модуларни болници Archives - Република https://republika.mk/tema/modularni-bolnici/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Sep 2024 09:53:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png модуларни болници Archives - Република https://republika.mk/tema/modularni-bolnici/ 32 32 Модуларната болница од Инфективна може да се стави кај затворот Идризово, би служела како општа и стоматолошка амбуанта, така нема да трошиме пари за реновирање, вели Таравари https://republika.mk/zivot/zdravje/modularnata-bolnitsa-od-infektivna-mozhe-da-se-stavi-kaj-zatvorot-idrizovo-bi-sluzhela-kako-opshta-i-stomatoloshka-ambuanta-taka-nema-da-troshime-pari-za-renovirane-veli-taravari/ Fri, 20 Sep 2024 09:53:04 +0000 https://republika.mk/?p=818114

Прво треба да добиеме информација во каква состојба се модуларните болници, па потоа ќе видиме дали некои од нив може повторно да се стават во употреба не само кај одредени јавни здравствени институции, туку и кај која било друга администрација, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот за набавка на мобилен рентген апарат, Таравари потврди дека за модуларната болница од Инфетктивата клиника има интерес од затворот „Идризово“.

Не знам во каква состојба се сите модуларни болници, ќе треба да се добие информација и да се види каде може да се распределат за да ги користат барем јавните здравствени институции или некоја која било друга администрација. Значи, треба да знаеме во каква состојба се па да видиме да не се фрлаат, туку ако може неколку да се стават повторно во функција таму каде што треба, не само како амбулант, туку и за други намени кои би биле од интерс за некои јавни институции. Во Идризово, конкретно, треба да се реновира болницата па размислуваме да донесеме одлука на Влада, модулраната болница од Инфективна клиника да се стави комплетно таму, за да не трошиме пари за реновирање на амбулантата. Таму модуларната би служела како амбуланта, и општа и стоматолошка, објасни министерот.

The post Модуларната болница од Инфективна може да се стави кај затворот Идризово, би служела како општа и стоматолошка амбуанта, така нема да трошиме пари за реновирање, вели Таравари appeared first on Република.

]]>

Прво треба да добиеме информација во каква состојба се модуларните болници, па потоа ќе видиме дали некои од нив може повторно да се стават во употреба не само кај одредени јавни здравствени институции, туку и кај која било друга администрација, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот за набавка на мобилен рентген апарат, Таравари потврди дека за модуларната болница од Инфетктивата клиника има интерес од затворот „Идризово“. Не знам во каква состојба се сите модуларни болници, ќе треба да се добие информација и да се види каде може да се распределат за да ги користат барем јавните здравствени институции или некоја која било друга администрација. Значи, треба да знаеме во каква состојба се па да видиме да не се фрлаат, туку ако може неколку да се стават повторно во функција таму каде што треба, не само како амбулант, туку и за други намени кои би биле од интерс за некои јавни институции. Во Идризово, конкретно, треба да се реновира болницата па размислуваме да донесеме одлука на Влада, модулраната болница од Инфективна клиника да се стави комплетно таму, за да не трошиме пари за реновирање на амбулантата. Таму модуларната би служела како амбуланта, и општа и стоматолошка, објасни министерот.  

The post Модуларната болница од Инфективна може да се стави кај затворот Идризово, би служела како општа и стоматолошка амбуанта, така нема да трошиме пари за реновирање, вели Таравари appeared first on Република.

]]>
Модуларните болници уште еден грд споменик на неспособноста на власта – нема изградба на нов Клинички, ама има милиони евра за пенали за неградење https://republika.mk/vesti/makedonija/modularnite-bolnitsi-ushte-eden-grd-spomenik-na-nesposobnosta-na-vlasta-nema-izgradba-na-nov-klinichki-ama-ima-milioni-evra-za-penali-za-negradene/ Mon, 22 Jan 2024 13:11:15 +0000 https://republika.mk/?p=735491

Лимените амбуланти кои требаше да бидат времено монтирани за пандемијата со ковид, денес наместо да бидат објекти од тврда градба тие и понатаму остануваат да се користат на Универзитетската клиника за пулмологија!, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Лимените амбуланти кои требаше да бидат времено монтирани за пандемијата со ковид, денес наместо да бидат објекти од тврда градба тие и понатаму остануваат да се користат на Универзитетската клиника за пулмологија.

Дополнително министерот за здравство Фатмир Меџити и денес повторно се слика на Клиника за пулмологија каде се реновираат градежни простории, без суштинско подобрување на условите за пациентите и здравствените работници.

Според информации од пациентите листите на Клиника за пулмологија се големи и пациентите и во оваа установа тешко стигнуваат до здравствена услуга.

Лекциите од ковид пандемијата не се научени и ниту по пандемијата ништо не е преземено ниту за Клиниката за пулмологија, која како исклучително значајна Клиника продолжува да работи во супстандардна модуларна лимена болница, а за сликање и гол пиар министерот Меџити "отвора и реновира".

Неинвестирањето во инфрастуктура на оваа власт доведе да немаме нов клинички центар по примерот на земјите од соседството, туку Клиниките се сместуваат и функционираат во супстандардни простории.

Со ваквите "европски вредности" оваа неспособна власт заради недомаќинско работење ризикува од пари на граѓаните да се плаќа оштета изразена во милиони евра, не за градење туку за неградење на Клинички центар, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

The post Модуларните болници уште еден грд споменик на неспособноста на власта – нема изградба на нов Клинички, ама има милиони евра за пенали за неградење appeared first on Република.

]]>

Лимените амбуланти кои требаше да бидат времено монтирани за пандемијата со ковид, денес наместо да бидат објекти од тврда градба тие и понатаму остануваат да се користат на Универзитетската клиника за пулмологија!, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Лимените амбуланти кои требаше да бидат времено монтирани за пандемијата со ковид, денес наместо да бидат објекти од тврда градба тие и понатаму остануваат да се користат на Универзитетската клиника за пулмологија. Дополнително министерот за здравство Фатмир Меџити и денес повторно се слика на Клиника за пулмологија каде се реновираат градежни простории, без суштинско подобрување на условите за пациентите и здравствените работници. Според информации од пациентите листите на Клиника за пулмологија се големи и пациентите и во оваа установа тешко стигнуваат до здравствена услуга. Лекциите од ковид пандемијата не се научени и ниту по пандемијата ништо не е преземено ниту за Клиниката за пулмологија, која како исклучително значајна Клиника продолжува да работи во супстандардна модуларна лимена болница, а за сликање и гол пиар министерот Меџити "отвора и реновира". Неинвестирањето во инфрастуктура на оваа власт доведе да немаме нов клинички центар по примерот на земјите од соседството, туку Клиниките се сместуваат и функционираат во супстандардни простории. Со ваквите "европски вредности" оваа неспособна власт заради недомаќинско работење ризикува од пари на граѓаните да се плаќа оштета изразена во милиони евра, не за градење туку за неградење на Клинички центар, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

The post Модуларните болници уште еден грд споменик на неспособноста на власта – нема изградба на нов Клинички, ама има милиони евра за пенали за неградење appeared first on Република.

]]>
Меџити: Доколку е исплатен и само еден денар за трите модуларни амбуланти во Скопје ќе си поднесам оставка https://republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-dokolku-e-isplaten-i-samo-eden-denar-za-trite-modularni-ambulanti-vo-skopje-ke-si-podnesam-ostavka/ Mon, 21 Aug 2023 14:22:50 +0000 https://republika.mk/?p=670843

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, тврди дека додека не се расчисти целиот случај, нема да биде исплатен ниту денар за трите модуларни амбуланти во склоп на Здравствениот дом Скопје, а доколку има вакво нешто, како што вели, ќе си поднесе оставка.

Не е исплатен ниту денар. Доколку за овие три амбуланти е исплатен само денар, јас како министер за здравство ќе си поднесам оставка сега. Не е платено, ниту ќе се плати во иднина додека не се расчисти целиот случај, изјави Меџити на брифинг со новинарите.

Модуларните амбуланти во Бутел, Лисиче и Ѓорче Петров станаа актуелни по објавата на истражувачката сторија на ИРЛ за модуларната болница во Тетово. За овие три амбуланти, засега останува отворено прашањето дали Владата ќе и го исплати долгот на компанијата „Брако“.

Како што порача Меџити, со оние кои што пласираат дезинформации во медиумите ќе го решава проблемот по правен пат.

Целта ми беше да не го оштетиме буџетот на Министерството за здравство. Со непостапување, каматите за три модуларни амбуланти се над 250 илјади евра. Ова значи дека се намалува буџетот на Министерството за лекување на пациентите. Затоа баравме од надлежните институции да имаме информација. Се што не е во ред, имаме поднесено пријави, рече Меџити.

Како што посочи, модуларните амбуланти во рамки на Здравствниот дом Скопје се безбедни и за медицинскиот и за немедицинскиот персонал.

Работата во нив продолжува. Овие амбуланти не се оние поставени за време на Ковид-19, подвлече Меџити.

На новинарско прашање зошто екипа на Брза помош не постапила професионално и пиела кафе додека, како што беше посочено, пациент со кислородна маска бил во возилото, Меџити изјави дека доколку се потврди информацијата како точна, тогаш ќе следуваат најригорозни казни за сторителите.

The post Меџити: Доколку е исплатен и само еден денар за трите модуларни амбуланти во Скопје ќе си поднесам оставка appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, тврди дека додека не се расчисти целиот случај, нема да биде исплатен ниту денар за трите модуларни амбуланти во склоп на Здравствениот дом Скопје, а доколку има вакво нешто, како што вели, ќе си поднесе оставка.
Не е исплатен ниту денар. Доколку за овие три амбуланти е исплатен само денар, јас како министер за здравство ќе си поднесам оставка сега. Не е платено, ниту ќе се плати во иднина додека не се расчисти целиот случај, изјави Меџити на брифинг со новинарите.
Модуларните амбуланти во Бутел, Лисиче и Ѓорче Петров станаа актуелни по објавата на истражувачката сторија на ИРЛ за модуларната болница во Тетово. За овие три амбуланти, засега останува отворено прашањето дали Владата ќе и го исплати долгот на компанијата „Брако“. Како што порача Меџити, со оние кои што пласираат дезинформации во медиумите ќе го решава проблемот по правен пат.
Целта ми беше да не го оштетиме буџетот на Министерството за здравство. Со непостапување, каматите за три модуларни амбуланти се над 250 илјади евра. Ова значи дека се намалува буџетот на Министерството за лекување на пациентите. Затоа баравме од надлежните институции да имаме информација. Се што не е во ред, имаме поднесено пријави, рече Меџити.
Како што посочи, модуларните амбуланти во рамки на Здравствниот дом Скопје се безбедни и за медицинскиот и за немедицинскиот персонал.
Работата во нив продолжува. Овие амбуланти не се оние поставени за време на Ковид-19, подвлече Меџити.
На новинарско прашање зошто екипа на Брза помош не постапила професионално и пиела кафе додека, како што беше посочено, пациент со кислородна маска бил во возилото, Меџити изјави дека доколку се потврди информацијата како точна, тогаш ќе следуваат најригорозни казни за сторителите.

The post Меџити: Доколку е исплатен и само еден денар за трите модуларни амбуланти во Скопје ќе си поднесам оставка appeared first on Република.

]]>
Беким Сали: Меџити очајно ја трга одговорноста од себе за модуларните болници https://republika.mk/vesti/makedonija/bekim-sali-medhiti-ochajno-ja-trga-odgovornosta-od-sebe-za-modularnite-bolnitsi/ Wed, 16 Aug 2023 10:17:57 +0000 https://republika.mk/?p=672655

Потпретседателот на Алтернатива и поранешен министер за здравство, Беким Сали смета дека неодамнешните критики околу трагичниот инцидент на модуларната амбуланта во Тетово бараат јасен и одговорен одговор од актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити.

Тој наместо да се занимава со суштинското прашање зошто ивршиле исплата на компанијата „Брако“ за несреќната модуларна амбуланта во Тетово, го насочува вниманието кон периферните работи, со очаен обид да ја тргне одговорноста од себе. Факт е дека јас како поранешен министер за здравство прифатив прием и предавање на модуларните амбуланти во Ѓорче Петров, Бутел и Лисиче, но овие амбуланти беа подложени на ригорозни процеси за проверка на квалитетот под мој надзор за да ги заштитам. Но, главна информација за него и за јавноста е дека се воздржав од било какви плаќања кон фирмата „Брако“ поради тековните истражни постапки од страна на обвинителството и утврдувањето на неправилности од внатрешната ревизија“, вели Сали и додава:

Ревизијата беше готова неколку недели пред моето разрешување, а судскиот епилог веќе во времето на министерување на Фатмир Меџити. Како и тој сам тврди, последниот прием и предавање на крајниот корисник, Здравствен Дом Скопје, на гореспоменатиот објект сум го овозможил ден пред моето разрешување. Да не бев сигурен во одлуката, имав можност да ја избегнам“, истакнува Сали.

Според Сали загриженоста на јавноста, е во тоа што Меџити одлучуѕва да продолжи со исплата кон наведената компанија и покрај горенаведените црвени знамиња.

Дали би можел Меџити да одговори јавно, имајќи пред себе извештај од ревизија која укажува на неправилности и судски процес кој што е во тек, како успеал да се мотивира за да побара исплата за таа фирма без да се расчистат овие околности?! Не само што е од суштинско значење да се разбере зошто се извршени овие плаќања за модуларните амбуланти во Тетово, туку и дали тој и неговата партија извлекле несоодветна корист од таквите трансакции?! Транспарентноста и отчетноста во ова прашање се императив за да се обезбеди довербата на јавноста во активностите на владата“, прашува Сали.

Вели дека Меџити вчера зборуваше за долг кој што треба да го плаќаат граѓаните.

Според неговите тврдења, како резултат на нереализирана исплатата граѓаните се должни кон „Брако“. Истиот тој Меџити, кој завчера како реакција од истражувањето на ИРЛ, се бранеше дека не исплатил ниту еден денар а веќе е во 9-от месец од својот мандат. Понатаму, бидејќи министерот води евиденција за мојата работа, сакам да му укажам дека мојата посветеност за подобрување на здравствениот сектор останува евидентна преку опипливи достигнувања. Клиничката болница во Тетово и Универзитетот во Тетово можат да потврдат за чекорите што ги направивме за време на мојот мандат. Инициравме и реализиравме проекти од опремување на сите болници, исправка на позитивната листа на лекови по повеќе од една деценија запоставување. Овие проекти сами по себе доволно зборуваат за нашата посветеност за унапредување на здравствениот систем и за подобрување на здравјето на граѓаните. После ова се наметнува прашањето дали Фатмир Меџити во своето портфолио има барем 2 проекти кои се негови, ама лично негови, или сеуште за неговата неспособност му е крив „поранешниот министер“?! Министре, оставете ги веледрогериете и системот Соравиа и позанимавајте се малку со работа! Верувам, во тој случај дека би можеле нешто да постигнете. Но, најважно од се, министре, е да се осврнете на централното прашање, наместо да го заобиколите прашањето – трагичната загуба на животи и распределбата на јавните средства не бараат ништо помалку од сеопфатен и директен одговор“, стои во фејсбук објавата на Сали.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvo-za-zdravstvo-zashto-bekim-sali-ima-strav-od-vistinata/

The post Беким Сали: Меџити очајно ја трга одговорноста од себе за модуларните болници appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на Алтернатива и поранешен министер за здравство, Беким Сали смета дека неодамнешните критики околу трагичниот инцидент на модуларната амбуланта во Тетово бараат јасен и одговорен одговор од актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити.
Тој наместо да се занимава со суштинското прашање зошто ивршиле исплата на компанијата „Брако“ за несреќната модуларна амбуланта во Тетово, го насочува вниманието кон периферните работи, со очаен обид да ја тргне одговорноста од себе. Факт е дека јас како поранешен министер за здравство прифатив прием и предавање на модуларните амбуланти во Ѓорче Петров, Бутел и Лисиче, но овие амбуланти беа подложени на ригорозни процеси за проверка на квалитетот под мој надзор за да ги заштитам. Но, главна информација за него и за јавноста е дека се воздржав од било какви плаќања кон фирмата „Брако“ поради тековните истражни постапки од страна на обвинителството и утврдувањето на неправилности од внатрешната ревизија“, вели Сали и додава:
Ревизијата беше готова неколку недели пред моето разрешување, а судскиот епилог веќе во времето на министерување на Фатмир Меџити. Како и тој сам тврди, последниот прием и предавање на крајниот корисник, Здравствен Дом Скопје, на гореспоменатиот објект сум го овозможил ден пред моето разрешување. Да не бев сигурен во одлуката, имав можност да ја избегнам“, истакнува Сали. Според Сали загриженоста на јавноста, е во тоа што Меџити одлучуѕва да продолжи со исплата кон наведената компанија и покрај горенаведените црвени знамиња.