мон блан Archives - Република https://republika.mk/tema/mon-blan/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Oct 2023 12:17:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мон блан Archives - Република https://republika.mk/tema/mon-blan/ 32 32 Мон Блан е за 2,22 метри понизок од пред две години https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/mon-blan-e-za-2-22-metri-ponizok-od-pred-dve-godini/ Thu, 05 Oct 2023 12:17:16 +0000 https://republika.mk/?p=688209

Највисокиот врв во Западна Европа, Мон Блан, е висок 4.805,59 метри, или 2,22 метри помалку од претходното мерење во 2021 година. Оваа разлика може да се должи на варијации на летните врнежи и е веќе забележана во минатото, изјави денеска францускиот геодетски експерт Жан де Гар на прес-конференција во Шамони.

Тој рече дека собираат податоци за идните генерации. „Не сме таму да ги толкуваме, тоа им го оставаме на научниците“, истакна Де Гар.

Опремени со најсовремени алатки и за прв пат со дрон, тим од околу 20 луѓе кон средината на септември во осум насоки се искачи на врвот на Западна Европа во близина на француско-италијанската граница.

Тие неколку дена спроведуваа мерења и бележеле точка по точка на врвот на Мон Блан.

Тоа е 12-та акција на експедицијата, чија цел е собирање научни податоци за влијанието на климатските промени на Алпите, во рамките на иницијативата покрената во 2001 година.

„По неколку експедиции и мерења научивме многу: знаеме дека врвот е во постојано движење како во висина, со варијации од речиси пет метри, така и по положба“, рече Де Гар.

The post Мон Блан е за 2,22 метри понизок од пред две години appeared first on Република.

]]>

Највисокиот врв во Западна Европа, Мон Блан, е висок 4.805,59 метри, или 2,22 метри помалку од претходното мерење во 2021 година. Оваа разлика може да се должи на варијации на летните врнежи и е веќе забележана во минатото, изјави денеска францускиот геодетски експерт Жан де Гар на прес-конференција во Шамони. Тој рече дека собираат податоци за идните генерации. „Не сме таму да ги толкуваме, тоа им го оставаме на научниците“, истакна Де Гар. Опремени со најсовремени алатки и за прв пат со дрон, тим од околу 20 луѓе кон средината на септември во осум насоки се искачи на врвот на Западна Европа во близина на француско-италијанската граница. Тие неколку дена спроведуваа мерења и бележеле точка по точка на врвот на Мон Блан. Тоа е 12-та акција на експедицијата, чија цел е собирање научни податоци за влијанието на климатските промени на Алпите, во рамките на иницијативата покрената во 2001 година. „По неколку експедиции и мерења научивме многу: знаеме дека врвот е во постојано движење како во висина, со варијации од речиси пет метри, така и по положба“, рече Де Гар.

The post Мон Блан е за 2,22 метри понизок од пред две години appeared first on Република.

]]>
Двајца алпинисти загинале на Мон Блан по одрон на глечерски мраз https://republika.mk/vesti/svet/dvajtsa-alpinisti-zaginale-na-mon-blan-po-odron-na-glecherski-mraz/ Wed, 19 Apr 2023 21:06:18 +0000 https://republika.mk/?p=632260

Две лица загинале од паѓање на маси глечерски мраз во близина на Мон Блан на француските Алпи, пренесе ДПА.

Според локалните власти, големи парчиња мраз се одвоиле од глечерот, при што полесно е повредено уште едно лице, а четворица преживеале неповредени.

Двете жртви биле затрупани под мразот. Тие биле планинари кои сакале да се искачат на Мон Блан.

The post Двајца алпинисти загинале на Мон Блан по одрон на глечерски мраз appeared first on Република.

]]>

Две лица загинале од паѓање на маси глечерски мраз во близина на Мон Блан на француските Алпи, пренесе ДПА. Според локалните власти, големи парчиња мраз се одвоиле од глечерот, при што полесно е повредено уште едно лице, а четворица преживеале неповредени. Двете жртви биле затрупани под мразот. Тие биле планинари кои сакале да се искачат на Мон Блан.

The post Двајца алпинисти загинале на Мон Блан по одрон на глечерски мраз appeared first on Република.

]]>