монети Archives - Република https://republika.mk/tema/moneti/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Aug 2024 10:27:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png монети Archives - Република https://republika.mk/tema/moneti/ 32 32 Се ковале тука, па се растурале низ Косово – како да се препознаат лажните монети од 2 евра? https://republika.mk/vesti/makedonija/se-kovale-tuka-pa-se-rasturale-niz-kosovo-kako-da-se-prepoznaat-lazhnite-moneti-od-2-evra/ Fri, 09 Aug 2024 07:43:04 +0000 https://republika.mk/?p=804811

Последниот случај со апсењето на косовска територија полицаец од Македонија, кој се сомничи дека изработувал фалисфикувани монети во апоени до 2 евра, го отвори прашањето како граѓаните да ги препознаат овие лажни пари.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/politsaets-od-resen-sam-iskoval-iljadnitsi-moneti-od-po-2-evra-gi-rastural-niz-kosovo/

Според експерите од Народната банка со мала едукација на граѓаните овие лажни монети можат лесно да се препознаат.

Дизајнот на фалсификуваните монети често изгледа заматен, со доста нерамнини и гребнатини, а формата им е неправилна. Натписите на рабовите на оригиналните евромонети се остри, заради полесно препознавање од лицата со оштетен вид, додека кај фалсификуваните се нејасни и непретпознатливи. Преку употреба на магнетет можете релативно и лесно и едноставно да утврдите фалсификувана пара, велат од НБРМ за „Канал 5“.

Во април слична акција беше откриена и од шпанската полиција, каде беше фатена кинеска група која произвела околу милион евра во лажни монети од по две евра.

Шпанската полиција преку видео и фотографии објави информации како да бидат препознаени лажните евра. Тие немаат доволно детали и нарези на работ на монетите како вистинските евра, а како најлесен начин за проверка е употреба на магнет. Вистинските монети се демагнетизирани и не може да се фатат и залепат на магнет, додека лажните раегираат на привлекувањето на магнетот.

https://youtu.be/dsDdJomk9TI?si=V3Tflfenc4JBCpdn

The post Се ковале тука, па се растурале низ Косово – како да се препознаат лажните монети од 2 евра? appeared first on Република.

]]>

Последниот случај со апсењето на косовска територија полицаец од Македонија, кој се сомничи дека изработувал фалисфикувани монети во апоени до 2 евра, го отвори прашањето како граѓаните да ги препознаат овие лажни пари. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/politsaets-od-resen-sam-iskoval-iljadnitsi-moneti-od-po-2-evra-gi-rastural-niz-kosovo/ Според експерите од Народната банка со мала едукација на граѓаните овие лажни монети можат лесно да се препознаат.
Дизајнот на фалсификуваните монети често изгледа заматен, со доста нерамнини и гребнатини, а формата им е неправилна. Натписите на рабовите на оригиналните евромонети се остри, заради полесно препознавање од лицата со оштетен вид, додека кај фалсификуваните се нејасни и непретпознатливи. Преку употреба на магнетет можете релативно и лесно и едноставно да утврдите фалсификувана пара, велат од НБРМ за „Канал 5“.
Во април слична акција беше откриена и од шпанската полиција, каде беше фатена кинеска група која произвела околу милион евра во лажни монети од по две евра. Шпанската полиција преку видео и фотографии објави информации како да бидат препознаени лажните евра. Тие немаат доволно детали и нарези на работ на монетите како вистинските евра, а како најлесен начин за проверка е употреба на магнет. Вистинските монети се демагнетизирани и не може да се фатат и залепат на магнет, додека лажните раегираат на привлекувањето на магнетот. https://youtu.be/dsDdJomk9TI?si=V3Tflfenc4JBCpdn

The post Се ковале тука, па се растурале низ Косово – како да се препознаат лажните монети од 2 евра? appeared first on Република.

]]>
Запленети 12 стари монети и два прстена: Кривична за двајца жители на Кочани кои копале злато во Делчевско https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zapleneti-12-stari-moneti-i-dva-prstena-krivichna-za-dvajtsa-zhiteli-na-kochani-koi-kopale-zlato-vo-delchevsko/ Tue, 25 Jun 2024 20:04:26 +0000 https://republika.mk/?p=790773

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против двајца жители на Кочани осомничени дека во атарот на село Очипала, Делчевско, без да поседуваат дозвола за археолошки истражувања, почнале со проучување и пронаоѓање на знаци, со цел идентификување на место каде можат да бидат пронајдени вредни предмети и потоа да продолжат со ископување.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.К.(53) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ и „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ и М.И.(59) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“, стои во соопштението од МВР.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, пријавените биле запрени од полициски службеници, а при преглед во возилото била пронајдена и одземена опрема и алат наменети за археолошки истражувања и ископ, а кај второпријавениот биле пронајдени осум сребрени монети, а кај првопријавениот уште четири стари монети и два стари прстени.

Со извештај од Управа за заштита на културното наследство, било констатирано дека четирите монети и двата прстени одземени од првопријавениот, претставуваат добро под привремена заштита, дополнуваат од МВР.

The post Запленети 12 стари монети и два прстена: Кривична за двајца жители на Кочани кои копале злато во Делчевско appeared first on Република.

Кинески фалсификатори пуштиле во оптек над 500.000 фалсификувани монети низ Европа https://republika.mk/vesti/svet/kineski-falsifikatori-pushtile-vo-optek-nad-500-000-falsifikuvani-moneti-niz-evropa/ Sat, 04 May 2024 06:13:38 +0000 https://republika.mk/?p=773965

Националната полиција на Шпанија разбила синџир на фалсификатори на евра кои биле пуштени низ цела Европа. Работилницата за производство на фалсификувани пари е откриена во градот Толедо.

Како што пишуваат медиумите, работилницата ја користела кинеска банда која произведувала лажни монети од 2 евра и ги пуштила низ земјата. Криминалците успеале да ги пуштат во оптек нивните фалсификувани монети со вметнување во автомати и со нивно продавање на кинески државјани.

Синџирот донел речиси 500.000 монети „со висок квалитет“ на европскиот пазар. Националната полиција, Европол и каталонскиот Мосос д’Ескадра уапсија 10 лица, за кои се верува дека се членови на бандата, а заплениле и два автомата во Толедо.

Националната полиција на Шпанија соопшти дека го истражувала случајот 6 години и ги опишала истрагите како „исклучително тешки и развлечени, не само поради тајната природа на организацијата, туку и поради речиси неможноста да се следи трага. што е карактеристично за фалсификуваните монети“.

Од работилницата во Толедо биле конфискувани слот-машини со кои можеле да се направат и до 1.000 лажни монети дневно.

Најсигурниот тест за лажна монета е да се провери дали е магнетна. Оригиналните монети не се магнетни, па ако вашата паричка се залепи за магнет, веројатно е лажна.

Проверете ги и рабовите на паричката. Оригиналните монети од две евра може да се пофалат со сложена контура и врежани симболи. Фалсификуваните монети нема да го прикажуваат ова ниво на детали“, предупредува Европол.

The post Кинески фалсификатори пуштиле во оптек над 500.000 фалсификувани монети низ Европа appeared first on Република.

]]>

Националната полиција на Шпанија разбила синџир на фалсификатори на евра кои биле пуштени низ цела Европа. Работилницата за производство на фалсификувани пари е откриена во градот Толедо. Како што пишуваат медиумите, работилницата ја користела кинеска банда која произведувала лажни монети од 2 евра и ги пуштила низ земјата. Криминалците успеале да ги пуштат во оптек нивните фалсификувани монети со вметнување во автомати и со нивно продавање на кинески државјани. Синџирот донел речиси 500.000 монети „со висок квалитет“ на европскиот пазар. Националната полиција, Европол и каталонскиот Мосос д’Ескадра уапсија 10 лица, за кои се верува дека се членови на бандата, а заплениле и два автомата во Толедо. Националната полиција на Шпанија соопшти дека го истражувала случајот 6 години и ги опишала истрагите како „исклучително тешки и развлечени, не само поради тајната природа на организацијата, туку и поради речиси неможноста да се следи трага. што е карактеристично за фалсификуваните монети“. Од работилницата во Толедо биле конфискувани слот-машини со кои можеле да се направат и до 1.000 лажни монети дневно. Најсигурниот тест за лажна монета е да се провери дали е магнетна. Оригиналните монети не се магнетни, па ако вашата паричка се залепи за магнет, веројатно е лажна.
Проверете ги и рабовите на паричката. Оригиналните монети од две евра може да се пофалат со сложена контура и врежани симболи. Фалсификуваните монети нема да го прикажуваат ова ниво на детали“, предупредува Европол.

The post Кинески фалсификатори пуштиле во оптек над 500.000 фалсификувани монети низ Европа appeared first on Република.

]]>
Монети насликани со експлицитни сцени: Борделите во антички Рим си имале своја валута за плаќање на услугите https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/moneti-naslikani-so-eksplitsitni-stseni-bordelite-vo-antichki-rim-si-imale-svoja-valuta-za-plakane-na-uslugite/ Mon, 12 Feb 2024 19:11:25 +0000 https://republika.mk/?p=743348

Во антички Рим имало многу бордели, но во нив не била доволена употребата на стандардните римски монети, како што се Сестерции или и Денарии. Наместо нив, се употребувале жетони, купени во локалите. Тоа што е интересно е што на овие токени често биле насликани експлицитни или непристојни слики и пози.

Вакво нешто се правело за да се избегне употребата на монети со ликот на императорот, затоа што се сметало за крајно непочитување, па дури и богохулење, да се внесе ликот на императорот во бордел. Ваквиот чин би се сметал за понижувачки и навредлив гест кон владетелот, а за тоа следувала строга казна.

На туристичките локации како Херкуланеум и Помпеја, борделите биле особено популарни објекти. Со текот на времето, овие институции ги охрабрувале своите клиенти да користат сопствена форма на валута позната како спринтрија.

The post Монети насликани со експлицитни сцени: Борделите во антички Рим си имале своја валута за плаќање на услугите appeared first on Република.

]]>

Во антички Рим имало многу бордели, но во нив не била доволена употребата на стандардните римски монети, како што се Сестерции или и Денарии. Наместо нив, се употребувале жетони, купени во локалите. Тоа што е интересно е што на овие токени често биле насликани експлицитни или непристојни слики и пози. Вакво нешто се правело за да се избегне употребата на монети со ликот на императорот, затоа што се сметало за крајно непочитување, па дури и богохулење, да се внесе ликот на императорот во бордел. Ваквиот чин би се сметал за понижувачки и навредлив гест кон владетелот, а за тоа следувала строга казна. На туристичките локации како Херкуланеум и Помпеја, борделите биле особено популарни објекти. Со текот на времето, овие институции ги охрабрувале своите клиенти да користат сопствена форма на валута позната како спринтрија.  

The post Монети насликани со експлицитни сцени: Борделите во антички Рим си имале своја валута за плаќање на услугите appeared first on Република.

]]>
Фалсификуваните евра внесени во Косово се печатени во Македонија https://republika.mk/vesti/balkan/falsifikuvanite-evra-vneseni-vo-kosovo-se-pechateni-vo-makedonija/ Fri, 01 Dec 2023 07:54:57 +0000 https://republika.mk/?p=718186

Специјалното обвинителство на Република Косово, по запленувањето на над 85 илјади фалсификувани евра во кованици од по две евра минатиот вторник, соопшти дека фалсификувани монети на европската валута, кои се дистрибуираат во Косово и други земји од регионот, се произведуваат во Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Ова тврдење се наведува во синоќешното соопштение на Обвинителството, по повод неговото барање за одредување едномесечен притвор за шестмината уапсени, од кои тројца македонски и тројца косовски државјани, кај кои на 28 ноември беа откриени метални монети со апоени од две евра, во вкупен износ од 85.010 евра.

Во барањето до Обвинителството кое го пренесе невладината „Заклетва на правдата“, која ја следи работата на косовските судски институции, се вели дека „постои сомневање оти обвинетите Б.А, Ш.А, А.А, С.Р, М.К. и Х.Д., со цел незаконски да се стекнат со материјална корист за себе и за групата, во неверификувано време обезбедиле фалсификувани пари, произведени во Македонија и вкупно 42.505 парчиња метални монети со апоени од 2 евра, во вкупен износ од 85 илјади евра“.

Во барањето е наведено дека осомничените потоа ги ставиле монетите во разни кеси, камуфлирајќи ги за да личат на товари обична стока и ги ставиле во автомобили, а потоа на 28 ноември годинава ги донеле во Косово, каде координирано се сретнале во Генерал Јанковиќ со обвинетите С.Р., М.К. и Х.Д. со цел заедно да го продолжат патот до Приштина.

Според планот на сторителите, во косовскиот главен град била планирана купопродажба на фалсификуваните пари, односно прием и испорака на количината на фалсификувани пари, при што се откриени и идентификувани од полицијата, која интервенира и на дело ги апси одземајќи им ја сумата на фалсификувани пари.

Косовското обвинителство цени дека осомничените со овие дејствија во соработка сториле кривично дело „Купување, прифаќање и прикривање предмети прибавени со кривично дело, од член 333 (ст. 1) по член 31 од Законот бр. 06/L-074 Кривичен законик на Република Косово“.

Во реконструкцијата на настанот, обвинителството наведува и дека осомничените Б.А, Ш.А и А.А., на 28 ноември, во Генерал Јанковиќ се сретнале со обвинетите С.Р., М.К. и Х.Д., ставајќи ги фалсификуваните евра во автомобил Фолксваген „Пасат“ кој го управувал Х.Д., по што заедно продолжиле за Приштина, за да се сретнат на бензинската пумпа „Шел“, каде што било планирано примопредавањето на фалсификуваните пари. Во текот на трансакцијата тие се откриени и идентификувани од Полицијата која интервенирала и на дело ги привела сторителите и ја одзела споменатата количина фалсификувани пари.

Според барањето на обвинителството, осомничените го извршиле кривичното дело „Фалсификување пари“, санкционирано од член 296 (ст. 1) во врска со член 31 од косовскиот Кривичен законик.

The post Фалсификуваните евра внесени во Косово се печатени во Македонија appeared first on Република.

]]>

Специјалното обвинителство на Република Косово, по запленувањето на над 85 илјади фалсификувани евра во кованици од по две евра минатиот вторник, соопшти дека фалсификувани монети на европската валута, кои се дистрибуираат во Косово и други земји од регионот, се произведуваат во Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина. Ова тврдење се наведува во синоќешното соопштение на Обвинителството, по повод неговото барање за одредување едномесечен притвор за шестмината уапсени, од кои тројца македонски и тројца косовски државјани, кај кои на 28 ноември беа откриени метални монети со апоени од две евра, во вкупен износ од 85.010 евра. Во барањето до Обвинителството кое го пренесе невладината „Заклетва на правдата“, која ја следи работата на косовските судски институции, се вели дека „постои сомневање оти обвинетите Б.А, Ш.А, А.А, С.Р, М.К. и Х.Д., со цел незаконски да се стекнат со материјална корист за себе и за групата, во неверификувано време обезбедиле фалсификувани пари, произведени во Македонија и вкупно 42.505 парчиња метални монети со апоени од 2 евра, во вкупен износ од 85 илјади евра“. Во барањето е наведено дека осомничените потоа ги ставиле монетите во разни кеси, камуфлирајќи ги за да личат на товари обична стока и ги ставиле во автомобили, а потоа на 28 ноември годинава ги донеле во Косово, каде координирано се сретнале во Генерал Јанковиќ со обвинетите С.Р., М.К. и Х.Д. со цел заедно да го продолжат патот до Приштина. Според планот на сторителите, во косовскиот главен град била планирана купопродажба на фалсификуваните пари, односно прием и испорака на количината на фалсификувани пари, при што се откриени и идентификувани од полицијата, која интервенира и на дело ги апси одземајќи им ја сумата на фалсификувани пари. Косовското обвинителство цени дека осомничените со овие дејствија во соработка сториле кривично дело „Купување, прифаќање и прикривање предмети прибавени со кривично дело, од член 333 (ст. 1) по член 31 од Законот бр. 06/L-074 Кривичен законик на Република Косово“. Во реконструкцијата на настанот, обвинителството наведува и дека осомничените Б.А, Ш.А и А.А., на 28 ноември, во Генерал Јанковиќ се сретнале со обвинетите С.Р., М.К. и Х.Д., ставајќи ги фалсификуваните евра во автомобил Фолксваген „Пасат“ кој го управувал Х.Д., по што заедно продолжиле за Приштина, за да се сретнат на бензинската пумпа „Шел“, каде што било планирано примопредавањето на фалсификуваните пари. Во текот на трансакцијата тие се откриени и идентификувани од Полицијата која интервенирала и на дело ги привела сторителите и ја одзела споменатата количина фалсификувани пари. Според барањето на обвинителството, осомничените го извршиле кривичното дело „Фалсификување пари“, санкционирано од член 296 (ст. 1) во врска со член 31 од косовскиот Кривичен законик.

The post Фалсификуваните евра внесени во Косово се печатени во Македонија appeared first on Република.

]]>
Инает: Платил судска казна со 15.500 ситни пари https://republika.mk/vesti/balkan/inaet-platil-sudska-kazna-so-15-500-sitni-pari/ Thu, 30 Nov 2023 09:16:10 +0000 https://republika.mk/?p=717851

Со куфер полн со 15.500 монети од по еден, два, пет и десет центи, млад Кипранец пристигнал во судот во Лимасол за да плати парична казна од 500 евра, објави кипарскиот портал „Филењуз“, јави дописничката на МИА од Атина.

Казната била за возење без дозвола, а според сајтот, изречена во 2022 година.

Мажот решил да ја плати, не со картица или готовина, туку со монетите спакувани во патничка торба тешка 50 килограми, која ја сместил во куфер.

„Филењуз“ пишува дека надлежните од судот му рекле дека парите не можат да ги примат во центи и дека мора да оди во банка за да ги смени.

Кипранецот, говорејќи за сајтот коментирал дека и центите се пари и дека е неприфатливо да не се прифаќаат.

The post Инает: Платил судска казна со 15.500 ситни пари appeared first on Република.

]]>

Со куфер полн со 15.500 монети од по еден, два, пет и десет центи, млад Кипранец пристигнал во судот во Лимасол за да плати парична казна од 500 евра, објави кипарскиот портал „Филењуз“, јави дописничката на МИА од Атина. Казната била за возење без дозвола, а според сајтот, изречена во 2022 година. Мажот решил да ја плати, не со картица или готовина, туку со монетите спакувани во патничка торба тешка 50 килограми, која ја сместил во куфер. „Филењуз“ пишува дека надлежните од судот му рекле дека парите не можат да ги примат во центи и дека мора да оди во банка за да ги смени. Кипранецот, говорејќи за сајтот коментирал дека и центите се пари и дека е неприфатливо да не се прифаќаат.

The post Инает: Платил судска казна со 15.500 ситни пари appeared first on Република.

]]>
Во Косово запленети 85.000 евра во монети од по две евра, уапсени шест лица, тројца од Македонија https://republika.mk/vesti/balkan/vo-kosovo-zapleneti-85-000-evra-vo-moneti-od-po-dve-evra-uapseni-shest-litsa-trojtsa-od-makedonija/ Wed, 29 Nov 2023 09:59:06 +0000 https://republika.mk/?p=717463

Специјалното обвинителство на Косово соопшти денеска дека уапсило шест лица, од кои тројца државјани на Македонија и тројца од Косово, осомничени за фалсификување пари, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на Обвинителството, осомничените биле дел од група која дистрибуирала и внесувала на пазарот фалсификувани пари за кои, како што се наведува „постои сомневање дека се произведени во земја која е сосед на Косово“.

Во акција, спроведена од Обвинителството и Управата за стопански криминал и корупција при косовската полиција, запленети се над 85 илјади евра во монети од по две евра, за кои постои сомнение дека се фалсификувани.

Во оваа акција запленети се кеси со по две евра во вредност од осумдесет и пет илјади и десет (85.010,00) евра за кои постои сомнение дека се фалсификувани. Запленети се и четири автомобили кои ги користеле уапсените и седум мобилни телефони, се наведува во известувањето на Обвинителството.

Надлежен обвинител им одреди на приведените 48-часовен притвор

The post Во Косово запленети 85.000 евра во монети од по две евра, уапсени шест лица, тројца од Македонија appeared first on Република.

]]>

Специјалното обвинителство на Косово соопшти денеска дека уапсило шест лица, од кои тројца државјани на Македонија и тројца од Косово, осомничени за фалсификување пари, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението на Обвинителството, осомничените биле дел од група која дистрибуирала и внесувала на пазарот фалсификувани пари за кои, како што се наведува „постои сомневање дека се произведени во земја која е сосед на Косово“. Во акција, спроведена од Обвинителството и Управата за стопански криминал и корупција при косовската полиција, запленети се над 85 илјади евра во монети од по две евра, за кои постои сомнение дека се фалсификувани. Во оваа акција запленети се кеси со по две евра во вредност од осумдесет и пет илјади и десет (85.010,00) евра за кои постои сомнение дека се фалсификувани. Запленети се и четири автомобили кои ги користеле уапсените и седум мобилни телефони, се наведува во известувањето на Обвинителството. Надлежен обвинител им одреди на приведените 48-часовен притвор

The post Во Косово запленети 85.000 евра во монети од по две евра, уапсени шест лица, тројца од Македонија appeared first on Република.

]]>
Вратите на стадион за мечот со Англија вечерва се отвораат во 18,45 часот, навивачите да не носат чадори, големи торби или ранци, шишиња, запалки, монети https://republika.mk/sport/fudbal/vratite-na-stadion-za-mechot-so-anglija-vecherva-se-otvoraat-vo-18-45-chasot-navivachite-da-ne-nosat-chadori-golemi-torbi-ili-rantsi-shishina-zapalki-moneti/ Mon, 20 Nov 2023 12:16:35 +0000 https://republika.mk/?p=714402

Фудбалската федерација на Македонија попладнево преку соопштение се обрати на навивачите кои ќе бидат присутни на натпреварот со Англија.

- Националата арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена за навивачите од 18:45 часот, а поради зголемените безбедносни мерки што ќе бидат преземени за да се спречи внесување на забранети предмети и средства на стадионот, ги повикуваме навивачите да дојдат на стадионот што е можно порано (препорака час и половина) пред почетокот на натпреварот) и да седнат на своите места на стадионот. Влезовите на Националата арена „Тодор Проески“ ќе бидат отворени од 18:45 часот, а влезот ќе биде овозможен до 20:15 часот, стои во апелот на ФФМ.

Се посочува да се дојде на стадион пеш или со јавен превоз, бидејќи сообраќајот и паркирањето ќе бидат забранети на паркинг местата во потесната зона на Националната арена „Тодор Проески“ поради ограничениот број паркинг места, освен за акредитирани возила.

Од ФФМ повикуваат на фер и коректно навивање.

Ги замолуваме навивачите да ги почитуваат одредбите од Законот за спортски натпревари и Законот за јавен ред и мир, особено оние кои се однесуваат на несоодветно скандирање, консумирање алкохол и употреба на пиротехнички средства. Чадори, големи торби или ранци, шишиња, запалки, монети и други предмети не смеат да се внесуваат на стадионот. Исто така, нема да може да се внесуваат знамиња или транспаренти со несоодветна содржина. Ги повикуваме сите навивачи и посетители на фер, коректно и спортско навивање без расистички и дискриминаторски скандирања пред, за време и по натпреварот. Воедно, ја користиме приликата да укажеме дека полицијата, согласно Законот ќе врши видео и фото снимање на тесната зона и самиот простор на стадионот.

Почетокот на натпреварот е закажан за 20:45 часот.

The post Вратите на стадион за мечот со Англија вечерва се отвораат во 18,45 часот, навивачите да не носат чадори, големи торби или ранци, шишиња, запалки, монети appeared first on Република.

]]>

Фудбалската федерација на Македонија попладнево преку соопштение се обрати на навивачите кои ќе бидат присутни на натпреварот со Англија.
- Националата арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена за навивачите од 18:45 часот, а поради зголемените безбедносни мерки што ќе бидат преземени за да се спречи внесување на забранети предмети и средства на стадионот, ги повикуваме навивачите да дојдат на стадионот што е можно порано (препорака час и половина) пред почетокот на натпреварот) и да седнат на своите места на стадионот. Влезовите на Националата арена „Тодор Проески“ ќе бидат отворени од 18:45 часот, а влезот ќе биде овозможен до 20:15 часот, стои во апелот на ФФМ.
Се посочува да се дојде на стадион пеш или со јавен превоз, бидејќи сообраќајот и паркирањето ќе бидат забранети на паркинг местата во потесната зона на Националната арена „Тодор Проески“ поради ограничениот број паркинг места, освен за акредитирани возила. Од ФФМ повикуваат на фер и коректно навивање.
Ги замолуваме навивачите да ги почитуваат одредбите од Законот за спортски натпревари и Законот за јавен ред и мир, особено оние кои се однесуваат на несоодветно скандирање, консумирање алкохол и употреба на пиротехнички средства. Чадори, големи торби или ранци, шишиња, запалки, монети и други предмети не смеат да се внесуваат на стадионот. Исто така, нема да може да се внесуваат знамиња или транспаренти со несоодветна содржина. Ги повикуваме сите навивачи и посетители на фер, коректно и спортско навивање без расистички и дискриминаторски скандирања пред, за време и по натпреварот. Воедно, ја користиме приликата да укажеме дека полицијата, согласно Законот ќе врши видео и фото снимање на тесната зона и самиот простор на стадионот.
Почетокот на натпреварот е закажан за 20:45 часот.

The post Вратите на стадион за мечот со Англија вечерва се отвораат во 18,45 часот, навивачите да не носат чадори, големи торби или ранци, шишиња, запалки, монети appeared first on Република.

]]>
Запленети стари монети со вредност од околу 2.350.000 денари https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zapleneti-stari-moneti-so-vrednost-od-okolu-2-350-000-denari/ Tue, 25 Jul 2023 08:32:50 +0000 https://republika.mk/?p=664972

На 22.07.2023 година, околу 17:00 часот на Меѓународниот Аеродром во Скопје на излез од државата, царинските службеници селектирале за контрола багаж на патник - македонски државјанин кој патувал за САД, соопштија од Царинската управа.

Во багажот на патникот се забележани сомнителни предмети и при извршениот детален преглед, помеѓу личните работи на патникот пронајдени се стари монети со различно потекло и старост, со проценета нумизматичка вредност од 2.359.000 денари.

Монетите се привремено задржани, а против лицето е поведена прекршочна постапка во надлежното јавно обвинителство.

The post Запленети стари монети со вредност од околу 2.350.000 денари appeared first on Република.

Охридски археолози пронајдоа стари монети https://republika.mk/vesti/kultura/ohridski-arheolozi-pronajdoa-stari-moneti/ Wed, 06 Apr 2022 15:38:46 +0000 https://republika.mk/?p=484183

Завршија едномесечните археолошки истражувања на градскиот Плоштад на четири локации. На последната се пронајдени монети и делови од градби кои датираат од поново време, објави ТВМ.

Артефактите се откриени со помош на сонда на длабочина од половина метар.

Со археолошките истражувања на плоштадот се откриени остатоци од некoлку градби кои датираат од почетокот на 20 век. Истражувањата се направени во четвртата сондa на длабочина од 40 до 50 цм. Пронајдени се делови од ѕидана чешма и трансформатор, но и фурна кои сеуште ги паметат повозрасните охриѓани. Најдени се и делови од коски од Турски гробишта и неколку парички. Монетите се од 1913, 1918 и 1925 година. Не зборуваме за антички или средновековни монети. Можеби во подлабоките слоеви има и други остатоци но, заради градежните активности од модерните времиња слоевите се испретурени и нема конкретни остатоци од архитектура или погребувања “ – информира Мишо Тутуткоски, директор на НУ „Завод и Музеј“ Охрид.

Градскиот плоштад само во современиот период претрпел големи градежни активности. Изградени биле улици , уредуван пазар, плоштадот. Слоевите се измешани и нема конкретни археолошки остатоци, а доколку имаше конкретни наоди можеби ќе направевме понатамошни испитувања. Плоштадот е еден од најфрекфентните делови од градот и не може да го затвориме за истражување.

Може и да има но, ние и да сакаме да вршиме археолошки ископувања тие ќе треба да траат 10тина години. Овие сонди покажаа дека остатоци од среден век, антички и праисториски период би биле на длабочина од 2 метри надолу. Има големо напластување на слоеви земја што се слевале од ридот, којшто не ни дозволуваат да вршиме археолошки истражувања“ -вели Тутуткоски.

Со затворање на четвртата сонда завршуваат археолошките истражувања на НУ „Завод и Музеј“ кои стартува пред еден месец. Сега може да отпочне реконструкцијата на градскиот плоштад. Просторот околу Чинарот треба да добие современо партерно уредување за кое што општината изработи проектна документација и издвои финансиски средства.

The post Охридски археолози пронајдоа стари монети appeared first on Република.

]]>

Завршија едномесечните археолошки истражувања на градскиот Плоштад на четири локации. На последната се пронајдени монети и делови од градби кои датираат од поново време, објави ТВМ. Артефактите се откриени со помош на сонда на длабочина од половина метар.
Со археолошките истражувања на плоштадот се откриени остатоци од некoлку градби кои датираат од почетокот на 20 век. Истражувањата се направени во четвртата сондa на длабочина од 40 до 50 цм. Пронајдени се делови од ѕидана чешма и трансформатор, но и фурна кои сеуште ги паметат повозрасните охриѓани. Најдени се и делови од коски од Турски гробишта и неколку парички. Монетите се од 1913, 1918 и 1925 година. Не зборуваме за антички или средновековни монети. Можеби во подлабоките слоеви има и други остатоци но, заради градежните активности од модерните времиња слоевите се испретурени и нема конкретни остатоци од архитектура или погребувања “ – информира Мишо Тутуткоски, директор на НУ „Завод и Музеј“ Охрид.
Градскиот плоштад само во современиот период претрпел големи градежни активности. Изградени биле улици , уредуван пазар, плоштадот. Слоевите се измешани и нема конкретни археолошки остатоци, а доколку имаше конкретни наоди можеби ќе направевме понатамошни испитувања. Плоштадот е еден од најфрекфентните делови од градот и не може да го затвориме за истражување.
Може и да има но, ние и да сакаме да вршиме археолошки ископувања тие ќе треба да траат 10тина години. Овие сонди покажаа дека остатоци од среден век, антички и праисториски период би биле на длабочина од 2 метри надолу. Има големо напластување на слоеви земја што се слевале од ридот, којшто не ни дозволуваат да вршиме археолошки истражувања“ -вели Тутуткоски.
Со затворање на четвртата сонда завршуваат археолошките истражувања на НУ „Завод и Музеј“ кои стартува пред еден месец. Сега може да отпочне реконструкцијата на градскиот плоштад. Просторот околу Чинарот треба да добие современо партерно уредување за кое што општината изработи проектна документација и издвои финансиски средства.

The post Охридски археолози пронајдоа стари монети appeared first on Република.

]]>
Пленковиќ го претстави дизајнот на хрватските евро-монети, на една од нив и ликот на Тесла https://republika.mk/vesti/balkan/plenkovikj-go-pretstavi-dizajnot-na-hrvatskite-evro-moneti-na-edna-od-niv-i-likot-na-nikola-tesla/ Fri, 04 Feb 2022 10:57:46 +0000 https://republika.mk/?p=454050

На денешната седница на хрватскиот Националнен совет за еврото беа претставени избраните дизајни од националната страна на хрватските монети на еврото и цент.

Кога Хрватска ќе ги усвои евро-монетите, тие ќе имаат дизајн на мотиви што ќе ја претставуваат Хрватска - рече Пленковиќ на почетокот на седницата.

Најмногу гласови доби ликот на Никола Тесла. Избраните мотиви се шаховница, географска карта, куна, Никола Тесла и глаголица, рече тој.

На монетата од две евра ќе има географска карта, на едно евро куна, за 50, 20 центи Никола Тесла, а на помали апоени ќе биде глаголицата.

Прворангираните предлози беа прифатени и од Советот на Унијата, рече премиерот и им честиташе на авторите Иван Шивак, Стјепан Прањковиќ, Иван Домагој Рачиќ и Маја Шкрипељ, пренесува Дневник.хр.

Гувернерот на Хрватската народна банка (ЦНБ), Борис Вујчиќ, ќе им додели награди на авторите на најуспешните решенија за дизајн на хрватските евро-монети.

За разлика од евро банкнотите, кои се исти кај сите членки на еврозоната, монетите во евра и центи носат информации од земјата што ги издала и на задната страна ги покажуваат националните симболи на таа земја.

The post Пленковиќ го претстави дизајнот на хрватските евро-монети, на една од нив и ликот на Тесла appeared first on Република.

]]>

На денешната седница на хрватскиот Националнен совет за еврото беа претставени избраните дизајни од националната страна на хрватските монети на еврото и цент.
Кога Хрватска ќе ги усвои евро-монетите, тие ќе имаат дизајн на мотиви што ќе ја претставуваат Хрватска - рече Пленковиќ на почетокот на седницата.
Најмногу гласови доби ликот на Никола Тесла. Избраните мотиви се шаховница, географска карта, куна, Никола Тесла и глаголица, рече тој. На монетата од две евра ќе има географска карта, на едно евро куна, за 50, 20 центи Никола Тесла, а на помали апоени ќе биде глаголицата. Прворангираните предлози беа прифатени и од Советот на Унијата, рече премиерот и им честиташе на авторите Иван Шивак, Стјепан Прањковиќ, Иван Домагој Рачиќ и Маја Шкрипељ, пренесува Дневник.хр. Гувернерот на Хрватската народна банка (ЦНБ), Борис Вујчиќ, ќе им додели награди на авторите на најуспешните решенија за дизајн на хрватските евро-монети. За разлика од евро банкнотите, кои се исти кај сите членки на еврозоната, монетите во евра и центи носат информации од земјата што ги издала и на задната страна ги покажуваат националните симболи на таа земја.

The post Пленковиќ го претстави дизајнот на хрватските евро-монети, на една од нив и ликот на Тесла appeared first on Република.

]]>