасни Зајкова.

The post Зајкова: Лидерската средба вроди со плод, постигнат е договор за датум за одржување на изборите, останатите прашања остануваат отворени appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Либерално-Демократската партија (ЛДП) Моника Зајкова, денеска по лидерската средба, нагласи дека согласно партискиот став и чистиот интерес на граѓаните, е постигнат договор за датумот за одржување на изборите – првиот круг на претседателските избори да се одржат на 24 април, а вториот круг на 8 мај заедно со парламентарните избори. На лидерската средба се отвориле повеќе дискусии, меѓу кои и за нужните законски измени. „Исклучително е важно отворено да се погледнеме во очи и да си кажеме дека со крајот на годината завршува и рокот кој Европската унија и го даде на Македонија за промена на Уставот, што значи најважно е да се договориме без калкулации и тактизирање, без лажни ветувања, за сигурна и безбедна европска иднина.“, заклучува Зајкова. Таа додаде дека уставни измени ќе има независно од тоа кога ќе се одржат изборите, а со тоа, се запознаени и претставниците на опозицијата, но поради предизборен маркетинг, свесно го кочат процесот. Зајкова оцени дека демократскиот и лидерски капацитет ќе се демонстрира само ако без уцени се постигне договор и за Изборниот законик, како и за евроинтеграциите, порачувајќи дека ЛДП како партија која се залага за напредок ќе даде поддршка само на она што значи прогрес во евроинтеграциите. Претседателката нагласи дека потребно ќе биде и да се направат измените на Изборниот законик според препораките на ОБСЕ-ОДИХР. „ЛДП не отстапува од својот став и на денешната средба, го отвораме прашањето за една изборна единица, 50-50 проценти застапеност на жени и мажи и отворени листи, за да добиеме поправеден и поквалитетен парламентарен состав. За прашањето за техничка Влада, ќе остане да се решава за наредните избори, додека овие ќе се одржат според претходно договореното.“, појасни Зајкова.

The post Зајкова: Лидерската средба вроди со плод, постигнат е договор за датум за одржување на изборите, останатите прашања остануваат отворени appeared first on Република.

]]>
Зајкова смета дека не е време за условување и калкулации https://republika.mk/vesti/makedonija/zajkova-smeta-deka-ne-e-vreme-za-uslovuvane-i-kalkulatsii/ Fri, 19 May 2023 11:08:31 +0000 https://republika.mk/?p=642626

Претседателката на ЛДП Моника Зајкова пред денешната средба на премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски со лидерите на владината коалиција повика на разум и проактивност кај сите политички партии во државата со цел земјата да продолжи кон евроинтегративниот пат.

– За темите на денешнава средба дознавме синоќа од вас медиумите. Она што ЛДП може да повика внатре, доколку тоа бидат темите на разговор е на разум и проактивност на политичките партии. Сите имаме свои политички програми и заложби што треба да ги оствариме за граѓаните да живеат подобро, меѓутоа сега на сите треба да ни е поважно како понатаму ќе го продолжиме процесот на евроинтеграција. Затоа сметам дека не е време за условување или калкулации. Но, да повикаме на единство и разум, сите заедно да продолжиме да ја движиме државата напред, изјави Зајкова.

The post Зајкова смета дека не е време за условување и калкулации appeared first on Република.

Зајкова бара забрана на „Тик-Ток“ и други социјални мрежи кои поттикнуваат насилство https://republika.mk/vesti/makedonija/zajkova-bara-zabrana-na-tik-tok-i-drugi-sotsijalni-mrezhi-koi-pottiknuvaat-nasilstvo/ Sat, 06 May 2023 14:30:43 +0000 https://republika.mk/?p=637698

Наместо да седиме шокирани и тивко да тагуваме и коментираме на социјалните мрежи на време да реагираме и да дејствуваме со конкретни превентивни мерки и акции, посочи денеска на 16-тиот Конгрес на Либерално-демократската младина, претседателката на ЛДП и пратеничка, Моника Зајкова.

Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на убиените лица и ги осудам крвавите масакри во Србија. Оваа спирала на насилство извршена од млади лица мора да го вклучи црвениот аларм и кај нас и потребно е преземање на итни и ефикасни превентивни мерки за да се спречи врсничкото насилство, грозоморните слики од убиени и повредени, истакна таа.

The post Зајкова бара забрана на „Тик-Ток“ и други социјални мрежи кои поттикнуваат насилство appeared first on Република.

Шамбевски до Зајкова: Пратеничката да каже дали се согласува со срамната парола зад неа https://republika.mk/vesti/makedonija/shambevski-do-zajkova-pratenichkata-da-kazhe-dali-se-soglasuva-so-sramnata-parola-zad-nea/ Wed, 08 Mar 2023 21:11:47 +0000 https://republika.mk/?p=617490

Оливер Шамбевски преку статус на Фејсбук пишува дека пратеничката Моника Зајкова мора да се огласи дали се согласува со срамната парола зад неа на денешниот протест за правата на жените.

Моника Зајкова, пратеничката и претседателката да каже со она зад неа дали се согласува?
А да, само смешни и патетични сте со таквите пароли… и не, секако не ѝ помагате на каузата ваша со такви пароли… ако воопшто ја имате… вие си знаете… инаку… црквата го преживеала Диоклецијан и Сталин… ќе се снајде некако и со ваквите како вас де.
Зајкова?, пишува Шамбевски на Фејсбук.

The post Шамбевски до Зајкова: Пратеничката да каже дали се согласува со срамната парола зад неа appeared first on Република.

]]>

Оливер Шамбевски преку статус на Фејсбук пишува дека пратеничката Моника Зајкова мора да се огласи дали се согласува со срамната парола зад неа на денешниот протест за правата на жените.
Моника Зајкова, пратеничката и претседателката да каже со она зад неа дали се согласува? А да, само смешни и патетични сте со таквите пароли… и не, секако не ѝ помагате на каузата ваша со такви пароли… ако воопшто ја имате… вие си знаете… инаку… црквата го преживеала Диоклецијан и Сталин… ќе се снајде некако и со ваквите како вас де. Зајкова?, пишува Шамбевски на Фејсбук.

The post Шамбевски до Зајкова: Пратеничката да каже дали се согласува со срамната парола зад неа appeared first on Република.

]]>
Зајкова: И мажите треба да засукаат ракави и да месат леб, доста беше родова нееднаквост https://republika.mk/vesti/makedonija/zajkova-i-mazhite-treba-da-zasukaat-rakavi-i-da-mesat-leb-dosta-beshe-rodova-neednakvost/ Fri, 03 Mar 2023 19:14:07 +0000 https://republika.mk/?p=615710

Треба да се работи на медиумската писменост, затоа што не може да допуштиме да произлегуваат наслови како: „жените треба да ги засукаат ракавите, бара пратеничката и лидерка на ЛДП, Моника Зајкова во емисијата Аргумент плус на ТВ 24.

Зајкова вели „немаме едукација од најрана возраст и родовата еднаквост се уште ја третираме како некаков феномен за кој треба да зборуваме“.

За жал живееме во време на патријахалните родови и имаме општество полно со стереотипи коишто треба да ги надминуваме, едукацијата од најрана возраст за тоа што значи родова еднаквост и човекови права треба итно да се внесе во училишните програми. Домаќинките беа повикани да замесат леб, но не гледам проблем и мажот да замеси леб, особено не, во ваква глобална транзиција каде што жената и економски придонесува колку и мажот, можеби и повеќе во некои семејства, каде што и таа паралелно одговара на сите современи општествени текови - рече Зајкова.

Во однос на неказнивоста Зајкова вели дека, голем дел од жените, особено во руралните средини, од страв од стигмата не се осмелуваат да пријават кога се жртва на вербален или физички напад.

The post Зајкова: И мажите треба да засукаат ракави и да месат леб, доста беше родова нееднаквост appeared first on Република.

]]>

Треба да се работи на медиумската писменост, затоа што не може да допуштиме да произлегуваат наслови како: „жените треба да ги засукаат ракавите, бара пратеничката и лидерка на ЛДП, Моника Зајкова во емисијата Аргумент плус на ТВ 24. Зајкова вели „немаме едукација од најрана возраст и родовата еднаквост се уште ја третираме како некаков феномен за кој треба да зборуваме“.
За жал живееме во време на патријахалните родови и имаме општество полно со стереотипи коишто треба да ги надминуваме, едукацијата од најрана возраст за тоа што значи родова еднаквост и човекови права треба итно да се внесе во училишните програми. Домаќинките беа повикани да замесат леб, но не гледам проблем и мажот да замеси леб, особено не, во ваква глобална транзиција каде што жената и економски придонесува колку и мажот, можеби и повеќе во некои семејства, каде што и таа паралелно одговара на сите современи општествени текови - рече Зајкова.
Во однос на неказнивоста Зајкова вели дека, голем дел од жените, особено во руралните средини, од страв од стигмата не се осмелуваат да пријават кога се жртва на вербален или физички напад.

The post Зајкова: И мажите треба да засукаат ракави и да месат леб, доста беше родова нееднаквост appeared first on Република.

]]>
Зајкова од владејачката ЛДП: Младите си заминуваат бидејќи не функционира системот https://republika.mk/vesti/makedonija/zajkova-od-vladejachkata-ldp-mladite-si-zaminuvaat-bidejki-ne-funktsionira-sistemot/ Mon, 06 Feb 2023 07:07:14 +0000 https://republika.mk/?p=605149

Лошиот квалитет на живот, партизираноста, лошиот стандард и непрепознавањето на квалитетот на младите се главните причини поради кои младите си заминуваат од Македонија, вели за Детектор претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.

Тоа се проблеми кои се таложеле низ годините, не се решавале и се ставале под тепих. Нашата генерација има задача да ги решава тие проблеми. Ние сме свесни, не можеме да се лажеме, дека ќе вратиме 100% од младите кои што си заминале. Младите може да размислуваат да се вратат само ако платите во странство им се изедначат со овие дома и квалитетот на живот се израмни со тоа ниво, вели Зајкова.

Според неа, уште позагрижувачки е процентот на граѓаните кои размислуваат да се вратат во Македонија

The post Зајкова од владејачката ЛДП: Младите си заминуваат бидејќи не функционира системот appeared first on Република.

Зајкова и Костадинов подготвуваат терен за смена на Тупанчески и отстапување на Правда на АА https://republika.mk/vesti/makedonija/zajkova-i-kostadinov-podgotvuvaat-teren-za-smena-na-tupancheski-i-otstapuvane-na-pravda-na-aa/ Thu, 02 Feb 2023 12:51:42 +0000 https://republika.mk/?p=603843

Лидерката на ЛДП, Моника Зајкова, коалициска партнерка на СДСМ во власта, во дебатниот магазин 24 Анализа на ТВ 24 изнесе критики за состојбите во правосудството и беше резервирана околу можноста да биде сменет министерот за правда Никола Тупанчески. Таа призна дека владата не спроведува реформи во правосудниот систем бидејќи како што рече таа на некому му одговора ваквиот хаос се со цел да нема одговорност.

Нејзината изјава доаѓа откако деновиве постојано се шпекулираше дека ресорот правда СДСМ ќе му го отстапи на новиот партнер во власта, Алијанса за Албанците.

Реформите во правосудниот систем не се на некое завидно ниво, а со мали чекори можевме да ги направиме. Не навлегувам во персонални решенија, но ресорот како ресор има многу работа и има многу што да се работи – од Судскиот совет, судската администрација, одговорност на судии итн. Да детектираме кои се тие судии и обвинители кои се подложни на корупција и не си ја вршат својата работа, рече Зајкова.

Потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов со умерен коментар за можноста за смена на Тупанчески.

Можам да имам лични перцепции, најбитно е сите министри во своите ресори да бидеме на висина на задачата и да се работи исклучиво во инетерес на граѓаните. Не сме сите компетентни да го даваме своето мислење, а најдобро мислење на крајот го дава јавноста за тоа кој најдобро се грижи за нивните интереси, рече Костадинов за тоа како ја оценува работата на Тупанчески и за тоа дали треба да биде заменет со кандидат од Алијанса за Албанците.

The post Зајкова и Костадинов подготвуваат терен за смена на Тупанчески и отстапување на Правда на АА appeared first on Република.

]]>

Лидерката на ЛДП, Моника Зајкова, коалициска партнерка на СДСМ во власта, во дебатниот магазин 24 Анализа на ТВ 24 изнесе критики за состојбите во правосудството и беше резервирана околу можноста да биде сменет министерот за правда Никола Тупанчески. Таа призна дека владата не спроведува реформи во правосудниот систем бидејќи како што рече таа на некому му одговора ваквиот хаос се со цел да нема одговорност. Нејзината изјава доаѓа откако деновиве постојано се шпекулираше дека ресорот правда СДСМ ќе му го отстапи на новиот партнер во власта, Алијанса за Албанците.
Реформите во правосудниот систем не се на некое завидно ниво, а со мали чекори можевме да ги направиме. Не навлегувам во персонални решенија, но ресорот како ресор има многу работа и има многу што да се работи – од Судскиот совет, судската администрација, одговорност на судии итн. Да детектираме кои се тие судии и обвинители кои се подложни на корупција и не си ја вршат својата работа, рече Зајкова.
Потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов со умерен коментар за можноста за смена на Тупанчески.
Можам да имам лични перцепции, најбитно е сите министри во своите ресори да бидеме на висина на задачата и да се работи исклучиво во инетерес на граѓаните. Не сме сите компетентни да го даваме своето мислење, а најдобро мислење на крајот го дава јавноста за тоа кој најдобро се грижи за нивните интереси, рече Костадинов за тоа како ја оценува работата на Тупанчески и за тоа дали треба да биде заменет со кандидат од Алијанса за Албанците.

The post Зајкова и Костадинов подготвуваат терен за смена на Тупанчески и отстапување на Правда на АА appeared first on Република.

]]>
Зајкова: Да станеме членка на ЕУ, па потоа да бараме и во Бугарија реципрочно да ни се признаат и нам одредени права https://republika.mk/vesti/makedonija/zajkova-da-staneme-chlenka-na-eu-pa-potoa-da-barame-i-vo-bugarija-retsiprochno-da-ni-se-priznaat-i-nam-odredeni-prava/ Wed, 25 Jan 2023 12:50:54 +0000 https://republika.mk/?p=600872

Никој од нас не сака да е понижен, секаде каде што одам се претставувам како горда Македонка, не може мене никој да ми ја наметне мојата историја или како јас ќе ја толкувам мојата историја, ниту пак некој може да ми наметне што ќе бидам, моите се по потекло од Кукуш, јас секогаш ќе бидам по потекло од Кукуш, не можам да бидам од друго место. Говорам македонски јазик, израсната сум со една историја, не може никој да ми го менува или да ја менува свеста на генерациите. Ние сме свесни дека уставните измени како обврска треба да значат отворање на поглавје во ЕУ, што може и нема така брзо да ги затвориме, рече претседателката на Либерално-Демократска партија Моника Зајкова во синоќешното гостување во „Клик плус" на 21 Тв.

Ние можеме хипотетички да кажеме дека можеме и без Европската унија и без НАТО и без политички партии, меѓутоа граѓаните се оние коишто ја сочинуваат државата и само без граѓани не може да постои една држава, но мора да сфатиме дека ЕУ значи подобро секојдневие на секоја индивидуа и затоа и толку се стремиме кон тој Европски пат, додаде таа.

Според Зајкова не треба реториката да се однесува на тоа дека уставните измени се за само за внесување на Бугарите во Уставот, но да ја гледаме поголемата цел, а тоа е конечно она што ни изгледаше апстрактно, а тоа е влезот во Европската Унија да стане реалност односно да започне втората фаза од преговорите, а тоа е отворање на поглавјата.

За да си ја исполниме таа цел, нормално дека имаме и обврски, притоа како Либерално-демократска партија ќе бараме при отворањето на Уставот во Преамбулата да се внесе како дел од народ и еврејскиот народ, а тоа иако можеби е последната пречка, е онаа најнеболната што треба да ја отклониме за да почне веќе македонската евроинтеграција за која зборуваме 30 години. Затоа треба да покажеме сериозна зрелост политичка, но и да покажеме дека сме спремни за носење на државнички одлуки, затоа што ќе зборам конкретно еве за мојата генерација, мислам дека повеќе нема време за оној, бавен развој затоа што со тој бавен развој видовме дека го губиме она што значи супстракт на државата, а тоа се младите луѓе, додава Зајкова.

Таа додава дека нејзината генерација пораснала со визијата за Европа и веќе се преполови заминувајќи во перспективни европски земји.

Се согласи дека се потребни реформи и во правосудството и образованието и во други области меѓутоа никој не покажал поширока политичка волја за одредени реформи да се спроведат. Нови избори не би го решиле овој проблем, бидејќи секогаш со нови избори не се направиле никакви промени. Проблемите ставени во фиока до избори, никој нема да ги реши со магично стапче ни по изборите.

Треба да научиме да покажуваме државничка свест, едно е да се разликуваме во идеолошките политики, друго е да го трасираме заедно патот на државата и треба да седнеме да го загрееме столчето и да наоѓаме решенија и да ја движиме напред државата, а не да трошиме постојано ресурси и време на предвремени избори, истакна претседателката Зајкова.

Таа потсети дека Собранието донесе заклучоци кои што се еден вид декларацијата за црвените линии и никој не спори дека не сме за македонскиот јазик да се преговара.

И гледавме и со потпишувањето на договорот од Фронтекс дека во формулацијата македонскиот јазик е чист, а гаранции дека некој ќе ни обезбеди е небулозни барање и видовме со последните случувања и во Европа, односно ветото кое што Австрија го стави на Бугарија и Романија за влез во шенген, дека такви гаранции не постојат. И сега не може ние да чекаме и да бараме гаранции дека ќе ни биде патот поплочен со мермер меѓутоа, треба да ги отклонуваме пречките и посериозно да работиме на тој пат и реформирање на државата, додава Зајкова.

Според неа ние не треба да преговараме воопшто со Бугарија за реципроцитет, туку со ЕУ.

Да бидеме реципрочни во финансиите, во реформите, во образованието, кадровата политика, а нормално дека еден ден со самиот чин што го покажуваме на демократичност и отворање кон малцинствата може да се случи да бараме и во Бугарија, веќе како членки во унијата, реципрочно да ни се признаат и на нас одредени права. Затоа што, во спортот секогаш тимот што победува не значи дека на крајот победува. Исто и во политиката. Затоа треба да се покаже истрајност и упорност за да се направат крупни и развојни чекори, бели Зајкова.

Според неа ако само гледаме дали ќе добиеме одредени политички поени на одредени прашања, немаше да го имаме ни Рамковниот договор, кој што резултираше со развој на мултиетничкото општество, немаше да го имаме ни Преспа кој резултираше со влез на државата во НАТО, кој што сега гледаме дека стратешки бил многу важно, со оглед на тоа што се случува на глобално ниво.

The post Зајкова: Да станеме членка на ЕУ, па потоа да бараме и во Бугарија реципрочно да ни се признаат и нам одредени права appeared first on Република.

]]>

Никој од нас не сака да е понижен, секаде каде што одам се претставувам како горда Македонка, не може мене никој да ми ја наметне мојата историја или како јас ќе ја толкувам мојата историја, ниту пак некој може да ми наметне што ќе бидам, моите се по потекло од Кукуш, јас секогаш ќе бидам по потекло од Кукуш, не можам да бидам од друго место. Говорам македонски јазик, израсната сум со една историја, не може никој да ми го менува или да ја менува свеста на генерациите. Ние сме свесни дека уставните измени како обврска треба да значат отворање на поглавје во ЕУ, што може и нема така брзо да ги затвориме, рече претседателката на Либерално-Демократска партија Моника Зајкова во синоќешното гостување во „Клик плус" на 21 Тв.
Ние можеме хипотетички да кажеме дека можеме и без Европската унија и без НАТО и без политички партии, меѓутоа граѓаните се оние коишто ја сочинуваат државата и само без граѓани не може да постои една држава, но мора да сфатиме дека ЕУ значи подобро секојдневие на секоја индивидуа и затоа и толку се стремиме кон тој Европски пат, додаде таа.
Според Зајкова не треба реториката да се однесува на тоа дека уставните измени се за само за внесување на Бугарите во Уставот, но да ја гледаме поголемата цел, а тоа е конечно она што ни изгледаше апстрактно, а тоа е влезот во Европската Унија да стане реалност односно да започне втората фаза од преговорите, а тоа е отворање на поглавјата.
За да си ја исполниме таа цел, нормално дека имаме и обврски, притоа како Либерално-демократска партија ќе бараме при отворањето на Уставот во Преамбулата да се внесе како дел од народ и еврејскиот народ, а тоа иако можеби е последната пречка, е онаа најнеболната што треба да ја отклониме за да почне веќе македонската евроинтеграција за која зборуваме 30 години. Затоа треба да покажеме сериозна зрелост политичка, но и да покажеме дека сме спремни за носење на државнички одлуки, затоа што ќе зборам конкретно еве за мојата генерација, мислам дека повеќе нема време за оној, бавен развој затоа што со тој бавен развој видовме дека го губиме она што значи супстракт на државата, а тоа се младите луѓе, додава Зајкова.
Таа додава дека нејзината генерација пораснала со визијата за Европа и веќе се преполови заминувајќи во перспективни европски земји. Се согласи дека се потребни реформи и во правосудството и образованието и во други области меѓутоа никој не покажал поширока политичка волја за одредени реформи да се спроведат. Нови избори не би го решиле овој проблем, бидејќи секогаш со нови избори не се направиле никакви промени. Проблемите ставени во фиока до избори, никој нема да ги реши со магично стапче ни по изборите.
Треба да научиме да покажуваме државничка свест, едно е да се разликуваме во идеолошките политики, друго е да го трасираме заедно патот на државата и треба да седнеме да го загрееме столчето и да наоѓаме решенија и да ја движиме напред државата, а не да трошиме постојано ресурси и време на предвремени избори, истакна претседателката Зајкова.
Таа потсети дека Собранието донесе заклучоци кои што се еден вид декларацијата за црвените линии и никој не спори дека не сме за македонскиот јазик да се преговара.
И гледавме и со потпишувањето на договорот од Фронтекс дека во формулацијата македонскиот јазик е чист, а гаранции дека некој ќе ни обезбеди е небулозни барање и видовме со последните случувања и во Европа, односно ветото кое што Австрија го стави на Бугарија и Романија за влез во шенген, дека такви гаранции не постојат. И сега не може ние да чекаме и да бараме гаранции дека ќе ни биде патот поплочен со мермер меѓутоа, треба да ги отклонуваме пречките и посериозно да работиме на тој пат и реформирање на државата, додава Зајкова.
Според неа ние не треба да преговараме воопшто со Бугарија за реципроцитет, туку со ЕУ.
Да бидеме реципрочни во финансиите, во реформите, во образованието, кадровата политика, а нормално дека еден ден со самиот чин што го покажуваме на демократичност и отворање кон малцинствата може да се случи да бараме и во Бугарија, веќе како членки во унијата, реципрочно да ни се признаат и на нас одредени права. Затоа што, во спортот секогаш тимот што победува не значи дека на крајот победува. Исто и во политиката. Затоа треба да се покаже истрајност и упорност за да се направат крупни и развојни чекори, бели Зајкова.
Според неа ако само гледаме дали ќе добиеме одредени политички поени на одредени прашања, немаше да го имаме ни Рамковниот договор, кој што резултираше со развој на мултиетничкото општество, немаше да го имаме ни Преспа кој резултираше со влез на државата во НАТО, кој што сега гледаме дека стратешки бил многу важно, со оглед на тоа што се случува на глобално ниво.

The post Зајкова: Да станеме членка на ЕУ, па потоа да бараме и во Бугарија реципрочно да ни се признаат и нам одредени права appeared first on Република.

]]>
Зајкова се разочарала од условите во студентскиот дом „Стив Наумов“ https://republika.mk/vesti/makedonija/zajkova-se-razocharala-od-uslovite-vo-studentskiot-dom-stiv-naumov/ Mon, 12 Dec 2022 13:36:08 +0000 https://republika.mk/?p=584797

По барање на студентите од Универзитетското студентско собрание, денеска пратеничките Моника Зајкова и Фиснике Бектеши и претседателот на Универзитетското собрание при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Славчо Темелковски извршија увид на просториите во студентскиот дом „Стив Наумов“, со цел да оценат дали поправките и реновирањето се одвиваат согласно предложениот Акциски план за реализација во студентските домови на активности побарани од студентите на Министерството за образование и наука.

Импресиите се лоши, очигледно е дека е потребно да се санираат студентските домови од корен, особено „Стив Наумов“. Првиот и вториот блок се реновирани во 2009 година, а гледаме дека зградите се тотално вон употреба и тоа е засрамувачки. Не може во толку краток период да бидат во толку лоша состојба. Тоа што го видовме во оваа зграда што е пуштена во употреба е дека треба под итно да се санираат и реконструираат и тоалетите, но и да се подобрат условите за живот, изјави Зајкова.

Таа додаде дека како Собрание, тоа што можат да го направат е да свикаат јавна расправа и таа да оди во формално работно тело, да се дебатира и да се извлечат заклучоци што ќе ги обврзат институциите да постапуваат.

Институциите треба да ја преземат работата во свои раце и да обезбедиме подобри услови. Ова сега во моментот е далеку од добри услови за живеење, вели пратеничката.

Виктор Велевски, директор на Државниот студентски дом – Скопје најави дека во тек е завршната фаза на проектот за реконструкција на студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“.

Очекуваме во март 2023 година да почнат темелни градежни активности. Како студентски дом се изборивме во овој проект да влезе и мензата во студентскиот дом „Гоце Делчев“ што претходниот пат кога се реновираше домот, остана во таа состојба каква што е, истакна Велевски.

Со реновирање ќе почнат зградите 1 и 2 во „Стив Наумов“ коишто иако се обновени во 2009 година, тие не се во функција. Како што најави Велевски, целосно ќе се реновира и зградата 3, но и мензата во домот.

Ние како студентски дом со средствата што ги имаме на располагање, што ги добиваме од страна на Министерството за образование и наука санираме толку колку што можеме. Како што сега видовте сега се варосува, првпат од 1991 година, сменивме плочки, а ставени се и врати, соопшти директорот Велевски.

Темелковски вели дека како Универзитетско собрание при УКИМ, за помалку од три месеци успеале да ја поведат иницијативата да ги посетат сите студентски домови.

Бидејќи не сум дел од домовите сакав да ги посетам и да се запознаам со состојбата внатре. Би рекол дека со тек на време успеавме да оформиме една слика околу тоа каква е состојбата и кои би можеле да бидат идните чекори за решавање на истата ситуација. Студентите најмногу се жалат на тоалетите и хигиената. Мислам дека доколку се реши тој проблем ќе има поинаква слика за домот. Но, не можеме како општество да се задоволиме со тоалети и хигиена, студентските домови во регионот се на едно многу повисоко ниво од кај нас, заклучи претседателот на Универзитетското собрание.

The post Зајкова се разочарала од условите во студентскиот дом „Стив Наумов“ appeared first on Република.